ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО ДО ВЕЧНОСТА!

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

МАКЕДОНИЈА - ЗАНДАНА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ

СЕКОЈА ИМ "ЧЕСТ" НА ВМР-ОВЦИТЕ -  ЌЕ ПРЕЖИВЕАТ ЛИ БАРЕМ ТИЕ?

 

Македонија страда, а нема кој да и' пријде  да и' помогне. Сите минуваат покрај неа, но  не ги забележуваат  нејзините болки. Од корен се распаѓа! Не затоа што тој е слаб или плиток, туку затоа што е здрав и длабоко во утробата на земјата. Накитен со убави гранки и секогаш зрели и сочни плодови од кои сите би сакале да скубнат, по нешто. Ете, баш и затоа треба да се брани од натрапниците и арамиите.

Но, каде е храбриот војвода македонски,   да го развие македонското знаме, да стане на чело на колоната и да го поведе народот како некогаш Гоце Делчев и неговата дружина? Тоа што беа Римските, Турските, Бугарските, Србските, Грчките, Германските, Италијанските и Албанските хорди, сега се македонските фашисти, изроди и предавници, собрани во СДСМ и ДУИ, заедно со македонскиот политички џган од минатото. И дури Македонците му се молат на Господа за помош, хунтата на Зоран Заев  ја докусурува државата спрема договорите со Грците, Бугарите и Албанците. Странските  мрачни авети стојат зад нив и ги подучуваат како да ја довршат програмата, стара над 100 години. Да ја довршат, ако сакаат да влезат во НАТО и Европската Унија, за да си ја сочуваат и сопствената кожа.

Меѓутоа, возот си замина и од НАТО и ЕУ нема ништо, зошто тоа што Западот го бараше од нашите аматери и полуписмени квази политичари го добија. Нашите солзи не ги интересираат, ниту загрижуваат. Зоран Заев  е веќе пуштен низ вода да се удави, ама Македонија не е повеќе што до вчера беше: и' го променаа, насилно, нејзиното уставно име Република Македонија во  Република Северна Македонија и постана  зандана за Македонците!

Ќе смогнат ли сила македонските оратори  да се обединат во заеднички македонски фронт против ненародната Влада на Зоран Заев пред да бидат позатварани  и отстранети од нивните семејства како и оние кои веќе гнијат во нивните зандани? Ќе можеме ли да ја прекинеме македонската агонија  и ги протераме незаконските властодршци и узурпатори на власта надвор од нивните дувла? Зарем ништо не ни значат заканите на Зоран Заев дека ќе им ги отворел вратите на сите емигранти кои сакаат да влезат во Македонија и постанат, веднаш, рамноправни граѓани на неговата Северна Македонија? Па тоа сценарио за добивање додатни гласачи веќе е видено: со бегалците од Косово кои никогаш назад не се вратија, а денес се најголемите душмани на своите доброчинители! Зарем и од другите од Азија и Африка да бегаме како од Албанците кои ни ја презедоа државата без куршум да испукаат? 

За чудо, ама Македонија постана приватно претпријатие на Зоран Заев и криминалците околу него. Зарем навистина не остана ништо здраво од безбедносните сили на Република Македонија, туку и тие им се придружија на овој манијак против самите себе си? Ајде браќа, разбудете се! Македонија е во опасност од внатре! Срамот и кукавичлукот се потешки од смртта. Цел свет не' гледа како ја претвораме гордата македонска држава во урнатини, а националното достоинство си го продадовме за празни ветувања и лаги од недоветни.

Македонија е наша заедничка Мајка која од секогаш верувала во нас и се надевала, дека во даден момент и ние ќе си ја исполниме должноста! Ќе и' се оддолжиме за нејзината љубов и вечна грижа! Времето е вчера. Утре ќе биде доцкан!

Македонија пак ќе крене глава, ако не денес, ама еден ден кога ќе изроди здрави и храбри луѓе. Секоја клетва е тешка, ама мајчината е најтешка. Ја боли душата, кога  сопствените деца и' го вртат грбот и креваат раце од НЕА!

Ете  тоа се случува денес со нашата Татковина, оставена на милост и немилост во рацете на алчните соседи и домашните изроди и предавници:  обесправена, понижена и посрамена пред светот, кој не гледа со презир.

Драги мои, има  многу други народи како нас, загрозени од посилните и нечесните во светот. Секој од нив си го бара своето чаре да се ослободи од нивната отровна прегратка. Но прегратката со која нас, Македонците, не прегрнаа е  страшна и за посмелите од нас. Страшна, зошто доаѓа од тие од кои чекавме спас. Од тие, кои ги сметавме за пријатели во добро и во зло. Од тие, на чија страна се боревме кога требаше.

