ОВА Е МОЕ СОНЦЕ

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

*************

Знае ли некој колку играчи се вмешани во политичкиов циркус околу разнебитувањето на Македонија? -  да бидам искрен, незнам ни јас, ама за сигурно Заев и Димитров не се сами! Тие се премногу ситни за такви работи! Тие се само мали дрвени пиони на шаховската табла, ама затоа, пак, најодговорни за криминалот кој го направија во Македонија. 

A, дали некој знае зошто дури и најголемите и најмоќните светски играчи одново се замешаа и го поттикнаа овој циркус? Е, тоа е прашање, за кое нема само еден одговор! Тоа е старо  прашање кoe e во игра на светската политичка сцена уште од пред падот на Османлиската империја, од  фаталниот Букурешки "мировен"  договор од 1913 година  и подоцна, од времето на Втората светска војна, со која настана краткотраен и навидум мирен период  на Балканот и Светот. 

Со создавањето на СФРЈ и Република Македонија, силите на Балканот се променија. Букурешкиот договор со кој се распарчи Македонија меѓу соседите, изгуби еден дел од македонскиот колач подарен на Србија. Ама тогашните злосторници не ни го заборавија.  Беше ставен на шпорет да крчка, се' дури СФРЈ не се растури, за одма потоа да се обнови циркусот во друга "поцивилизирана" форма, со помош и активна соработка на домашни квислинзи и велепредавници. 

Република Македонија беше пак прва на ударот.

Ама, сега Македонија не беше парче земја без Македонци. Беше во прашање оформена македонска нација и македонска држава по сите правни и меѓународни принципи и притоа членка и сооснивач на ООН. Затоа требаше да се изнајде друга, перфидна и примамлива стапица: НАТО и Европската Унија, како места на рајот и благосостојбата! Тоа вистински беше нешто што секој би го посакал, особено македонскиот обичен, но не само обичен туку и измачен македонски човек. Му изгледаше розово и примамливо како цветовите за пчелите, ама да се добие столица меѓу докажаните гробари и на Македонија и на Македонците, требаше да се исполнат некои битни услови. Да се решат сите меѓусоседски односи и задоволат нивните барања, ма било какви тие и биле.

Фатени во стапицата, Зоран Заев,  Никола Димитров и СДСМ, направија пустош од својата сопствена држава: чудо не видено! Набрзина потпишаа договори за сите прашања и барања на соседите, не водејќи сметка за црвените линии на Република Македонија и македонските национални интереси.  Арно ама, ги преценија своите способности а притоа  ги потценија триковите на европските бирократи и нивните искуства во односите со такви жутоклунци, во политиката, како Зоран Заев и Никола Димитров.

Скапо ја платија невидената роба, при тоа не барајќи никакви гаранции за времето кога ќе им биде испорачана, но и нејзиниот квалитет.

За да ја оправдаат својата глупост и детинска наивност, почнаа народот да го залажуваат со неминовноста од влегувањето на земјата и народот во речените меѓународни организации, зошто тоа била последната карта за возот кои ќе не однесел во Европа и рајот Божји. И така парче по парче, ја распродадоа државата и го обезличија македонскиот народ. Но, правата вистина за велепредавството на Зоран Заев и Никола Димитров не беше и не се крие во нивната наводна грижа за  спасот на Република Македонија и благосостојбата на македонскиот народ, туку во нивниот спас од македонската или, можеби, меѓународната правда за нивните недела врз интересите на државата и Македонците како  конститутивен и мнозински народ во Република Македонија.

