ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО "ГРИГОР ПРЛИЧЕВ-СИДНЕЈ

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

БЕСРАМНА ДРСКОСТ ОД ЗОРАН ЗАЕВ

****************

Не бирајќи време ниту место, Зоран Заев продолжува со ширење омраза и нетрпеливост меѓу Македонците. Од секој негов изречен збор извира гнев и излив на примитивизам, неукост и аполитичност.  Ниту најголемиот македонски национален празник, Илинден, не му е свет. И него го злоупотребува со своите лаги и контрадикторности за да ја промовира својата политичка творба, Северна Македонија. Намерно ли го прави тоа или има  некоја друга цел? - а, можеби, или  затоа, што друго и не знае! Но најверојатно и понатака ја спроведува програмата на неговите надворешни наредбодавци: раздели  па владај!

Денес, 02 август 2019 година, Мечкин Камен и  Крушево доживуваат по втор пат понижување и деградирање, откако Зоран Заев и СДСМ насилно и со асистенција на надворешни хохштаплери ја презедоа власта во Република Македонија.

Стотици храбри борци бранејќи ја  Крушевската Македонска Република,  со својата крв го натопија  бојното поле и славниот Мечкин Камен, а тагата по нив, ги завиткаа во црно нивните мајки, татковци, жени и дечиња.

Денес прекрстени во Северни Македонци и без национален идентитет,  се превртуваат во своите вечни почивалишта. Секој изречен збор на премиерот на Северна Македонија од ново ги убива. Но и посакуваат   да го плукнат  и да го истераат  за никогаш повеќе да не стави нога на ова свето место и ја погани земјата на македонските херои.

Неговиот  повик до присутните и цела Македонија за сплотеност на патот кон "светлата" иднина во НАТО и Европската Унија е повеќе од дрска и бесрамна провокација. Провокација таму, каде што треба да се негува љубовта кон татковината и вечната почит кон паднатите борци за Македонија. 

Неетички е да се нагласува името на туѓа држава  таму, каде  што секогаш треба да се искаже пиетет кон жртвите во чии спомен се одржува настанот.

Илинден е најголем и најсветол македонски национален празник. Ден и верски и државен. Но во секој случај ден на македонската Илинденска епопеја,  кога на стотини млади и храбри Македонци, на  02 август 1903 година на Мечкин Камен,  во нерамна борба со Османлиите ја бранеа честа и достоинството на македонскиот народ и слободата на Македонија. Таму се бореа и таму изгинаа, ама за вечно останаа во нашите срца како темел на обновената древна македонска држава.

Мечкин Камен и споменот на сите тие жртви за Македонија и овој пат беше обезвреден од Зоран Заев и неговите следбеници, изроди и велепредавници.

Ево ги   лекциите по историја и патриотизам со кои Зоран Заев им се обрати на своите следбеници и другите малубројни и љубопитни присутни:

"...продолжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сметаме дека е патриотска должност да се обединиме и помириме внатре. Со гордост можеме да кажеме дека патриотизмот значи грижа за обезбедување подобар живот за сегашните и идните генерации, тука во Северна Македонија. Каде што се грижеа Гоце Делчев и Рацин".

Па ако се грижеа за поарен живот во Северна Македонија, зошто им ги продавате на Бугарите. Тие се бореа и грижеа за Македонија во нејзините географско-етнички и историски граници, ако не сте знаеле Зоране. Кој ви даде право, премиеру на Северна Македонија, да продавате туѓ имот и посмртни останки на македонски револуционери? Незнаевте ли  дека тие се кривични и казниви дела?

Сигурно не сте чуле и за Херонеја и крвавата битка помеѓу воените сили на Грците (Хелените) и Македонците. Па затоа и така се однесувате кон нив. Античките Македонци ниту биле Грци, а ниту пристанале вие, премиеру на Северна Македонија, македонското историско и културно наслледство да им го дарувате на Грците, нашите крвни непријатели. 

Битката и големата победа над нив кај местото Херонеја од 02 август 338 година пред Христа, е се' уште жив сведок за омразата помеѓу тие два народи. Трае и дури се зголемува, благодарејќи на вашето велепредавство на македонските национални интереси заедно со името на Македонија, националниот идентитет, одрекнувањето од Македонците и македонското историско наследство.

