Сотир

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ШАРЕНИТЕ СЕ "ОСВЕСТИЈА" И СТАНАА КРИТИЧАРИ! 

********

 

Се' уште ни се свежи спомените од недалечното дивеење на срамотната и деструктивна  шарена револуција.  Резултатите  од нивната борба за право и правда се' уште се видливи на секаде. Од  македонската држава направија вистински "ќенеф".  Држава без достоинство, без минато и без национални обележја.  Светска лакрдија, со која се гордеат само недоветни и малоумни монструми.  И гледајте чудо: главните актери се' уште ги воспитуваат младите поколенија да си ја мразат татковината, а народот се' уште дебело ги плаќа!

Создадоа перцепција на свет во кој криминалот, корупцијата, поткупот и лагите  се категории на однесување од кои  може добро да се живее, а патриотизмот е  ерес и му припаѓа  на минатото. И навистина им успеа кај дел од Македонците доволно наивни и инфериорни дури и за Зоран Заев и неговите најблиски пајташи. Го играа неговото оро дури му беа потребни, а после? А после   некои од најагресивните водачи, кои мислеа дека после паѓањето на стариот режим ќе потече мед и млеко по улиците на Македонија, останаа со куси ракави. Беа изиграни од  Зоран Заев, човекот кои ги водеше и на крај кога седна на премиерското столче ги напушти како испукани фишеци  за рециклажа.

Намагарчи голем број следбеници, меѓу кои и од многу пообразованите од себа, ама по итрина и "мудрост" ниту до неговите колена.  Намагарчи и голем дел од универзитетската фела и создаде држава за резил, ама за дел од неговите најблиски, рај. Но, и на тоа пополека му иде крајот. Еден по еден  паѓаат во неговата мрежа, а сите заедно во мрежата на неговите странски наредбодавци, 

И добија што  бараа: Држава за срам на Балканот и за чудење кај мнозинството во светот. Држава на налудничави, полуписмени и криминални,  таканаречени "државници". Хохштаплери, квинслинзи, малоумни изроди и најгнасни предавници, на својот сопствен народ  и неговите највитални национални интереси. Ама и доказ дека нивните странски газди не летаат повисоко од нив.

Еден од нив, е универзитетскиот професор по  право Гордан Калајџиев, на долната фотографија. 

Универзитетскиот професор, по право, Гордан Калајџиев се бори за право и правда со шарени бомби по фасадите на државните институции!?

Професорот Гордан Калајџиев не сум го видел лично, ама ниту сакам да видам такви недоветни дегенерици. Воспитувачи во највисоката образовна институција  од каде би требало македонското општество да добива кадрови од сите профили потребни за успешен развој на Државата. А какви учени млади луѓе ќе излезат од науката која излегува од еден нецивилизиран  монструм?

Еве Гордан Калајџиев, универзитетски професор, што мисли за аферата "Рекет": -мислам дека по малку е неверојатно да зад целата оваа лудорија "Рекет" да стојат само Боки 13 и Катица Јанева. Бидејќи тоа е рамно на лудост. Сега они не се, баш, цвеќе за мирисање, но не се и најпаметните, ама толку луди не се, појасна Калајџиев за емисија "Журнал" во ЈАВНО.

Калајџиев не се задржа само на оваа  едноставна констатција за интелектуалните карактеристики на Боки 13 и Јаница Јанева, туку продолжи уште понатака: - Значи просто е неверојатно да некои двајца карактери вакви како од цртан филм да смислат нешто такво, не знам како се викаа едни две глувчиња што секоја вечер одново смислуваа да го освојат светот. Тоа е така како пародија, цртан филм за возрасни. Од кои што едниот е глуп, а другиот паметен. А од овие двајца се вели дека Боки 13 бил паметен, но не знам кој од кого е попаметен.

Па така и нека биде професоре Калајџиев. Меѓутоа, вие како да постанавте сенилен та така брзо заборавивте се' што му правевте на народниот имот за време на вашата шарена револуција; кога, заедно со вашата колешка, балерината, Мирјана Најчевска, како два стаорци излезени од скопската "ќенеф" канализација смисливте  да го освоите светот и да донесете "право и правда" во сопствената држава.

Кој од двата стаорци бевте вие а кој вашата колешка? Се сеќавате ли? Се сложувам со вашата констатција дека од двете глувчиња било едното попаметно, ама не знаете кое од кое било поглупаво!? Ако се тие тоа што велите, а какви се стаорците кои ги спомнавме? Можеби вие, професоре Калајџиев. Гледате дека злото не се заборава? Секогаш и на секаде ќе ве следи, па и во вашиот ќенеф!

