Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

 НЕМА ИДНИНА БЕЗ МИНАТО

*************

 

Минатото e  голема  ризница во која се чуваат најскапите материјални и духовни вредности произведени од човечкиот род низ времињата, зад нас. Вредности, плод на цивилизацискиот ум и рака. Реликвии  и приказни од и за  истакнати личности од посебен значај за поединци и за цели општества. Личности кои и денес имаат магична моќ, особено  во времињава на сиромаштија, исцрпеност, опасност, безизлезност. Времињава на недоверба и страв од  непромислени и загрижувачки дејствија на луѓе неподготвени за сложени предизвици. Но и такви, во кои се нема доверба. Времиња на големи потреси и брзи промени во начинот на живеење, со помош од никаде, а закани и уцени од секаде. 

Посегнуваме по нивната моќ, моќта на нашите предци кои минувале и заминувале, така со ред, ама сепак оставале по некој  магичен белег, за да ги повикаме кога ќе ни затребаат. Некои волшебни стапалки да се знае дека биле тука а сега ги нема, ама споменот на нив, сепак, останал длабоко во нашата психа за некогаш, кога ќе ни затребаат, да ги разбудиме. Ги нема, зошто бил, ете така,  некои божји ред да си заминат и своите спомени и сознанија, но и грижата за нивната безбедност да ни ја остават, како наследство,  за кога и нашето време ќе дојде да им се придружиме, ама  со  аманет и ние да им  ги оставиме збогатени, на нашите наследници.  И така, дури ќе постои и век и свет,  ќе се вртиме во круг.

Со одминот на  времињата и ризницата се дополнува со нови реликвии и артефакти, искуства, добри и лоши, меѓу кои ќе се најдат и нашите придонеси  со  белези, од  кои ќе се  препознае времето кога и ние сме оставале нешто, да се памети и да им служи како патоказ на  оние што доаѓаат после нас.

И така, година по година, столетие по столетие, многу столетија, се' менуваат предци и наследници, кои го преземаат товарот на минатото, го носат, збогатуваат и им го предаваат на своите наследници, а ние? - па и ние го правиме истото и на крајот им се придружуваме, кога ќе ни дојде времето. 

Но всушност, што  значи сето ова за нас денес, а за другите  утре? 

Како за кого, се разбира! За некои многу, а за некои  ништо! 

Минатото не е само беззначаен дел од историјата! Тоа е збир на корисни податоци собирани со столетија. Искуства и вредности на еден народ постојано заседнат на една територија, како и ние, Македонците.  Тоа се народните традиции, обичаите, фолкорот, песните и ората, книжевноста, литературата, гастрономијата, како една од најважните гранки  на науката за здрав живот на луѓето и животните и ред други нешта. Се' што човекот го прави поцивилизирано суштество на патот кон иднината.

Но, да не ги заборавиме, и пустошењата кои војните ги оставаат зад себе, заедно со приказните за храброста  и умешноста на нивните војсководци. 

Можеби  некои ќе се запраша: што е тоа толку занимливо и важно та  постојано ја споменуваме историјата, односно регистрираното минато.  Па без минатото сме како страница на која ништо не пишува и овошје без вкус и мирис. Апсолутно безвредни.

Минатото го знаеме, ама иднината е неизвесна, но сепак можна, во спрега со минатото. 

Минатото-историјата и мене  ми е важна, како и вам. Важна и неопходна, ако сакаме да не ги повторуваме грешките кои нашите предци ги правеле. Ги правеле, зошто не знаеле за поарно, а и немале податоци и искуства кои ние, денес, ги имаме. Тие ги создавале  ние да знаеме што да правиме, за  да не се повторуваме.  Ни создавале ориентири на патот до непознатото, кон кое стремиме.

Нашите искуства заедно со веќе регистрираните  на нашите предци,  ја прават иднината веројатна и можна. Ама тоа не допира подеднакво до сите.  Не само до нас, обичните смртници, туку и до голем број највисоко образовани мудреци. Зошто за нив минатото незначи ништо или сосема малку. Како бел  sид, со неколку неважни цртички. 

Таквите мудреци непочитуваат ништо и никого околу себе, а самите себеси, уште помалку. Од минатото земаат само она што моментално им треба, а другото го продаваат како гнили краставици за пет пари. Особено денес, откако целата мудрост ја испи Зоран Заев, и како бахат пијандура го продава имотот на својот сосед, а нема кој да го смести во некое дувло без пенџери. Зоран Заев, премиерот и создавачот на   политичката творба, наречена Северна Македонија. Човекот кој ќе бил познат во историјата како Зоран Заев од Муртино кој и' го променал името на Македонија а Македонците ги обезличил и оставил без име и презиме.

Така си мисли Зоран Заев, монструмот од Муртино, тежок криминалец и се' уште не  санкциониран велепредавник на македонските национални интереси. Врста на човеколик монструм, досега единствен и непознат  во цивилизираниот свет.

