Сотир Гроздановски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ОБРАЗОВАНИЕТО - ТЕМЕЛ НА ПОСТОЕЊЕТО!

************

Умирањето на Р. Македонија беше планирано заедно со растурањето на заедничката држава СФРЈ. Зошто? Затоа што нејзиното безбедно постоење беше гарантирано со моќта на заедницата во која доброволно пристанавме да бидеме нејзина членка, рамноправна со сите, во правата и обврските. 

Затоа и се тргна, прво, во разнебитување на државата со 23 милиони, за да се добијат  повеќе мали и немоќни "независни" и "суверени" творби, наречени национални држави. Да се раздроби на парчиња, со кои ќе може полесно да се манипулира. 

Република Македонија беше една од шесте сојузни делови на СФРЈ, која за време на Втората светска војна им ги измеша лончињата на касапите кои со Букурешкиот договор од 1913 години ја распарчаа македоснката територија на четири дела: на Грција, Бугарија, Србија и помал дел на Албанија.

Верувајќи во генијалниот сон  на Гоце Делчев за  патот  кон светот како поле за културен и економски натпревар меѓу народите, тргнавме со ентузијазам во нови авантури, кои уште повеќе ја ослабија нејзината економска и политичка  моќ. Денешните властодршци и некои кои ги зел ѓаволот во неговиот "рај" од порано, ја опљачкаа својата сопствена земја, ги истераа  сограѓаните на улица,  немоќни да си ги хранат семејствата, и потоа "законски" ја подготвија  Македонија за продажба. Тоа беше увертирата во нејзиното распаѓање, и задоволување на странските зли намери за конечното решавање на таканареченото "македонско прашање" на Балканот.

Па така, пак се најдовме на брисан простор не заштитени и ранливи од сите страни и од надвор и од внатре. Опасноста од паѓање во ново ропство, со непредвидливо времетраење, одново не турна во минатото, а помош од никаде. 

Десетвековното  ропство под Римјаните и Турците, последица од неслогата и алчноста за власт на македонските генерали и владари, после смртта на  Филип Втори и неговиот син Александар Трети Македонски, како да не ни беше доста.

Официјалното разнебитување на македонската држава започна  на 17 јуни 2018 година во Нивици, Преспа, во егејскиот дел на Македонија, окупиран од Грција.  Изроди и велепредавници, колку да сакаш. Сите засилени и без страв од било кои со намера  да им се спротивстави. Со договори на зелена маса, неколку аматери и   нелегални "државници"  во отсуство на Претседателот на државата ја запечатија (за некое време) судбината на Република Македонија и на Македонците. Се погреба Република Македонија, се роди Република Северна Македонија, изигрувајќи ја, притоа, волјата и желбите на македонскиот  мнозински народ. Министрите за надворешни работи на Грција Никос Коцијас и на Република Македонија Никола Димитров,  потпишаа криминално-предавнички договор без присуство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ама затоа со дел од најзагрижените странци за распадот на Република Македонија и нејзиниот народ: НАТО, ЕУ, Алексис Ципрас, Зоран Заев и уште некои среќници што конечно дојде времето да си ја исправат грешката од минатото и Македонците да се самоубијат. 

На зелена маса, како јадници во некоја изгубена војна и капитулација на македонската војска. И тоа со кои? Па со Грците, кои во провоцираната и изгубена  битка кај Херонеја на 02 август 338 година пред Христа, молеа на колена, да не бидат тотално ликвидирани. И не беа! Филип и Александар им дозволија да си ги соберат мртвите и ранетите со предупотребување никогаш повеќе да не се обидуваат  со своето оружје да и' се спротивстават на македонската фаланга и коњицата на Александар Трети Македонски. И како доказ на македонската великодушност и цивилизираност, ги обединија  закараните грчки полиси (градови држави)  и подоцна, после убиството на Филип Македонски,  под  команда  на Александар Трети Македонски, тргнаа против Персиската империја и тиранијата на Дарије Трети. 