За секогаш ваш, Сотир!

Иван Трпоски, поет

Иван Трпоски

ОД СОВЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС АВСТРАЛИЈА

*********

 

Советот на Македонската заедница за Нов Јужен Велс на состанокот кој се одржа на 27 август 2019 година во просториите на црквата Св. Петка во Сиднеј едногласно ја прифати поканата од Заедницата на Македонците во Канбера кои повикуваат на заеднички протест пред амбасадата на Република Македонија во Канбера кој ќе се одржи на 8-ми септември оваа година.

Фото: Културен настан приреден од Советот на македонската заедница во Нов Јужен Велс. Средба со Либералниот министер Дејвид Колиман, кој на Заедницата и' одобри фонд од 250.000 долари за спроведување на културни настани.

Ќе се патува со автобуси и со приватни возила. Кои сакаат да учествуваат на протестот пожелно е да го понесат со себе симболот на Македонија - Сонцето од Кутлеш и да си набават патни билети преку одговорните лица од своите друштва.

Се протестира под слоганот "НИКОГАШ СЕВЕРНА, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!" против дискриминаторската политика на владата на Република Македонија која за последниве три години од владеењето направи пустош со економијата, предизвика најголем криминал и корупција во земјата и без волјата на народот и'  го промени Уставот и името на државата, воведе двојазичност низ целата територија на Македонија, ги промени националните симболи, ја продаде историјата со своите историски личности, се одрекна од грижата за својот, македонски, народ ширум светот итн. итн.

НИКОГАШ СЕВЕРНА! СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА!

Од Советот на Македонската заедница вo Канбера, Нов јужен Велс!

___***___

 

Свекрва

ИСЕЛУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ ПОД ОВАА ВЛАСТ СТАНА ТРЕНД

 

СО СДСМ И ДУИ МАКЕДОНИЈА СТАНА НЕФУНКЦИОНАЛНА ДРЖАВА

******

Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот.

Се очекува дека Палмер ќе ги зајакне дипломатските напори на САД во подршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот и ќе се насочи на интеграцијата на државите од Западен Балкан во западните институции. Всушност се очекува овој "српски зет" да спроведува силна дури и брутална политика над  "земјите на линијата на огнот".

Специјалниот претставник на САД за Балканот го подржува Преспанскиот договор. Мекото македонско сценарио со кое беше инсталирана марионетска власт требаше да биде модел по кој ќе се елиминираат властите во регионот кои не се кооперативни со меѓународната заедница.

Меѓутоа, криминогеното однесување на дел од претставниците на власта во земјата, Боки Тредичи, Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство, кое беше инсталирано од меѓународната заедница со цел дискредитација на претставниците на предходната власт и промена на името, ќе ја натера меѓународната заедница да преземе други чекори кои можат да бидат во иднина дури и брутални.

Новиот специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер сигурно не би сакал да има работа со оние лица од регионот кои се инволвирани во афера од типот на "Рекет". Тоа би значело дека на сегашната власт им се ближи крајот.

Сепак многу е чудно што досега по сите објавени скандали од аферата "Рекет" нема оставки, ниту пак е распуштена Владата. Исто така многу е чудно што ништо не се говори за претставниците на ДУИ во власта иако постојат индиции дека многу од нив длабоко се инволвирани во низа афери во земјата. Очигледно добро се заштитени како "бели мечки".

Се очекува меѓународната заедница, која досега молчеше, набргу да реагира и оваа ненародна власт која наводно бегајќи од режим се обиде да воспостави централизирана власт-тоталиризам (една личност да раководи со извршна, судска и законодавна власт, да ги има клучевите од благајната, како и да се обиде да ги замолкне медиумите), да биде заменета на предвремени  парламентарни избори.

Ако нешто брзо не се промени во власта Македонците се' помасовно ќе се иселуваат од земјата. Иако нема попис од 2002 година, изгледа во пследно време, иселувањето на младите се' повеќе се зголемува. Причините се различни-од немање на работа па се до недоверба во институциите, за каде е потребно алашвериш ако сакаш да завршиш некоја работа или пак да се вработиш. Оттука иселувањето на младите под оваа власт стана тренд.

Со ваквите криминогени дејанија во земјата, луѓето како Боки Тредичи и Катица Јанева допринесоа кај младите да преовладува мислењето дека секаде животот е подобар отколку дома, дури и кога не е така. Тие што ќе заминат во странство дури и кога не им е добро, кај своите домашни говорат дека живеат во изобилие, што предизвикуваат комплекс на инфериорност кај оние што не успеале да заминат.

