Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ИЛИНДЕН - СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН КОНТИНУИТЕТ

***************

Во потрага по  животен простор и  средства за своите зголемени животни потреби, соседите  секогаш го гледале спасот во нашето двориште, во македонската земја. По нешто да присвојат од неа, и така да си ги решат проблемите:  да ги задоволат своите физички потреби и да се ослободат од македонската надмоќ и доминација во регионот. 

Со доаѓањето на Филип II ( 359-336 п.н.е.) и син му Александар III Велики (356-323 п.н.е) на македонскиот трон, ситуацијата во регионот видно се промена. Македонија ја презеде командната палка над сите Хелени јужно од Олимп и за некое време завладеа мир и сорааботка. Меѓутоа, нивните аспирации не престанаа да бидат и понатаму закана по безбедноста на македонската држава. 

Па затоа не е случајно што 02 август 338 г. пред Христа е дел  од мојов илинденски текст.

На тој ден, месец и година, (пред 2357 години) со решавачката битка кај грчкото место Херонеја, македонската војска предводена од големите македонски војсководци, политичари, дипломати и државници Филип II и неговиот син Александар III ги сотраа здружените воени сили на Атина, Теба и другите Хеленски градови-државички и со тоа Кралството Македонија и Македонците постанаа господари над сите Хелени, јужно од планината Олимп. Но и најсилна државна заедница во Европа, Азија и Африка.

Меѓутоа, што оди нагоре паѓа и надолу, штом на државното кормило застанат слаби и неспособни водачи. Тоа се случи и со Македонската империја, после смртта на Филип и син му Александар Македонски. Но споменот на 02 август и извоената победа над моќната воена сила на грчките градови-држави, македонскиот народ и ден денес го слави во контуинитет со несмалена почит и љубов кон тогашните и идните македонски жртви за слобода и независност. Илинден остана во срцата на Македонците како своеврстен поттик и духовна инспирација за патриотизам и заштита на македонските национални интереси.

Со победата, пак, над последниот македонски владар, Персеј, Рим стана последователен светски владар. Македонија беше сведена на римска провинција, распарчена на четири дела, со забрана на меѓусебна комуникација. И така се' до 14-от век од н.е., кога за втор последователен  владар доаѓаат Османлиите. Но после  пет вековна  окупација и тие си заминаа во историјата, а Македонците и понатака си останаа да живеат на својот древен и славен простор: МАКЕДОНИЈА! Ама, пред да си заминат во историјата, од нејзините европски делови се изнедрија  балканските државички: Грција, Бугарија, Србија и Албанија.  За среќа или несреќа,  делот  подарен, од големите сили, на Србија,  подоцна, со раѓањето на новата државна заедница СФРЈ, се конституира во македонска држава, како Република Македонија.

Но ајде да се вратиме малку поназад во времето на Османлиската империја, кога сите овие непостоечки денешни балкански државички  го дишеа истиот воздух и го јадеа истиот леб месен и печен во заедничката турска фурна,  вклучувајќи ги и етничките Македонци.

Да се вратиме и да видиме што се случуваше со народите во неа!

Се разбира, сите имаа желби да бидат слободни  и да живеат во свои сопствени  државни заедници, вклучувајќи ги и Македонците.

На Грција, Бугарија, Србија и Албанија,  со помош на европските сили и Русија, им се оствари сонот. Дури и повеќе од тоа. Се збогатија и проширија на делови од македонската етничка територија. Тоа се случуваше за времето на двете Балкански и Првата светска војна, наречена како "голема војна", со што се сметаше дека македонската приказна е завршена работа. Земјата и народот им ги поделија на соседите и со тоа сметаа дека проблемот со македонското прашање е свршана работа за секогаш. Меѓутоа, есапот им беше грешен. Не им испадна баш се' така како што им пишуваше во нивниот злосторничко - гангстерски проект!

Македонците, сепак, мораа да си ја продолжат борбата за слобода, започната уште за времето на Империјата.

Илинденското востание,  не' започна случајно  токму на 02 август 1903 година. Тоа е продолжение од она пред 2357 години пред Христа, со кое Македонците ги смирија непријателските духови јужно од Олимп. За разлика, ова делумно им даде надеж, дека слободата не е недостижна. Иако не доaѓа сама.  Круната на борбата беше Крушевската Република. 