Моево подолго вртење  како мачка околу котел со врела каша има за цел да укаже  на ситуацијата   во  Македонија, која зазема застрашувачко-катасрофални  размери. Пошироки и поопасни од најголем и се' уште не остварен гангстерски потфат во историјата на организираниот криминал, а да при тоа остане подолго време не санкциониран.

Трагедијата со продавањето на македонската држава заедно со македонскиот народ, во еден пакет без денар, е уникатна приказна, и гнасен експеримент за уништување на светов каков го знаеме: Мулти етнички и мултикултурален со сите убавини и маани, ама сепак во можна хармонија ако се применуваат меѓународно прифатените правни рамки, на цивилизирано однесување.

Тоа,  што една мала група на неуки и ментално нестабилни македонско-албански гангстери сакаат и го остваруваат во Република Македонија е врв на организираниот  светски криминал, поттикнат и планиран од  сили надвор од меѓународниот  општоприфатен правен поредок. 

Нивната добро дизајнирана и ефикасна стапица за претходно осиромашениот и оплачкан македонски народ се НАТО и Европската Унија, како едини спас без алтернатива. А правата цел е создавање на  светско анационално општество, за лесно контролирање на народите  и несметано експлоатирање на нивните материјални и духовни вредности.

Примерот со насилната и масовна емиграција на млади и  агресивни луѓе без свои семејства, претежно од ниско развиените азиски, средноисточни и африкански земји зафатени со намерно иницирани војни и со нив денационализирање на повеќето европски држави, меѓу кои спаѓа и Република Македонија, се знаците за брзо остварување на погибните и злосторнички идеи на Сорос. Но не само на Сорос.

И Македонија си има свои Сороси кои слободно шетаат и агитират уништување на се' што е македонско , почнувајќи од топонимите по државата, до македонските натписи на државната администрација, па и зградата на некогашната Република Македонија. И тоа на "легален" начин, со учество на "народните" претставници во Собранието на Република Северна Македонија.

Но сепак, главниот Сорос на Северна Македонија е "премиерот" и главатарот на СДСМ, Зоран Заев. Ама и многу други  кои перфидно, заедно со СДСМ и неговите мали сателите во кои се скрасени остатоците од поранешните ненародни режими, вклучувајќи ги и албанските терористи, забрзано и ефикасно работаат на разнебитувањето на Република Македонија и обезличувањето на Македонците. 

И сите здружено градат ново општество еднакво за сите. Општество налик на времето кога некој ја создавал флората и фауната на планетава без граници, во кое владеел законот на посилниот. Во времето кога секој на секој му бил храна, а најсилниот ги јадел сите.

Тоа ли е иднината без  минато за која другарката Мирјана Најчевска се залага? Затоа се бореше ли  и уништуваше се' што пред неа и' стоеше во Македонија за време на нејзината, соросова, шарена револуција подготвувајќи го, притоа, теренот за отвореното општество без граници и еднакво за сите со плати  од 500 евра, за почеток? Ова ли е почетокот на општеството на Зоран Заев и СДСМ-ДУИ во кое живи луѓе ке се јадат и нивните коски расфрлуваат кучињата да си ги чистат забите?

И за крај, драги мои, неколку светли и мудри примери  од неодамнешниот филозофски срочен текст во balkan.mk од шарената професорка Мирјана Најчевска, со кој ни докажува дека се може и без историјата, односно минатото, да се оди директно во светлата иднина на Зоран Заев и неговите човекојадци. Тоа значи, дека Зоран Заев се' што работи е во корист на македонскиот народ и Северна Македонија (која од петни жили ја форсира за  Македонците да сфатат дека тоа е тоа и точка).

Па ево ги:

1) Историјата ме интересира во онаа мера во која може да ми ги објасни состојбите на сегашноста и да ме спречи да ги повторам грешките на минатото.

Другарке Најчевска, да сте разбрале  барем  нешто од книгите кои сте ги читале за време на вашите студии, напишани врз податоци и историски документи од минатото, не би биле тоа што сте сега. Освен, до колку сте учеле од некои фиктивни учебници напишани од такви какви сте сега вие. Зошто, скапаното јаболко не паѓа далеку од гранката од која се хранело.

2) Историјата е прекрасна учителка но не и сопатник. Јас несакам чествувања и одбележувања на историски настани и прослави и полагање венци и градење споменици.

Другарке Најчевска, дали се слушате себеси што зборувате? Имавте ли вие некои родители или сте  родени и израснати во некој ЌЕНЕФ, па затоа и со резигнација ја нарекувате и Македонија со тоа име ?

Вие несакате ништо што човечката цивилизација  создала. А дали и себе се мразите толку колку и светот околу себе? Па на вистина не треба да се чудиме што бевте така агресивна, дури изводевте глупости за време на шарената револуција? Како да бевте удрена со водена чорапа по главата? Што тоа сте и сега!

