МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ СЕВЕРНА

Љубо Трповски, Елизабета Матевска, Весела Зердевска, девојчињата ќерки на Горан Шумкоски и Александар Бобинков син на Ана Бобинкова и Ристо Мијаковски.

***

Сотир Гроздановски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЗАРЕМ УШТЕ ЌЕ ГЛЕДАМЕ НАГОРЕ ВО НЕБОТО НАМЕСТО ВО СТАПОТ?

*******

06 октомври 2019 година

Ако се вртиме постојано во круг и мислиме дека проблемите сами од себе ќе ги снема, ќе се изначекаме. А многу од нас, можеби, и нема да ги доживееме благодетите на слободата,  некој од надвор да ни ја подари. Е, ама така не бидува, драги мои! За се' треба пот да протече: чепкајќи ја земјата, ако сакаме да јадеме!  Знам, а и сите вие кои го читате текстов, дека без ука нема наука а  без работа благосостојба. Па сепак упорно настојуваме да ја добиеме битката без куршум и без капка крв, пролеана! Таква битка  Филип Втори и син му Александар Трети Македонски никогаш не доживеале. За секоја педа земја пролеале капка крв и така го сочувале  кралството безбедно   од непријателите, па биле тие од блиското соседство или малку подалеку. Се бореле и со многу посилни од себе, зошто државата и народот им биле на прво место во животите. Добро знаеле дека без своја безбедна држава и задоволен народ, не е вреден ниту животот на туѓо тло.

Својата љубов кон татковината и народот свој,  ја докажувале со крв,  а многу од нивните следбеници и со животите врз чии темели ние лесно и без човечко достоинство газеме и плукаме. Зошто? Затоа што не сме ја почувствувале, како своја, нивната постојана борба без која нема слобода и благосостојба. Што е најважно, за кукавичлук не знаеле и затоа секогаш победувале: и на бојно и на дипломатско поле!- за нам да ни биде поарно! А ние, со што им возвраќаме? Со продавање на се' што тие ни оставиле да го надградуваме и предаваме на идните генерации? Со распродавање на златото и на среброто без чувства на одговорност,  без грижа на совеста и без бол во душата?

Не  е фер и не е чесно, од било кој аспект!

Катадневно слушаме некои високи од власта  и  доста, по број, "народни" пратеници во Собранието кои не уверуваат дека баш тие  "одговорно" прават се' што народот сакал. Ништо не било прескапо за влез во НАТО и Европската Унија, па и разнебитувањето на сопствената  држава и  одрекнувањето од македонскиот национален идентитет!? 

Човек кој добил нешто заработено со туѓа пот и крв, лесно се одрекнува па и ефтино продава. Ете тоа, драги мои, денес  ни се случува и полошо од тоа, а ние ниту со прст да мрднеме за да се одбранеме од криминалци, изроди, велепредавници и луѓе "човекојадци", кои ни ја продадоа државата наша македонска, не исплукаа пред цел свет како народ не достоен да има своја држава, ни ја продадоа историјата со векови градена и надградувана, им дозволивме да ни влезат во нашите домови, да ни ги силуваат семејствата, да ни однесат се' што сме создале за време на нашите животи, дури и јазикот наш мајчински, македонски, а ние со скрстени раце и смрзнати ноsе мирно, како ЗОМБИ гледаме и ги испраќаме со: ДОБРЕ НИ ДОЈДОВТЕ И ПАК ДОЈДЕ ТЕ НИ!

Чинам, како да се навикнавме на вековни маки и страдања и сега не можеме  без нив. Како да сме среќни кога патиме и кога не силуваат! 

"Ако бевме нормална држава со одговорни политичари, сега барем ќе се активираа сите надлежни капацитети за да им помогнеме на нашите комисии да се спаси макар тоа што може да се спаси"- вели во својата подолна колумна Ристо Никовски, огорчен на нашата инертност. Односно да му се спротивставиме на синдромот именуван САМОИСТРЕБУВАЊЕ!

Па да имавме лојални, умни, способни политичари кои разликуваат зло од добро,  црно од бело, и да  познаваат, барем, неколку проценти од нашата национална историја, немаше до ваква ситуација да ја доведат македонската држава. 

Никогаш не сме биле зависни ниту од Грција, ниту Бугарија, а најмалку од Албанците кои и денес, внатре во државата ги продолжуваат своите балистичко-фашистички насилства. Ама сега и со помош на изроди и велепредавници од сортата на Зоран Заев, големиот дел од СДСМ, со тифка потпора и одобрувања на некои од  раководството на ВМРО-ДПМНЕ,  ама и луѓе без достоинство и нула патриотизам!

