ШТО ЧЕКАМЕ БРАЌА МАКЕДОНЦИ ?

 

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

НАРОДОТ ГО ПЛУКА, ЗАЕВ МИСЛИ ДЕКА ВРНЕ

 16 септември 2019

За еврокомесарот (на заминување) Јоханес Хан, како еден од најважните настани  за време на  неговото "владеење" бил Преспанскиот договор, со кој се ставило крај на спорот за името меѓу Грција и Македонија.  И не само тоа, туку и што ќе се изучувал во македонските училишта за пример  како се решавале проблемите со соседите.

Јоханес Хан оди и понатака со своето лично задоволство за големиот успех што го постигнал за време на неговото владеење со надворешните работи  и "проширувањето" на Европската Унија, со Балканците. А како и да не бил задоволен и восхитен со "успехот" кој цела Австрија заедно со Англија, Германија, Франција и некои други  "јунаци" за време на големата поделба на Македонија не го постигнале:  "македонско прашање", како опашка зад нив, му го оставиле тој сам да го реши!? - но, сега со помош на домашни изроди, велепредавници и  најобични  криминалци: Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, ама и со голема помош на собраниските "народни" пратеници од средината на "најнародната" политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ. 

Драги мои шегата  настрана, зошто нашата држава се распаѓа, а ние се' уште чекаме злото кое не снајде само од себе да си замине од македонската софра пред да докусури се' што му е на  умот: да не изеде сите еден по еден, а негде и групно! И не само нас, Македонците, туку и нашиот Вардар да го исуши за да не оди до Солун и да ја држи Македонија цела и горда.

Во последниот број на Македонски Збор спомнав дека само со протести, на неколку храбри и лојални  жени и пензионери,  не се доаѓа до Слобода, особено во ситуација кога таканаречената "меѓународна заедница" со помош на квислинзите и налудничавиот Зоран Заев не втурна во вода, да се давиме.

Од проблемот  со името на државата, дојдовме до нашите лични и семејни имиња и сите белези кои не чинат посебен народ во соседството ни.

Дојдовме до тоа да бидеме сведоци на сопственото разнебитување и докрајчување. Пред нашите очи да се брише и разнебитува се' со предзнакот македонски, македонско и најпосле МАКЕДОНЦИ КАКО НАРОД. Нашата државна химна се забранува да се учи во македонските училишта, а знамето македонско да стане обична крпа со која Албанците си ги бришат ноsете откако ќе си ги подизмијат, пред влегување во нивните светилишта.

Ако тоа не е навистина време за заедничка македонска акција, тогаш нашата логика е нула.  Албанците владеат со Македонија, што претставува единствен пример во светот кога едно малцинство го контролира мнозинството на најбрутален и нецивилизиран  начини. Начин, како најсрамотен и најпонижувачки чин за секој цивилизиран народ или племе. Како народ  уште не осознаен дека и тој му припаѓа на човештвото и има некои елементарни права да постој во својата сопствена земја. И сето тоа мотивирано и подржано од "меѓународната демократска заедница" и во духот на европските "вредности", кон кои Заевата криминална структура, но и Мицковската се' поотворена братска соработка, засилено не туркаат. И ние не сме во состојба да изнајдеме барем еден Македонец способен да ја преземе палката во своите раце, да се осмели и да го обедини народот во едно силно оружје за одбарана на своето достоинство.

Од политиките на двете "најголеми" партии во земјата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, фајде нема. За се' и сешто се дебатира, длабоко се анализираат некои будалести проблеми од тривијален значај во времето кога не бришат од светската карта и списокот на народите, само не' за најголемиот проблем: урнисувањето и обезличувањето на Македонија. Сета таа халабука меѓу Заев и Мицкоски  служи само за замајување и лажење на македонскиот народ, а пред се' МАКЕДОНЦИТЕ, дека нешто се работи за наше добро и треба да им бидеме благодарни што од сите нас прават кретени, а најповеќе од своето членство.

Постојаните измислени криминални настани во земјата тежат само кон пасивизирање на Македонците за потоа постепено,  со лажна надеж, како лисицата по на бравот м....... незабележливо се потврди статусот кво и си заминат, за секогаш во историјата на цивилизциите, кои ги нема повеќе.