Нашите вистински великани и творци на силното македонско кралство Филип Втори и Александар Трети Македонски ги споменувам затоа, зошто многу не ги познаваат како македонски великани, државници и војсководци без преседан за тогашните времиња, туку како личности од старогрчкото античко општество. Особено кадровите и нивните наследници од заедничката држава СФРЈ, во која важеше унифициран југословенски образовен систем за  хомогонизирање на здружените балкански народи во една, југословенска нација, при тоа без прчкање  во минатото. Особено, во македонското минато оспорувано од Грција. И се' само затоа, да не им се замериме на соседите.

Второ, да им служат за пример на денешните и утрешните македонски генерации како треба да се љуби татковината и дека без татковина, нема ниту народ. И трето, познавањето на сопствената историја како најефикасно  оружје во борбата со негаторите и нивното присвојување на македонското наследство. Историското и културното наследство  оставено  од нашите предци како аманет  да го надградуваме и преносуваме на генерациите кои доаѓаат.

Денес, предавството доаѓа од водачите на македонската војска, неспособни да ги поведат Македонците во битка против надворешните и внатрешни непријатели, како што пишува во Уставот на Република Македонија и за не виден и не чуен срам, од Владата на Македонија, предводена од докажан криминалец и самопрокламиран "човекојадец", Зоран Заев со неговата тајфа. 

Се прашуваме: која е улогата на денешната македонска војска? Пред нивните очи Зоран Заев и неговите следбеници ја продадоа државата и идентитетот на Македонците, спротивно на Уставот на Република македонија, тие мртви ладни. Ако соработуваат со изродите и предавниците на македонските национали интереси, во тој случај се соучесници во разнебитувањето и предавањето на македонската држава на странски сили и интереси. Во тој случај  чии интереси македонската армија ги брани: на македонскиот народ  или некои туѓи кои немаат врска со безбедноста на македонскта држава и националните интереси на мнозинскиот народ во земјата.

Кршењето на Уставот и газењето на свечената заклетва дека ќе ја бранат македонската држава од надворешни и внатрешни непријатели е   велепредавство. А тоа е тешко кривично дело казниво не само спрема  македонското, туку спрема сите законодавства во светот. Со смрт или доживотен затвор без помилување!

Тие, генералите и највисоките таканаречени војсководци  и властодршци, први ја дезертираа својата Армија  и без испукан куршум, им се предадоа на вековните непријатели: Грците, Бугарите и Албанците. Но и на оние кои за време на Граѓанската војна во Грција на најбрутален начин, заедно со грчкиот монархофашистички режим извршија етничко чистење на окупираниот дел од Македонија. Ги истераа Македонците од нивните вековни огништа за никогаш повеќе да немаат право да се вратат назад во своите домови, а земјата им ја населија  со  православни странци од Мала Азија. 

Честото споменување на Филип и Александар Македонски, драги мои во моите текстови  е  намерно. Тоа го правам со цел, патриотизмот на нашите великани од македонското минато да им служи за пример на македонските сегашни и утрешни генерации. Пример, како се љуби, негува и чува татковината. Дека животот е еден, ама без татковина, безвреден.

Зошто нашите славни и храбри предци ги победуваа своите непријатели? - затоа што веруваа во себе и својата моќ, си ја познаваа   својата историја, но и слабостите на своите предци. Тие својата моќ и љубов кон татковината  ја црпеа од македонското минато и грешките на владарите,  пред нив. 

Меѓутоа, со остварувањето на македонскиот сон, многу вековното мечтаење и подготвување за новото раѓање на македонската држава, заборавивме дека нашите вековни непријатели не исчезнаа заедно со нашето ропство.  Се подготвуваа да ја вратат историјата на Балканот назад, за  да си ги остварат своите соништа со македонското конечно погребување. Извлекоа поуки од своето минато, за разлика од нас, кои занесени од успехот во Втората светска војна, ги фрливме пушките и се фативме само за мотиките, уверени, дека со таканаречената западна демократија сите проблеми се веќе решени и можеме слободно да спиеме и да сонуваме рајски градини.

Но, вистината испадна поинаква! Дури ние спиевме и уживавме во нашите постигнати успеси, другата страна го коваше својот пеколен план. План, кој се реализира со доаѓањето на новиот македонски "владар", Зоран Заев, од Муртино. Место, за кое  многу од нас никогаш не слушнале дека во Македонија постои. Место, во кое се раѓаат монструми, жедни по крвта од сопствениот народ.