Секој има право да се бори за своите идеолошки убедувања, ама кога ќе дојде во прашање  безбедноста, суверенитетот, територијалниот интегритет и идентитетот на народот и државата, e, тука прескочувањето на зацртаните  црвени лини, е табу тема. Тоа е велепредавство без икаква толеранција, а камо ли чекање доброволно повлекување од власта на злосторниците и предавниците. Тоа е апсурд, кои само во Македонија  се случи, а извршителите останаа цели и уште владеат со Македонија.

Зошто тоа е така? Затоа што беше добро подготвен  планот за постепено разградување на Република Македонија со деморализирање на народот, за  отпор. 

Приватизацијата, големата пљачка на општонародниот имот и масовното осиромашување на  народот, со губење на работните места, беше првата фаза. Сиромаштијата не'  доведува секогаш до агресивно делување на загрозеното население, ако и тоа се планира да изгледа како неминовност од оправдани причини. Па така, Сорос прискочи со своите милиони во помош, преку својата меѓународна организација  "отворено општество" во спрега со УСАИД.

Тој начин на финасирање на некои невладини организации со посебни, од надвор подготвени, програми, кај очајниот и осиромашен народ дојде како дожд за време на сушна година.

Затоа и Шарената револуција, финансирана од тие фондови на Сорос доведе до "насилно" уривање на легално избраната власт на Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ и поставување на Зоран Заев од СДСМ за нов премиер. Неговата задача беше да ја урне државата на било кој начин и да ги задоволи интересите на Европа и западот, како дел од конечното затворање на таканареченото "македонско прашање" на Балканот, но и многу повеќе од тоа, кое постепено доаѓа, како црна чума.

И бидна така, без куршум испален и капка крв пролеана.  Што би се рекло: кучињата лаат, караванот си оди, како мирна река, која брда руши! Република Македонија и се' друго со неа умре, а новата политичка творба на Зоран Заев, Република Северна Македонија, се роди.

И така бидна, драги мои и не само во Република Македонија, туку и во секоја друга поранешна југословенска република по истото клише, само не така деструктивно по нивниот државен и национален идентитет, како во Република Македонија. Зошто? - затоа што со геополитчките планови на Европа и Западот, растурањето на СФРЈ и нејзините Републики беше одамна планирано.

Меѓутоа, ако веќе се случи нешто такво геноцидно насилство со учество на домашните предавници и црни изроди врз   кои лежеше безбедноста на Република Македонија и нејзиниот народ,  немора така и да остане. Денот е попаметен од ноќта. Разумот треба да превладее над умот и затоа стапот в'рака и во борба за својата слобода и истребување на Заевосдсм-овската банда, но и ВМРО-ДПМНЕ-вските квислинзи. 

Покопувањето на секирите на раздорот, седнување на широка национална маса на сите перспективни умни и мудри Македонци (зошто се работи за нашата судбината и македонските национални интереси), е првиот дел од можното и нужно обединување. Потоа, братски и демократски  бирање снажни и одлучни лидери кои одамна ни фалат во Македонија. Тоа би било решение, кое народот го очекува. 

Само обединети и сложни можеме да се извлечкаме од калта во која сме до гуша, и потоа сите заедно да тргнеме напред како и  други успешни држави во Европа и на Балканот.

Само сложни можиме до: СЛОБОДА, НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, ПРАВДА И РАМНОПРАВНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА, КОИ ВПРОЧЕМ ИМААТ СВОИ МАТИЧНИ ДРЖАВИ, ВО СЛУЧАЈ ДА  НЕ ИМ Е ДОБРО ВО МАКЕДОНИЈА!

За секога Ваш, Сотир!

Јанко Бачев

Јанко Бачев

ПРЕМНОГУ МАНИПУЛАЦИЈА, ПРЕМАЛКУ ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ

08 септември 2019 година

Република Македонија на  8-ми септември 1991 година се стекна со независност на еден дел од својата етничка територија и само за еден дел од македонскиот народ. Киро Глигоров, Стојан Андов и Никола Кљусев во своите книги веќе си ги прикажаа настаните според свое субјективно наоѓање, со цел да си обезбедат достојно место во процесот на создавањето на македонската држава.

Затоа, периодот од 28 години независност е добра прилика да се осврнеме на некои прашања кои фрлаат поинаква светлина на процесите од тоа време.

Веднаш да кажам дека осамостојувањето беше апсурден случај на меѓународната сцена бидејќи Македонија стана самостојна држава наспроти желбата на македонскиот државен врв, кој до последен момент се залагаше за зачувување на СФРЈ и тоа од оправдани причини.

Глигоров како долгогодишен сојузен функционер, и своевремено во релации со КОС (за ова и псевдонимот на Глигоров пишував во мојата колумна во "Неделно време" од 16 април 2006 година) дојде од Белград како делегиран човек, за да се обиде да го спречи македонското осамостојување, а кога се' беше јасно со распадот на поранешната СФРЈ, Глигоров дури во декември 1991 година воскликна-Македонија е се' што имаме!?