И ако краткотрајна, само 12-13 дена, првата Република на Балканот, наречена Крушевска Република, на македонскиот народ му ја покажа убавината на слободата и патот кон  долговечната и светла иднина. Таа и на светот му соопшти, дека  Македонците имаат право и сила да бидат слободни и да создадат своја сопствена држава во етничко-историско-географските граници зацртани од времињата на Филип и Александар Македонски. Дека и без помош од надвор,  ќе  се борат и гинат до конечно и трајно слободно живеење, како свои на свое. И ако тоа го посакувале да се почитува од посилните во светот, реалноста беше поинаква: "браќата" Бугари беа првите кои ја злоупотребија македонската лојалност и благодарност кон нивната држава, како привремено засолниште за многу Македонци бегајќи од турските зулуми и неправди, но и од  грчките, српските и албанските  и мудро се инфилтритираа во сите пори на ВМРО со цел да ги насочат водите на нивната воденица. Не им беше тогаш, а ни денес во интерес Македонците да имаат своја самостојна и независна национална држава.

Зошто? Затоа што од секогаш ги сметаа Македонците за дел од бугарскиот народ и дека никогаш  за нив не постоела а ниту денес постои македонска нација, а уште помалку македонски јазик или пак историја.

Си ги чекаа  петте минути за реализирање на своите недобрососедски намери.

И ги дочекаа! Тоа беше Зоран Заев, човек лабилен, неук, зборлив кој ништо паметно не кажува и со силна желба, по секоја цена, да се покаже  пред соседите, но  и пред таканаречената демократска меѓународна заедница. Да се покааже како водач подготвен да ги реши сите проблеми и недоразбирања со соседите, како капар за влез во НАТО и Европската Унија. Но пред се'  да и' избега на македонската правна држава  од гонење за богатење со злоупотреба на службената должност, како градоначалник на општина Струмица. 

Па така, знаејќи со каков човек имаат работа, Бугарите таканаречениот договор за "добрососедство" го искористија, злонамерно,  како алатка за реализирање на своите вековни аспирации спрема македонската територија и идентитетот на Македонците заедно со сите  национални атрибути кои секогаш   ги чинеле и ги чинат, и денес, различни од бугарскиот  народ и бугарската држава.   

Зоран Заев,  од лични интереси и страв од кривично гонење прифати и најтешки велепредавства врз македонските национални интереси и Република Македонија.

Бугарите,  Грците и  Албанците  ја искористија поволната ситуација за исполнување на своите недобрососедски барања и од македонските властодршци добија се' што им ставија на маса како услови за подршка на патот на Република Македонија кон НАТО и Европската Унија.

Меѓутоа, тогашниот и подоцнежниот силен свет  не беше наклонет кон Македонците, како и денес, и откако им помогнаа  на Грција, Србија, Бугарија и Албанија да живееат секоја на својата етничка територија, Македонците беа оставени пред вратите на неизвесната иднина. Баш како и денес, пред вратите на фамозната Европска Унија. Насилно обезличени  и деградирани до обични граѓани без националност, во новосоздадената политичка творба, Република Северна Македонија. 

И после две балкански и една светска војна, конечно Македонија и Македонците беа распарчени и понижени со робскиот статус во составот на новосоздадените балкански државички, Грција, Бугарија, Србија и Албанија. И така на западниот   проект за бришење на  Македонците од списокот на народите во светот, му беше ставена голема точка!? И тие така си помислија, ама се излагаа!

Втората светска војна им ги измеша крстопатите. Македонците воскреснаа од пепелта и со свои сопствени сили им се спротивставија на германските, бугарските, италијанските окупатори и  албанските балистичко-плачкашки банди, ги истераа од делот кој беше под контрола на Србија и по трет пат, на 02 август 1944 година во македонското светилиште "Прохор Пчински", денес во составот на Република Србија, прокламираа своја национална држава, Република Македонија, а АСНОМ го прогласија за привремена влада на македонската држава.  Држава, како составен дел од новата југословенска  заедница на балканските народи, СФРЈ.

