Сотир Гроздановски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ТЕАТАРОТ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ

26 септември 2019

***

Играта продолжува. Пиесата е при крајот, а народот доволно замаен.  Главните актери Зоран Заев - СДСМ и Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да си ги вадат очите пред македонската и светската јавност. Сценариото на  играта со судбината на Македонците и нивната држава е ставено пред нив и се извршува како е планирано: пополека, ама сигурно, злосторството го трансформираат во доброчинство. Името на новата политичка творба Република Северна Македонија насилно и неприродно се турка, не би ли народот ја прифатил како неминовност на животот пред нас.

Малцинствата ликуваат. Албанците смирено гледајќи го дуелот  Заев - Мицкоски си ги тријат рацете, и си ја довршуваат Тиранската платформа, недобронамерна и штетна по националните интереси на Македонците, но и по унитарноста на македонската држава.

Неодамнешната договорена средба помеѓу Заев и Мицотакис во Вашингтон, или било каде во САД ни докажува кој ја води играта, а кој ги извршува наредбите. Кој ја јаде кајганата, а кој ги пере садовите. А сметката, дали во страна валута или во денари, ја плаќаат Македонците, со кои светот се смее и игра мајтап. И со право!

За Грците  и понатака сме тоа што сме биле: ФИРОМЦИ, а Република Северна Македонија само за нашите властодршци. Без срам и ни малку грижа на совеста, а уште помалку самопочит, упорно својата сопствена земја ја пустошат и бришат секаква трага од македонското минато, за некоја далечна европска иднина. Иднина, која никого не го усреќила!

Иако Грците би требало да се пресреќни што најдоа македонски изроди и велепредавници  да работаат за нив и нивните национални интереси, сепак не се задоволни и силно протестираат што со Преспанскиот договор не се избришал потполно зборот МАКЕДОНИЈА.

Еве што вели ЈОРГОС ПАПАДАКИС, член на Европската Слободна Алијанса за употребата на зборот Северна од страната на македонските политичари при неформална комуникација. Тој по повод некој напис на пратеникот и потпредседател на СДСМ Мухамед Зекири во кои критикувајќи го Христијан Мицкоски и професорката Гордана Силјановска, без икаква потреба   и насилно  го користел зборот СЕВЕРНА. Како божемно некое големо  и чесно дело, за кое цел свет би требало да знае. Неговите зборови ги пренесува Еxpres.mk, а ние за вас:

- Морате баш секогаш да го нагласите зборот СЕВЕРНА? Ќе ве казнат ако не го сторите тоа?  За жал, немате ни трошка достоинство! - пишува Пападакис, кој долго години ги следел настаните со проблемот за името помеѓу Грција и Република Македонија.

За разлика од функционерите на СДСМ и ДУИ кои инсистираат во секоја пригода, дури и приватно, да ја споменат државата со нејзиното насилно натурено ново име Република Северна Македонија,  во Грција ретко кој политичар го користи името според Преспанскиот договор. Тоа е омразено кај огромен број грчки граѓани. За нив Македонија се' уште е ФИРОМ, а ние сме фиромци, Скопјани или славомакедонци. Дело на македонскиот прв претседател, "славниот" Киро Глигоров, кој од Македонците создаде Словени и Фиромци и се откажа од нашето минато и македонската историја, но и од нас Македонците, надвор од татковината ни!

Спрема реченото од Грк, изгледа дека зајакот лежи кај нас. Меѓу нас, односно во СДСМ  и Зоран Заев како главен играч и ВМРО-ДПМНЕ   со Христијан Мицкоски, како потскриен соиграч во целата оваа велепредавничка работа.

Несфатливо е  што голем број Македонци се' уште не ја чувствуваат опасноста од нашето исчезнување или се' едно им е што се случува денес со Република Македонија. Се' уште има луѓе кои ги повикуваат иселениците да дојделе во Македонија и да ги ослободеле од чумата која сите нас не снајде, асоцирајќи не на Македонецот кој го молел св.Павле да ги ослободи од римската тиранија.

Има многу  кои мирно спијат или се исмејуваат со оние малкубројни и освестени Македонки и Македнци кои катаден протестираат пред Собранието на државата, која се распаѓа. Се шегачат, наместо да им се придружат.

