Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ПЛАЧОТ Е БЕЗЛОБЕН И НЕРЕШАВА НИШТО 

21 септември 2019

***

Плачот е емоцијален продук поттикнат од  нешто неугодно, страшно, радосно, болно, жалосно, немоќно... тој е дел од нашата катадневница и со него сакале или не, мораме да живееме. Да го препознаеме   и ако е можно, соодветно да реагираме. Плачот е безлобен како  невина солена солза која ни ги влажи лицата и не решава ништо. Ни пружа само привидно и краткотрајно  олеснување од некои насобрани морбидни или други чувства во душата. 

Ние, како народ сме одамна оптоварени со стравот од губење на својата слобода, безбедноста, својот комфор, татковината, ама, освен што плачеме и чекаме да помине, не преземаме ништо друго. Ако не преземаме ништо, тогаш неможеме да очекуваме и да добиеме нешто!

Положбата во која ја доведовме безбедноста на македонската држава и својата, е резултат на нашата ноншалантност, уверени дека некој друг ќе ја заврши нашата работа, без  учество во процесот за отстранување на последиците, кои за жал, испаднаа фатални. Ја изгубивме државата, дозволивме соседите да не кутнат на колена и да не газат без страв од некој отпор; да ни го исечат  националниот корен, втемелен во нашето минато; да ни ги испоганат и украдат нашите предци без кои несме никои и ништо; нашата безбедност му ја препуштивме на Албанците; образованието на најобични изроди и предавници, науката исто така; јазикот да ни го забранат, нацијата да не ни ја признаваат заедно со името, јазикот и се' друго што го прави еден народ вреден да биде член на човештвото. Се' што ни оставија нашите славни предци од сите изминати времиња до ден денешен, го прокоцкавме за мали пари и без грижа на совеста, без срам и самопочит!  Си дозволивме   соседите да ни ја наметнат нивната волја и правила на играта во одредени и од нив дозволени и контролирани  рамки на движење и живеење. Си дозволивме нашите криминални властодршци да распродадат се' што имавме вредно да му понудиме на човештвото и современата цивилизација, за да бидеме и соодветно  ценети и почитувани. Им дозволиме на Зоран Заев и неговите послушници да ни ја трампат Република Македонија за новата и измислена политичка творба Република северна Македонија, како предуслов за влез во НАТО и ЕУ, но и за да се "гордееме" што нашите војници се  платеници и  топовско месо  за туѓи интереси.

Ете таа е нашата реалност и вредност во очите на светот кој до вчера не препознаваше по тоа што го имавме и што вистински бевме: народ, македонски, со богата историја, традиции, култура, книжевност, храброст и народ кој знаел како да се бори, брани и одбрани од секого кој го загрозувал неговото битисување и оспорувал местото во заедницата на народите.

Дозволивме да бидеме изиграни, понижени, предадени и обезвредени од своите највисоки државници, политичари, интелектуалци, универзитетски професори и воспитувачи на младите македонски поколенија. Да бидеме, дословно, продадени како роба за мали пари и безвредни ветувања за божемна интеграција во друштво на  докажани непријатели од минатото, но и од сегашноста. Доживеавме да бидеме обезвредени, понижени и отфрлени како непотребни и неспособни да си ги сочуваме нашите елементарни вредности, без кои сме ништо, освен  топовско месо на НАТО за неговите империјалистички аспирации спрема светот,  без нас  Македонците.

Состојбата за која зборуваме  не е од денес или вчера. Трае со децении и столетија, ама нашите предци, за разлика од нас денес или вчера, знаеле како да ја контролираат: со одлична дипломатија, мудрост, познавање самите себеси и околината во која живееле, соседите кои ги опкружувале, нивните вредности и способности, но и со оружје, кога било потребно. И секогаш победувале, кога имале здрави, способни и пред се'  храбри водачи, достоини на своето име и своите предци.