Стојан Андов не сакаше да се слушне за независност и во оваа насока промовирајќи ја својата партиска платформа во тоа време јавно обзнани дека е можна суверена Македонија, но, само во рамките на суверена Југославија.

На 8 август 1991 година на средбата со претседателите на општинските собранија пред одржувањето на референдумот изјавува дека со референдумот ние во никој случај не одиме на отцепување на Македонија. Дури на 8-ми септември 1991 година, Стојан Андов во попладневните часови брзопотезно го напушти Скопје при што вечерта преспива во Дојран, за наредниот ден, рано сабајле ја напушти државата заминувајќи за Грција.

Експертската влада на Никола Кљусев беше еден интересен спој на министри, од кои еден дел имаа надежи за независна Македонија, еден дел на врска со Бугарската национална разузнувачка служба и еден дел на врска со КОС.

Како и да е, на тогашниот македонски државен врв, меѓународните процеси не им одеа во прилог, бидејќи, наспроти нивните залагања моќните светски актери имаа зацртано дека СФРЈ мора да се распадне по секоја цена.

Така бидна самостојната македонската држава. Поточно, контролирана македонска држава фигурира (ше) во американските интереси во регионот, а во тоа време во новонастанатите околности најмоќна сила остана САД, додека Русија ослабена се повлече од глобалната сцена во националните граници.

Инаку, претседателот Глигоров дури во декември 1991 година ја отвори својата последна карта-независна Македонија, откако Европската Заедница на состанокот во Брисел од 16 декември 1991 година донесе декларација со која побара од југословенските републики да се изјаснат дали ги прифаќаат поставените услови за признавање кое ќе се применува од 15 јануари 1992 година со што се означи крајот на СФРЈ. 

Со еден збор, македонските челници до последен момент се залагаа за зачувување на СФРЈ, но кога стана очигледна дисолуцијата се тргнаа по сопствен пат.

Накратко и за наводната опасност од војна и во Македонија во тоа време и наводната поделба на земјата од страна на соседите.

Во тоа време нема реална воена закана од Бугарија, Албанија или од Грција која како членка на НАТО би војувала со Македонија, или, пак, од Србија, која преку ЈНА (во тоа време веќе е под контрола на Србија  и составена само со српски војници), само блефираше со можна воена ескалација и во Македонија.

Дури соседите од свои интереси повеќе ја посакуваа самостојноста на Македонија, отколку да ја видат на страната на спротивниот ривал (кај некој од соседите).

ЈНА немаше концепт да отвори ново воено жариште и во Македонија и тоа не како резулта на некакви алтруистички причини, туку заради немањето доволно капацитети за отворање на трет фронт и во Македонија како и реалниот интерес на Србија спрема БиХ во која 40% од населението се Срби, отколку за Македонија каде 2% од населението се Срби.

Впрочем, тоа може да се види и од повлекувањето на ЈНА која, според договорот требаше целосно да си замине од РМ на 15 април 1992 година, а си замина и порано во март поради најавата дека Европската Заедница ќе ја признае БиХ (што и се случи во Луксембург на 6 април 1992 година) и потребата делот од ЈНА од поранешната Трета армиска област (Косово и Метохија) да се лоцира благовремено во БиХ за да ја започне тамошната војна.

Бидејќи веднаш по повлекувањето од Македонија, ЈНА ја започна војната во БиХ по нејзиното признавање од ЕЗ, тогаш јасно е дека ЈНА немала замисла и моќ да отвора нов фронт и во Македонија.

Дури, македонскиот државен врв во тоа време (кој е во силни релации со КОС како впрочем македонската Служба за државна безбедност која е под влијание на Белград некаде во 1995 година откога американската ЦИА целосно ќе завладее во регионот), е соучесник со ЈНА во крвавата војна во БиХ бидејќи дозволи целото оружје и нафтени залихи да заминат со ЈНА иако постоеше начин како да се сочуваат, но со оглед на просторот за ова во друга пригода.

Затоа, прашањето зошто немаше војна во Македонија, треба да се гледа од аспект на стратешките интереси на ЈНА (Србија) за војување на другите жаришта на југословенските простори отколку како резултат на наводната мудра политика на државниот врв во тоа време.

На крај, збор-два и за референдумското прашање.

Собранието на 6 август 1991 година донесе одлука за референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за прашањето: "Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија".

Европските авторитети ваквото референдумско прашање со "додавка" го протолкуваа во смисла дека Македонија со референдумот се определи за суверена држава, но, во рамките на асоцијацијата на југословенските држави.

На пример, на 7 декември 1991 година  до претседателите на југословенските републики е упатен извештај од Арбитражната (Бадинтеровата) комисија во кој се констатира дека Македонија со референдумот се определи за суверена држава во рамките на асоцијацијата на југословенските држави, за разлика од Словенија и Хрватска за кои во извештајот јасно е забележана нивната волја за независност.