И дури домашните големи изроди и велепредавници се китат со афери и отворено продолжуваат со обезличувањето на македонската земја, малите пак, таканаречени партиски лидери за докусурување, си гледаат сеир, загрижени за своите лични интереси. Стравот од Зоран Заев и неговите криминални следбеници им е влезен в'коски и така парализирани,  чекаат некој друг да им ја обезбеди нивната и слободата на државата во која се' уште живеат, комфорно.

Јазот кој го направија меѓу Македонците ги држи на безбедно растојание, а откажувањето од нас, во странските земји, уште подалеку. Се' уште  пливаат над вода, сигурни во својата надмоќ со држењето на безбедносните сили на Македонија цврсто во своите раце.

Но, ако нема акција дома, ќе има надвор. И понатака ќе се бориме за нашата татковина, како и секогаш, и за вас, драги наши патриоти, и малку за нас. Иселениците секогаш биле на браникот на татковината и во многу потешки ситуациии:  кога немавме своја држава. Но боли и те како боли кога македонската држава се распаѓа, од внатрешни изроди и предавници, а народот се' уште мртов ладен.

Ама во секое зло, има и добро: Иселениците нема никогаш да ја заборават Македонија.  Пузата секогаш ќе биде подготвена да стане оган, ако затреба. А вие браќа?

За секогаш Ваш, Сотир!

Ефтим Клетников

 Ефтим Клетников

ИСТОРИЈАТА КАКО КУЛТУРА И ВАРВАРСТВО

 

 

ЕВРОПСКИОТ ИДЕНТИТЕТСКИ ГЕНОЦИД НАД МАКЕДОНЦИТЕ

18 септември 2019 година

Е, тоа софистицирано западно варварство под маската "демократија", "мир", "хуманизам" дојде со полн деструктивен интензитет и кај Македонците со силеџиското преименување под варварски диктат на "балкански методи" (идиотизам на Хан) на Брисел и на Вашингтон. А тоа е фашизам од прв степен, идентитетски геноцид, според антрополозите најстрашната смрт што може да му се случи на еден народ. Тоа е фашистичка операција да се избрише идентитетската историска меморија на цел еден народ: Македонците. Сеедно што таа смртоносна опера западните мајстори на смртта ја извршуваат со домашната квислиншка марионетска влада што ја поставија за таа цел. Тоа не ги затскрива фашизмот, злосторството кон Македонците на бриселовашингтонските "демократи" и "хуманисти".

****************

И на француски и на англиски, па и на македонски историја значи приказна. Приказната, пак, што ја раскажува историјата трае од ледената епоха на палеолитот до нашата екстратехнолошка ера. Па сепак, да се послужам со една литерарна аналогија, историјата не е исто што и Шехерезада. Таа е понапред Шахријар чиј крвав меч виси над неа, па таа мора да плете цели 1001 ноќ долги волшебни приказни за од секунда на секунда, од ноќ на ноќ, од столетие на столетие да го одбегнува неговиот удар, се' додека Шахријар не се смилува. Да. Но Македонија во улогата на Шехерезада не успеа да го смилува крвникот. Неговиот меч сега во Pреспа ја пресече нејзината глава, онака како што ја пресече некогаш Ирод и главата на Јован Крстител, најголемиот и најсветиот по Исус, за темната царска гозба и танцот на неговата перверзна поќерка Саломе.

Во случајот на нашата литерaрна аналогиjа Шехеразада е метафора на она што се именува со појмот култура, а Шахријар  на она што се именува како варварство. Аналогно, пак, на Шахријар, познато во таа смисла, е и Херострат, кој го запалил преубавиот храм посветен на божицата Артемида во антиката во Мала Азија со една единствена цел: да го задоволи својот деструктивен нагон и да заработи историска слава за себе. Кај нас таков Херострат сега е премиерот Зоран Заев, кој со само еден потег во Преспа го спепели преубавиот културно-цивилизациски храм Македонија, со истата херостратска цел и деструктивен нагон. Оти како што самиот им изјави надмено на Грците среде Атина, поголем Грк од нив, тој ќе бил запаметен во историјата по тоа што и' го сменил името на Македонија, без да биде свесен, бидејќи е битие само на потсвеста,  дека со тоа извршил злосторство, идентитетско убиство на цел еден древен народ. А херостратска е во таа смисла, par eхellance, и изјавата на претседателот Пендаровски, поголем Бугарин од Бугарите, за да има рамнотежа со Заев, дека Гоце Делчев е етнички Бугарин, кој само се борел за Македонија. Франкенштајновска комбинација.

