НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА 

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

 ДО КОГА БРАЌА МАКЕДОНЦИ?

*************

СО БЕГАЊЕ НЕМА СЛОБОДА! 

Можеби насловот на текстов што го пишувам, е недоречен, ама ако се стрпите, ќе ви биде јасно што сакав да ви кажам. Да ви кажам, без да ве излажам, што вели народниот пеач;  водата дојде до грло и шега повеќе нема, ниту време за мајтапење! Пред очите на цел свет станавме стадо овци без стопан, кое мирно си го чека својот суден ден  да исчезне, за секогаш!

Не да незнае, светот ја знае вистината, ама пусто око ненаситно, се' што ќе види, сака да е негово. Ако му дозволиш, така и ќе биде! Сега веќе дојдовме до тоа што сакав да ви кажам! Дојде време да се крене главата, да се стегне тупаницата и да се удри што се може посилно  таму, од каде стравот доаѓа. Кој постојано бега и си го напушта својот животен простор и се' што изградил на него, ја докажува својата слабост и дека се' што му се случува си го заслужува.

Денешните властодршци, ама и оние пред нив, си ја земаат македонската земја како да е нивна бавча и без дозвола и знаење на сопственикот, плодовите им ги  подаруваат на соседите. И само затоа, зошто тие така сакале и дека можат тоа да го добијат без отпор. Затоа, зошто Зоран Заев не е Филип, а Никола Димитров не му е ниту до колена на Александар Македонски.

И не само тоа! Уште порано и македонскиот воен терен Криволак му е подарен на странска војна сила, да ги бранат од својот сопствен народ, ако им затреба.

Секогаш имало и се' уште има изроди и предавници. Имало, ама македонскиот народ знаел како да излезе на крај со нив. А денес? Денес се накотија како штакори и се изнапикаа во власта на својата сопствена држава и од внатре, така задскриени од правдата, успеа дури и државата да ја продадат, а народот, ниту да мрдне!  

Ох, да! Како да не! Ако не се Македонките кои први ја насетија опасноста од каде доаѓа, човек би помислил да не е во Македонија. Знамиња и споменици, албански, на секаде, па и на борци од балистичките времиња па се' до 2001, или борбата за "човечки" права. Ама македонски, на прсти да ги изброиш!

За да ја докажеме вистината, не требаме да одиме многу далеку од сопственото двориште, па да  сознаеме за кого и за што се работи.

Разликата меѓу поранешната гарнитура и сегашната на Зоран Заев е мала. Никола Груевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и потоа премиер на Република Македонија, откако ги изврши сите подготовки, заедно со Ѓорги Иванов, поранешен претседател на Република Македонија исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, му ја клизна преку граница со помош на шарените  (педери). Му го подготви теренот на Зоран Заев и СДСМ, потоа на Никола Димитров, на Радмила Шеќеринска но и на своите наследници со Христијан Мицкоски, да го довршат планираното предавање на Република Македонија на соседите: Грција, Бугарија и Албанците во Македонија!

Со обезличувањето на Македонците, воздигањето на Албанците на повисоко ниво од мнозинскиот народ во земјата, бришење на одлуките на АСНОМ од Уставот, внесување на Рамковниот договор со Албанците како темел на Република Македонија, двојазичноста, полнење на Армијата и Полицијата, а секако, и секое важно и одговорно место во македонската држава со албански терористи и убијци од војната од 2001 година, иницирана, подготвена од западни воени групации и извршена од Албанци од Косово и од Република Македонија, започна уништувањето на заедничката држава, Република Македонија, и нејзиниот унитарен поредок.

Никола Груевски се' направи: си постави и свој наследник, Христијан Мицкоски, и со тоа го заврши својот дел од пеколната и деструктивна задача. Промената на името и идентитетот на Македонците им ги остави на Зоран Заев и СДСМ. Погубните договори со Бугарија, Грција и Албанците во Македонија, се жив доказ за тоа!

А знаете ли зошто тоа беше така? Па затоа зошто на една и така бугаризирана и поалбанчена политичка партија која го презеде и модифицра името на Гоцевата ВМРО со додавање на придавката ДПМНЕ, било би и' преочигледно за да го скрие своето предавство и дека работи  против македонските национални интереси. Исто како и на Зоран Заев и СДСМ што им е под нивното "достоинство" да биделе  патриоти, зошто повеќе им доликувало да се  човекојадци!  А што е најважно, да не се откријат пред своите членови и Македонците дека се "кртица" во македонското општество, а не бранители на македонските национални интереси! Соодветно на поранешните Врховисти, кои на македонското национално движење му нанесооа огромни штети и човечки жртви.

Инаку, се' друго  си остана исто; одрекнувањето од грижата за делот од Македонците раселен по светот од разни причини, потоа поделбата на Македонија меѓу Албанците  и Македонците, па двојазичноста, како надомест за нивното коалицирање, па пополнувањето на македонската Армија и Полиција, но и секое друго важно и одговорно место во администрацијата на Република Македонија   со најекстремни терористи од УЧК и ОНА, потоа  помошта при изборот на Талат Џафери (двојни воени дезертер и учесник во борбите против Македонија и Македонците), за претседател на Македонското Собрание, подигнување на Албанците над Македонците со поништување на одлуките на АСНОМ во македонскиот Устав и внесување на Рамковниот договор како државотворен акт,  и булук други работи за полесно растурање (од внтаре) на македонската држва и конечното елиминирање на фамозното македонско прашање на Балканот. Меѓутоа, Албанците и понатака поставуваат дополнителни барања поткрепени со уцени и закани, а да при тоа со ништо не придонесуваат за мирот, безбедноста и благосостојбата на државата. 