Во што се состои велепредавството на  сопствената држава и националните интереси на македонскиот народ? За оние кои не се доволно информирани, а сакаат да знаат, зошто се работи за нивното национално достоинство и угледот на Република Македонија во светот,  ќе почнеме вака:

Притиснати со закани и уцени од надвор, прво се откажаа од името на Република Македонија, како појдовна точка за понатамошно сукцесивно разнебитување на македонската држава спрема мерилата на   Грција, Бугарија и Албанците во Република Македонија, потоа,  од македонската национална историја и античкото културно наследство, јазикот, културата, книжевноста, песната, фолклорот, традицијата, топонимите на местата низ Македонија, паметниците и се' што носи предзнак македонско, македонски, потоа со напуштање на грижата за македонските иселеници во соседните и другите странски земји и сето тоа како трампа за политичката лакрдија, Република Северна Македонија!

Северна Република Македонија, политичка творба на Зоран Заев, Никола Димитров и следбениците на СДСМ но без Македонци, без минато, без идентитет, без национални белези, без традиции, без јазик, без песна и оро македонско, без државни и национални празници, без државна химна, без македонска армија и сили на внатрешната безбедност, без македонска академија на науките и уметностите, дури и без  МАКЕДОНСКИОТ АЈВАР и сите производи под знакот: произведено во Република Македонија или македонски производ! И тоа не е се' што стои во пакетот за ѓутуре продавање на се' македонско, вклучувајќи го комплетното бришење на Македонците од списокот на народите во светот. 

Секој ден од нивните ормари испаѓаат нови скелети од веќе изедените Македонци, жртви на човекојадецот Зоран Заев

До кога сета оваа илегална и неуставна политичка ујдурма на СДСМ, Зоран Заев, Никола Димитров  но и на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае? - зависи од сите нас надвор и внатре во земјата! Но, првенствено од здравите и храбри патриоти, преостанати, во Македонија!? 

Да се разбереме! Македонците нема да изумрат, нема ниту да бидат истерани надвор од Македонија! Тешко, но сепак ќе ги издржат и овие голготи и понижувања! Ама срамот кои си го дозволивме СДСМ и оваа ненародна власт во Република Македонија да ни го наметнат за свои лични интереси,  ќе трае и после нас! Ќе трае како наше наследство оставено за  идните македонски генерации, да се срамат и тие и да ги држат главите наведнати!

Но сепак мораме да бидеме и благодарни за ова што ни се случи и што, евентуално, дополнително ќе ни се случува, ако им дозволиме! Да им сме благодарни, мораме и тоа да си го признаеме, и ако со горчина во душите, што со нецивилизираното и  нечовечко однесување кон нас, европските властодршци ни направија и услуга; не разбудија и не'  поттикнаа  уште пожестоко да се бориме за нашите повредени човекови права и правата да бидеме обединети како народ, македонски, на нашата  историска-географско-етничка татковина, Македонија! Што значи:

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Имаме доволно сили и тоа да го постигнеме, ако не'  ние, кои се бориме денес со сите зла на овој неправеден свет, ама  идните македонски генерации, најверојатно. И во нашите вечни почивалишта ќе се чувствуваме среќни ако нашите денешни жртви не бидат заборавени, барем затоа, што им покажавме како треба да се борат и тие за својата слобода и слободата на нашата од Господа дадена и благословена земја.

Иницијативите насочени кон  обединување на сите здрави сили под една кровна национална политичка организација ни  говорат дека духот македонски се' уште е жив и дека  се е можно ако се сака. 

Ако ние бевме некадри, меки, национално неосвестени и секогаш подготвени за грст денари да си ја продадеме и душата, ај да бидеме оптимисти па да поверуваме дека идните македонски генерации ќе бидат попаметни од нас. Ќе научат нешто и од нас и нема да ги повторуваат нашите грешки. 

Целата оваа ситуација во нашата татковина, драги мои, ме враќа назад повеќе од 30 години, во времињата кога подемот на македонскиот црковен и културен живот во Америка и Канада, а верувам и во Австралија, беше во полн ек. Ама не и националната свест дека заедно сме посилни.

Градевме и цркви и културни друштва и домови за остарените Македонци и чудо други убави работи, ама едно ни фалеше: слога и навики за заедничка работа. 