Многу нешта не наводуваат слободно да констатираме, дека сенилноста, неукоста, дипломатската неспособност и  многу други работи Зоран Заев го доведоа до степен на лудило. Тој во моменти  е патриот, а после да се биде патриот ништо не значело за него; потоа крстејќи се со обете раце и понизно ветувајќи му на Бога дека ќе ја чува, заедно со Македонија, и верата наша христијанска, за недолго после тоа, потпишувајќи разни договори со вечните непријатели на Македонија  изјавува и тврди дека ние нема што да бараме во Антиката;   сме биле Славјани, натрапници, кои го загадиле Балканот и ја окупирале нивната Македонија.

И така, таму ваму, се' до Мечкин Камен и оваа година на 02 август како голем "патриот", заедно со Гоце Делчев и Кочо Рацин, борците за поарен живот овде, во Северна Македонија!?   

Тоа ни докажува дека имаме работа со недоветен и длабоко ментално болен криминалец. Што тој, всушност и не е многу далеку од тоа! Но, изгледа и сите други кои го следат за краткотрајни придобивки не се поарни. А ги има доста. Па се прашувам: каде ќе се преселат кога ќе дојде времето Зоран Заев да се смести таму каде што припаѓа?

Човек кој се одрекнал од своето минато не е ниту за иднината, зошто ако еднаш се одрекне од минатото, тој е никој и ништо. Негоивиот 'од кон иднината е 'од на мртовец без меморија, никакви искуства и му требаат, кога би се реинкарнирал одново, години, векови да може за нешто да зборува. А Зоран Заев зборува за минатото, за кое нема појма. Па и затоа е ништо друго, туку фигура што зборува, а не кажува ништо!

Зомби!

Може ли таква фигура што зборува нешто а не кажува ништо да биде третиран за човек и да се следи во иднината за која не знае ништо а уште помалку  каде  да ја најде?  Без искуства од минатото, Зоране, вие сте навистина никој и ништо и тоа го потврдувате секој ден со секој збор  излезен од вашата погана, но во исто време и слаткоречива уста.

Вие  неможете самиот себе си да се пронајдете каде сте, а камо ли некого да  водите во иднината. Можете само некои слични на вас, а не како Гоце и Рацин, за кои се тепаат соседите кој прв ќе ги присвои, како би имале и тие нешто вредно во нивните фалсифицирани истории. А вие Зоране, за нивната доблест незнаете ништо! Вашата мемориска картица е празна, а вие немате појма како да ја исполните со корисни информации!

И за крај, ќе ги коментирам, на кусо, неговите пораки од Мечкин Камен, за да ни бидат нештата појасни:  

1) Обединување внатре и помирување значи  дека некои не разединил и раскарал. И сега се нашол јунак кој се нафатил да не смири, обедини, не втурни обезличени во својата политичка и налудничава творба, Северна Македонија, потоа во НАТО и Европската Унија и така  го реши "македонскиот" проблем.

Со миење на мозоците, пак, ќе ни ја смирел и душата! Но и настојува  да не убеди,   дека Македонците ширум светот за Зоран Заев се туѓинци,  кои не треба да се сметаат за дел од македонскиот народ. Тоа е подмолно велепредавство и злосторство врз  својот род! Тоа е политика на подели и владај, за што подолго да се остане на власт, но и отворен атак врз духовниот живот кој кај многу Македонци се' уште не допира како национален геноцид;

2) Политиката применета од најголемиот велепредавник и злосторник Зоран Заев и неговите слепи следбеници им оди на рака само на окупаторите на македонската земја и непријателите на Македонците во  Грција, Бугарија и Албанија. Им оди на рака и им дава на знаење дека со нив можат да прават што сакаат без страв да бидат обвинети од Северна Македонија, зошто таа нема ништо заедничко со нив.

И не само тоа. Има и многу поважни причини за немешање во нивните внатрешните работи: И понатака злоставување на македонските национални малцинства, обезправување; однародување; ослободување од  одговорноста за сите злосторства нанесени врз нив и нивниот имот: протерување од земјата и конфискување на нивните имоти; драстично менување на демографскиот состав на населението, ама и забранување на иселеништвото да бара репарации за својот имот, зошто не се по род Грци, ни Македонци од Северна Македонија. Мудро смислено, нели?

3) Што се однесува до патриотизмот, како грижа за подобрување на човечкиот живот, всушност може да се свати и како  негација на поранешните негови изјави. Но исто така би значело дека патриотизмот, како духовна категорија и  чувство кај  национално освестениот народ, денес на 02 август 2019 година на Мечкин Камен му го "осветли" заспаниот ум и на Зоран Заев. На "камелеонот" Заев, кој до вчера плукаше и се грозеше и од самата помисла на него. Зошто, спрема неговите зборови од неодамна, патротизмот не бил за него. Нему не му доликувало да биде патриот, зошто  бил член и водач на СДСМ!? Што на нему својствен начин и го докажа за времето на шарената револуција, кога заедно со уличната багра  го нагрдуваше   и уништуваше народниот имот. 