Способни, храбри и горди водачи како Филип Втори и Александар Трети Македонски, кои по победата над  силите на грчките полиси кај Херонеја во 338-та година пред Христа  ги обединија и ставија под своја, македонска контрола. Нив, кои денес без испукан куршум ни се осветуваат, но и бесрамно ги присвојуваат нашите предци сметајќи ги како дел од нивната раса, а нас, нивните наследници, како натрапници од зад Карпатите, кои ја окупирале нивната Македонија!?

Дочекавме државата да ја водат неспособни   аматери и инертни политичари и "државници";  безвредни души алчни за материјални богатства, задоени со омраза спрема самите себеси  и својот сопствен народ.  И се' само со плач и лелек, без соодветен одговор.

Се разбира,  денешниве "владари" ја презедоа власта во земјата насилно и против волјата на македонскиот народ; дојдоа по избор  на  "посилните" од надвор заради задоволување на нивните посебни интереси во нашиот животен простор, Балканот,  но и заради зголемените апетити  на Грција, Бугарија и Албанците во Република Македонија, за туѓи територијални, материјални и духовни вредности.

Зоран Заев, претседател на СДСМ, како најподобен квислинг за плановите на западните "стратешки партнери" набрзина беше поставен за премиер на Република Македонија, откако под силен притисок и закани на странските фактори  Никола Груевски абдицира и ја напушти премиерската столица за да си ја спаси главата и имотот од "правдата" на Зоран Заев. Па   набргу после тоа, му ја клизна преку граница. Преку граница  во Унгарија, земја членка на НАТО и Европската Унија кон кои упорно не туркаат, прво заради нивните интереси, а потоа интерсите на соседите да не снема како извор на вечен страв од нашата моќ , за која  самите не сме свесни.

Бидејќи Зоран Заев ја немаше подршката на Македонците за неговото насилно инсталирање за шеф на извршната власт во Република Македонија, требаше да се преземат и други чекори. Го искористија Претседателот на републиката Ѓорге Иванов и го "пикнаа" во валканата игра, што им и успеа. Им успеа и затоа, зошто и политиката на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, и до ден денешен, беше  наклонета кон крајната цел на  Зоран Заев и СДСМ: растурање на Република Македонија и обезличување на македонскиот народ со продавање  на неговиот националниот идентитет, како предуслов за влез во евроатланските интеграциски процеси, ама безимени и длабоко понижени! - зошто многу пати и пишувавме.

Поред се', Ѓорге Иванов изигра срамотна и несоодветна игра за еден водач од редовите на ВМРО-ДПМНЕ а избран од македонскиот народ да ги брани националните интереси, независноста, унитарноста, уставноста и безбедноста  на македонската држава  од надворешни и внатрешни непријатели. Изигра предавничка игра со, навидум, неслагањето Зоран Заев да добие мандат и да формира Влада на Република Македонија.

Но во секој случај, поранешниот Претседател на Република Македонија остави сомневања кај Македонците дека, сепак, има нешто гнило во државата Данска. Па затоа, најверојатно под одредени закани од некои надворешни, а можеби и внтрешни непријателски елементи, му го сврти грбот на својот сопствен народ, како би  Зоран Заев полесно и без пречки си ја заврши својата задача, опишана во повеќе верзии на текстови во Македонски Збор.

Одбивањето или негирањето на сите надворешни и внатрешни совети и поуки наменети за избегнување на предвидливата трагедија на македонската држава, доволно зборува за карактерот и неспособноста на Ѓорге Иванов брзо и ефикасно да се справи со кризни ситуации во  Република Македонија. Самиот се развласти од командната улога над безбедносните сили на Република Македонија,  го изневери  народот и му ја препушти Државата на новата квинслишка хунта на Зоран Заев за да го направи тоа што го направи; ја разнебити Република Македонија,  го обезличи македонскиот народ со продавање на неговиот национален идентитет, згази на своето и достоинството на Македонците и безсрамно ги исплука коските и черепите на македонските великани од сите времиња.

Со свесното и не државничко одбивање на стручни и научни совети од докажани  домашни и светски експерти за таа проблематика, Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија докажа, дека беше и тој само фигура и главен соработник на Зоран Заев и странските фактори за тотално уништување на македонската држава и обезличување на Македонците во полза на Грција, Бугарија и Албанците во Република македонија, се' на се, во исполнување на крајната цел, конечно решавање на "македонското прашање" на Балканот.