Во тие времиња и нашата Црква, односно некои поединци, великодостојници, не беа подготвени да разберат дека животот надвор од матичната земја не е ист како онај во Македонија. Разликите се големи! Ние сме, сепак,  во туѓи земји во кои и покрај тоа што сме рамноправни со сите кои ги чинат прифатените земји за свои втори татковини, се' уште пупковно сме врзани со Македонија; била тоа Вардарска, Пиринска, Егејска или Албанска!

Помина многу време дури не свативме дека ние сме сите браќа и сестри и секој од нас е вреден за нешто. А тоа поединечно нешто кога ќе се здружи, прави нешто големо, кадро за големи дела, меѓу кои и одбрана на нашата стара и едина вистинска татаковина, Македонија. Одбрана во случаеви како денес, во времево на голем анти македонизам, непримерен во историјата на човештвото, колку сум јас информиран.

И да завршам!

ИГРИТЕ БЕЗ ГРАНИЦИ ЌЕ ПОСТОЈАТ И ПОНАТАКА, СЕ' ДУРИ ЌЕ ИМА И ПРЕДАВНИЦИ И ИЗРОДИ! НО, АКО ДЕЛУВАМЕ БРЗО И НА ВРЕМЕ, ЌЕ ГИ БИДЕ СЕ' ПОМАЛКУ!

За секогаш, Ваш Сотир!

Џејсон

 

 Џејсон Мика

КОГА СИ ГО БРИШЕТЕ МИНАТОТО СИ ЈА БРИШЕТЕ ИДНИНАТА

 

Првиот чекор  за да уништите еден народ е да му го избришете сеќавањето. Уништете му ги книгите, културата, историјата. Набргу народот ќе заборави што е и што бил - Милан Кундера.

Најефикасен начин да уништите народ е да го негирате и избришете неговото разбирање за неговата историја - Џорџ Орвел.

За да уништите еден народ првин мора да му ги исечете корените - Александар Солжењицин.

Минатото е избришано, бришеното се заборава, лагата стана вистина - Џорџ Орвел.

******************

Владата на Зоран Заев, потоната во скандал од епски размери кој ќе ја собори, истовремено се обидува да ги избрише македонскиот идентитет, македонската историја, македонската традиција, македонската култура а, со тоа, и македонската иднина. Погоре наведените цитати од повеќе умни глави не потсетуваат дека не можете да имате иднина ако го бришете, заборавате, негирате и уништувате своето минато.

Кога Заев, неговиот министер за надворешни работи Никола Димитров и другите членови на владата го потпишаа таканаречениот "Преспански договор" и го игнорираа гласот на граѓаните (со тоа што го игнорираа исходот на референдумот од 30 септември 2018 година) и потоа насила го протуркаа договорот низ Собранието (користејќи ги "балканските методи" кои ги препорача еврокомесарот Јоханес Хан) тие се обврзаа да учествуваат во уништувањето на македонскиот идентитет.

Кус осврт на разните начини преку кои Заев го брише идентитетот:

- Како прво, еден опасен пристап кој добива на размери и интензитет, е во што со повеќе медиуми, поединци од регионот и од светот, ги нарекуваат Македонците и сите нешта кои би требало да ги викаат просто "македонски" со изразот "северномакедонски". Веќе објавив список на овие примери, кој е неисцрпен, туку само дел од овие примери.

- Второ, на почетокот на август повеќе Македонци соопштија дека им биле дадени изводи од матичната книга на родените во кои придавката "македонски" е земенета со знакот /////.

Македонците беа природно разгневени од ова, а Владата на Заев набргу даде објаснување, инсистирајќи дека се работело за техничка грешка и соопшти дека државјанството ќе  биде означено како "Македонски/граѓанин на Република Северна македонија", израз кој е прецизиран во Преспанскиот договор како дефиниција на македонската националност. Но, настрана целата глупост на таканаречениот "Преспански договор", да погледнеме што точно пишува во него - членот 1 (3)(б) се вели дека националноста на втората страна ќе биде "Македонски/граѓанин на Република Северна Македонија" и така ќе биде наведена на сите патни документи. Јас колку што знам, изводот од матичната книга не е патен документ. Ваквата формулација се користи и на изводите за државјанство, кои исто така не се патни документи.