Тоа се два крупни примери на историско варварство на херострати кон сопствениот народ. На микро план и тие совршено ја илустрираат тезата поставена во насловот на овој текст дека историјата е составена од елементите култура и варварство. Пласт култура, пласт варварство, од палеолит до денес. Дури денес, со усовршените средства за убивање, тој ритам е пострашен и поинтензивен. Еволуционизмот на Дарвин, кој човештвото го смести на Галапагос, ја разви теоријата на еволутивната преобразба и напредок на видовите, меѓу нив и на човекот. Јас, па, сум поклоник на креационистичкиот поглед на светот во чиј центар стои Бог, но сега, на нашата теза и' е добредојден Дарвин за да го потврди канибализмот на историјата: посилниот го јаде послабиот, на што, дарвинист во основа, и Ниче ја заснова својата теза на волјата за моќ и Натчовекот. Тој колективен Натчовек што го толчи светот денес е безмилосната железна империја Америка.

Дарвин зборува за биолошкиот, па во некоја смисла и за психолошкиот, но не и за моралниот и етичкиот еволуционизам на човекот. Веројатно и тој утвдил дека тој е запоставен од страна на мудроста и хаосот на неговиот бог-Природата. Но не и на оној Бог на Спиноза: Deus sive natura. И не само и моралот и етиката на човекот, за разлика од технологијата, што е трагичен расчекор, не напредувале, туку во некоја смисла дури назадувале, односно тие минувале низ некои перверзни цивилизациски трансформации во облик на дебела маска што го покрива лицето на злото.

Една од тие дебели маски на модерната таканаречена, пред се' западна "хуманистичка" демократија е перверзниот поим демократија. Да. Ние добро знаеме дека човек треба да се стресе кога тој ќе се употреби денес во Вашингтон или во Брисел, бидејќи веднаш треба да ги очекуваме западните "демократски" бомбардери полни со смрт да се извишат над нечие туѓо небо и земја во името на таа нивна "цивилизциска" придобивка. А всушност, станува збор не за демократија, туку за нафта, или за други материјални ресурси за да се задоволи бескрајно лакомиот апетит на (анти) хуманистичкиот Запад, кој му се помоча на Декарт, злоупотребувајќи ја како цивилизациско мото неговата максима: "Мислам, значи постојам".

Блискиот исток, а потоа на Балканот Македонија, Босна и Србија се крунски пример на таквиот перверзен хуманизам на западната евроамериканска демократија. Бидејќи импотентната Европа, со страшен дефицит на тестостерон и не може денес цивилизациски да постои без потентната Америка.

Е, тоа софистицирано западно варварство под маската "демократија", "мир", "хуманизам" дојде со полн деструктивен интензитет и кај Македонците со силеџиското преименување под варварски диктат на "балкански методи" (идиотизам на Хан) на Брисел и на Вашингтон. А тоа е фашизам од прв степен, идентитетски геноцид, според антрополозите најстрашната смрт што може да му се случи на еден народ. Тоа е фашистичка операција да се избрише идентитетската историска меморија на цел еден народ: Македонците. Сеедно што таа смртоносна опера западните мајстори на смртта ја извршуваат со домашната квинслиншка, марионетска влада што ја поставија за таа цел. Тоа не ги затскрива фашизмот, злосторството кон Македонците на бриселовашингтонските "демократи" и " хуманисти".

Примерот со идентитетската ликвидација на Македонците покажува дека Европа ниту се откажала, ниту сака да се откаже од фашизмот. Посебно и Америка чиј беден вазал е таа. Не. Имено, парадоксот тука е во тоа што веднаш по победата над Хитлер, чист европски производ како и Маркиз де Сад, сојузникот Евроамерика не само што не се откажале од фашизмот, туку дури и без маска го продолжи неговиот континуитет. Тоа се случи првин со идиотските американски атомски бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки во август 1945 кога и' беше скршен 'рбетот  на "оската на злото". Тогаш Американците рекоа: сега ние ќе го правиме подобро од Хитлер и Германците, теза и на еден од нивните најдобри писатели Норман Мајлер. И го прават подобро. А Европа да не остане покусо и таа, иако на еден подзаскриен начин на селска оросподевица, исто така го продолжи со софистицирана перверзија тој континуитет.

