ЌЕ УСПЕЕМЕ ЛИ САМО СО ПРОТЕСТИ?

Протест на Македонците во Берн - Швајцарија

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

НИКОГАШ СЕВЕРНА И ЗА СТРУМИЧАНИ

****************

Денот на независноста на Република Македонија, 08 септември, е еден од најзначајните државни празници кој секоја година се чествува на свечен начин. Се прославува како што треба и доликува,  со радост и пригодни културноуметнички програми.

Се' започна пред 28 години,  на 08 септември 1991  во Скопје на главниот плоштад "Македонија", после успешниот референдум за раздвојување од веќе разурнатата заедничка држава СФРЈ. Тогаш Македонците и другите национални малцинства, освен Албанците, со над 95% гласови се изјаснија за слободна, самостојна, независна и  суверена  Република Македонија. И тоа беше се' што го чекавме со векови; своја национална држава во која ќе бидеме свои на свое!

Од тогаш, па до денешни дни, се случија многу мили и немили настани. Но,  со понижувачките, таканаречени добрососедски договори со Грција, Бугарија и со Тиранската платформа на Албанците во Република Македонија, се случи не само настан, ами деструктивен потрес за државата и за Македонците. За Македонците, зошто само тие останаа и дома и надвор обезличени; останаа  без своето вековно македонско име и без националниот и државен идентитет. 

Република Македонија "умре" со губењето на својот национален идентитет, уставното име, националната историја, традициите, културата, македонските топоними по урнекот на Грција, Бугарија и Албанија, личните документи, но и правото на образование како Македонци. За разлика од сите национални малцинства во македонската држава вклучувајќи ги и Албанците, чии идентитети останаа не чепнати.

Властодршците на чело со СДСМ и премиерот Зоран Заев од Муртино и долгогодишен градоначалник на Струмица,  ја трампаа  Република Македонија за Северна Македонија, како услов за влез во НАТО и Европската Унија, кои за Македонците повеќе не значат ама ништо.

Новосоздадена Северна Македонија без никакви допирни точки со Република Македонија, затоа што северните Македонци се новороден и вештачки создан народ на Балканот, без корен и вистински идентитет. Тие немаат никакви права над имотот и народот на Република Македонија, ниту чествување на било кој македонски национален празник. Немаат право ниту да се красат со туѓи перја. Но затоа имаат право на срам и презир и од Македонците и  од целиот родољубив и чесен свет.  Ох, а Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Никола Димитров и сите други како нив, вклучувајќи и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаат загарантирано право на праведни казни за злосторствата и велепредавствата  врз Македонија и нејзините национални интерси!

Струмички напуштени и презрени партиски лидери на локалниот СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ,, Либералната Партија, Сојузот на борците, и градоначалникот на Струмица Коста Јаневски со своите соработници и уште некои. И Толку!

Властодршците на Северна Македонија побрзаа да го прослават Денот на независноста на Република Македонија, но не успееја да им  се прикажат на Македонците како правни наследници на Република Македонија.  Беа изолирани, презрени и напуштени од мнозинскиот македонски народ, сметани за изроди и предавници. Презрени монструми со човечки ликови, кои на сите наши предци им ги сквернавија  коските и им плукнаа на нивните черепи.

Струмица  беше еден од тие места во Македонија, кој го почувствува криминалот и велепредавствата на Зоран Заев директно   на својата кожа и затоа наголемо се дистанцира од него и неговите предавнички политики. На 08 септември 2019 година му покажаа дека со такви изроди и велепредавници несакаат да имаат никаква работа. Ниту пак такви како него да видат во својот град. 

На убавиот плоштад во Струмица, на тој ден (недела) под неколку чадори спрема големиот споменик на Гоце Делечев,  продаден на Бугарите, се собраа како мокри мачки пеесетина јадници од сите друштва и организации, во градот. Градоначалникот  Коста Јаневски, видно посрамен од непослушноста на своите сограѓани и бојкотот на прославата по повод 8-ми септември, денот на македонската независност од СФРЈ организирана од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, одржа пристоен и фер говор. Меѓутоа  дел од срамот на Зоран Заев и тој ќе го носи  како свој до крајот на животот. Затоа што ги одобрува неговите погубни политики и е негов верен следбеник.