Албанците во Македонија имаат многу повеќе бенефиции и права како национално малцинство, од она загарантирано со разни меѓународни правни акти за човекови права. Ама и тоа не ги задоволува нивните апетити. Секогаш бараат покрај лебот уште и погача. Се самонарекуваат  народ рамноправен со мнозинскиот  во земјата, а тоа е македонскиот. Ќе има ли крај на ова недолично однесување?

За положбата на Албанците во Македонија се јавила професорката по право Беси Арифи, на што реагирала македонската професорка Симона Груевска-Маџовска од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков"-Скопје со своја порака, објавена во весникот https://pogled.mk.

Пораката е од извонредно значење за обзнанување на вистината за положбата на Албанците во Република  Македонија и нивното непријателско однесување спрема македонската држава и мнозинскиот македонски народ, па затоа одлучивме во целост да ја објавиме во нашиов портал Македонски Збор, со што ќе го завршиме и денешново јавување.

 ___***___

Проф., Груевска - Маџовска

Проф., Симона Груевска-Маџовска

ПОРАКА ДО БЕСА АРИФИ

***

"Срце едно нацистичко, драга моја Беса Арифи! Па, кога дошло вакви националисти да предаваат право, јасно е зошто правото во Македонија треба со боринче да го бараш! Каква патетика, каква мелодрама! Седеле во подрум и учеле. Зошто? Затоа што некој без дозвола отворал универзитет и го кршел Уставот. А нашиот Устав што им значи? Ништо! Како и се' друго - химна, знаме и сите други државни симболи што исто со боринче треба да ги бараш кај што живеат повеќе Албанци! Е па, драга професорке по право, видовте што се случи во една држава членка на ЕУ само што направија референдум. Да, да, во ЕУ. За Каталонија и Шпанија мислам", и' пишува професорката Симона Груевска-Маџовска од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков"-Скопје на професорката Беса Арифи по нејзиното обраќање во кое таа тврди дека Албанците се дискриминирани од Македонците.

********************

"Во 1998 година сиромашната Македонија прими над 300.000 бегалци од Косово. Им понуди гостопримство. И како се врати нашето гостопримство? Кога се смири ситуацијата во Косово, Албанците се вратија назад, ама Ромите не ги примија! Нацизам пар екселанс!

Во 2001 година дигнавте оружје на сопствената држава. Ги избркавте Македонците од сопствените огништа и никогаш не ги пуштивте  да се вратат! Тоа се вика етничко чистење, драга професорке по право! Исто како со Ромите во Косово. Дали некој Албанец бил протеран од своето огниште? Мене не ми е познато.

Дигате споменици на Американци зашто тие ви ја извојуваа победата и во Косово и кај нас. Билали Клинтон, а?

Сакате да знаете што памтам јас? Секогаш во школо поминувавте полесно од нас. И сите до еден бевте со сите петки или десетки таму кај што имаше наставници и професори етнички Албанци - незаслужени! Се среќававме на некои испити на Филолошкиот факултет - просек 10, а основни работи не се знаеја. Ние паѓавме за такво незнаење.

Кога јас бев помлада, девојчињата учеа само до четврто одделение и ги вадеа од школо за да подготвуваат чеиз за мажење. Кој им бранеше да учат? Сигурно Македонците. Потоа, кога се зголеми интересот за образование, многумина сакаа да учат во среднотомедицинско училиште. И Македонците исто. Стотици Македончиња остануваа незапишани и одеа на други струки.

Ама кога останаа Албанчиња незапишани, вие протестиравте со денови и на крај се зголеми квотата за вас. Кој има помалку права овде?

Со години наназад се вработуваат главно етнички Албанци во државната администрација. Во некои сектори се и 75 проценти. Тоа лесно се проверува. Да се види колку сме ние нацисти.

Секојдневно го кршите Уставот со тоа што во општините таблите или ви се само на албански, или албанскиот јазик е прв. Не обезбедувате превод за Македонците што се членови на советите на општините.

Не го учите македонскиот јазик, иако ви е обврска. Највисоките претставници на етничките Албанци и во меѓународните односи каде не' претставуваат сите нас, зборуваат на албански, и тоа спротивно на Уставот. Прва вашата сестра уште пред десетина години во Атина. И ние националистите никого не казнивме. Законот за употреба на македонскиот јазик и Уставот можат до бескарј да се кршат, ама сега гледаме дека Зибери се заканува дека кој ќе го крши Законот за албанскиот ќе биде казнет. Правна држава, професорке по право?

И зошто толку се плашите од попис? Еве, ние националистите носиме закони базирани на незаконски попис од 2002, а и сега без попис. Закони базирани на проценти. Да ве потсетам, професорке по право, пописот од 2002 година не е потпишан од Државната пописна комисија поради низа нерегуларности. Си  знаете вие какви.

Да ве научам нешто од социолингвистиката, македонскиот јазик е јазик на МНОЗИНСТВОТО во Македонија. Албанците се МАЛЦИНСТВО во Македонија. Тие ваши глупости дека Албанците не се малцинство зашто вкупно Албанците на цел Балкан и во три држави се побројни од Македонците се повеќе од смешни.