Лисабонската декларација беше, пред Преспанскиот, првата нејзина најсвежа фашистичка објава кон Македонците, но ако се вратиме наназад по Втората светска војна, парадоксално, европскиот фашизам во обновено руво пак фатално почнува со Македонците: со евроамериканските бомбардери на еврототемот Черчил, кои ги убиваа Македнците (жени, старци, деца, пеленачиња на Грамос и Вичо, низ цела Егејска Македонија), ставајќи се на страната на грчкиот монархофашизам и чистејќи ги вековните домородци од своите родни огништа, планини, полиња и гробови. Тоа беше крунска потврда и на песимизмот на големиот германски писател и хуманист Томас Ман, кој по завршувањето на Втората светска војна, радосен, но и пророчки депресивен изјави дека Хитлер е победен во Европа, но не и европскиот фашизам. 

Примерот со Македонија сега, со нејзината насилничка идентитетска ликвидација е најубава, најгорчлива, најдепресивна илустрација на неговата темна јанsа. Преспа е довршување на Букурешт 1913-та, по кој се покажа дека сепак Македонците се физички неуништливи, дека и понатаму нивното срце чука во свадбарски седумосмински такт, играат, пеат и стојат високо над смртта. И тие во Брисел и во Вашингтон, изненадени од таа македонска дрскост, мислеа, мислеа и го смислија на крајот идентитескиот геноцид, најстрашната од сите видови на смрт. Да. Но дали по таа смрт навистина Евроамерика и балканските канибали што лакомо ја растгнуваат Македонија и нејзиниот културно-цивилизациски организам навистина ќе бидат посреќни? Не, бидејќи Македонците имаат една прастара мана, или поарно талент да воскреснуваат, да ја победуваат како Исусс својата смрт.

Нашиот простосрдечен народ вели: да се повампируваат и да го фатат за врат оној на кого ќе му се намерачат, кој ги тормозел во животот. Тоа е мората што ќе ги прогонува ликвидаторите на Македонците, европските и балканските канибали, но и домашните предавници на кои, такви какви што се', нерадо ќе им даде оваа света земја гробно место. Оти се срами од нив.

https://www.novamakedonija.mk

Панде Колемишовски

 

 Панде Колемишовски

ИМА НЕШТО ГНИЛО ВО ДРЖАВАТА МАКЕДОНСКА

20 септември 2019 година

Последните случувања со аферата со специјалното обвинителство, ако не е намерно смислена во некоја непозната лабораторија и пласирана преку корумпирани новинари за остварување други цели, во целост ја покажува грдата слика на македонското општество, на загубениот морален компас на правниот систем, на криминалот, корупцијата, мешетарењето и неодговорноста.

***************

Република Македонија 30 години по Денот на независноста личи на Скопје по земјотресот од 1963-та. Како што Скопје не стана град, така Македонија до денес не стана држава. Скопје се прошири територијално, се изгради урбанистички, петкратно се зголеми со население, но не стана градски град, иако на располагање ги имаше сите пари, поволности и можности. Така и Македонија (службено-административно и договорно заведена како Северна Република Македонија), формално, по бројки оди напред, но фактички не мрда од место. Парадокс од физиката-се' се движи, ништо суштински не се менува. Се' уште не може да се освести од зашеметеноста при големиот потрес, од шокот што го дочека осамостојувањето психолошки неподготвена сама да води сметка за себе.

Има нешто гнило во земјата македонска. За речиси три децении, колку што поминаа оттогаш, уставните темели, поставени во вода наместо на цврста почва, од година на година ги покажуваат својата лабилност и менливост, не го издржуваат тестот на времето. Македонија страда од првично лошо поставениот политички систем, кој денес, наместо развој и стабилност, сам по себе продуцира развлекување, недоразбирања, конфронтации и конфликтни ситуации. По сите прашања. Колку што вината може да се бара и наоѓа во неспособноста на политичките лидери, повеќе е ефект на лошиот, недограден, нејасен и конфликтен политички и општествен, законодавен и извршен систем.