И му успеа!- без влакно од главата да му падне и да продолжи не сметано да ужива во благодетите кои новата предавничко-изродничка власт на Зоран Заев му ги обезбеди, на сметка на Македонците!

Алал Ти вера, ХОРХЕ! 

За секогаш Ваш, Сотир!

Александар Димковски

Александар Димковски

ЗАВИСНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ, ПРАВОТО И ЛАНСКИОТ ВОЗДУХ

*******

 

Во сферата на политиката има и мноштво зависници од феноменот на моќта. Било да станува збор за нејзини директни консументи или, пак, за оние што гравитираат околу неа и настојуваат да бидат што поблизу до врвот, условно кажано. Па, така, ќе сретнеме правници, историчари, аналитичари што се подготвени да плукаат или да погазат и историски факти, правни докази, па дури и својата диплома, само да им угодат на нечии политички апетити, желби или планови. Таквата зависност, поточно сервилност, се разбира, е погубна не само за владеењето на правото туку воопшто за државата.

******************

Педантниот дијагностичар на македонските болки и проблеми повторно погоди директно во целта. Човекот чии препораки пред неколку години станаа клучен предуслов за наше членство во ЕУ и водилка во кој правец треба да се движат реформите, овој пат го впери прстот кон политичарите. Без влакна на јазикот правниот експерт од Европската комисија, Рајнхард Прибе, го кажа она што веројатно многумина го знаеме, дека клучен услов за владеење на правото се независни политичари. Значи ќе повторам уште еднаш. На Македонија и' се неопходни независни политичари, заклучи Прибе. Понекогаш се потребни промени во законодавството, а за тоа треба независни политичари што ќе направат соодветни реформи. На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои ниту владеењето на правото, порача Прибе.

И сега кога ја знаеме дијагнозата, треба да се препише и соодветна терапија. Но пред тоа, уште неколку збора за причините за проблемот. Со оглед на фактот што Македонија веќе со години континуирано има големи проблеми и тешкотии токму со правната држава и владеењето на правото, според констатацијата на Прибе, логично се наметнува и заклучокот дека за цело ова време, всушност, ние како држава сме немале независни политичари.  По некоја аналогија, тоа значи и дека генерално сме немале независни институции, независно правосудство, независен невладин сектор итн. Со чест на исклучоци, се разбира. 

Не знам дали Прибе оваа своја констатација за зависните политичари ја упати случајно или намерно, токму сега во месецот кога одбележивме 28 години од независноста на државата, но директни потврди на неговите тези стигнаа уште веднаш, и тоа не една, туку мноштво. Својата зависност пилитичарите ја демонстрираат на дело, и не само тие.

Еве, да се обидеме по метод на споредба и вкрстување на факти да дешифрираме од што тие најмногу се зависни. Многумина од политичарите се зависни од своето его. Нивната премиса е тие и никој друг. Не може некој друг да им кажува што е најдобро за државата. Понатаму. Еден добар дел од политичарите е зависен од минатото (свое, на нивните сопартијци или на партијата во целина).Поради ова своја зависност, политиките на партијата ги насочуваат кон минимизирање, анулирање или перење на последиците од тоа нивно неславно минато. Притоа не се води сметка дали таа нивна зависност и практика можеби одат на штета на интересите на државата и граѓаните. За ова има редица примери.кои сега нема да ги набројуваме. Во интерес на просторот и времето.

Други политичари се зависни од одредени незаконски, сомнителни, коруптивни мрежи во кои на еден или друг начин и самите се вплеткани. Затоа настојуваат по никоја цена да не се открије тоа. За таквите секоја жртва е поднослива, па одат и дотаму што преку злоупотреба на правната држава се обидуваат да ги прикријат своите кашканици.

