АЈДЕ АЛИ ДА БЕГАМЕ

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВРЕМЕТО ТИ ИСТЕЧЕ ЗОРАНЕ 

***************

 

Кога бродот тоне, како по некое старо и непишано правило, први го напуштаат  глувците. Но често и тие завршуваат неславно, зошто сигурни засолништа нема за сите.

Слично е и  со криминалците, изродите и предавниците! И тие, најчесто, стануваат жртви на силата која ја злоупотребуваат и ја загрозуваат дури и својата сопствена безбедност. И тие имаат свои кумови кои ги држат конците во своите раце, зошто нивните интереси се поголеми. Но, и едните и другите имаат заеднички супер газда, кој во своите раце заедно ги држи и морковот и стапот. 

Светот е  премал за толку ситни кодоши, криминалци, џепароши,  кукавици, хохштаплери, трчајлажи ѓубриња па затоа и Дарвиновите констатации  за : "The fittest survive", се' уште служат како коректив. Но, секогаш во рацете на најсилниот КУМ! 

Македонските властодршци не се од таа сорта. Спаѓаат во специјално новоизмислена  и експериментална банда за "големи" проекти: продавање цели народи и држави, без страв од одговорност и загрозеност на личната безбедност, бидејќи е директно под покровителство на големиот, најголемиот светски џандар! Ветено им е се' што ќе посакаат, само од како ќе ја завршат работата. Ќе добијат третман, дури и многу "поарен" од онај кој го доби хрватскиот премиер Иве Санадер и некои други од неговата тајфа. А знаете која е разликата меѓу нив? Разликата е во тоа, што Санадер беше наивен,  алчен и брзоплет. И кога мислеше дека го изигра  својот народ, даде оставка на премиерската должност и муе втурна во бегство преку граница, ама не му успеа: го дочекаа неговите "пријатели"  и го вратија таму каде што припаѓа, во Реметинец, нешто како Идризово во Република Македонија.

За "жал", Санадер  заглави само за десетина милиуни поткуп од Унгарците, сега мнозински сопственици во поранешната нафтина компанија ИНА, а тој на долгогодишен "одмор". На кусо, таа, за нас обичните смртници недостижна награда  само за едно кривично дело на штета на националните интереси, на  Иве Санадер му обезбеди шест години  гниење во Реметинец, заплена на неговиот незаконски стечен имот и срам за век и веков.  Рацете, пак,  на нарачателите на  проектот останаа  чисти,  образот бел а државата  и понатака цела. Затоа што со Хрватите нема шега!

Па изгледа дека криминалот навистина има куси ноsе. А во споредба со Санадер, што мислите што ќе му се случи на нашиот супер криминалец, изрода и велепредавник? И  сто години "доброволна" работа  во некој каменолом нема да му бидат доста за неговите гревови, криминали и велепредавства. Прав и пепел не ќе остане од него и уште ќе му биде должен на Македонците. А на неговото семејство и идните генерации  од злосторничкото семе,  Заеви, од Муртино, срамот и презирот ќе им виси на грбовите со векови.

Настрана шегата, зошто  сето ова  е вистина и само вистина! Зоран Заев е чуден и редок пример од криминалното миље. Како ќе се извлечка од оваа  жешка каша, не знае ниту црниот ѓавол. Ама нема да остане цел. Не сум чул за случај сличен на овај кои израснал во главата на Зоран Заев, а да останал не санкциониран.  За прочка ќе му биде претесна и судницата во Нирнберг. Зошто? Затоа што сите кои ја посетиле, излегле од таму со наведнати глави заради злосторства врз човештвото ама ни еден за продажба на Германија, на Германците, германскиот идентитет, историјата, својот јазик, култура, традиции... Никој не помислуваше на еднаш создадената и крстена држава со име избрано од народот или народите кои се здружуваат, по желба на комшиите да си го менуваат уставното име или својот идентитет. И мачката кога ќе се исправи пред кучето подготвена да се брани себе или своите мачиња, секогаш победува и тек на крајот од инаетот можно е да постанат и пријатели и да спијат еден дод руг. Зошто? Затоа што никој несака кукавици и луѓе кои одма се предаваат и го фрлаат оружјето вендек. И таму имаше  криминалци кои заради своите непромислени постапки  изгубија половина од германската територија, ама не за долго. Со дипломатија, развојот на економијата,  создадоа поволни услови за обединување со западниот дел и тоа без НАТО и Европската Унија. Дури беа креатори на Европската Унија а сега пак на прво место во Европа. И многу пошироко! Како? Со работа, ум и љубов кон својата татковина!