Во овој контекст, евидентна е коректноста на Роберт Бадинтер, бидејќи подоцна во Мислењето број 6 на Комисијата од 11 јануари 1992 година, во делот каде се оценуваат и цитираат клучните документи врз основа на кои се препорачува признавање на Македонија од ЕЗ не се спомнува референдумот од 8 септември 1991 година.

Во функција на изработката на мојата магистарска теза, во разговорот што го имав со Киро Глигоров на 31 октомври 2001 година, на прашањето кој е авторот на референдумската формулација, истиот воопштено ми напомна дека авторството е на државниот врв во тоа време. Во разговорот што го имав во МАНУ на 15 ноември 2001 година со Блаже Ристовски (потпредседател во првата влада во 1991 година), за референдумското прашање ми посочи дека летото 1991 година на средба со потесен круг во државната вила во Охрид, Киро Глигоров извадил едно ливче на кое било напишано референдумското прашање и притоа кажал дека ако така не се постави прашањето, граѓаните можат да се произнесат негативно.

Како и да е, созреан е моментот да се расветли нарачателот на проблематичното референдумско прашање, со кое, како да прашавме-ако може во Југославија.

Ете, со оглед на просторот, најсумарно тоа се фактите за македонската независност. Се разбира, секој има право на сопствено мислење за ова извонредно значајно поглавје од нашата историја, но, никој нема право на сопствени факти.

Авторот е универзитетски професор по меѓународно право.

http://www.dudinka.org/јанко бачев/ 

 

Панде Колемишевски

Панде Колемишевски

ДОЛГО ЌЕ ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

 

27 септември 20199 година

Не можат ниту Владата, ниту Собранието или претседателот на државата тоа што се создавало со децении да го избришат во еден ден, во една година. Можеше со едн клик на компјутерот секаде каде пишуваше Македонија да се напише Северна, но не може ни со сто клика да им се избрише сеќавањетоо на луѓето, сите граѓани да се клонираат во склеротични.

******************

Веќе стана сосема извесно дека местото и перспективата на Македонија, освен во НАТО, се бараат во Европската Унија. Таа определба и да не е стостотно изразена македонска желба и волја, сакале или не сакале, сепак Македонија и другите земји на Балканот политички се вклучени во глобалниот распоред на држави што територијално и' припаѓаат на Унијата, тие не се само сфера на влијание, туку и на владеење по  нејзините закони. Целиот проект се одвива под американската капа, а во организација и под надзор на германската канцеларка Ангела меркел, која ги осмислува идеите, ги организира средбите меѓу лидерите, ги дава или ги слуша предлозите и решава за следните чекори. Значи, ЕУ не е ветената земја каде што за Македонците ќе тече мед и млеко, но во сегашната мапа на распоредот на силите е безмалку единствената опција што може евроамериканците да ја дозволат.

Одредувањето на датумот за почеток на преговори, што наскоро се очекува, е само првата појдовна станица на која семафорот покажува зелено светло, но и првата етапа во која почнуваат и отворените проблеми. Македонија веќе ќе нема големи отпори од големите земји - членки, ниту во бриселската бавна и непредвидлива бирократија, која ќе поставува услови, но не толку болни како промената на името и се' што следуваше по тој непристоен чин. Стапиците, во најголем дел, ќе бидат поставувани од Бугарија и од Грција, претпоставка што се насетува од нивниот тридецениски однос и од актуелниот однос кон договорите за пријателство и соработка потпишани со нашата земја. На тоа, освен поранешните изјави на политичарите од двете земји, упатуваат и последните изјави на претседателот на Бугарија Румен Радев и на новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис.

Неодамна шефот на бугарската држава Румен Радев, на средба со бугарските членови на  Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, заканувачки рекол оти не може да се даде гаранција за некаков напредок на Македонија на патот кон ЕУ ако таа не го спроведува доследно договорот. Пренесена е неговата изјава дека Владата треба да преземе екстремни мерки за изработка на нова национална позиција со јасни барања и критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес, барања што треба да бидат изрично внесени во преговарачката рамка за Република Северна Македонија како задолжителен услов за членство. Претседателот Радев до скоро беше еден од оние бугарски политичари што даваше помеки изјави, но најверојатно под притисок на националните јастреби се приклучува кон бригадата, која жестоко ќе ја притиска Македонија во иднина. Иако Радев и Бојко Борисов се во постојани препирки и судири и меѓусебни игнорирања, при што Борисов ја истакнува својата главна управувачка улога, најверојатно дека за потезите кон Македонија ќе дуваат во иста тиква. И двајцата жестоко се залагаат за заштита на бугарскиот инерес, кој, рака на срце, околу историските и идентитетските прашања е сосема различен од македонскиот национален интерес. Да не речеме спротивен.