Прочитајте ја Европската повелба за регионални и малцински јазици и најдете си го албанскиот јазик во Македонија што е - може да биде само РЕГИОНАЛЕН. Вие ќе кажувате зошто ние не сме го учеле албанскиот јазик, а самите пишувате дека не сте ги научиле ромскиот и влашкиот.

Е па драга професорке по право, немате апсолутно никакво право да барате Македонците да го учат албанскиот јазик. Ако сакам, ќе го научам, ама не МОРАМ. А вие МОРАТЕ да го знаете јазикот на МНОЗИНСТВОТО, а тоа е МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. И што имате вие против тоа? Што имате вие против македонскиот јазик?

Рамковниот договор е целосно имплементиран во Уставот. Нема ништо не спроведено, напротив. Во практиката владее комплетно беззаконие со албансскиот јазик. Сите гледаме. Во 2008 година испадна дека нешто не било до крај имплементирано. И тогаш се затвораше конечно Рамковниот договор.

Во 2017 година испадна дека пак бил отворен Рамковниот. Пак сме требале да го дозатвориме. Зошто? Затоа што во 2001 година вие сте барале двојазичност на целата територија, а не сте ја добиле и сега си сметате дека тоа што сте го барале, мора да го добиете. Иако тоа го нема во Рамковниот договор.

Мене тоа ми личи како некој да сакал да купи кола со приколка, ама немал доволно пари за приколката. Склучил купопродажен договор за колата. По неколку години, се вратил кај продавачот и му ја барал и приколката за беспари. Зошто? Зашто му била планирана! Е така личи оваа ваша работа со јазикот.

Со овој закон само докажувате дека никогаш нема да има крај на вашите уцени. Следно ќе биде Македонско-албанска академија на науките и уметностите и Македонско-албанска телевизија. А другите народи кој ги врти, а?

Овој Закон е противуставен, драга професорке по право! Да не бевте таков националист, како професорка по право ќе го признаевте тоа, но вие етничката припадност си ја одбравте за професија!"

За секогаш Ваш, Сотир 

Дарко

Дарко Јаневски

ЗОШТО ПРВИТЕ БИОГРАФИИ ЗА АЛЕКСАНДАР, 400 ГОДИНИ ПО НЕГОВАТА СМРТ, НЕ СЕ ДОКАЗ ДЕКА ТОЈ Е ДЕЛ ОД "ХЕЛЕНСКАТА ИСТОРИЈА"? 

 

Ајде да се обидеме на проблемот со овие табли за Александар, татко му Филип и мајка му Олимпија, да погледаме малку од друг аспект. Од аспект на тоа, колку првите биографии за Александар воопшто докажуваат дека е тој дел од "хеленската историја", како што стои на таблите поставени од Заев и неговите пајташи.

Научниците кои се занимаваат со проучување на Новиот завет, но пред се' од историски, а не од теолошки аспект, се поделени во две групи.

Едната група смета дека постои голема временска разлика меѓу периодот кога настаните се случиле (6 година п.н.е. како датум на раѓањето на Исус - 30 година од н.е. како најчесто споменуван датум на неговата смрт) и времето кога евангелијата се пишувани (најшироко прифатен став е дека Евангелието по Марко, прво напишаното, датира од околу 70 година од н.е.) и поради тоа, тие не може да се сметаат за веродостојни сведоштва.

Втората група научници, пак, смета дека таа временска разлика од 40 години меѓу настаните и нивниот опис во евангелијата е мала кога се гледа во историски рамки и обично како аргумент за тоа го наведуваат примерот со биографиите на Александар Македонски.

Така, на пример, д-р Карл Блумберг во своите настапи, но и во книгата "Случајот Исус Христос" на Ли Стробл, истакнува:

"Двете најрани биографии за Александар Велики се напишани од Аријан и Плутарх 400 години по неговата смрт, а сепак историчарите ги сметаат за писанија на кои "генерално може да им се верува".

Инаку и Аријан и Плутарх се историчари од вториот век од нашата ера. Аријан е роден во 86 година, а умрел околу 160 година од н.е.

Плутарх е роден во 46 година во Херонеја, а умрел во 120 година.

Во денешните биографии на двајцата се наведува дека се грчки историчари. Оттука, од овие двајца, со грчки печат, се започнало.

Од првиот век потекнува и Квинтиј Руф, римски историчар од грчко потекло, кој е автор на "Историјата на Александар Велики", кој и покрај потеклото, јасно наведува дека Хелените и Македонците зборувале различен јазик.

Како и да е, научниците немаат никаков доказ или сознанија од каде овие антички историчари црпеле сознанија за своите биографии. Блумберг смета дека тие ги запишале легендите за Александар кои опстојувале низ четирите века, додека пак некои други сметаат дека тие, како извор, користеле книги кои за нас не се сочувани, што е помалку веројатно.

Но, во секој случај, се почнува од овие историчари кои имале сосема конкретни и разбирливи, но не и научни причини, за хеленските ставови кога е Александар во прашање, а врз кои потоа дузина светски научници го изградиле ставот за тоа дека тој период е "хеленистички".