Тој во својот краток говор со гордост ги спомна сите борци  заслужни за слободата и создавањето на македонската  држава, Република Македонија, а само еднаш и тоа со половина уста новата творба на Зоран Заев и СДСМ, Северна Македонија. А што би рекол за неа, кога  нема што да се каже во споредба со Република Македонија, која и покрај сите маани, беше широко светски позната по својата славна и чесна историја, која Зоран Заев и СДСМ ја продадоа за неколку куфери, со лажна среќа.

За секогаш Ваш, Сотир!

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ГЕНЕРАЛИТЕ - СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА

***********

 

Македонскиот народ си имал свои светли и темни периоди во својата долга историја. Но, секогаш се борел да ги расветли причините и да продолжи да живее со својата судбина.

Една од најтемните дамки во историјата на Македонците секако било ропството под управа на Персиската Империја, пред стапувањето на престол на Филип Втори Македонски. Меѓутоа, неговиот син, Александар Трети Македонски, после смртта на  татко си Филип се заколнал пред народот и војската македонска, дека ќе го истера окупаторот, ќе ја ослободи македонскара земја и од неа ќе направи држава, ем слободна од натрапници, ем држава достојна за почит и неизбришлива од историјата на човештвото.

И така бидна!

Со своите 35.000 Македонци и нешто Грци-платеници, тргна на тогашниот Голијат, Големиот цар на Персија Дарие Трети и во неколку крвави битки, ги растера неговите платенички војски,  нив над 250.000 добро вооружени борци, меѓу кои и грчки коњаници над 2000, кои после последната битка од како ги заробил, ги испратил во Македонија како робови.  Завладеа со неговата Империја и самиот постана Цар на тогашниот познат свет. Меѓутоа, неговата прерана смрт беше и прерана смрт на неговата славна македонска држава. Неслогата и алчноста на  најблиските му генерали придонесоа кон распадот на Империјата и почетокот на македонската трагедија која траеше над 10 векови. Десет векови тешко ропство под Римјаните, Турците и нешто под бугарско и србско. Но никогаш под грчко, се' до 1913 година, кога со растурањето на Османлиската Империја и Балканските војни, македонската територија беше поделена на четири дела: грчки, српски, бугарски и помал дел албански.

И така се' до Втората светска војна, кога македонскиот народ си ја виде својата шанса. Ја зграби и со својата 100.000 војска конечно го фрли ропскиот јарем.  Создаде своја долгопосакувана држава, во која ќе биде слободен и живее како свој на свое. Но за жал, само на еден дел од својата етничко-историска територија, до тогаш окупирана од Србија. 

После насилното дезинтегрирање на заедничката новосоздадена држава СФРЈ,  на референдумот од 08 септември 1991 година,  Македонија стана самостојна, независна и суверена Република.

Филип Втори Македонски крал од 359-336 г-п.н.е.

Александар р.356-323 п.н.р. умрел во Вавилон

Меѓутоа, будните  македонски непријатели не ја заборавија грешката од минатото. Не му опростија на Македонците што успееа самите со свои сопствени сили да ги фрлат сите јареми од своите грбови и да воскреснат од пепелта. Македонското прашање на Балканот одново постана актуелно. Па така,  после осамостојувањето, побрзаа да изнајдат начини како да го вратат македонскиот народ таму, од каде  не ќе може да крене глава.

И најдоа!

Прво, го осиромашија со имплементирање на капиталистички повеќе партиски систем, го турнаа на колена да моли за парче леб и на крајот го присилија да пристане на саморазнебитување и да исчезне во мрачната историја, заедно со таканареченото "македонско прашање" на Балканот!?

Тоа го постигнаа со присилни договори за "добрососедство" со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија и  со многу други трикови и измами, нудејќи му интеграција во НАТО и Европската Унија да така обезличен, обезглавен,  разединет и неспособен да се брани, се изгуби за секогаш.