Ќе рече некој: ама ние сме мали за такви работи. Пробавме ли да му покажеме на светот колку  сме големи? Им дозволивме на шугавци да ни се качат на врат, и чекаме да ни слезат без икаков отпор! Од името на било кои во Европа извршуваме се' што ќе побараат. И зошто? Само за европско знаменце и НАТО како симбол на  светска самопрогласена воена сила? А што е со одбраната на својот сопствен народ во ситуации како денес? Која е целта на државата и нејзините безбедносни сили? Армијата и Полицијата како прв и најважен одбранбен штит на земјата и народот? Да работи за туѓи интереси а гази по своите од страв да не се навреди комишијата, на кој му се допаѓа твојот имот?

Колкава беше воената сила на Филип и Александар Македонски со која ја победи, ама ја победи јуначки, најголемата сила во тие времиња, Персиската Империја? Неполни 35 до 40,000 добро вооружени и извежбани Македонци и нешто платеници, обично Грци во кои никогаш немаа доверба. Колкава беше македонската армија во Втората светска војна кога од сите страни навалија на ова парче земја и Германци, и Италијанци, и Бугари и албански балистички банди? Над 100.000 против толкава странска армада на обични злосторници и бандити без мотивација за борба и саможртвување, зошто се на туѓа земја, каде не им е местото да бидат. Па и после ослободувањето на сопствената земја, беа испратени на сремскиот фронт каде неколку илјади храбри Македонци ги положија своите млади животи во темелите на новата заедничка држава Југославија. Некој ќе рече тогаш зошто и Александар отиде дури до Индија, зошто не остана дома. Е тука е проблемот кој многу не го знаат. Персиската сила секогаш напаѓаше послаби од себе и ги плачкосуваше без милост. Се', дури на чело на македонската армија не застанаа Филип и Александар. Мажи кои се нафрлија на персиските војски и ги истераа од Македонија и тогашните грчки градови државички. Али нашите сегашни генерали ни служат само за паради без патриотски дух кои на првата кривина ги фрлаат пушките и им ја оставват војската обезглавена на терористите инфилтрирани во армиските редови. Тоа ли се генерали кои на обичен повик на еден криминалец ги фрлаат белезита на македонската армија и застануваат зад него да ги води во вечна срамота? На Република Северна Македонија и' се заколнаа или на Република Македонија? Не е ли тоа велепредавство од највисок степен? Цела Армија да дезертира и да го остави на цедило својот народ кои ги храни, облекува и добро се грижи за нивното здравје?

СРАМ ДА ВИ Е ПОРАНЕШНИ ГЕНЕРАЛИ И ОФИЦЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! ПЛУКНАВТЕ НА НАШИТЕ ХРАБРИ ПРЕДЦИ И НИВНИТЕ КОСКИ! 

На нашите велепредавници со "генијалниот" водач Зоран Заев им успеа се' од горе споменатото, но освен облеката, не успеаа да ја продадат и душата на Македонецот. А таа е тоа што како Пуза трпеливо си ги чека своите пет минути. Зошто се' што има почеток има и крај. Но Зоран Заев не го гледа својот крај и како ништо да не се случува околу него и понатака си ја продолжува старата песна, уверен дека сепак на крајот ќе биде богато награден. Може, а и не мора! Но едно е сигурно дека секој паметен политичар, од како ќе добие што сака, предавникот го фрла на  ѓубриште далеку од населени подрачја, како  роба без  вредност. Зошто, ако некој си ја продал и предал својата држава и народ, можеш ли да му веруваш и да го имаш за пријател?

Али сепак  во воздухот се чувствува трулеж. Пополека, ама сигурно се распаѓа  Зорановото општество еднакво за сите и "новиот" живот кој ги усреќува наивните и кусогледите негови следбеници.

Кога не успееја да го изедат Македонецот, сега еден со друг  се јадат. И нека се изедат, зошто на никого не му се потребни, освен на ѓаволот.  Почнаа од своето специјално обвинителство. Но не без причина.  Неговата недодирлива шефица, другарката Катица Јанева ги надминала дозволените граници на "непримерено" однесување. Како да не и' беше доста буџетот ставен на располагање за неа и за  нејзината модна тајфа, се впуштила во гангстерска игра низ Скопје. Кој знае, можеби и низ целата територија на Република Македонија до каде се зборува и на албански, со кои си го има муабетот. А кој знае, можеби и нејзините "верни" другари Јанева ја насамарија,  а сега  изигруваат улога на реформисти и луѓе со чисти раце и бели образи. Транспарентни, во работата и нивните арамилаци. Нели?

Во почетокот на владеењето на Зоран Заев со македонската држава, и покрај неговите контраверзни говори како Хитлер во Минхен, во свое време, многу неинформирани а повеќето од нив и преинформирани ама одгоени со многу омраза кон Македонија и Македонците, му се придружија на новиот македонски празноглавен "Фирер" и неговата партија СДСМ и тргнаа во поход на својата сопствена земја, нарекувајќи ја ЌЕНЕВ ДРЖАВА (Мирјана Најчевска). Веруваа и ако не сум сигурен,  дека ветуваната "правда и слобода"  после "тиранијата" на Никола Груевски, во новото општество еднакво за сите ќе трае до недоглед.  Ќе трае илјада години како и "империјата"  на Адолф Хитлер,  и нему слични.