4) А пак кога го спомна Гоце Делчев и Кочо Рацин (ликвидиран "ненамерно" од некој стражар на партизанскиот камп)  дека работеле за подобар живот на сегашните и идните генерации тука во Северна Македонија, ја докажа и својата "висока" интелигенција и заматен разум. 

Е, сега!

Кога зборуваме за 116-та годишнина од континуираното чествување на 02 август, не смееме да го заборавиме првиот 02 август 338-та пред Христа, кога со победата над хеленските (грчките) градови-државички Македонците ја започнаа и македонската национална традиција Илинден да постане најголем и најважен празник за Македонците внатре и на секаде по светот.

Празник кој секоја година ќе се прославуа   внатре во земјата и во средините на иселениците на секаде  по светот, со иста љубов и почит кон жртвите,  вградени во  темелите на Македонија!

*** 

САМО МАКЕДОНИЈА! - НИКОГАШ СЕВЕРНА!

За секогаш Ваш, Сотир

 https://denesen.mk

НАТАША КОТЛАР ДО ЗАЕВ

(Реакција по изјавата на Заев за грчката ТВ Алфа дека сме присвојувале светска, балканска и туѓа историја) 

 Вашето незнаење, необразованост и политички егзибиции чувајте си ги за вас и во вас. Историјата навистина ќе ве запамети, но како лош пример на владеење и уште полош пример на (не) образованост! Кои книги од историјата на македонскиот народ сте ги прочитале или сте усвоиле нешто од нив за да можете да зборувате за македонската историја, па дури и да изнесувате недоделкани констатации! Сте прочитале нешто од археологијата, од историјата, од јазикот и литературата, од културата на македонскиот народ кој во вертикалата на историскиот опстој и континуитет создавал своја и посебна историска содржина на своја-македонска почва, а не на друга!

И веднаш овде да ви појаснам, она што го велам е забележано уште пред 160 години и токму од непријателите (П.Р. Славејков и др.) на македонската посебност кои точно ја констатираа истата од аспект на црква (Охридската архиепископија), територија, народ, јазик. Ова е прашање (Л.Нидерле "Македонското прашање", 1902 година).

За среќа во тек на изминативе 75 години македонскиот народ создавајќи ја својата држава на овој македонски простор (на 2 август 1944 година) ги отвори и можностите за научно проучување на историјата на македонскиот народ (во најширока смисла на зборот). И секако, колку и да сакала политиката да и' се  меша на науката како дисциплина, сепак таа не успеала да и' го намали или да и' го попречи нејзиниот квалификатив на научност!

Последново посебно да го запаметите и вам нема да ви успее ни со октроираните договори потпишани со соседните држави, ниту со скапо платените "комисии" да го урнисате македонскиот научен капацитет! Напротив, ова лошо зборува за вас и вашите марионети откинати од "науката"! 

Наравоучение, господо!

Постои македонска наука која е со огромна продукција во истражувањето на археолошките, историските, јазичните, литературните и други сфери од македонското сушествување и творење на овој простор! Вашето незнаење, необразованост и политички егзебиции чувајте си ги за вас и во вас, за да не излегуваат на виделина на денот, за да не се засрамите, најпрвин самите себе, а потоа и сета македонска јавност!

*************

 

Македонски манифест

 ПОДНЕСЕТЕ СИ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, ДОСТА ГИ СРАМЕВТЕ МАКЕДОНЦИТЕ

 

Македонскиот манифест упати отворено писмо до премиерот Зоран Заев по повод неговата срамна изјава во Атина кое го пренесуваме во целост:

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

Премиере, во Атина за грчките медиуми изјавивте дека "Македонците краделе светска, балканска и туѓа историја". Оваа ваша изјава можел од име на Македонците да ја даде само еден помрачен и морално атрофиран ум. Еден бездушник на кој не му е јасно ништо: ни што е тоа Име, ни идентитет, ни меморија, ни народ.

