НИШТО ДРУГО

Сотир

 

 Сотир Гроздановски-Македонски

 ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ ЗАМИНАА,  НИ ДОЈДОА ТРЕТИТЕ, НАЈЛОШИТЕ! ШТО СО НИВ?

 

 

Работите толку се заплеткани, што човек не знае од каде да почне, но  од некаде е потребно! Па еве, би започнал  од 8-ми септември 1991 година, кога македонскиот народ со референдумот за раздвојување од заедничката држава СФРЈ,  едногласно одлучи да продолжи по својот одамна избран пат, до САМОСТОЈНА НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! 

Но, дотаму не стигна, бидејќи  на нашите властодршци не им беше дозволено, а тие не беа толку умни да прашаат, зошто? Дури и уставното име си го изгубивме со прифаќање на "привремената" референца ПЈРМ (поранешна југословенска Република Македонија), која, иако "привремена", траеше се'   до 17 јуни 2018 година, кога со  Договорот од Преспа, Република Македонија беше преименувана во Република Северна Македонија.

И тогаш како и сега, властодршци во Република Македонија беа политичари од СДСМ. Тогаш Киро Глигоров, како прв Претседател на државата и денес премиерот Зоран Заев, кој со насилно преземање на претседателските ингеренции и отстранување на Ѓорге Иванов од извршната власт во  Република Македонија,  стана диктатор и живо оружје во рацете на странските моќници.  

Но, во играта имаше  многу повеќе  од она што народот го знаеше. Заедно со името на Република Македонија отиде и националниот идентитет на Македонците, а со менување на Уставот, Албанците во Македонија беа изедначени со мнозинскиот македонски народ. Со бришење на АСНОМ, пак, беше промовиран и озаконет Охридскиот рамковен договор, како темел на македонската државност. 

Меѓу двете влади на СДСМ, беше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, како  една од главните пречки за Западот и Грција во реализирање на зацртаните планови со кои требаше да се реши македонското прашање на Балканот за секогаш, но без валкање на нивните раце.

Затоа требаше да се изнајдат актери за таа цел, а надворешните фактори да бидат само неодговорна публика. Тие изнајдоа подобни соработници како извршители на валканите работи за  разнебитување на Република Македонија и обезличување на Македонците.

Стапицата беше одамна подготвена и се чекаше само промена на власта во државата. Наскоро,  таа пречка беше "мудро" отстранета, со детронизација на Никола Груевски и отворање пат за Зоран Заев, како подобен инструмент за идните пеколни настани.  Се' според доктрината на злосторниците Ален Далас и Џорџ Сорос: Самоуништување на народите и државите со НАТО и Европската Унија! И сето тоа спроведено со посредство на така наречените шарени револуции и невладини организации, платени од Фондовите на таканареченото Отворено општество на Џорџ Сорос.

Ни понудија морков, ама и стап,  да се преименуваме и да им ги исполниме желбите на нашите соседи, но и на Албанците во Република Македонија.

Е, тука не фатија во тесно и со запенети усти. Тоа беше пресвртница за Македонците, што бевме вовлечени во игра во која не верувавме дека некои може  такво нешто да ни подготви, со стискање на рацете за пријателство и насмевка на лицата, како знак на вистинска искреност со совршено лицемерие.

Потоа истите тие, за  зајакнување на довербата  кај народот, почнаа масовно да ја посетуваат Македонија и да се дружат со Зоран Заев како браќа од една мајка родени.  Прегратки, бакнежи и пријателско тапкање по рамењата  на нашите алчни, неискусни и наивни политичари проследени со слатки ветувања за брз влез во евроатланските интеграции, кадешто тече "мед и млеко". Но не' сосема безплатно: Само промена на името на државата, нејзиниот Устав и другите барања на соседите поврзани со идентитетските белези на Македонците.

Патот кон иднината, така не' уверуваа, би    требало да е нашата цел за подобра иднина. Минатото не било важно за нашата светла иднина, која  би била полна со слатки и шарени играчки кои ни се нудат  во нивните "шопинг" центри и кои би ни стоеле на располагање. За минатото како застарена опција, не е вредно  да се жртвува иднината!