Реализацијата на овие пеколни и нехумани постапки за 21 век и времето на "демократијата", владеењето на правото, правдата и европските "вредности", му ја препуштија на домашни изроди, предавници и најобични  брутални криминалци, на квислиншката насилно инсталирана Влада, со Зоран Заев и неговиот СДСМ! 

А зошто? Некој ќе праша! А зошто пак да си ги валкаат своите раце, кога можат за мали пари  да го купат и поткупат џганот македонски? Да го купат, да го искористат и на крај, кога ќе им дојде времето, да го фрлат пак на буниште како отпаден и неупотреблив материјал да гние! 

Ама  е за жалење, но и за срам, кога успееа од безбедносните сили на Република Македонија, полицијата, Армијата и сите најчувствителни институции да направат квислинзи и слуги и да ги користат  против националните интереси на Македонците.

За срам и жалење е  што во целата ова ујдурма активно учествуваа и "народните" претставници во Собранието на Република Македонија. И не само од страната на СДСМ и ДУИ како коалициски партнери заедно со уште некои мали и сосема неважни партии за докусурување, туку и претставници од ВМРО-ДПМНЕ, позајмени на Зоран Заев за да ја доврши работата нарачана од странскиот фактор.

Се' почна, за почеток, со војната и постојаните уцени и закани на Албанците за специјален третман во Македонија и повеќе малцински права од оние кои спрема меѓународните конвенции им припаѓаат    и заврши со договорите за "добрососедски" односи со Грција и Бугарија. 

Но албанските барања не застанаа таму. Отидоа и многу подалеку и многу поагресивно од кои настанаа големи потреси во македонското општество: двојазичност на целата македонска територија, менување на македонските национални белези, повисоки командни позиции во Армијата и Полицијата на Македонија, зголемување на бројот Албанци во државната администрација, притоа, не почитувајќи ги потребните критерии за нивните образовни и персонални квалитети  и  т.н.т.

И сето тоа  со добро осмислени  планови и  подршка од западните ментори за да ги остварат своите   цели и целите на нивните "сојузници": конечно распарчување на Македонија!

Зоран Заев и неговиот СДСМ овисни од албанските гласови, отидоа и предалеку, незамисливо за  мултиетничка и мултикултурна држава во светот, а не само на Балканот.  Албанци да преговараат за промена на македонскиот Устав, промена на уставното име на Република Македонија, промена на државната химна, поголем број Албанци во дипломатијата без докажана лојалност кон државата која ја претставуват и почитување на официјалниот државен јазик   во Република Македонија...

Ама како што вели и насловот на текстов, генералите на Македонската армија постанаа вистински предавници, срам и понижувачки фактор за земјата која ги избра да ги бранат националните интереси на Реублика Македонија и безбедноста на  Македонците.  Тие први ги дезертираа своите обврски, ги фрлија македонските белези од своите униформи и им згазија на коските на македонските борци од сите времиња, но и на славната Армија на Филип Втори и Александар трети Македонски, втемелители на македонската држава и достоинството македонско.  Ја порекнаа заклетвата дека ќе му бидат лојални на македонскиот народ и дека ќе ги бранат неговите национални интереси од внатрешни и надворешни непријатели. Ги оставија Македонците на милост и немилост на соседите и заминаа да се борат како платеници за туѓи интереси.

БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТА И БЕЗ ВОЈНИЧКО ДОСТОИНСТВО МУ СЕ СТАВИЈА ВО СЛУЖБА НА ИЗРОДИТЕ И ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИТЕ, НО И НА ТЕРОРИСТИТЕ ОД ДУИ И УЧК. И ЗАТОА НЕКА ГИ БИДЕ СРАМ И СТИГНЕ ПРОКЛЕТСТВОТО НА НАШИТЕ СЛАВНИ И ХРАБРИ ПРЕДЦИ.

За секогаш, Ваш Сотир!

 

Родина Македонија

ЧЕСТИТ 8-МИ СЕПТЕМВРИ МАКЕДОНИЈО! ПОВТОРНО ЌЕ ТЕ ОСЛОБОДИМЕ! НИ ЕДНА ОКУПАЦИЈА НЕ ТРАЕЛА ВЕЧНО !