Но, вистината ги изненади дури и најокоравените борци од шарената револуција. Набргу од  умилно јагне, Зоран Заев постана  sвер човекојадец. Но, никој сериозно не го сфати и ако беше видна неговата штура интелигенција и неспособност да управува со држава како Република Македонија. Затоа   празните но привлечни ветувања и колнења во се' живо и мртво кај дел од брзоплетите Македонци постанаа само пуста илузија и детска желба.  Во човекот на иднината  "кој ќе ја испади чумата од жална Македонија", в сушност  лежел беден Минхаузен, велепредавник  со црвена вратоврска и долг јазик кој формира и исфрлува лаги и невистини. 

Многу обоени мајмуни од времето на срамната и штеточинска шарена револуција, сигурен сум, дека не се бореа за однародена и обезличена држава  која нема да има никакви допирни точки со Република Македонија. Ниту пак за држава без Македонци  како носители на државотворноста и сувереноста.  Држава без македонски јазик, без македонска национална историја, книжевност, обичаи, македонски традиции и вредности со илјадници години негувани и чувани секогаш за идните македонски генерации. А најмалку држава во која граѓаните ќе бидат понижувани, злоставувани и затварани за секој изговорен збор со името Македонија и се' што е со него поврзано.

За жал, вистината брзо излезе на бела виделина и беше тешка навреда за  секој разумен и просечно интелигентен човек  да ја сфати играта на Зоран Заев и плановите на неговите надворешни покровители и наредбодавци. Меѓутоа, такво чувство на срам и навреда кај следбениците на Зоран Заев не се појави, зошто неговите следбеници беа и уште се интелектуално на пониска скала од интелигенцијата на нивниот вожд, Зоран Заев, од Муртино. 

Кога Зоран Заев, човек со длабоко криминално досие, аполитичар со ниски интелектуални способности и  непознавање на својата национална историја и сите нацонални вредности во кои се колнеше пред целата светска јавност дека му биле свети, успеа сите тие врвни професори, правници, песници, војници, полицајци судии од сите профили до Уставниот суд на Република Македонија, врвни уметници исто така од сите профили, со еден збор кремот од кремот на македонската интелигенција врз чие знаење и мудрост  требаше да се гради македонската држава, да ги заведе за да го следат во една срамотна авантура против македонските национални интереси, очито дека  бил и се' уште е попаметен од сите нив. Зошто е тоа така? Затоа што тој колку да е празен од внатре, толку е и итер висококвалификуван лажливец и обичен гад. Му успева да се игра мајтап со цел еден народ, за кој некогаш не' уверуваше дека македонизмот му бил всаден во душата,  да ја продаде и Македонија, и народот македонски во и надвор од неа, без куршум да испука. Сите нив да ги премавне жедни преку вода и тие да му се колнат во вечна верност и послушност. Но не успеа кај обичните Македонци, внатре и надвор од Македонија, зошто тие чувствуваат вистинска   љубов кон  татковината  и  почит кон  предците чии животи се вградени во темелите на македонската држава. Не успеа Зоран Заев зошто тој народ оставен сам да се снајдува како знае и умее е темелот на Македонизмот и иднината како надградба на славното македонско минато. Па и без НАТО и Европската Унија, како гробница на Македонија, ќе успее пак да се издигне како Фениксот од пепелта, било колку притисоците од надвор да се силни и сакаат да го стават под своите чизми. Но тогаш, ќе ги користи искуствата од денешницата, која дотогаш ќе постане  минато.

Зоране, твоето време истече. Ќе ни земе време  да ги исправиме твоите глупости,  примитивизми  и политички аматеризам. Народот секогаш  е во право и 'ако ти дозволи да се играш со судбините на илјадници Македонци ширум светот и во соседните држави на Балканот, сепак ќе те победи. Тебе и твоите следбеници.

Ја испогани, понижи и засрами Македонија пред цел свет. Македонците паметат и адекватно ќе те наградат! - кога ќе дојде времето. А тоа  доаѓа!

*************************

За секогаш Ваш, Сотир!

