ГИ ЧЕКАМЕ ЛИ ОВИЕ ДА ЈА ЗБОГАТАТ МАКЕДОНИЈА?

 

Сотир Гроздановски-Македонски

КЛУЧОТ Е ВО РАЦЕТЕ НА УСТАВНИОТ СУД И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ?

***************

Соборувањето на Никола Груевски не беше случајно. Небеше ни неочекувано. Својот  10-то годишен мандат како челник на македонската Влада го потроши во скокање од една на друга страна, при тоа замајувајќи го народот со тривијални успеси без некоја голема полза за животниот стандард на обичниот граѓанин во земјата. Но за разлика од нив, Македонија доби повеќе милионери, кои денес ги нема никаде на хоризонтот.    Виталните национални интереси беа секогаш во сенка на некои си "повисоки" надворешни интереси, зошто и самите претставници на ВМРО-ДПМНЕ беа во активен дослух со надворешните пријатели. Христијан Мицкоски, неговиот наследник, ја продолжи истата ненародна политика, безсрамно очекувајќи ја подршката од македонскиот народ на идните парламентарни избори. Да седне на врвот од извршната власт, за да ја цементира состојбата во земјата и да се заборави споменот на Република Македонија.

Добро е да го споменам и фактот дека дел од раководството на "најнародната" политичка партија ВМРО-ДПМНЕ од секогаш ја шминкаше својата политика како би се прикажале за природен претставник на Македонците, по примерот на Гоце Делчев, Јане сандански и многу други вистински македонски трибуни. Но кога ќе дојдеше време тоа и да го докажат, народот не ги гледаше ниту пред себе а ниту зад себе. Се појавуваа како набљудувачи без смелост да станат на чело на колоните заедно со правите борци за Македонија.

Ги немаше никаде ни во времињата кога се кроеше судбината на Република Македонија со избор на претседател на македонското Собрание. Ги немаше и  кога требаше да се бранат луѓето кои предизвикани од настанот во законодавниот дом на Република Македонија беа еден по еден притварани и потоа немилосрдно осудувани да гнијат по затворите на новата предавничка власт на Зоран Заев.   Во секоја битка за Македонија Македонците беа оставени сами  со нивните незаштитени глави изложени на полициските не хумани и агресивни однесувања. Го немаше и бранителот на македонскиот Устав и уставниот поредок Ѓорге Иванов. Па и затоа тој со подвиена опашка си отиде од македонската политичка сцена како најголем предавник било кога споменат во македонската историја, ама штетата која со својата инертност им је нанесе на Македонците и Република Македонија, ќе остане трајно во сеќавање како спомен со гнасење на такви како него.

Инаку, за време на ВМРО-вското владеење во тесна соработка со терористот Али Ахмети, како коалициски партер, народот беше хранет со трошки и големи "инвестици" за да не умре од глад и во исто време подготвуван за селидба во некоја од европските или прекуокеанските земји. Тоа беше вистинско празнење на Република Македонија од најмладите и средновечните  образовани кадрови така потребни на македонската економија и државната администрација. И не само тоа. Со празнењето на Македонија од Македонци по род, се полнеа редовите на Армијата и полицијата со Албанци, кои постанаа фактор на одлучување за судбината на македонската држава. Со немилосрдното празнење на Македонија од најпотребни македонски кадрови исто така се правеше чист простор за населување на стотици илјади нелегални емигранти од Азија и Африка како нова и ефтина работна сила на странските и домашните капиталисти. Но пред се', за довршување на проектот промена на демографскиот состав на Република Македонија, разводнување и денационализирање на Македонците и со одземање на нивниот национален, македонски, идентитет,  создавање аморфна маса на безимени граѓани за лесно моделирање по желба на внатрешните и надворешните господари.

Улогата на двете македонски политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во целата оваа  предавничка игра организирана од надвор а извршувана од внатре, беше и се' уште е само параван да се избегне поголемо незадоволство на народот, кое би преминало во непосакуван и жежок револт од пошироки размери, опасен за Балканот и пошироко.

Зарем никој тоа уште од поодамна не го насетуваше дека секој народ има своја точка на вриење пред експлозија? Или пак некоја зла сила тоа го посакува од сопствени причини.

Сигурно да да, но сепак, широките македонски маси од повеќе логични и не логични причини седеа и седат, со скрстени раце и со затворени очи, мислејќи дека и тоа ќе помине како и многу нешта во минатото. Но за да помине, потребна е смела и одважна акција, која од никаде ја нема: Ни однадвор а ниту од внатре!

Со развојот на "демократијата", средствата за замајување на невините   создадоа луѓе незаинтересирани за одбрана на земјата во која живееат; луѓе со зголемен интерес за лесно и не контролирано богатење; луѓе со чувства  за иднина без минато;  луѓе со многу желби и мали чувства за одговорност, и луѓе без патриотска љубов кон татковината.