Иако на видум благи, коректни и искрени, изјавите на премиерот Мицотакис се мошне категорички во својот поттекст, во смисла дека бил против потпишувањето на спогодбата сепак ќе ја почитува, но ќе бара нејзино целосно спроведување.Овде замката е во тоа што едно е што ќе ја почитува, сосема друго е како ќе ги толкува се' уште спорните одредби од спогодбата. Македонската страна, ако со Бугарите знае приближно, каде што може да се очекува поставувањето на барикадите, со Грците, како и секогаш, тоа ќе биде понеизвесно. Новата влада сигурно нема да ги напушти и изневери старите проверени дипломатски интриги и   финти, нема да се откаже од макар  и ситни провокации, со што ќе го усложнува и подзапира процесот за приклучување на Македонија кон ЕУ.

Спорните прашања меѓу Македонците, Бугарите и Грците се стари повеќе од сто години. Сега на народите од Балканот, а посебно на Македонија не само што и' се препорачува туку и' се наметнува во име на иднината, освен што го смени името, да го смени и своето минато, да ја смени својата историја. Отворено го бараат тоа, а делумно, почетно, успеваат да го остварат Бугарија и Грција. Само наивните може да веруваат дека тие барања ќе запрат, тие ќе бидат користени како алиби за да ги оправдаат стекнатите позиции пред своите гласачи. Македонија, иако кандитаткиња за членка на ЕУ, најверојатно нема повеќе да го носи епитетот "буре барут на Балканот", но тешко ќе ја симне од себе синтагмата дека е "јаболко на раздорот". Таканареченото "македонско прашање" уште долго ќе живее и во двете земји, нема да се симне од врвот на нивниот интерес, ќе биде користено ем за внатрешна употреба, ем за притиоск кон Македонија. Битката околу него ќе го влече процесот за прием во ЕУ долги години. На македонска страна е вистината, во нивни раце е силата.

Би била сосема погрешна претпоставката дека минатото на земјата може лесно да се смени и да се заборави, иако динамичните процеси низ кои врви Македонија и креативните решенија, кои се носат во неа во овие триесетина години, не исклучуваат таков брз пресврт во мислењето и психологијата на Македонците. Многу нешта за кои се мислеше дека е неможно да се случат се случија, за многу уставни, законски и други решенија, за кои се мислеше дека не смеат да се донесат по никоја цена, се донесоа и се спроведуваат како ништо да не било. Сепак, не можат ниту Владата, ниту Собранието или претседателот на  државата тоа што се создавало со децении да го избришат во еден ден, во една година. Можеше  со еден клик на компјутерот, секаде каде што пишуваше Македонија да се напише Северна и да ги смени сите закони, но не може ни со сто клика да им го избрише сеќавањето на луѓето, сите граѓани да ги клонира во склеротични.

Бугарската и грчката политика, иако навестуваат пријатен период во односите со Македонија, не го нудат тоа како подарок за Заев или за македонскиот народ, на тие подароци треба повеќе да се гледа како на данајски. Илузија е да се мисли или од македонските политичари да се проповеда дека од денот кога ќе биде одреден датумот за преговори се' ќе се одвива како тазе подмачкано. Напротив. Кон таа сива зона кон можните идни заплети се движат бугарските ултиматуми околу припадноста, ликот и делото на Гоце Делчев, што подоцна може да создадат дополнителни прашања за самобитноста на македонскиот јазик и писмо, подоцна на народот во целина. Ако се зборува отворено, треба да се каже дека досегашните изјави на високите бугарски политичари конкретно за Македонија (не општо за Унијата)  отскокнуваат од духот на договорот, тие повеќе наметнуваат уцени одошто бараат компромисни решенија. Ултимативните барања, наредбодателниот тон, гледањето од висина, понижувачкиот однос, кои ги покажуваат бугарските и грчките лидери не се елементи што градат пријателство, меѓусебна доверба, туку ги усложнуваат и ги оддалечуваат компромисните решенија.

https://www.novamakedonija.com.mk

 

Ристо Никовски

Ристо Никовски

СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК?

 

02 октомври 2019 година

Бугарија води војна против Македонија, која не може да биде "постудена". Заедно со целата "интелигенција", врвното раководство на земјата е мобилизирано со единствена цел-да докажат дека ние сме неосвестени "Буари". Свесни се дека или сега ќе го постигнат тоа или сите нивни забегани историски синдроми околу Македонците ќе паднат во вода. Капитулантскиот договор што го потпишавме им дава право да го докажуваат недокажливото и мора да се признае дека е должност на политичарите да ги користат таквите околности. Софија така и се однесува. Со сите сили настојуваат да присвојат клучен дел од нашата историја, со единствена цел да не' уверат во нашето бугарско потекло. Симболот на сето тоа е секако личноста на Гоце Делчев. Според нивните идеологии, тој е голем "Бугарин" бидејќи се борел за Македонија ама како за втора бугарска држава. Делчев нема други историски заслуги за Бугарија. Ако, сепак, има, тогаш и ние треба да покажеме разбирање.