3) Луѓето кои живеат во минатото нема шанси да ја антиципираат иднината, меѓутоа, луѓето кои го знаат минатото имаат шанса да изградат подобра иднина.

Другарке Најчевска, велите дека луѓето кои ја познаваат историјата, живеат со неа и црпат мудрости од таму нема шанси да ја разберат иднината, и да донесуваат предвремени заклучоци за нејзините вредности кои таа ни ги нуди, нели?

А потоа велите дека луѓето кои го знаат минатото имаат шанси да изградат подобра иднина. Па ако е тоа така, дали со одрекнување од македонското културно наследство во полза на македонските најлоши соседи, Грција, Бугарија и Албанија, создавате паметни или глупи, како вас, следбеници на Зоран Заев и на себе самите?

Каде спаѓате вие, професорке Мирјана Најчевска?

А дали тоа ви дава за право да бидете соучесник на Зоран Заев и неговата недоветна група во акцијата: продај се' што не ти се допаѓа и така не ја разбираш историјата! Не разбираш што е идентитет, нација, мајчин јазик, топонимија и... Влези во НАТО и Европската Унија, па да видиш што е рај!

Може ли Зоран Заев да биде човек кога самиот се изјаснува за човекојадец? А можете ли и вие да сте професорка и да им солите памет на вашите студенти уверувајќи ги дека земјата е равна плоча каде што живеат само диносауруси?

 МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ, ЌЕ ВИ ДАДАТ ТОА ШТО ЗАСЛУЖУВАТЕ! АКО НЕ ДЕНЕС, АМА НЕКОЈ ДРУГ ДЕН!

 За секогаш Ваш Сотир!

"Македонски Манифест" до македонските политички елити

ДАЛИ КОНЕЧНО СФАТИВТЕ ШТО СЕ' ПОТПИШАВТЕ И ШТО  ЗАПАДОТ ПЛАНИРА СО МАКЕДОНИЈА?

*****************

Скопје, 31 јули 2019 година

Зад нас е бурен двегодишен период во кој актуелната власт ги потпиша погубните договори со Бугарија и Грција, по низа брутални уцени од Брисел и Вашингтон. По препорака на Јохан Хан, на "балкански начин", со брутално газење до домашното и меѓународното право и спротивно на волјата на македонскиот народ изразена на Референдумот од 30 септеври 2018 година го сменивте уставното име на државата. Во меѓувреме го донесовте и погубниот закон за јазици, како  и низа други закони во функција на спроведување на тнр. тиранска платформа. На тој начин ја обезличивте македонската држава и го урнавте достоинството на македонскиот народ.

Владата овие погубни постапки ги правдаше со образложение дека на тој начин се решиле сите отворени прашања со соседите кои беа услов за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Македонија ги прифати сите уцени и закани од соседите и Брисел. Се откажа од суверенитетот, се откажа од името и идентитетот, се откажа од историското културно наследство, се откажа од македонското малцинство во соседството... Но, терминот за пристапни преговори изостана и минатата и оваа година, а како стојат работите ќе изостанат и оваа есен.

Очигледно Брисел и Вашингтон имаат други планови со Македонија. Ниту имале ниту имаат намера да не' примат во ЕУ како Македонија и Македонци. Не сакаат ниту да започнат разговори. Нивна намера е да исчезнат Македонија и Македонците. Тоа го потврдија со Лисабонската декларација. Очигледно тие посветено работаат на целосно исполнување на Букурешкиот договор од 1913 година кога Македонија и Македонците беа избришани од етничката карта на држави и народи. Најсигурен и најбезболен начин да не' снема е преку  една наднационална творба (унија) наречена Западен Балкан, која упорно се турка и во која Македонците конечно ќе бидат "стопени". Ако тоа не успее, тогаш ќе следи распад и поделба на Македонија меѓу соседите или меѓу некои од соседите. Подготовките за овој чин одамна се направени.

* Државотворните одлуки од АСНОМ 1944 година се избришани од уставот;

* Македонија дефакто веќе е федерација;

* Албанците се веќе конститутивен народ со уставните измени по Рамковниот договор;

* Де факто имаме две влади и двајца премиери;

* Албанскиот јазик е официјален на цела територија на РМ;

* Со територијалните измени 2004 година заокружени се албанските општини;

* Кога ќе посакаат Албанците ќе ја активираат Илирија, никој не ќе може да ги спречи во тоа.

Во меѓувреме упорно се турка проектот "Западен Балкан".

