Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

Т'ЗИ ДУПКА НЕ Е ДУПКА!

*************

Светов од секогаш бил место за се' и сешто; за убави и неубави збиднувања, а најповеќе за разни интриги, шпекулации и злосторства. И во сите игри биле парите криви. Тоа е злото, заради кое се губи угледот, лицето, ама многу почесто и главата. Македонија во тоа не е премногу различна од државите со поголемо искуство во тој бизнис, али набргу ќе ги престигнеме; затоа што пребргу одиме во се', па и во криминалот!  Кога нашата "правна" држава ќе ги земе конците во свои раце, и тоа ќе го снема. Барем толку, колку се може, да не се налутат политичарите! Само едно е тешко да се надмине: табиетот Балкански! Да се биде поголем и од Господа, кој  е семоќен, како се мисли! Или пак како ние што сме, како многу од нас си мислат!

Има и   изроди и криминалци и предавници и велепредавници, колку ти душа сака. И во таа гранка на "културните" "цивилизираните" и сите други слични подрачја на организираниот криминал, ние водиме. Ако не сме баш толку високо на  престижната скала, на прво место, ама за сигурно блиску до него и се искачуваме.  Ама, сепак, мораме да си признаеме, нашите си имаат своја сопствена категорија зошто се ербапи. Тие, покрај националните интереси,  ја продаваат и државата заедно со народот, за ситнеж. Тоа досега се' уште никој не го сторил. Никој не го престигнал Зоран Заев-Зоки од Муртино, зошто само тој е високо квалифициран да краде, да лаже, да каже полувистини а потоа да ги повлекува со намуртено лице. Али е вистински вљубен во продавање на држави, народи, идентитети, наследства, култури, обичаи и традиции, јазици, не само обични, туку говорни, како македонскиот. И не би требало прекумерно да му се лутиме  заради неговата дарежливост. Им дава или  ефтино продава само на "сиромашните" соседи: Грците, Бугарите и Албанците зошто не само што се сиромаси и високо задолжени кај големите, тие се' што имаат е фалсифицирано или бесрамно украдено од Македонците.

Секој сака квалитет, а него ќе го најдат само кај Филипа и Александра Македонски, потоа кај Гоцета Делчев, Питу Гулета, Јане Сандански, Никола Карев, Григор Прличев, Крстета П. Мисирков и да не набројувам уште, зошто несакам соседите да ги лутам, како да сакам да им речам: макните ни се од пред очи и гледајте си ја својата сиромаштија и  својата духовна беда!  

Светот си има  и ситни трговци и велетрговци! Велеписмени, полуписмени, неписмени и глупи како тенеќе! Имаме и ние, не да  и немаме, ама Господ да те чува од последните, зошто и тој кренал раце од нив, па прават се' што сакаат. Најлошото е што не се сами; работаат за свои надворешни нарачатели и во исто време се заштитени од нив, како индиски крави. Се разбира, дури им се потребни. А после? Па после ќе ги однесат в' планина, мечките да ги изедат! Ете тоа секогаш било така, кога не си ја знаеме сопствената историја. Зошто таа била и секогаш ќе биде мајка на науката!

Туку ајде да ја оставиме шегата на страна. Имаме посериозни работи за кои треба да зборуваме!

Ако не сте знаеле, корените на велепредавствата лежат во сиромаштијата и алчноста. Се бара повеќе отколку ни е потребно за пристоен живот.  Но и во случаеви кога се бега од правдата, по секоја цена.

И македонскиот народ си има такви луѓе подложни на поткуп, и тоа не од вчера;  од многу поодамна! Од времињата кога немавме своја држава и живеевме под контрола на туѓинци и бевме зависни од нив. Меѓутоа, таквите пороци се' уште не следат и денес, зошто немаат рок на траење. А и затоа што нашите криминалци си маат своја сопствена држава и уплашени порезодавачи кои редовно им ги покриваат животните трошоци.

Македонците  од секогаш биле  колатерална жртва на својата местополжба. Требаа  да се уништат со распарчување на нејзината историска територија, и со тоа македонското прашање да нестане од грижата на Западот и Европа, за секогаш. И како што сите знаеме и тоа  се случи! Но исто така познато ние, што се случи за време на Втората светска војна, кога Македонците изнајдоа сила и ги истераа сите окупатори од делот кој беше под контрола на Србија и прогласија своја национална држава, Република Македонија. Недолго потоа, од разни и оправдани причини, нејзините владари одлучија Република Македонија  да им се придружи на балканските народи и заедно со нив да  формираат заедничка држава, СФРЈ.

По распаѓањето на заедничката држава, СФРЈ, и Република Македонија си прогласи самостојност, и тоа без капка проливена крв, за разлика од другите Републики. Ама тоа што и' се случи на Југославија, подоцна и' се случи и на Република Македонија, зошто интересите на  големите европски сили и на некои подалеку,  останаа исти: Балканот и неговите народи во светски размери да не играат никаква улога, а Русија без нив да не е во можност да влезе во Медитеранот.