Како што се' уште се сеќаваме на добрите искуства и спомени од животот во големата заедничка држава СФРЈ, така ќе мораме да ги споменеме и другите, не така угодни, поврзани со образованието, насочено кон произведување на кадрови, како никулци за Соросовото отворено општество, "еднакво" за сите. Општество опасно по интересите на човештвото и светската мултиетничка и мултикултурна цивилизација. 

Таквата сулуда идеја за насилно и  брзо уништување на традициите, културите и политичките системи во светот ги почувствувавме и ние во Република Македонија, но и на секаде во светот каде што живеат Македонци,  се' уште цврсто врзани со "стариот крај". 

Со шарените деструктивни револуции Сорос си ја покажа сета своја изопаченост и алчност за повеќе богатство од она што го има. Успеа да ни ја испогани земјата и со своите крвави пари да ни купи голем дел од македонскиот народ и од нив да создаде монструми кои си ја мразат својата татковина и бесрамно ја разнебитуваат. Од неа прават "ЌЕНЕФ" во кој се чувствуваат задоволни и среќни. Но, што е најбитно, не знаат колку е важно да се има свое огниште, да се биде безбеден и почитуван од светот.  Да се биде свој на своето парче земја.

Но како дојдовме до тоа, драги мои, баш образованието да постане алатка, која не доведе до ова тереџе. Како дојдовме во ќор сокак, кој ни се заканува со национален физички и ментален геноцид. Денешните одгоители на нашите нови и потребни кадрови од сите профили, кои би требало да бидат стожер  на нашата држава,  да се свртат против самите себеси? Едноставно: гнило дрво не пушта здрави гранки и вкусни плодови. А тој првобитно здрав  корен почна да гние уште од многу порано, во заедничката држава, во која, покрај добрите работи, се создаваа кадрови без национална свест и без изучување на своето вистинско минато, што денес ни се врати како бумеранг по нашите глави. Нашето славно и богато минато беше заменето со некоја посветла иднина, која набрзо се претвори во  мрак, со неизвесен излез на бел ден.

За жал, повеќето од луѓето во образованието се деца на оние кадрови кои размислуваа еднонасочно: создавање на една заедничка нација, југословенска, негирајќи го притоа својот национален идентитет. Таквото вештачко хомогенизирање на државата доведе и до внатрешни потреси и отпори, кои беа искористени од надворешни фактори, со претензии на националните богатства на балканските народи. За реализација на таквите накани, тие надворешни мрачни сили се служеа со разни примамливи понуди: ЕУ и НАТО како магични организации каде тече само мед и млеко. Негде, пак, со монтирање свои, платени, луѓе во органите на власта, негде пак со организирани вооружени побуни во кои на стотини илјади луѓе ја најдоја својата смрт, војувајќи  брат со брат, за туѓи интереси.

За среќа, Македонија остана надвор од тој хаос, мислејќи дека го избегна и геноцидниот ужас, организиран однадвор, а извршен одвнатре со изроди и предавници. Предавници и кодоши кои им се претставуваа на своите народи како ослободители од "теророт" во заедничката држава СФРЈ.

Но, луѓето набргу се освестија, ама откако постанаа плен на "демократијата" и  "супериорноста" на западната цивилизација, во однос на националните вредности на Балканските народи. А за нивните правди и владеењето на правото, да не зборуваме. Веќе го почуствувавме на својата кожа!

Македонскиот пат кон "демократијата" беше нешто подруг и перфиден. Надворешните волци облечени во јагнешка кожа ја злоупотребија внатрешната мултинационална и мултикултурна состојба за разбивање на народната хомогеност: инсталирајќи, за почеток, повеќепартиски политички систем! Но и тоа не им беше доволно брзо: се сетија на албанската фикс идеја за национално обединување во една држава, Голема Албанија. Им ги поттикнаа нивните агресивни  чувства, страсти и амбиции за туѓи територии, за потоа да започне тркалото на настаните да се врти само по инерција. И така од добри соседи, Албанците во Македонија постанаа омразена категорија на македонското општество,  некадри за заеднички соживот со мнозинскиот народ во државата,  но, и со другите национални малцинства!