Еве што вели Бранко Героски  за 365.сом.мк од 9 септември 2019 година сега, откако капитулантските договори со Грција и Бугарија, ама и Тиранската платформа со Албанците се сметаат за свршена работа!? 

- Го советував Заев да инсистира дека Преспанскиот не го загрозува идентитетот, но не очекував тој да оди чекор подлабоко.

Отсекогаш сум се залагал за компромисно решение на спорот меѓу Македонија и Грција со прифаќање на  името "Република Македонија" (Скопје). Име за меѓународна употреба што тогаш (2007 и цела 2008 година) го предлагаше посредникот од ООН, Метју Нимиц. Со исклучок на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, ниту еден друг македонски политичар во таа 2008 година не беше спремен јавно да се изјасни во прилог на идејата спорот меѓу двете земји да се оконча со сложеното меѓународно име на нашата земја, чија основа ќе биде именката "Македонија", име за севкупна меѓународна употреба.

За Никола Груевски несакам ни да зборувам. Тој беше неспремен за каков било компромис. Инаку, да немате дилеми, ако Груевски во 2012-2014 година прифатеше компромис, се' уште ќе беше на власт, а не знам дали сега ќе смеевме и под прозорец да му плукнеме. Крај!

Меѓутоа, работите за сигурно беа сосема подруги тогаш, како што се и денес. Секоја страна си имаше некои свои интереси. Стапицата "се' или ништо" ако сакате да влезете во Европската Унија и НАТО, го чекаше Зоран Заев. Тој со причина беше избрзано инсталиран преку волјата на македонскиот народ за претседател на македонската Влада, со претходно абдицирање од власта на Никола Груевски. Во игра беа многу други по важни работи и за Западот и за самата Грција и Бугарија, а и за Албанците во Македонија: решавање на македонското прашање на Балканот со потполно уништување на Република Македонија, како СТОЖЕР на идното обединување на Македонија и на македонскиот народ!

Улогата на Зоран Заев во сета таа игра беше и се' е, чување на сопствената шугава кожа од правото и правдата за сите криминали и плачки извршени за време на неговото десетгодишно градоначелникување со Струмица, ама и подоцна со разни тендери од кои и неговиот, Заев клан (како што Латас го именува големото семејство на Зоран Заев) стекнало големо богатство. Дури и за времето на режимот на Никола Груевски.

Па  како изгледа, работите не биле, а и денес не се само  црно-бели, туку многу повеќе од тоа. И затоа, кога ние викаме и бараме слобода, право и правда во Република Македонија, тој во лице ни се смее и игра мајтап, бидејќи со неговиот ум си мисли дека работата, без малку е завршена. Остана уште некоја улица по градовите да се именува прво на албански, а потоа на македонски, со што му се заблагодарува  на Али Ахмети и неговите УЧКИ за истепаните Македонци и лојалноста во разнебитувањето на Македонија и губењето на македонскиот национален и државен идентитет. 

И тоа би било  тоа!  Но? ќе причекаме и ќе видиме!

До тогаш браќа изнајдете јунак кој ќе ја испади чумата од жална Македонија, дури се' уште, каква таква, ја имаме.

Толку од мене!

За секогаш, Ваш Сотир   

Змаго Јелинчич

ЈЕЛИНЧИЧ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА НА СЛОВЕНИЈА, МАКЕДОНИЈА ДА НЕ ЈА ВИКА "СЕВЕРНА"

********

Лидерот на словенечката национална странка (СНС), Змаго Јелинчич, постави пратеничко прашање во Парламентот на Република Словенија до премиерот Марјан Шарец во врска со "кршењето на човековите права во Македонија" и побара да и' се обраќа со Република Македонија, без Северна.

- Ви поднесувам пратеничко прашање во врска со ставот на Владата на Република Словенија за кршењето на човековите права и за политичкиот прогон на државјаните во Република Македонија, а во врска со подршката на Владата за почнувањето преговори на Македонија со ЕУ, кое и го поставувам на Владата на Словенија, наведува лидерот на партијата СНС.