Создадоа луѓе незаинтересирани за светската и националната историја како две најсилни оружја за одбрана од соседи, како нашите,  со лажни национални идентитети, фалсифицирани истории, но со нездрави желби  за туѓи богатства, кои никогаш не им припаѓале.

Во таква растурена животна средина секогаш силниот го јаде слабиот и работите се прикажавуаат  во светло кое ги замаглува очите и мозговите дури и на "најобразованите" слоеви на македонското општество. Луѓе, кои поставени на одговорни должности во македонската држава чинат предавства и растурање на правниот систем на Република Македонија. Уценети и поткупени, им ги довршуваат проектите од пред 100 години, поврзани со таканареченото македонско прашање на Балканот. Мораат и по цена на сопствените животи, зошто се следени со децении, финансирани и на крајот со рака избрани како најпогодни за извршување на нивнте пеколни цели. 

Непознавањето на минатото,  доведе до губење на националниот  идентитет, државнотворноста на Македонците и суверенитетот на Република Македонија.

Гледајќи ги сите овие настани погубни по Република Македонија, притоа, смртно уплашени од евентуални репресалии, членовите на Уставниот суд на Република Македонија и Јавното обвинителство на Република Македонија кренаа раце од своите државнички и правни одговорности. Престанаа да ја чуваат уставноста на државата и постанаа соучесници на Зоран Заев. Му се придружија   на СДСМ, свесно газејќи ја свечената заклетва дека ќе го бранат Уставот  и законите на Република Македонија, им плукнаа на своите  обврски спрема Република Македонија и македонскиот народ и така осакатен, понижен, обесправен му го предадоа   на тиранинот Зоран Заев и неговите истомисленици од СДСМ, на милост и немилост.

Му овозможија  да ја разнебити Република Македонија и ги обезличи Македонците, а со непреземање потребни правни и кривични мерки, со криминалните и неуставни  договори со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија, да ја осиромаши македонската национална историја и многу повеќе од тоа. Со нивната зачуѓувачка инертност, овие врвни правнокривични институции на Република Македонија им дозволија на разни неранимајковци  и обични хохштаплери да ја растураат Македонија и денационализираат Македонците како мнозински и државотворен народ во сопствената Република Македонија. И сето тоа на свој и јавен очиглед и против волјата и историските права на народот.

Им ја предадоа Македонија на надворешни и внатрешни непријатели и со тоа и самите  постанаа изроди и предавници;  неодговорно ја спуштија државата да плива  во минатото, а Македонците ги оставија неподготвени за иднината за која упорно не убедуваат дека ќе ни биде светла и без минатото кое е безвредно. Безбедносните сили тргнаа по умовите на поединци без чест, достоинство и без минимум вредни и  признати заслуги за земјата, чии леб јадат и чија вода пијат. Шарената револуција на Џорџ Сорос ја презеде задачата да ја урниса легално избраната власт на ВМРО-ДПМНЕ, потоа,  да ја постави "новата"  на СДСМ и ДУИ (УЧКА) на чело со Зоран Заев и Али Ахмети за да првиот постане апсолутен владар над се' и секого во Република Македонија...!

Од тогаш, па до денес, со молничава брзина одат работите во Македонија. Зоран Заев успеа да потпише неколку "добрососедски" договори со Грција, Бугарија и со Албанците во Република Македонија и почна со имплементација на нивните одредби погубни за иднината на Република Македонија. И сето тоа за влез во НАТО и Европската унија, како едина алтернатива за опстанок и на Република Македонија и на Македонците како нација. Така не убедуваат македонските властодршци околу премиерот Зоран Заев и европските самоизбрани чиновници. 

Тоа е само мал дел од злосторствата на  највисоките правосудни органи, кои заслужуваат осуда и презир од Македонците, зошто се' што е до сега направено, направено е против нив и нивните национални интереси. И сето тоа за тие пусти пари, пусти да останат заедно со нив!

За жалење е фактот, што осамостојувањето на Република Македонија го започнавме со нејзиното распаѓање. Сите македонски влади и владари од Киро Глигоров и Љупчо Георгиевски, до оваа последнава на СДСМ и Зоран Заев, јавно или скриено, работеа против својот сопствен народ и неговите национални интереси. Со цел да му го свртат вниманието од најважните проблеми во земјата, ја вовлекуваа Македонија во терористички и отворени воени судири, во кои гинеа невини луѓе од безбедносните сили на Република Македонија. Дури тие војуваа без да знаат за вистинските причини, власта зад грбот соработуваше и се' уште соработува и со едните и со другите. Многу од тие таканаречени македонски патриоти и денес се во структурите на државните институции и одвнатре ги гризат столбовите на Македонија.

Како повод за ова што последните две три години се случи во Република Македонија беше проблемот кој Грција го имаше со нашето име. Но, зад тој проблем, се криеа сосема други уште пострашни намери како да се растури македонската национална држава, а македонскиот народ да се избрише од списокот на нациите во светот.