Поларизирањето на македонското општество во три политички табори, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот политички блок, во кои се собраа сите терористи и отворени непријатели на земјата во која се родени и одгојуваат семејства, доведе до повеќе политички кризи и хаос во Република Македонија, па дури и до отворена војна.  Таа се случи во 2001 година, со учество на организирани банди од Косово и  исто такви од внатрешноста на земјата. 

Кумовите на хаосот го испланираа странските дипломати, секој во полза на своите национални интереси, а пак распаѓањето на македонската држава и раслојувањето на Македонците, како заедничка империјалистичка цел. 

Сите настани, ред по ред, беа насочени кон заземањето на власта во државата Македонија, а потоа започнување со нејзина федерализација, двојазичност и заострување на односите до граница на граѓански судир, крвопролевање и распад на државата по урнекот на Средниот Исток и  Азија. Но и како  предуслов   кон она што следеше деценија подоцна: разнебитување на државата како национален македонски политички субјект и сотирање на македонскиот идентитет на Република Македонија и на Македонците. 

Барањата на Грците, Бугарите и Албанците беа ставени на хартија и потписани во вид на договор со кои Република Македонија постана Република Северна Македонија без македонски идентитет, без македонска историја, без македонска нација и народ, без македонски јазик, без македонски историски личности, сите нивни споменици обележани со понижувачки посебни плочки на кои пишува дека им припаѓаат на грчкото, односно бугарското историско и културно минато. На тој начин, Македонците останаа голи, безимени во својата сопствена држава и меѓународно обезправен народ. И сето тоа, со активно учество на домашните квислинзи, изроди и велепредавници од СДСМ, албанскиот политички блок и соработката на највисоките водачи на ВМРО-ДПМНЕ. 

Цела таа трансакција е извршена како услов за влез во ЕУ и НАТО, но најважно од се', за бришење на сите злосторства направени врз Македонците од страна на Грците и големите европски сили за време на Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година и од страната на  Бугарите и Албанците  за време на Втората светска војна и пред неа.

 И замислете си, драги мои, колкава улога во сета оваа гнасна работа изигра македонскиот погрешен образовен систем. Колкава негативна и злосторничка улога  изиграа повеќето од кадровите произведени за време на анти македонскиот образовен систем во заедничката држава. Замислете си колкава негативна и злосторничка улога изиграа за време на шарената и извонредно деструктивна "револуција", кога на чело на студентската младина и излаганите и неинформирани граѓани застанаа нивните професори и идни високи раководители на државата: како на пример Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска, Љубомир Фрчковски, Зоран Заев како претседател на СДСМ и подоцнежен Претседател на македонската Влада, па  Радмила Шеќеринска, актуелна министерка за народна одбрана (народ!?) и редица други уметници, доктори, правници...?

Но сепак, здравите  македонски семејства беа и денес се' коренот кои одново пушта здрави гранки со здрави плодови. Луѓе, жени и мажи, кои ни ја враќаат надежта дека се' се можи, ако народот се сложи.

За секогаш Ваш, Сотир!

 

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА БАРААТ ИСТА ПРАВА КАКО И АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

************ 

18 септември 2019 година

Македонците во Албанија бараат покрај Албанскиот јазик, како службен јазик на целата територија во Република Албанија, во општините каде што најмалку 10% од граѓаните се Македонци, службен јазик да биде и македонскиот и неговото кирилско писмо, а личните документи на Македонците да им се издаваат и на Македонски јазик и неговото кирилско писмо, овие се некои од барањата на партијата на Македонците во Албанија, МАЕИ.

По тој повод, Македонска Алијанса за Европска Интеграција на Третиот изборен Конгрес на 7 септември 2019 година изгласа резолуција за унапредување на положбата и правата и слободите на Македонците во Република Албанија.

1. Македонците во Република Албанија го почитуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Република Албанија и неповредивоста на нејзините граници.

2. Македонците во Република Албанија се залагаат за љубов, мир, толеранција и коегзистенција во албанското општество.

3. Македонците во Република Албанија се сметаат за неотуѓив и нераскинлив дел од Македонцкиот народ.