Како поинаку да се објаснат проблемите што се влечат со години. Како поинаку да се објаснат ситуациите што триесет години немаме изградено правна држава, што, наместо политичарите да се држат до законите, законите се плашат од политичарите. Нема држава во светот што за три децении продуцирала толку многу закони на кои не може да се забележи дека еден закон, или еден член од некој закон, по едно единствено прашање, е менуван најмалку стопати. Македонија е сигурно светски шампион на тоа поле, не случајно неколкупати беше предупредувана за експресното менување на законите. Верувам дека не постои држава во светот во која Собранието (парламентот) во еден ден експресно усвојува од 150 до 200 закони, како што тоа го правело и го прави македонското собрание.

Речиси нема закон за кој се даваат десетина толкувања, кој не е противречен и чие спроведување не зависи од она што пишува во него туку од волјата на партиите и нивните главни актери. Кога на ова се додаваат и страничните толкувања, се добива правната какофонија што владее во земјата. Државата не се води од легалните, по закон задолжени институции, туку централен орган на управување е Клубот на пратениците, каде што неколкумина лидери изведуваат неверојатни математичко (не) логични операции, каде што се бараат и се изведуваат креативни решенија по кои два и два никако не може да бидат четири. Каде што се договара во еден чевел да влезат три нозе.

Како, со кои мотиви може да се објасни фактот што и по триесет години и по осум-девет поминати собраниски избори циклусот не е фиксиран изборниот модел и се бара негова измена. Што е во прашање: лошиот модел или желбите на поединци од партиите? Како што е познато, во демократските земји партиите се приспособуваат на моделот, а не моделот на партиите. Дури и во земјите од поранешниот просоветски Источен блок, а сега членки на ЕУ, кои по демократијата и слободата на мислење и говорење беа далеку зад југословенско-македонските достигнувања, моделите се стандарнизирани, тешко менливи, без оглед на барањата на поединечните партии.

Создадено е 'рѓосано општество, пропаднато во поделби. Национални, меѓунационални, идеолошки, меѓупартиски, меѓучовечки. Двете најголеми македонски партии, иако знаат доволно, политичките односи ги претворија во натпревар, во чие ривалство може и двете да се уништат. Нивниот долготраен фестивал на провокации и навреди, на меѓусебна омраза, на штета на националните и на државните интереси, во некои клучни моменти се покажа многу поопасен елемент одошто намерите на надворешните непријатели, на оние што Македонија сакаат да ја гледаат заглавена во сопствената кал. Меѓупартиските нерасчистени сметки, што вистински, што измислени и намерно форсирани, се рак-рана на македонското ткиво, тие се вирусот што го ништи, што не му дава да крене глава македонското општество. Нивниот заемно омилен коалициски партнер мирно ја посматра ситуацијата, кротко, со отворена мудрост, а потајни закани, ги решава своите национални, партиски и приватни прашања и проблеми и дипломатски придонесува за постепено бламирање, за губење на довербата кај граѓаните, за намалување на политичката моќ и влијание врз изборното гласачко тело кај двете македонски партии.

Три децении и едните и другите повикуваат на национално македонско единство, вклучувајќи ги и партиските претседатели на државата, но само како политички слоган, а не како вистинска потреба. Наместо единство, јазот на недоразбирања се проширува, граѓаните ја губат довербата во успешноста на системот и на неговите институции, популарноста на лидерите е на ниско ниво и покрај сите лични фалби за достигнувањата што ги оствариле. Со промената на името и со влезот во НАТО можеби (веројатно) се утврди просперитетен курс на иднината на државата, но факт е дека тој историски пресврт не наиде на неподелена подршка кај граѓаните, туку и поттик за уште една поделба. Тешко е да се поверува дека одењето по патот преку новата крстосница може да ги залечи отворените рани. На таков заклучок упатуваат се' почести најави за некакви црни (темни) сценарија што некој ги планира или може да се случат во Македонија, што од своја страна, наместо доверба, предизвикуваат неизвесност и страв.