Како резултат на тоа Македонците се сега идентитетски убиениот и најпонижен народ на Земјата. Но и покрај тоа, гледаме, вие сте горд, иако меѓународната си игра мајтап со вас, играјќи си така мајтап и со македонскиот народ, мерејќи ги Македонците според вашиот ум, интелигенција и етика, а сите тие кај вас се нула според се' она што го правите, масакрирајќи го докрај достоинството и самопочитта кај македонскиот народ и убивајќи ја докрај неговата трпелива и благородна душа. Душата која многу повеќе ја знаат и спознале странските дипломати во земјата, дури и оние чии држави учествуваа во идентитетскиот геноцид на Македонците, пред се' благодарение на вас, отколку вие што се покажавте како најголем бездушник кон сопствениот народ, кој ве смета и секогаш ќе ве смета за изрод од неговиот род.

Но вие за се' ова, премиере, не чувствувате никаков срам, очекувајќи за вашите злодела кон родот уште и Нобелова награда. А не е чудно дури и да ја добиете, бидејќи и шведскиот нобелов комитет одамна е вклучен во валканото оро на политиката, од што се превртува во гробот донаторот на наградата Алфред Нобел, кој се покаја што го измисли динамитот оти виде дека со него почнаа да се служат пред се' злосторниците на човештвото. Вас мува не ве лази, премиере. Напротив, во Атина уште на Грците, "срцем светци, лицем волци" како што вели Прличев, уште гордо, наместо да се скриете во глувчова дупка од срам, им изјавивте дека ќе бидете запаметени по тоа што сте и' го смениле името на Македонија со онаа идиотска, како и сите што  работеа на тој геноциден проект, придавка Северна со која е активирана повторно по Бастилја морбидната справа за ликвидација на месје Гилотен, темниот архиереј на Француското Просветителство. А поарно ќе беше да речевте дека ќе бидете од Македонците запаметени како најголемиот злосторник во неколку милионската историја на Македонија, оти на никој пред вас не му текнало да направи такво страшно злосторство, со само еден потег идентитетски да ја избрише целокупната историска меморија на еден исконски народ кој дал неброено културно-цивилизациско благо и на Исток и на Запад. Благо кое вие сега најбесрамно тврдите и тоа кај оние кои него безмилосно го крадат, а им е и подарено, дека ние го крадеме него и нив. Такво незнаење и таква глупост навистина, како што би рекол Крлежа, заслужуваат метафизички ореол.

Не знаеме дали сфативте што сакаме да ви кажеме, премиере, оти тоа е дефинирано децидно уште во насловот на ова отворено писмо до вас: поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците!

Вие конечно не сте за Македонија и Македонците, по идентитетскиот геноцид што го направивте, туку за некоја Северна и некои Северни. Таму вие местото: не во Македонија и меѓу Македонците, тие што не се и нема никогаш да бидат Северни.

 Republika.mk

Проф., д-р Тања Каракамишева

 

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА НЕ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИ НАРОД НИТУ МАКЕДОНСКА НАЦИЈА

 

Во актуелната грчка кампања за толкување на придобивките од  Договорот во Преспа, на интернет страницата на грчкото Министерство за надворешни работи се одговара и на неколку најчесто поставени прашања. Едно од тие прашања е: Дали ние ја признаваме "македонската нација" и "македонскиот јазик"?

Одговорот на Грција е - НЕ!

Еве го во целост одговорот на МНР на Грција на ова прашање:

1) Договорот го дефинира само "државјанството" на граѓаните на соседот, што е правна врска меѓу граѓанинот и државата. Покрај тоа, ПЈРМ формално и' потврди, Грција преку Меморандумот за разбирање од 16 јануари 2019 година, кој е правно обврзувачки за ПЈРМ, дека употребата на терминот "националност" во англиската верзија на Преспанскиот договор се однесува само на "државјанство". Всушност и Грција и ПЈРМ во своите официјални преводи на Договорот го припишале англискиот термин "националност" на зборот "државјанство" (т.е. "джавјанство"). Покрај тоа, во сите меѓународни текстови (и конвенционални и не-договорни) терминот "националност" означува националност, а не национално потекло.

2) Денес и повеќе од 25 години, во пасошите на македонските државјани, државјанството е дефинирано со зборот "македонско" ("македонско"). Од 2009 година, дури и за ПЈРМ, важи визната либерализација за Шенген зоната за граѓаните со тие пасоши.

3) Од стапувањето во сила на договорот, "државјанин на северна Македонија" се додава на сите патни исправи во државјанство, на терминот што веќе е во употреба.

4) Преспанскиот договор не ги споменува и не ги регулира етничките прашања. Покрај тоа, измената на Уставот на БЈРМ вели дека "државјанството не ги специфицира, ниту пак ја утврдува етничката припадност на граѓаните на земјата". Ова се наведува експлицитно и обврзувачки за БЈРМ во вербална белешка испратена од Скопје.

