Сотир

 Сотир Гроздановски-Македонски

ТОДЕ КАБРОВСКИ - ДЕЛ ОД НЕГОВАТА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

*********** 

Драги мои, денес наместо за дневнополитичките настани во таканаречената Република Северна Македонија,  имам  приказна за македонските иселеници од Австралија. Ќе бидам виртуално со нив  до крајот на текстов,  а после? - а после ќе видиме!

Ќе ги прашам и распрашам  како се чувствуваат после веста дека повеќе не сме Македонци, туку Грци, Бугари, Албанци и некои други кои знае што и од каде. Ќе ги прашам и за "великаните" на Северна Македонија и големите "мудреци" Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, Мирјана Најчевска, Мирослав Грчев и некои други натрапници од некаде во свемирот, кои си зедоа за право  да ни ја продадат државата, заедно со нас, Македонците. Обични криминалци кои насилно влегоа во приватни имоти, пограбиле се' што им се свидело, пред очите на органите за гонење, ги продале со писани договори од името на народот и, за чудо, никој ниту видел ниту чул, а волкот го изел магарето. Како да непостоат повеќе закони, кои служеле за ред и мир во светот, а криминалците да одговараат пред органите за гонење.

Ете баш таков е случајот со Република Македонија денес. И тоа во времето  на демократијата и владеењето на правото и правдата. Барем така се проповеда од Западот и силната Европска Унија.

Ќе ги прашам и распрашам моите сонародници, одродени преку ноќ и оставени под ведро небо, сами како сираци, да се бранат од секакви натрапници и диви sверови, крвожедници! - како се чувствуваат ако некогаш наканат да се вратат на старите семејни огништа во последното парче македонска земја, за да им запалат свеќи на своите предци, да се поздрават и прегрнат со своите преостанати родбини, а мораат да молат за Визи,  по урнекот на Грците и Бугарите!

Како се чувствуваат кога ќе слушнат дека во својата родна земја не смеат да го споменат своето име македонско и јавно да се декларираат како Македонци од страв да не бидат притворени и затворени од "сопствената" полиција!? Како се чувствуваат кога на секој македонски споменик од древните времиња  пишува дека не се македонски туку грчки, бугарски или албански донесени во Република Северна Македонија за некое време на разгледување и пак да  си одат таму каде што им е местото? Или портата на Македонија извалкана со разни бои, дело на шарените кои денес владеат со земјата македонска прекрстена и запуштена до непрепознавање?

Како се чувствуваат? Не добив одговор, ама затоа јас знам како се чувствувам: - како некој да ми го силувал семејството пред очите на полицијата, а  мене да ме обвинат , зошто не сум им ја отворил вратата и не сум ги  почестил со кафе! Ете, баш така!

А што би им рекле на некои сосема неодговорни и дегенерирани македонски изроди од шарената револуција, сега испикани на секаде во власта, кога својата внатршна мизерија и незадоволства  со самите себе си, ја искалуваат врз нас, иселената Македонија и од нас прават непријател број еден? Потоа присвојувајќи  ја   Македонија како да е нивна дедовина и со неа прават што сакаат, а да при тоа не му одговараат на никого? Не е ли тоа   однесување кое не им прилега ниту на обични и крајно примитивни варвари? Не е ли тоа причина што  си наденале и такво шугаво име: - ШАРЕНИ?

За време кога шарените и нивните универзитетски професори од сите категории урлаа како диви и разулавени sверови уништувајќи се' што ќе им паднеше под рака, една "угледна" Соросовка и самонаречена антифашисткиња, често видена во првите "борбени" редови, Ирена Стериовска, изјави: " За нас ќе пишуваат сите медиуми како борци за право и правда, бидејќи без право и правда нема мир"! Во оваа прилика ја прашувам, до колку е се' уште во Македонија дали се бореше за ваква урнатина од држава без идентитет и без Македонци? Па евe Ирена дојдовте пак на ред да пишувам за вас како злосторничка, фашисткиња, а не антифашисткиња! И историјата ќе ве памети како таква.