Но, како што спомнавме погоре, се случи тоа што ни се случи. Спрема однапред мудро подготвените планови, лажната демократија си го заигра своето оро и во овој дел од светот. Промовирана од Западот заедно со повеќепартискиот систем, како систем кои би го забрзал развојот на земјата, ги изневери очекувањата на народот. Тоа  беше и целта на надворешниот фактор. Сега  се чекаше уште изборот на соработници и од внатре, брзо и ефикасно, да се доврши недовршеното од пред 100 и повеќе години. Односно,  целосно ликвидирање на македонската држава,  Република Македонија. За ваков еден грозен и не хуман чин, најверојатно постоеја и причини од нивна страна, ама не и од наша. Нивните злосторства врз Македонците во поробените делови на Македонија  ги вознемируваат. Еден ден отворено ќе се зборува пред меѓународните институции и било би неугодно по нивниот углед и престижот целиот свет да сознае за нивните лицемерија и двојните аршини во однесувањето со малите и нејаки земји и народи. 

Се изнајде квислинг за Западот, а велепредавник за нас, Македонците. Зоран Заев со грст негови следбеници  беше тој, кој се зафати да ги реализира зададените задачи. Без никаква грижа на совеста и некаква лојалност кон земјата која го родила и одгоила,  ја почна разградбата на Република Македонија и продавање на се' македонско во неа: културното наследство, заедно со комплетниот национален идентитет на Македонците, а со промената на името, Република Македонија, ни создадоа нова Заревина,  Република Северна Македонија, творба без минато и сомнителна иднина.

Со референдумот за самостојност, од 08 септември 1991 година, се отвори и македонската  Пандорина кутија. Навалија од секаде зли дуси и ѓаволи и се измешаа со македонските староседелци.  Се измешаа, ама не' сите со добри намери да би живееле и понатака во слога и соживот, туку со свои интереси, надвор од интересите на мултиетничката и мултикултуралната заедницата.

Тоа беше почетокот, кој не го препознавме, а не доведе до  губење на државата и нашиот македонски идентитет. И сето тоа наизглед легално и во согласност со меѓународното право, а всушност спротивно на меѓународните разолуции и декларации за човечките права поединечно и колективно, како организирана заедница. 

И кога помисливме дека конечно ни се оствари сонот  и ние да заживееме како  сите, свои на свое, во  хармонија и разбирање, се изродија на десетини разни политички партии, исфрлувајќи  на видело исто толку "лидери", сите "дораснати" одма да го преземат кормилото на бродот, наречен Македонија. За среќа, или несреќа, од сите нив останаа само две, во кои народот го вложи целиот свој капитал. Го вложи, верувајќи дека Тие секогаш ќе најдат рамнотежа и адекватни решенија за најчувствителните национални прашања.

Меѓутоа, не испадна баш така!

Демократијата со своите благодати, и нас не "усреќи". Македонија постана една од тие "среќници" ако не и "најсреќна", и така замаена  се изгуби во времето и заборави дека бродот плови во погрешна насока.  Се одрекнавме и од  сопственото име и сите национални белези, со кои  Македонците со милениуми се гордееле и по тоа во светот биле познати. Се гордееле се' дури Зоран Заев и неговата избрана дружина со еден потпис, на 17 јуни 2018 година, не не избриша од картата на светот и списокот на народите.  И сето тоа без  отпор, како да гледаме театарска претстава во која ние не играме важна улога, туку гледачи кои ракоплескаат како роботи, со смрзнати лица.

И од тогаш   па до ден денешен , наизменично, на власт се редат двете политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Киро Глигоров беше првиот избран Претседател на државата (СДСМ), а  Љупчо Георгиевски за Претседател на македонската Влада (ВМРО-ДПМНЕ). Тие беа првите владари на Република Македонија и господари на македонскиот народ.

Во овој текст нема  премногу да се задржувам на проблемите кои тие ни ги обесија на врат,  зошто за тоа сум пишувал повеќе пати. Ќе зборуваме за Љупчо Георгиевски, како човек, оснивач на ВМРО-ДПМНЕ и докажан велепредавник  на македонските национални интереси, во полза на Бугарија. Но како и "најквалифициран" Гуру за македонската историја.

Па да видиме, кој е тој Љупчо Георгиевски и што направил во времето на неговото владеење, но и пред тоа, како творец на ВМРО-ДПМНЕ.

Љупчо Георгиевски е роден во Штип на 17 јануари 1966 година.  Претседател е на политичката партија ВМРО-Народна партија. На кој народ се однесува,  самиот си знае! Љупчо беше  и првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното формирање во 1990, до мај 2003 година. Исто така беше и првиот потпретседател на Република Македонија, по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година. А од 1998 до 2002 беше и Претседател на Владата на Република Македонија.

Важно е да се напомене и тоа, дека после парламентарните избори 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Никола Груевски е избран за лидер на партијата. Во 2004 година, по несогласување со политиката на Груевски, Георгиевски се повлекол од матичната партија и ја формирал ВМРО-Народна партија.

Потоа, во 2006 година Георгиевски добил  и бугарско државјанство со што во Македонија и Бугарија предизвикал бројни полемики за вистинските мотиви за ваквиот чин. Самиот тој се дефинира како бугарофил.