4. Македонците во Република Албанија во унапредувањето на положбата и правата и слободите ќе соработуваат со Македонците и нивните здруженија на граѓани и политички партии во Република Албанија и во целиот свет.

5. Македонците во Република Албанија го поттикнуваат развојот на заемните братски и добрососедски односи и се залагаат за унапредување и продлабочување на соработката во сите сфери меѓу Република Албанија и Република Македонија.

6. Се изразува согласност Република Албанија да се гради како мултиетничко, мултикултурно и мулти-конфесионално општество, со еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите, независно од нивното мислење, етничко потекло,  верско уверување, политичка припадност и имотна и општествена положба.

7. Се бара признавање на правата и слободите на Македонците на целата територија на Република Албанија, посебно во областите Гора и Голо Брдо, а не само во областа Мала Преспа.

8. Се бара соодветна и правична застапеност на Македонците во органите на државната власт и другите јавни институции и во локалната самоуправа на сите нивоа.

9. Се бара да имаме загарантирани места во Собранието на Република Албанија за сите малцинства.

10. Инсистираме Собранието на Република Албанија да донесе нова територијална реформа со цел да се оформат две посебни општини во Гора и Голо Брдо.

11. Покрај Албанскиот јазик, како службен јазик на целата територија на Република Албанија и во нејзините меѓународни односи, во единиците на локалната самоуправа каде што  најмалку 10% од граѓаните се Македонци, службен јазик да биде и Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

12. Се бара личните документи (матичните евиденции на родените, венчаните и умрените, личните карти и пасоши) на Македонците да им се издаваат покрај на Албански јазик и неговото латинично писмо и на Македонски јазик и неговото кирилчно писмо.

13. Се бара настава на Македонски јазик во основното, средното и високото образование.

14. Од институциите на власта на Република Албанија се бара да ги почитуваат и гарантираат слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободно основање на институции за јавно информирање на Македонски јазик.

15. Се бара почитување на слободата на движењето, здружувањето и правото на мирно собирање и изразување јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.

16. Се бара државата да ја гарантира слободата на здружување на Македонците без никакви ограничувања, заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.

17. Се бара правото на слободно основање на здруженија на граѓани и политички партии на Македонците во целата територија на Република Албанија, да пристапуваат кон нив  и од нив да истапуваат.

18. Се изразува согласност за почитување на слободата во правото на вероисповедта и формирање на верски заедници.

19. Се изразува право на Македонска Православна Црква во Република Албанија за Македонците со православна вероисповед и на Македонската Исламска Заедница за Македонците со исламска вероисповед.

20. Се бара формирање на посебен државен телевизиски и радио канал за малцинските етнички заедници во Република Албанија и соодветна застапеност на програмите на државните и локалните телевизии и радиа на јазиците на малцинските етнички заедници, меѓу кои и на Македонски јазик.

21. Се бара Владата на Република Албанија да го помага издавањето на весници на Македонски јазик.

22. Се бара организирање на попис на населението со меѓународен мониторинг за којшто ќе се овозможи слободно изјаснување со посебни графи на пописните листи за етничкото потекло на граѓаните на Република Албанија, меѓу кои да има и графа "Македонци".

23. Македонците во Република Албанија се согласни за полноправно членство на Република Албанија во Европската Унија и НАТО Алијансата и со своето однесување и постапки ќе придонесува да се постигнат евро-атлантските стандарди во сфери на општеството и државата.

24. Потписниците очекуваат помош и акција на Европската Унија, ОБСЕ, Советот на НАТО и Обединетите Нации во имплементацијата на точките од оваа Резолуција и постигнувањето на евро-атлантските стандарди во Република Албанија.

25. Македонците и нивните претставници на имплементацијата за ова Резолуција ќе соработуваат со останатите малцински етнички заедници во Република Албанија и нивните претставници, со институциите на власта на Република Албанија и со меѓународната заедница.

*********************

https://shilomagazine.com.au

Александар Нацев

 

Александар Нацев

РАЗОРУЖАНА АРМИЈА

***********

 

Во моите две предходни колумни веќе нагласив дека постоечкиот Стратегиски одбранбен преглед претставува нестручен и аматерски обид да се разгледа и дизајнира развојот на одбраната на државата, пред се' затоа што е заснован на нереална, нестручна и воопштена проценка на предизвиците, ризиците и заканите. Со еден збор, проценките и претпоставките на кои се заснова Стратегискиот одбранбен преглед се застарени и се однесуваат на 90-те години од минатиот век.