Цел свет тоа го знаеше, меѓутоа никој ниту  малиот прст него  мрдна и не покрена сериозно за тој проблем да се разговара пред ООН. А зошто и би, кога нашите политичари и властодршци си седеа на ушите  притоа игнорирајќи ги советите на најголемите светски и домашни умови специјалисти за  меѓународното право. 

Таквата непријателска политика на денешните политичари и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ продолжува.

Неказнетите предавници од СДСМ, како на пример министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој како неовластен функционер и надвор од своите ингеренции,   потпиша договори за разнебитување на Република Македонија со менување на нејзиното уставно име, во Република Северна Македонија. Но и со многу други скриени одрекнувања во полза на Грција, Бугарија и Албанија, кои како скелети испаѓаат на видело и ја докажуваат страшната вистина дека  сите, вклучувајќи го бројното иселеништво, заедно со сопствената држава Република Македонија сме подмолно продадени.

И сето тоа зад нашите грбови, и очите на целиот свет, без никакви санкции од горе спомнатите највисоки  институции на Република Македонија.

Зоран Заев и понатака ги велича своите криминални дела, "борејќи" се при тоа жестоко против корупцијата, непотизмот, криминалот и криминалците во земјата, заканувајќи им се со правдата која за кратко време се покажала како добротворка на неговата Северна Македонија. А што е со неговите велепредавства и менување на лицето на Република Македонија и националните вредности на Македнците? Што е со нивното незаконско и неуставно трансформирање  од државотворен народ  во безимени граѓани во туѓа и измислена државна творба? За тоа ќе  треба Уставниот суд и Јавното обвинителство на Република Македонија да дадат одговор. Ако не  сега,  за сигурно во блиска иднина, кога отпорот на Македонците ќе ја зеде контролата над својата судбина.

И уште нешто пред крајот и на овој мој текст.

Министерот за надворешни работи и потписник на капитулантскиот и предавнички договор, наречен Договор со Грција од Преспа, барајќи излез од својата глупа  и криминална улога во разнебитувањето на својата сопствена држава, ќе пробал да ги разувери Грците во важноста на договорот за обете држави и народи. Настојувајќи да се извлечка од заврзламата за кој си е сам крив,  со сите сили настојува да ги убеди новите власти во Грција и Бугарија дека взаемните договори биле најдоброто нешто што им се случило на трите народа и трите држави, зошто како прилог кон мирот, ќе ја проширеле соработката и на другите полиња важни за животот и безбедноста во регионот. 

За новите закани и уцени кои секој ден доаѓаат од соседна и "пријателска" Бугарија, погледнето го приложеното ВИДЕО.

И да одговорам на насловното прашање со големо "НЕ"! Клучот не е ниту во едни или други раце, туку во рацете на Македонците. Само ние и обединети можеме да им пресудиме на изродите и предавниците. И тоа што порано, тоа подобро. Ако пак не го спречиме нелегалното влегување во Македонија на емигрантски хорди од млади луѓе без документи со можност на изедначување во правата со македонското население потребни на Зоран Заев како гласачка машина, слично на времињата кога албанската емиграција од  над 400.000 Косовари ја преплави македонската земја и постана најголем непријател и на Македонија и на Македонците, ќе ја изгубиме државата за секогаш! Затоа, памет во главите и закопајте ги секирите, браќа и сестри. Зоран Заев повеќе не заслужува милост од никого! Тој не е Македонец, кога работи против нашите национални интерси и тера некој осветнички, примитивен и глупав инает со сите нас.

И за крај и народна радост,

 НЕКА НИ Е НАЗДРАВЈЕ ПРИЈАТЕЛСТВОТО  СО ГРЦИТЕ,  БУГАРИТЕ И СО АЛБАНЦИТЕ!

За секогаш Ваш, Сотир! 

Стојко Стојков

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

ПОЛИТИКА БЕЗ СРЦЕ И УМ

16 јули 2019 година

 Едно од прашањата што долго ме имаат измачувано и како Македонец од Пиринска Македонија и како активист во движењето за права на Македонците во Бугарија е зошто сите земји на Балканот се грижат за своите малцинства надвор од нивните граници, а само Македонија - не!

 *****************

Дали е тоа нејзина уникатна државничка карактеристика? Од каде извира ова тотално немање желба-да се погрижиш, или дури само вербално да се застапиш за своите сонародници зад граница? Дали отсуството на сочувство и солидарност е можеби уникатна национална македонска црта?!

Од осамостојувањето досега, Република Македонија го нема подигнато официјално прашањето за македонските малцинства во Бугарија и Грција. А не дека нема потреба - има и уште како! Бугарија официјално го негира постоењето на македонското малцинство, ги третира неговите припадници како потенцијални непријатели и како национални предавници, ги дискриминира, ги асимилира. Грција во тоа е само едно искривено бугарско огледало. Барем од срам или куртуазија да се подигнеше еднаш тоа прашање од некоја македонска влада!