5) Според ова, Договорот, не го признава "македонскиот народ" или "македонската нација". Освен тоа, договорот не го негира правото на грчките граѓани да ги нарекуваат граѓаните на нашата соседна земја според условите што ги користат денес (член 7).

ЈАЗИК

1) Третата конференција на Обединетите нации за стандарнизација на географските називи одржана во 1977 година во Атина го признава "македонскиот" како службен јазик. Сепак, во својот говор во септември 1959 година, министерството за надворешни работи Е. Авероф истакна: "Македонскиот јазик што се зборува во Скопје не се зборува во грчка Македонија и има граматика и синтакса".

2) Означувањето на македонскиот јазик, со кодот име "МК", МКД", се користи од 1994 година, без sвездички, како што се гледа на официјалната интернет страница на ООН ( види страница 1 и 94), и како што е формално претставено од Меѓународната организација за стандардизација со ISO 639-1 и 639-2.

3) Договорот експлицитно вели дека службениот јазик на соседот спаѓа во групата словенски јазици, и "не е поврзан со античката грчка култура" на Македонија и "не е поврзана со {...} историјата, културата и наследството на Македонија (член 7 (4).

4) Исто така според договорот, грчките граѓани го задржуваат правото да продолжат да се однесуваат кон горенаведениот јазик под условите што ги користат во моментов (член 7(5)).

ТРГОВСКИ МАРКИ

1) Преспанскиот договор не влијае на валидноста на грчките трговски марки под името Македонија. Особено, одредбите за трговски марки со целосно компатибилни со европското законодавство и со меѓународното право, а особено со Договорот за  комерцијална сопственост од Мадрид. Ова значи дека трговските марки регистрирани од грчки компании на национално, европско или меѓународно ниво и кои содржат референци за Македонија се целосно заштитени.

2) Статусот на соседната земја како иден кандидат за членство во ЕУ подразбира обврска да се прилагоди на европското acquis. Производите со ознака за потекло (ЗНП), како и проиводите за географска ознака (ПГИ) кои се поврзани со Македонија, веќе се идентификувани со постојните прописи на ЕУ и се однесуваат исклучиво на Македонија. Македонското вино, на пример, е вградено во регулативата на ЕУ.  По својата природа, географските дефиниции се однесуваат на специфични региони, а не на цели држави. Фактот дека договорот содржи експлицитна референца за работењето на меѓународната група експерти во рамките на ЕУ ги гарантира интересите на претпријатијата на нашата земја како земја-членка.

3) Договорот создава услови за дијалог помеѓу двете деловни заедници на двете земји кои со добра волја ќе најдат излез и решенија за други прашања кои можат да бидат поврзани со брендови и корпоративни логоа во иднина. Во секој случај, она што е загарантирано во европското и националното законодавство е внесено и не се менува.

https://mkreporter.com

31 mart 2019

Академик А.Шкокљев-Дончо

 

Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

Дел 20

*******************

 

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  IV ДЕЛ

Пизистрат бил Хипократов син, кој владеел со Атина седумнаесет години (560-543), односно трипати бил избран за тиранин и трипати бил протеруван (шеснаесет години).

Неговиот период се смета за најславен во историјата на Атина, а тој како најголем политичар (Папаставро, 1972 г., 124). Аристотел (Полит. 2, 7) за него вели дека бил "голем хуманист, милостив и демократски етичар, способен политичар и војсководец". Покрај тоа, Пизистар бил прв кој ги собрал Хомеровите дела. Умрел во 528-527 година пред Христа.

***********************

По неговата смрт, владател (архонд) на Атина станал неговиот син Хипиј, кој управувал со државата до 520 година пред Христа. Го наследил неговиот син Хипарх, до 514 година пред Христа. Времето на Пизистратидите претставувало највисок степен на атинската, па и на грчката цивилизација во архаичниот период. Со Пизистратидите се завршил периодот на тираните, кога со помош на дорската-елинската Спарта на сцена стапува наредната Нелејска фамилија, Алкмеониди.

Алкменоидите биле потомци на  Алкмеон, внук на Трасимед. Имено, Трасимед, заедно со својот брат Антилох, го придружувале својот татко Нестор во Тројанската војна. Антилох во војната загинал жртвувајќи се за да го спаси татка си и бил погребан на Хелиспонт, заедно со Ахил и Петрокле. По разурнувањето на Троја, Трасимед среќно се вратил во родниот Пил (Хомер, I, 1, 8, IX и понатаму). Трасимед бил татко на Сил и дедо на Алкмеон, предок на атинското семејство Алкмеониди. Бил погребан во Пил (Паусанија, II, 18.IV. 36).