Уште повеќе тоа се однесува и на ненаучниот став за тоа дека Сонцето од Кутлеш и' припаѓа на хеленистичката култура. Неговата историја оди до времето на таткото Филип, што значи дека временската разлика меѓу првите пишани извори и времето на владеењето на Филип е уште погоемо.

Тука се чини лежи големата измама. Значи имаме смрт на Александар Македонски, потоа празен простор од 400 години и потоа биографии за Александар во првиот и вториот век од н.е. од грчки историчари за тоа дека тој е дел од "хеленистичката историја". Врз тие дела за кои нема доказ дека имаат врска со вистината, стотици и стотитци т.н. научници имаат изградено кариера и сосема е јасно дека тие нема да се откажат од тоа и да ги доведат под сомнеж своите дела, кои одат наназад до Аријан и Плутарх, а на кои, според Блумберг, може само "генерално да им се верува" (иако Блумберг смета дека легендите можеле да опстојат нечепнати во период од четити века).

Што значи тоа генерално? Може да значи се, но не мора да значи ништо.

И кога така стојат работите, две илјади и 300 години после тоа, се најдоа некои си Заев, Димитров, Шеќеринска, ете го и оној Милевски од Битола (чија е Хераклеја, море срамотилак еден), да тврдат, да залепат табли на Филип, на Александар... дека се "фигури (пазите ве молам - фигура!) од античката хеленска историја и цивилизација..."

Срамота. Ах, да и за оние наши историчари задолжени за тој период кои ги раниме од наши пари.

Патем, во 2016 година, религискиот скептик Барт Ерман (научник кој го познава старогрчкиот јазик на кој се пошувало во првите векови од нашата ера), поранешен христијански фундаменталист, но и еден од најголемите експерти за Новиот завет, издаде книга во која се обидел да објасни што се случувало со легендите и приказните од времето на смртта на Исус (30 година од н.е.) до времето на пишување на првото евагенлие (70 година од н.е.)

Човекот проучувал и психологија, се консултирал со многу експерти и заклучил дека во толкав временски период, човековиот ум создава своја вистина, која не мора да одговара на вистинитоста за самиот настан.

Неговата теза нема врска со нас во Македонија - тој сака само да објасни дека на евангелијата не може така беспоговорно да се смета како на историски извор, што не засега во ничија вера и верба во напишаното, затоа што постои временска дупка меѓу настаните и нивното пишување од околу 40 години (во случајот со Евангелието по Јован, таа "дупка" е околу 60-65 години).

Се разбира, за својот став нуди и докази - ако не би било така, во евангелијата не би имало спротивставености за ист настан до степен што едно со друго се уништуваат. На пример, после раѓањето, Јосиф со Марија и Исус избегале во Египет (Мате) или заминале за Ерусалим (Лука)? Не може и едното и другото. Не може, па макар станувало збор и  за самиот Исус, во исто време да се биде и во Египет и во Ерусалим.

Ова е само еден пример. Има десетици такви. И сето тоа, надоврзано со научниот став кој Ерман го презентира дека е невозможно за период од 40 години легендите да се зачуваат во облик кој е вистинит. Тоа пак, покажува дека на таквите писанија, гледано од научен историски аспект, не може апсолутно да им се верува.

Ако тоа е така кога станува збор за период од 40 години, тогаш можете да замислите што се случувало со легендите за Александар за време од 400 години, колкава што е разликата меѓу годината на неговата смрт и годините кога се напишани првите дела за него. Плус, од перото на автори кои сосема извесно, пристрасно го присвојувале Александар како дел од хеленската историја.

Кога работите стојат вака, тогаш како дојдовме до тоа некој од Муртино, една Прада, оној со исушената рака и некој си таму од Битола, да ни лепат вакви табли за Александар и Филип?

 https://denesen.mk

А. Донски

 Александар Донски

ГРЧКИ ФАЛСИФИКАТИ ВО НАЈПОЗНАТИТЕ СВЕТСКИ ПРЕВОДИ НА БИБЛИЈАТА

 

 

Во најпознатите преводи на библиската старозаветна Книга на пророкот Даниел, вештачки е уфрлен зборот "Грција", иако според оригиналниот текст на старохебрејски требало да стои - Македонија!

**************

Општо е прифатено верувањето дека дел од содржината на старозаветната Книга на пророкот Даниел, во која тој опишува еден свој сон, се однесува на освојувањето на Азија од страна на Александар Велики Македонски. Овде ќе укажеме на еден голем прогрчки библиски фалсификат на кој, за жал, потпаднаа многу преведувачи на Библијата, вклучително и некои македонски. Имено, во стихот (8,21) од Книгата на Даниел, спомнат е цар (крал), за кого библиските познавачи сметаат дека е Александар Велики Македонски. 

Во македонскиот превод на Библијата (достапен преку Интернет) овој цар е наречен како "царот на Грција". Консултиравме и други преводи на Библијата и во најголем дел од нив, секаде го пишува истото (веројатно според домино логиката да се прави превод врз основа на некој веќе претходно направен превод, па ако таму пишува "Грција", тоа се зема здраво за готово и по инерција се внесува во новиот превод). Така на пример, од познатите преводи на Библијата на англиски терминот "Грција" е спомнат во : преводот на Вебстер (1833 год.), во преводот на Дарби (1890 год.), во американската стандардна верзија на Библијата (1901 год.) и други. Во сите овие преводи на англиски се среќава терминот "Грција" (Greece). Во познатиот превод на Библијата од страна на Англиканската црква познат како Библијата на кралот Џејмс (од 1611) овој термин е модифициран, па наместо "Greece" пишува "Grecia". Во преводот на Дуеј-Рејмс (1582 год.), пак, се чини е отидено најдалеку во прогрчкото детерминирање на овој стих, па терминот Грција е заменет со етнонимот "Грци" (наместо "царот на Грција", пишува "царот на Грците"!?). Прогрчките детерминирања на овој стих од Книгата на пророкот Даниел се застапени и во преводите на други јазици (меѓу кои и македонски).