И така се случи!  Република Македонија ја спуштија низ вода во историјата, а нас не сместија во  иднината заедно со Република Северна Македонија, голи и потполно безвредни за себе и за целиот свет; без име, без историја, без традиции, без национална црква, без македонски песни и ора, без културно наследство. Со убедување дека означените споменици од нашите предци  не се наши туку на Грците и Бугарите...! И што е за голем срам, зградата на Македонската влада без ознака, иако  најглавна институција во Република Македонија!

Простете ми, но неможам  повеќе да набројувам, зошто се чувствувам  понижен и посрамен пред светот!

Ох! Ќе забораев! За да и' олесни на новата Балканска политичка творба, Република Северна Македонија, од товарот на минатото и од македонското национално наследство,  властодршците од СДСМ и албанските политички партии во земјата, се откажаа од сите Македонци во  соседните и странските земји, кои беа принудени да емигрираат-протерани од нивните  татковци, откако беа обесправени во сопствената земја и оставени на улица без работа. 

Но, за да го разбереме   реченото погоре, треба да се вратиме назад во 1991 година, во времињата, кога татковците на овие космополити си го завршија најголемиот дел од работата за разнебитување на македонската држава и обезличување на  македонскиот народот. 

Прво што им падна на ум беше во нивниот законодавен дом да ја  озаконат правната рамка за најголемата кражба на националниот имот. Најпрво државна, а потоа во  втора фаза, приватизација. Односно трансформирање на  државниот капитал во приватна сопственост на постоечките директори на државните претпријатија, со што се создаде капиталистичка елита на Република Македонија.

И на тој начин целата државна имовина помина во рацете на властодршците од СДСМ, а обесправената работничка класа беше истерана на улица без работа и без средства за живот. По старата формула: "снаоѓај се другар како знаеш, ти повеќе не си  наш и не си ни потребен"!

Ете тоа беа македонските "комунисти" (комуњари), кои  бездушно  го осиромашија својот сопствен народ и  го подготвија полесно да си го свитка 'рбетникот, за парче леб.

Тоа се  времињата кога патриотизамот стана бесмислена именка од кој започнавме да се срамиме, бидејќи тоа не им доликувало на политичари од СДСМ  и нивниот слоган: "КОГА ЌЕ ДОЈДЕМЕ НА ВЛАСТ, ЖИВИ ЛУЃЕ ЌЕ ЈАДЕМЕ"! И така се случи! 

Нејсе, народ како народ, многу од нив недоволно образовани, а уште помалку информирани и не упатени за  економските и социјалните промени во македонското општество, заедно со последиците по нивните животи, со молчење го поднесоа ударот и многу од нив ја напуштија родната земја за секогаш. 

Меѓутоа, тој sверски слоган на СДСМ го прифатија и одобрија многу (поранешни угледни и почитувани) членови на интелектуалната елита, заедно со  Македонската Академија на Науките и Уметностите во Република Македонија, што е срам без рок на траење!

Потоа дојде на власт другата гарнитура властодршци од "најголемата и најнародната" политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, која на демократски и патриотски начин ги собра трошките што ги оставија претходните владари од СДСМ  и продолжи да ја подготвува државата за последната фаза. И така  цели 10 години се' до моментот кога "газдите"   им го одзедоа правото да продолжат. Потоа како награда, почна политичка и "правосудна" хајка по нив од претходните арамии, СДСМ-овците.

Насилно е променета легално избраната влада на ВМРО-ДПМНЕ и поставен за нов претседател на владата на СДСМ  Зоран Заев, од Муртино. Инаку Зоран Заев, како што имаме повеќепати пишувано за неговата криминална личност, беше од многуте други изроди и предавници со рака избран  да ја заврши последната фаза за менување на најсуштествените релевантни поставки во Република Македонија: На арогантен начин се изврши промена на Името и Уставот во  "духот на добрососедски односи и  договори со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија,  како  "критериуми" за влез во НАТО и ЕУ. 

Меѓутоа, Зоран Заев со уникатната политичка брзоплетост, убеден дека е способен да ги надмудри европските искусни стаорци, како услов за зелено светло   и влез во саканите војнополитички организации,  пукна како балон од сапуница  пред  очите на светската јавност, зошто  се уверија со каков издајнички манипулант  имаат работа. 