Младите Македонци со ваков комплекс им се клањаат на странците мислејќи дека се подобри, а всушност често пати се тоа белосветски неранимајковци кои доаѓаат во земјата само за да заработаат на начин од кој потоа произлегуваат разни афери.

Со доаѓањето на власт на Социјалдемократите и ДУИ, Македонија стана нефункционална држава. Се наметна еден стил на уцена, лажење, крадење итн.

Со фалсификувана диплома можеш да бидеш поставен на висока позиција. Голем дел мислат дека колку повеќе излажат се многу попаметни. Но, тоа се марионети кои неможат да се справат со проблемите и ги прават нефункционални институциите. Тие ја уништуваат државата.

Постарите Македонци кои можеа  да се справат и да ги надминат проблемите полека го напуштаат овој свет.

Сега светот останува на младите.

Ако младите Македонци сакаат да ја зачуваат оваа држава која постарите им ја оставиле во аманет, треба да ги засучат ракавите и да направат нешто за своите деца.

Прво треба да ја искоренат корупцијата која како рак го нагризува секое тело и потоа без да ја виткаат кичмата пред странците да создадат пристојна држава на македонскиот народ.

http://mn.mk 

Жаклина

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

************

 

 

ОГЛЕДАЛО

(Жаклина Михајлова)

  • Не, не сум си јас во мојава кожа!
    Некој друг се вгнездил тука.
    Ни огледалото не го препознава
    чиј ли тоа лик ми се осознава?

    Убавината несетено земала збогум веќе,
    не ми изгледа лицето како утринско цвеќе.
    И радоста од очиве некако исчезнала цела,
    венеам, копнеам за разбирање на душава бела.

  • Чии ли очи ме гледаат тажно,
    кога погледот ми во моите гледа?
    Кој ли ме опива, ме мачи, ме врти
    чија ли душа во мене постојано 'рти?

    Прашања безброј, одговор нема,
    животов во тишина се' ми одзема...
    **************
    Автор: Жаклина Михајлова

Славе

 

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 25

ГОЛЕМИТЕ ПРЕСЕЛБИ НА БАЛКАНОТ ВО БРОНЗЕНО-ЖЕЛЕЗНИОТ ПЕРИОД

 

Според археолошките наоди, на преодот од бронзениот во железниот период (1200-800 година пред Христа), повторно настанала епохата на превривање и несигурности на Балканот, слична на енеолитот (Папаставро, 1972 г.; Гарашанин, 1988 г.; Гавела, 1988 г.). Во овој период повторно дошло до поголеми и помали раздвижувања на жителите.

***************

Миграциите биле предизвикани со инфилтрација на нови сточарски групи од севернопонтинските области кон среден и долен Дунав (што може да се следи со културата на полињата со урни во Панонија), и до нови притисоци, селидби и последниот процес на прегрупирање, дезинтеграција и распаѓање на старите заедници.

До овој заклучок, уште порано, дошол Heurtley (1939 г.), кој врз основа на истражувањата на материјалната култура во Македонија, истакнува дека на крајот на микенската еволуција и почетокот на супгеометрискиот период, може да се констатира период на миграциски елементи на Балканот, поврзани со Медијана група, од околината на Светозарево во Србија (1300-1000 година пред Христа), во правец на југ кон Морава, Вардар и Егеј. Во прашање бил еден од оние бранови на преселби кои придонеле за рушење на микенската цивилизација. По завршувањето на овој процес, се' до доаѓањето на Келтите и римското освојување на Балканот, немало поголеми археолошки промени.

Во овој период на Балканскиот Полуостров се појавиле нови големи етнички групи. Во источните делови биле Тракијците, а во јужните Дорците, а во западниот Илирите. Иако засега неможе да се утврди нивното потекло и областите од кои емигрирале (веројатно од реонот на курганската култура во евроазиските простори), нивните архиолошки, историски и лингвистички траги се многу раширени. Во овој период, во источна Европа како доминантна етничка група се појавиле Скитите, а во западна Европа Келтите.

Мала Азија

Досегашниве истражувања на античките писатели за споменатите етноси утврдиле дека миграциските бранови на почвата на Балканот ги потиснале најпрво староседелците, а нивниот притисок во бранови со паника се почувствувал во цела континентална и микенска Елада, т.е. во Пелагонија, во централен Балкан, егејските острови, Мала Азија, Сирија, Кипар и Египет. Овие преселби во историјата се означени како "народи на морето", а нивното време како "мрачноисториско време".