Григор Прличев

Веле Калчиноски, Кичево

ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА МАКЕДОНЕЦОТ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

******************

23 јули 2019 година

Григор Прличев бил македонски литературен творец. Образованието го завршил на грчки јазик. Пишувал творби на македонски јазик и кирилско писмо, а пишувал и на грчки јазик, како што е напишана поемата "Сердарот". Пишувал за Грција на грчки јазик, а за Бугарија на бугарски јазик. Тој никогаш  не ги заборавил родната земја Македонија и својот народ. Со едно писмо не може да се опфати дејноста на Прличев. Со писмово авторот има цел да се запознае јавноста со литературната творба што ја напишал Прличев по повод 1.000-годишнината од смртта на Методија Солунски, под наслов "Слово на свети Кирил и Методиј". Само еден дел од содржината на словото писмо:

"Благодерение Вам, мили мои колеги, что оставихте татковината си и дојдохте да послужите на нашата татковина, или подобро да кажам, на татковината на св.св. Кирил и Методија и да празнувате в самиј Солун праздникот на солунските светии. Оскудело нам мудрих мужеј число. Мајка Македонија много е ослабнала. Одкако поради великога Александра, од како поради св.св. Кирила и Методија од тога  мајка Македонија лежи на леглото си ужасно изнемоштена совршено примрела. Мајка, что родила великога сина, надали ќе може да роди и другего. Срдечно благодариме Вам мили мој сотрудници что дојдохте да целувате светата земја, дето стапнали нозете на св.св. Кирила и Методија. Нио нужда имаше од нашето благодарение. Доволно сте наградени од самата си савест. Даже и блаженството е вселено во срцата Ваши, део служите на Кириловото отечество. Ваше во Солун надали е подолно од божји гроб.

Ете толку  во тој цептар којто ќе произведе оште много Кириловци и Методиевци, којто ќе бидат светила на училиштата ни, ќе бидат благолепие на црквите ни, ќе бидат сталпци на верата и ќе прославјат Македонското име. Болно е возвишениот елинизам и бугаризам".

Читателот од самата содржина на словото ќе заклучи какви чувства имал Григор Прличев за Македонија и македонскиот народ и опасноста што го демне од соседите. Имајќи ја предвид мислата на Прличев нема место за делење на нашата историја.

Политичарите склучиле договор со Република Бугарија за добрососедство. Ние Македонците никогаш не сме го вознемирувале соседството, ами ние сме биле вознемирувани. Вистина е дека во долгиот период на нашата борба за слобода сме наоѓале засолниште во Бугарија, но тоа не е причина да ги делиме нашите великани, војводи и комити и историски датуми. Ние Македонците си имаме своја историја, а бугарскиот народ своја историја. Прличев бил Македонец и таков останал до крајот на животот.

Ако се анализира историјата на балканските народи, ќе утврдиме дека нам, Македонците, никој не ни помогнал во борбата за слобода, а на српскиот, бугарскиот и на грчкиот народ им помогнале големите западни сили и Русија. Србите нашле помош и засолниште во Австро-Унгарија, Бугарија е ослободена од турско владение директно од руската армија, а Грција од Франција, Англија и Русија, со помош на дипломатијата или со директна помош. Досега никој од Австро- Унгарија, Русија и од другите големи сили не  побарал делба на историјата со Србија, Бугарија и Грција. Само од нас Македонците се бара да делиме, да не' ограничат во суверенитетот.

**************

Нова Македонија.мк

Проф. д-р Биљана Ванковска

НЕ Е ЗЛАТО СЕ' ШТО СЈАЕ

*******************

 

22 јули 2019 година

Антиклимаксот што го минува општеството е навистина патетична епизода во низата, бидејќи само оние што имаат меморија на риби, можат сега да глумат изненаденост или разочараност. Ние живееме во матрикс, нештата се рециклираат, постојано лебди чувството на дежа ви и се' се менува за ништо да не се смени.

*****************

Токму пред да "пукне" скандалот (ах, ќе речете: кој скандал, толку многу ги има од час на час!) со Катица Јанева и предметот "Рекет" бев поканета да напишам аналитички текст за една странска публикација. Свесна за тоа како (наивно  и неосновано, со wishful thinking) надвор  гледаат на Македонија, одлучив да ги разбијам илузиите и текстот да го насловам според нашата народна изрека "не е злато се' што сјае!". Јасно, текстот треба да биде контратежа на она што Заев и компанија, тапкани по рамена од "меџународната" го верглаат за "блескав  пример". Знаете ли како гласи оваа наша изрека на англиски? (Поточно, повеќето изреки за светот, во верзии соодветни на духот на нивните јазици). Оваа изрека на англиски е "Fool's Gold" - во превод, златото на будалиот. Како почна да се одмотува клопчето, така инспирацијата навираше - и она што требаше да го завршам до средината на август, го напишав за два дена. Сепак, горчливо е чувството кога припаѓаш на нација предводена од будали, лакоми, нечесни и - ох, толку проsирни! Да се разбереме, будалиот е обично ем глупав, ем лаком. Затоа се лаже лесно, доволно е да види нешто светкаво, што заличува на злато или барем на евра/долари, или што е фалено од оние надвор. Но овде будалите се "sверки"- и гласани на избори или поставени од моќници, а глорифицирани од народот. Она што боли е дека сите сме будали, глупави магариња, дури (или затоа што) немаме денар в џеб.