Надворешните фактори овај историски пресврт, не го очекуваа од еден, скоро "потполно асимилиран" и "денационализиран" народ. Злобните намери  на големите сили, насочени против националните интереси на Македонците, беа ставени во положај на чекање до некоја нова прилика за да не докусурат, на било кој начин.

И дочекаа. Не фатија на спиење и ни го поставија Зоран Заев како извршител на тоа,  што тие не беа способни да го завршат кога имаа прилика. Не беа способни да ги предвидат настаните после војната и способностите на Македонците сами да се изборат за својата слобода. Слобода, која на Западот како коска да му запна во грлото. 

Добрососедските односи со Грција и Бугарија, а најмалку со Србија и Албанија никогаш не беа загрозувани од Македонците, па затоа и  договорите  како услов за влез во НАТО и Европската Унија,  имаа сосема друга цел: да се втера Македонија во тесно, а Македонците во уште потесно и така разнебитени и опустошени на "цивилизиран" начин сами да се обезличат и тифко нестанат од светската карта на  нациите  и државите.

На оваа програма интензивно се работи и денес, но  сега не на начин како во минатото, со отворена воена сила, туку со користење на домашни квинслинзи, изроди и предавници. Обично регрутирани од криминалното миље, кое е секогаш на удар на правосудниот систем. 

Создан е нечуен хаос во Република Македонија: се негираат правата на македонскиот народ во пиринскиот, беломорскиот и албанскиот дел од Македонија. Зоран Заев и СДСМ ја игнорираат македонската 75 годишна историска наука и се одрекнуваат од неа во полза на Грција, Бугарија и Албанија, заедно со иселените Македонци ширум светот. Се одрекоа од сите нас, како би ја ослабиле ударната сила на Македонците во Република Македонија, во случај на евентуална потреба. Но тоа е прашање колку ќе му успее на Зоран Заев и неговите вошкари.

Како резултат на намерно создаден  погрешен образовен систем, средното и високообразовно школство произведе хендикепирани луѓе со дипломи, кои не одговарат на квалитетот, свеста, логичното размислување и  најважно од се' патриотските  чувства спрема Македонија,  потребни за правилен развој и напредување на државата, животниот стандард на народот и квалитетната одбрана на Државата.

Таквиот ноншалантен и неодговорен пристап на најодговорните,  Државата ја доведоа до овај степен на распаѓање. Тоа се гледа од квалитетот на договорите за добрососедски односи со Грција, Бугарија и Албанија, односно Албанците во Македонија. И сето тоа диригирано од надвор, како дел од напорите пошто пото да се доврши таканареченото Македонско прашање на Балканот. Да  се доврши и со тоа се покријат сите злосторства и неправди нанесени врз Македонците како национални малцинства во Грција, Бугарија и Албанија. 

Во светлите македонски датуми , 02 август 338 г.п.н.е. 1903 и 1944 година во н.е., апсолутно нема место ниту за еден аспирант над Република Македонија, односно над Македонија како историско-географска и етничка целина!

Но затоа пак во "договорите" за "добрососедство"  со Грција, Бугарија и  Албанците,  има такви работи, кои ниту "кучката на Василица неможе да ги намириса, а камо ли  да ги вкуси". (Ова е една стара поговорка која ја имам слушнато, повеќе пати, од мајка ми Бона, сега покојна, кога ќе направеше нешто кое и нејзе не и' се допаѓаше).

Па еве, после   кусиов преглед на историските настани во кои балканските соседи изиграа голема и не' добрососедска улога спрема Македонците, се надевам дека неповредени ве доведов до денешнинава. Од 02 август 338 пред Христа, па  до прославувањето на 116-та годишнина од Илинденското македонско востание 1903,  до 02 август 1944 година, и до 75-та годишнина од АСНОМ  и обновувањето на македонската држава   во лицето на Република Македонија.

Па, да продолжиме:

Пред нас е уште еден Илинден, драги мои, Илинден 2019 година. Се прославува во времето на големите предавства од страна на македонските власти со Зоран Заев, како главен актер во играта, потоа на уцените и заканите од највисоките бугарски водачи со Бојко Борисов, Каракачанов, Катерина Захариева, како министерка за надворешни работи и други високи личности од политичкиот и научниот врв  на Бугарија. Но се разбира и од страната на Грција и Албанија. 