Но ајде да ги оставиме настрана Македонците во Бугарија и Грција- нив кучиња ги јале, ако сакаат права да си се борат сами, никој ништо не им е должен, нели (сум ги слушал овие работи од разни ...). Но како е можно една држава, која е независна веќе трета деценија, да не може да го лоцира најдиректниот предизвик пред себе и пред својот развој, дури и кога истиот грубо и отворено и' се наметнува?!? А тоа се имено грчката и бугарската националистичка државна доктрина, за кои Македонија како македонска национална држава и македонската нација со сите нејзини атрибути се целосно неприфатливи!

И тоа не е (како за чудо изгледа четвртина век си мислеа мнозинството македонски политичари) израз само на некакви реторички претерувања, празни фантазии на радикални поединци, внатрешен популизам и евтино фалбаџиство кај соседите, недостојни за возвишено внимание на Скопје.

Тоа  е државен консензус и позиција од која никој, Грција и Бугарија, и не помислува да отстапи; доктрини кои креираат политики со сосема практични последици за Македонија: економско ембарго од Грција, проблемите пред влегувањето во ООН, блокадата пред потпишување меѓудржавни договори од бугарска страна, блокадата пред члрнството во НАТО и ЕУ, заканите, уцените...

Тоа што овие доктрини и нивните политики се назадни, апсурдни, дури идиотски - ни најмалку не ги прави нереални, а ниту може да служи како некое извинување за македонските политичари, што упорно не сакаат да изработаат контра-мерки и стратегија против нив. Географијата е немилосрдна - државата не може да избега од своите соседи, така што мора некако да се соочи со лудилото кое некои од нив го продуцираат.

Негирањето и асимилација на Македонските малцинства е дел од истиот проблем, неговото прво скалило.

Што спротивстави Македонија на овој апсурд?

Молчење-за дискриманицијата и асимилацијата на своите зад граница.

Добра волја наспроти луѓе кои не сакаат да имаме своја волја! Стремеж да не ги налути (повеќе?!) комшиите. Па тие се лути дури и само од тоа што македонската нација постои и има држава.

Закопување главата во земја со вера дека времето, Европа, баба Рога или некој друг ќе ги реши проблемите? Демек ќе се застапат за своите и за себе, кога веќе нема да има потреба бидејќи проблемите друг ќе им ги има решено. Колку паметно, благородно и храбро! Колку реалистични исто така. И глупаво: зашто дури и некој да ги реши проблемите, каква причина би имале да верувате дека тоа би било во наша корист, кога самите со прст не сте мрднале?

Како да се заборавени зборовите на Јане Сандански дека Македонците "треба да се борат за извојување на својата слобода без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да ги ослободуваат, всушност ќе дојдат да ги поробат". 100 години историја од која ништо не е научено...

Дали веруваа дека кога ќе видат дека им се попушта соседите ќе се засрамат и ќе запрат да бараат повеќе? Та кој во историјата вопшто има реагирано така? Или, пак, ако им ги предадат своите малцинства ќе ги заситат? Да го скротат монструмот на соседскиот антимакедонизам хранејќи го со делови од своето тело?

Тоа беше и е македонската "стратегија" наспроти идеолошката и политичката агресија од исток и југ. Затоа Република Македонија стигна до каде што е сега. Времето не работи за вас кога вие не работите за себе! Колку повеќе се бездејствуваше, толку подрско дејствуваа негаторите на македонската нација; колку повеќе беше Македонија попустлива, толку повеќе тие се  настрвуваа и бараа...

И природно! Што значи да демонстрираш добра волја, желба за изнаоѓање заемно прифатливо решение, кооперативност и конструктивност спрема некого што сака да те силува? Само испраќање јасен сигнал дека си подготвен на се' само мир да е. Дека за тебе нема ништо свето, нема вредност за која да си готов да се бориш, да страдаш.

Дека немаше достоинство. Зошто некој ви бе бранел ако самите не се браните? Зарад вашата наивна вера во некаков справедлив меѓународен фактор? Па никогаш не криеле европските политичари (барем при моите контакти со некои од нив), дека работаат по принципот: нема конфликт-нема проблем. Та на крај ако се кандисате да ве силуваат-тоа и веќе не е силување, туку билатерален однос, добрососедство, израз на зрелост, акт на љубов...

Што ќе и биде на големите сили ако Македонците се претворат во нација без држава или Македонија во држава проститутка-ништо. Особено ако и на Македонците не им е гајле.

Кога прифаќате да преговарате за своето силување, тогаш прашањето повеќе не е дали, туку како и колу ќе ве силуваат. Ако прифатите да преговарате по прашањето дали сте човек, секој компромис ќе ја вклучи вашата дехуманизација.