Оваа партија на неодамнешните европски избори го кандидираше македонскиот активист Андреј Дочински за пратеник во Европскиот парламент.

- Рапублика Македонија во октомври очекува потврда за почетокот на пристапните преговори од страна на Европскиот совет, при што своја согласност мора да даде и словенската влада. На 27 април 2017 година Република Македонија доживеа едно од најтешките прекршувања на уставното уредување на државата, кога пратениците од владеачката коалиција, спротивно на сите законски прописи, го избраа за нов претседател на Парламентот Талат Џафери, бивши командант на терористичката ОВК. Беше изгласан без законски потребната подршка и спротивно на парламентарната процедура. Дека е навистина така, потврдува непостоењето записник од седницата, според кој тој требаше да биде избран. Тоа беше причината што револтираните демонстранти упаднаа во Парламентот истиот ден и што сакаа да се пресметаат со пратениците. За среќа, никому не му се случи нешто посериозно. Малку подоцна лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата изјави дека очекува најстрога казна за сите демостранти што влегоа во Парламентот. На овој повик, како продолжена рака на власта, одговори државното обвинителство и 33 демонстранти обвини за тероризам. Меѓу нив беше и светски познатиот оперски пеач Игор Дурловски, кој на протестот само ја испеа македонската химна. Без никакви докази, со политички мотивирани и спроведени судења, на кои им судеше судијка позната по тоа дека е блиска на владеачката СДСМ. Шеснаесет демонстранти беа осудени на вкупно 211 години затвор или во просек по 15 години секому. Осудени беа обични граѓани и припадници на опозицијата. Рочиштата се одвиваа во нехумани услови и дневно траеја по 14 часа непрекинато. Патем да додадам дека македонските државјани од албанска националност, борци на Исламската држава (ИСИС) што се вратија од Сирија во Македонија во 2018 година поради учество во терористичка организација и за зчосторства против човештвото, беа осудени во просек само со по шест години, наведува тој.

Натаму во неговиот поднесок се додава:

- Еден од гонетите демонстранти, Дејан Давидовски, пред да биде уапсен успеа да побегне во Шведска. Македонските власти со меѓународна потерница бараа негова екстрадиција, но шведскиот Суд во август го одби нивното барање. Во 18 точки од судот на земјата членка на ЕУ експлицитно е објаснето дека изручувањето не е можно бидејќи станува збор за политички, а не за казнен прогон, како и дека доказите доставени од страна на Македонија не го докажуваат злосторот поради кој е обвинет-тероризам. Судот во Шведска на Давидовски дури и му понуди можност за политички азил поради политички прогон во Македонија. Почитувани, по последните случувања во Република Македонија, откривањето на изнудувачка афера и апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева, кои зборуваат за еден од најкорумпираните системи во светот, во кој се вплеткани криминални организации, невладини организации, Владата на Република Македонија, Обвинителството и судиите, во врска со горе наведените дејства, кои дури и суд на земја-членка на ЕУ ги потврди, дека во Македонија е во тек политички прогон на противниците на режимот на Зоран Заев, ве прашувам: Дали Владата на Република Словенија, и покрај јасно наведените факти за кршењето на темелните човекови права, на што несомнено се потпира криминалната и нелигитимна Влада на Зоран Заев, е за почеток на преговори на Република Македонија за влез во ЕУ под негова палка?, прашува Јелинчич.

Во поднесокот до Владата на Словенија Јелинчич на крајот го изнесува својот личен и ставот на својата партија за името на македонската држава:

Како дополнување да појаснам дека Словенечка национална странка не го прифаќа новото, на Македонците натурено и со поткуп и притисок наметнато име на државата, кое се темели на пропаднатиот референдум од 2018 година. Словенечка национална странка секогаш ќе ја именува земјата со нејзиното вистинско име Република Македонија. За самостојна и независна Република Македонија, а не за 'измислената Северна'; на референдумот во 1991 година гласаа 96,4 проценти од 75,7 отсто излезените гласачи. На исто однесување (почитување на владеењето на правото и на волјата на народот) ја повикуваме и Владата на Република Словенија, го образложува својот став Јелинчич.

http://javno.mk

11 септември 2019 година.