Неодамна ЕУ организираше и самит на оваа тема. Во таа функција беше и посетата на Папата на Македонија. Во таа насока делуваат и бројни домашни и белосветски политичари, аналитичари, колумнисти и медиуми, како нивни гласноговорници. Како најкарактеристичен ќе го посочиме "Фајнаншел тајмс" со неодамнешниот напис под наслов "ЕУ не смее да го оттурне Балканот од себе". Внимавајте, авторот на овој текст е загрижен за судбината на ЕУ и за етничките Албанци во Македонија. Очигледно идентитетскиот геноцид врз Македонците не ги загрижува. Авторот на овој текст, замислете, заклучува:

"Недавањето датум за преговори би резултирало со славомакедонски шовинизам, а најстрашно од се' е што ќе бидат разочарани Албанците. Тие по конфликтот во 2001 година се примирија благодарение на албансксите лидери, кои со влез во ЕУ гледаат спас за етничките права на Албанците (како да ги немаат во РМ-н-з-). Недавањето датум за отпочнување преговори за влез во ЕУ ќе го поттикне албанскиот национализам и големоалбанските амбиции".

Се' чини дека ги подучуваат и насочуваат во кој правец да делуваат. Практично Западот на овој начин заговара бришење на границите во "Западен Балкан" со арно или лошо. 

Подржани од Западот во иста насока работаат и нашиве соседи. Тие еднострано ги користат, поточно ги злоупотребуваат договорите за добрососедство преку историско образованите комисии за ново разнебтување на македонската држава и народ, со нови уцени, закани и блокади на патот кон ЕУ:

* Водечките грчки политичари јасно ни ставија до знаење дека со преспанскиот договор е признато државјанство но не и македонски идентитет. Ни порачаа дека патот кон ЕУ ќе ни биде тежок со 35 пречки.

* Водечките бугарски политичари ни порачаа дека како Македонија и Македонци не можеме во ЕУ, за нив ние сме западни Бугари. Јасно ни порачаа дека ако не ги прифатиме како Бугари Самоил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, Илинден... сите историски личности до 1944 година, нема ЕУ, ќе бидеме блокирани. Каракачанов од среде Скопје ни порача: "Престанете да крадете историја, 1941-1944 година Бугарите не биле окупатори и фашисти... до 1944 година немало македонска нација...македонскиот јазик бил измислица и се учел по налог на СССР". Ако ова не го прифатиме повторно ни порача дека не' чека блокада на патот кон ЕУ.

* Албанскиот премиер ни порача дека не можеме во ЕУ додека не се исполни целосно Рамковниот договор. Како да нема дно или можеби има тајни анекси.

* А Стивен Маер, поранешниот шеф на ЦИА за Балканот ја турка Источна Македонија во прегратките на Голема Бугарија. Очигледно за него Западна Македонија е резервирана за Голема Албанија

Околу Македонија се играат многу валкани игри. Очигледно некој ја турка како живо месо меѓу нас'скани волци. Сите ова не можат да го сфатат само нашиве некадарни и неуки политички елити, кои заедно со нивните голобради (штотуку испилени) советници сеуште не убедуваат дека со договорите потпишани со Грција и Бугарија се решени сите отворени прашања со соседите и е отворен патот кон ЕУ.

Мораме да кажеме дека вистината е сосема поинаква. Некој брутално го лаже македонскиот народ. Пеколот допрва почнува. Со отворањето на секое од 35-те поглавја од пристапните преговори не' чекаат нови еднострани злоупотреби на потпишаните договори за добрососедство и нови уцени и закани од соседите со барање за нови отстапки. Не' чека умирање на рати. Продолжува реализацијата на бруталниот план за идентитетски геноцид.

Македонски манифест укажува дека конечно дојде време двете најголеми македонски политички партии да се освестат. Да седнат на маса и да се договорат за нова стратегија:

* Конечно да ги утврдат македонските црвени линии,

* Да престанат да ги распродаваат македонските национални интереси,

* Да престанат со коленичење и постојани отстапки кон ЕУ и соседите,

* На едностраните злоупотреби на потпишаните договори за нови уцени да се одговори на единствен можен начин со еднострано раскинување на истите,

* Да заземат цврст и непоколеблив став за решавање на проблемите со соседите со стриктна примена на меѓународното право (Повелба на ООН и Универзалната декларација), а не со погубни политички договори.

Трпението на македонскиот народ е при крај. Нема повеќе да Ве толерира.

************

 

Џејсон Мико

 Џејсон Мико

ИЛИНДЕН ИЛИ РАСПАРЧУВАЊЕ

 03 август 2019

Кејт Брнс, новоименуваната американска амбасадорка во Македонија, го даде своето прво интервју за Алсат ТВ. Да го тргнеме настрана овој намерен и јасен избор на телевизија на албански јазик, амбасадорката го почна својот прв обид да врши јавна дипломатија со стандардни и добро извежбани одговори за прашањата за тоа кои ќе бидат нејзините приоритети, при што рече дека главниот приоритет е "да ја подржува стабилноста со градење силни институции". Ова е се' убаво и во ред, а едно нешто што е многу потребно во Македонија, за да се воспостави  стабилност и безбедност во земјата и во регионот, е да се подржи силниот македонски идентитет и идентитетот на Македонија. За жал, овој идентитет продолжува да биде под напад, меѓу другите и од амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Една од целите на американската амбасада и на американската надворешна политика, како и политиката на ЕУ и на нејзиниот надворешно-политички апарат (и на НАТО), на кои јас остро се спротивставувам, е обидот да се деградира идентитетот на Македонија и на Македонците.