Човек кој така лесно се одрекнува од државата и народот не е погоден да биде примен во, сепак, отменото европско здружување иако на секаде каде ќе се појави, носи келнерска машничка   како симбол за уредност, а сепак таков криминалец, изрод и предавник не го заслужува.

Но, Зоран Заев како да е замаен и понатаму упорно лаже на секаде до каде ќе стигне, без срам, убеден во своите особини на чесен и достоинствен човек.

Насекаде владее пустош и сиромаштија, криминал, непотизам, корупција во државата, а тој тоа го смета за висок напредок во неговата Влада, која му се распаѓа пред очите.

Ова ме потсети на една поговорка меѓу нас иселениците која вели: колку повеќе  го плукаш, тој мисли дека силен дожд му паѓа врз главата! 

Неговата шарена авангарда со чија помош ја  презеде власта од Никола Груевски, сега разочарани од неговите неуспешни потфати и примитивизам во владеењето  со државата, го напуштаат како глувци кога бродот тоне!

А и зошто би седеле со таков примитивец и тотално неспособен лидер, кога на очиглед се изманипулирани  со лаги кои одат во беспат, заедно со своите семејства, истовремено со губење на работата и достоинството што некогаш го уживале.

Согледувањето дека наскоро ќе се заврши   оваа страшна агонија наметната врз Македонија и македонскиот народ, се очекува да се сврти тркалото наназад и Македонија да биде тоа што била, слободна и правна држава  мултиетничка и мултикултурна заедница. Доаѓа моментот кога Македонија ќе се крене на нозе уште повисоко, бидејќи народот се освести за значајноста да се совлада диктатурата наметната од Зоран Заев и да продолжи по патот на европеизација, со свои сили и дострели што му доликува на секој друг народ во Европското семејство. А безбедносните државни органи редно е да се свртат кон народот, од кои егзистира државата и нивните семејства. Со правни и државотворни дејствија, со организирана економија и социјален статус  во државата, македонскиот народ има сили да успее да си ја брани слободата без НАТО и без Европската Унија.

Скапоценоста, во нашиот македонски случај, е жртвувањето на илјадници млади животи низ вековните борби за слободна Македонија и македонскиот народ каде и да живее.

Зоран Заев многу лесно ја потцени и ја понижи скапоценоста да си ја спаси својата кожа пред лицето на правдата.

И што понатаму следува за Зоран Заев и тие со него?

БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ  ЗА ТАМУ КАДЕ ИМ Е МЕСТОТО! И ШТО ПОСКОРО, ТОЛКУ ПОМАЛА ЌЕ БИДЕ ШТЕТАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!

За секогаш Ваш, Сотир! 

 

 

Радмила Заревска

ЧУВАР НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКОВНА ВИСТИНА

 

06 јули 2019 година

Целото тоа духовно наследство, кое со векови се собирало и градело  во Македонија, покрај тоа што е доказ за црковниот континуитет на нашата црква, наедно е и огромен предизвик за православните народи да дојдат и лично да се уверат во живоста и историското значење на македонската православна црква (МПЦ-ОА) за целото православие. Токму ваквата духовна сила што во себе ја има и ја носи нашата национална црква е и една од причините што соседните цркви имаат зголемени апетити за земање под закрила на нашата црква, а некои од нив се негатори на македонската  црквовна вистина.

*****************

Речиси секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација кога пред пријатели од странство го фалел македонското црковно богатство или, пак, ги носел на тура по манастирите низ земјава. И, секако, сето тоа величење било без верска обврска или одговорност, зашто свесни сме дека во Македонија најголемиот дел верници се повеќе почитувачи на традицијата, отколку што се религиозно едуцирани. Во најголем дел од случаите ние не ни знаеме што се' содржат тие духовни светилишта, што се' се крие зад старите камења и дрвените порти. Дури стануваме зачудени ако некој од странските туристи знае повеќе од нас, за нашето духовно наследство. Нашето незнаење, пак, често го правдаме со недоволно време окупирано од работните обврски.

Колку сме свесни за тежината на нашето црковно наследство? Дали тоа е клучот на посебноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија?