 

Игор

 Игор Аврамовски Александров

БЛАГОДАРНОСТ ЗА СЕВЕРНИТЕ ЗЕЛОТИ

**************

 

Ништо во Преспанскиот договор не ги тера квислинзите да го бришат поимот Македонски/ Македонци од формулари, документи итнт..., ниту да употребуваат термин "северномакедонци" или "северномакедонски".

Странците што го пишувале договорот биле посуптилни во задушувањето на македонскиот домороден идентитет, па направиле само редефиниција на поимот "Македонци" како нешто што означува, во кратки црти, новокомпониран идентитет изникнат од границите на "Република северна Македонија". Ни јазикот не го преименувале во "северномакедонски", туку само се обиделе како неспорна вистина да ја наметнат тезата дека македонскиот (не "северномакедонски") јазик е чисто "словенски" јазик на дошлаци во Македонија, кои се разликуваат од "хеленските" Македонци што биле во Македонија од порано.

Тоа што нашиве квислинзи се многу посурови и погруби во бришењето на македонскиот идентитет и во создавањето на "северномакедонски" не мже да се објасни како прагматично следење на странските шефови. Тука станува збор за нерационални, зелотско-јаничарски импулси, на родоотстапнички  дегенрици за кои "културна" традиција и психолошка особина станало да преживуваат како страствени силувачи и уништувачи на својот род. Тие инстинктивно имаат нагон да му докажат на надворешниот тиранин дека поенергично и понемилосрдно ги штитат неговите интереси од што може тој самиот. Колку и тоа да е жално и одвратно, на некој начи е добро, затоа што нивното жолчно претерување го хранат отпорот кон Преспанскиот договор, кон "Северномакедонската" дивотворба и кон антимакедонските угнетувачи воопшто.

Од такви "заштитници" паѓале сите диктатори, диктатури и тирании низ човечката историја. Таквите ја уништиле и кралската и титовата Југославија, па и Груевизмот. Ќе ја уништат и американската хегемонија, барем таква каква што е, прилагодена на балканската политичка криминогеност и големогрчкиот, големобугарскиот и големоалбанскиот националшовинизам.

***************

Панде

Панде Колемишовски

13 септември 2019 г.

НЕМА ЖИВОТ БЕЗ ПАРТИЈА

 

Партија, партија. Оваа партија, онаа партија. Партија на власт, партија во опозиција. Едната партија ваква, другата таква. Просто да имаш чувство дека луѓето повеќе зборуваат за партиите отколку за работа, за пари, дека помалку се грижат за децата и за сопственото здравје, отколку за здравјето на партијата. Ако за време на комунизмот и социјализмот во Македонија постоеше само една Комунистичка партија (Сојуз на комунисти), по осамостојувањето нивниот број може да се изразува со десетици, големи и мали, стари и нови, живи или одамна упокоени. Тогш на зборот "партија" му се приоѓаше со страв и почит, тешко можеше да се спомнува јавно во негативна смисла. Човек можеше да настрада ако ја критикува, да остане без работа или да оди неколку дена во воспитувачки затвор ако ја опцуе. А ако го повторува делото, да биде прогласен за државен непријател и да ги сноси сите тешки последици., Денес, ако е за утеха, секој може да ги псуе партиите, партиските лидери и сите околу нив колку сака и да смета дека тоа е врвот на демократијата што го достигнала Македонија. Можеш без страв од одмазда сите настани и личности гласно и пред други да ги критикуваш, да ги посматраш дури и со хумор, да ги исмеваш, да ги тераш во мајчината, а да не сносиш последици. Барем не директни, иако индиректните си се општа наследена партиска практика, не се заборавена постапка. Во таа смисла и за таква употреба не умреле, се' уште се живи и активни партиските сплеткари и кодоши.