На парламентарните избори во јуни 2011 година, како носител на гласачка листа на партијата ВМРО-Народна партија, освоил 1,300 гласови, што бил негов најслаб резултат.

Во јуни 2012 година ја објавил својата автобиографска книга "Тоа сум јас", во која говори за својот личен живот и политичка кариера. Георгиевски, констатира во книгата метафорично, дека "Македонците се најголеми фалсификатори на балканската историја" и дека ќе го "проколнат мајчиното млеко затоа што се откажале од св. Климент и св.Наум".

Тој остро ја критикува спроведуваната бугарофобска политика на Груевски, кого го дефинира како србофил. Георгиевски го оценува наметнатиот процес на антиквизација во земјата како карикатура, а проектот "Скопје 2014" како "Дизниленд на Балканот".

Драги мои, ете тоа е се' што можев да прочитам за него во ВИКИПЕДИЈА. Но тоа, не е се'. Има и нешто повеќе: Љупчо Георгиевски и неговото време кога ја започна двојната игра помеѓу Македонците во Америка и Канада и МПО ("македонска" патриотска организација) со седиште во Форт Вејн, Индијана-САД.

Во тие далечни времиња кога и Балканот гореше како и другите земји во блиското и подалечното соседство, беше модерно да се критикува Србокомунизмот како извор на сите зла на Балканот и во СФРЈ, која веќе беше во пламен до небото.  Се јадеа Србите-Хрватите и Бошњаците до истребување, а некои македонски политичари, меѓу кои  и жолтоклунецот Љупчо Георгиевски, трчаа да се докажат како големи патриоти, со фрлање дрва и камења на другите, а при тоа не гледајќи ги своите криминалци и велепредавници во своето двориште и самите себеси. Особено Киро Глигоров  на домашен план и Љупчо Георгиевски  на надворешен. И едниот и другиот работејќи на штета на Македонија и македонскиот народ, го трасираа патот кон својата сопствена пропаст.

Грдо си се поиграа со судбината на македонската држава и народот македонски. Без трунка државничка и човечка одговорност  им дадоа зелено светло на сите после нив и пример, дека се' се може ако се сака, дури  и продавање на својот сопствен народ и сопствената држава, и пак да се остане над правниот систем на Република Македонија. 

Со нашето тобожно "славјанско" потекло, и негирањето на  врските со нашите антички предци,  заедно со севкупното историско и културно наследство во полза на Грција и Бугарија, Киро Глигоров ни го запечати проблемот со името на државата, ПЈРМ, а Љупчо Георгиевски со упорните блебетења околу наоколу дека Македонците биле Бугари, а некои  како Срби со грешка, им даде право на Бугарија  да не присвојува, заедно со дел од македонската национална историја и највисоките историско-политички личности од времето на македонската преродба и Илинденското востание 1903 година. 

И така  едниот и другиот со својата политичка и дипломатска незрелост и непознавање на сопствената национална историја, култура и наука,  не доведоа до губење на државата и идентитетот на македонскиот народ. Тие ги удрија темелите на современите македонски велепредавства, и пред македонската правна држава останаа, недопирливи. 

Нивните сосема накарадно-катастрофални непознавања на својата сопствена историја, Македонците пред целата светска јавност ги прикажаа како народ кој не знае кој е и што бара од меѓународната заедница. Но не само тоа, туку и како народ  неспособен да владее сам со себеси, ниту пак да има своја сопствена држава. Па така, како такви, не е ни голема штета ако нестанат без трага во историјата на "неидентификуваните" народи.

Како и Индијанците, од корен откорнети заедно со нивната богата култура, за денес во знак на покајание, да се ронат магарешки солзи. 

А сега за крај, ајде да се вратиме  кај Љупчо Георгиевски и да ја завршиме  и оваа приказна, како  и сите до сега. 

Македонската емиграција   во Америка и Канада, со потекло од Македонија, окупирана од Османлиската империја, има долга историја. Но, дури во 1922 година успеа да се консолидира и да се здружи во своја организација, под името МПО. Тоа значи и Македонска Патриотска Организација, ама и Македонска Политичка Организација. Нивната агенда беше, борба за Македонија, ама како земја во која живее големо бугарско население. Што значи, нигде не се споменуваат како Македонски  етнос. Оваа организација имаше големо влијание врз своите сонародници, преку организирани културни, црковни и политички активности, во кругот на голем број православни цркви во состав на Бугарската Егзархија. Што не е чудно за тие времиња, зошто со декрет на Султанот Мурат III, а по барање на Грчката православнаа (Христијанска) црква, во 1767 година беше укината Охридската архиепископија, со што се прекина и нејзиното самостојно делување меѓу македонското население. Вакумот го искористија трите споменати цркви, секоја во подрачјето кое го имаа заокружено заедно со дел од христијанското, македонското, население, со што се отворија вратите на асимилацијата и така од еден народ, постанаа три: Грци, Бугари и Срби. Еден народ со три имања. 