Антиклимаксот што го минува општеството е навистина папетична епизода во низата, бидејќи само оние што имаат меморија на риби, можат сега да глумат изненаденост или разочареност. Ние живееме во матрикс, нештата се рециклираат, постојано лебди чувството на дежа ви и се' се менува за ништо да не се смени., Сега мнозина се осоколија, генерали по битка, навреме напуштаат еден брод за да го фатат наредниот... Но, попусто! И тие се дел од нацијата на глупави магариња, Не мие намерата да покажам колку сум била далековида или паметна, но ќе потсетам  ќе потсетам на две работи во врска со "бомбите" на Јанева. Веднаш по обелоденувањето на фактот дека Заев ги поседува (и наводно само тој ги преслушува) "бомбите", на Фејсбук напишав дека сум убедена дека некои од тие разговори набргу ќе се шетаат на "стикчиња" по разни џебови. Бев ставена на насловна страница на еден весник како државен непријатеч број 1 и неверен Тома. Се покажа дека не е потребно ИТ - знаење од висок степен за да се погоди дека електронски материјали не само што лесно се споделуваат, туку и се практично неуништливи (пуштете што зборува Заев. Се покажа дека сум била во право. Објавив најмалку две колумни непосредно посветени на Јанева (за жал, неможам да ги најдам во електронската архива) и тоа во време кога беше потребна хаброст да се каже дека царицата е гола и боса (во умот) и да се разголи култот на карикатурална личност предодредена за хероина (нешто како кога на Обама му давате Нобелова награда за мир уште пред да му почне мандатот). Ќе потсетам само на две колумни ("Игорче и Кејти" од септември 2015 г. и "Каламити Џејн" од септември 2016 г.) во кои кажав дека Македонија веќе не е  "специјална" туку "ретардирана" држава, а дека избор на ваква специјална обвинителка е "бинго" за секој осомничен/обвинет.

Во првата напишав: "Тоа што специјалната обвинителка е избрана на крајно нетранспарентен начин никому не муе ни чудно (дури ни на избраната, која треба да биде олицетворение на врвен правник со интегритет). Тоа што е прескокнат институтот јавен оглас и што според Уставот секому под еднакви услови му се достапни сите функции, е помалку важно од запазувањето на рокот од политичкиот договор. Нема познавач на правото што не е свесен за тоа дека специјалниот закон (и обвинител) се поставени над правото, т.е. наместо правото да ја ограничи политиката, се случува обратното. Се вели дека политички е неопортуно да се негодува во ваков критичен миг.

Помислата за оспорување на законот пред Уставниот суд е рамна на ерес, Нверојатно, ама според министерот за правда законот е израз на волјата на владејачката класа (!?), а тоа што специјалната е избрана со повеќе гласови одошто оние што се потребни за измена на Уставот бил крунски аргумент дека се' е во ред. Апологијата спрема меѓународната заедница доживува неверојатни димензии. На Ванхоуте не само што му е дозволено, туку е и пожелно што е експерт по општа практика: модерира и пресекува решенија за уставна или кривична материја, знае се' и за изборен систем и за медиуми, итнт... Како просечната Кејти ќе ја  сретне специјалната Катица? За јавноста изборот беше изненадување, за фелата-неверица, но невладиниот сектор ништо не може да го изненади. Истата вечер 'Ајде' излезе пред Собранието да даде подршка, но и да ги испорача големите очекувања ('Многу работа ве чека!').

Сценографијата и брзината со која се отпечатија плакатите потсети на предреферендумските денови од ноември 2004 година. Овие, но и некои други вибрации, сепак стигнаа до Јанева; како добро воспитана жена што знае кој е кој, им изрази длабока благодарност до 'сите политички и сите меѓународни фактори што ја избрале'. Втората колумна ја завршив со следните зборови: "Ароганцијата се должи на свеста дека Собранието е тигар од хартија, а уставот дерогиран и со воведувањето на СЈО по сила на политички волунтаризам. Зад решетки треба да се најдат сите за кои во правична судска постапка ќе се утврди вина, но Каламити Џејн (создадена од недивиот Запад) мора да ја почитува поделбата на власта и принципите на владеењето на правото, кој гласи: 'никој не е над правото, па ни СЈО и/или Јанева'". Додека евоцирам спомени, веќе се знае која е новата Катица (која, пак, била почестена што надвор од закон, ја предлага премиерот!).