Многу и често е пишувано за партиите, толку ако не и повеќе се пишуваше и говореше и кога беше само една. Тогаш се пишуваше главно еднонасочно, сега анархично. Ако почитуваниот читател на овој текст го отвори Речникот на македонскиот јазик на Блаже Конески или на интернет го побара Дигиталниот речник и го напише зборот "партија", ќе види дека со зборот партија се означува политичка странка што има своје членство, група луѓе обединети од некакви општи интереси и сврзани  со заедничка работа, кои имаат заедничка програма, интереси и цели. Вреди да се одбележи дека зборот "партија" е од женски род, но, како што е познато, со векови, партиите биле главно за мажи, како што во најголем дел била и целокупната светска политика. Жени владетели, претседателки или премиерки биле малку, но затоа се паметат, тие биле скриената душа на многу историски пресврти.

Може ли денес да се замисли животот без политички партии? Едно е извесно: да не се лажеме дека тие ни се замешале во животот само нам од скоро. Само едене краток преглед ќе не убеди дека како што било некогаш, така е и сега. Политичките партии, во разни форми, постојат од древните времиња, далеку пред антиката. Уште во вториот милениум пред нашата ера кога вавилонскиот бог Мардук, дошол во судир со другиот бог што го носел името Енил. Нивната пресметка и пресметката на нивните приврзеници, не се одвивале низ избори на кои ќе гласа народот, туку со помош на божји средства, со понекој меч и пресечена глава. Многу подоцна се појавиле организирани групи луѓе за освојување политичка власт и моќ, кои на почетокот се разликувале по тоа на кои богови припаѓаат (во кој бог веруваат). Лидери би можеле да бидат само свештениците, царевите и богаташите. Народот бил на последно место, маса што била вклучена или користена во политичкиот живот само кога за нешто била потребна, главно да војува и да гине.

Првите "цивилни" партии, колку што се оддалечиле од религиските рамки, толку биле израз на клановски и племенски поделби, на различни сфаќања и големи несогласувања околу многу прашања за животот и природата. Сепак оттогаш, најпрвин во Елада, почнала демократијата, односно вклучувањето на народот во "високата" политика преку избирање негови претставници во тела што имале законодавни, судски и извршни должности. Народните претставници биле и добро платени, како што биле добро плаќани и судиите за да не може некој да ги подмитува и да влијае врз нивните одлуки. Во тоа време почнале да се формираат собранија чии пратеници, освен правото на збор и на глас, имале задача да ги осудуваат политичарите фатени во злоупотреба на државни пари, во крадење или криминал или за кои мислеле дека се неспособни да владеат. Истовремено, слободните граѓани на глинени табли ги испишувале имињата на нечесните политичари. Дека нечесноста била масовно раширена, сведочат многуте такви табли што ги пронаоѓале археолозите векови подоцна.

Чекор напред се случи за време на индустриската револуција, кога почнале да се создават групи политички истомисленици со слична идеологија. Тогаш поделбата била меѓу оние што сакале да ја заштитат богаташката елита и оние што се залагале за поеднакви можности во политичкиот живот, во образованието и во правото на работа. По формирањето на партиите, по прогласувањето на демократијата, следувале избори, кои претставувале врв, кулминација на бурниот политички живот. Изборите не биле борба само за функција туку значеле пари и низа привилегии за победниците. Кон нив полека-полека клонеле или во нив се зачленувале и оние што биле поразени, што имале друга припадност или идеологија. Во многу случаи се покажувало дека парите, статусот, власта и моќта биле посилни од идеологијата. Оттогаш политичките партии почнале и да им ги решаваат проблемите на голем број луѓе, пред се' на членовите и семејствата на победничката партија запоставувајќи ги членовите на поразената. Оттогаш луѓето што немале поим од политика, ниту таа ги интересирала, почнале да ја користат како средство на решавање на личните проблеми, како средство за богатење, иако ниту ја сакале, ниту ја почитувале идеологијата на партијата во која членувале.