Дополнително, во Стратегискиот одбрамбен преглед нема јасен став околу тоа каква одбрана ќе применува нашата држава (фронтална војна водена од вооружените сили на нашата држава, герилско војување - раздвојување на сегашните единици на помали, нивно распоредување во тешко пристапните предели на државата и нанесување на постојани удари на непријателот во рамките на нашата територија, општонародна одбрана, доктрина на одвраќање на непријателот, интегриран пристап кон одбрана - модел на интегрирана одбрана и слично).

Принципите на мобилна, мала, опремена, обучена и професионално подготвена армија кои важеа досега се заменети со армија со соодветна големина, флексибилна и професионална армија што во суштина не значи ништо. Се протежира концепт на "Идни вооружени сили", а се објаснуваат само МО и АРМ кои во суштина се само дел од вооружените сили.

Многу често се споменува дека декларираните единици се оценети како борбено подготвени, а не се напоменува дека тоа е постигнато со искористување на потенцијалите од целата армија, односно толку е слаба армијата што мора да ја собере опремата од сите единици за да се оцени на пример една декларирана единица.

Посебен недостаток кој е многу важен е дека никаде, ама баш во ниеден дел не се спомнуваат Воениот план на државата (како ќе функционира државата во воени услови-производство, воени сојузници, однос кон внатрешните кризи политички и воени, функционирање на политичкиот систем, состојби и активности) и Планот за одбрана на државата (многу важен план каде се објаснува како ќе се мобилизира државата, како ќе се брани, како ќе води борбени дејствија, улогата на секој субјект во општеството и слично). Основната порака е дека немаме потреба од ништо, НАТО се ќе покрие, доволно е ние да бидеме со нив, што ниедна држава не прави така. Дел од НАТО е едно, а ова се други работи. Овие работи не ги менаџира НАТО, туку секоја држава сама за себе.

Неколку пати се потенцира дека развојот на армијата се гледа преку намалување на бројната состојба, иако сите сегашни анализи на борбената готовност (за кои се брифира и пред претседателот), обуката, главните проблеми во извршувањето на задачите на армијата, се токму малата бројна состојба. Значи се намалува персоналот, се намалува структурата, организацијата и формацијата, а се зголемуваат задачите. Нелогични постапки кои креираат голем расчекор и дисбаланс помеѓу задачите, намената и улогата на МО и АРМ и нивната поставеност.

Предвидена е само една пешадиска бригада која како главни борбени единици (маневарски) ќе има 4 батаљони по 530 лица вкупно. "Чисти" борци во секој батаљон се околу 400. Другите единици кои се предвидени да бидат комплетни се за борбена подршка, а не за водење на бој и борба на боиште (воена полиција, врскари, специјалци, извидувачи и слично). Тоа значи дека во цела Македонија без резервата ќе бидат 1.060 лица во истичниот дел, и 1.060 лица во западниот дел на Македонија. Не ги споменувам во оваа пресметка воената полиција, специјалците и врскарите кои не водат фронтална војна.

Посебна нелогичност е дека откако ќе истечат ресурсите на борбените хеликоптери МИ-24, не се предвидува обновување на нивните ресурси, ниту пак се споменува набавка на нови борбени хеликоптери. Како ќе се покрие тој многу важен елемент на борбената моќ е многу дискутабилно и претставува сериозен хендикеп за борбената готовност на целата Армија. За сметка на тоа, се предвидува разузнувачки батаљон кој ако се опреми како што треба, ќе чини  колку 80% од средствата кои се потребни за одржување на хеликоптерите. Дополнително, на некој, па дури и на советниците од НАТО не им е јасен овој батаљон, и целта на истиот, а особено не е јасно против кого ќе разузнува овој батаљон, ако се знае дека недостигаат многу елементи за да се оправда постоењето на истиот.