Меѓутоа, уште кога го прочитавме ова, се посовневавме во автентичноста на употребата на терминот "Грција" во сите овие преводи. Ова заради фактот што ваквата квалификација била дадена околу крајот на седми или почетокот на шести век пред Христа од страна на старозаветниот пророк Даниел, а во тоа време никаква "Грција" не постоела ниту како држава ниту како некоја оформена целина (унитарна античка грчка држава никогаш не постоела во историјата, туку наместо тоа постоеле извесен број градови-држави кои најчесто биле непријателски расположени едни кон други). Ова значи дека пророкот Даниел (кој тогаш живеел во Вавилон) не можел да спомне ваков термин. Истражувајќи натаму, наидовме на текстот на Стариот завет напишан на оригиналниот палео-хебрејски јазик (исто така од седми и шести век пред Христа) со транскрипција на современиот хебрејски и со транскрипција на зборовите со латинични букви. Го најдовме стихот 8:21 и наидовме на едно големо изненадување. Имено, таму воопшто не пишува "царот на Грција", туку (на хебрејски) "царот на Јаван". Па, кој си дозволил името Јаван да го фалсификува и да го замени со "Грција" и тоа пишувајќи за време кога ваква држава не постоела? Значи се работи за дрзок фалсификат и тоа направен во Библијата!!! Рековме дека ваквиот фалсификат веќе е нашироко распространет во огромен број преводи на Библијата, иако не во сите. Некои библиски преведувачи биле коректни, па во нивниот превод си стои "Јаван" наместо вештачки уфрлениот и фалсификуван термин "Грција". Така, на пример, во англискиот превод на Библијата направен од Роберт Јанг (објавен во 1862 година) сосема јасно пишува "кралот на Јаван" (king of Javan), а не "кралот на Грција". 

Видовме дека и кај фалсификаторите се забележуваат разлики што значи дека и тие не се сигурни во фалсификатот што (намерно или не) го направиле. Така, на пример, некои "Јаван" го превеле како "Грција", некои како "Греција", а трети дури го употребиле и етнонимот "Грци" (!?).

Но, што значи зборот Јаван? Зошто овој збор некој си дозволил да го поистоветува со терминот Грција (Грци)? Дали е тоа можеби некое постаро име за територијата на денешна Грција?

Веднаш ќе кажеме дека Јаван не е никакво географско име ( на пример некое поранешно име за Грција и сл.), туку тоа претставува лично име! Конкретно тоа е име на еден од синовите на Јафет (кој бил син на Ное). Значи, Јаван бил внук, од син, на Ное. Ова е посочено во Книгата за Битието (10 поглавје), каде во врска со ова читаме:

1. Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.

2. Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас (...)

3. А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.

4. Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.

Значи според Стариот Завет, од внуците на Ное и од нивното потомство настанале разни народи, иако не е точно прецизирано од која личност кој народ настанал. Прогрчки настроените учени сметаат дека од Јаван настанале Грците, па затоа името Јован во своите преводи го фалсификувале со терминот "Грција", иако за такво нешто не постојат никакви историски докази. Всушност прогрчки настроените преведувачи се повикуваат на Табелата на народите напишана од староеврејскиот историчар Јосиф Флавиј (кој живеел во првиот век по Христа) кој таму вели дека од потомците на Јаван настанале Грците. Така, на пример, во најпосетената Интернет енциклопедија (која во приличен степен треба да се земе со резерва, заради што е забранета за употреба во некои американски образовни институции) "Википедија" (наслов Јаван) во врска со ова читаме:

"Јаван бил четвртиот син на синот на Ное... Јосиф Флавиј го заступа традиционалното гледиште дека ова лице било предок на грчкиот народ".

Ваквиот став го застапуваат и други автори, меѓу кои и гореспоменативе преведувачи на Библијата. Според сите нив, Јаван бил наводен "предок на Грците" и затоа неговото име во Библијата е фалсификувано со "Грција" или со "Грците". А како основа за ваквото тврдење се повикуваат на пишувањето на Табелата на народи напишана од страна на античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј.

А сега да направиме критички осврт кон ваквите тврдења. Како прво да видиме што е тоа Табела на народите за која толку се држат овие прогрчки настроени преведувачи и учени. Веднаш ќе кажеме дека Табелата на народите не е никава библиски, а ниту историски текст, туку тоа е литературна творба, да не кажеме измислица, на многу подоцнежни автори. Во Стариот завет (книгата Битие) видовме дека само пишува дека од потомците на Ное (цитат): се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи. Овде никаде не пишува од кој потомак кој народ бил создаден! Многу векови подоцна, одделни автори си дозволиле, врз основа на оваа реченица да претпоставуваат и да шпекулираат (се разбира без никакви цврсти докази) кој народ од кој потомак на Ное настанал. Ваквите претпоставки (шпекулации) се познати под името Табела на народите. Еден од авторите кои напишал своја Табела на народи бил и античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј. Меѓутоа, тој не е единствен автор на Табелата на народите, поточно не постои само една, туку постојат неколку Табели на народите од разни автори.