- Трето, нешто што се случува додека ги пишувам овие редови - Владата на Зоран Заев насила ги отстранува сите претставувања на Sвездата од Кутлеш од секое јавно место. Се работи за симбол кој е пронајден на древни културни артефакти и на предмети од секојдневието кои се користеле во минатото, и кој е откриван многупати, насекаде низ Македонија. Поради својата се'присутност, овој симбол е прифатен од страна на Македонците како дел од македонската култура и наследство. А сепак, Владата на Зоран Заев го брише, каде и да го најде низ Македонија, го уништува буквално со брусалки и друг алат, меѓу другото и од покривките на шахтите. Интересно е што на фотографиите до овие шахти може да се види и годината на производство, честопати 2004 или 2005 - година  кога токму СДСМ беше на власт.

Sвездата од Кутлеш ќе биде вратена на плоштадите и јавните простории бидејќи таа им припаѓа на Македонците. Грците можат да се повикуваат на неа исто така (тие ја користат со поинаква шема на бои и стилови) бидејќи таа може да се пронајде и кај нив. Но, засега, јавноста треба да биде охрабрувана да го користи овој симбол што е можно почесто, јавно и слободно. Всушност веќе се случуваат примери на отпор против оваа наредба и се повеќе Македонци, во Македонија и низ светот, го прифаќаат овој симбол.

- Четврто, да не заборавиме на македонските деца и на младите кои одат во македонските училишта и кои одсега треба да учат верзија на историјата која соодветствува на барањата на Грците и на Бугарите. Таканаречените историски комисии меѓу Македонија и Бугарија и меѓу Македонија и Грција работаат на измени на македонските учебници, мапи, атласи, наставните планови...Повеќе пати пишував што може да се стори во врска со овој проблем.

- Петто, не заборавајте што е следниот дел од планот: имињата на компаниите, брендовите на производите и многу други нешта кои се исклучиво сопственост на приватниот сектор - на компаниите, организациите, институциите, фондациите, невладините здруженија и така натаму - сите тие ќе бидат изложени на притисок од страна на Владата на Зоран Заев да ги отстранат ознаките "произведено во Македонија", "македонски производ" па дури и адресите на кои стои "Скопје, Македонија". Освен, се разбира, ако падне Владата на Зоран Заев.

- Шесто, ми снемува простор да ги набројам сите отстапки кои ги бараат и ги добија Али Ахмети, ДУИ, Алијансата на Албанците, Беса и другите партии на Албанците од Македонија. Прочитајте ја таканаречената Тиранска платформа која со сета арогантност, намерно беше објавена на православниот Божиќ, 7 јануари 2017 година.

Од сето ова птоизлегува дека Заев се согласува со сите разни барања на Бугарите, Грците и Албанците и дека Заев навистина верува дека Македонија е измислица на Тито.

Последна мисла за неделава: Во 2018 година, кога се' уште течеа "преговорите за името", Никола Димитров му порача на грчкиот весник Катимерини дека "ние сме и ќе останеме Македонци".

Но, да се биде Македонец не означува само некое апстрактно име без никаква содржина зад него. Тоа означува богата историја, култура, наследство, традиција, јазик, вера и многу многу други нешта. Не можете да го отстраните сето тоа што значи да се биде Македонец - целата таа историја, култура, наследство, традиција, јазик и вера и да кажете дека, сепак, се' уште сте Македонец. Што значи да се биде "Македонец" без сето тоа? А сепак Заев, Димитров и другите членови на нивната Влада се обидуваат да го редефинираат значењето на поимот Македонец и да му дадат некое друго значење - празна, издлабена форма без нејзините уникатни содржини.