***

Во 1991 година македонскиот народ на референдумот се изјасни за самостојна, независна држава Македонија, матична и единствена држава на македонскиот народ. Овој чин представуваше крунисување на вековниот стремеж и борба на македонскиот народ за свое место под сонцето, за слободен живот за рамноправност во светот.

Последната официјално призната окупација на Македонија била за време на Втората светска војна. Но ова само за вардарскиот дел, останатите сеуште се окупирани.

Во таа официјално призната окупација, окупаторот, фашистичка Германија, преку своите балкански послушници Албанија, Бугарија и Грција, ја управуваа Македонија и ги тероризира Македонците.

Сегашната окупација повторно е од истите актери. Преширока, иако преочигледна, е темата на светско ниво, затоа ќе се задржиме само на вардарскиот дел, или официјално Република Македонија. По прогласувањето на независноста од југословенската федерација во 1991 година, во Македонија западниот фашистички окупатор веднаш ги активираше своите стари структури, но овој пат преку стратегијата и тактиката на современата специјална војна, а со помош на Албанија и Албанците диретно од една страна, но и со помош на Бугарија и Грција индиректно преку финансиско разузнувачка логистика. Албанците не учествуваа на референдумот, со што уште тогаш го изразија својот непријателски став кон Македонците, кој низ годините до денеска се потврдува во континуитет.

Домашните предавнички структури, петтата колона, со која западниот фашистички блок ја растурија Југославија, со несмален интензитет продолжи да ја растура и независна Македонија. И самиот Глигоров на референдумаската прослава, на плоштадот Македонија пред масата Македонци, независноста ќе ја честита со обраќање до "граѓаните и граѓанките на Македонија" а не до Македонците и Македонките, што многу потсеќа на денешниот фашистички вокабулар, а подоцна и отворено ќе зборува за Македонија како Швајцарија на Балканот, како синоним на поделено општество и нематична држава на народите кои живеат во неа.

Низ годините што следат потоа, бевме сведоци како низ разни демократски шарени лаги и ветувања, двете доминантни македонски партии, во соработка со окупаторот и неговите испостави, ќе го разградуваат и уништуваат македонското национално ткиво, на сметка на локалните фашистички соработници.

Македонците денеска  се свесни како никогаш досега за овие состојби и покрај медиумскиот мрак и манипулациите, како и целокупниот социјален инжинеринг што се спроведува врз нас. Македонците денеска се организираат во нови и неизвалкани организации и партии. Геполитичката карта во светот забрзано се менува на штета на современиот глобалфашизам, а на корист на сите слободољубиви народи. Наше е да останеме свесни за тоа што сме, да бидеме истрајни и посветени во самоорганизирањето и формулирањето на нашите интереси и да бараме сојузници во заедничката борба: Македонија на Македонците!

АНЕКС КОН ТЕКСТОТ: неколку факти кои не смееме да ги заборавиме.

1. Во егејскиот дел грчката држава потпомогната од западните сојузници, ги палела македонските села и ги протерала Македонците.

2. Тортурата врз Македонците од грчката држава продолжува да трае и после Втората светска војна, во т.н. демократска Европа под мониторинг на водечките западни т.н. водечки демократски држави. Истата не престанува и сега.

3. За време на фашистичката окупација, тука управувале балистичките одреди и бугарската војска.

4. Денеска и покрај процентуалната застапеност од само 10%, албанското малцинство управува со над 50% од државните ресурси, а застапеноста во администрацијата и органите надминуваат 70%.

5. Првиот лидер на една од доминантните партии, некогашен премиер, сега пребеган и заштитен од Бугарија, негира постоење на Македонците и јавно заговара поделба на Македонија. Направи катастрофални отстапки кон малцинствата, на сметка на македонскиот народ. Ги донесе НАТО војските како логистика на терористите од 2001 година. Не разреши ниту еден грабеж врз македонскиот народ направен во осумгодишниот период пред него. Не осуди никого за национално предавство.