Покрај Табелата на народите од Јосиф Флавиј, постојат и Табели на народите чии автори се: свети Иполит (трети век), Јером (крај на четврти век), Исидор од Севиља (седми век) и други подоцнежни автори. Сите тие своите табели ги направиле со векови по појавата на оригиналната Книга на Битието во Стариот завет (за која се претпоставува дека била комплетирана околу шести или седми век пред Христа).

Рековме дека според Табелата на народите од Јосиф Флавиј (која била напишана во првиот век по Христа, т.е. околу седум векови по комплетирањето на Книгата на Битието) Јаван бил предок на "Јонија и на сите Грци" (се разбира без никаква историска основа за ваквото тврдење-патем да спомнеме дека во сите свои историски дела Јосиф Флавиј сосема јасно прави разлика помеѓу Македонците и Грците, секаде јасно издвојувајќи ги овие два народа).

Но, за разлика од Јосиф Флавиј, во Табелата на народите создадена од свети Иполит (прва половина на трети век) пишува дека Јаван (преку својот син Китим) бил предок на - Македонците! Интересно е што свети Иполит (кој потекнувал од Рим и денес се смета за еден од најголемите ранохристијански теолози), како директни потомци на Јаван, освен Македонците, ги сметал и: Иберијците, Тројанците, Фригијците и Римјаните. За етно - културната врска помеѓу Македонците и Фригијците (кои додека престојувале на Балканот биле познати под името Бригијци, т.е. Бриги) постојат голем број докази, што значи дека свети Иполит не бил далеку од вистината во ова свое тврдење барем кога се во прашање Фригијците и Македонците. Дека Јаван бил предок на Македонците (а не на Грците или Грција) пишува и во големата дванаесет - томна Еврејска енциклопедија (објавена помеѓу 1901 и 1906 година) каде Јаван сосема јасно е поистоветен со (цитат) "Македонија".

Во светски познатиот Крецман проект (всушност коментар за Библијата од страна на проф д-р Пол Крецман, објавен на над 3.000 страници во периодот помеѓу 1921 и 1924 година, кој денес се смета за водечко толкување на Библијата среде лутераните, името Јаван се поврзува и со Македонија и со Грција. Овде читаме:

"Јаван ги вклучува Македонија, Грција и јонските колонии..."

Меѓутоа, еврејските истражувачи Готхил и Краус се категорични во тврдењето дека Јаван се однесува исклучиво на Македонија. Во својот коментар за Еврејската енциклопедија тие потсетуваат дека Александар Велики во древните рабински текстови бил опишан како "Александар Македонецот" и дека во Библијата Македонија се среќава под името Китим (кој бил еден од синовите на Јаван), што значи дека постои и библиско сведоштво дека Македонија е поврзана со Јаван (преку неговиот син Китим). Овде само ќе потсетиме дека ова сведоштво се среќава во старозаветната Прва книга за Макавеите (1-3) каде читаме:

"Александар Македонецот, синот Филипов, кој тогаш веќе беше господар на Грција, се појави од земјата Китим и го победи Дарие, кралот персиски и медиски, пошто зацарува место него".

Во ова библиско сведоштво јасно гледаме дека Александар е наречен "Македонец" (кој во тоа време веќе господарел со Грција, што сосема одговара на вистината) и дека се појавил од земјата Китим. А бидејќи знаеме дека земјата на Александар е Македонија, како и дека Китим бил син на Јаван, еве и библиски доказ дека Јаван треба да биде поврзан со Македонија, а не со Грција.

Готхил и Краус исто така потсетуваат дека рабините кои живееле во времето на "Македонската ера" (цитат): "го идентификувале хебрејскиот Јаван со Македонија".

(http://www.jewishencyclopedia.com/vew.jsp?artid=19&letter=M#izz1Jx1e2YZo).

Заради сето ова се поставува прашањето: зошто преведувачите на Библијата не го искористиле зборот Македонија како синоним за Јаван (иако за тоа постои и библиско сведоштво во Книгата за Макавеите)? Зошто го избрале токму зборот Грција (па дури етнонимот Грци) кога видовме дека нема никаква историска основа за тоа? Сепак можеби најдобро би било овие преведувачи да се држеле до оригиналниот текст и да го оставеле во своите рреводи името Јаван, наместо да импровизраат врз основа на недокажани шпекулации (меѓу кои сосема слободно можеле да ја изберат и Македонија). Еве уште една неправедна прогрчки ориентирана тенденција од светските учени во која на Грција и Грците без основа им се припишува нешто што реално не им припаѓа. И тоа овој пат, ни повеќе ни помалку, туку во самата Библија!

****************

Предлагаме за ова да се покрене една широка акција преку Интернет до црквите во светот и до издавачите на Библијата со цел запознавање со оваа неправедна состојба.

  https://mn.mk

Марија со внукот Тодор.

 Марија Воденска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****

 

 

 

ДЕЦА БЕГАЛЦИ

(Посветено на децата бегалци)

Деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија 1948 година.