А токму кон тоа се стремат Атина и Софија: разглобување до целосно демолирање на македонската нација и денационализирање на државата Македонија.

Прво Македонија останува без малцинства надвор, потоа, станува не-национална држава со географски предзнак, понатаму Македонците ги губат институциите, кои не смеат да бидат национални, потоа се руши митот кој ја обединува македонската нација. На крајот се реализира бугарската политичка максима: "Македонија во Европа  ДА - македонизмот НЕ".

Како во некој кошмарен сон времето се враќа назад: поделеноста на Македонија од Балканските и Првата светска војна ќе биде надмината во Европската унија, но цената ќе биде и Македонците да се вратат во ситуација од пред 1912 во времето на Егзархијата, на соседските национални пропаганди, спротивставувањето на брат против брат, со сите ужаси на она време. Ужаси за чие надминување се бореше МРО, потоа партизаните.

Ужас за спас од којшто беше создадена Република Македонија, во која барем дел од Македонците најдоа мир и засолниште од националистичкото лудило на балканизмот. Колку лесно се заборава сето тоа и каква негрижа се појавува против обидите ужасот да ни се врати.

Нема сомнение дека опишаното сценарио е налудничаво, но исто така нема сомнение и дека имено кон тоа се стремат Софија и Атина - смрт на македонизмот, кој постулира дека Македонците се посебна нација, не Бугари, Срби или Грци. Крај на Македонците како нација. Тие наводно "не сакаат" да ја урнат куќата, туку "само" да и' ги уништат темелите и столбовите.

За 28 години македонската инелектуална и политичка елита не успеа да изработи против тоа никаква форма на национален консензус, национален или државен интерес, ниту пак некаква базирана врз нив стратегија. Нешто што да биде прифатено од сите политички субјекти и брането од сите без разлика дали се во позиција или опозиција. Пет прашања по кои никој да не спори, за никој да не преговара. Доследна и планска стратегија против националистичката агресија од надвор и од внатре.

Кога нема ниту свест за национален, за државен, ниту за каков било таму општ интерес, останува само оној - личниот. Тогаш јасно е дека ниту може да има општа стратегија, ниту општа одбрана на општи интереси. Само на лични. И логично е дека на крајот општите интереси ќе бидат поразени, а дека можеби ќе се реализираат само некои лични интереси.

Народот, на кој се однесува општиот интерес, ќе изгуби - некои политичари ќе заработаат. И токму тоа го гледаме. Софија и Атина си ги застапуваат упорно и бескромпомисно своите гротескни цели, издигнати во ниво на национален интерес. Македонската страна не одговара со свој интерес, ниту дава отпор на апсурдните и недолични претензии, туку демонстрира само постојана подготвеност да преговара за се' и со секого.

Зато нормално соседските небулози полека, чекор по чекор се претворија во нешто за кое сериозно се разговара, па преговара, а потоа и во услови за членство во ЕУ и НАТО.

28 години на очигледни и ескалирачки провокации без одговор. И само кога ќе ги присилеа македонските политичари "одговараа", но како - седнувајќи на преговори за нешто свое со некој туѓ. А меѓу секои два циркуси (пардон-циклуси) преговори-ништо, само инерција и лебдење по течението. Што ќе стане. Ден да мине, друг да дојде. Ништо не успеа да ги разбуди од оваа несвестица. Дури и настаните од последните две години. Ништо не ја крши оваа...апатија.

Ниту умот" Да се погрижиш за својот интерес. Ако изгубат своја држава, чии политичари би биле.

Ниту чувствата! Дури и да не мислиш, пак најелементарна солидарност и човештина би довела до тоа да се погрижиш за своите напатени сонародници во малцинствата и преку тоа би се заштитил всушност и самиот себе. Зашто тие се дел од твојата нација. Одделни странци во меѓународните институции покажаа во последните три децении повеќе грижа за македонските малцинства во Бугарија и Грција отколку македонската држава и сите нејзини политичари заедно.

Ниту инстинктот за самоодржување! И најпростата живина го има. Да се заштитиш од заканата против твоето постоење.

Ништо!

Политика во која нема ниту ум ниту срце. Се креира во стомакот, но нема тестиси... Како да нема иднина.

(Си мислам понекогаш дека можеби треба еден курс да се спроведе за македонските политичари. На Битпазар. За професор на почеток доста им е некое неписмено бајче со тезга пиперки. Да им објасни дека кога  веќе си излегол на пазар, треба да знаеш што продаваш, а што-не, потоа се пазариш за да го добиеш најдоброто што можеш. Да има некоја смисла што си таму. Ниту една етапа не предвидува пазарење за цената на продавачот или неговото семејство. Никое пазарење не почнува со минимална цена. Никоја стратегија не може да предвидува симнати гаќи. Врткање по гол газ, со празен ум и без цел не е политика. Таква политика дури и име си нема уште...).