"Стратешката цел" на македонската страна е влез во евроатланските интеграции (НАТО и ЕУ) по секоја цена, а на Бугарија, спроведување на одредбите  во таканаречениот договор за добрососедски односи кои се однесуваат на бугарските барања македонската национална историја да постане заедничка историја, заедно со сите значајни личности и настани во неа. Што значи: Илинденското востание, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, Даме Груев, Никола Карев и плејада други македонски преродбеници. Потоа, јавно да им сме признаеле, што вели Васко Ефтов, дека т'зи дупка не е дупка, дека ние не сме ние  туку ние сме биле тие. Да признаеме дека нивното непријателско и злосторничко  досие во односите со Македонците и македонската држава е пријателско, а убиствата, плачкосувањата на материјалното и духовното богатство "братско" и како "грижа" за нивното чување од секакви "туѓи" зла. 

И за крај,  ветеното од Зоран Заев  да се изучува во македонските училишта и споменува во сите пишани и електронски медиуми во Македонија дека е заедничко и дека ќе се прославува како дел од  животот на "еден народ", во две бугарски држави!?

Е, "браќа"! Што е премногу, премногу е и покрај тоа што доаѓа од Вас, најблиските наши соседи кои во историјата оставиле, покрај, некои добри спомени, и многу  злосторства и убиства непримерени во односите помеѓу пријатели и браќа!

Ја знаете  ли  старата поговорка: "Кој нема свои, со туѓи перја се краси"? Е, па Вие тоа го чините со децении и пак  не умревте од срам!

Појавата на Мечкин Камен на 02 августа оваа 2019 година, ќе ја потврди горната скромна реченица од  текстов. Затоа, поарно ќе Ви биде "браќа" да си останете таму каде сте и не му покажувате на светот дека се' што имате во вашата историја е украдено од историјата на еден, сега, помал од вашиот народ, ама и по констатациите на Руската наука, со огромна и богата историја, со која многу народи би биле среќни да имаат барем парче од неа. 

ТУЃОТО Е СЕКОГАШ ТУЃО, ДРАГИ МОИ, И БИЛО КОГА ЌЕ ВИ ГО ЗЕМАТ, СО РЕЧ ИЛИ  СО МЕЧ!

Хипотетички речено: Ако Зоран Заев или новиот претседател на Република Северна Македонија, Стефо Пендаровски, се појават на Мечкин Камен или на гробовите на паднатите Илинденци рака под рака со бугарските високи "гости", што ќе им речат кога ќе им даваат сочувство  на семејствата? Ќе им речат дека се бореа и ги дадоа своите млади животи во Македонија за Бугарија? Ќе им речат дека славниот Питу Гули кои знаеше дека ќе падни негде под некое стебло од турски куршум па сепак христијански го прегрна семејството, ја бакна земјата македонска и замина со својата чета во пресрет на смртта, за Бугарија? Кога со својата храбра чета, вистински патриоти, замина да ги сретне противниците кои  со вперени илјадници  пушки во градите на неговите борци, мислеше дека оди да загине за Бугарија? Или можеби за Република Северна Македонија?

Не, не драги мои!

Тие се бореа за МАКЕДОНИЈА И ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СВОИТЕ СЕМЕЈСТВА: ЗА СВОИТЕ ДЕЦА, ЖЕНИ, МАЈКИ, ТАТКОВЦИ И ПРЕДЦИТЕ КОИ ГИ ДАВАА СВОИТЕ ЖИВОТИ ЗА МАКЕДОНИЈА. НИТУ ЗА БУГАРИЈА, НИТУ ЗА ГРЦИЈА, А НАЈМАЛКУ ЗА АЛБАНИЈА ИЛИ СРБИЈА!

Господо соседи, ако сакате да имате, со нас, Македонците добрососедски односи, морате прво, да постанете луѓе, а после политичари или научници со достоинство. Со два потписа еден од Зоран Заев, криминалец и велепредавник без никаков кредибилитет кај својот сопствен народ, и од другата страна злосторници кои своите вредности ги градат врз вредностите на македонскиот народ,  не се градат добри односи. Такви договори не траат долго зошто не се во согласност со меѓународното право и се спротивни на Уставот на Република Македонија и волјата на Македонците. 