Ете тие се  властодршците кои  бараа да се баталат иселениците, сметајќи не  како штетни,  некорисни  и опасни по безбедноста на Република Македонија. И сето тоа, ако сме сакале да добиеме датум за преговори со Европската Унија, без гаранции до кога ќе траат и што ќе добиеме од тоа. 

Набрзо и тоа беше остварено против волјата на мнозинството Македонци во државата со  капитулантските и предавнички договори со Грција и Бугарија. Остварено, спротивно  на меѓународниот правен систем и хуманитарните принципи оставајќи не, притоа,  незаштитени од било какви насилства, особено оние во егејскиот и бугарскиот дел од нашата татковина.

Но, ако! Сето тоа ќе помине!  - ние Македонија нема никогаш да ја заборавиме; во добро или зло! Тоа што сегашните властодршци со Зоран Заев и неговите слепи следбеници ни го направија нам и на Република Македонија нема долго да трае, зошто ниту еден криминал не останал без заслужена "награда". 

Заради таквиот вандалски однос спрема меѓународниот правен систем и правата на човештвото, Република Македонија стана светска лакрдија. Неколку неодговорни, наречени, државници насилно и' го  променаа уставното име  и го обезличија македонскиот народ. Му го продадоа   националниот идентитет и македонското ткиво го поделија на домашно и надворешно. 

Македонците во Австралија не се само од Република Македонија; тие се од Македонија,  драги мои и како такви се претставуваат пред светската јавност кога се во прашање македонските национални интереси и состојбата на Македонија во светот. Особено во последниве неколку години, кога црната чума одново се надви над Македонија и ни се заканува со вистинско истребување.

За разлика од многу наши во Република Македонија кои досега не искажаа доволна грижа за земјата во која живеат и ги одгојуваат своите семејства, нашите сонародници  од цел свет го креваат гласот против неправдата и криминалното однесување спрема една од најстарите државни творби во светот, Македонија и нејзиниот народ.

Патриотските чувства на македонското иселеништво спрема старата татковина е на висок степен и такви ќе останат се' дури не има. Се разбира и кај нас има изроди и национално неосвестени,  подготвени да се продадат за стакленка со ајвар. Но, за нив во некоја друга прилика!

Драги мои, доста рековме што не сакавме да ни се случи и за нивните извршители, па затоа вториот дел од текстов  ќе му го посветам на еден наш сонародник и докажан  патриот со посебни вредности и чувства од висок степен, за кој малку се знае надвор од Австралија, неговата втора и со посебен пиетет прифатена, татковина. 

Ќе зборуваме за  Тоде Кабровски!

Македонците од неговата втора татковина Австралија добро го познаваат како чувар на македонскиот идентитет повеќе од 40 години, ама за жал, во другите македонски заедници во светот недоволно. Па затоа  обидов да им ја презентираме неговата 40 годишна активност во просветата и образованието нека биде патоказ до поарни успеси таму, каде се' уште ги нема.

Австралија, многу илјади километри оддалечена од Македонија, но сепак така блиску човек да ја зграби и прегрни како што мајка се прегрнува, преставува посебно задоволство што на нашите иселеници им пружа можности не само пристојно физички да живеат, туку и духовно, што е извонредно важно за генерациите кои доаѓаат.

Пред да започнеме со неговите достигања во полето на  просветата, мораме да сознаеме нешто повеќе за него. Кој е Тоде Кабровски, од каде доаѓа, какви квалификации поседува за оваа работа и нешто повеќе, што, евентуално во текот на пишувањево ќе сознаеме и од други проверени извори. 

Роден е на 08 јануари 1945 година  во планинското битолско село Горно Ореово, на километар или нешто повеќе оддалечено од некогашното, едно од најголемите и најуредените села Буково, и исто толку, можеби два или три километра, од Буково до Битола.  

Неговиот пат од Македонија кон Австралија не му се разликувал од патот кои го изодиле  многу како него;  мачен, долг и полн со непредвидливи предизвици, но со можности за оние кои успеале да ги приграбат и да успеат. Еден од нив бил и нашиот соговорник, Тоде Кабровски.