Независно дали го разбираат тоа или не (мислам дека го разбираат), овие  страни активно работаат и го подржуваат дехрадирањето и уништувањето на македонскиот идентитет, при што нивниот главен придонес кон таа цел е во инсталирањето на Владата на Зоран Заев. Убаво од нивна страна ако подржуваат "силни институции", но потребно е западните елити да престанат веќе еднаш да се мешаат во македонскиот идентитет, бидејќи овие напади водат кон распарчување на Македонија, прво со поделба на земјата.

Во САД физички распад на земјата би довел до граѓанска војна. Во Македонија, тоа ќе доведе до распарчување на земјата од страна на соседите. Кога ништо не ја држи една земја да остане цела, или кога народот е поделен околу прашањето што значи да се биде дел од земјата, тогаш, како што вели Јејтс, "нештата се распаѓаат, а центарот не може да додржи".

И додека западните елити пасивно и активно работаат да го разградат идентитетот на Македонија и на Македонците, Зоран Заев и неговата Влада се тие кои се законски виновни што дозволуваат: Заев и неговата Влада се директни соучесници.

Еве три области во кои го прават тоа: 

Како прво, Македонците постоеле долго време; тие не биле создадени како народ во 1991 година, или 1944, или 1913 или 1903 година. Македонците се многу, многу постари. Но, Зоран Заев мисли дека може да им ја продаде долгата и богата историја на Македонија на Бугарите и на Грците, што пак на нив им дава можност да тврдат дека Македонците се скорешни, прилично нова творба. Ова тврдење на Грците и Бугарите, со кое Заев очигледно се согласува-само води кон натамошни поделби на Македонија.

Второ, Македонија си има свои херои и нема потреба да ги "споделува" со било кој друг. Ако други сакаат да ги слават, тогаш во ред. Но Македонците треба самите да решат кои херои ќе ги слават врз основа на својата сопствена историја. Зоран Заев и неговата Влада сметаат дека македонските херои се туѓи.

Трето, наодите кои се откриваат на територијата на Македонија им припаѓаат на Македонците и се сопственост на Македонците. Тука спаѓа и Sвездата од кутлеш, пронајдена на артефакти кои се буквално откопани од македонска почва. Други исто така можат да ја слават ако сакаат, но таа им припаѓа на Македонците кои немаат никаква обврска да се воздржат од нејзиното користење и смеат да ја слават. Ова води до проблемот на Заев (и на други како него) кои тврдат дека Македонија ја краде дури и архитектурата на древните империи. Би го повикал да прошета до американскиот Капитол и до другите државни објекти во Вашингтон, како и низ САД.

Многу нешта го сочинуваат македонскиот идентитет и ја прават Македонија да биде единствено место во светот. Меѓу нив се јазикот, Македонската Православна Црква, богатото културно наследство изразено во песните и музиката (како и специфичните инструменти), литературата, поезијата, танцовите, сликарството и другите уметнички форми, храната и виното, науката, архитектурата и многу други нешта. Овие се протегаат и во богатите културни традиции и обичаи благодарение на кои Македонија и Македонците се познати по нивното топло гостопримство, Да го вброиме тука и придонесот кој многумина Македонци го дале низ светот, живејќи и работејќи во странство. И многу, многу други нешта.

Сите овие карактеристики низ времето го зајакнувале и зцврстувале македонскиот идентитет и ги потсетувале Македонците на нивното богато минато, ги охрабрувале да продолжат да придонесуваат со нови светски достигнувања. Но, кога поединци, било странци како што се западните елити, или Македонци како Зоран Заев и неговата Влада, ги негираат, па и ја раздаваат македонската традиција, култура, идентитет, историја, јазик, вера и многуте други нешта што сте ги создале, тие ја распарчуваат, ја ослабнуваат Македонија. А слаба Македонија, како било која друга слаба држава, ќе биде плен за  други држави.

Во текот на оваа недела Македонците во Македонија и низ светот го спомнуваат и го слават Илинденското Востание со кое Македонците се бореле за своја татковина. Борбата продолжи и кулминираше на 8 септември 1991 година, со создавањето на македонската држава. Но, државата сега е во опасност.

Што ќе биде? Илинден или распарчување? Изборот е твои, Македонијo. 

***************************

http://www.bregalnicki.mk

 

Јован Донев

ЗАЕВИСТИТЕ И АНТИКВИЗАЦИЈАТА

*****************

04 август 2019

Деновиве г. Заев бомбастично изјави дека "се справивме со антиквизацијата...". Кажа и како многу пати, до сега, остана жив. Всушност тој воопшто не е важен во целава приказна. Важни се заевистите. Групата на предводници на шарените кои со двете раце го прифатија подметнатиот термин "антиквизација" и жестоко се бореа против т.н. политика на антиквизација, која наводно ја спроведуваше тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Уште повеќе јавно обвинува дека заради таквата политика Грција ги блокирала евро-атлантските интеграции на Македонија.