Тешко дека има поголемо понижување отколку да прифатиш да преговараш за својата историја со соседните држави. Токму тоа го направи нашава Македонија и сега не треба да се чудиме што ни се случува. Со потпишувањето на асиметричните договори со Бугарија и со Грција Македонија се стави во зависна позиција чии последици можат да бидат судбоносни за опстанокот на македонскиот народ. Нашиве некадри политичари не уверуваа дека со овие договори се решени проблемите со овие земји и тие стануваат наши пријатели, што беше невидена лага и тешка манипулација. Вистина е дека тие вековни проблеми беа само отворени и ставени на маса за понатамошна наша егзекуција. Со договорите не беше решено апсолутно ништо во наша корист.

Сега се уверуваме дека агресијата врз Македонија и од страна на Атина ама особено од Софија, никогаш не била понагласена и поопасна. И двете се со јасни намери да му зададат завршен удар на македонскиот национален идентитет. Сметаат дека дошол моментот дефинитивно да се затвори "македонското прашање". Впрочем, Софија отворено ни порача дека Македонија може во Унијата ама не и македонизмот, поточно - Македонците. И додека се случува сето тоа, нашите мудри молчат. И ако се јават, тресат зелени во смисла дека Делчев навистина се декларирал како Бугарин ама се борел за Македонија! Водата, демек, навистина врие на 100 степени ама затоа правиот агол има 90. Така некако беше шегата за тој што тврдел дека водата врие на 90.

Историските комисии се реалност и со Бугарија и со Грција и опасноста од катастрофални последици од нивната работа е сосема реална за нас. Ако бевме нормална држава со одговорни политичари, сега барем ќе се активираа сите надлежни капацитети за да им помогнеме на нашите комисии да се спаси макар тоа што сe може. За жал, тое е ерес за политичарите што како носители на капитулацијата сега немаат образ да се борат за нашите интереси, кои веќе ги предадоа за џабе. Всушност, прашањето е дали академијата, Институтот за национална историја и сличните институции имаат добиено политички налог да не брануваат? Колку ли само "научници" земаат плата во институтот, а ништо не сме чуле за нивни "важни" откритија за нашата историја. Сега, наместо секојдневно да излегуваат со факти и аргументи и за Гоце и  за сите други наши дејци (кои неизбежно ќе дојдат на ред во Софија) или да даваат сугестии и предлози што се' треба да и' се оспорува-сите молчат. Ако нешто, сепак, прават, јавноста  е крајно сензибилизирана и треба да знае. Или, како и секаде, и таму добар дел се нечии деца, роднини, соседи...? Академијат, пак, веќе се докажа како неупотреблива за државните и националните прашања. Овде ќе се обидеме да прецизираме една слаба точка на бугарската страна, што може да биде повод за наша иницијатива.

Во 1990 година, во Бугарија официјално се празнува 3 март како национален ден. Тоа е денот кога во 1878 година е потпишан прелиминарниот Санстефански мировен договор меѓу Русија и Отоманската Империја, која е поразена во нивната војна од 1877-1878 година. Тој договор се нарекува прелиминарен бидејќи никогаш не влезе во сила и беше ревидиран по само три месеци, на 13 јуни истата 1878 година на Берлинскиот конгрес. По руските замисли, во Сан Стефано беше создадена голема Бугарија, која ја опфаќаше скоро цела Македонија, делови од Србија (Пирот, Врање...), од Грција (Северна Тракија и делови од Источна Тракија) и од Албанија (Корча.... Според договорот од Сан Стефано, Бугарија имаше над 170 илјади квадратни километри додека денес има околу 110 илјади. Русија ја создаваше Голема Бугарија како вазална држава што беше спротивно на интересите на западните сили, кои не го прифатија овој договор. Русија беше присилена да се изврши ревизијата на договорот од Сан Стефано и потоа следуваше спроведување на тоа што беше договорено во Берлин. И Албанците беа незадоволни од договорот во Сан Стефано и, како последица на тоа, ја формираа Призренската лига чија цел е Голема Албанија.

Многу години пред 1990 година  Софија го славеше 3 март како ден на ослободувањето што е исто така спорно од повеќе аспекти. Изборот на Софија на 3 март како национален ден на земјата, е длабоко провокативен за сите соседни земји, особено за Македонија. Тоа отворено ги симболизира нивните иредентистички аспирации кон делови од неколку држави. Нема никаква основа, ниту оправдување нешто што било прелиминарно и што воопшто не влегло во сила, Софија да го користи за свој национален ден. Прашањето треба да се актуелизира во преговорите што ги третираат историските прашања меѓу двете земји.

Благодарејќи на "гласноста" на Софија, која е неоспорно"пријателска", барем знаеме дека запнале околу Делчев. За комисиите со Грција, освен неколку вести од Атина, по обичај неповолни за Македонија, нашата јавност нема појма што работаат и какви се' непринципиелни отстапки се направени од наша страна.