Меѓутоа,  раѓањето на Република Македонија како заедничка држава на Македонците внатре и по светот, но и обновувањето на Македонската Православна Црква, не ја променаа политиката  на МПО. Тие не само што не ја признаа Македонската Православна црква за своја и не престанаа со своите бугарски пропаганди, тие се засилија и ни  отворија духовна војна до истребување. Меѓутоа, македонското иселеништво  и многу национално освестени поранешни МПО-овци беа посилни и поуверени во својата победа над Бугаризмот и затоа ја добија битката. Меѓутоа, како бидува и во секоја војна кога едните губат а другите добиваат, секогаш остатоците од губитниците им остануваат верни на своите бугарски светилишта, Македонско-бугарските православни цркви во повеќе места низ САД и Канада, но и во Австралија.  Ама грдно се излагаа и затоа ја изгубија не само битката, туку и војната:  почнаа рапидно да се растураат.

А што е со Љупчо Георгиевски? Каде  се наоѓа во сета оваа приказна? Некој ќе ме потсети! Па ево на кусо:

Во  тие 1990-те, Детроит и Торонто ја водеа главната битка против Бугаризмот и Егзархијата. Беа вклучени во таа војна повеќе македонски организации, меѓу кои најистакната беше организацијата во Торонто, "ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ", иницијатор и активен градител на Првиот Македонски Црковен и Културен Центар "Свети Климент Охридски", "ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ" Детроит, потоа весникот "Македонија" Торонто и "Македонски Збор" Детроит, како дел од Првата Американско-Македонска издавачка куќа на сверно-американскиот континент, основана и водена од авторот на текстов.

Тие беа времињата на раздвиженост и зближување на македонското иселеништво со својата самостојна македонска држава, Република Македонија. Доаѓаа претставници во посета на нашите колонии, ни пренесуваа новости од Македонија, ги дополнуваа нашите скромни библиотеки со нови македонски книжевни дела и се дружеа со нас на редовните пикници и други приредби. Во овие средби со иселеништвото имаше значајна улога Матицата на иселениците од Македонија и претставниците од Македонската православна црква. 

Меѓутоа, ни доаѓаа и претставници од разни македонски политички партии, меѓу кои и од новоформираната ВМРО-ДПМНЕ. Се одржуваа средби со нив, но во овој текст е значајно да го споменам присуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, подоцнежен прв Претседател на новата македонска Влада.

Се рабира, тоа беше еуфорична пријателска средба со еден македонски млад политичар и тоа челник на партија поврзана со македонското револуционерно движење во Македонија од времето на великаните Гоце Делчев, Никола Карев, Питу Гули, Јане Сандански...

Најглавно што би можело да се спомене од неговиот одличен говор беше постојаното споменување на Србокомунизмот како најголемиот ѓавол и во СФРЈ и во Македонија а не Бугаризмот. 

На многу од присутните, постојаното споменување на Србокомунизмот, единиот ѓавол од кој на Република Македонија и на Македонците им се заканува опасност, им изгледаше прифатливо и секогаш пропратено со одобрување. И така, после нешто повеќе од два часа говор, прашања и т.н. гостинот Љупчо Георгиевски, во придружба на своите блиски ВМРО-вци излезе на споредната врата и се изгуби во мракот на вечерта. Недолго после тоа, другата група од присутните бдеејќи надвор за случај на потреба, запазиле автомобил со членови на МПО како  го дочекуваат гостинот наш и нихов и заминале во непознат правец, ама на луѓето кои го следеа автомобилот, познат.

Куќата на истакнатиот раководител од МПО, била подготвена за дочек на гостинот и продолжување на разговорите од пред некое време од истата вечер. 

Подоцна се дозна уште повеќе за неговите чести средби со домаќините од МПО, но  и за раздвиженоста на "патриотите" низ Скопје дојдени, најверојатно, на пријателска средба и невино дружење со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, составено од 90% отворени бугарофили, спрема зборовите на Љупчо Георгиевски, во последниот негов контраверзен интервју  ВО ЦЕНТАР со Васко Ефтов, од неделата на 09 август оваа 2019 година.

Со нечесниот епилогот на војната со Албанците од 2001 година, иницирана и окончана од познати надворешни и сегашни стратешки партнери и  докажани "пријатели", се сознаа многу вистини  и за улогата на Љупчо Георгиевски во овие настани. Се сознаа и од подоцнежното негово бегање во Бугарија и барање бугарско државјанство, но и пренесување тајни документи за состојбата во Македонија и многу други нешта, познати на органите на власта во Република Македонија.

"Лојалноста" спрема својата родна татковина Љупчо Георгиевски ја докажа со барањето Западна Македонија да се оддели и предаде на Албанците, ако сме сакале да имаме мир, најверојатно резервирајќи ја другата македонска половина за Бугарија, чии шпијун остана и до ден денешен. Но и најголем непријател на македонскиот народ и  државата  ширејќи, притоа, лаги и невистини за потеклото на Македонците, македонската национална историја, "крадена и присвојувана" од светот, а најповеќе од соседите, македонската култура и наследството од нашите антички предци...

Уште два три збора и   завршувам, ама тешките последици кои денес ги преживуваме од предавствата на овој македонско-бугарски велепредавник, ќе ни останат како придонес и дел од приказната за супер велепредавството на Зоран Заев и СДСМ, но и на ВМРО-ДПМНЕ.