Основниот план на Грците е да го спречат секое споменување на македонскиот идентитет и да го избришат секој траг од овој идентитет. Основниот план на Бугарите е да ги натераат Македонците да признаат дека се "Бугари".

Генијалноста на двата овие плана е што најдоа волен и исполнителен квислинг - премиерот на Македонија, Зоран Заев.

 *******************

http://www.mn.mk 

Мирка

Мирка Велиновска

ИСТОРИЈАТА НА СЕВЕРЏАНИТЕ

*****

Пошто на македонската државна и национална маркица за сопственост узурпатори си подигаат нова, ѓоа, држава, нормално е дека таа нема историски темел, нема минато, нема традиции, култура, творештво, јазик, спомени, вредности...

Упаднаа во туѓ дом и како пљачкаши, набрзинка срушија и украдоа се' што најдоа за да им го подарат на нарачателите кај кои се главени како измеќари. Македонија денес е стрниште на кое крадецот сака да си сее тешко загадено ГМО семе. Што ќе никне ич не прашувајте зашто веќе гледате. Пазарно, евроатлански ориентираната "северџанија" има своја црпната филозофија содржана со СТАРО ПРОДАЕМ, НОВО КУПУЕМ!

Измислената "републикасевернамакедонија" има страствени евроатлански подржувачи, ама нема реален градежен материјал. И затоа има гооолем проблем кој "градителите" уште не го сконтале. Немаат врзивно ткиво кое сите испилени северџански бројлери ќе ги направи народ. Држава мора да има свои национални и државни празници. Светли датуми кои служат како маркери или патокази за генерациите. Помнењето на минатото ја има таа функција меѓу останатите работи.

Пошто бројлери, црпки и лејки немаат мозок ниту меморија, а нивниот космос е еднодимензионален, Миленко и јас решивме да им помогнеме да го пополнат празното што зјае со северџанска автентика. Им даваме предлог листа за историски датуми и настани од кои ќе се состојат нивните историски северџански национални и државни празници што ќе ги чествуваат и места на кои угледните црпки ќе им испраќаат јавни пораки со кои ќе им го крепат духот северџански ако нема дотур на кокаинче, крекче, хероинче, џепарец за шопинг и настап на ред карпет.

На северџанскиот државен грб за мото го предлагаме победничкиот восклик на Стевица стоката: СЕ ОСЛОБОДИВМЕ ОД МИНАТОТО! Ова безвремено и универзумско сведоштво за безкрајноста на човечката глупавост секако треба да има централно место во рефренот на северџанската химна. Авторот Стевица освен претседничка пензија ќе кешира и тантиеми за авторско право.

Ден на победата северџаните да си  го прогласат 26 јуни. Датата до кога мора да падне легалната власт во Република Македонија на куртон револуционерите им ја соопшти Елеонора Каранфиловска, службеник на ЦИА и Пентагон која логистички ја бодреше куртон револуцијата од својот стан во Дебар маало. Крег Ретклиф, портпарол  на НАТО во 2001 година и сопруг на Каранфиловска, исто така се покажа како доста креативен. 

Неговиот слоган НЕ ГЛЕДАЈТЕ НАЗАД ТУКУ САМО НАПРЕД исто така треба да најде место во историјата на северџаните. На пример, нивната академија на науки ем уметност може да го земе за мото. За проста бројлерска маса доволно е да се помни како орден за успешна лоботомија - Елеонора и Крег од Прв ред - последен шупак.

За ден на северџанската армија најдобро би легнала датата кога ШОУЛДЕР ТУ ШОУЛДЕР со грингосите и остала евроатланска багра изнајмените македонски војници влегоа во Ирак (историска Месопотамија) и ибаа мајка на се' живо и мртво, духовно и материјално. Авторските права за оваа екстатичност ги има уникатниот воено-стратешки гениј на Бранко Геровски.