Во сферата на политиката има и мноштво зависници од феноменот на моќта. Било да станува збор за нејзини директни консументи или, пак, за оние што гравитираат околу неа и настојуваат да бидат што поблизу до врвот, условно кажано. Па, така, ќе сретнеме правници, историчари, аналитичари што се подготвени да плукаат или да погазат историски факти, правни докази, па дури и својата диплома само да им угодат на нечии политички апетити, желби или планови. Таквата зависност, поточно сервилност, се разбира, е погубна не само за владеењето на правото туку воопшто за државата. Прибе сигурно го воочил тоа и затоа ни го посочува.

Понатаму. Во општествениот систем имаме значителен процент зависници од странска асистенција, да не речам од туѓа нега. Тоа се оние чинители, кои при најмала тешкотија се вртат кон дипломатските претставништва, странските мисии итн. Тие обично немаат свој став и свое изградено мислење за одредено прашање и се зависници од туѓото наметнато мислење. И не само од мислење туку се зависници од туѓата помош и асистенција. Еве, само еден збунувачки пример, кој е актуелен во моментов, и кој, да бидам искрен, најмногу ме фрапира.

Преку медиумите дознаваме дека вработените во СЈО испратиле писмо до државниот врв, но и до некои странски амбасадори, во кое бараат тие да се заложеле за нивно останување на работа. Ај што бараат помош од државниот врд некако и ќе разберам, но зошто се обраќаат до странците. Замислете една највисока обвинителска институција, која треба да претставув симбол за ред и поредок во државата, се обраќа и бара помош од странските дипломати. Ваквиот потег во најмала рака е директна и груба навреда на граѓаните на Македонија и на целиот државен систем. Баш ги здоболи странците кој кај ќе работи, пред и по 15 септември. Тоа воопшто не е нивна надлежност. Може само да се изнасмеат и да го фрлат писмото во канта. Или да го архивираат како доказ на нечија зависност. Вистината е дека случувањата околу СЈО најмногу ги погодува и ги боли македонските граѓани, кои со години со свои пари им ги полнеа џебовите на сите од СЈО и очекуваа правичност и правдина. А што добија? Па, ете, добија отворено писмо, само на погрешна адреса.

Но писмото на СЈО може да се протолкува и поинаку. На овој начин ова обвинителство индиректно признава дека јавниот интерес воопшто не бил во фокус на нивното работење и затоа се обраќа до своите властодршци и налогодаватели. Покажува дека е во директна спрега и зависност од политиката или од странците. А требаше да биде сосема поинаку. Требаше да одговараат и да бидат зависни само и единствено од судот на македонските граѓани, чии пари изминатиот период безмилосно ги трошеа. За резултатите од истрагите на СЈО, бројчаникот, вратените пари во буџетот, окончани случаи, овој пат нема да говорам, во интерес на просторот и времето.

Сепак, претходно посочените примери и зависности се доволен показател за длабоката кал во која сме навлезени како држава и како општество. И од која што Прибе пробува да не' извади со своите укажувања и препораки.

Но при една ваква дијагноза изгледа веќе не помага која било терапија, туку е потребно отстранување на болното ткиво. Да не се дозволи и понатаму зависници, од кој било вид, да одлучуваат или да ја насочуваат државата во само за нив посакуваниот правец. Зашто така нема да стигнеме никаде. Вицепремиерот Бујар Османи неодамна рече дека владеењето на правото е воздух без кој не се може во едно општество.

Се согласувам во целост со Османи. Токму во таа насока се и претходните сугестии и препораки за прочистување на амбиентот и за создавање предуслови за владеење на правото, независни институции и за вистинска правна држава.

Сепак, имам само една мала забелешка. Споредбата на Османи на владеење на правото со воздухот, кога станува збор за Македонија, не е баш најсреќно одбрана паралела. Зашто лани редица македонски градови беа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа и во светот. Со други зборови, Македонија дишеше најлош и најзагаден воздух во светот.

Не знам каков ќе биде воздухот во Македонија оваа есен и зима, но ако владеењето на правото ни биде како ланскиот воздух, е тогаш навистина го обравме бостанот.

https://www.novamakedonija.com.mk 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

 

 

 

 

 Виолета Петковска

СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА

  • Додека душмански
    со клешта од месово
    ми кинете, не ми давате
    ниту да плачам.
    На крвавите болни
    рани сол
    ми истурате и не ме
    оставате тоа да го
    запомнам.