6. Вториот лидер на истата партија продолжи со отстапките кон малцинствата, не разреши ниту еден грабеж и криминал направен врз македонскиот народ и држава направени од предходните власти. Не осуди никого за национално предавство. Власта неуставно ја предаде на докажан криминалец и терорист ( закана на премиер е терористичка активност кон една држава, а сите тоа го видовме на снимка). Истиот избега во земја членка на НАТО, дувло на Сорос.

7. Третиот лидер на оваа, наводно, патриотска партија го изманипулира македонскиот народ да остане мирен во моменти кога мирно требаше да излезе на улица и да спречи растурање на сопствената и единствена македонска држава. Шурува со западните глобалфашисти и чека од нив мандат за идна фашистичко-окупаторска влада.

8. Активистите на оваа наводно патриотска партија сеуште се клањаат на лидерот чија слика ќе биде обесена на sидот во нивниот партиски штаб.

9. Другата поголема владаечка партија направи пустош од македонската економија, ги ограби Македонците, изврши економски геноцид. Таканаречената транзиција усмрти многу стечајци, растури многу семејства, настрадаа генерации македонски деца. Нивни министри се расфрлаа со куфери полни со грчки пари, мафтаа со скапи грчки подароци, го продадоа Шеснасет кракото знаме, направија отстапки спрема соседните окупатори и малцинствата во државата, а штета на Македонците. Територијално ја распарчаа Македонија со цел полесна тортура врз македонското население од страна на агресивните малцинства. Сега (само  на хартија) го продадоа името, го укинаа постоењето на македонскиот народ и нација, ја распродадоа историјата. Пофторни полни куфери со туѓи пари. Народот гладува. 

10. Сведоци сме на стари, новоповампирени политичари, соработници на окупаторсиот систем, кои заговарат учество во окупационата власт. Секоја соработка со окупаторските власти се смета за непријателска активност спрема сопствениот народ. Не постојат фер и демократски избори организирани од нелегални и неуставна власт. Нема фер борба кога гласачките лифчиња ги печатат и бројат странски скуги.

11. Низ македонските вени сеуште тече македонска крв. Македонските срца бијат се' посилно. Слободата се наsира во светот, а темните фашистички сили ја губат моќта. Предавање нема.

Сплотете се браќа за конечно да ја ослободиме Македонија! 

Марија

 

Марија Воденска

ОДГОВОР НА ПИСМО ОД МАКЕДОНЕЦ СО СЛУЖБЕН ПРЕСТОЈ ВО АМЕРИКА

**********

Ме вознемири писмото во кое се зборува за државата Америка каде што со векови обоените биле робови. И тоа дека Музеите и Спомениците од време на војната Север-Југ, зборуваат за жртвите од војната и борбата на обоените робови од минатото, ОПОМЕНА ЗА ИДНИНАТА.

Но писмото истовремено ме поттикна да напишам нешто повеќе, како одговор на она, што сега се случува во Република Македонија.

Имам прочитано повеќе историска литература од американски обоени писатели, во кои е опишана трагиката на еден непризнат народ третиран како робови во служба на властодршците.

Тој тежок терор го понесовме и ние Македонците од Егејскиот дел на Македонија под Грција, со тешката неизвојувана слобода во Граѓанската војна од (1946-1949 г.) кога се најдовме под диктатурата на Монархофашизмот под владение на Кралот Павле и кралицата Фредерика-путанта...(тој прекар и' е од народот). 

И најсилен аргумент со заклучок е дека посилните секогаш ги поробуваат и угнетуваат послабите. / поединечно, колективно и државно ///. Сега во Република Македонија со трите ///жички ми е означено моето државјанство во службени документи издадени од МСВР, и се прашувам: КОЈА СУМ, ОД КАДЕ СУМ И ШТО СУМ ПО НАЦИОНАЛНОСТ? ЈАС СУМ РОДЕНА ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА, А ОД 1913 ГОДИНА ДЕЛ ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА. Односно Егејскиот дел под Грција.

Со каква намера од итрите Грци е натамошната постапка за приклучување на дел од РС Македонија кон Северна Грција??? И по кој начин е изнајдено да се прават компромитирачки Договори со Грција за територија, со Бугарија за македонската историја и со Албанската УЧК за двојазичен македонски докусурен дел од поранешна Република Македонија?