Интересно е што Атина (индиректно, врзувајќи не' со Албанија) и Софија ни се заканува и со блокада на датумот за преговори за членство во ЕУ, а и двете едвај чекаат да го добиеме бидејќи само преку нив можат да ни го искубат и то малку што ни остана од македонскиот национален идентитет.

Една од главните лекции во дипломатијата е дека односите со соседите се и најважни и најтешки. Речиси насекаде е така, не само на Балканот. Низ вековите, со соседите се делела историската судбина, во добро и во лошо, во војни и во соработка. Најчесто настаните на Балканот биле диригирани од други сили, кои имале сопствени интереси и за таа цел ги конфронтирале земјите од регионот. Се менувале окупаторите и границите, се разменувале дури и населенија, народите се мешале на разни начини и сето тоа оставило длабоки траги и последици, кои нормално се рефлектираат долги години по тоа. Тие наследства секогаш се голем товар, а решенија многу тешко се наоѓаат. Така е на Блискиот и Далечниот Исток,  така е во цела Азија, Африка и Латинска Америка.

Во моментов, на пример, постојат шест, седум спорни гранични прашања меѓу САД и Канада, за кои малку се зборува...

Авторот е поранешен дипломат

https://www.novamakedonija.com.mk

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

УБАВИТЕ ЖЕНИ 

Убавите жени во мојот народ
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.
О неправда!
Тие им припаѓале на неизбрани мажи,
нивните коси дење сплетени во прцлиња
ноќе распуштени по градите и колковите.
Нивнит постап на препелица
набрзо го сопнала унечка,
нивната младост поминувала
како мирис на липа што го одвева ветрот.
Набрзо тие седнувале на порта
со наведната глава и издадени коленици,
со нечујна издишка.
Убавите жени, несреќни жени
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.

******************

Блаже Конески

Славе Катин

 

 Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 29

 ОНОМАСТИКАТА НА МАКЕДОНИЈА

Античките Македонци оставиле многу богат глосолошки супстрат во повеќе области. Меѓу другото, античките Македонци им дале имиња на сите реки во делот на античка Македонија.

****

Така, МАКЕДОНИЈА, (мак-имашен, блажен, среќен и кеднос-грижлив, мил, драг,т.е. среќна земја); ПАОНИЈА (пајон-син на боговите Посејдон и Хела, лекар на боговите на Олимп, додека пајонизо-воена песна да се пее); ПЕЛАГОНИЈА (пелас-близок роднина, рамнина, ген, гоне-раѓање, т.е. богата рамнина).

ОРЕСТИДА (орестис, осн. орос-гора); ЕЛИМИЈА (елигма-кривина, свиок, т.е. криворечие); ЛИНКЕСТИДА (осн. - рис); ДЕРИОП (дерис, дерос-кожа); ДАСАРЕТА ( осн.дас-оган, лач, воена вештина и арета-чесност, доблест); ПИЕРИЈА ( осн. пи, пион-богат и иериа-света, т.е. пресветла); АМАТИЈА или ЕМАТИЈА (осн. аматос-песоклив); АЛПОМИЈА ( осн.алс, алме-со,ен и појео-да создава); ХАЛКИДИК (халкос-бронза).

Античките Македонци, исто така, оставиле многу богат глосолошки супстрат и во други области. Тие им дале име на сите реки во Македонија. Така АКСИОС (одличен, најдобар, најголем) е ВАРДАР ; АЛИАКМОН (осн. алис и халис-многу и акме-остар, сила, кривина) е БИСТРИЦА; МЕСТОС или НЕСТОС (полн, бесен) е МЕСТА; ЕРИГОН (осн. ери-многу и гониа-агол, кривина, додека гоне-раѓање, силен, плоден) е ЦРНА РЕКА; СТРИМОН (стеснет) е СТРУМИЦА итнт.

РОЗЕТА

Тие ги именувале и езерата: ЛИХНИДА (светилкс, Лач) е ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО; ВРИГИИС (Бригеис: осн. брио-клокоти и зборот: геа, ге-земја, област) е ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО; КЕЛЕТРОН (осн. кел келес, келетион-брзопловечка, лаѓа-оноксил и зборот: роос, пов, рон-струја, река) е КОСТУРСКОТО ЕЗЕРО  итнт. Им дале имиња и на многубројни градови: АИГАИ, ПЕТРА, АРГОС, ЕМАТИА, ЕВРОПА, ПЕЛА, КЕЛЕТРОН, ЕДЕСА, НАУСА, АРНИСА, ДИОН, ВЕРИА, ПЕЛАГОНИА, ИДОМЕНИ, ТЕРМИ, КИССОС, МИЕЗА, ОССА, СТАГИРА, ОЛИНТОС, СИРИС, СТЕНАИ, АЛКОМЕНАИ, СТИВЕРА, СТОВОИ, ЛИХНИДА, АМФИПОЛИС, АСТИБОС и други.