    Од утробава плодот
    ми го гризете за
    да не се
    роди и да знае која
    мајка го родила,
    од чиј татко коренот
    ќе го пренесува на
    своите чеда, утре.

    Со ладна кама во градиве
    душмански ми копате
    за да речам оти сум
    камен без корен, оти
    јас не плачам на
    гробовите на бабите и
    на прабабите, на кои од
    градите крв им течела.

  • Едно дете раѓале,
    а друго
    дете закопувале,
    убиени
    крвнички оти не ја
    давале мајка мила на
    клетите душмани да
    ја поробат.

    При очи слепа ме
    правите за да не пишувам
    колку ме болат раниве,
    додека катаден олова
    тешки на раменициве
    нижам!

    И од тага можам и
    да умрам, затоа што
    ми ги крадете утрата
    сини и белите хоризонти
    во далечина, додека во
    пурпурот на сонцето
    нов ден се раѓа, посакувам
    слобода за Македонија!
    ********
    Автор: Виолета Петковска

Блаже Миновски

 

САМО СЕДУМ БОРЦИ ЈА ПРЕЖИВЕАЛЕ БИТКАТА НА МЕЧКИН КАМЕН

СВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА

***** 

Георги Баждаров, соработник на Гоце Делчев, во 1918 година го посетил Крушево. Бил кај својот пријател, кметот Наум Томалевски и побарал да се види со некој борец на Крушевската Република. Му бил испратен четникот Мите Станоев, а Баждаров го запишал неговото сведоштво искажано само 15 години по востанието.

Серчанецот Георги Баждаров, револуционерен деец, општественик, новинар и редактор на јавни гласила е роден во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија во 1881 година. Станувајќи член на ТМОРО воспоставува блиски контакти со Гоце Делчев и со други македонски револуционери. Учествува во Илинденското востание како секретар на четата на Илија Кршовалијата. По Младотурската револуција е назначен за наставник во Солунслата егзархиска машка гимназија. Уредувал повеќе весници и списанија, а од 1919 до 1923 година бил член на Задграничното претставништво на ВМРО, предводена од Тодор Александров и Александар Протогеров. По расцепот на ВМРО, во 1928 година, се изјаснува против Ванчо Михајлов, а следната година е убиен во Варна од луѓето на оној против кој јавно се изјаснил.

Во својата книшка "Од македонската земја, впечатоци и белешки," печатена во 1926 година, објавува и запис од својот престој во Крушево летото 1918 година, значи петнаесет години по Илинденското востаније и Крушевската Република.

"На 26 јуни 1918 година го посетил Крушево, Престојував само еден ден. Го разгледав градот со старите куќи, изгорени и обновени домови. Ја видов разурнатата црква, која била украсена со најдобриот уметнички изработен иконостас од нашите мајстори резбари. Ја видов и новата училишна зграда", запишал Баждаров точно пред 100 години.

"Бев на гости кај господин Наум Томалевски, кмет на градот", вели тој, "и посакав некои од очевидците да ми раскажат за востанието во Крушево".

Сведок на востанието бил и самиот Томалевски (во 1930 година и тој бил убиен од приврзаниците на Михајлов), но не учествувал во борбите. Тој го упатил Баждаров на Миле Станев, еден од 800-те борци што учествувале во ослободувањето на Крушево.

Според сведоштвото на Станев, од градот како први регрути за пополнување на четите биле повикани десетина момчиња, синови на најголемите богаташи во градот. Тоа било сторено намерно за да се приврзат и ангажираат во востанието не само сиромашните, кои немале што да изгубат, туку и богатите крушевчани. Спроти кревањето на востанието и нападот, сите чети веќе биле на своите позиции; се чекала само наредбата од Горскиот штаб.

ХРАБРОСТА НА ТУРСКИОТ ТРУБАЧ

Како што било договорено, најпрво требало да се нападне уќуматот, зградата на управата, олицетворение на власта против која се крева востанието. За таа цел, уште за време на предпладнето Никола Ивановски и брат му Лецо се сокриле во блиската црква за да ја отворат вечерта по нападот за да можат внатре да влезат четниците. Дошла полноќ. Тишина. Нигде ламба не свети; црна темнина по улиците и куќите, Не дека сите спијат туку притаени очекуваат нешто големо и страшно, мило и опасно да се случи", пишува Баждаров.