Алкмеон бил последен доживотен архонт на Атина, 757 година пред Христа. Негови потомци биле: Мегакле, Клистен, Клиниј, Перикле, Клиниј II, Алкибијад, Клиниј III и др. Ќе наведеме позначајни личности од ова големо братство.

Мегакле бил атински политичар и архонт. Бил познат по тоа што во 612 година пред Христа ја уништил Килоновата странка. Неговиот внук, под исто име, бил противник на Пизистрат, додека, пак, правнукот бил дедо на Алкибиад.

Клистен бил син на Мегакле и Агариста, глава на Алкмеонидите во Атина. Извршил реорганизација на општествениот систем и ја зацврстил демократијата.  Новата демократија на Атина наишла на реакција на конзервативната Спарта, па дошло до воен судир. Заради оваа криза дошло до сојузништво меѓу Атина и Персија, а подоцна и до грчко-персиските војни, 490-479 година пред Христа.

Меѓу значајните Алкмеониди спаѓа и Перикле (499-429). Бил син на Ксант и Агариста, најславен демократски државник на Атина, претставник на златниот Периклев период; на класичната грчка цивилизација. Водач на демократската партија во Атина. Владеел цели дваесет години. Спровел крупни демократски, политички и економски реформи. Бил мецена на филозофијата и уметноста.

Ја разубавил Атина со величенствени градби на Акропол (Пантеон, Пропилеј итн.), ја зацврстил одбраната на градот со тврдини како што биле "Долгите sидови" до Пиреја и сл. Покрај тоа, им помагал на значајни уметници како што биле скулпторите Фидиј и Мирон, сликарите Аполодор и Полигнот, филозофот Анаксагор и др. Умрел во 429 година пред Христа во Атина.

Роднина на Перикле бил Алкибиад (450-404), син на Клиниј, познат Атињанин, ученик на Сократ. Бил многу надарен, станал атински војсководец и државник и наследник на Перикле. Тој бил претставник на новата генерација софисти. Како одличен говорник, успеал да ги наговори Атињаните да ја обноват војната против дорска-елинска Спарта, 415 година пред Христа, па така започнала Втората Пелопонеска војна, кобна за Атина. Војувал против Сицилија, а бил сменет од високото место бидејќи бил обвинет дека ги навредува боговите.

Пребегнал кај Спартанците кои, благодарејќи му нему, тешко ги поразиле Атињаните, но сепак се смирил со нив во 408 година пред Христа. И повторно станал воен заповедник. Животот го завршил во Мала Азија, каде што го убиле Персијците по налог на Спартанците.

Неговото предавство на демократска Атина и пребегнувањето во аристократските земји Спарта и Персија, претставуваат типичен пример на човечката совест во периодот на пропаѓањето на грчкото робовладателско општество, непосредно пред потпаѓањето на Грција под власта на Македонија.

Следни потомци на славните пилски кралеви Нелејци, од лозата на Нестор, биле Кодридите. Тие свој патроним добиле од Кодро, митски крал на Атина, кој бил син на Мелант.

Во митологијата Мелант бил потомак на Нелај, син на Андропомп и Хениона. Татко на споменатиот Кодро (Херодот, I, 147). Бил владател во Месенија се' до доаѓањето на Дорците-Хелените, 1104 година пред Христа. Пребегнувајќи во Атика со некои свои поданици, станал крал на Атина, наместо дотогашниот крал Тимета, брат или зет на тројанскиот крал Пријам.

Тимет бил последен потомак на Тезеј, домородец од кралската лоза Пелазги. Бидејќи за време на војните меѓу Атињаните и Фениќаните од Теба, околу градот Еноја на североисток на Атика, ниту една страна не победила, било решено војната да се реши со двобој меѓу кралевите. Тимет не се осудил да излезе на двобој и ветил дека ќе ја предаде власта над Атина на оној јунак кој ќе го победи тебанскиот крал Ксант. Мелант ја прифатил борбата наместо кралот Тимет и во жесток судир го победил противникот. Во знак на благодарност за извојуваната победа над Тебанците, Атињаните го избрале Мелант за крал.

