ВОЛИНЦИ ГО БРАНАТ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ

Сотир Гроздановски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗАЕВ СЕ ФАТИ ВО СОПСТВЕНАТА СТАПИЦА

************

17 октомври 2019 година

Ништо не е вечно! Се' се менува, ама многу тоа не го знаат, затоа и страдаат. Страдаат и тоа дебело! Зоран Заев е еден од нив, човекот кој си ја заврши својата задача, па затоа наскоро ќе биде пуштен низ вода да доплива до пеколот кој ни го подготвуваше нам:  дома и надвор! Доаѓа и неговото време, да се одмори таму, каде му е местото: заедно со многу како него и до него! Но сепак, ништо не е готово, дури не биде готово! Иако брзо доаѓа.

Што се вели, во лагите се кратки ноsете, меѓутоа, ако не се откријат на време, можат да нанесат многу штети. Лагата ако се повтори повеќе пати,  постанува  вистина. Тоа ни се за пример соседите: и Грција и Бугарија и Албанија ама и Србија до некоја мера!

Ние имаме искуства со предавници, велепредавници, криминалци, корумпирани политичари! Со сите од нив, ама како овие кои веќе неколку години ни ја пијат крвта со сламка, никогаш! И секоја им чест. Чест, зошто својата игра ја заигра, на око чесно, уверливо, ама сепак лажно. Тоа е и причината што многу наседнаа и му постанаа следбеници, верувајќи дека да се биде "светски" човек, е "фора", недостижна за секого!?

Уште за време на најдеструктивните акции на  срамотната и злосторничка  Шарената револуција напишав повеќе мои гледања и размислувања за нешто недолично и не вообичаено за нашиот обичен човек: моето згрозување над она што и' се случува на нашата татковина. 

Ирена Стеријовска

Таканаречената Шарена револуција беше една од најголемите стапици за наивните и похлепни за слава. Дека ќе бидат запаметени како херои и спасители на македонскиот народ и Македонија. Ама, не испадна така! Наместо да се зборува според нивните очекувања,   си заработија презир.  И тоа не  од сите: само од оние,  кои ја сфатија нивната предавничка игра и кои им останаа лојални и доследни на својата сакана Република Македонија. Односно на Македонија! Многумина  од неговите другари Зоран Заев ги пушти низ вода да се удават предвреме. А некои си го чекаат редот, зошто ги има и премногу, па не ги турка ниту Вардар подалеку од Република Македонија. Но,  си го чека и својот ред, зошто не е чесно само тој да остане не гибнат.

Една од таквите личности, исклучително  агресивна во своите делувања како "спасител" на Македонија од Груевизмот, покрај Мирјана Најчевска, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Павле Богоевски "шаренијот", големиот правник по кривично право и универзитетски професор Гордан Калајџиев и многу други, беше и другарката Ирена Стеријовска. И тоа не некоја обична личност, туку "антифашисткиња" за која ќе се пишува, еден ден, дека се бореше против фашизмот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот експонент, Никола Груевски (сега во бегство надвор од Македонија).

Па, моја драга Ирена, сенката на правиот фашизам против кој се боревте и "крваревте", и вас ве удри по главата, па затоа нигде ве нема. И поарно, барем покажувате степен на каење или можеби срам, за разлика од Мирјана Најчевска и некои од вашата задничка Соросоидна тајфа. 

Но, сепак, не смееме да го завршиме и овој текст без да речеме некој лаф за крај. Не смееме да го заборавиме најголемиот "антифашист" и борец за држава еднаква за сите. Држава во која ќе живеат среќни граѓани, без  Македонци. Граѓани со бесплатно здравство, бесплатно образование и плус со над 500 евра плата. Борецот против Груевизмот и неговата криминална диктатура,  без преседан. Борецот и неговиот "канибалски" слоган дека ќе "јадел живи луѓе" кога ќе дојдел на власт во Република Македонија, само за да ги остварел своите "заклетви" и ја сочувал македонската држава. Се разбира и самото име на Македонија и идентитетот на Македонците. Ронејќи   магарешки солзи,  ги уверуваше идните гласачи (пред да го добие мандатот од претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов) во своета чесност и лојалност кон својот народ и македонската држава. Не смееме да го заборавиме Зоран Заев, кој се "истепа", се разбира заедно со своите преостанати послушници, само да не турне што подлабоко во пеколот. Да не турне во НАТО и Европската Унија, од кои никој аир не видел. Дури и Англија, една од најважните членки и сооснивачка на таа "братска" заедница на европските народи.