Сега процесот  на разнебитување е на Балканот, но најдрастично е во Република Македонија. Се продава држава со се' народ и со се' што е сопственост на тој народ. Засега, за обесправениот македонски народ му нема спас.

Поткрепено со една поговорка: Волот излезен на полето, здогледал нива со детелина и се пуштил да ја испасе детелината. Арно ама не знаел дека стопанот на таа нива се усмерил да му ги скрши роговите на волот...

Предавниците и корумпираните учесници од внатре добиваат пари и за следните генерации од надворешните владари, кои потоа го преземаат кормилото од внатрешните лесно-лејки корумпери Заев, Димитров, Шеќеринска, Катица и множество со нив.

Но/ секогаш има НО,/ искуството и времето покажале дека тие учесници во таквите зделки, со само своите потписи, а во несогласност на народот за распродажба на државниот и  народниот имот, никогаш НЕ имале просперитет. Напротив, изчезнувале како пород во семејства со трагични дегенерациски последици. Тоа е непремостива клетва од угнетениот, обесправен народ без право на реакција.

Писмото, спомнато во почетокот за обоените робови во Америка ме наведе да се позанимавам со хрониката за периодот кога созреале условите обоените да се кренат со својот намножен глас и да си ги побараат своите права во државата Америка. Војната СЕВЕР-ЈУГ е голема поука со трагични последици. Жртви на обете страни, но војната која завршила со незнајни масовни гробници и гробови низ градовите, кои денес се централни паркови. Белезите кои зборуваат за безпоштедните војни, за правата на еден народ, кој има еднакво право да суштествува заедно со другите народи во една правна држава. Гробовите и парковите се историски белег за војната во Америка.

Денеска Обоените, народ од црната раса, како и секој друг народ во Америка ги има истите права, но и должности според Уставот и Законите во Америка. И НИШТО НЕ Е НАД УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ.

И на крајот мојата конкретна енигма: Кој на кого има право да му се брка во сопствените животи?

Одговорот би бил: Неуништиво право со присила - Посилните врз послабите ги создаваат робските заедници. Сега во Македонија надвиснал врагот и како понатаму во неизвесноста?

Марија Воденска,

Бостон, 24 јули 2019 година.

 

Венко

Венко Андоновски

ВРАТЕТЕ ГО ЕДНОУМИЕТО, НИ ТРЕБА БАРЕМ ЕДЕН УМ!

**************

Наместо еден државен тоталитаризам, ние сме на пат да создадеме повеќе коегзистентни партиски тоталитаризми, кои се типичен пример за соживот во зоологијата: се напаѓаат само кога се избори, а потоа не само што не се напаѓаат туку на некој начин премолчено и се штитат.

*************

Има многу анегдоти за покојниот книжевник гениј Петре М. Андреевски. Една од нив говори за неговиот прием во Комунистичката партија. Имено, Петре требало, поради своите способности, да дојде на местото уредник во тогашната телевизија, ама постоел услов за тоа унапредување: да биде, се разбира, член на партијата.

Значи не е тоа од вчера со партиската припадност и вработувањето; разликата е во тоа што тогаш не се вработуваше, туку се (у)напредуваше по партиски клуч. Имаше само една партија, која преку етикетата "морално политички подобен" решаваше кој ќе дојде на повисоки места. Ние го заостривме партискиот критериум: тој важи и за прво вработување на портир. Како и да е, Петре, кој дотогаш не сакал да биед член, поттикнат од неговиот тогашен генерален директор, негов колега по перо, Матеја Матевски, седнал и почнал да го пополнува формуларот. Го убедил некако да не се противи. А сигурно му требале и пари, повисока плата. Го пополнил делот со генералии: име, презиме, место на раѓање, професионална биографија, а кога дошол до последната графа, на која стоело прашањето "Зошто ДОСЕГА не сте станале член на КПМ?. Петре добил инспирација, па се распишал. Навел еден подолг список причини, отворено кажувајќи што се' му лежи на душа и што го оддалечувало од другарите во партијата. Напишал: затоа што крадете, лажете, затоа што се откажавте од Егејска Македонија, затоа што праќавте луѓе на Голи Оток...По петнаесет минути, формуларот бил на масата на директорот Матевски, кој решил да го провери пред да го даде во партијата. Откако го прочитал формуларот, го повикал Петрета и со коса крената од ужас, му рекол: "Добро бре, Петре, ти пишуваш молба да те примат, или да те исклучат од партијата?" Па потоа го седнал, му дал нов формулар и му рекол во графата со спорното прашање да напише само: "Поради моја лична незаинтересираност и неодговорност". И така, Петре станал морално политички подобен, станал член на партијата и добил уредничко место со повисока плата. И најважно: анегдотата се проширила и до највисоките врвови на КПМ, каде што челниците се смееле; НО НИКОЈ не му наштетил на Петрета поради тоа.