Најважно во сета таа животна приказна е да се биде и остане Македонец  и човек но и лојален граѓанин на Австралија.  Тоде Кабровски успеа во едната и втората категорија на лојалност. 

Да се биде Македонец, значи секогаш прво да се биде човек. А нашиот соговорник Тоде Кабровски секогаш бил и останал  и човек и Македонец за сите негови над 40 години живеење и работење во Австралија, секогаш со и нераздвоен од Македонците и нивните судбини. Во неговиов случај, потребите и важноста да се сочува македонскиот идентитет преку изучување на Македонскиот јазик и запознавање со македонските културни вредност, беа и останаа над се' друго! 

Сиднеј, Австралија.

Тоде Кабровски со македонски ученици од Сиднеј.

Тоде Кабровски

Тоде Кабровски во 1964 година завршил Учителска школа во Битола, а во 1967 и Педагошка Академија, група историја и географија. Неполни две години потоа, 1969 година, судбината го однесла со илјади километри далеку од Татковината, во Австралија, каде се скрасил со семејството  и останал се' до денешни  дни. 

Спрема неговите зборови, Тоде Кабровски се гордее со своите 40 години спроведени во просветната дејност, а особено како иницијатор за отворање  македонски училишта за прв пат на тлото на Австралија: - дополнителна настава и воведување македонски јазик во неколку основни и средни државни училишта во најголемата сојузна држава Нов Јужен Велс. Ама како свој највисок дострел во просветната дејност, од споменатите 40 успешни години, Тоде Кабровски смета дека формирањето на Македонскиот просветно - училишен одбор за Нов Јужен Велс, чии челник бил цели 25 години е неговиот значаен, ако не и најзначаен потфат. Сега сум, вели Тоде, негов почесен претседател и се' уште пупковно врзан за својата поранешна активна дејност, просветата.

Со 60 животни од кои 37  работни, вели нашиов соговорник Тоде Кабровски, се пензионирал и сега ги уживал сите свои неизживеани млади години вработен во  "Телстра" (телефонска компанија).

Македонија ја посетувам скоро секоја година. Длабоко навлегов во својата 76 година од мојот живот, ама желбата и понатака да бидам корисен за мојата македонска заедница и Македонија, не ме напушта. Вели Тоде Кабровски.

Но не смееме да ги заборавиме и  бројните признанија и награди заслужени во текот на неговото активно инволвирање во просветните дејности на македонските иселеници во Австралија. Меѓу другите, Златната плакета од Матицата на иселениците од Македонија во 1985 година, Благодарницата од Министерството за образование на Република Македонија во 2006 година, Златното сонце од Македонскиот именик во 1997 година, Признанието од Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс, потоа Благодарницата и статуетката на заслужните "Мајка Тереза", Признание почесен претседател од Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс, медал "Свети Климент Охридски од Министерството за иселеништво на Република Македонија и други благодарници од бројни австралиски и македонски асоцијации.

И за крај, ќе речеме уште збор два за мотивите кои го водеа нашиов соговорник  до целта која ја оствари за време на својата самодадена задача! - деликатна, но и не невозможна, ако се сака! 

Нашите сонародници надвор од Стариот Крај подложни се на секакви влијанија кои водат кон однародување и асимилација. Мајчиниот јазик е еден од најважните природни но и одгоини дарови важни за одржување во јатото на кое се припаѓа. Да се биде и остане таков, каков се сака да се биде. Да се биде Македонец!

Е тука, во полето на образованието си го најде местото и Тоде Кабровски  и со своите 40 години  љубов  и посветеност го попрече процесот на однародување и губење на чувствата за припадност кон народ со славно и историско-култорно минато. Кон народот свој, Македонски!

Тоа е света задача на секој кој поседува потребни квалификации и желба да се вклучи во процесите  за да се остане човек и Македонец. Но и да се биде лојален во средината во која се одлучил да спроведе дел од својот скапоцен живот. Јас ги имам тие квалификации и затоа со љубов се зафатив  да бидам еден од таквите. И верувам дека во тоа и успеав, на што сум горд. Вели Тоде Кабровски.