Па ете, од сета искажана љубов,  остана само песокот и солта! Што вели песната.

Зоран Заев, не е тоа што беше до вчера. Се смени! Стравот му влезе в'коски од однесувањето на меѓународната заедница која се подготвува да го втера в'ќош, од како доби се' што им беше потребно. Но, се' уште недоволно за тотално разнебитување на македонската држава и македонскиот народ. Што им е крајната цел. Зошто, самите си знаат. Ама и ние знаеме, зошто не сме поглупи од нив. Да си ги замачкаат sверствата врз Македонците од 1913 до денес. А не се мали и многу се видливи за цел свет. А и заради сите нас дома и надвор, кои не' има и многу попаметни од тоа што тие си мислат. Зошто се' уште сме мирни и својата човечка агресивност ја држиме за себе!?

Зоран Заев е повеќе надвор кај своите "пријатели" одошто дома, каде му е местото. Од Вашингтон до Брисел, од Брисел во Стразбур, од Стразбур во Атина и од Атина во Албанија. А најмалку дома со своите следбеници. Моли, коли, поткупува, само да му дадат датум за почеток на било какви преговори за влез во НАТО и ЕУ. Оти без нив, нема му спас. Впрочем, и така нема спас ниту за него, ниту за многу од неговата мафијашка гарнитура. Такви како нив, светот е полн, па нема место за нив. Преситни и пре гнасни се за да седнат на заедничка маса со своите газди.

Било вака или  така, нашиот Зајко си ја згазна стапицата, наменета за сите нас. Нема да чекаме предолгу. Колку? - ќе зависи од неговите неверни пријатели, но и од нашето трпение. Во такви како него нема никој доверба. Тој е монструм, само за една употреба!

 Ајде, нека му  е на здравје!

За секогаш Ваш, Сотир!

Елка Јачева-Улчар

Проф., Елка Јачева-Улчар

ОДБИВАМ ПРИЈАТЕЛСТВО ДОДЕКА БУГАРИТЕ НЕ ЗАСЛУЖАТ

***************

12 октомври 2019

Ск'пи наши братја, че искате да се разберем, прихванете че: аз с'м Македонка по националност и говорја на чист македонски език, којто ми е оставен в наследствие од дјадо ми и прајдјадо ми. Този мојо објавление е опит да говорја б'лгарски че искам колкото е в'зможно подобре да ме разберете. С'жаљавам че не сте ме разбрале, па сега ште ви напиша на мојот мајчин език на којто најдобре изразјавам мислите и чувствата си:

Драги наши браќа,

Ако сакате да се разбереме, прифатете: јас сум Македонка по националност и зборувам на чист македонски јазик што сум го добила во наследство од дедо, прадедо...

Национал-романтизмот од 19-от век за нас Македонците е одамна зад нас, иако не сме во ЕУ како вас. И фашизмот од 20-от век за нас Македонците е одамна зад нас, ама за вас, изгледа, се влече уште дури и на крајот од втората деценија од 21-от век. 

Ние како Македонци, затворени на Балканот и заградени од непријатели од повеќе страни-не можеме да ви помогнеме.

Вам, единствено, Европа може да ви помогне, под услов да сака малку повеќе да ве европеизира и демократизира оти нема земја во ЕУ без малцинства и без нивни права.

Тоа е фашизам, драги наши браќа! Тоа!!! А не како ќе ги именуваме фашистите од Втората светска војна.

Кога сте толку силни, зошто лани сред Македонската филхармонија, додека македонските политичари ви угодуваа не споменувајќи ни бугарски фашизам ни бугарска окупација, му одмолчавте на Евреинот од Америка, главен на светското здружение на Евреите, кога злосторството направено врз Евреите од Македонија, тој го оквалификува како дело на бугарските фашисти?!

Молчеше тогаш вашиот водач Бојко Борисов. Молчат и вашите научници пред Америка и Израел. Силата си ја покажувате пред слабите, немоќните, сиромашните, унижените...

А тоа, ако не сте знаеле - не е никакво херојство! Кукавичлак е и нечовештина! И нема да бидам лицемер, па ќе речам: - Никогаш не сум ве доживувала ни како браќа, ни како добри соседи, ни како пријатели...