Со ваквите свои изјави тие само покажаа и докажаа дека ниту ја знаат својата историја, својата етногенеза, а уште помалку грчката надворешна политика кон Македонија, од 1945 година наваму.

Занесени во желбата да ги одбранат своите, според нивни тврдење, словенски корени, тие несвесно влегоа во водите на расизмот. Демек тие биле Словени и не прифаќаат директно поврзување со античките Македонци. Некритички ја реафирмираа тезата на југословенскиот комунистички режим, која беше во функција на градење на заедничка   јужнословенска нација. Македонците кои денес живеат во Република Македонија се наследници на Словени, Армани, Римјани, Келти, Срби, Грци, Албанци, Бугари, Ерменци, Унгари, Турци и да не набројувам. За време на владеењето на Римската империја до 14 век, географска Македонија била "terra barbaricus".

Од геостратешки причини ниту еден римски император не дозволувал на територијата на Македонија да се формира значајна компактна етничка група. За време на Отоманската империја, оваа политика е напуштена, но доселување на различни етнички и верски групи продолжува. Оттука словенизацијата и културната нивелација на поголемиот дел на населението настанува преку црквата. Со тоа е направен првиот чекор кон хомогенизација на населението, кое под влијание на географските, културолошките и историските специфики на регионот Македонија, постепено ја формира македонската етничка група.

Нациите се создаваат врз основа на митови. Античка Македонија и Александар Велики беа митот со кој водството го организираше Кресенското востание. Митот за античка Македонија и Александар Велики беше во основата на македонскиот национален романтизам во деветнаесеттиот век. Исто како што митот за Илинденското востание македонските комунисти го искористија во борбата за Македонија за време на Втората светска војна.

Уште повеќе, приказната за Александар Велики е силно присутна и во македонскиот фолклор. Во спротивно тој мит немаше да преживее низ вековите и различните режими вклучувајќи го и комунистичкиот. Фактот дека не постои македонско револуцонерно или просветно движење кое се бори за јужнословенска држава, освен комунистичкото, но и тоа во 1943 попушти и мораше да се повика на илинденските традиции, е јасен показател за силината на присуството на митот на античката македонска држава во нашата историја и традиција.

За да нема недоразбирања, веднаш ќе подвлечам дека едно се историски факти, а друго се митови. Тие можат да се базираат на историски факти, но и не мораат. Некои од нив се добредојдени за потребите на одредено време и одредена општествена елита, а некои не. Митот за словенското потекло на античките Македонци, силно присутен во македонските легенди од деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, својата видеоизменета реафирмација ја доживуваше изминативе десетина петнасет години. Сосема разбирливо и сосема во согласност со природата на човековото битие. Општествено некорисно, но мобилизирачки. Му се допаднало тое некому или не, македонските спортски фаланги станаа препознатлив бренд. Исто како што и Сонцето од Вергина воскресна и стана бренд. Забранувано и игнорирано од страна на комунистичкиот режим, во Македонија, тоа опстојуваше меѓу емиграцијата, најмногу во Австралија.Чекаше и го дочека моментот на почетокот на девеесеттите да се врати во Македонија и веднаш да биде прифатено од големиот дел на Македонците. Единствено наследниците на Комунистичката партија не го прифатија. За нив тоа беше грчко знаме. Исто како што античката македонска држава е грчка.

Борбата на заевистите против т.н. антиквизација, всушност беше и е борба на левите, анационални сили, против историската вистина, а во функција на опстојување на лажните и денес веќе сосема непотребни митови за македонските Словени. Македонските Словени никогаш не постоеле.Постоеле различни словенски племиња кои постепено со тиха миграција го населувале просторот на Македонија и се мешале со локалното население. Тоа мешање, посебно во регионот западно од Солун, многу покасно, го негираа и митот за Александар Велики и античките Македонци. При ова, за воља на вистината, најголема заслуга во трансферот на овој мит од локалното население врз словенските и останатите доселеници го имаат Армано-Македонците. Тој мит тие и денденес го чуваат и негуваат.

Владата на г. Груевски не изврши никаква антиквизација. Таа само дозволи митот за античките Македонци да биде видлив на јавната сцена. Тоа не беше грешка. Грешка беше што претходно не побара македонската историографија да го подготви овој влез, кој беше неизбежен. Да одговори на потребите на времето, да изврши деидеологизација на историографијата, а во функција наградење на современ мит, кој во комбинација со нов современ мит за Илинденското востание, требаше да ја дозаокружат нацијата и да ја поведе напред.