По смртта на Мелант, неговиот син Кодро станал крал на Атина, со која владеел дваесет и една година. Имал двајца синови, Медонт и Нелеј. Легендарниот крал Кодро загинал храбро борејќи се против Дорците-Хелените, кои навлегувале од Пелопонез. Бил убиен пред градската капија на Атина, околу 1091 или 1088 година п.н.е. Кодро го наследил неговиот постар син, Медонт.

Меѓу браќата дошло до кавга околу престолот. Заради тоа, а и заради се' посилниот, пробив на новите освојувачи Дорци, од Пелопонез и од Дриопида-Дорида, Нелеј-Помладиот, со бројни Атињани од Атина и Атика, како и од Пелопонез, ја напуштил Грција и мигрирал во југозападниот дел на Мала Азија, 1044 година пред Христа. Таму, емигрантите основале "Сејонски сојуз" од дванаесет градови, со Милет како главен град. Во многу од овие градови Кодридите станале кралеви (Херодот, I, 147).

Овие Кодриди, потомци на тесалиските и месенските Подунавци, со Ахејците и другите староседелци, во нови услови на источните брегови на Егеј, ги удриле темелите на својата нова култура, а, пред се', на својот палобалкански јазик, познат како јонски дијалект, а ги пренеле и своите олимписки богови. Јонаните први го прифатиле феникиското писмо меѓу 900-700 година пред Христа.

И покрај маведените миграции во X век пред Христа, многу Кодриди, потомци на Медонт-Медонтидите и Нелејците-Пизистрадидите и Алкмеонидите, опстанале во Атина и Атика и тие можат да се следат до IV век пред Христа. Томсон (1954 година, 126), цитирајќи го Петерсон (Questiones de historia gentium Atticarum, Scheswing, 1880), наведува дека во тоа време генеолошкото дрво само на Кодридите опфаќало 32 генерации. Меѓу најзнаменитите спаѓаат Солон и Платон.

 

Аполо, богот на светлината.

Солон (638-559) бил син на Ексикестид, од Медонтовото стебло на Кодридите. Бил еден од седуммината грчки мудреци. Се истакнал во велетрговијата и политичките борби во Атина меѓу аристократите и демосот. Во 594/3 година пред Христа станал законодавец и реформатор. Неговите робовладателски закони постигнале врв во периодот на Перикле и опстанале се' до периодот на Александар Македонски во Александрија. Тие станале почетна основа на историскиот развој на идејата за држава во Европа.

Платон или Аристотел, (427-347) бил син на Кодридот Аристон и Периклиона. Станал голем филозоф и основач на филозофската школа, Академија, во Атина.

Сржта на неговата филозофија ја сочинува учењето за идеите како непроменливи мисловни суштества на светот, додека "сетилните нешта" претставуваат само нивни "сенки". Врвна идеја е идејата за благосостојбата, која е идеја само на божествата, додека врвна вештина е мудроста. Според Платон, методот на барање на вистината е дијалектиката како вештина на споредување и анализи. Најпознати творби на Платон се: "За државата", "Гозба", "Одбраната на Сократ", "Менон", "Симпозиум", "Тимеј" и др.

Платон бил Сократов ученик и учител на Аристотел. Платоновата академија како филозофска школа постоела до 529 година по Христа, кога како паганска институција ја укинал царот Јустинијан.

Продолжува

Членови на ЛД "Григор Прличев" Сиднеј

 

"Григор Прличев" литературно друштво Сиднеј

ИЛИНДЕНСКА ЧЕСТИТКА  ДО СИТЕ МАКЕДОНЦИ

******************

 

Драги браќа и сестри, Македонци,

Ние, членовите на македонското литературно друштво "Григор Прличев" од Сиднеј, Австралија, ви испраќаме најсрдечни честитки по повод нашиот најсветол празник Илинден.

**********

Иако судбината не доведе овде, на десетици илјади километри далеку од родниот крај, ние никогаш не ја заборавивме нашата прва татковина Македонија, а тоа чувство што длабоко го носиме во душата, настојуваме преку пишаниот збор, преку дополнителната настава на мајчин јазик и бројни фолклорни, црковни, театарски, културни и други активности не само да го негуваме нашето македонско духовно и културно наследство, туку и да го презентираме и афирмираме во мултикултурното австралиско општество.

Во ерата на интернетот редовно и многу внимателно ги следиме случувањата во "стариот крај", што би рекле по наше и во оваа прилика сакаме да го искажеме нашето длабоко разочарување и загриженост од се' она што се случува во татковината, а што ни го приреди актуелната власт во соработка и со отворена подршка од странство.