Основен услов за пријателство е почит, а не компромитирачки договори. А вие со вашите дела и постапки на секоја средба со вашите лингвисти - сте ми го покажувале спротивното!

Безмерна ароганција и нахалност и негирање на реалноста дека македонскиот јазик е официјален јазик во државата Македонија со која се граничите на Запад. СЕ ГРАНИЧИТЕ! Не е ваша! Граница има!

Мојот народ, од кој јас сум поникнала има блага семка, питом е тој, распеан и убав.

И ме научил низ верата да се "чувам од лажни пророци кои доаѓаат облечени во јагнешки кожи, а кои однатре се волци грабливци".

Затоа одбивам да ви бидам пријател!

Тоа кај мене и кај мојот народ - македонски, просто СЕ ЗАСЛУЖУВА!

 https://expres.mk

Зоран Заев

 ЗА ДА СПРЕЧИ КРИЗА СО АЛБАНЦИТЕ, ЗАЕВ ИМ ЗАБРАНИЛ НА СВОИТЕ ЛУЃЕ ДА ОДАТ ВО СТРАЗБУР

 

 

"Ла Верита" 13 октомври 2019

"Заев сакаше да го замени македонскиот јазик. Европа го откри и го стопира", е насловот на новиот текст во италијанскиот весник "Ла Верита" за Македонија.

Во Македонија по летните објави на "Ла Верита" за непобитните докази за корупцијата во Владата, почнува да се урива sидот на прикривањата (на делата) и стравот што ја задушуваше нацијата.

Многу бизнисмени собираат храброст да го пријават уценувачкиот систем формиран за време на владењето на Зоран Заев, а од ден во ден тој има се' поголеми тешкотии во однос на контролирањето на настаните што се акумулираат на какофоничен начин.

Последниот удар на неговиот, речиси минимален, меѓународен углед што му остана, но најмногу на стабилноста на неговата коалиција, ќе му дојде од извонредно демократската институција на стариот континент, односно од Венецијанската комисија.

Официјално номинирана како европска Комисија за демократија преку правото, таа е орган на Советот на Европа формирана од независни експерти што доаѓаат од повеќе држави. Сред корупциски скандал, Заев побара од Комисијата да го провери функционирањето на владеењето на правото во Македонија и да го оцени Законот за двојазичност донесен во 2018 година.

Законот за двојазичност, со кој албанскиот по важност станува еднаков со македонскиот, иако албанскиот етникум е малцинство во државата, ја претставуваше основата на договорот за коалиција со албанската партија ДУИ, со која што Заев успеа да дојде на власт во 2017 година, но најбитно, тоа беше првиот чекор за социополитичката деконструкција на Македонија и на принудната промена на името.

Македонија да се направи и албанска држава, како што известивме изминативе години во нашиот весник, е начин за олеснување во иднина за потенцијалното регионално сценарио базирано на Голема Албанија, што овие денови со победата во Косово на Албин Курти, подржувач за обединување  со Албанија, станува се' пореална стратешка опција на масите во многу кабинети.

'Ла Верита', ексклузивно, успеа да дојде до се' уште необјавениот нацрт-извештај подготвен од Венецијанската комисија.  Во тие 25 страници од документот од 27 септември критиките кон реформата посакувана од Заев се жестоки, иако е користен дипломатски речник.

Меѓународните експерти, конституционалисти и експерти за заштита на малцинствата, новиот закон за двојазичност го оценуваат не само како непотребен, туку и како штетен.

Според Комисијата, со оглед на тоа што Уставот на Македонија гарантира права за употреба на јазиците кои не се мнозински, дека со Охридскиот договор од 2001 година употребата се шири во сите општини со најмалку 20% од населението припадник на малцинство и дека стариот закон за јазици од 2008 година се грижи за имплементацијата, констатира дека во случај последниов да се применува коректно, е повеќе од доволен за европските демократски стандарди.

Во 30 од 80 општини во државата, вклучително и во градот Скопје, албанскиот е веќе сега де јуре официјален јазик.

Исто така, член 48 од Уставот ги гарантира сите политички, социјални и културни права за немнозинските заедници.

Парадоксално, Комисијата, повикана од Зоран Заев со цел да го забетонира неговиот кредибилитет и да го потврди постоењето на владеење на правото во Македонија, го обвинува премиерот дека не го почитувал токму владеењето на правото, не земајќи го предвид широкиот опсег на уставноста, донесувајќи нов закон без соработка со опозицијата, односно по скратена постапка во Парламентот без консултација со граѓанското општество.