Со кого сакате да имате добрососедски односи почитувани соседи? Со Зоран Заев и неговата ненародна Влада или со македонскиот народ, односно со Македонците кои добро ве познаваат Вас и вашите вредности?

Вашите уцени и закани да до крајот на 2019 година сме морале да го решиме проблемот со Гоце Делчев и Илинденското востание, или во спротивно ќе сме се поздравеле и со НАТО и со Европската Унија,  ги покажуваат само вашите не чесни намери. Тоа не е пат до добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија, или помеѓу Грција, Албанија и Македонија а уште помалку добрите и братски односи помеѓу бугарскиот и македонскиот народ, господо! Тоа е патот на омразата и зацврстување на  непријателските односи засилени со сеќавањата на вашето криминално и злосторничко минато, кое ни нанесе многу и се' уште незацелени рани од вашите пушки, бајонети и топови. Вашите денешни закани и уцени не се повик за пријателство, туку повик за капитулација. Капитулација, која не ја добивте  со помош на вашите бајонети, пушки и топови за време на вашите разбојнички наезди.

Имајте во предвид, дека  вашето однесување е се' уште далеку од пријателството помеѓу бугарскиот и македонскиот народ, кое и ние го посакуваме. Ама само засновано врз здрава и чесна подлога. Македонија не ги заборави вашие "братски" уништувања на македонските села, градови и бесилките низ нашата земја. Затоа, до колку вашите желби за добрососедски односи се вистински и чесни, мора да се во согласност со вашите дела. Немоите да ја користите Европската Унија и НАТО како морков и стап. Тоа не треба да ви служи на чест. Бугарија, сепак има и некои добри нешта, кои Македонците ги почитуваат.

Киселото европско,  немојте да го трампате за слаткото македонско овошје и зеленчук, ниту топлата македонска за ладната европска крв. Пробајте да создадете минимум поволни услови за вистинско пријателство. Почнете од односот спрема Македонците во пиринскиот дел на Македонија, за почеток. Нека тие бидат мост помеѓу Бугарија и  Македонија, помеѓу бугарскиот сроден народ со македонскиот. Верувајте, тоа многу ќе помогне да ги закопаме непријателските секири за секогаш. 

Не заборавете! Со векови сме живееле и без НАТО и без Европската Унија  па сме преживееле и сме биле почитувани. Ќе издржиме, некое време, дури не' не повикаат како Македонци, а не Северни Македонци за кои ништо не знаеме ниту од каде се дојдени и на чија територија  си создале своја држава со името Република Северна Македонија.

Таква држава и таков народ не ни се познати на овие балкански простори. 

Затоа такви какви сте, не сте добредојдени во Република Македонија!- одете во Република Северна Македонија и заедно започнете ја  нивната национална историја. Сигурен сум дека кај нив ќе најдете поарно разбирање, зошто и тие се китат со туѓи перја. Со старите перја на Република Македонија, односно на Македонија.  

И за крај, народ кој имал три ИЛИНДЕНИ ќе има и повеќе, ако треба, но сега против своите изроди и предавници. Слободата не се увезува, таа се заслужува со жртви, ма било какви!

Тука сме!

****************

За секогаш Ваш, Сотир!

 

Киро Кипроски

 

Киро Кипроски

ИЛИНДЕНСКИТЕ ИДЕАЛИ И АМАНЕТИ

*******************

Ако една битка е загубена, војната за Македонија продолжува и ние ќе ја добиеме праведната војна што ја водиме единствени сплотени во идеалите. Таа војна можеби ќе потрае, ама истрајноста ќе го донесе вистинскиот резултат; да бидат вратени истроиското име на државата Македонија, достоинството на македонскиот народ и се' што е наше, македонско.