Ако македонската политичка класа не се разбуди, наскоро ќе биде сведена (поново) до територијален администратор на некоја влада од странство. Колку повеќе добра волја демонстрираат и попуштаат, толку повеќе ќе им се множат и растат проблемите. Нашите проблеми!

еxpres.mk

 Митко Б. Панов

ВЛАДАТА И' ПРЕСУДИ НА "ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА" ЗА САМУИЛ И ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ

10 јули 2019 година

Професорот од Институтот за национална историја Митко Б. Панов со свој став за владиното догматизирање на македонската историја .

***************

"Прифаќajки ги сугестиите на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, Владата со вчерашната одлука пресуди што е "историска вистина"! Во согласност со овој политички акт, св. Кирил, св. Методиј, св. Климент, св. Наум и цар Самуил се определуваат и означуваат како личности од "заедничката историја", при што посебно се нагласува дека при секое нивно официјално чествување ќе биде "потребно историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува", пишува професорот Панов!

Целата реакција на професорот:

Иако не е прецизирано која е таа "историска вистина" и што е тоа "заедничка историја", која треба "јасно" да биде означувана при чествувањето и одразена во учебниците, за тоа веќе јавно се произнесоа членовите на комисијата од обете страни. Тоа би значело дека независно од научните историографски достигнувања и досегашни и идни публикувани трудови, секое официјално чествување на св.Кирил, св. Методиј, св. Климент, св. Наум како и на цар Самуил (а со тоа и создавањето на словенската азбука, Светиклиментовата Охридска книжевна школа, Самуиловата Охридска архиепископија...) ќе мора да биде во согласност со комисиската и владината "историска вистина" и овие личности соодветно ќе бидат маркирани како дел од "заедничката историја" (бугарска) и како такви изучувани во учебниците.

Ваквото догматизирање на историјата и наметнувањето на историографските конструкти е несвојствено за современите демократии и слободата на научната мисла! Св. Кирил, св. Методиј, св. Климент, св. Наум и нивната дејност имаат сесловенска димензија и претставуваат општоевропска цивилизациска придобивка. Св Кирил и Методиј веќе се чествувани како словенски просветители и апостоли во повеќе европски држави. Самуил може да стане споделена (но не заедничка) историска личност за македонската и за бугарскат нација, единствено доколку признаеме дека националните наративи и митови за овој средновековен владател се конструирани по 1878 година и се директно и нераздвојно поврзани со Македонија и со решавањето на македонското прашање!

Реоткривањето и присвојувањето на заборавениот и занемарен Самуил од страна на руските и балканските политички елити по 1878 година било предодредено од потребата за конструирање на наративи со кои историски ќе се легитимираат територијалните аспирации кон Македонија како јадро на Самуиловата држава и црква.

Крајно апсурдно е во современа Европа конструктите од 19 век да се догматизираат и претставуваат како историски вистини! 

expres.mk 

А. Шкокљев-Дончо

 Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈОТ

Дел 18

 ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ - II ДЕЛ

Постариот син на Амитаон, Мелампод, кој живеел во близина на Пила на Пелопонез, станал прочуен пророк, зашто го разбирал говорот на птиците, се занимавал со медицина, со хумана репродукција, а посебно со лекување лудило. Според Хомер (I 1, II 706), кога Мелампод како заробеник паднал во рацете на кралот Филак во Тесалија, му пошло од рака да го излечи Ификло од полна немоќ (импотенција) и неплодност.

****

Ификло бил син на Филак, крал на градот Филак во Тесалија и Минијката Климена, ќерка на кралот Миниј од Подунавје. Поттикнат од желбата да добие внуци, кралот Филак му ги ветил на заробениот пророк Милампод своите прочуени говеда, ако го излекува неговиот син од неплодноста. Задоволниот крал Филак го исполнил своето ветување. Пророкот ги добил слободата и ветените говеда, а потоа со подароците од Тесалија се вратил во Месена на Пелопонез и говедата му ги дал на брат му Бијант.

За време на престојот на Мелампод во Месена, во средината на 13-от век пред Христа, се случил уште еден настан по кој тој станал познат. Ќерките на аргивскиот крал Прет, Лисипа, Ифиноја и Ифијанаса, полуделе зашто божицата Хера, Зевсовата жена ги казнила, бидејќи пристапиле кон Дионисовиот култ. Бил повикан Меломпод да ги излекува. Како награда, пророкот побарал една третина од неговото кралство за себе. На кралот Прет му се чинело дека оваа цена била превисока и го одбил Мелампод. Со време, лудилото се пренело и на другите аргивски жени кои ги напуштиле своите мажи, деца, домови и лутале по Пелопонез.