Експертите во параграф 33 од извештајот отворено го осудуваат тој начин на постапување бидејќи во игра се многу поголеми права отколку самото преживување на Владата.

Извештајот исто така, во точка 39, забележува дека Законот не ги почитува легалните потребни критериуми за транспарентност, дека е напишан лошо, често на контрадикторен начин или дури противуставно.

Соочувајќи се со реалноста на фактите, Комисијата ги отфрла изборите на Заев, подржувач на отвореното општество протежирано од Џорџ Сорос.

Венецијанската комисија всушност забележува дека е апсурдно да се помисли дека целата државна структура би можела да функционира во состојба на целосна билингвалност во случај кога едната популација што зборува еден од јазиците е малцинство.

Земајќи го за пример судскиот систем, експертите го оценија законот како лудост што ќе го колабира системот, односно до исчезнување на минималните граници за владеење на правото. За да може да стане дефинитивен, односно јавен, извештајот требаше да биде дискутиран од претставници на Советот на Европа и на македонската Влада на 10 октомври во Стразбур. Зоран Заев, во обид да го покрие меѓународниот политички удар, и со цел да избегне криза во Владата со Албанците, забрани на кој било македонски претставник да присуствува на состанокот.

 https://expres.mk

Волино, Триумфална врата

Македонски манифест

 ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПО ПОВОД ПОЛИЦИСКАТА РЕПРЕСИЈА НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ВО ВОЛИНО

 

 

ДЕМОНСТРАЦИЈА НА ИДЕНТИФИКАЦИСКИОТ ФАШИЗАМ 

Македонски манифест најенергично ја осудува полициската репресија на владата на Заев врз жителите на Волино, кои решија да бидат отпор на идентитетскиот геноцид над Македонците, подготвен од цивилизациската перврзија на Брисел и домашните квислинзи. Тие, храбри и доблесни Македонци, решија да се спротивстават  на бришењето на еден од архетипите на македонската исконска меморија-Сонцето од Кутлеш, кое им се подарува беневолентно на грчките хиени иако тие тој симбол никогаш не го поседувале и за свој знак го имале бувот, симболот на ноќта, а кај Македонците вестител на смртта и тагата.

Тоа може да се провери и кај Грејвс, еден од најголемите зналци на античката, таканаречена грчка митологија, и кај старогрчкиот комедиограф Аристофан, кај мајсторот на античката трагедија Есхил, па и кај многу речници на симболи на Западната цивилизација, која сега преку нејзините  сезнајни жални политичари сака таа вистина да ја замачка и скрие. Арно ама архетипските симболи се отпорни на таквиот вид на перверзно замачкување, како што се прави сега тоа и со Шеснаестозрачното Сонце од Кутлеш, исконски македонски симбол, затоа што Македонците, имено, како што вели и апостол Павле во своите Посланија до Солуњаните и Филипјаните се "синови на светлината", кандила што горат во "расипаниот свет". А Грците со нивниот архетип, симболот на бувот се синови на ноќта, на ноќното сонце што се покажа како несреќа за Македонците.

Св.Недела во Волино

Македонски манифест ги поздравува жителите на Волино и ги охрабрува во нивниот отпор кон идентитескиот геноцид што го спроведуваат врз Македонците Брисел и Вашингтон заедно со квинслиншката влада на Зоран Заев. Тоа е почеток на семакедонскиот отпор кон тој страшен идентитетски геноцид над цел еден древен народ  со милениумски континуитет на постоење за што сведочи и Библијата,  најважниот не само религиозен туку и антрополшки и културолошки документ на Западната цивилизација. Браво Волинци, така се чува самопочитта и брани идентитетот и по катастрофата врз него. Таа катастрофа е резултат на повампирениот еврофашизам, на кој му се приклучува и грчкиот кој заедно со бомбардерите полни со смрт на Черчил 1948 фашистички ги чистеше Македонците од родните огништа и гробовите на предците и прапрапретците. Е, тој геноциден фашизам над Македонците сега е повторно присутен од страна на вавилонската ороспија Европа и Грција, а како и на другите околни балкански хиени, кои таа ги користи за конечна смрт на Македонија и Македонците. За жал, пак, во тој геноциден проект за ништење на македонскиот генерички идентитет Брисел и Вашингтон сега ја искористи максимално и македонската влада на Заев, инсталирана за таа мрачна цел од нив.