Катица и нејзините пајташи, во најлош случај, ќе завршат како "жртвени јарци" пуштени низ вода-а дури и тоа не е сигурно! Сега на сцена е "менаџирање" на кризата и вртење на нов лист на старата книга за една држава во умирање. Сите инволвирани си најдоа повод за среќа: опозицијата конечно ќе здивне и вели "ви рековме дека е ова политички прогон и неправна држава", Заев ( пак) се покажува како наивна добричина и транспарентен премиер, кој веднаш наоѓа замена за скапаната јаболка, а не би се изненадила и страниците во овој дебакл (зготвен од нив) да најдат аргументи дека Македонија прави реформи и се справува со криминал од највисок тип (нашиот Санадер и Катица) и се враќа на вистински пат, затоа што не и е потребна специјална институција, туку редовното обвинителство е способно да ја врши рабоатата што му е дадена со устав. СЈО е мртво, да живее ОЈО! (Токму во тоа и треба да се гледа причината за онаа крајно невообичаена прес-конференција на тројца обвинители, особено главниот!) Се' е симулакрум, не си верувајте ни на очите ни на ушите кога ви го "откриваат" како спектакуларен успех сето она што можеше и мораше да се предвиди, се знаеше, се одвиваше пред очите на целата јавност, а за што се молчеше.

Еден странски колега и пријател со кој редовно си ги разменуваме колумните постојано ме опоменува: "Те разбирам, ама аман! Смени тема! Што си се фатила само за тие локални (и национални) теми? Препаметна си за да се занимаваш само со балканската паланка и локалниот фоклор!" Помислувам на него и на мнозина други што деновиве пишуваат и коментираат толку поголеми теми - и им завидувам! Овој темен вилает има чудесна моќ да те проголта и да ти го помрачи умот. На пример, кому овде му е грижа за наследството од француската револуција (по јубилејот од 230 години овде се коментираше кој бил на приемот во амбасадата и што кажал Тимоние за Македонија!)

Од оваа црна дупка не се коментира на 50-годишниот јубилеј од стапувањето на Месечината (или контраверзиите со тоа). Воените игри околу Иран имаат исто значење како кога би биле дел од "Војна на sвездите". Додека секојдневно блебетат за фамозниот "датум" и рокот до октомври и ноември, никому не му е ни грижа кој, како и зошто ги зазема водечките позиции во интституциите во ЕУ ( за волја на вистината, таму и нема битни промени: поставени се моќници со долги кариери и со обврска да се грижат за богатите, а не за граѓаните). Кај нас најважни се  секојдневниот сеир и мазохистичката злорадост околу тоа колку е трагикомичен нашиот колективен самрак на умот и разумот. До душа, дури и ако погледнеме преку "плотот" нема да најдеме многу причини за оптимизам. Доволно е да се прочита насловот на интервјуто со Карола Ракете во "Шпигел" под наслов "Сите сме во состојба на тотален очај". Но, во друго интервју Арундати Рој, која вели дека се чувствува понижена од целосното отсуство на желба да се разбере политиката, додава: "... А тогаш вниманието ќе ви го сврти птицата што свива гнездо во крошната, па се обидувате да потиснете се'. Си велам, што и да се случи, ајде да оставам запис за она што ни е сторено, на нашиот ум, на нашата имагинација".

 Нова Македонија.мк

Славе Катин

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

Дел 19

******************

 

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ - III ДЕЛ

Акаст, синот на Пелеј, се оженил со Астидемија. Нивни деца биле Стеропа, Стенела и Лаодомија. Акаст учествувал во ловот на Калодонскиот вепар, а потоа, против волјата на татко му, им се придружил на Јасон и Аргонаутите. Како крал на Јолк, Акаст во митологијата бил познат и по тоа што го исчистил од гревовите Пелеј, син на егинскиот крал Еак, крал на Фтија во Тесалија, татко на најголемиот грчки јунак Ахил.

*******************

Додека Пелеј претстојувал во Јолк, Акастовата жена Астидамија се обидела да го заведе гостинот, а кога тој одбил, направила голема интрига. Љубоморниот Акаст го однел Пелеј на планината Пелион, без оружје и го оставил на милост и немилост на кентаурите и дивите sверови. Пелеј го спасил мудриот кентаур Хирон. По извесно време, Пелеј сам или со Јасон го разрушил Јолк и го убил Акаст. Своите Мирмидонци, тесалиски Ахејци од Фтија, ги внел во градот преку распарченото тело на Астодамија.

Подоцна Пелеј бил прогонет од Јолк и Фтија од потомците на Акаст, кои веќе не му се плашеле кога слушнале за смртта на Ахил во Троја. Прогонетиот Пелеј, чекајќи го својот внук Неоптолом, умрел во островот Икос, во близина Еубеја, каде што бил и погребан.

Акастовата ќерка Лаодамија се омажила за Протесилај, син на Ификло, чија љубов била легендарна. Кога во Тројанската војна нејзиниот маж загинал, таа направила негов кип од восок и често го прегрнувала. За да ја ослободи својата ќерка од сеќавањата на загинатиот сопруг, Акаст ја фрлил восочната фигура во оган.