Заевистите пак, од своја страна, водени од своите пројужнословенските убедувања ја направија најголемата грешка што можеше да се направи. За антиквизцијата одбраа погрешна мета. Антиквизацијата, таква каква што тие ја разбираат не ја изврши Груевски. Тоа многу порано ја изврши великанот на македонското национално-романтичарско движење Ѓорѓија Пулевски. Заев и неговите подржувачи можат да се фалат дека се справиле со антиквизацијата. Но, тоа е само нивна пуста желба. Ѓорѓија Пулевски, неговото дело, и неговите следбеници не можат да ги елиминираат и да им ги предадат на Бугарите. Тие од македонизмот се плашеа и во деветнаесеттиот век и гледаа да го уништат, а не пак денес да го присвојат. Грците тоа одамна го сфатија па затоа при крајот на деветнаесеттиот век ја лансираа тезата дека ако си Македонец, ти си Грк. Но и на нив тоа не им помина.

Комунистите исто така не ја сакаа македонската античка митологија. Молкум ја забрануваа, надевајќи се дека ќе биде заборавена. Но тоа не се случи. Прекратко траеше нивниот режим.

Траумите кои денес ги наметнуваат заевистите врз мнозинството на Македонците, ќе се подизлечат. Митот за античката македонска држава ќе продолжи да живее заедно со Сонцето од Вергина. Преголем и презначаен е овој мит за да може со договор и со закони да се избрише од македонската колективна меморија. Вештачкиот национален инжинеринг на комунистите доживеа дебакл. Вековниот сон за самостојна македонска држава тешко и бавно, но се оствари. Заевистичкиот национален инжинеринг нема ниту да почне. Сеќавањата за сопственото минато се дел од човековата природа. Тие ниту можат да се украдат ниту да се фалсификуваат. Не постои здрав човек кој може да опстојува претставувајќи туѓо, или фалсификувано минато како свое. Исто е и со нациите.

*********************

https://denesen.mk

 

Коле Манев

ВО ГЕРМАН И ВО НИВИЦИ

(ЗБОРУВАТЕ МАКЕДОНСКИ? ОВДЕ СИТЕ ЗБОРУВАМЕ МАКЕДОНСКИ!)

*************

Возејќи по автопатот во насока кон Гевгелија, постојано погледнував во показните табли кои ја најавуваа оддалеченоста на населени места или на бензинските пумпи. Една од таблите покажуваше излез кон Прилеп и Битола. Па, наместо директно да одам во воден, каде сум договорен да се најдам со мои дамнешни пријатели, зошто да не скршнам кон Битола, потоа за Лерин и на крај во Преспа, си реков во себе?

Досега никогаш не сум го посетил овој дел од Преспа, освен кога имав шест години, кога за време на Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 бевме принудени да ги напуштиме родните огништа и се упативме кон многу непознати места. Од тоа патување во мене останаа само магловити детали од настани и слики од тоа време. Бидејќи сите топоними во Егејска Македонија (Северна Грција) се сменети, тешко ми беше да се ориентирам кон каде одам. Но, на Герман му имаат додадено само "Агиос" (Свети), па тоа ми беше важен показател во мојата дестинација.

Кон крајот на денот стасав во Герман. Очекував да видам раздвижено место, но призорот беше сосема поинаков. По главната улица, која водеше кон угорницата, односно кон центарот на Герман, не можев да забележам жив човек. Ми се чинеше како низ местово да поминало нешто неубаво, нешто што никој не го посакува.. Мојата мрачна мисла ми ја прекина човек кој ја полеваше тревата од неговиот двор и чудно гледаше во мене.

"Сигурно барате хотел", ми се обрати човекот на убав македонски јазик.

"Вие зборувате македонски", го запрашав?

"Овде сите зборуваме македонски. Но, поважно е, ако барате хотел ќе ве однесам кај мој пријател, за жал само неговиот хотел работи", потврди човекот.

Во хотелот со чудно име "Мимилосате" (Не се карајте) не пречека една дебелкаста жена.

"Ова е единствениот хотел во Герман", го запрашав човекот?

"Ние сме во Раби, Герман е малку погоре. А, од каде си ти", ме запраша човекот?

"Живеам во Скопје, роден сум во Грција, оттука знам и по малку грчки", одговорив.

Човекот помалку изненаден и' се обрати на жената од рецепцијата.

"Елени, замисли гостинов е роден во Грција!"

"Каде си роден", ме запраша жената од рецепцијата и таа на убав македонски јазик!

Роден сум во село Бапчор-костурско, село кое се наоѓа под падините на Вичо планина, сега селото не постои".

"Роден си во Бапчор", захудено ме запраша човекот?

"Да", одговорив.

Селото Бапчор ја има доживеано најстрашната судбина во војната. Татко ми ми кажуваше дека децата кои одеа кон други земји, одовде минуваа. Од Раби, преку Герман, потоа планината зад која се наоѓа Љубојно.

"Колку време ќе останеш тука", ме запраша Елени?

"Една вечер, утре сакам да го видам островот Свети Ахил и Нивици, потоа одам за Воден", одговорив.