Анегдотава е поучна: таа е макета за биполарноста на "едноумието", термин што особено денес, и особено од младите луѓе (родени по падот на комунизмот, односно - социјализмот), луѓе убедени дека живеат во демократски режим, се користи само со негативна конотација. Прво, во тоа едноумие, луѓето беа многу поблиски и посолидарни (Матеја, како книжевник конкурент, го спасува Петре да не настрада од партијата). Второ, бидејќи имаше само една партија, луѓето точно знаеја што не смеат да кажат: не смееја  да лаат против Тито и Јованка, против КП, и тоа е се': безбеден си. Не стравува дека за некоја година ќе се "смени власта" и дека ќе остане без работно место. На некој начин, иако сите се колнеа во таа партија со стисната тупаница на слепоочницата, некако илегално ја доживуваа и како своја потенцијална опасност, па се предупредуваа едни со други и се штитеа да "не изгорат идеолошки". Дури и полициски службеници предупредуваа свои пријатели, интелектуалци кога "ќе претераат", па ги советуваа "да молкнат". Лично сум бил сведок на тоа, во бифето на тогашниот Филолошки факултет.

Второ, кога се жигосува едноумието, треба да се има предвид дека од него има и нешто полошо: безумието. Од диктатура ( која, како и демократијата, е СИСТЕМ), полошо е само отсуството на ум.

Бесумието, за жал, многу често, особено во балканските држави, се сфаќа како демократија. Безумието е едноставно, неспособност за разумно мислење и нема никаква врска со демократскиот поредок, иако може често да има врска со прикриена диктатура. Прашајте се: ако денес би сте напишале таков отровен список на жестоки обвинувања до една партија (а притоа барате прием во неа или вработување), како би сте си поминале.  Тешко дека највисоките врвови на партијата слатко би се смееле, дека самите би ја ширеле анегдотата, а камоли да ве примат за член и да ви дадат (повисоко) работно место!

Мене ми се чини дека ние заменивме едно едноумие (една партија) со две, три, четири, повеќе едноумија (партии), и тие повеќе едноумија ги доживуваме како ПОЛИУМИЕ, односно ДЕМОКРАТИЈА.

Наместо еден државен тоталитаризам, ние сме на пат да создадеме повеќе коегзистентни партиски тоталитаризми, кои се типичен пример за животот во зоологијата: се напаѓаат само кога се избори, а потоа не само што не се напаѓаат туку на некој начин премолчено и се штитат. Тоа го прават и животните во еден биотоп: имаат совршена поделба на територијата на "мое" и "твое" и заеднички го штитат биотопот кога нему му се заканува опасност од "натрапници" што би сакале да ја преземат власта во биотопот.

Конечно, во тоа едноумие имаше и уште една вредност, која ја нема во денешново "полиумие". Бидејќи имаше само една партија, сето незадоволство и гнев, природно, беа насочени кон неа. Критиката на таа една партија се доживуваше како "субверзивно мислење" и "поткопување на државата". Денес, ако критикувате една партија, веднаш, автоматски и по дефиниција ве сметаат за припадник на соперничката партија, дури и да немате партиска книшка. Не можете да упатите критика како "непартиски припадник" или независен човек што мисли. Со други зборови, нема да ве обвинат дека ја поткопувате државата, туку само нивната партија. Како да е таа држава.