Ете тоа беа мотивите и моторот на Тоде Кабровски, наш современ преродбеник и просветител на младите Македонци далеку од Република Македонија но и блиску, зошто не се однародуваат и асимилираат, туку во новите татковини внесуваат дел од своите национални историски и културни вредности,  со кои ја збогатуваат и заедничката култура на земјата која ги примила и дала можност да постанат тоа, што сакаа да бидат! Затоа слободно можеме да кажеме, дека не е важно каде си, туку каков си! 

За секогаш, Ваш Сотир

 30 август 2019 г.

Роберт

  Роберт Димитриевски

ЧЕ НИ СЕ ФАТАТ ЗА ЗНАМЕТО

**********

Баш ме интересира како мислат политичкиве мртовци од денеска да ја спроведуваат забраната за јавна употреба на првото знаме на независна Македонија со сонцето од Кутлеш. Мислеше ли нешто воопшто "патриотот-визионер" кога го потпишуваше безвредното парче хартија од Нивици по масовниот бојкот на пропаднатиот референдум за Преспанскиот договор? Му објасни ли на исклештениот шеф додека подаруваше вратоврска на тогашниот грчки колега, колку е (не) применлив членот од спогодбата за знамето?

"Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба", стои во членот 8 од Договорот.

Супер, И? Ќе земат копачи и како Талибанците ќе ги сквернават црквите, ќе ги раскопаат плоштадите и ќе ги урнат фонтаните во кои е вграден симболот на древномакедонската кралска династија? Ќе растураат свадби и ќе ги казнуваат сватовите ако го веат знамето со шеснаесеткракото сонце во автомобилска поворка или на оро? Ќе соблекуваат минувачи по улица што носат маички со златожолтата sвезда на црвена заднина? Ќе запленуваат сувенири, приврзоци, играчки, знаменца за ретровизор, пенкала и слични дребулии што го содржат симболот пикиран за отстрел само во Македонија и ќе им пишуваат казни на сопствениците? Ќе се шентерат по тераси, покриви, мостови за да го отстранат?

И сето тоа во ситуација кога се толерира масовно прекршување на Законот за знамиња со истакнување на албанското речиси секаде и безмалку во секоја пригода без државното?! Заради мир в куќа, некому постојано ќе му се прогледува низ прсти, а друг ревносно ќе биде санкциониран и понижуван во сопствената земја ако го употребува знамето што го смета за национално?!

Покрај целата бесмисла на забранувањето само на Македонците јавно да користат симбол што може да се третира и како дел на светското наследство, како крстот, лавот или орелот, кои многу народи ги имаат во своите државни обележја, свесно се пренебрегнува и поуката од првобитниот грев на Адам и Ева. Дека забранетото овошје на луѓето им е најслатко и за него често прекршуваат и морални норми, а камоли државни.

Сонцето од Кутлеш, кое се' повеќе го потиснува "вентилаторот", како што ја нарекуваат многу Македонци креацијата на Грчев,  полека но сигурно станува симбол на отпорот кон силувањето на волјата на народот од власта што педантно брише се' со предзнакот македонско. Колку повеќе ќе го прогонуваат и забрануваат, уште повеќе ќе им прирасне на срце на тие што чувствуваат нешто за Македонија, истовремено зголемувајќи ја омразата кон тој што им брани. А тоа е последното нешто што им треба на Заев и компанија во екот на скандалот со Боки Тредичи и другарчињата рекетарчиња.

Затоа, нека баталат "ќорава посла" со спроведување на неспроведливото. Неможат да напишат толку казни колку што ќе има прекршувања на глупандерската одредба од ништовниот им договор. Битката им е однапред загубена. До толку белким имаат акал во главата за да сфатат. Ако немаат, нека е простено за изразот зајмен од еден твитерџија,

"ЌЕ НИ СЕ ФАТАТ ЗА - ЈАРБОЛОТ. ОД ЗНАМЕТО..."

https://expres.mk 

Панде

Панде Колемишевски

ШТО ПРАВИМЕ СО АЛЕКСАНДАР И СОНЦЕТО ОД ВЕРГИНА?