Драги сонародници, ние не се мириме со промената на уставното име на нашата татковина; со игнорирањето на заклучоците на АСНОМ и никогаш нема да ја прифатиме таа наметната состојба, ниту било кое решение што го подметнуваат странски служби преку разни "платформи", директиви, или наводни совети и притисоци!

Не прифаќаме ни двојазичност во цела Македонија што насила ни е наметната преку платформи, притисоци, поткупи и уцени. Ако сегашната власт во татковината не знае како да се соочи со проблемот за користење на јазикот на малцинствата, нека се поучи со искуствата од Австралија каде секој доселеник си го користи мајчиниот јазик во локалната средина каде живее, во етнички училишта, цркви или џамии. Но на ниво на целата земја единствен службен јазик е англискиот. Така се гради и се негува австралискиот идентитет и патриотизам. Така треба да биде и во татковината. Но за жал, не е ни во Егеј, Пирин и Мала Преспа заради деценискиот шовинизам и асимилаторството на тамошните нацистички режими.

Драги Македонци и Македонки, загрозени сме од предавството на македонскиот идентитет, култура и историско минато со потпишувањето на капитулантските договори за пријателство со Бугарија и Грција каде потполно неразумно и неодговорно некои потпишаа предавство на речиси се' што претставува наша, македонска вредност, наше славно минато и нашите историски ликови со коишто се гордееме (Филип и Александар Македонски, цар Самоил, Кирил и Методиј) и со најискрена почит ги славиме и ние овде, на петтиот континент.

Деновиве, кога ние, далеку од татковината, со восхит го прославуваме двојниот Илинден, длабоко сме загрижени заради очигледната намера на Владата на Република Македонија и претседателот на државата да се откажат од нашиот и само нашиот Гоце (Делчев) кој целиот живот го посвети и го жртвува за вечниот идеал  на сите нас: слободна и независна Македонија! Сега некакви комисии од македонски квази-историчари и политичари се спремни и да го жртвуваат, т.е. да го продадат за скапи хонорари, Гоце заради лукративни интереси но ве уверуваме дека тоа нема да помине меѓу нас овде, во Австралија.

Некои квази-историчари од источниот сосед дури со невидена дрскост тврдат дека тие, Бугарите, не биле окупатори на Македонија во Втората светска војна, туку ослободители!? И наместо нашата историска наука и политика гласно да им возвратат и да се спротивстават, наместо од Бугарија да побараат воени репарации и оштети за сите злосторства и материјални штети што ги направија како окупатори во Македонија во Втората светска војна, од македонска страна се случува длабок и застрашувачки молк. А Бугарите уште инсистираат заедно да сме го славеле Илинден со нив! Илинден е само наш, на Македонците!

Почитувани, жалиме што нашиот најсветол празник поединци го оскрнуваат во татковината, но нема да дозволиме тоа да ни се случува и нам, во раселена Македонија.

Апелираме до сите Македонци, каде и да се по светот: во САД, Канада, Европа, како и во поробените делови на Македонија: Мала Преспа, Егеј, Пирин, а се разбира и кај нас во Австралија што е можно посвечено и помасовно да го одбележиме двојниот Илинден пред се' со оддавање на длабока почит кон сите оние што ги дадоа  своите животи за идејата водилка на нашето постоење, за слободна и независна Македонија.

МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ!

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

 

Претседател: Душан Ристевски 

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********************

 

Проф., д-р Снежана Веновска

 

 

 

ТИ СЕ ЗАВЕТИВ МАКЕДОНИЈО 

 

 

  • Ти се заветив Македонијо
    тука, тука ќе останам занавек, довек,
    тука, тука ќе си ја дадам душата
    Под ова парче небо полно со sвезди,
    Со месечина огреана од Солуна до Тетово,
    Со сонце со 16 крака.
    Ти се заветив Македонијо
    овде ќе останам
    за да им запалам свеќа на сите мајки и татковци,
    баби и дедовци,
    браќа и сестри,
    на сите чеда македонски
    што ги чуваш во себе и душата што им ја крепиш

  • за да не' има
    за да те има.
    Ти се заветив Македонијо
    тука, тука ќе останам
    За гробовите на задушница да не ни бидат празни;
    леб и пченица, вино и свеќи
    ќе донесам,
    белки ќе има некој да ги опее,
    душата да ми се смири
    и срцето со љубов кон тебе исполнето.
    *************
    Автор: Проф., д-р Снежана Веновска

Kind regards: 05 август 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 229

ВИДЕОТЕКА

****************