На многу прашања и лажни одговори во последното издание во ЦЕНТАР со Васко Ефтов, Љупчо Георгиевски тврдеше дека тој нее предавник туку спасител на Република Македонија и на македонските национални интереси, па после да е' ама дане е' баш таков како што работите изгледаат. Но на крајот, сепак приказната: баба лаже ама трапот не лаже, е поуверлива! Па затоа Љупчо,

Т' ЗИ ДУПКА,  Е' ДУПКА!

За секогаш, Ваш Сотир

Панде

 

Панде Колемишовски

МАКЕДОНИЈА СЕ СМАЛУВА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ

 

По распадот на Југославија, колку што се градеше Македонија како нова уставотворна држава, толку во неа, за сметка на други внатрешни и надворешни интереси, се разградуваа позициите на македонскиот народ како нација, како национален, самобитен идентитет. Со уставни решенија, со административни прекројувања и владино-партиски пазарења и аминувања, низ локални лавиринти, од ден на ден се менуваат етничката карта и јазичната мапа на Република Северна Македонија. На тој релјев јасно се гледа дека видливо се намалуваат границите во кои живеат Македонците, како и територијалните локални подрачја каде што се употребува македонскиот јазик. И тие се фактори поради кои Македонија се празни, пропаѓаат градови и села, затоа младите бараат спас надвор од државата во која не веруваат. Не веруваат ниту во системот, ниту во уставното устројство поделено на два еднакви дела, ниту во личностите што ги воделе и што ги водат.

**************

НАСТАНИ, СИМБОЛИ, АЛУЗИИ

Дали Македонија ќе опстани? Што ќе биде со Македонците? Каква ќе биде нивната иднина? Со кого ќе се спојат, а од кого ќе се одделат? Ќе бидат ли поделени со нови граници? Дали Македонија е исправена пред опасноста од постепено одумирање и тргнала на патот без враќање? Или, пак, дали со НАТО и ЕУ и со обидите да биде ставена во глобалистичкиот калап, почнува нова вистинска перспектива и се дава гаранција за стабилност и трајност како државата така и на македонскиот народ?

По промената на името и под влијание на некои необични процеси и непромислени изјави што во себе носат голема скепса, погорните прашања се речиси секојдневни, масовно раширени, ја мачат јавноста.

Тие прашања не се излишни, не се необични, зашто државата е во долга општа политичка и институционална криза, во уште подолга економска, а сето тоа влијае врз пеихоневролошката состојба на еден дел од народот, придружена со употребата на лексилиумот како најбаран лек. Тоа е споделено чувство што се шири и внесува своевидна неизвесност и несигурност. Луѓето не само што се нервираат туку и се грижат од она што го слушаат и гледаат.

Можеби звучи анахроно, застарено, немодерно, аполитично, хаотично, дури катастрофично во актуелнава политичка, наводно, многу надежна ситуација, поставувањето прашања од ваков вид. Во таа категорија на барање одговори може да се смести и следново: дали кога неколку генерации Македонци опстанале под власт на туѓи држави и ги зачувале националниот идентитет, јазик и писмо, сегашниве генерации ќе дозволат да ги изгубат во сопствената? Во ваков текст како денешниов, нема потреба од историски потсетувања на настани и личности што сведочат за крвавата борба и саможртва за слобода на еден мал народ, но можеби има нужда да се посочат некои посовремени состојби карактеристични од денот на независноста наваму.

Нема да биде шега ако се рече дека македонските елити во овие триесетина години самостојност беа толку зафатени и се грижеа за државата, а го заборавија сопствениот народ. Додека по распадот на Југославија, колку што се градеше Македонија како нова уставотворна држава, толку, за сметка на други внатрешни и надворешни интереси, се разградуваа позициите на македонскиот народ како нација, како национален, самобитен идентитет. Додека некои политичари чукајќи се во градите го бараа Солун и ветуваа одржување конгрес таму, пред наши очи и при нас живи, со уставни решенија, низ локални лавиринти, со административни прекројувања и владино-партиски пазарења и аминувања, од ден на ден се менува етничката географска карта, како и јазичната мапа на Република Северна Македонија. На тој релјев јасно се гледа дека видливо се намалуваат границите на територијалните подрачја каде што се употребува македонскиот јазик, на единствената останата легитимна територија на македонскиот народ.

Под маската за доброто на државата се изведоа (и се' уште се изведуваат) низа аморални кримогени операции, од кои на народот му стануваше се' полошо. Продефилираа на чело на државата или на владата, во министерствата и во важни државни институции, млади, неискусни политичари и менаџери, без развиена свест за лична и општествена одговорност, повеќето без историска потковеност, без чувство на елементарен патриотизам, некои со сомнителна или поинаква национална свест. На површина излегоа политички деструктивци, криминогени карактери, министи шарлатани, пратеници за подбишега и купишта мафијаши и џаболебари од криминалното подземје околу нив. За себе и за личните интереси мислеа премногу, за интересите на народот најмалку. И затоа, тие се едни од факторите поради кои Македонија се празни, пропаѓаат градови и села, затоа младите бараат спас надвор од државата во која не веруваат. Не веруваат ниту во системот, ниту во уставното устројство поделено на два еднакви дела, ниту во личностите што ги воделе и што ги водат.