Национален и државен празник кој ќе се слави во "северна" мора да биде не ден, не недела ами МЕСЕЦ НА ПЕДЕРИТЕ И ПЕДЕРКИТЕ. Неработен, се разбира и ќе се изедначи по траење со старите и де моде верски празнувања на Божик и Велигден, односно Рамазан и Курбан бајрам.

Национален празник мора да има во слава на култот за трошење пари за купување БРЕНДОВИ. Во недостиг на причини кои ќе ви го оправдаат постоењето или живуркањето кои сте ги избришале од сеќавањето, нормално е да се ложите на нешто опипливо. Ден на Боки и Сергеј наместо немодерните Кирил и Методиј. Кој ќе го слави? Па како постмодерна домашна слава страсно ќе го вградат во сеќавањето на Јадранка Костова, Оливера "модна туфна"" Трајковска, владиката Пимен и се' некои примероци од северџанската нобл тренд сетерска пасмина. Под услов да ги храни со многу пари за славенички арч.

Државен празник во слава на КОРУПЦИЈАТА нужно мора да има оти овој феномен има историски континуитет и светла иднина во северџанскава  државна куротресина.

Триумфалната капија може да се пренамени во место низ кое ќе триумфираат најуспешните крадци, гангстери, рекетари, новите јунаци на северџанското население кои талентираните автори ќе ги опеваат во епови. Може ли да не се опее богаташката елита почнувајќи од првобитната акумулација која прерасна во олигархија до новопрајските богаташи кои рекетари ги молзат како крави. Зар овие модерни северџански јунаци не заслужуваат внимание од својот северџански народ? Зар ќе остане неопеан храбриот визионер Орце Камчев кој неустрашиво ем доблесно и одлучно плаќал на уценувачи и подарувал бентли, јахти, пари иако меѓу првите како бугарски ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ му го испуши на Зоран Заев и се прогласи за почесен северџанец.

Тука доаѓа и пригодното одликување за заслуги, за храброст и маштовитост, за иновација... во пакет со пригоден говор и фото сеанса, плус текстови ем интервјуа и славопојки во главните слободарски ем независни медиуми. Нормално, во недостиг на северџанска култура, Министерството за култура топтан со апашите во Собранието и нивните експертутки, ќе склепаат листа за изработка на северџански споменици. Зашто сите досегашни и' припаѓаат на Република Македонија и на Македонците кои се друга држава.

Може ли да нема паметник на ТРИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ МОЈРИ ОД СЈО? Или издвоено на Катица Бјонсе на која идеен паметник веќе и' крена Горан Пиже Михајловски, истакната преститут северџански. Или на легендарно бестрашната Вилма Рускоска која безмалку го положи својот овоземски безначаен живот во борбата со тероризмот.

Може ли да се комплетира богатото СЕВЕРЏАНСКО турбо минато а да го нема плоштадот на ЧАРДАКОТ, Бистата на Лилето Поповско и нејзината храбра мисла: ГИ ПРОДАДОВМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИДЕАЛИ, А НЕ ДОБИВМЕ ДАТА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ!?

Зар ќе се заборави автопатот "Сашо Мијалков и неговите осуммина визионери" кои храбро ем одважно одбраа да бидат јавно ебани а да им се брои како да се стрелани?

Гомна да јаде северџанската држава ем црква ако не го прогласи за светец Црпко Заев и ако не напише најнововременско постмодерно поглавие на северџанската "света" книга по која ќе се курдиса времето.

Каков Христос бе! Зајко ќе стане автентичен симбол и државен празник оти удри ТЕМЕЛ НА НЕПОСТОЈНА ДРЖАВА.

Каква е тоа напредно-модерна глобалистичка севеџанска држава ако не ја слави како своја државноста на Бугарија, Грција, Албанија и Косово? Американската веќе се слави како северџански ден на независноста. Па тури ги за државни праззници и денот на формирањето на ИСИЛ, на Ал каеда, на ЦИА, МИ 5-ка и 6-ка, БНД. Од многу не боли глава. А и нема што да се работи оти ништо не се ни произведува.