За да се уверите во тоа треба да посетите некои од македонските манастири каде што има монаштво. Поминете еден ден со овие луѓе и уверете се во нивната посветеност и во нивната љубов и едукацијата што им ја даваат на верниците, но и на секој човек, без разлика дали се декларира како верник, атеист, агностик...

Тие се луѓето што без предрасуда му помагаат на секому, без разлика дали со совет во форма на духовна поука или, пак, со помош со престој во манастирот.

Како пример ќе го посочам летниот црковен камп на Бигорскиот манастир, кој станува еден од најатрактивните настани за децата чии родители се одлучуваат да им дозволат да поминат една недела во манастирите заедно со монасите и монахињите. Тоа е уникатен и специфичен настан, кој станува најпрепознатлив белег за едукативна мисија на црквата во Македонија. Особено полезни и привлечни за децата се искрените и поучни разговори со отецот Партениј, преку кои тие имаат можност да црпат од неговото длабоко духовно искуство и да научат многу за животот, љубовта, за разните доблести што го красат човекот. И сето тоа се прави спонтано и ненаметливо.

Токму свети мошти од над стотина значајни светители од христијанството, меѓу кои и честици од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос, го градат македонското црковно наследство и наедно се признание за посебноста на МПЦ, како канонска наследничка на древната Охридска архиепископија. Малкумина знаат дека во сите поголеми и позначајни цркви и манастири во Македонија има мошти и реликти од значајни светители, особено од оние што дејствувале на овие простори.

Кој ги чува сите овие духовни реликти? Кој е чуварот на корените на црковниот живот?

Целото тоа духовно наследство, кое со векови се собирало и градело во Македонија, покрај тоа што е доказ за црквениот континуитет на нашата црква, наедно е и огромен предизвик за православните народи да дојдат и лично да се уверат во живоста и историското значење на МПЦ-ОА за целото православие.

Многубројните светителски мошти, кои низ вековите се зачувале во Македонија, како и оние што во поново време се донесени во нејзините храмови, се сведок за богатиот и континуиран црковен живот на нашите простори. Моштите во Македонија и денес се центар  на почитувањето на многумина светители. Преку нив верниците им оддаваат достојна почит на оние што со животот и подвигот му угодиле на Бога.

Токму ваквата духовна сила што во себе ја има и ја носи нашата национална црква е и една од причините што соседните цркви имаат зголемени апетити за земање под закрила на нашата црква, а некои од нив се негатори на македонската црковна вистина. Сите реликви сведочат за исправниот пат на МПЦ во битката за нејзината аврокефалност во православниот свет.

Големината на духовноста на нашата црква го дава и одговорот на прашањето зошто МПЦ е залакот што сите би сакале да го грабнат за себе.

Главната придобивка од добивање томос за автокефалност на црквата во Македонија ќе значи и отворено канонско признание за посебноста на македонсиот народ и држава. Тоа е печат што омеѓува една територија, која според каноните на црквата е автокефална затоа што е самостојно државно уредена и водена од владици произлезени од овој посебен народ.

МПЦ-ОА е тврдина и столб на државата, таа е вистината за македонскиот народ и на сите оние што се чувствуваат ка Македонци, во земјата и во светот.

Марија Воденска, Маре

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****

 

 

ОДА НА СТЕЧАЈЦИТЕ

Марија Воденска (Делова-Дургутова)

  • Крај Отиња, во градот под
    Исарот
    Дреме утрото
    со затемнување
    на денот
    За погребот на фабриката "Македонка"
    За ограбената
    "Астибова"
    конфекција
    За
    разнебитеното
    стопанство
    "Црвена Sвезда".
    Онеме одsивот
    на работниците
    Забрадени со
    пишанките во
    продавниците.

    Ги нема
    автобусите на
    постојките
    ги нема
    работниците од
    првата, втората
    и третата
    смена, да го раздремат сонот
    прегрнувајќи го
    денот, како
    некогаш
    со песна меѓу
    предилница и
    ткајачница.

    Замре жагорот
    по патеките над
    плочникот
    обрастен со
    мов и коров.
    Цвеќето
    одамна свенато,
    засушено
    мириса на гробно
    студенило
    исполнето со
    штрајкови на
    работниците
    стечајците и
    невработените,
    против
    директорите,
    владарите и оние
    што ги

  • заокружија во
    гласачкото
    ливче.