******************

Манифестациите и свеченостите посветени на одбележувањето на Илинден, големиот македонски национален, државен и црковен празник, започнаа, а ќе кулминираат на 2 август, на легендарниот Мечкин Камен, во славното Крушево, во Скопје и Пелнице, со што ќе бидат одбележани 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Пред неколку дена коњаницата од скопската општина Аеродром, како и од гостиварското село Зубовце, горнореканското село Врбен и кичевската коњаница, величенствено беа испратени кон славното Крушево. Од блиските места на Крушево се очекува да се упатат и неколку пешачки чети. Коњаниците и четите претежно ги сочинуваат млади луѓе, а има и повозрасни, со голема љубов и  верност го изразуваат македонскиот патриотизам. Со голема почит и силно изразени патриотски чувства, понесени од идеалите на Илинденското востание и на исконските потреби на македонскиот народ, даваат се' од себе за да ја продолжат традицијата на вечна борба и непокор, за сопствениот идентитет. Нивната света цел е да не се заборават придобивките од борбата за независна, демократска и слободна Македонија, која вечно живее во нивните срца.

Никој со декрет не може да ни го одземе македонскиот идентитет, да бидеме безимени, со револт говореше крушевчанецот, Јово Мазаревски, војвода на коњаницата "Бигорски манастир-патот на црешовото топче". Никој,  ама никој, не им дал право на неколкумина политичари да ја обезличат Македонија, што го направија на шверцерки начин, не почитувајќи го Уставот и законите. Македонија да биде безимена, без срам и перде, продолжуваат да распродаваат се' што е македонско. Токму тоа внесе немир и гнев кај нас младите и на ваков начин ги изразуваме нашиот револт и незадоволство од актуелната влада, која државата продолжува да ја уништува со несмален интензитет. Тоа ќе го спречиме по цена на се'. Ако една битка е загубена, војната за Македонија продолжува и ние ќе ја добиеме праведната војна што ја водиме единствени и сплотени во идеалите. Таа војна можеби и ќе потрае, ама истрајноста ќе го донесе вистинскиот резултат; да бидат вратени историското име на државата Македонија, достоинството на македонскиот народ и се' што е наше македонско.

Благословувајќи ја коњицата, патот до славното Крушево да го минат беспрекорно и здрави и живи да се вратат во своите домови, се помолија јеромонахот Доситеј и монашкото братсво на Бигорскиот манастир. Доситеј им порача да ги чуваат високите морални вредности како луѓе, зашто и тоа е дел од остварувањето и чувањето на илинденските и другите идеали. Војводите, комитите, борците, имале високи морални вредности и затоа успевале во остварување на идеалите. Но, за жал, во нашата историја имавме и предавници што паднале во искушенија и нанесоа голема штета. Токму тие негативни примери треба да ни послужат да не ги повторуваме.

Низ планинските беспаќе, низ ридовите, по долините и речните клисури, низ рамниците и полињата, од грлата на младите и храбри комити и војводи, како во славната илинденска епопеја, ечат македонските патриотски песни, илинденски, песни посветени на славните војводи, кои животите ги положија за слободна Македонија, во борбите за слобода од османлиското петвековно ропство и од другите. Низ сите градови и села каде што минуваат коњаниците се поздравувани од месното население, им се приредувани срдечни пречеци и од срце се гостени со домашни специјалитети, како што тоа го правеле нивните предци. Комитите по патот ги посетуваат историските паметници на многуте знајни и незнајни македонски борци. Почит им беше оддадена и на македонските борци што за Македонија ги дадоа животите во поновата македонска историја, во 2001 година, во воениот конфликт и потоа.

*******************

29 јули 2019 година

Марија-Маре

 Марија Воденска-Маре

(Коментар)

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

ПОЛИТИКА БЕЗ СРЦЕ И УМ ОД АВТОРОТ ПРОФ., СТОЈКО СТОЈКОВ

**************

 

 

Почитуван професоре Стојков,

Ова е голема, суштинска лекција, која и на најнеупатениот читател ќе му светне во умот за расколот, за политиките на македонските сегашни празноглавци, кои на големо ја распродаваат Македонија. Од денес, а и од почетокот на осамостојувањето и независноста на Република Македонија, не се најдоа здрави умови да застанат цврсто, изградени, и мудри политичари за водачи на Македонската држава. Што можевме да очекуваме од Вулгаринот Љубчо кој го потпиша Договорот со Грција дека се откажува  Р. Македонија од македонското малцинство во Грција, односно во Македонскиот дел  во Грција, Егејска Македонија. Истото го направи и Бранко Црвенковски кој се откажа од македонското малцинство во Пиринска Македонија, во Бугарија. Истиот тој Бранко, сплеткарот и стручњакот за плански атентати заедно со Фрчко и Стојан Андов. Ја започнаа започнатата пловидба до дното, за да продолжат сегашните плиткоумници како Заев, Димитров. Шеќеринска и сите поранешни злојадници на Македонија да го урнат бродот со се' македонизмот и народот. Тоа е ѓаволско смислен сценарио и со помош на УЧК, Албанскиот електорат ни се наметна грозоморно од кој дали ќе има спас, допрва горка попара ќе сркаме.