*****

Сега кога се стивнати страстите, кога помина изнасилената кампања и се смена името на Република Македонија, се покажува колку некои одредби од спогодбата се неважни, беспредметни, дури комични. Јасно се гледа дека спомениците во Скопје и во другите градови, не се тие што шират омраза, иредентизам, шовинизам и ревизионизам, не се фактори што поттикнуваат насилство и шират непријателство меѓу соседите во која било форма или го загрозуваат територијалниот интегритет на Грција.

***************

Ако се запостави скандалот со подмитувањата, односно "рекетот" во специјалното обвинителство, едно од понормалните актуелни прашања е споменичката иднина на Алексндар Македонски "Велики" заедно со неговата таткова династичка лоза. Второто е поврзано со првото и се однесува на судбината на sвездата (сонцето) од Кутлеш, односно знамето со шеснаесет краци од Вергина. Тие се сега отворени проблеми во грчката политичка творба наречена Северна Македонија, држава тотално раскурцана (да ми извините за зборот) од еден педер.

Како што е познато, тие прашања се наметнати од конечната спогодба за решавање на разликите за името со Грција. Македонската влада, држејќи се коректно за преземените обврски, по минати шест месеци  од стапување  во сила на спогодбата, се реши да го промени статусот на спомениците, кои на кој било начин упатува на грчката елинска историја и цивилизација. Презеде соодветни дејства - на спомениците на Алекссндар Македонски (Воинот на коњ) и таткото му Филип Втори постави табли што овие славни антички личности ги доближуваат до Елините, иако кога живееле не биле Грци, биле нивни жестоки противници.

Овде нема да се разјаснува оваа историска небулоза, како што нема да се расправа ниту за оправданоста на потегот за бришењето на сонцето од Кутлеш (грчки топоним Вергина) од канализациските шахти. Како ни затоа чии е симболот со сонцето, симбол што беше официјално знаме на државата неколку години по нејзиното осамостојување. Тие работи се речени со спогодбата со Грција, но не се расчистени во Македонија.

По едно вакво објаснување нормално е да се постави прашањето, како не се расчистени во Македонија, кога се' е јасно. Одговорот е "да, јасно е,  ама не сосема, не во целост". Постојат низа правни празнини, нема законски прописи како да се стори тоа, нема законска регулатива, што би рекле правниците.

Официјалните изјави на надлежните се дека постапките околу спомениците и знамето се преземаат во согласност со постигнатата спогодба со Грција, документ што е прифатен во Собранието на Република Македонија (тогаш се' уште така се именуваше Собранието) и врз чии основи се промени името на државата, а со еден клик на сите документи и на сите македонски институции. Но, што е најважно? Најважно е што никаде не пишува дека самата спогодба има сила на закон, туку  таа  треба да се спроведува врз основа на посебни закони донесени од втората страна, тогаш македонска.

Тука се создаваат дилемите. Во општините што имаат поставено споменици на Алексанар или Филип или, пак, на некој начин го имаат во јавна или службена употреба симболот од Вергина не знаат како да постапат. Министерот за локална самоуправа даде објаснување што може, кога може и како може да се спроведува тоа, што е дозволено, што не е. Но тоа е негово добронамерно, лично толкување. Во нити еден број на "Службен весник" нема објавено документ, одлука, закон во врска со спомениците и знамето. Дали некој споменик треба да се урива, да се отстранува или да се уништува? Каде и кај треба да се стават табли? Кој е надлежен да дава налог да се бришат шахтите или да се отстрануваат некои други објекти и предмети на кои стои сонцето. Дали за тоа треба да донесе одлука Владата или соодветната локална самоуправа?

Што значи јавна, што значи службена, а што употреба на знамето во приватни објекти, за приватни организации, за приватни цели? Кои би биле санкциите ако некој ги тргне новопоставените табли, или го користи знамето на некоја свадба, на домашен празник, на приватна забава, на разни "патриотски" манифестации или одбележување датуми и јубилеи. Кој може да го забрани тоа, по кој член и од кој закон таквите "престапници" можат да бидат повикани на одговорност и да бидат казнети, со глоба или со затвор? Кое би било обвинението, ако дојде до такво нешто? Многу прашања, малку правни одговори.