    Во фабричкиот
    круг на
    "Македонка"
    мириса на
    голгота,
    немаштија и
    гробарење
    и сиот пород е
    заглавен
    во ококорените
    очи на ужасот
    пред доодените
    старци, потпрени
    на лесите
    со дотуркана пензија.

    Пред
    Астибовите и
    Македонкините
    дисконти
    во долгите
    редици на живи
    мртовци
    се трампа
    работничкиот
    труд
    со залак од
    стврднатиот
    бајат леб
    размрзнат со
    бонови
    обезвреднети до
    хаос.

    Во фабричките
    хали на"Македонка" и
    "Астибо"
    во кругот на
    "Црвена Sвезда"
    и насекаде
    во градот под
    Исарот на
    Маркови кули
    ДРЕМЕ УТРОТО
    ВО ХАОС.
    **********
    Штип, 8-ми Ноември 1997 година.

 ===================*******==================

 

Тренчо Димитриоски

 Тренчо Димитриоски

ЗА ПОРТАЛОТ "ПЕЛАГОН"

************

Одисејата на порталот Пелагон започна пред две години, односно 2016 година, но траеше само неколку месеци-од мај до сптември истата година. Порталот беше неколку пати блокиран и на крајот мораше да прекине со работа. Не можеме да кажеме што, конкретко, се случи. Имаше и некој вид закана за "присвојување" на некакви заслуги, за прескокнување авторитети од повисоки инстанци, но за нас  не е јасно дали беше насилно прекинување. Беше ли намерен злобен чин? Важно е дека неговата успешна Одисеја беше прекината, токму тогаш кога постигнавме од 150.000 до 200.000 посети месечно. Тоа беше вистинско пријатно изненадување за нас. Затоа и разочарувањето од прекинувањето со работа беше големо. Сепак, Пелагон, на некој начин беше жив, како за нас, така и за читателите кои го следат. Денес, решивме и вложивме напори тој вистински да заживее, со полна содржина и со полн "здив".

Има ли потреба од посебно објаснување за појавата на нови медиумски производи? Зарем верува некој  дека се' е кажано, се е медиумски покриено, та просторот е сосема зафатен и сите содржини се опфатени, сите вистини се апсолвирани?

Не!

Ние веруваме дека  сосема малку е направено на тој план, многу вистини и вреднсти се скриени и чекаат на соодветен пристап и обработка, чекаат на сопствената светлина, на сопственото раѓање и заживување, на продлабочување и афирмирање.

ПЕЛАГОН значи богатство од содржини и мистика. Безброј теми, прикриени вистини, мистерии, бесценето културно богатство, непозната материјална култура, скриени под покровот на минатото, всушност, под пластови време, култура, историја, настани и временски периоди. Многу содржини, поврзани со Пелагон, останале под поновите "слоеви",  подзаборавени или сосема надвор од меморијата на современото живеење. Но во исто време, овие содржини се неделив дел од вкупните македонски вредности, како и од општото светско наследство-култура и цивилизација.