Пелазгите кои живееле во Епир (Теспротоја) ја напуштиле својата Додона со Зевсовиот храм и се доселиле во рамницата на реката Пенеј во Еолија (ajolis-светол,брзоног, подвижен), па оттогаш оваа област се нарекувала Тесалија, т.е  земја која ги присвоила. За оваа миграција Херодот (VII,176) во своите дела каде што ја опишува Термопилската Клисура во врска со настаните во војната со Персијците, вели: "... во таа клисура порано бил изграден sид и на него била направена една капија. Sидот го изградиле Фокејците од страв од Тесалците, кога тие дошле од Теспротија и сакале да се населат во еолската земја каде и денес живеат... Стариот sид изграден пред многу, многу години и поголемиот негов дел бил уништен во текот на времето".

Тесалските Ахејци (Мирмидоните), кои останале со новодојдените Пелазги од Теспротија, станале робови, додека другите побегнале. Еден дел отишол на соседниот остров Евбеја и во Мала Азија кај Троја, т.е. подоцна наречена Еолија, а другиот дел се населил на северниот дел на Пелопонез, кој оттогаш се нарекувал Ахаја (Папаставро, 1972 г.). Во Тесалиската Рамнина историчарите ги идентификувале следните региони, по доаѓањето на  теспрочанските Пелазги-Тесалците. Централниот дел бил наречен Пелазгоитидис, со градовите Арг и Лариса. Северозападниот дел се нарекувал Хистиотида. Јужниот дел Фтиотида, каде се наоѓале ахејските бегалци, по заземањето на земјата на Тесалците.

Следниот бран миграција бил во 1130 година пред Христа, а ги опфаќал Пелазгите од јужните делови на планините од пидскиот масив, Војон и Грамос, меѓу Македонија и Епир, под името Беоти или Беоќани, според планината Војон. Тие ја зазеле Кадмовата земја, денешна Беотија, меѓу планините Хеликон и Китерон, на границата со Атика.

Крајбрежниот бран на други доселеници се спуштил по  јонскиот дел на Јадранското Море, преку Акарнанија и Коринтскиот Залив во северозападниот дел на Пелопонез во Елида и Ахаја.

Од централниот балкански дел, Македонија и Тракија, Бригите и Битињаните, како и други народи, мигрирале во Мала Азија, каде подоцна повторно ја изградиле Троја. За овој настан Херодот (VII, 73) вели: "... Фриѓаните, по кажувањето на Македонците, имале име Бриги, а кога се преселиле во Азија, истовремено го смениле и родниот крај и името, и се нарекле Фриги".

Понатаму во текстот Херодот (VII, 75) ја опишува генезата на Битињаните и истакнува : "... Тие кога преминале во Азија, го добиле името Битињани, а порано, како што сами раскажувале, се викале Стримоњани, зашто живееле на Стримон". Понатаму вели: "... Арменците се потомци на Фригите". Од Средно Подунавје, исто така, имало повеќе миграции. Тоа се пред сите Мизијците mis-глушец, кој бил свето животно и симбол на оваа популација). Мизијците живееле на просторите на денешна Србија, меѓу Дрина, Сава и Дунав. Останала нивната етнолошка ономастика во топонимите: рид и село Мишар и посавскиот крајбрежен дел на сремската страна.

Сите овие миграциски поместувања на Балканот довеле до уништување на важни државни и културни центри, не само на Балканот, туку и во Мала Азија (хетитската држава), во Сирија, Палестина, па се' до Египет. Овој бран на селидби на "народите од море" бил запрен од египетскиот владател-фараонот Рамзес III, во 1194-1190 година пред Христа, што е востонавено од еден египатски епиграм во храмот Мединет Хабу, за запирањето на Дануните (Подунавците), Пелешаните (Пелазгите), Фригите (Бригите) ит.н. (Chikde, 1986 г.; Papastavrou, 1972 г., 4; и Macqueen, 1986 г., 157).

Со селидбата на новите етнички групи на Балканот и со поместувањето на старите, Полуостровот влегол во период на дифузија и преобразување на неговите жители. По "мрачниот историски период" од неколку векови, дошло до ревитализација на општествените и економските односи, до развој на културата која ќе обезбеди создавање на нов европски дух на слободата и независноста.

Продолжува  http://mn.mk 

 

ВИДЕОТЕКА

Kind regards: 06 септември 2019

Sotir Grozdanovski broj 236