"Сакаш да го видиш само Нивици или и местото каде беше потпишан договорот", запраша човекот.

"И едно и друго", одговорив.

"Јас сум Јани, утре ако сакаш заедно ќе одиме и на островот и во Нивици каде имам многу пријатели, ќе јадеме и добра риба", ми рече.

Наредниот ден заедно со Јани се упативме кон островот каде Јани се сретна со негови пријатели кои комуницираат на македонски јазик. Еден од нив, кој држи хотел на островот Свети Ахил, во времето  студирал ДИВ во Скопје. На сите мои досегашни патувања во Егејска Македонија (Северна Грција) немаме можност да се сретнам толку луѓе кои го зборуваат македонскиот јазик.

Во Нивици истата слика како и таа која ја сретнав во Герман, празнина и чувство на некаква осама.

"Зошто во овие краишта како да нема луѓе", го запрашав Јани?

"Голем дел од младината заминува кон Запад. Целиот Преспански регион не може да се опорави од Граѓанската војна. Во Герман живееја преку 5000 жители, сега едвам има стотина. За останатите села и да не зборуваме. Кон крајот на војната, кога дел на единиците на ДАГ, (Демократска армија на Грција) сакаа со лотки да поминат преку езерото во Албанија и тогашна Југославија, единиците беа нападнати од авијацијата, за неколку часа илјадници лешеви пловеа низ Езерото. Цела недела водата од Езерото беше црвена како крв", со тага проговори Јани.

Откако направи неколку движења со главата кон околниот пејсаж, продолжи:

- Го гледаш ова обично место од земја и песок. Тука беше поставена целата таа театарска сценографија при што се потпиша Договорот од Нивици. По неколку часа, сите актери заминаа на ручек во Отешево, ми рече.

Кога го гледам ова обично рибарско место, со едноставните чамчиња, ми се чини како важнатаа политичка средба тука воопшто и да не се случила. Последици веројатно ќе има, но овде ништо нема да се промени, а Нивици и понатаму ќе се бори за својот опстанок.

"Сега, Драги Коле, ќе седнеме во овј ресторан кој носи симболично име "Пријателство", каде ќе јадеме убава риба, ми рече Јани.

Коле Манев 

Д. Ристевски

Душан Ристевски

БОРБАТА НА ИЛИНДЕНЦИТЕ ПРОДОЛЖУВА

**************

ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА ВО СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво "Григор Прличев" од Сиднеј на 2-август 2019 во своите простории одржа Поетска средба посветена на Илинден и Илинденците.

На првиот дел од програмата Протојереј Наум Деспотовски од Македонската православна црковна општина "Св. Кирил и Методиј" одржа парастос за паднатите борци на двата Илиндени и за сите оние кои го дадоа својот живот за Македонија.

Потоа следеше читање поезија посветена на Илинден и Илинденците од поетите Иван Трпоски, Лилјана Тошеска, Димче Џајкоски, Гроздан Јовановски, Перо Дамчевски-Коцин и Душан Ристевски.

Следеше општа дебата при што се нагласи уништувачката, за македонската нација, политика на сегашната марионетска влада на Заев кој погази на се' што е македонско, погази на крвта што се пролеа на паднатите борци, погази на духот што обединува македонскиот народ, а тоа е јазикот, културата, историјата, религијата и земјата, наша мајка Македонија.

Присутните едногласно донесоа одлука членовите на македонското литературно друштво "Григор Прличев", Македонците од Австралија и Дијаспората како и оние од поробените делови на Македонија да продолжат со борбата против марионетската влада и нивните предавнички договори, да не ја предаваат својата историја и да продолжат да ја промовираат на културен план Македонија и македонската нација.

МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ!

БОРБАТА НА ИЛИНДЕНЦИТЕ ПРОДОЛЖУВА!

********

 

 

Душан Ристевски-Македон

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

 

ПОНОВНО ПРЕДАДЕН

(На Гоце Делчев)

  • Мајко!
    Заев и Димитров ме предадоа
    Пендаровски ми пукаше во грбот.

    Се договорија
    и фатија во орото со ѓаволот
    главата ми ја ставија во тегла
    испратија за лицитација во Брисел
    коските ги расфрлија
    кучињата да ги глодаат покрај Вардар
    забранија на мојот гроб да се молат
    за спасение на мојата душа
    за да се заборави на мојот аманет
    и сонот на Илинденците.

  • Се договорија
    да завладеат со душата на Македонија
    ја поганија истечената крв
    ни го отсекоа јазикот
    ги пеплосаа Пирин, Егеј, Вардар и Преспа
    од империја направија нова провинција
    иднината ни ја здиплија во небиднина.

    Мајко!
    Заев и Димитров ме предадоа
    Пендаровски ми пукаше во грбот...
    *********
    Автор: Душан Ристевски-Македон
    (Сиднеј, 02 август 2019).

ВИДЕОТЕКА

**********

Kind regards: 10 август 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 230