Една од Акастовите сестри, Пелиади, била Алкеста. Таа била најубава и најпобожна ќерка на кралот Пеле и единствено таа не учествувала во убиството на татка си. Алкеста се омажила за Адмет, крал на градот Фера во Тесалија, син на Ферет. Во митологијата Алкеста била симбол на брачна љубов и пожртвуваност. Нејзин син бил Еумел, учесник во Тројанската војна и еден од стројниците на убавата Елена. Еумел дошол пред Троја со единаесет воени лаѓи, а ги понел и своите убави коњи. Владеел со тесалиска Фера.

Вториот вонбрачен син на Тиро со Посејдон бил Нелеј. Бидејќи морал да го напушти Јолк, побегнал во Месенија, на југозапад на Пелопонез, каде на југ од Наваринскиот Залив го основал градот Пил. Заради неговата популарност, Хомер во своите епови го нарекува Нелејев град. Со себе ги повел и роднините Мелампод и Бијант.

Според Паусанија (IV, 2), Нелеј во Месенија го примил неговиот роднина Афареј, кој го основал градот Арена, според името на неговата жена. Афареј бил син на Перијер, внук на Еол од Тесалија и Енарета и тој владеел со Месенија. Бил оженет со Горгофона, ќерка на Персеј од Аргос на Пелопонез. Арафеј бил татко на Линке, Идо и Пис, кралеви на Месенија. Синови на Перијер биле уште и Леукип, Тинтареј и Икарије. Леукип станал крал на Месенија, додека Тинтареј на Спарта. Тинтареј се оженил со Леда, ќерка на Етоловиот крал Тестија. Негови деца биле Диоскури, Кастор и Полидеук и ќерките Елена, Клитемнестра и др.

Елена се омажила за Менелај, Клитемнестра за Агамамнон. По смртта на своите синови, Тинтареј спартанскиот престол му го отстапил на Менелај. Својата внука Хермиона ја омажил за синот на Агамемнон, Орест. Тинтареј бил погребан во Спарта. Последниот син на Перијер, Икарије, се оженил во Акарнанија со Поликастра, ќерка на кралот Тестија, која ја родила ќерката Пенелопа и пет синови. Кога пораснала, Пенелопа се омажила за Одисеј, кралот на Итака, син на Сизиф, кој станал славен јунак во Тројанската војна.

Наоѓајќи се меѓу своите роднини на Пелопнез, Нелеј се оженил со Хлорида, ќерка на Амфион и Ниобина, од племето Минијци од Пелопонез. Таа му родила дванаесет синови и ќерката Перо. Од синовите најпознати се Нестор и Периклимен. Како крал на Пил, Нелеј доживеал длабока старост. Археолошките истражувања утврдиле дека Нелеј изградил голема палата наречена "Несторова палата". Откриен е и архив со околу 1200 керамички плочки испишани со линеарно "Б" писмо, кои се датирани во 1200 г. пред Христа.

Според Томсон ((1954 г., 130 и 285), Нелеидите заедно со Лапитите ја внеле на Пелопонез балканската глосологија и религија. Тоа се заклучува не само по линеарното "Б" писмо, туку и по топонимите, како што се: Пинеј, Енипеј, Минијеј, пред се' во Елида, пренесени од Еолоја. Исто така, тие го вовеле и митот за својата прабаба, Тиро, според кој таа е ќерка на Салмонеј, син на Еол, која својата младост ја минала во Тесалија. Според митот, тој подоцна се иселил во Елида каде го основал градот Салмона, северно од Олимпија. Таму станал крал на Елида женејќи се со ќерката на Алеј, Алкидика, која ја родила преубавата и мудра девојка Тиро.

Со Нелеидите во Месена стасал и богот Посејдон (Томсон, 1954 г. 285). Нелеидите биле и одлични морепловци. Според Аристотел, жителите на Пил пловеле не само до Кавказ, туку и до Јадранското Море, каде набавувале килибар од устието на реката По во Италија. Тоа го утврдиле и археолошките наоди во Пил, каде биле откриени големи количини килибар, со што Пила заземала значајно место во "килибарскиот пат" од Балканот до Медитеранот.

Најстариот син на Нелеј бил Периклимен, кој учествувал во походот на Аргонаутите во 1225 година пред Христа. Во борба, него го убил Херакле (Аполодор, Библ. I, 9, 9) кога дошол во Пил за Нелеј да го исчисти од гревовите по убиството на Ифит, прочуениот стрелец, син на кралот Еврит, кој владеел со Ехалија во Месен. Нелеј го одбил тоа бидејќи бил голем пријател со таткото на Ифит. Заради тоа Херакле ги нападнал Нелеидите и при тоа ги убул единасетте сина на Нелеј, освен најмладиот Нестор кој бил отсутен.