Тогаш  кралот Прет бил принуден да го повика Мелампод, но овој ја зголемил цената бидејќи заразата многу се проширила и побарал уште една третина од земјата за својот брат Бијант. Со голема тага Прет го прифатил барањето. Тогаш Мелампод, со помош на брат му, одбрал група слни момчиња со кои ги протерал лудите Претови ќерки  и избезумените жени на Арг до градот Сикион. Откако ги собрал, ги одвел во Елида на потокот Миниј и таму сите ги исчистил и излечил од колективното лудило, освен Ифонија која од замор умрела (Паусанија, II, 11, 3). Кралот Прет своите ќерки Ифијанаса и Лисипа ги омажил за Мелампод и неговиот брат Бијант.

Мелампод добил тројца синови: Мантиј, Антифат и Абант, како и две ќерки, Пронија и Манта. Покрај споменатите успеси, Мелампод бил прв кој му изградил храмови на Дионис во Грција и прв кој го разблажил виното со вода. Од родот на Мелампод шест потомци владееле со Аргос, како и  исто толку поколенија. Ќе ги наведеме позначајните од нив.

Абант бил аргивски крал, а негов потомок бил Оикле, аргивски пророк, син на Антифат. Се оженил со Хипермнестра, која го родила синот Амфијара и двете ќерки, Ифијанира и Полибеја. Загинал во Мала Азија, кога Херакле тргнал да му се освети на тројанскиот крал Лаомедонт.

Амфијара, исто така, билл потомок на пророкот Мелампод, херој од Аргиевската и Тебанската војна, во 1213 г. пред Христа. Неговата сопруга Ерифила, ќерка на аргивскиот крал Телај, во среќниот брак ги родила синовите Алкмеон и Амфилох и ќерките Евридика и Демонаса. Амфијара поседувал дар да претскажува. Во војната "Седуммина против Теба", која, всушност била војна меѓу Подунавците и Фениќаните, Амфијара се истакнал во борбите. Зевс го сторил бесмртен. Учествувал во ловот на Калидонскиот вепар, во походот на Аргонаутите и на свеченостите приредувани во чест на Пелиј. Митот за него е честа тема во античката литература, во поезијата и драмската уметност, од страна на Еврипид, Есхил и др. 

Локалитетот Теба

Алкмеон, како и неговиот татко Амфијара пред тоа, учествувал во вториот поход против Теба по десет години, зашто претходниот пропаднал. Во оваа војна Алкмеон бил водач на походот. Се истакнал во борбите. Го убил тебанскиот крал Лаодамант и прв влегол во градот. Алкмеон се женел три пати, а еден од неговите синови бил Акарнан.

Акарнан имал трагичен живот, а митот за него го обработувале Еврипид и Софокле. Тој бил епонимен херој и по него Акарнанија го добила името.

 Помладиот син на Амитаон, Бијант, брат на Мелампод, кога дошол во месена кај својот роднина Хелеј, крал на Пила, се вљубил и ја побарал неговата ќерка Перо. Кралот му ја ветил девојката под услов најпрво да ги донесе прочуените говеда на Филак од Тесалија. Бијант тргнал за Тесалија и залудно се обидувал да ги украде, зашто говедата ги чувал страшен и секогаш буден пес. Само благодарејќи на пожртвованоста на неговиот брат Мелампод, планот успеал.

По враќањето во Пелопонез, Нелеј ги добил бараните говеда, а Бијант раката на убавата Перо. Со заслуга на Мелампод, Бијант добил и дел од Перовото аргивско кралство. Со Перо Бијант имал повеќе деца, од кој најпознат бил Телај. Подоцна, кога Бијант станал владател на Арг, се оженил со Лисипа, која му ја родила ќерката Анаксибија.

Синот на  Бијант, Телај, учествувал во походот на Аргонаутите и имал повеќе деца меѓу кои биле: Партенопеј, Пронакт, Мекистеј, Адраст, Ерифил и др.

Партенопеј пораснал во Арг, се истакнувал со исклучителна убавина и џиновски раст. Бил еден од војсководителите во походот "Седуммина" на Теба против Кадмејците. Во борбите се истакнал со голема храброст, но го усмртил Актор.

Пронакт бил крал на Арг и бил почитуван како херој. Негови деца биле Ликург и Амфитеј.

Мекистеј, исто така, учествувал во походот "Седуммина" на Теба, каде што загинал. Неговиот син Еуријал се споменува во митологијата меѓу Епигоните и како учесник во Тројанската војна (Хомер I, 1, II 559 и понатаму).

Адраст бил крал на Арг и бил оженет со Амфитеја која му родила шест деца. Учествувал во првата војна против Теба и бил еден од војсководителите. По десет години, Адраст повторно организирал поход против Фениќаните на Теба со синовите на оние кои загинале во претходната војна. Овојпат "Епигоните" ја освоиле Теба и ги протерале Фениќаните, но Адраст умрел скршен од болка заради смртта на својот син Егијалеј. Адраст бил почитуван во повеќе елински градови.