Ќе биде неправедно ако во овој контекст не ги разгледаме и именките-партиец, партијка и партијност, зборови што беа далеку популарни во времето на комунизмот и социјализмот, а кои како да се избегнуваат од употреба во поново време. Според нашиот јазик, партиец е член на партија, кој е особено ангажиран во партиските активности, партијка е жена партиец. Партијност не е само партиска припадност туку и начело по кое политичката, јавната, научната, уметничката и друга дејност мора да им служат на интересите и целите на партиите. Таа е дел од комплексната идеологија и доктрина на владеење и водење на државните работи. Овој термин денес е заменет со зборот партизација, избран како помодерен, посовремен. Но тука има заблуда: тој збор е чисто болшевичко-комунистички производ што во политиката, во своите говори, го внел Ленин, а има корени уште од Карл Маркс. Партијноста, партизацијата, сакал-нејќел, подразбира лојалност, преданост, посветеност, верност, солидарност и пожртвуваност, партијата да е поважна од личноста, па дури и од семејството и животот. Како и да е, партизацијата денес е главна и неодминлива карактеристика на македонскиот политички  живот, дури и на целото општество. Ако не си опфатен со партизмот, ако не пливаш во водите на партизацијата, ако не си во некоја важна партија тогаш не си ништо, не вредиш ни пет пари. Ако во комунизмот за која било работа се бараше подобност, сега главен услов е да си партизиран. Во што е разликата порано и сега тешко е да се одговори.

Неправда ќе биде ако не ги споменеме и другите "партии", кои немаат врска со политиката, кои имаат со обичниот, секојдневниот живот и кои се живи во говорниот македонски јазик. Така, на пример, има партија шах или табла, партија мал фудбал, партија карти (покер, преферанс, пасијанс) партија на производи, партија машки или женски чевли и слично. Многу, да не речам илјадници неразбирливи "партии" има во еден државен буџет, партии од бруто-приходи и партии во нето-расходи и така натаму, затоа тешко му се фаќа крајот. Партии има во музиката, на гласовите и на инструментите, особено во оперите и балетите. "Партија" има и при земање маж или жена, особено кога тој или таа се финансиски "добра партија". Го нема наведено во речиниците, но често го има во животот, во помлади години, изразот "една добра партија секс", што не мора да е вистина, но е честа машка фалба или женска потајна желба.

Како што може да се забележи и по овие набројувања, животот е речиси невозможен, ниту пак интересен, ако не е поврзан со некоја или со нечија партија, го сакале тоа или не го сакале, па макар биле политички неопределени, дури и аполитични.

Pande.k@novamakedonija.com.mk

 

М. Воденска

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******

 

 

 

НОСТАЛГИЈА

  • Ако некогаш се вратиш
    По сокакот на детството
    И улицата на младоста,
    Застани пред портата залостена
    И земи ја гитарата од заборав
    Исправи се на балконот осамотен
    Од струните под твоите прсти
    Нека се разлее, онаа нашата
    Старата...
    Од гитарата во ноќта тивка

  • Со вечерната миризба на липите
    Расцутени на кејот од спомени
    Разлистени со таговни копнежи
    Разнесени со ветрот, премостени
    Преку планини, океани и континенти
    Пред кипот на Слободата
    Застани простум со дождот во очите
    Засвири, и запеј ја онаа нашата
    Старата...
    **************
    Автор: Марија Воденска

Игор и Ана Дурловски

 

ИГОР И АНА ДУРЛОВСКИ ОТВОРААТ АКАДЕМИЈА ЗА ВОКАЛНА УМЕТНОСТ

**********

Нашите познати оперски пејачи Ана и Игор Дурловски отвораат Академија за вокална уметност. По 20 години тие решија своето знаење да го пренесат на своите ученици, па затоа со гордост ја најавуваат својата Академија.

Како што самите кажуваат целта им е своето знаење да го пренесат на учениците како правилно да ја совладаат вокалната техника и да ги подобрат нивните вокални способност.

На официјалната страна на Фејсбук на самата Академија стои дека тие започнуваат со работа на 01 октомври 2019 година. Просторот е лоциран во Ристиќева Палата на Плоштад Македонија.

https://365.com.mk

12 септември 2019 година

А. Шкокљев

 

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 26

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

 

Делото "Од Панонија до Егеј" од Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, во издание на "Македонска искра", Дкопје, 2007, 1-196, е напишано со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се' историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации.