Битката на Мечкин камен 1903 година

"Една, две, пет пушки пукнуваат и ја раскинуваат покривната на ноќта. Камбаните почнуваат да бијат. Првиот дел од трагедијата започнува со христијанскиот знак за објавување на празник... Четворица стражари пред уќуматот загинуваат, а четворица успеваат да избегаат. Мударот бил таму, слугата и неколку колхии скокнале во бунарот за да се скријат, но се дават. Полицискиот агент, чиновникот за шумите и телефонско-поштенските службеници со послугата, се на се осум души, биле заробени и убиени. Семејствата им биле спасени живи и здрави.

По дадениот сигнал од црквата, Иван Алабакот отвора оган кон касарната во која во тој момент престојувале околу 40-50 души. Останатите војници од месниот гарнизон, околу 150 души, се наоѓале по селата, да гонат комити и да им помагаат на даночниците во собирање на арачот. Тие не можеле да знаат дека комитите решиле да дојдат кај нив; да не се мачат тие да одат по нив. Во престрелката паднале убиени од девете страни. Особено храброст покажал трубачот на аскерот, кој, иако тешко ранет, не само што успеал да труби со трубата туку продолжил да се бори додека не бил дотепан. Дел од аскерот избегал кон Алдинци, а други се затвориле во касарната и се бранеле. Бидејќи било бесмислено да се пука во камените sидови на зградата, Горскиот штаб решава да се запали касарната. Со градската пожарникарска кола биле напрскани со петрол и газија касарната, и , конакот, а потоа биле запалени. Но зградите, бидејќи од камен, не горат. По совет на Питу Гули биле фрлени стомни со петрол и газија, а по нив и запалени партали. Војниците што до последен момент пукале низ пушкарниците, изгорееле заедно со зградата. Запалени биле и сабјите на колхиите. Сето тоа било завршено до два часот попладне следниот ден и тогаш Крушево е конечно слободно", запишал Баждаров.

ШЕСТ ДЕНА МИР И СЛОБОДА

Бележејќи го она што му го раскажувал Миле Станоев, Баждаров ја пренел убавата атмосфера што владеела во слободниот град. Расположението се зголемува уште повеќе кога се пренесува глас за големи успеси на востанието во Костурско и дека престои паѓање на Прилеп. Селани Турци кои не знаеле дека се случило востание, кои иделе на пазар, биле претепани, а други се вратиле навреме, не се обиделе да влезат во градот. Неколкуте обиди на аскерот и башибозукот да се пробијат кон Крушево и да ги разбијат бунтовниците, решително биле осуетени. Од 6-ти до 12-ти август востаниците не биле вознемирувани со напади.

Георги Баждаров

На 11-ти август празничното расположение на крушевчани било нарушено од лошо претчувство; јата гаврани слетувале по куќите и улиците. Целото Прилепско поле поцрнело од низами. Бахтијар паша со 15 илјади војска тргнал да го заземе градот. Судирот почнал на 12-ти август утрото. Пред тоа бил пратен гласник кој ги повикал востаниците да го положат оружјето и да се предадат. Востаниците со презир ја одбиле таа понуда. Артилеријата почнала да сее смрт  сред позициите на четите. Бил гаѓан и градот. Една граната паднала врз црквата а друга врз куќата на Никола Ивановски. Најголемата битка се водела на Мечкин камен. Се спасиле само седуммина. Ѓурчин водел битка на патот Прилеп-Крушево, Ташко Карев на Длабока Река, а началникот Георги Стојанов на Слива. Голема била војната и техничката надмоќност на непријателот. Горскиот реонски штаб видел дека во никој случај не може да биде задржан градот и наредил повлекување. Со четите тргнале да се повлекуваат граѓани. Победничката војска и башибозукот тргнале во грабеж а веднаш потоа ги запалиле ограбените куќи и дуќани. Изгореле околу тристотини, сите во долниот и средниот дел на градот. Додека палачите стигнале до горниот дел, кој е блиску до коријата па се плашеле да не бидат нападнати од востаниците, стигнала заповед да сопрат со насилството, пишува Георги Баждаров, соработник на Гоце Делчев и Тодор Александров.