Син на Егијалеј и внук на Адраст бил Кијанип кој бил крал на Арг, учесник во Тројанската војна и еден од оние кои се наоѓале во дрвениот коњ.Трет син на Тира и Кретеј бил Есон, крал на Јолк, каде што живееле и многу Минијци (Гревс, 148, 9). Се оженил со Алкимеда, внука на кралот Миниј. Нивни син бил Диомед, познат во митологијата како Јасон. Есон владеел со Јолк додека од престолот не го симнал неговиот полубрат Пелиј, вонбрачен син на Тира и богот Посејдон. Пелиј го затворил Есон и барал да се откаже од наследството.

Јасон бил јунак на митот за Аргонаутите и тесалијски херој, чија легенда во трудот "Аргонаутика" ја опишал Аполониус (Apollonius Rh.) (295-230 година пред Христа). Јасон имал несреќно детство, бидејќи неговиот чичко Пелиј, заради наследство, сакал да го уништи без трошка милост. Јасоновата мајка, за да го спречи тоа, применила лукавство. Ги собрала своите роднини да тажат над него како над мртвороденче, а потоа го однела од градот Јолк во Магнезија, на планината Пелион, кај мудриот кентаур Хирон. На Пелион, Диомед го одликувале Хироновата мајка и ќерка, а Хирон го научил на лекарска вештина, па оттаму и името Јасон (од зборот iasis-лекување, излекување и лекар -iater, iatar).

По дваесет години Јасон решил да отиде во Јолк за да ја побара кралската власт. Кога дошол до надојдената река Енипеј, забележал старица која, стоејќи на брегот, ги молела минувачите да ја пренесат преку река, но никој не се сожалил освен Јасон. Тој ја пренел на својот грб од другара страна на брегот. Во речната кал Јасон ја изгубил едната сандала. Старицата, всушност, била маскирана божицата Хера, која подоцна во животот секогаш му помагала.

Во јолк, Јасон се појавил на градскиот плоштад, силен и убав како бог, со две копја во раката, нагрнат со крзо од пантер, но без една сандала. Сите се прашувале кој бил овој дојденец. Кога кралот Пелиј го видел новодојдениот, се сетил на еднопророштво да се чува од човек со една сандала, па грубо го прашал кој е како се вика татко му. Тој одговорил дека се вика Јасон, дека претходно го нарекувале Диомед и дека е син на Есон. Рекол дека дошол во својот роден крај за да ја побара кралската власт, која му припаѓа по татко. Пелиј се преправал дека е подготвен да го стори тоа под услов да му го денесе Фриксовото златно руно од Колхида на Кавказ.

Со помош на Хирон и Хера, Јасон ги собрал најдобрите јунаци и ја изградил лаѓата Арго (брз) со педесет весла. Потоа отпловил кон Колхида. По многубројни перипетии и со помош на Медеја, ќерка на кралот на Колхида Ејет, која се заљубила во Јасон, тој го убил змејот, чувар на "златното руно". Кога го зеле пленот, Аргонаутите заедно со Медеј веднаш се натовариле на Арго и брзо отпловиле од Колхида, гонети од лаѓите на Ејет. За враќањето на Аргонаутите постојат повеќе преданија.

Пелиј го убиле неговите ќерки Пелијади, благодарејќи на мамката на волшебничката Медеја дека ќе го подмлади нивниот татко ако претходно го распарчат. Плашејќи се од освета, Јасон му го препуштил кралството на синот на Пелиј, Акаст. Според една легенда, Јасон заедно со Медеја отишол на Истам, додека, пак, Акаст го погребал таткото со најголеми почести. По повод смртта на Пелиј биле организирани натпревари на кои учествувале елинските јунаци, како што биле Херакле, Пелеј и др., но и јунаци од северните земји, како што биле Бореадите, Македонците Кикно, Орфеј итнт.

 

Продолжува 

Панде Манојлов

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**********

 

 

СВ. СВ 

КИРИЛ И МЕТОДИЈ

  • По свит јаглен босоног одев,
    крај брата ми Кирила
    од Солуна до Моравија,
    и по ноќи одев и по бел ден
    до темни зандани во Елванген!

    Напуштив и куќа и татков дом
    да водам јато по божји sвона,
    да бидам разден
    меѓу темни ноќи

  • и јасни дни.

    Се расони сончев провев,
    ангел на небо блесна
    и би ново слово
    и би ново писмо
    сеславјанско!

    -Зошто ново, какво ново!?-

    заsвери sверски глас
    и побара оган
    и побара потпал
    за двајцата нас...

  • Колку народи-
    толку буквари,
    колку народи-
    толку писма
    а Бог е еден!

    И нека чита мојот род
    и нека пее
    и нека слави мојот народ,
    Бог нек слави
    по македонски!
    *********
    Автор, Панде Манојлов
    03 мај 1995 година

Kind regards : 21 јули 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 226

ВИДЕОТЕКА

****************