Кликата на Зоран Заев и неговите следбеници сместени во СДСМ, дувло на неранимајковци, злосторници, кодоши, предавници, безпоговорни квислинзи на црните светски сили веќе се изгубена приказна за Македонија и треба да си одат на било кој начин. Но и другите кои се колнат со двете раце дека се наследници на Гоце Делчев, Питу Гули, Дане Груев и Сандански, не се поарни. Можеби и поопасни, зошто се соучесници на првите.  Празните зборови  и уверувања во поарно утре  не се патриотизам. Без акција не се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е со народот. До сега не се докажаа дека се следбеници на Илинденците и Крушевската Република, прва на Балканот, симболот на македонската борба за слобода, од сите неправди. Надворешни и внатрешни.

Секој ден губиме по некое  парче од Македонија и од нашите души,  а ние? - се' уште молчиме, надевајќи се дека Господ ќе ни помогне да се спасиме. Не, не! Утре ќе биде предоцкан ако и понатака спиеме! Зарем не го слушате крикот на Македонија и оние кои неможат сами да си помогнат?  

Неодамна прочитав еден пишан материјал  со загрижувачки наслов: ПЛАНОТ НА АЛЕН ДАЛАС: ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА?

Верувам дека сте слушнале нешто за неговата содржина и за неговите цели и намери. И тоа не само за денес или утре, туку доктрина злосторничка, геноцидна,  која му се законува со истребување на цела една раса: Словенската! Со истребување на православниот словенски народ, кои го сметаат за недостоен да им биде сосед на планетава создадена од Бога,  за сите  подеднакво. Вклучувајќи ја  Македонија и нејзиниот народ. Народ Библиски и исконски со многу придонеси во светската цивилизација и култура.

Еве го планот на најголемиот светски злосторник, Алан Далас, наследник на своите претходници кои ја сотраа една огромна мирољубива индијанска американска цивилизација. Ги истребија како диви животни, им ја украдоа земјата, ги затворија во резервати и со наркотици и алкохол им ги уништија традициите и нивите  културни и посебни цивилизациски вредности.

Сакаме ли и ние да постанеме ПОСЛЕДНИ МОХИКАНЦИ во срцето на Европа?

Но прво збор два за Ален Далас. Кој беше и што му се вртеше  во неговата глава дури размислуваше како да го уништи светот и од него да создаде огромна рамнина со безброј живи и безимени суштества, кои ништо не знаат за нивното минато, ниту пак ги интересира иднината.

Ален Далас  роден 1893 умрен 1969 година, од 1942-1945 година  одговорен за политичката разузнувачка служба во Европа, потоа директор на ЦИА од 1953-1961 година, бил еден од организаторите на разузнувачката шпијунажа и саботажа против Советскиот Сојуз, неговото уривање заедно со други социјалистички држави, вклучувајќи ја СФРЈ и Република Македонија.  И на крајот,  идеолог на студената војна помеѓу истокот и западот.

Ево ја неговата злосторничка филозофија против човештвото, особено против словенските народи:

"Словените неможеме да ги победиме со војна. Зато ние ќе им создадеме лажни идеали и тие самите ќе се истребат! Ние ќе ги обезвредиме нивните духовни и морални вредности, со што ќе ги поткопуваме темелите на здравата популација сукцесивно, поколение по поколение. Ќе започнеме од раните детски години се' до  зрелите. Секогаш ќе бидеме фокусирани на младината како да ја деморализираме со развратен живот без одговорности. Од нив ќе создадеме арогантна и цинична маса млади луѓе, вулгарни и со космополитски погледи на светот. Ќе им дадеме лажни идеали и тие сами ќе се сотрат! 

...Војната заврши! Пополека се' ќе изградиме не штедејќи средства и труд. Ќе дадеме се' што имаме: злато, материјална помош во магарчење и замајување на луѓето. Зошто човечкиот мозок и  свеста на луѓето се променливи. Ако им посееме хаос, неприметно ќе им всадиме лажни вредности и ќе ги присилиме да ги прифатат. Како? Ќе најдеме истомисленици, наши сојузници и помошници во нивните татковини. И на тој начин, малку по малку ќе создадеме погубни услови за самоуништување на сите православни Словени и конечно, неповратно ќе им ја угасиме нивната национална свест. Книжевноста, културните институции и медиумите ќе ги величаат најниските човекови страсти. Ќе ги помагаме сите оние кои ќе работаат на всадување во човековиот ум и разум култ на сексот, насилството, садизмот и предавствата. Со други зборови, сите неморалности кои постојат.

Во управување со државите ќе создаваме хаос и неред итнт. до недоглед".