Нелеј му го препуштил кралството Пил на својот син Нестор и се повлекол на Коринт, каде умрел во длабока старост и таму бил погребен со големи почести (Пау санија, II 2, 2 и III, 26).

Митот за Херакле и заземањето на Пил бил уште еден настан во ахејскиот продор покрај Тесалиска Фтија на Пелопонез, под водство на Пелоп во XIII век пред Христа (Гревс, 1990).

 

Нестор бил најмлад син на Нелеј, оженет со Евридика, која му родила две ќерки и седум сина: Пизистрат, Антилох, Трасимед, Арет, Персеј, Стратих и Ехефрон. Бил мудар и храбар крал на Пилите. Учествувал во прочуениот лов на Калидонскиот вепар и во походот на Аргонаутите. Бил многу ангажиран во подготовките на Тројанската војна, кога со Одисеј собирал војска по цела Елада. Одел дури до Фтија во Тесалија да ги наговори Ахил и Патрокле за војна.

Пред Троја Нестор стасал со деведесет лаѓи и двата сина, Антилох и Трасимед. Во текот на Тројанската војна се истакнл како "коњаникот Нестор" и бил главен советник и мудар стратег (Хомер, I, IV, 170). По озвојувањето на Троја среќно се вратил во родниот Пил, во својот раскошен дворец, каде дочекал длабока старост и таму бил погребан.

Кога Хелените-Дорци го освојувале Пелопонез, во 1104 година пред Христа, многу Нелеиди ја напуштиле Месенија и се населиле претежно во Атина, каде со Лапитите се вклучиле во кралските владејачки семејства, до 1044 година пред Христа. Според Херодот (V, 65) и Паусанија (III,18, 8), некои Нелејци го преживеале елинскиот налет на Месена.

Меѓу најпознатите братства на Нелејците од Пил во Атина спаѓале: Пизистратидите, Кодридите, Алкменоидите и Пајонидите.

Посебно за Пизистратидите, Херодот (V, 65) истакнува дека тие навистина по потекло биле од Пил и биле потомци на кралот Нелеј, исто како и фамилиите Кодра и Меланта, кои порано се доселиле во Атина и таму станале кралеви. Покрај тоа, Нелејците биле тие кои најмногу влијаеле во обликувањето на општествено-социјалниот и економскит живот во Елада, во т.н. архаичниот период (VIII-VI век пред Христа), во периодот на класичната грчка цивилизација. Тие придонеле во реформите на "полис-државите", со преодот од кралското уредување и тиранија до демократија, како врв на полтичкиот живот.

Продолжува

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

 

 

 

МАКЕДОНИЈО НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ

(MACEDONIA WE WILL NEVER FORGET YOU)

Иван Трпоски - Ivan Trposki



  • Лелеци допираат душава
    ми ја горат

    Во мислите бунтоваат со
    сонот се борат

    Татковината моли не вика
    за спас

    Да стиснеме тупаници и
    кренеме глас

    Во земјата воскреснале
    лигуши и јуди

    Браќата ни кодошат Господ
    да им суди

    Кој посегна браќа јазик да
    ни сече

    Да пркоси sверски живи
    да ве пече

    Кој сака насилно и земја
    да ни земе

    Куќа да му гори да му
    згасне племе

    И земјата знае да плаче и
    рида

    Кога над неа кула од коски
    се sида

    О Господе златни дај ми
    малку сила

    Да одлетам повторно во
    земјата мила

    Да застанам гордо на
    нејзиното раме

    И високо да го развеам
    македонското знаме

    Да кликнам силно со
    воинствен глас

    Македонијо, ние сме твои,
    сметај на нас

    Татковино, наша си и на
    друг не те даваме

    Македонијо, слушни не,
    ние не те забораваме.
    *****************
    Автор: Иван Трпоски, Сиднеј



  • Your cries touch me, burning
    my soul

    In my thoughts they rebel,
    fighting with my dreams

    Our homeland is pleading,
    calling us to rescue it

    To shake our fists and to
    raise our voices

    The vipers and Judas have
    been resurrected

    Their brothers they slander,
    may God be their judge

    May their brothers reach out
    and cut off their tongues

    May they beastly defy them
    and burn them alive

    Those who want to forcibly
    take our lands

    Those who want to burn our
    homes and extinguish our
    kind

    The land too knows how to
    cry and howl

    When on it a tower of bones
    is built

    O dear Lord give me the strength

    To fly back to my dear
    homeland again

    To proudly stand on its
    shoulders

    And wave the Macedonian
    flag up high

    To call out with a strong and
    boisterous voice

    Macedonia, we are yours,
    you can count on us

    Macedonia you are ours, to
    the others we will not give
    you

    Macedonia hear our call, we
    will never forget you.
    ********
    written by: Ivan Trposki, Sidney

Kind regards: 27 јули 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 227

 

ВИДЕОТЕКА

**************