Нормално, историјата на црпкиве од "северна" ќе биде не комплетна ако "државата" не го инкорпорира денот на УЧК како свој светол датум. Бродец, Куманово, Смилевското Езеро се северџански култни места кои ќе ги компензираат демодираниот и продадениот Мечкин камен, Пелнице, Ваташа, Беласица...

http://www.mn.mk

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 

 

 Панде Манојлов 

 НА СЕВЕР НИШТО НОВО 

 

  • Ај, мајката,
    ај, стопанкина му,
    ај, пустињата...

    Роден беше дедо ми,
    во турско, 1892,
    и никогаш не му дадоа
    ни крстениче,
    ни тескере...

    Тој знаеше што е,
    но војни како војни,
    кој дојди така пиши го:
    едните Грк,
    другите Србин,
    третите Бугарин,
    четвртите Југословен...

    И сите тескери му даваа,
    сите војнички униформи,
    сите и име и презиме
    му менуваа
    а, тој,
    само своето си го признаваше!

  • И султани смени,
    и кралеви смени,
    и цареви
    и претседатели
    и маршали смени
    а тој ист си остана:

    ЈАНЕ МАНОЛЕ
    не', граѓанин,
    туку селанец
    и земјоделец
    на својата земја-
    МАКЕДОНИЈА!

    Ај, мајката,
    ај, стопанкина му,
    ај пустињата,
    сиктер сите,
    така до крајот на животот
    велеше!

    **********
    Автор, Панде Манојлов

Академик Шкокљев

 

Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 22

ПЛЕМИЊАТА ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

 

Јонците биле жители на Јонија, околу реката Халис (многу) во Мала Азија, на југозападниот дел, меѓу Карија и Лидија. Името потекнува од семитското Јавани, еврјското Јавна, а не елински lafones. Меѓу 2500-2000 година пред Христа, јонските племиња се доселиле на островите на југоисточниот дел на Егејското Морре, потоа на Крит, на источниот дел на Пелопонез (Лерна, Тиринт, Микена), во Атика од Сунион до Мегара и на островот Еубеја. На овие простори се измешале со староседелците, Пелазгите. Деловите на јужниот Балкан каде што се доселиле, го добиле името Јонија.

Јонците со себе донеле бронза од малоазиските богати рудници, својата култура и јонскиот јазик, кој подоцна, со доаѓањето на Хелените, како дијалект станал составен дел на античкиот јазик. Атина еден период се нарекувала земја на Јонците, додека крал на Атина бил Јон. Тој бил познат по тоа што организирал четири племенски заедници. Херодот (VII,94) за својот народ вели: "... додека Јоните живееле на Пелопонез, во покраина која сега се нарекува Ахеја, и тоа пред доаѓањето на Данај и Ксут на Пелопонез, со кажувањата на самите Хелени, се нарекувале Егијалски Пелазги, а името Јони го добиле по синот на Ксут, Јон".

Значи, се работи за народ со нехеленско потекло, кој според Папаставро (1972, 17) мирољубиво се доселил од пределите источно од реката Халис во Мала Азија и учествувал во создавањето на "Егејската култура". Хомер своите творби ги создал на нивниот јазик. Со селидбата на Дорците на просторите на Атика и Пелопонез настанал егзодусот на Јонците, во 1044 година пред Христа во нивната прататковина Јонија во Мала Азија (Томсон, 1954 година, 264), каде бил формиран Сејонскиот сојуз од дванаесет полиси, според бројот на градовите кои ги имале на Балканот. Подоцна, во VI век пред Христа, тие дале голем придонес во светската култура.Се смета дека неолитски жители на егејските острови Крит и Киклада биле доселеници од Мала Азија (Карци, Лелеги, Лиѓани) и Либија, т.е. од Африка, од преддинастичкиот период на Египет. Името на етнонимот го добиле по митскиот крал Миној, кој бил син на Зевс со Европа, ќерка на феникискиот крал Агенор. Миној живеел во херојски период, а него го усвоил кралот на Крит Астерион. Бил славен и праведен крал, добар законодавец и судија за душите кои се симнуваат во подземниот свет Тартар.