  • Плејада деца одвоени од прегратките
    на мајките
    И разнесени како пилци што пиштат
    по домовите.
    Со Закон од грчките власти-владари
    Одземено право за враќање во родниот крај.

    Деца бегалци од 1948-та
    Чии погледи безнадежно се свртени наназад
    Откорнати од Родината, раселени и задомени
    во чужда земја
    Чиј глас одsвонува од светските метрополи,
    Чиј мрак ги осветлува темните патеки
    испреплетени со пајажина.

    Деца бегалци од ужасот
    на Граѓанската војна во Грција,
    Кои на светот му дадоа пример
    за дружба и љубов меѓу народите.
    И му покажаа на светот како се живее
    без омраза и скрнавење.

  • Деца бегалци,
    Со очи свртени кајшто жарта се'уште тлее
    под пепелта...
    Со душа копнежлива,
    За збогување да го вдишат мирисот
    од родната грутка,
    Од селската чешма со грст вода
    душа да си разладат,
    Душа да зберат за сонот и враќање назад
    А потоа од Грамос до Вичо Планина,
    сенка да остават
    За иднината во спомен на Македонија.

    Бев дете бегалец
    Меѓу плејада деца одземени од прегратките
    на мајките
    И разнесени како пилци што пиштат
    по домовите.
    ****************
    Автор: Марија Воденска, по повод 60 години геноцид.
    Бостон, мај 2008 г.,

Академик А. Шкокљев

 

 ___***___

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 24

ПЛЕМИЊАТА ЛЕЛЕЗИ, КАРЦИ, ЛИКИЈЦИ, ЛУВИЈЦИ, ЛИЃАНИ И ХЕТИТИ

 

Во праисторијата Лелегите живееле на јонските острови, често со Караните и тоа на Закинта, Кефалонија, Итака, Леукада и др. Тие биле жители на јужниот Балкан, населени долж линијата коjа оди од Јонското Море кон Ламија, островот Хиј и Троја. Биле во Акарнанија, Локрида, Мегара и на западен Пелопонез. Лелегите биле оснивачи на градовите Пил во Елида, Пил во Месена и Лаконија, како и на кавкаскиот Пил.

******************

Прв крал на Спарта, како и Мегара во Атика, бил Лелег. Ќерки на владејачките династии на Лелегите биле Елена и Пенелопа, а женејќи се со нив Менелај и Одисеј си обезбедиле свои кралства на Пелопонез во Спарта и во Итака (Томсон, 1954 г., 115). Според митологијата, лелегиска Локрида и' дала на Троја илииски елемент и имала привилегија да именува тројански свештеници.

Лелегите на Локрида, матријархатен и неелински елемент, биле присилени во 683 година пред Христа да се иселат од Елада во епизефриска Локрида на врвот на италијанската "чизма" (Grevs, 1990 г.,136, 4 и 158, 8). Во времето на процветот  на минојското владеење во Егеј, во XIV век пред Христа биле преземени многубројни експедиции против гусарството. Тогаш многу Карани и Лелеги, заедно со феникиските Кадми, ги напуштиле Кикладите и се населувале на јонските острови.

Во праисторијата на Карците или Карите (Kares, основата kap, kapeç, kapa, kar, kares, kara-најголем дел, врв, глава, шума, тврдина) биле жители на Карија, покраина во југозападниот дел на Мала Азија,  јужно од реката Меандер, северно од Род. Тие честопати се поистоветуваат со Лелегите.

Херодот смета дека Лелегите биле едно од племињата Караци и дека биле добри морнари, како и тоа дека Карците биле еден од најзначајните народи на своето време. Тие ги населувале поголемиот дел острови во Егеј: Сам, Хио, Дел, Кос, Наксо, Киклада и др., а на Пелопонез: Епидаур, Трезен, Ермиона, а во Атика Магара (Томсон, 1954 г., 115).

Најголемиот град во Карија бил Халикарнас, каде што бил роден Херодот. Се смета дека овој историчар не бил со елинското туку со кариско потекло, од татко Карец по име Ликсеј (Томсон 1954 г., 112).

Балкански Полуостров.

Еден од познатите во историјата цареви-сатрапи, во IV век пред Христа, околу 360 година пред Христа, бил Мавзол, на кого неговата жена Артемизија му подигнала убав надгробен споменик "Мавзолеј"", во Халикарнас, кој претставува едно од седумте светски чуда. Свет симбол на Керците и на други народи на Анадолија била двостраната секира.

Ликија е планински крај во Мала Азија, меѓу Средоземното Море и Памфилија, Фригија и Карија. Ликијците биле многу културен народ од праисторијата, со главен град Ксант. Национален симбол им бил волкот (Lukos, likos, основата luk, латински lux-светлост), па оттаму и нивното име. Епонимен бог им бил ликијскиот бог Аполон.

Ликијците негувале матријархат, што се согледува од некој епиграфски формули како "...Александар, од непознат татко..." итн. Ова мошне пластично го изнесува Херодот (I, 173): "Кај Ликијците постоел еден особен обичај каков што нигде не можел да се најде. Ги носеле имињата по мајките, а не по татковците. Кога некого ќе запрашале кој е тој, ово прво го кажувал името на мајката, потоа името на својата баба, па на прабабата итн..."