Волинци храбро се спротивставија на тоа, иако перверзната влада на Заев го маскира во своја полза инцидентот, и Македонски манифест уште еднаш ги поздравува за тој доблесен чин, повикувајќи ги сите доблесни Македонци да застанат во општ отпор против идентитетскиот геноцид и фашизам против нив на Брисел, Вашингтон, Грција и квислиншката фашизоидна влада на Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Никола Димитров. Тоа, Македонски манифест наскоро ќе го посети со древниот македонски симбол, Шеснаестозрачното сонце од Кутлеш, поточно од срцето на античка Македонија, Волино и неговите доблесни Македонци како алка за врзување на големиот синџир на македонскиот отпор против евро и амеро, но и против домашниот идентитетски фашизам што го промовира владата на Зоран Заев.

  Интегрално соопштение на Македонски Манифест.

професор д-р Горан Калоѓера

 

 

 

Професор д-р Горан Калоѓера

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

13 oктомври 2019 

 

 

Д-р Горан Калоѓера, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека е роден на 20 март 1951 година во Дубровник, Република Хрватска.

Во 1969 година се запишува на Филозофскиот факултет во Загреб на групите: југословенски јазици и книжевности (кроатистика и јужнословенски филологии, компаративна книжевност) и во 1974 година дипломира на истиот факултет. Во 1976 запишува постдипломски студии од поновата хрватска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб.

Во 1981 година се вработува како асистент на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Педагошкиот факултет во Риека, а во 1982 година започнува со предавањата и семинарите на групата Македонска книжевност и македонски јазик.

Во 1982 година се здобива со звањето магистер на науки на Филозофскиот факултет во Загреб со темата: Книжевното дело на Јосип Еуген Томиќ, а во 1985 година докторира на темата Македонско-хрватските и хрватско-македонско-книжевни врски од нивните почетоци до 80-тите години на XX век на Филозофскиот факултет во Риека.

Во 1986 година се стекнува со звањето доцент, во 1990 станува вонреден професор, а 1992 ја основа, конципира и пишува наставната и изведбената програма за новата група: Хрватската книжевност во европскиот контекст. Во програмата е застапена и македонската книжевност. Во 1996 година е избран за редовен професор.

Од 1996-2000 е декан на Филозофскиот факултет во Риека, а во 2000 година е избран за проректор за настава при Ректоратот на Универзитетот во Риека.

Професор Калоѓера е член на Хрватското филолошко друштво од Риека, на Матица Хрватска од Риека, почесен член на Културното друштво "Илинден" од Риека и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Како дипломиран компаратист проф. Калоѓера интензиввно се занимава со проучувањето на хрватско-македонските книжевни допири, притоа се ориентира главно на XIX век и книжевноста помеѓу двете светски војни со посебен осврт и студии за Рациновиот престој во Хрватска. Исто така покажува посебен интерес за браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев и Григор Прличев. Има издадено 6 македонистички книги и повеќе од 32 македонистички прилога и над 82 книжевни критики за повеќе автори.

http://manu.edu.mk

 ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Увод 

Зошто го отворам овој блог посветен исклучиво на Македонија? Одговорот е повеќе од едноставен. Со Македонија, македонската книжевност, културата, фолклорот, историјата се занимавам повеќе од четириесет години. За тоа, нешто имам напишано и објавено. Со пензионирањето, како професор, не сакам  да ја напуштам, а  камоли  да престанам  да се бавам со Македонија. Таа ми беше секогаш инспирација, а мислам дека е и денес. Динамичната македонска историја од 19-от  продолжува и денес, во 21-от век. Аветите од минатото одново се вратија на македонските простори и ги отвораат старите рани кои требаа одамна да бидат зараснати. А не се!

Во блогов ќе пишувам и реагирам пред се' како научник, кој како надворешен член на Македонската академија и почесен доктор на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје имам потребни квалификации да коментирам, исправувам, критикувам, советувам и на крајот да едуцирам. Теми за тоа има и премногу. Затоа не гледам никакви причини да престанам да се бавам со македонистиката во сите нејзини сегменти. Сметам дека е тоа моја обврска спрема моите македонски пријатели, македонскиот народ и спрема мојата долгогодишна служба како професор по македонската книжевност на Универзитетот во Риека.

Професор д-р Горан Калоѓера

(Превод од Хрватски, Сотир Гроздановски)

 

ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Нешто и од мене за Гоце Делчев. Чисто аматерски, бидејќи читам дека паметни историчари, од двете страни, расправаат за неговиот лик и неговото дело.