Интересно е објаснувањето на името на градот СКОПЈЕ, кој етимолошки потекнува од ПБГ: скорео-да набљудува, скопелос-карпа и скопе-стража. Многу ороними, исто така, потекнуваат од македонските домородци: Олимпос, Пиериа, Грамос, Воио, Аскио, Верно, Вермио, Варноус, Борас, Хортиатис, Томорос, Орвилос, Родопи итнт. Го наведуваме словенезираниот назив на планината Пелистер, кој етимолошки потекнува од кованицата пери-многу, прекумерно и зборот: стереос-твр, јак или доаѓа од зборот перистера-гулаб, кој бил симбол на Евринома, првобитната божица на сите работи, од пелашката митологија за постанокот на светот.

Праисториските Македонци ги втемелиле и називите на местата важни за подоцнешната религија. На својата најголема планина Олимпос (Најопејуван) го поставиле Богот над боговите, Зевс (Диас) со Пантеонот. Тие изградиле и храмови и пророштва, Дион, Питион, Петра и други. Цела област околу Олимп ја нарекле Пиерија, Света Гора.

Имињата на македонските племиња се имиња на животни, билки, занимања, состојби. Така, Линкестите добиле име по рисот (Линг-рис), Енхелејците по јагулата (енхелис), Дасаретите по шумите (дасос-шума), Орестите по планините, Пелагонците по долините, Елимејците по кривотечната река Калиакмон (Бистрица), Ботиаите по пастирите, Алмопијците се занимавале и тргувале со сол, Дериопите со кожа итнт.

Зборот ономастика припаѓа на древниот македонски апелатив, што значи именски, кој се однесува на име. Денес таа се дефинира како наука за сопствените имиња и опфаќа три главни гранки на културата: јазична, историска, географска. Неа ја сочинуваат антропонимијата и топонимијата.

Изучувањето на ономастичкиот материјал во Македонија е од големо значење, давајќи нам известувања од прва рака, зашто во името се крие и особината на лицето кое ја носи (nomen est omen). Наведуваме неколку називи кои во речникот на новогрчкиот јазик се означени како со непознато етимолошко потекло (Mpampinioti, !998), а припаѓаат на палеобалканскта глосологија, односно на древниот македонски јазик и се во секојдневна употреба.

Во ономастиката на Бригите утврдивме околу 50 топоними, 34 етноними и 35 хидро и ороними кои потекнуваат од палеобалканската глосологија. Исто така е и во ономастиката на Тракија, односно Илирија. Антропоними : Бастос (осн. бас, басилеус-крал и бастазо-носи, држи). Ист е коренот и за ономастиката на Баса, Басос, Бастеревс (осн. бас-крал и рео, реи-тече); Гетас (осн. ге, гетес-селанец); Дада (кованица од да-многу и да-да учи, т.е. многу учен); Дулес (доуле, доулос-слуга, роб); Дасиус (дасис-влакнес); Еуадеда ( еудаде-да се допаѓа, да годи); Маниа (маниа-беснило); Мама (баба); Манта (пророк, гатар); Медес (мед, медо-владеење, управување); Типас (осн. тироо-твори, гради); Пита (пита-смола); Атас ( ато-истрча, побегна); Гаурос (гаврос-весел) итн.

Топоними: Алмана (алс, алме-слана, море и зборот ман-секако); Кидре (кидрос-славен); Алтос (алто-скока); Асара (асарион-пара); Астраиа (астрон-sвезда); Галепсос  (гале-лисица и опсис-изглед); Болбе ( болбос-лук); Пелион ( пелос-глина); Дамастион ( дамазо-скроти, победи) итн.

И покрај многуте миграции во Албанија постои богата палеобалканска глосологија. Наведуваме неколку називи:

Тирана (осн.тирсис-кула, камбанарија, тиранеја-владеење и тиранос-господар); Драч или Дурес (дирахион-кованица од дио-две, и рахис-грпка, гора, возвишение, рид); Корча од Коресос (осн. коре-девојка, мома, односно ќерка на богот Зевс и Деметра); Химара ( химарос-јарец, коза или змеј кој исфрла оган, симбол на вулкан); Ѓирокастра (аргирион-сребро и зборот кастрон-тврдина); Какабиа ( какос-лош и зборот биос- живот); Валона ( бало-фрла, погодува); Пешкопеја (епи-над и зборот скопео-наsирање, набљудување); 

Опонимите: Зебс (Зевс-бог, богови); Кастрат (кованица од касис-брат, братство и зборот стратиа-војска, чета т.е. "племенска војска").

 

Продолжува 

___________________________*******_________________________ 

 

ВИДЕОТЕКА

 

Kind regards : 06 октомври 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 242