*************

Пелагон

Хераклеја Линкестис-Битола

Тренчо Димитриоски

ХОМЕР, ХЕСИОД И ДРУГИ СЛАВНИ ЛИКОВИ ОД ХЕРАКЛЕЈА КАЈ БИТОЛА

***************

18 јануари 2019 г

Археологијата  е можност да погледаме во длабочината на времето пред нас. Можност за реконструкција на запишани и незапишани настани, како и можност за запознавање на нашите предци. Сепак, самото откривање и вадење од земјата на предмети од материјалната култура, споменици од минатото, не значи ништо доколку нив не ги лоцираме во времето од кое потекнуваат и општествениот амбиент во кој имале активна улога, не ги ставиме во контекст на нивното опкружување и не направиме опстојна и сеопфатна анализа. За жал, често се соочуваме, токму, со таков однос кон артефактите откривани при археолошките истражувања. Некогаш е навистина неразбирлив таквиот однос, особено, кога се работи за наоди од исклучително значење и со непобитна атрактивност. Токму такви се голем број предмети од минатото на античкиот град Хераклеја кај Битола. Такви кои упатуваат на начинот на живот, за настаните и траумите со кои се соочувале некогашните жители на овој град, како и за нивната култура не се наоѓаат во Македонија. Многу од нив ги наоѓаме во странски музеи, како во Лондон, Париз, Њујорк, Белград, Софија и други градови низ светот. Тоа е резултат на големиот интерес на странските држави, особено моќните, за материјалната култура од Македонија и на развиената активност за прибирање на експонати и транспортирање во нивните музеи, но и на состојбата на непостоење на држава и соодветни македонски институции во периодот пред 1945 година. Во такви услови, од просторот на Македонија се изнесени огромен број културни споменици. Интересот за македонското културно наследство може да се мери со векови, па и милениуми. Познато е дека по римското освојување на кралството Македонија во Рим и други градови се однесени непојмливо голем број културни споменици од секаков вид. Во поновите векови, иако потрагата по архиелошко и  други видови наследство е актуелна и во средните векови, особено се засилува во 19 век. Познато е дека  уште од самиот почеток на 19 век, во времето на францускиот император Наполеон Бонапарта, од Македонија се изнесувале бројни значајни културни споменици. Токму два такви артефакти изнесол еден британски диппломат и истражувач, Вилијем Мартин Лик, кој во британскиот музеј однесол две бисти-една со ликот на антички поет и втората на античкиот оратор Ајсхин.

Познато е дека во музеј во Лондон се наоѓа една биста на поет за кого, некои научници, сметаат дека е славниот поет, авторот на двата најстари епови од Медитеранот, "Илијада" и "Одисеја", познат како слепиот поет Хомер. 

Мозаик од античка Хераклеја-Битола

Хомер, VIII п.н.е

Поетот, кој преку своите дела не запознава со бурните настани поврзани со бронзениот период на Балканот и Медитеранот, со голем број народи, градови и личности од тоа време. Еден од најстарите поети, кој создал високоуметнички поетски дела со исклучително богатство од митолошко-историски содржини и ликови. За неговото идентификување, како и утврдувањето на неговото потекло се борат десетици народи и  земји, а целосно не е разјаснета ниту енигмата на кој јазик и писмо ги пишувал своите дела. Според извесни пишувања на античките писатели, делата на Хомер ги собрал и уредил спартанецот Ликург, при едно негово престојување во Мала Азија. Всушност, неговите епови се најстари пишани документи од овој дел на светот и поради тоа имаат големо значење за нас.

Бистата е пронајдена меѓу остатоците на античкиот град Хераклеја кај Битола, во првата деценија на деветнаесеттиот век, поточно помеѓу 1805 и 1809 година, и му е дадена како подарок на британскиот дипломат, воен набљудувач, информатор, но и истражувач, археолог, филолог, географ и историчар, Вилиеме Мартин Лик од страна на Али Паша-Јанински со кого бил добар пријател и имале чести средби. Мартин Лик, во 1851 година бистата му ја предал на Британскиот музеј во Лондон.

Присуството на оваа биста во античкиот град Хераклеја кај Битола не упатува на фактот дека овој поет им бил познат на жителите на овој град, односно тие ги читале неговите дела и ги практикувале во културниот и образовниот живот. Таа е исклучителен документ за културната и образовната слика на животот на овој антички град, кој бил формиран во времето на Филип Втори Македонски и му било дадено името на епонимниот јунак на македонското кралско семејство на Аргеадите, Херакле.

Британскиот дипломат Вилијем Мартин Лик ја добил како подарок и бистата со ликот на еден познат антички оратор Ајсхин (389-314 г.п.н.е.), кој живеел во 4 век п.н.е. и бил подржувач на политиката на Фолип Втори, еден од најпознатите говорници, главен гласноговорник на Македонската партија во Атина, современик на познатиот атински говорник Демостен со кого бил противник поради наклоноста кон Македонците. Бистата претставува глава со неговиот лик со оформен врат и столбест дел со правоагален пресек со натпис на предниот дел на кој стои името на говорникот. Тој бил особено почитуван од Филип Втори, а присуството на биста со неговиот лик во античкиот град Храклеја кај Битола, говори за односот на жтелите на овој град кон неговиот лик и неговото учење, како и почитта која ја имале кон него Македонците во античкиот период.