******************

Така, етнонимот на Илирите се' уште предизвикува различни ставови на археолозите, историчарите и лингвистите, што влијаело да се развие посебна дисциплона со име илирологија. Илирите на Балканот се појавиле во XII век пред Христа заедно со Дорците. Според Тукидит (I,12) тие мигрирале "...осумдесет години по паѓањето на Троја", т.е. меѓу 1125-1120 година пред Христа.

Илирите биле индоевропска група племиња и нивната татковина била област од курганската култура во Евро-Азија, меѓу Каспиското и Аралското Море. Нивниот етноним претставува заедничко име на разни племиња или народи од западното балканско подрачје, на источниот брег на Јадранското Море, во областите на денешните Црна Гора, Далмација и дел од Босна. Античките современици, Хелените, Македонците и Римјаните ги нарекувале Илири (од зборот ilo.сонце, изгорен). Јужни соседи на Илирите биле Енхелејците (Јагуларите), староседелци на Балканот кои го заземале просторот по должината на реката Дрим, од Охридското Езеро до Бока Которска. 

Илирија и Македонија.

Во почетокот на XII век пред Христа, бидејќи Енхелејците почувствувале опасност од Илирите го повикале Кадмо, кралот на Теба, да им организира одбрана. Феникискиот Кадмо бил многу познат по тоа, бидејќи уште во 1313 година пред Христа во Беотија ја изградил многу познатата тврдина "Кадмеј" и градот Теба. Во длабока старост, Кадмо со својата жена Хармонија на воловска кола отишол во земјата на Енхелејците.

Против Илирите тој повел голема војска од Енхелејци и ги победил, а потоа загосподарил како крал на овие области. Хармонија овде го родила синот Илириј, по кого подоцна е наречна оваа земја. По смртта на Кадмо и Хармонија, сопружниците биле погребани кај Епидам (денешен Драч во Албанија).

Во митологијата синовите на Илириј биле Енхелеј, Перхаиб, Антариеј, Тауло, Дасто, Порто и Дисаро, кои станале и епоними херои на разни илирски племиња. Како епонимен херој на илирското племе Хилеи и градот Хил, се споменува Хил син на Херакло и нимфата Мелита. Хил живеел на Коркира (Крф), па со една група свои сонародници се иселил од островот и во Илирија основал колонија и град Хераклија. Хил загинал во судирот со Либурните.

Историографите идентификувале неколку илирски племиња. Пред се', тоа се Автаријатите од далматинските планини, реката Тара и околу планината Тара, кои во 310 година пред Христа биле преселени и колонизирани  од македонскиот крал Касандар во областа Орбел (кај планината Беласица). Потоа, Ардиеите од Неретва до Драч, Пирусите околу Пераст во Бокакоторскиот Залив, Лабеатите во подрачјето на Скадарското Езеро и Доклеатите во Дукља.

Балканот и Македонија.

Од илирските кралеви историографијата го познава Сир, како прв крал, потоа следуваат Глаку, Бардил, Клејт, Епикад, Плеурат, Генциј, Аргон и Теута (Рендиќ-Миочевиќ, 1989 г.)

Врските меѓу Илирите и соседите Македонци и Хелени зајакнувале од средината на V век пред Христа. Понати се војните кои ги воделе македонските кралеви, посебно Филип Втори и Александар Трети Македонски со Илирите. Политичката организација на Илирите престанала по упорните борби со Римјаните во 167 година пред Христа. Големите востанија на Илирите биле задушувани од 6-9 година по Христа.

Посебно се истакнува илирското племе Дардани кои ја населувале областа северно од Македонија. Нивниот епонимен херој е Дардан, син на Илириј, внук на Кадмо. Илирските Дардани имале религиски обичај да се мијат трипати во животот и тоа: по раѓањето, пред женењето и пред погребот (Томсон, 1954 г., 476)

Современите историографи ги потврдуваат кажувањата на Херодот (V, 9) дека скитските-прасловенски племиња битисувале од Јадран до Персија, а во кои се вбројуваат и Илирите (види кај Скитите).

Продолжува

http://mn.mk

 ВИДЕОТЕКА

 

Kind regards :16 септември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 238