Колку радоста била голема во почетокот толку тагата била посилна на крајот. Семејствата што биле скриени во блиските и во подалечни шуми, вториот и третиот ден по задушувањето на востанието почнале да се враќаат во градот. Меѓу вратените бил и Григор Божинов, член на Горскиот востанички штаб. Самиот факт што тој се вратил со народот и не бил предаден на власта, покажува дека моралот останал висок и по таа голема катастрофа; заклучува Баждаров.

https://denesen.mk

Славе Катин

 Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 27

МИГРАЦИЈА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

http://mn.mk

 

Според археолошките наоди (Герашанин, 1988 г.; Гавела , 1988 г.; Папаставро, 1972 г.), преодот од бронзениот во железниот период (1200-800 година пред Христа), повторно бил епоха на превривање и несигурност на Балканот, налик на енолитот, каде се случувале поголеми или помали  померувања.

******************

Овие миграции биле предизвикани од инфилтрацијата на нови сточарски групи од северопанонските области кон Балканот (а ова може да се следи од културата на полињата со урни во Панонија) што донело нови притисоци, селидби и процеси на прегрупирање, дезинтеграција и распаѓање на старите заедници.

Во Елада, Херодот (I, 56) ги именува како Дорци и ги карактеризира како народ наклонет кон скитања и патувања, и вели: "...Дорците, во време на кралот Деукалион живееле во земјата Фтиотида (област во  Тесалија каде пред нив живееле Ахејците се' додека Пелоп не ги преселил на Пелопонез), а во време на Дор, син на Хелен, во земјата под Оса и Олимп, наречена Хистиеотида. Кога ги протерале Кадмејците, се населиле во областа Пинд во Македонија. Оттаму повторно преминале во Дропида, а оттаму на Пелопонез и го добиле името Дорци."

Херодот

Дорците од Дорида, меѓу планината Парнас, Еликон и Китерон во Беотија, се обиделе да ги заземат Атина и Атика, во 1068 година или 1050 година, каде што живееле Пелазгите и Јоните, но не успеале бидејќи силно им се спротивставил Кодро. Затоа се обиделе да го заземат Пелопонез за што Тукидид (I, 12) пишува: "... Дорците, осумдесет години по Илиј (Троја), со Хераклидите (синови на Херакле од третата генерација) го зазеле Пелопнез, па одвај, по многу години, Хелада трајно се смирила". Според Хеородот (VIII, 43), "... тие биле по потекло Дорани и Македонци, а се доселиле од Еринеја, од Пинд и најнакрај од Дорида".

Заземањето на Пелопонез и падот на Микена настанале околу 1104 година пред Христа. Дорците го убила кралот Микена Тесамен, син на Орест, кој бил последен од династијата Пелопиди.

По продорот на Дорците на почвата на Пелазгија (Елада), преживеаните Ахејци и староседелците Пелазги и Јони станале робови или побегнале во соседните делови на Мала Азија и Кипар. Ератостен истакнува дека егзодусот на Ахејците од Тесалија почнал веднаш по доаѓањето на Дорците, т.е. 1124 година пред Христа или "шеесет години по паѓањето на Троја" (Тукидид, I, 12).

Напуштањето на Тесалија од Ахејците било панично, неорганизирано, а со тоа и продолжено, па затоа траело доста долго се' до 1053 година пред Христа (Томсон, 1954 година, 405). Најголемиот број бегалци бил од Тесалија и Беотија, па тие станале носители на дијалектниот ахејски јазик во северозападниот дел на Мала Азија и Еолија.

За потеклото на Дорците Херодот (I, 56) вели дека "Лакедомонците се со дорско потекло, а Атињаните со јонско... Атињаните воделе потекло од Пелазгите, а Лакедомонците се со елинско потекло." (Борза: За Дорската миграција).