Во 346 г. п.н.е. тој е во делегацијата од Атина составена од десет души, а во која се и Филократ (исто така од Македонската партија во Атина) и Демостен, кој доаѓа во престолнината на Македонија, градот Пела, каде е потпишан мировен договор со Филип Втори Македонски. Поради тоа подоцна тој е осуден од Демостен. Во 330 година тој е осуден да плати глоба и бега на островот Родос, каде предава реторика, а потоа оди на островот Самос каде умира во 314 г.п.н.е.

Жителите на античкиот град Хераклеја познавале уште еден од најстарите поети на Балканот, Хесиод. Уште еден антички поет, за кого некои сметаат дека живеел околу еден век по Хомер, а други дека тој е постар од него. Се работи за поетот Хесиод, кој напишал повеќе дела, но зачувани се само три. Првото дело е "Теоговија" во која не' запознава со античката митологија, со имињата на античките богови и античката религија на овој простор, второто е "Дела и дни" во кое се среќаваме со поучни стихови за принципите на однесување и работа и третото "Штитот на Херакле" во кое пее за војните, за демоните и ужасот на воените потфати. Токму од неговото второ дело, во Хераклеја кај Битола се пронајдени два стиха врежени на еден кубичен постамент од мермер. Ево го певодот на тие стихови: "Гладот и неволјата никогаш не стигнуваат до главатарите кои праведно судат и плодовите од својата самопрегорна работа тие ги уживаат во изобилие". Тоа се стиховите 230 и 231 од епот "Дела и дни" на Хесиод.

Столб со стиховите на Хесиод во челниот дел и текст во централниот дел "На божицата на правдата" од книгата Античките театри во Македонија од Т. Јанакиевски.

Од скромните податоци од античките извори се знае дека татко му на Хесиод живеел во Кима, населба на брегот на Мала Азија, каде се занимал со поморска трговија, но подоцна се преселил во Аскра, на југоисточните падини на планината Хеликон. Веројатно е дека таму се родил Хесиод. Како поет, Хесиод учествувал на поетски натпревар во Халкида на островот Евбоја и добил Прва награда, троножец, кој им го посветил на Хеликонските музи, закои се сметало дека престојувале на планината Хеликон. Умрел во своето родно место Аскра. Подоцна, Аскра била уништена од соседните Теспијци, па жителите се преселиле во градот Орхомен. Таму биле пренесени и моштите на Хесиод, кои имале особена почит кон него и неговите дела.

Од мермерните споменици пронајдени меѓу остатоците на античкиот град Хераклеја кај Битола е и еден фрагмент од глава, која го носи ликот на најзначајниот автор на новата античка комедија, Менандар. Тоа упатува на фактот дека овој автор и неговите дела биле почитувани во овој антички град, односно, дека неговите комедии биле играни во неговиот театар.

Менандар е роден во 343 година п.н.е. во Атина, во угледно семејство од мајка Хегесистрата и татко Диопит. Вујко му бил Алексид, кој исто така бил комедиограф и се смета дека Менандар од него ја учел комедиографската уметност. Бил пријател, веројатно и ученик на филозофот Теофраст, а пријател му бил и Деметриј Фалеронски, кој управувал со Атина од 317 до 307 г.п.н.е. во име на македонското кралско семејство. Во песната "Ибис" од Овидие запишано е дека се удавил во морето кај Пиреја, пливајќи и неговите сограѓани му подигнале надгробен споменик на патот од Пиреја за Атина. Овој споменик го забележал и античкиот автор Павсанија во своето дело "Водич по Хелада". Како година на неговата смрт се наведува 291 г.п.н.е.

Менадар напишал стотина комедии и за него се вели дека пишувал по една комедија за секој празник, но целосно е зачувана само една, а од другите се зачувани само фрагменти.

Во Хераклеја имало  споменици на многу славни личности од антиката - Од книгата Античките театри во Македонија од Т. Јанакиевски.

ПЕЛАГОН, . --  http://www.pelagon.mk 

Kind regards: 16 јули 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 225

ВИДЕОТЕКА

*************