Последните случувања со аферата со специјалното јавно обвинителство, ако не е намерно смислена во некоја непозната лабораторија и пласирана преку корумпирани новинари за остварување други цели, во целост ја покажува грдата слика на македонското општество, на загубениот морален компас на правниот систем, на криминалот, корупцијата, мешетарењето и неодговорноста. Тој финансиски прескапо платен меѓупартиски проект сега си ја наплаќа политичката и правна цена, си дојде по своите создавачи, овој пат во улога на жртви. Тој проект создаван од немајкаде, набрзина, под притиосок, особено од странците, со низанепромислености, но замислен како последна надеж дека ќе се расчисти со криминалот, ги извади на виделина сите слабости на државните институции и личностите на нивно чело. Нивната неодговорност, нивната порозност и поткупливост, пороци не само сегашни туку негувани со години, ја кине и така кревката нишка на мечот што е поврзан со клатното, тоа е тој Дамаклов меч што три децении виси над вратот на македонското општество, на македонската држава.

pande.k@novamakedonija.com 

Горан Момировски

Горан Момироски

НЕРВОЗНИОТ СЛОН ВО ДУЌАНОТ НА "ИЛИНДЕНСКА"

15 септември 2019 година

Слонот во македонската стаклена продавница лоцирана на улицата Илинденска но и на Бихаќка (Павел Шатев) стана нервозна и почна да крши чаши, бокали, лустери, новинари, адвокати и професори.

Дека во кругот на премиерот се случува тотален хаос знаеме уште од мај годинава. Но никој не можеше да претпостави дека тој хаос за само 100 дена ќе кулминира и ќе се настрви јавно и прилично нервозно кон луѓе кои беа рамо до рамо со Заев, Шеќеринска, Димитров и важеа за неформални лидери на антигруевизмот.

Никој не можеше ни на сон да очекува дека притисната до крајот што неминовно се ближи пропагандата под котрола на "кабаетлите" во СДСМ ќе започне жигосување на "глас на вмровското зло" (Героски), "адвокатот на мафијата" (Професор Гордан Калајџиев) и "болно амбициозниот (Давидовиќ).

Се работи за одбранбен механизам, инстинктива реакција на систем кој не само што не е демократски туку е гнил во својот корен. И затоа во своите мантри наводно се обидуваат да го одделат здравото од мртвото ткиво во Заевизмот.

Мислат дека со ширење на омраза и психолошки притисок кон Героски, Давидовиќ и Калајџиев ќе ги амортизираат другите стотици досегашни подржувачи на Заев кои сфаќаат што се случува и ги засилуваат критиките кон владата.

Се обидуваат да го запрат процесот на загадување на ткивото на СДСМ не прифаќајќи ја реалноста во која без да се исчисти смрдежот во главата, опашката ќе продолжи да смрди дури и ако се попари со домашен чај од канабис.

Она што збунува не се луѓето до Заев кои немаат што да загубат, туку реакциите на луѓето кои ја креираат комуникациската стратегија на премиерот и кои со децении имаат лични и професионални релации со тројцата жртви на владината пропаганда со кои се занимавам денеска.

За Заев, Рашковски, Костадинов, Забрчанец, Спасовски, Трендафилов и неколку други луѓе од највисока доверба на премиерот е јасно дека и по цена да завршат в затвор ќе останат до крај во менталниот бункер на Заев како што тоа го направија Гебелс, Борман и Ева Браун во 1945 во бункерот на Хитлер во Берлин.

Но зошто за нападите на владините медиумски јуришници врз Героски молчат, Роберт Поповски, Сашо Ордановски и Зоран Бојаровски, кои ја креираат пропагандната стратегија на Заев е целосно нејасно, освен ако немаат намера во иднина да се бават со јавност.

Ако не се свесни дека "пилето е веќе избегано" и дека срамни напади врз новинари и професори не можат да го спречат неминовниот финален крах, тогаш пак вината е кај нив.

Не само што немаат доволно информации што следува, туку и затоа што оставаат простор за дилема дека се водат од други побуди кои немаат врска со чест, достоинство, витешка битка и почитување. Овие правила поради наталожената омраза кон опозицијата не мора да се аплицираат на "небањаните вмровци" и "платеници на злото", но можат да важат, барем, за луѓето наведени погоре со кои практично до вчера беа во антивмровските ровови.

Она што ме шокира е што од авион се гледа дека тактиката на СДСМ е погрешна.

Ад хоминем нападите на владините богови врз јавни личности, засилување на интернет војната во која на социјалните мрежи се блокираат критички настроени медиуми и конечно влезот на УЈП во единствената критички настроена националната телевизија АЛФА е одлична формула на власта, за да го забрза својот крај.