Човечкиот фактор е тотално запоставен. Се прецизира дека трошоците за персонал ќе бидат намалени, а токму статусот, личното опремување, условите за живот и работа, односно стандардот на воените лица е основ за оптимално функционирање на било која Армија. Се зборува за човечки ресурси, ама не и за нивна изградба, создавање, односно градење на човекот како основен фактор на одбраната. Факт е дека нема или се запуштени воените одмаралишта, воените амбуланти се скоро пред распад, здравствениот систем на воените лица не функционира, систем на обединување и исхрана е тотална нула, спортски објекти и услови за физичка изградба не постојат или се во  лоша состоба.

Се поставува прашањето колку Министерството за одбрана (МО) ги земало во предвид предлозите од единиците за идната структура на АРМ. Бидејќи нелогично е дека потчинетите команди и единици на Армијата сами предложиле да се самоукинат и да се намали нивниот број и моќност и да се укине концептот на две бригади, како што одговара на територијата на Република Македонија. Воопшто не се земени географските, историските, воените и можните закани по правци и е правена формација која не соодветвува со географските и топографските карактеристики на нашата држава. Уредувањето на територијата не постои, одбраната на државата не е предвидена, нема план за одбрана. Нема посебни команди на гарнизон кои би се грижеле за касарните, гарнизонот, чување на инфраструктурата кога борбените единици ќе заминат и така натаму, кога ќе има ранети и повредени и многу други работи. Воените амбуланти се вон функција и постојат само на хартија. Дополнителни согледувања се следниве:

1. Артилерискиот и тенковскиот батаљон остануваат само со по една чета, а се наменети за одбивање на главниот удар при напад или било кое друго изненадување и опасност.

2. Инжињерискиот батаљон е еден-кого тој ќе го послужува, Генералштабот, оперативната команда или маневарските единици на пешадиската бригада?

3. Батаљон на воена полиција е со капацитет да ги задоволи потребите на ГШ и други армиски потреби, нема единица за заштита на претседателот, владата, воените командни објекти (Јасен и слично).

4. Батаљонот за врски е намален, а мора да ги послужува Оперативната команда, ГШ, владата и претседателот.

5. Единиците немаат формациска противвоздушна одбрана што е надвор од тактиката, има само еден батаљон ПВО во воздухопловната бригада ВИНГ, кој ќе остане со една чета.

6. Се предвидува слабеење на воздухопловните сили, со тоа што не е предвидено зановување на борбените хеликоптери по истекнувањето на периодот на експлоатација.

После сите овие согледувања, се стекнува впечаток дека Шеќеринска и нејзиниот тим навистина не знаат што значи одбрана на држава и како таа се организира. Со овие постапки кои тие ги предвидуваат, Армијата се маргинализира од степен што ќе биде мала и нефункционална и во одреден момент, благодарејќи за тоа на државата, нема да биде ни малку моќна за самоодбрана.

Иднината е во зголемувањето на Армијата до рамки на реалните потреби за држава и тоа е тенденцијата кон која треба да се стремиме, ако сакаме да обезбедиме квалитетна одбрана на нашата татковина, Република македонија.

https://infomax.mk

Жаклина Михајлова

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

******

 

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ

Жаклина Михајлова - учителката е учителка за мали и големи. Таа е активист и хуманист, промотор на македонскиот јазик и македонската култура и доброволно работи на организирање и креирање на манифестации кои го поттикнуваат зачувувањето на македонската култура и традиции. Таа е иницијатор на безброј манифестации, програми и случувања за промовирање на Македонија во светот. Досега ги има објавено збирките лирска поезија: "Од по жица", "Двојник", "Руен", "Талкања", како и збирките хаику поезија со наслов "Цут" и "ШУМ".

Михајлова е автор на сликовниците за деца "Патувањето на Дедо Мраз", "По утрото денот се познава" и на стихозбирката за деца "Златенца", како и учебникот "Продукција на културен настан - мета елемент во глобалното и националното". Нејзини творби се објавувани во повеќе светски антологии.

Жаклина е член на Друштвото на писателите на Македонија и член на Друштвото на новинарите на Македонија, член е на Австралиската хаику асосијација и на Центарот на писатели во Нов Јужен Велс, Австралија. Таа членува и во повеќе општествени и добротворни организации низ свето.