И уште нешто, не помалку важно: тоа едноумие, сакало-нејќело, не можеше да ги прескокне вредностите, без разлика дали се членови на партијата или не. Примерот со Петре најдобро го покажува тоа: иако непартиец, а подоцна "критички расположен партиец", тој беше еден од првите што беа печатени во југословенската библиотека "Хит", со неговиот "Пиреј" (и тоа со "националистичка тема"), на српско-хрватски, под наслов "Пирика". Денес можеш и да си Моцарт, но ако не си партиец, ќе те сметаат за никој и ништо.

Партиската припадност е вредносен критериум, не способностите и талентот на човекот. Тоа остава погубни последици, особено во најчувствителните имунолошки системи на една држава: образованието и уметноста. На пример, зошто власта, а не артистичкиот еснаф именува директори на театри? Така, се менуваат според партиски клуч, дури и кога се најнеспособни, по принципот пар-непар: кога се на власт едните, тие поставуваат директор; кога се другите, поставуваат тие. Со тоа ги делат артистите. Кога постоеше една партија, сите беа нејзини членови, така што способните беа на едно место, не во два табора и секогаш се ставаше квалитетна личност за директор. На тоа се должат и легендарните успеси на македонскиот театар во некогашна СФРЈ. Така што, и на планот на ценењето на вредностите на личноста, едноумието не е баш "сатана" наспроти ебагелот на демократијата.

Кога сето ова ќе се сумира, останува човек да се праша: што сме се возгордеале ние толку со таа наша денешна "демократија", кога таа е еднакво нехумана, ако не е и понехумана од предходните наши искуства со тоталитаризмот? Гротескно изгледа, ама на човека му доаѓа да викне: вратете го едноумието, тогаш барем се размислуваше и тоа субверзивно. Ни треба малку реализам во мислењето, зашто ништо на светов не е ни црно ни бело, иако оваа демократија инсистира на таков мелодрамски пристап кон светот (добар наспроти лош) Толку.

https://www.novamakedonija.com.mk

03 септември 2019 г.

 

Розита-поетеса

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

 

Розита Христоваска

ОТВОРЕНИ РАНИ

 

  • Ако сте кинисале за Македонија
    а не знаете на која страна да тргнете,
    само следете го патот на светлината
    и ќе ве доведе во нашите краишта,
    во земјата полна со коски осветени
    со фрески и икони во светите храмови.
    Иако калезба не сме ви пратиле
    со јаболко црвено од срце подадено,
    ко најмили гости ќе ве пречекаме
    со сол и погача за добредојде,
    оти душата ни е ко планина голема
    и секому врата ширум отворена.
    Ќе ве нагостиме со полна трпеза,
    пита зелјаница под вршник печена
    и кисело млеко од мариовски бачила,
    свежо уловена охридска пастрмка
    и печено младо јагне шарпланинско
    залиено со нашето црно тиквешко.
    Ќе ве прошетаме по цветните ливади
    да се опиете од мирис на јорговани,
    по лаките со класје од бела пченица
    по лозјата со натежнати зрели гроздови,

  • со чеза ќе ве одвеземе на галичка свадба,
    да чуете звуци на тапан, кавал и гајда
    Ако треба последниот залак ќе ви го дадеме,
    само немојте, немојте да се дрзнете
    по нешто свето исконско наше да чепнете,
    немојте кумство ново да ни понудите
    оти името наше е прастаро и Господово
    како што ни се јазикот и знамето алово.
    И ако не сте овде за арно дојдени,
    ако ѓавол ве донел со лоши думи и намери,
    кога крај лавот врвите кроце на прсти газете
    оти по мирисот распознава луѓе од нелуѓе,
    па од сонот лесен пред да го разбудите,
    со благослов за збогум да ве испратиме.
    А за здраво-живо на заминување
    со матарка комовица ќе ве даруваме
    лута како нашите рани отворени
    од вековни ропства болни и крвави,
    многумина пред вас така заминале
    оти пред никого глава не сме нааведнале.
    ***********
    Автор: Розита Христовска-Македонска

 

ВИДЕОТЕКА

 

Kind regards: 11 септември 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 237