Актуелната власт, каква и да е, не смее да си дозволи овие дилеми да ги остави недообјаснети. Односот кон овие прашања неможе да се заснова на нечија лична волја, на нечие лично толкување, на премиер, на министер или на градоначалник на некоја општина. За сите постапки мора да има соодветен закон и соодветни општински одлуки, донесени со мнозинство, како што личи во секоја демократска земја. Ако се постапува само по нечии ќеф, по нечии устен или писмен налог, а како оправдување се зема спогодбата за името, утре, другиден, некои непоткупливи правници или некоја нова власт, ќе бараат одговорност, како правна така и политичка, да не речам национална. Може да се претпостави дека некоја идна власт, од разни причини, не само што ќе им ги претресе сите џебови на оние од сегашната, туку ќе им ги мери секоја точка и запирка, ќе го проверува сечиј потпис. Се разбира, ако сака навистина да изгради правна, регуларна држава, ако не се спогоди околу криминалот и поделбата на парите, како што се спогодувале досегашните.

Некој сигурно ќе забележи и ќе рече "како што немало закон или одлука за изработката и поставувањето, по истиот принцип може да се урива и поставеното". Таквиот принцип би функционирал во поинаква земја, а не во држава што инсистира на право и правда и се стреми кон регулативата на земјите од Европската Унија. Погледнато од другата страна, секако, за пофалба е што власта не си дозволи да донесе одлука да ги урива подигнатите споменици, што СДСМ не ги послуша своите фашисоидни идеолози, кои бараа (т) булдожери да го расчистат теренот запоседнат од споменици на личности или симболи од македонскиот антички период.  Спомениците какви и да се, макар и најлоши, сведочат за своето време, дури и најлошите некогаш се оставаат за поука, да не се повторат истите грешки, ако некому и тоа му е за утеха.

Сега, кога се стивнати страстите, кога помина изнасилената кампања и и' се смени името на Република Македонија се покажува колку некои одредби од спогодбата се неважни, беспредметни, дури комични во односите меѓу две земји. Јасно се гледа дека спомениците во Скопје и во другите градови, не се тие што шират омраза, иредентизам, шовинизам и ревизионизам, не се фактори што поттикнуваат насилство и шират непријателство меѓу соседите во било која форма. Ниту пак дека знамето со сонцето од Вергина претставува закана за Грција или го загрозува нејзиниот територијален интегритет или претставува некаква негација на грчката славна историја. Тие пренагласени фактори пред неколку години, денес немаат никакво историско или политичко значење, особено не во Македонија, која за решавање има далеку посериозни прашања и која е исправена пред сериозни егзистенцијални предизвици.

https://www.novamakedonija.com.mk

Славе Катин

 

Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 23

ПЛЕМЕТО АХЕЈЦИ ВО ПЕЛАЗГИЈА

 

Во текот на средноминојската епоха, додека "егејската цивилизација" била на врвот, околу 1600 година пред Христа, дошло до селидба на Ахејците, или Ахеите, подоцна во  VII век пред Христа наречени Хелени (Папаставро, 1972 г., 26 и Mrampiniotis, 1986 г., 96). Заради големите талкања низ лавиринтите на нивното минато и заради разни историски и политички шпекулации, на оваа популација на Балканот и' е даден поголем простор.

************

Ахејците биле со индоевропско  потекло. Од својата прататковина Курган, меѓу Аралското и Каспиското Море, тие тргнале во северозападен правец кон Европа, кон Панонија и јадранските брегови, па преку планинскиот масив на Епир, Додона и Пинд се доселиле во Еолија (Тесалија) каде како староседелци живееле Пелазгите и Еолците (Томсон, 1954 г., 283).

Први историски информации за Ахејците дале Хетитите и Египќаните. Хетитите, кои во XIV век пред Христа имале моќна династија во Анадолија, со Мурсил (Mursil) околу 1350-1320 година пред Христа, ги нарекувале Ахијава или Ахијван (Папаставро, 1972 г., 29; Тајлор, 1983 г., 158, 1986 г.,). Во египетските споменици и папируси се споменуваат кака Акаиваша, во време на Рамзес II, 1288 година пред Христа (Чилде, 1926 г., 63, 72).