Ликијците во историјата се познати и преку египетските извори од времето на Рамзес II во XII век пред Христа, како пирати на Нил, под името Лука. Во XII век пред Христа, заедно со некои племиња Карани, емигрирале во Налестија, каде станале познати како Филистејци (Kretschmer, 1896 г., Tomson 1954 г., ). Ликијците и' биле сојузници на Троја, а нивниот крал Сарпидон се споменува како водач  на ликијската војска во Тројанската војна. Како и кај Каранците, нивна национална карактеристика била коњска грива на кацигите.

Лувијците биле народ со индоевропско потекло чија држава била во Мала Азија, јужно од реката Меандор, денешна Арзава (Arzawa). Ливија била освоена од хетитскиот крал Лабарнас, кој се смета за родоначалник на хетитската династија, околу 1600 година пред Христа (Macqueen, 1986 г., 162)

Археолошките истражувања во сегашниот Бејцесултан (Beycesultan), во Турција, откриле богата материјална култура и палата која била уништена во 1700 г. пред Христа. Се смета дека тогаш нејзините жители ја напуштиле својата татковина и пребегнале во Крит и други егејски острови, носејќи ги со себе културата, јазикот и писмото познато во глосологијата како линеарно писмо А (Папаставро, 1972 г., 22). Се смета дека лувискиот јазик е еден од супстратите на јазиците на "егејската цивилизација", пред  доаѓањето на Хелените, во ранобронзената епоха (Masqueen, 1986 г., 33).

На западниот дел на Мала Азија, меѓу реките Хермо и Меандар, се наоѓала покраината Лидија, со главен град Сардо. Лиѓаните биле праисториски народ и биле сродни со Етрурците, познати уште Тиранци, заради нивното потекло од градот Тир во Лидија. Лиѓаните и Етрурците имале ист јазик, биле роднински врзани со Пелазгите и живееле во матријархат. Во историјата биле утврдени три династии: Атијади, Хераклиди и Мерманди.

Во митологијата лиѓанските Хераклиди се поистоветуваат со Етрурците од Servius Tullius. Во време на династијата Атијади, Лиѓаните во еден период биле под царство на Хетитите. Еден од последните кралеви на Лидија од династијата Хераклиди, околу 1300 година пред Христа се викал Мурсил, како и неговиот хетитски истоименик.

Многу антички писатели тврдат дека митолошкиот крал Пелоп, кој ги повел тесалиските Ахејци (Хелени) од Фтија на Пелопонез, бил автохтон малоазијат од Лидија (Томсон, 1954 г., 288). По овој Пелоп е името на овој полуостров, кој порано се викал Апис (бик) или Пелазгиотис, како и епонимот на микенската династија Пелопиди, која со мажачки и женидби ја заменила династијата Данаиди.

Од лиѓанската династија Хераклиди потекнува и митолошкиот јунак на Хелените Херакло и неговите потомци Хераклиди, кои биле предводници на Дорците при населувањето на Пелопонез, 1104 година пред Христа и кои извршиле егзодус и геноцид над Ахејците. Династијата на Хераклидите владеела со Лидија во временски интервал од 22 поколенија, т.е. 505 години, кога власта преминувала од татко на син, се' до Кандаул, син на Лирсов (Херодот, I, 7).

Последна династија биле Мармендите, на чело со кралот Гиг. Неговите наследници владееле 130 години. Последен владател бил кралот Крез (560-590 г.), кога Лидија била најмоќна држава, а Крез најбогат човек на светот. Неговото кралство го срушил персискиот крал Кир (559-529), во 547 година пред Христа.

Хетитите или Хетеи, односно Арзавани (Arzawani) за кои многу малку се знаело до XIX век, биле мешавина од народи на Мала Азија и се смета дека се доселиле од јужните руски степи и Кавказ, околу 2900 година пред Христа (Cavaignac, 1936 г., Masqueen, 1986 г., 27). Се зборувало на индоевропски јазик. Нивното царство во XIV и XIII век пред Христа било распространето. Го опфаќало континенталниот дел на Мала Азија, со престолнина Хатус во Кападокија. Моќните хетитски кралеви, како што биле Мурсил II (1345-1315), Супилулиум I (1380-1334), Мурсил III (1333-1309) итн., имале меѓународна репутација.

Хетитското општествено уредување било патријахално. Биле познати по употребата на "клинестото" писмо и борбени коли со две тркала. Нивната империја исчезнала околу 1200 година пред Христа со инвазијата на Бригите (Фригите) од Балканот (Macueen, 1986 г.,).

Некои истражувачи на Агамемновата гениологија, одноно на Ахејците во Микена, т.е. Пелопиди, со кралот Пелоп на чело, го истакнуваат нејзиното хетитско или лиѓанско потекло, преку последните лиѓански Хераклиди. А ова се потврдува и со описите на хетитскиот крал Мурсил од Хатус, кој ги истакнува своите односи со  Ahhiyava (ахејски) водачи (Томсон, 1954 г.,).

Во поглед на религијата, историчарите го наведуваат хетитското пoтекло на божицата Артемида од Кавказ. Тоа се поврзува со Амазонките и градот Ефес, кој според митологијата бил под управа на последната Амазонка која се викала Смирна (Garstang, 1929 г.,). Хетитскиот назив на Троја бил Wilusa.

Продолжува

http://mn.mk

 

ВИДЕОТЕКА

*********

 

 

Kind regards: 04 септември 2019 година.

Sotir Grozdanovski broj 235