Ево  како јас го гледам Делчев. Тој е, неспорно, каризматична личност, исто како и историска и во едно и митски лик, во контекстот на македонското револуционерно движење. Може да се рече и како "апостол" или "патријарх" на македонското движење, за национално ослободување.

Гоце Делчев, во текот на подготовките за вооружено востание се покажа како врвна личност во неколку дисциплини: соодветно на неговото воено образование (средно  во солунската воена гимназија и воена академија во Софија) формира за релативно кратко време импозантна воена организација втемелена на четно устројство, под раководство на искусни борци со воено образование како него. Потоа организира и воена логистика, со која се служеше и за обезбедување на пари и воена опрема. Делчев, со својата умешност придонесе и во омасовување на движењето и Организацијата, бидејќи во потполност разработи систем за регрутирање луѓе од сите слоеви, особено од селското население.

Гоце Делчев беше упорен и доследен бранител на ставот Македонија и Одринска Тракија мораат самите да се ослободат, без помош од надворешни помагачи, притоа бранејќи ја идејата за слободна и автономна Македонија. Тој брзо сфати дека "врховистите" се продолжена рака на бугарската службена политика, па затоа и беше  против постоењето на  Врховниот комитет од Софија како "паралелен" стожер за ослободување на Македонија. И, многу битно, Делчев беше противник на идејата за фронтално востание, туку за герилско-партизанско војување, бидејќи по негова проценка, услови за отворено војување со турската војска  се' уште не се создадени. Колку Гоце Делчев беше во право, покажаа жртвите од Илинденското востание.

Како просветител, најмногу ме радува неговата идеја за создавање револуција  прво  во главите на луѓето, со што алудираше  на потребата за просветување и информирање на народот за она што ги очекува бидејќи, сметаше, дека знаењето е силно оружје за секоја победа. Затоа тој лично ги поттикнуваше луѓето, од перо, да пишуваат и објавуваат.

Спрема тоа иако не, баш, како некој посебен стручњак по прашањето за Гоце Делчев, сепак морам да речам - Делчев беше војсководец, стратег, просветител, политичар. Е, сега, кои му беа родителите, татко му и мајка му, во тоа не би навлегувал, но затоа е сигурно дека тој човек, Гоце Делчев, и телесно и духовно беше и ќе остане вткаен во македонската историја. Господата од мешовитата комисија нека не се лутат, бидејќи ово е исклучително мој став, за Гоце Делчев.

Продолжува

Професор д-р Горан Калоѓера (Превод од Хрватски, Сотир Гроздановски).

______________*******______________

 

Ацо Шопов 1941 негде во Македонија

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

 

 

 ОЧИ - АЦО ШОПОВ

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка на погледот срцен,
и секоја капка на твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.

Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

Но јас знаев оти пак ќе вивнат в жарој
и борците под нив ќе цветат и раснат,
в студените утра ќе греат ко сонце
и никога нема да стијнат и згаснат.

Последната вечер в планинското село,
кај борците беа со дрипава дреа,
со пликови жешки на стапал тешки,
и смрштени чела - згасени, мразни
ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, ко згушена реја
се точеше шепот од уво до уво:
"Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку, - сал неколку души..."

И кога ко игла ти прободе уши -
ти растресе снага и размолска тага,
со лунјени очи широки и волни
ги расече в ноќта здивените молнји!

Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -
в смрзнатата вечер на пролетта рана,
кај нашата младост и првата радост
ја косеше луто куршумната слана,
а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
и летна во ноќта крвава и црна, -
со своите очи што ригаа пламен
ги растопи чашкум челичните зрна...

И после! И после - в последната вечер...
јас нејќам да мислам што потаму стана,
прошталниот шепот ти замрзна в усни,
ти гореа очи под веѓите густи!
Со нивниот пламен и со клетва света,
на заседа тргнав сред мојата чета.

А утринта кога зрив чела ни спраши
ти не беше веќе в редовите наши,
но скипеа борци со одмазда жолчна,
и видов! о видов-кога бојот почна
развихреа сите со твојата сила-
ко елени брзи и лесни ко птица.

А твоите очи се искреа гневно
во нивните потни, распалени лица...

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.
*************
Ацо Шопов

 

ВИДЕОТЕКА

************

Kind regards : 17 октомври 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 244