 

www.zaklinamihajlova.com

Email: zaklinamihajlova@gmail.com

***** 

 ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК 

Ти не си само мајчин јазик,
ти не си само писмо неопходно,
ти си светлост во аманет оставена,
совршенство, олтар од дамнина.
Богатство си немерливо,
во кодот си ни вткаено,
со милениуми опстојуваш,
со убавината своја се глаголиш.
Се' си е со тебе објаснето,
само по себе разјаснето:
Дали со жена или со маж зборуваш,
простите зборови дали ги удвојуваш?
Членот далечина и видливост ти покажува,
придавките и именките ги уважува.
Во едноставноста ти е големината,
им шепотиш на слепците со виделината,
дека си ни наследство од древнината.
**********
Жаклина Михајлова

Марија Воденска

 

Марија Воденска

РАЗМИСЛА

Додека снегот пластовито се виори и го исполнува просторот со светлина, во мислите ми се наметнува прашањето: Зошто Бог, кога го создал човекот го оставил со пророштво да се раѓа и да живее со сите болки што ги создал на Земјата? Со времето му овозможил да согледува, да расудува и свесно да се предава на биолошкиот развој и крај. И зошто, ако Бог  дал можност да има привилегирани со умот за научни достигнувања, зошто не ја дал и можноста за трансформација на збирот од можни науки, како готов производ на умот да се всели, трансплантира во новородениот ум со преодредениот ГЕН и да продолжи со надградување? Човекот и продолжениот човечки живот би бил базична клетка за напредок. Човекот како продукт создаден по природен пат е вечната енигма-како да се изнајде начин и можност, неговата создадена енергија да создава надградена енергија во служба на човекот. Како на човекот да му се отворат патиштата на умот за да продолжи биолошката трансформација од младоста кон зрелоста. Чинам, дека овие две доби од човечкиот живот се најважни и продуктивни. Првата за регенерирање, а втората доба за создавање. Регенерирањето може да се контролира со ограничување и селектирање за создавање умови, кои во иднина ќе имаат услови за радост и среќа со видоглед кон светлината, Сонцето и се' што создава природата. Видокругот на окото е ограничено, но мислата стигнува со светлина до многу срца избрани за душата.

Скитаат мислите надалеку и насекаде, до кајшто заскитува душата, а можеби стигнала и останала таму некаде, откаде тагата и копнежот испреплетени и наросени со болка се молзат со последните капки на надежта? Колку е тоа неизбежно, кога надежта ќе надвакса и поединецот се помирува со тоа што е во него останато...Како балсамирани слики навираат спомените и се топат невремени во времето и просторот. Сето изминато, како низ прсти од дланката се лизга, се измолзува неосетно времето и никако да запре за миг, за момент или барем да се задржи слика, како птица во лет со сенка прелетана преку поле.

Срцето бие, се бори да издржи до таму кадешто стигнало и можеби останало за постојано да се враќа, царувајќи низ тоа прекрасно шаренило од есенски бои. Боже! Колку ли му треба на човека да биде спокоен, среќен, радосен или тажен, сеедно исполнет со непресушниот копнеж кон домовината. Каде е таа ДОМА по која копнееме? Дали таму кајшто е роден човекот, дали кајшто го поминал животот или е таму кајшто останува со душата и телото? Каде е тоа запрено време, со чекори наназад, по трагите на детството и зрелоста, чија младост се стопува во прегратките на староста која се навира по дамарите.

Колку чаши со пелин му е предодредено на човека да испие, за потоа да се помири со биолошкиот закон на природата? И колкава е цената на непробол по блискиот? Може ли човечкиот ум тоа да го измени? И на крајот, што е целта за почеток и свршеток на човечкото раѓање и живеење?

Пред мене замагленост! Со поглед кон развиорени снежинки, кои тивко и раскошно балетуваат и спокојно се пластат врз оголените листопадни и зимзелени столетни дрвја, без противење му се предавам на она што е пред мене и на денот што одминува. Со видик кон светлината од снегопад и со мисла заскитана преку Атлантикот, останувам да мечтаам и копнеам за враќање ДОМА.

Бостон, 9 јануари 2010 година.

ВИДЕОТЕКА

**********

Kind regards : 01 октомври 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 241