Балканското име на Ахејците во митологијата и историјата не е познато. Тие биле именувани како Ахејци од староседелците, тесалиските Пелазги. Според Гревс (1990 г., 631), Ахај значи оној кој разжалостува. Етимолошки тоа е кованица од: а-не-без и зборот од коренот хар-радост додека ахарис-неблагодарен, непријатен, а ахос-која тагува, тажна, чемерна.

Во Централен Балкан постојат многу топоними под називот чемерно. Ахејците ја населиле тесалиската област Фтија (fthio-да уништува, гине, исчезнува), според истоимениот пелашки еолски тесалски град, на реката Сперхеј. Оваа неплодна теснопланинска област, каде што денес се наоѓа градот Ламие, во размер 60х40 км, до Малијскиот Залив на Егејското Море.

Македонија и Халкидик, 431 пред Христа

Од планинските масиви кои ја опкружуваат Фтија, најзначајна е Ета (несреќа, страдање, судбина) на југ, со височина од 2150 м, која на својот најнизок дел ја создава Термопилската Клисура (Топличка Врата), единствен премин од Тесалија, а тие во историјата се именувани како тесалски Ахејци, а поретко како еолски Ахејци. Според митологијата, староседелците, Пелазгите од фтија, потекнувале од богот на реките, Асоп (од сопао-да бидеш мирен, т.е. никогаш мирен), чии синови биле Пелазг (денес градот Пелазгија покрај брегот, се наоѓа на 38 км источно од Ламие) и Исмен, како и една ќерка со име Егина.

Таа се омажила за Актор, крал на Фтија и му родила двајца синови, од кои Менетие бил татко на Патрокло, прочуен јунак во Тројанската војна и нераздвоен пријател на Ахил. Егина со Зевс, на истоимениот остров, родила син Еак, кој станал родоначалник на едно племе новодојдени Ахејци во Фтија, кое се викало Еакиди или Мирмидони (мравјалници). Внук на Еак бил Ахил, најславниот јунак на Ахејците во Тројанската војна, 1192-1182 година пред Христа. Еакидите подоцна, преку Фокида се прошириле до островите Саламина и Егина. Според Хомер (II,681), Ахејците во Фтија населувале пет града: "...кои по Алопа, Ала, Трахина и по Фтија градот, кои по Елада беа, каде велат имало убави жени, т.е. Хелените се викале Ахејци и Мирмидонци, лаѓи беа педесет, Ахил им беше војвода..."

Додека тесалските Ахејци живееле стеснети и сиромашни во Фтија, во средината на XIII век пред Христа, Пелоп од Мала Азија го однел поголемиот дел од Ахејците на Пелопонез и станал епонимен херој. Полуостровот кој првобитно се викал Пелазгиотис, со доаѓањето на Данајците го сменил името во Апис, по светиот египетски бик, за на крајот, според Пелоп, да се нарече Пелопонез, а неговиот дел Пелопонезиска Ахаја, на бреговите на Коринтскиот Залив, со околу дваесет града.

Во митологијате, Пелоп бил син на лидијскиот крал Тантал (танталови маки), познат како Фригиец. На Ахејците им ветил богатство и доаѓајќи на Пелопонез ја побарал раката на убавата Хиподамија, ќерка на елидскиот крал Еномаја, чие кралство го опфаќало северозападниот дел на Пелонез, т.е. Пелазгиотидите. Меѓутоа, кралот од стројникот барал да се трка со него на Олимписките игри. Со помош на богот Посејдон, во златни кочии и со крилести коњи, Пелоп победил, се оженил со Хипадомија и станал крал на Елида, со престол во Пиза.

По смртта, уживал Божји почести и бил погребан во Олимпија. Бил родоначалник на Пелопида. Со Хиподамија Пелоп имал повеќе деца, од кои најпознати биле Атреј и Тиест. Атреј бил оженет со внуката на Миној, Аеропа од Крит. Таа ги родила синовите Агамемнон и Менелај и ќерката Анаксибија. Заради љубомора меѓу браќата, синовите на Пелоп, дошло до омраза, многубројни злодела и до убиства на полубратот Хрисип. Пелоп ги проколнал синовите и тие, плашејќи се од татковиот гнев, побегнале кај кралот Еуристеј во Микена.