Во 2014 година напишав за тогашната власт, истото го мислам и сега. Во услови на моќни социјални мрежи и други отворени извори на информации во комбинација со комуникациски канали надвор од контрола на Владата целосно е неважно дали УЈП ќе ја затвори Алфа ТВ или ќе блокира портали и Фејсбук/Твитер профили.

Единствен начи за политичка битка и победа се резултатите.

Елиминација на Героски или "диференцијација" на Калајџиев и Давидовиќ се можни само ако странските инвестиции во првиот квартал наместо 50 беа 500 милиони евра.

Ако наместо со месеци, пустите градилишта автопатот Охрид-Кичево летово беше отворен за сообраќај, ако наместо за купување социјален мир задолжувањето се троши на развојни проекти, ако на дуќаните низ центарот на Скопје наместо "Се издава" пишува "Се бараат работници".

И конечно ако Катица Јанева цели 30 дене не беше пуштена да брише компјутери и да уништува докази, а за пријавата на премиерот за случајот Рекет до Русковска никаде да нема писмена белешка.

Во пресретка на финалната битка меѓу Заевизмот и сите останати, верните слуги на семејството Заев треба да знаат, дека во Македонија има стотици мали неформални центри по урнекот на "Симон Визентал центарот", во Виена.

Сите што се огрешиле мора да знаат дека еден ден, порани или подоцна, секој ќе си го добие заслуженото место во историјата и истрагите.

За предавството со името, виртуелната кантонизација на Македонија, за уништување на правосудниот систем, за финансирањето на нивните фирми со државни фондови, за милионските договори во 4 очи и два џеба...

https://expres.mk 

Марија Воденска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

(МАКЕДОНСКА ЛИРИКА)

Од поетското творештво на Марија Воденска, родена во с. Цакони, Воденско, Егејска Македонија. Завршила Филолошки факултет во Скопје, а работела како професор и новинар. Член на ДПМ од 1993 година.

 ЛИТЕРАТУРНО ТВОРЕШТВО:

1. Гранитна есен (поезија, 1985), 2. Три чешми (документарна проза, 1990), 3. Беломорка (роман, 1991), 4. Раселени прва книга (документарна проза, 1998), 5. Раселени втора книга (1999), 6. Христијан (роман за деца, 2000), 7. Беломорка втора книга (2000) ...

 

 

 ЗАД ОНОЈ РИД

Зад леските во портокал-бременее ноќта
Јаворот виши и крши напукнати раце
Белица-белоушка сребрена скокотливо гргори
Зад оној рид запрен сокол немо збори.

Кога утрото со зумбул го китеше секој
Прсна ноќта ко' челична вена од векој
А потем, ко' цветови на угар не' изора некој.

Околу, далеку, шуми давнешно време
Земја ораница со гробови мрачна, наситена,
Распната на триножник со светла крв напиена
Од крвта што се пали-sвездите гаснат.

Зад оној рид sвездите претсмртнички тонат
Ламја туѓа не' зграби и откина од мајчини гради
Коренот болка го рови и чинам, посилно длаби.
*****************
Марија Воденска

 

 

А. Шкокљев-Дончо

 

Академик А. Шкокљев - Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 28

ПАЛЕОГЛОСОЛОГИЈАТА НА БАЛКАНОТ

Историските податоци кои би се користеле за проучување на древните народи на Балканот се многу скудни, па се сметало дека се недоволно сочувани, како нивните јазици и дијалекти.

************

Во ова истражување, меѓутоа, се тргнало од хипотезата дека јазикот и писмото, покрај огнот, се најголемата човечка иновација која придонела во формирање на историјата на човештвото и дека се природен инструмент на совеста и мислата. Заради тоа, се претпоставило дека ако на овие простори постои архетипска археологија, тогаш мора да постои и палеоглосологија која би претставувала архетипски модел за постоење на праисториски јазик.

Средството за комуникација, јазикот, со кој говореле творците на неолитската култура на "Стара Европа" и ја создавале уметноста на Лепенски Вир и српско Подунавје, развивајќи се и се усовршувал се' до современата светска цивилизација.