Правците и етапите на селидбите на Дорците ("Скитачки народ"-Херодот, I, 56) во Пелазгија во XIII век пред Христа.

Етапи:

1. Додонска

2. Фтиотидска (во времето на Деукалион), 1124 година пред Христа

3. Хистиеотидска (за време на Дор, син на Хелен)

4. Пидска (со протерување од Кадмијците)

5. Дриопидска-Доридска

6. Пелопонеска, 1104 година пред Христа.

***********

Херодот (VIII, 43) наведува дека центри во Елада биле : Арг, Спарта, Коринт, Епидаур, Трезена, Сикион итн... и дека сите тие воделе потекло од Дорците и Македонците..."Атињаните биле Пелазги и тогаш се викале Кранеици... Демократијата во Атина почнува со Солон, кој е потомак на Кодро, од еолско потекло. Солон е избран за архонр на Атина во 549 година пред Христа, со широки овластувања. Вовел ново законодавство, даночен, изборен и судски систем, кои придонеле во развојот на земјоделието, занаетчиството, општествените односи, правдата, трговијата и морепловството. По Солон и меѓупартиските кавги, 561 година пред Христа, за архонт дошол Пезистрат, од еолското семејство Позистратиди, за кого Аристотел вели дека неговото управување се смета за најславна историска епоха на Атина, во архајскиот период."

Со доаѓањето на Дорците во пелазгија (Елада) и егзодусот на Јонците, Ахејците и делумно Еолците во Мала Азија, биле создадени еолски и јонски сојузи со современа општествено-политичка организација. Меѓу "полисите" предначеле Ефес, Милет и Смирна, кои уште во VI век пред Христа дале значаен прилог кон светската култура: Хомеровиот еп, феникинско-јонското алфабетско писмо, современата историја, астрономијата, архитектурата и др.

Сето тоа престанува откако Персија ја освоила Мала Азија и дел од Балканот, иако персиско-елинските војни, 490-479 година пред Христа, завршиле со блескава победа на Хелените.

Не навлегувајќи во понатамошни анализи на историските и општествените настани на почвата на Елада, значајно е да се истакне дека во наредниот период од пола век, Атина го достигнала својот најголем политички и културен подем, со "златната" Периклева епоха, која се нарекува со терминот "класичен" облик на цивилизацијата. Се смета дека ова Атина го постигла зашто имала непосредна демократија, додека во Спарта била " запрена" цивилизацијата (Папаставро, 1972 година).

Меѓутоа, покажаниот антагонизам и атинскиот империјализам довеле до триесетгодишна воена состојба меѓи Спарта и Атина. Спротиставените страни многу ослабеле, а и цела Елада, каде дошло дури и до дезинтеграција на полисите. Единството кое Хелените сами не можеле да го создадат, им го наметнала силата на оружјето на кралот Филип Втори Македонски, по прочуената битка кај Херонеја, во 338 година пред Христа. Со ова, за Хелените почнал периодот на македонското царство кое продолжило и со римското владеење, византиската епоха и отоманската окупација.

Називот Келти - јавачки коњ, првпат се јавил кај Херодот (II, 33 и IV,49), кој вели дека "Дунав (Истар) извира во земјата на Келтите кои со Кинетите претставува најзападна населба во Европа". Синоними се Гали и Галати. На полето на археологијата, Келтите претставуваат латенска цивилизација на железниот период во Европа, која сепростирала од британските и ирските острови, преку Иберија, Франција, Швајцарија, Италија и Панонија до Мала Азија (Kruta, 1997вг.)

Во контекст на овие истражувања, интересни се лингвистичките остатоци, иако денешното познавање на келтскиот јазик е базирано претежно на келтските јазици од британските и ирските острови, кои се се' уште живи јазици за околу два милиони луѓе. Јазиците на Келтите на европскиот континент и Средно Подунавје постепено се гаснеле и единствено постојат остатоци во топонимите составени со помош на елементот-dunum: тврдина (Сингидунум, Лигдунум и др.)

 Продолжува

 

ВИДЕОТЕКА

Kind regards: 21 септември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 239