Сето тоа дојде како нивна победа за лични интереси и меѓусебни препукувања, а сега прегрнати под мрежата на заедничко злосторничко дело за Македонија, молчат и немаат трунка храброст, а камоли смелост да се спротивстават на овие денешни стрмоглави движења во Македонија. До кога? 

Е, во таква ситуација натпреварот за уништување на Македонија како држава, со македонски народ и национална свест кај Македонците, со подмитени корумпери од надвор и најлошото од внатре, си ја разјадовме државата-ДУШАТА на македонскиот народ.

Со лекции врз политиканти-јагориди во зачетокот и до денес со лекции од надворешни ЕУ, кои си ја завршија работата, а ветувањата исчезнаа во Европските лавиринти, нам нија скроија ќулафката до истребување. Не подготвивме кадар кој ќе ја помине школата за мудроста, способни кадри и дипломати да кажат СТОП на грабење, омаловажување и продавање на македонското национално богатство. Стоп за грабење на македонската национална историја, од Филип, Александар Македонски, Јане Сандански, Гоце Делчев и ред-редум наши херои кои го положија животот за опстанок на Македонскиот дел од некогашното Македонско Царство;   до ден-денешен останато само ова македонско парче земја.

Дури и за ова ни треба муди-МУДРОСТ, ЗНАЕЊЕ И ХРАБРОСТ ДА СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ НА ИЗВИТОПЕРЕНИТЕ ЛАЖНИ ИСТОРИИ, НАМЕТНАТИ ОД СОСЕДИТЕ БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И ТРЧКОЛИГАВЦИ, КОИ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ОБСТОЈБАТА НА МАКЕДОНИЈА.

Празноглавците барем да прочитаат или во најмала згода нека ги чујат научните докази, кои се во служба на истражувачки документи, кои ја осветлуваат вистината за старата античка македонска цивилизација.

Имаме факти со кои имаме право да се спротивставиме на сите кои со лажни "докази"  лаат дека Македонија е нација без корен. Е па нека се зафатат барем да ги читаат, ако не се способни, односно глупи за македонската античка историја, од која НЕ се откажувам, а не се откажува ни македонскиот народ со македонска свест за себепостоење. Ова мало парче земја, со голема историја е МАЈА за македонизмот и стожер на Македонците каде и да живеат. Со своја историја, култура, традиции, песни и ора и домаќинско живеење.

***********

ПРЕПОРАКА ЗА ДООСВЕСТУВАЊЕ:

На јутубе ХРТ Домагој Николиќ за Македонското Царство, Филип и Александар Македонски, истражувачки труд во светска енциклопедија

 Со почит, Марија Воденска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*********************

Славко Јаневски

 

 

 

ЦВЕТОВИ

  • В Тиквешко негде, в некое село,
    кај в слана тивко венеше цвете,
    -убија дете.
    Последна солза од око капна...
    кога на ридот есента стапна
    в крви се изми утрото бело.
    И кога в зраци челикот светна
    последна мисла ко птица летна:
    "Мајка ми сама остана в село".
    О, детски очи!
    Криевте в себе небесно катче...
    Румено крвје течеше в жили
    в радост без почин...
    Кај око детско

  • натопи земја
    гороцвет никна, разлиста пролет,
    кај крвта врела растопи слана
    црвена роза закити поле.
    Мајската роза и цветот модер
    в миризма молат:
    "Закити, друже, огнена пушка
    со цвеќа млади,
    па напред поиди и други деца
    брани со гради".
    В Тиквешко негде, в некое село,
    кај в слана тивко венеше цвете,
    - убија дете.
    ************
    Автор, Славко Јаневски

Kind regards: 31 јули 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 228

ВИДЕОТЕКА

***************