Бидејќи Еуристеј, од династијата на Даните, немал наследник, пророштвото советувало за крал да одберат еден од синовите на Пелоп. Браќата се договориле да владеат со Микена на смени, секоја година. Тиест во меѓувреме ја завел својата снаа Аеропа, па заради тоа побегнал од Микена во Сикион, каде не знаејќи ја обесчестил сопствената ќека Пелопија, која, пак, го родила синот Егист. Кога Егист пораснал го убил чичко си Атреј. Се смета дека Атреј владеел со Микена во 1250 година пред Христа.

Најстар син на Атреј бил Агамемнон, крал на Микена и врховен заповедник на ахејската војска во Тројанската војна. Се оженил со Клитемнестра, ќерка на спартанскиот крал Тиндареј, кој му помогнал да се врати на аргиевскиот престол. Неговата судбина била врзана за Тројанската војна, која траела десет години, за жртвувањето на својата ќерка Ифигенија, за љубовните перипетии со Хрисеида и Брисеида и со претскажувачката Касандра, ќерка на Пријан.

Клитемнестра на Агамемнон му родила еден син, Орест, и три ќерки: Електра, Ифигенија и Хрисотемида. По паѓањето на Троја, Агамемнон се вратил во татковината, каде во завера бил убиен од жена си Клитемнестра и нејзиниот љубовник Егист, син на Тиест. За да се освети за татковата смрт, Орест ги убил мајка си и Егист.

Орест бил роден пред почетокот на Тројанската војна. Детството го минал безгрижно во родителскиот дом. По убиството на мајка си бил прогонет во Паракипарисија, на југ на Пелопонез, каде во Гитион се лечел од лудило. Заради постојаното прогонство од Еринија, страшните и лути божици, му било наредено кипот на божицата Артемида да го однесе од Таурида, на Кавказ, во Атина. Со помош на сестра си Ифигенија, свештеничка во храмот на Артемида, за која сите верувале дека одамна била мртва, го зеле кипот на Артемида и заедно се вратила во Атина со лаѓа.

Тогаш судот го ослободил и му дал да владее со Арг, дел од Аркадија и Спарта. Се оженил со Хермиона, единица на Менелај и Елена, која со Орест го родила синот Тисамен. Орест владеел 70 години и умрел во длабока старост, деведесетгодишник, бегалец од Аркадија и бил погребан во Тегеј, во 1104 година пред Христа, според Ератостен. Смртта на Орест бил крај на династијата Пелопиди и почеток на егзодусот на Ахејците од Пелопонез и Тесалија заради доселувањето на Дорците. Со егзодусот на Пелопидите завршила "микенската цивилизација" која била дел од "егејската цивилизација".

 Продолжува 

http://mn.mk 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***********

 

 

Васил Маневски 

ОБРАЌАЊЕ КОН ЕВРОПА

  • Ој, Европо ти блуднице стара,
    Невозможното ти од нас го бараш!

    Каква вина Македонците сторија,
    За да се откажат од својата историја?

    Лицемерно некаква безбедност ни нудиш
    Покрај старите и нови сомнежи ни будиш.

    Се залагаш за мир, нудиш гаранција,
    Едно вели Германија, а друго Франција.

    Ни одземаш државност, име, нација!
    Каква е та дива, а нежна окупација?

    Чудна е новата европска цивилизација,

  • А уште почудна Соросовата демократија.

    Кај што стигнаа гром и град смлатија,
    Се' што допреа и фатија се' осакатија.

    Не уценуваш да менуваме Устав химна, знаме...
    Чесните ги кудиш, лажговци тапкаш по раме.

    Државата наша ја претвараш во колонија,
    Понижуваш јазик и народ на Македонија.

    Го сакаме нашето, не холандско цвеќе
    Претеравте, ај доста е, доста беше веќе.
    ***********
    Автор: Васил Маневски

ВИДЕОТЕКА

************

Kind regards: 30 август 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 234