Ако се погледна малку подалеку од носот, ако се излезе од партиските ровови, ако се прочита некоја стара книга, лесно ќе се види дека борбата на Македонците за сопствена држава не била едноставна, не одела по еднонасочна нагорна линија. Великата идеја за самостојност, нецели два века, од периодот на првите преродбеници наваму, главно била спречувана, злоупотребувана, мамипулирана, прокоцкувана, задушувана, упропастувана, укиштувана. Што од сами Македонци, што од странските држави, пред се' од комшиските. Сепак, Македонците (нека биде само како етноним што нема врска со познатите две универзални, светски личност) не се загубија ниту по пропаста на античкото царство на Филип и Александар Македонски, ниту по пропаста на Самуиловото Царство. Не се загубија како такви ни под јаремот на големиот број турски султани цели петстотини години, попишувани во нивните тефтери како христијани, каури, Блгари, Славјани и слично.

Не подлегнаа на подмитливите понуди на бугарскиот царски двор, не се заблудија со благоглаголовите приказни за "сичко сме един народ", не потклекнаа ни пред агресивноста и одмаздите на богатите стари грчки фанариоти и новите асимилатори. Не тргнаа масовно по понудите на мисионерите на други христијански цркви, ниту на Бугарската егзархија и Грчката црква, која доминираше едно време. Ниту пак, останаа во прегратките на Српската, која до ден денес не може да го прими и прежали македонското црковно осамостојување. Македонците, во најголем број, не се асимилираа и не сменија вера миту во турско, бугарско и срппско световно и грчко духовно владеење. И покрај таквите пројави, притисоци, колежи, масакри, окупации и слични неволји, на сегашнава територија остана големото јадро, које ја создаде државата. Не станаа ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби. Повеќето со ум, разум и итрина ги испреварија сите владатели. Тоа го имале сфатено предците, кои не се одмакедончувале и во најтешките историски услови, дури и кога се менувале властите, кралствата и окупаторите. Се спасија од обидите за освојување од сите соседи, што го покажуваа нивниот неоспорен виталитет за опстаник, иако поради низа надворешни историски околности не се во старите заеднички етничко-географски граници.

Грижливо чувајќи ги својот статус, својот јазик (со сите дијалекти), своите религиски традиции и фолклор, го зачувале и својот идентитет. Немале своја држава, немале своја власт, но и во безмалку невозможни услови останале свои на своето, во духовна и национална смисла, за конечно да обезбедат автентична национална реализација, а со тоа да станат историски субјект на мапата на светската политика и да се запишат во регистерот на народите. Навистина, не кревале многу буни, не се одликувале со голема колективна храброст, наведнувале глава (навалена глава сабја не сече), виткале кичма, секому му служеле по малку, колку што се морало, подлажувале кога требало, менувале сојузници, војувале во туѓи војски, но речиси секогаш, во клучни историски пресврти, во големо мнозинство се определувале на страната на победникот. Историски, воопшто не спорно е дека секогаш имало малцинство што лесно се подмитувало, било доведувано во заблуда од пропагандите или едноставно имало поинаква идеолошка припадност, чувство на блискост или истоветно национално чувство со друг народ што не бил меѓу подржувачите на македонското дело.

Делбите, неслогата, меѓусебните политички расправии и оружени пресметки заземаат видно место во борбата за место  под сонцето. Македонските делби, вистински или фингирани, изворни или поттикнувани од странски фактори, се обележје и на новиот век, насегашните партии и на нивните лидери. Не случајно некои од нив се обвинуваат за предавство и за продажба на националните интереси, иако ниеден не може да се исклучи од одговорноста за сегашната ситуација кога сопствената држава им е натерана во ќош, се топи и однатре и однадвор. Кај нив сега лежи одговорноста, од нив зависи определбата по која траса ќе се движи Македонија. Одговорноста не е само пред себе и пред својата партија, туку и пред народот. Очекувањата за национално помирување и заедништво, како неминовен услов за излез од заплетканате состојби, се големи, но и проследени со скепса.

Утре ќе нема место за оправдувања. Жалењата до небо, извинувањата, очигледните лигавења пред јавноста еден ден ќе го покажат вистинското грдо лице и ќе им се удрат од глава на креаторите тогаш, кога најмалку очекуваат.

*********************

https://www.novamakedonija.com.mk

Св. Софија, Охрид

 

мпц.орг.мк

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 

Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тхик кои и самите независно од Светиот апостол Павле работаат на христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Светиот апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на организирана Црква. Би спомнале тука дека апостолите Аристарх и Секунд биле Солунјани, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) кој се лоцира некаде муѓу Струмица и Валандово. Во тоа време Македонија била под римска власт така што често биле менувани нејзините граници. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и вселенските Собори.

Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа и Стоби. Во тој период и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики.

За време на владеењето на царот Јустинијан I (527?-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешно Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима во тоа време трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован Први, Леон и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.