Бил современик на Персеја и Асклепија. Владеел со Крит три генерации пред почетокот на Тројанската војна, што го потврдува и Херодот  (VII. 171) кој истакнува: "... а три генерации по смртта на Миној дошло до Тројанската војна, во која Криќаните му помогнале на Менелај и се покажале како големи јунаци..."

За Миној, Тукидид (I, 4) пишува: "...Миној е од оние за кои, според преданието, знаеме дека набавил бродови и завладеал со најголемиот дел од сегашното Елинско Море, загосподарил со Кикладските Острови и прв ги населил, поголемиот дел од нив, ги истерал Караните (Пелазгите) од Атина и Атика и ги поставил своите синови за господари. Ги гонел гусарите од морето колку што можел, секако за да има поголема корист".

Заради матријархатот, жената во општеството имала многу висока положба. Жените се занимавале со атлетика и со боречките вештини со бикови (тауромахија), со акробатика, лов, тркачки игри и др., тие биле вклучени во производството на печена глина и амфор.

Еден од светите симболи на Криќаните била "двострана секира-лабрис и "минејски рогови", пренесени од Мала Азија. Најгоема заслуга во проучувањето на археологијата на Криќаните има Артур Еванс (1903 г.) кој ги открил сјајот и величината на "Минојската цивилизација", со што може да се следи историјата на Крит. Според него, праисторијата на Крит почнува уште околу 14000 години пред Христа. Минојскиот период Еванс го дели на три периоди: раноминојски, 3000-2100 г. пред Христа, средноминојски, 2100-1600 година пред Христа и доценминојски, 1600-1200 година пред Христа, кога завршува периодот на критско-микенската култура во Егејот.

 

Грција поголема од Македонија?

Минејско живеалиште

Раноминојската култура ја обележувале споменици на архитектурата (кружни и четвороаголни куќи), гробови во облик на ковчези или семејни гробници, оружје, керамика, пластика, накит и штембили. Средноминејскиот период го чинеле величенствени палати на кат со многу одаи во вид на лавиринт, кои не биле обезбедени со бедеми. Потоа, столбови (често со симболи на двојна секира "лабрис", оттаму и лавиринт), фрески со полихромни слики кои претставувале риби, делфини, "берачи на шафран", "госпоѓи во сина" итнт.

На Кикладите била карактеристична нехомогеноста и заедно со Крит претставувале значајна алка во синџирот на поврзување на праисторискиот Балкан со Истокот. Минералното и рудното богатство на Кикландските Острови, уште во раноминојскиот период, со бродови стасувало на Крит, Кипар и се' до Египет. Типични биле кикландските идоли на женски фигури од мермер, но и садови и предмети на морската трговија.

Она што е најважно за истражувањата на Еванс и на подоцнежните истраажувања, се 1600 таблици од глина. Од нив се гледа дека Миноите употребувале три начини на пишување. Прво било хиероглифското писмо внесено преку Египет ("свештенски питограми") и Лувија од Мала Азија. Со ова писмо се служеле во средноминојскиот период (2100-1850 година). Следно било линеарното А писмо, со кое пишувале од 1650-1400 година.

Следи линеарното Б писмо кое се користи од 1450-1200 година пред Христа во периодот кога престанала критската доминација во егејскиот свет, кога Крит бил окупиран од Микена. Најновите археолошки истражувања на островот Тери (Сандорини) и на Крит откриле една нова "Помпеја" која претставува вистински рудник на материјална култура за археолозите во следните векови.

Продолжува

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards: 25 август 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 233