Многу истражувачи дошле до заклучок дека глосолошките елементи на таа најстара цивилизација ги сочинуваат супстратите на јазиците на античките и праисториските популации на Балканот: Бореи, Хипербореи, Мишани, Мези, Тракијци, Бриги, Пелагонци, Македонци, Енелејци, Пелазги, Јонци и др., кои живееле во овј дел на Европа и зборувале на еден заеднички јазик со разни дијалекти, јазик на протоиндоевропејците.

Заради скудните пишани податоци, како извори најмногу се користени географската ономастика (топоними, хороними, хидроними, ороними), потоа теоними, антропоними, како и оние кои се наоѓаат во симболите, религијата, митологијата, уметноста, книжевноста и др. Некои од овие истражувања, под наслов "Пелашка глгосологија: кон архетипска свест и колективна несвест", се објавени пред две години (Шкокљев, А., Шкокљев, I, 1996 г., 39).

Бидејќи ономастиката на Балканот претежно може најубаво и најверно да се дешифрира со старогрчки речник, во методологијата е користена научна етимологија на античкиот грчки јазик, кој најмногу бил истражуван. Тоа е научен превод на фонетскиот и семасиолошкиот развој на некои зборови во ономастиката на основа на историско-споредбена глосологија паретимологија, односно "народната" естимологија на античкиот јазик кој го користат грчките лингвисти. Ова е заради тоа што во античкиот и современиот грчки јазик се вградени многу супстрати од палеоглосолигијта на Балканот, која во Грција се нарекува "праелинска" или "пелашка" глосологија.

Ги наведуваме следните примери:

АНТРОНИМ: Атина (atena или atana) име на божицата Атина и градот Атина, е кованица од негацијата  а - без и зборот tanatos -смрт, т.е. бесмртна;

ХИДРОНИМ: talassa-море, кованица од зборовите ta, to-трча и alas-солен.

Современиот грчки лингвист, професорот Mpampiotis (1986 г.) во својата студија со наслов "Концизна историја на грчкиот јазик" наведува дека глосолошките супстрати од нехелинско потекло, т.е. претежно од пелашкиот јазик на тлото на Грција, се оние елементи на грчкиот јазик со кои завршуваат одредени зборови, како на пример:

- во топонимите тоа се:

amos: Gramos, Samos...

nthos: Korinthos, Zakinthos, Tirinthos, Akanthos...

ssos: Ilissos,Parnassos, Kifissos, Knossos...

ssa: Larissa, Agrissa, Edessa, Naussa, Arinissa...

ttos: Likavittos, Ardittos, Imittos...

 mnos: Kalimnos, Rethimnos...

ndos: Pindos...

ake: Ithake, Trake...

ХИРОНИМИ:

ОСТРОВИ: Krite, Thera, Thasos, Lesvos, Milos, Naksos, Hios...

РЕГИИ: Pelazgia, Thesprotia, Thesalia, Arkadia, Magnezia.

ГРАДОВИ: Athenaj, Mikali, Argos, Lerna, Pirasos...

ОРОНИМИ: Olimpos, Pidos, Gramos, Kifissos...

ХИДРОНИМИ: Pelagos, Pontos, Kolpos, Pinejos, Srerhejos...

AНТРОПОНИМИ: Ahilevs, Artevs, Alizevs, Andrevs, Enipevs, Erehtevs, Evristevs итнт. како и сите останати антропоними кои го имаат суфиксот - evs.

ТЕОНИМИ: Athena, Artemis, Apolon, Zevs-Dios, Ermis, Promithevs, Ifestos...

ФИТОНИМИ: Dafni, Kolokinthos, narkissos, iakinthos, kissos...

РАЗНИ ДРУГИ НАЗИВИ: gejson, pirgos, gefira, thigos, magaron, sidiros...

 

ОНОМАСТИКАТА НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

На палеобалканската глосологија (ПБГ) приоаѓа и несловенската ономастика на централниот балкански простор на античките: Македонија, Пелагонија, Илирија, Тракија и Бригија, т.е. денешните Македонија, Албанија, Бугарија. Заради обемноста на материјата, ќе бидат изнесени само некои примери, како ХИДРОНИМИТЕ, ОРОНИМИТЕ, АНТРОПОНИМИТЕ  и др.

Продолжува 

ВИДЕОТЕКА

Kind regards : 26 септември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 240