Делото на Светиот апостол Павле и Светиот цар Јустинијан Први го продолжуваат светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици Светите Климент и Наум Охридски. Во втората половина на Х век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима, во достоинство на патриаршијата. Подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија  и како таква постои цели осум века, се' до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа III, нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија. Од овој моммент па натаму, македонскиот народ прави постојани напори за нејзино обновување. Нејзините епархии смениле неколку јурисдикции од соседните православни Цркви. Особено жестоки боби биле водени во втората половина на ХIX и првата половина на ХХ век, но поволни услови за враќање на самостојноста се создаваат дури во текот на Втората светска војна (1941-1945г.). Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан Првиот Црковно-народен Собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска Православна Црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука, заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како афтокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, пофторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Светиклиментовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.

Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС.бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година.

Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ и' дал самостојност на Македонската Православна Црква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите. Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повќе високодостоинственици на Руската Православна Црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата Пресвета Богородица - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот Московски Алексиј, во сослужение со патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглаварот на други автокефални Цркви.

Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е извршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинување од страна на тускиот султан.

Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црквовните општини надвор од границите на Републиката. Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската Православна Црква како административен дел од едната, Света, Соборна Апостолска Црква, ќе ги чува Светото Писмо, Светото предание, апостолските Правила и прописите на вселенските и помени Собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската Православна Црква.

Молејќи се смирено за другите, Македонската Православна Црква секогаш ќе се потпира на молитвите, благословот и врз помошта на постарите свети сестрински и помесни православни Цркви.

*************

 

Славе

 

 Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 21

ПЛЕМЕТО ПЕЛАЗГИ-ПОПУЛАЦИЈА НА ЈУЖНИОТ БАЛКАН

 

 

 

Меѓу палеобалканските популации на јужниот Балкан во последниот век, значајно место заземаат научните, историските, археолошките и лингвистичките истражувања на Пелазгите. Според Херодот (II,56), ја населувале земјата Пелазгија, што било подоцнежно име на Елада. Етимолошки пелас значи најблизок род, сосед, пријател, додека геа-земја, татковина, држава, па оттаму и старо име за Елада. Жителите се нарекувале Пелазги, пелас и ген-род, племе, поколение, доаѓање на свет.

**************

Во прастаро веме. Пелазгите имале седиште околу Додона во Епир а потоа се прошириле во Еолија, подоцнешен назив за Тесалија, Атика, Пелопонез и на егејските острови, т.е. на Балканскиот Полуостров од 36* до 40* северна географска ширина. Оваа географска ширина се поклопувала со линијата која ја сочинувале на југ, на Пелопонез, а на север Олимп, Хасиа и Пинд. На север од Пелазгија, од 40* до 41* се наоѓала Македонија и Енхелија, северно Бригија, Пелагонија и Тракија, а уште посецерно Бореја и Хипербореја.

Пелазгија ја населувале разни племиња. На север спрема југ тоа биле: Теспрочаните, Тераубите, Магнетите, Минијците, Лапидите, Тироидите, Акарнаните, Локрите, Беотите и Атичаните во континенталниот дел. На полуостровот Апис (подоцна Пелопонез) биле: Аркадите, Егијалците, Кавконците, Лелезите и Јонците. Пелазгите на егејските острови се нарекувале: Лименејци, Лезбијци, Самљани, Хии и др. На островите во Јонското Море живееле Карите и повторно Лелезите, како и други племиња кои имале заеднички пелашки идентитет.

Најмногу податоци за Пелазгија дава Херодот, а од неговите списи тие изронуваат од митот. Тој ја опишува нивната историја, занимавајќи се со нив и како нивни современик (484-421 година пред Христа). Хомер, Диодор, Страбон и други писатели пишувале за Пелазгите. Низ вековите Пелазгите биле заборавени. Во ХIX век кон нив вниманието го свртува Фитботен (Fittboten) (1862 год.). Се раѓа Пелазгологијата, науката за Пелазгите.

Таа ги обработува археолошките материјали, културата и лингвистиката на Пелазгите. Археолошките глосолошките елементи на Пелазгите многу студиозно ги истражувале во своите пионерски трудови: Кретчмер (1892, 1896, 1925), Томсен (1899), Брук (1973), Ѓорѓиев (1941-45 и 1972), Виндекенс (1952), Чедвик и Вентрис (1973), Скечермир (1964), Меларт (1966) и други. Од грчките глосолози, посебно биле ангажирани Хацидакис (1882, 1905, 1915, 1924), Сакелариу (1977), Мпампиниоти (1986) и други. Од нашите истражувачи : Васиќ (1958), Будимир (1969), Кљакиќ (1993), Петровиќ (1995) и Шкокљев (1996).

Се смета дека селидбата на Пелазгите од Кавказ и касписките простори настанала околу 3500 година пред Христа, кога се упатиле во две спротивни насоки, исток и запад. Источното крило, на чело со кралот Титон (Титонос-господар, семоќен владател) го изградил градот Суса во Месопотамија, со познатата тврдина Мемнонион, наречена по името на неговиот син Мемнон (решителен), додека Титоновата жена се викала Кисија. Западното крило, под водство на кралот Пријам, (приамос-спасител), отишло во анадолско-балканскиот правец, па се доселило во земјите на егејскиот басен, на брегот на Мала Азија, Балканот и егејските острови.

Споменуваните историчари и лингвисти сметаат дека Пелазгите, Етрурците и Ликијците биле сродни народи, истакнувајќи ги нивните роднински врски, посебно многу блиските односи меѓу владетелите на земјите на Пелазгите со Троја на Пријам и со донастијата на месопотамскиотт град Сус. 

Главен град на Пелазгите на Балканот, т.е. Пелазгија, подоцна наречена Елада, извесен период бил Арг (бел, блескав, сјаен ..) во Тесалија со акрополата Лариса (кукла). Владател бил Теутам-оној што самиот себе се повторува. Оваа пелешка династија дошла од Лариса во Троја. Тоа биле внуците на митскиот тројански крал Теудам и наследници на Пријам.

Како први евидентирани праисториски староседелци на Балканот покрај останатите се и Пелазгите, со прото-индоевропско потекло и тие се едни од создавачите на космогонијата, теогонијата, митологијата и јазикот на праисторискиот свет на Егејот и "егејската цивилизација".

Во текот на митолошкиот период, во Пелазгија дошло до формирање на поголем број племенски заедници. Во Тесалија, во почетокот постоела една општа пелешка заедница. Подоцна, заради миграцијата од север на Балканот, дошло до диференцијација и се јавиле поголем број племенски заедници. Во Тесалиската рамнина околу реката Пенеј, се оформила заедницата на Лапитите. Во југоисточниот дел на Тесалија била заедницата на Тироите или Тироидите, кои ја создале Димини културата. Во југозападниот дел била заедницата на пелашките Фтиотиди. Минијската заедница најпрво била создадена околу тесалискиот, а потоа беотскиот Орхоменон. Се смета дека овие нови заедници ја создале Димини културата.

Околу XVIII век пред Христа, во Атика и во Атина се јавила пелашката династија на Ерихтонците, која може да се следи до 1044 година пред Христа.

На Пелопонез, уште во XIX век пред Христа, била создадена најстарата митолошка племенска заедница во Аргос со кралот Инах. Тоа може да се следи до XIV век пред Христа.

Цивилизацијата која создале староседелците на Балканот и Егејот била ненасилна и мирољубива кон соседите. Се смета дека таа веќе постоела околу две и пол илјади години на Балканот, кога во 1600 година пред Христа ненадејно се појавила наезда на безимени доселеници. Историскиот народ Хетити, од Мала Азија, овие дојденци во регионот, во XIII век пред Христа ги означува како Ахиави, односно Ахеи.

Тие биле народ од сточари и земјоделци и се населиле во југозпадниот дел на Тесалија, околу реката Сперхеј, во областа Фтиотида. Според Ератостен, околу 1313 година пред Христа, додека обликувањето на сојузот во Тесалија било во тек, во пелешка Беотија дошол Кадмо од Феникија, од Блискиот Исток. Тој патувал преку Родос, Тракија и Македонија. Во Беотија ја изградил тврдината Кадмеја, заради одбрана од Ахејците. Околу ова тврдина подоцна ќе биде изграден градот Теба. Неговиот роднина Данај со 50 ќерки од Либија и со женидба го добива престолот кој му припаѓал на Геланор, кралот на Пелазгите.

Тесалиска рамница

Ја изградил аргивската тврдина Лариса за да го заштити градот од Ахејците. Данај од Аргос бил родоначалник на Данајците. Жителите на Пелопонез, кои пред доаѓањето на Данај се викале Пелазги, биле преименувани во Данајци според името на новиот владател Данај. Во 1250 година пред Христа на власт дошла династијата Пелопиди со кралот Артреј.

Меѓутоа, за праисторијата на нашите краеви посебно бил интересен Кадмо. Тој во Беотска Теба живеел среќно со својата жена Хармонија, која му родила син и четири ќерки. Во длабока старост, сопружниците морале да ја напуштат Теба со воловска кола во вид на змија и преку Тесалија и Македонија да отидат во земјата на Енхелејците кои живееле по должината на сливот на р. Дрим, се ' до Бокакоторскиот Залив, како што досега беше кажано.

Кадмо станал крал на Енхелејците и повеќепати водел силна војска против продирањето на Илирите, во почетокот на XII век пред Христа. Според Аполодор (Библ. III,5), некои градови на Јадранското Море добиле имиња по него. Така, Будва (Бутое) го добила името по воловите кои ја довлекле колата со Кадмо и Хармонија во земјата на Енхелејците. Градот Тиват бил наречен по градот Теба во Беотија, кој бил изграден од Кадмо, или од стариот и гласовит град Теба во Горен Египет, од каде потекнувал Кадмо.

Продолжува

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

Златко Бошевски

ИМА ЛИ НАДЕЖ

 

  • Од страна некој крилја ни крши,
    сами со себе се правиме мрши.
    Доста ни било друг да не дели,
    родата секој сам да си мели.

    Зар има негде поголем злочин,
    од своја глава да корнеш очи?

  • Има ли сепак некаква надеж,
    наместо злоба љубов да дадеш?

    Слушни го еднаш срцето ширно,
    за мир и спокој размисли мирно!
    Во земјава наша, тоа е можно,
    Македонски народ да живее сложно.
    *************
    Среда, 20 април 2016.

ВИДЕОТЕКА

***********

Kind regards: 15 август 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 231