Што е најважно да се нагласи е следното: Уште во 1945 година, кога тенковските и цевките на пушките се' уште не се оладија,  помеѓу западните сојузници и Германците биле потписани договори за соработка во полињата на разузнувањето и шпијунажата. Меѓу потписниците се наоѓало името и на Ален Далас, познат по длабоката омраза спрема Словените, а особено спрема Русите.

Овие се денешните властодршци во Македонија! Радмила Шеќеринска и Зоран Заев, гробари на Македонија, но и на самите себе! До кога?

Па драги мои, и од овие куси извадоци од злосторничката филозофија на Ален Далас е видливо од каде и од кого дојдоа лошите духови и во Република Македонија. Кој ја финансираше и зошто "шарената револуција" и кој го постави Зоран Заев за извршување на пеколните планови за уништување на Република Македонија и создавање на творбата Република Северна Македонија. Држава Авет без историја, без меморија за минатото, со погледи во непознатата иднина и обесчествување на Македонците во нивната сопствена држава.

За Зоран Заев, но и за многу други како него,  од академската заедница,  уништувањето на македонската држава е само уште една не сериозна игра, која им ја дозволи македонскиот народ, неверувајќи им дека се способни да му го свртат грбот и за ситни пари им го продадат националниот идентитет и од македонски суверен во својата држава, да го трансформираат во безимена аморфна група на граѓани, на пониско ниво од националните малцинства.  Зарем и тие мислат дека во некое идно време ќе и' побегнат на правдата,  која ја погазија без икакви чувства на одговорност?

За секогаш, Ваш Сотир. 

Браќата Миладиновци

 

ЗА ЗБОРНИКОТ НА БРАЌАТА МИЛАДИНОВЦИ

***********

Пред 158 години во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на струшките браќа Димитар и Константин Миладинов, македонски преродбеници од 19 век.

Зборникот подоцна стана учебник за идните генерации македонски писатели. Објавувањето на Зборникот го овозможи хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер.

Зборникот на Миладиновци е најзначајната книга на македонската преродба, заедничко дело на двајцата браќа. На 24 јуни 1861 година првите примероци од Зборникот излегле од печатницата на Анте Јакиќ во Загреб и им биле испорачани на претплатниците.

Бискуп Јосип Јурај Штросмаер.

Печатењето на Зборникот било финансирано од хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, за што Кнстантин во посветата му искажува голема благодарност. Ова епохално дело сорджи 584 песни од разни краишта на Македонија (Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Дебар, Кукуш, Костур и др.) кон кои непосредно пред објавувањето биле приклучени 76 бугарски песни од Софија и од Панаѓуриште, што Кнстантин ги добил од В. Чолаков.

Песните се поделени во групи: самовилски, љубовни, свадбени, лазарски, на Водици, на Ѓурѓовден и жетварски. Зборникот содржи и други фолклорни и етнографски материјали (детски игри, свадбени и годишни обичаи од Струга и Кукуш, верувања, игри, преданија, сопствени имиња, пословици, гатанки, речник, лалп и имиња на претплатниците).

Во предговорот Константин ги изнесува своите сфаќања за народното творештво како "показалка на степенот на умственото развитие на народот и огледало на неговиот живот", за народното оро како "училиште каде се усовршенствувала народната ни поезија" и сл. Константин при изборот на песните вршел селекција, од повеќе варијанти ја избирал најдобрата, што значи Зборникот има карактер на антологија.

Уште кога заминал на студии во Русија, Константин понесол одреден фонд песни. И подоцна Димитрија собирал фолклорни материјали и му ги праќал на брата си. Константин не успеал зборникот да го објави во Русија, иако за него најпофално се искажале значајни имиња од руската славистичка наука. Тој воспоставил контакт со Штросмаер и договорил средба во Виена. Големиот мецена на словенската култура се согласил да го финансира Зборникот со една забелешка-материјалите што биле запишани со грчки букви да бидат препишани со кирилица. Константин тоа го прифатил.

Денешен.мк

Спомен плоча.

 

СРЕМСКИОТ ФРОНТ И МАКЕДОНЦИТЕ

Една недела по капитулацијата на фашистичка Германија, на 15 мај 1945 година, поранешна СФРЈ дефинитивно се ослободила од окупаторот, а за тие 6-7 дена загинале голем број Македонци во завршните операции на Сремскиот фронт.

Како што е познато, 9 мај се смета за Ден на победата над фашизмот или по ново Ден на Европа, а во некои европски држави како официјален датум за крај на Втората светска војна се смета 8 мај 1945 година кога капитулирала Германија. Со капитулацијата на Германија германските сили се предале, со што завршила Втората светска војна во Европа.

Но, воените операции во поранешна Југославија продолжиле уште една недела, кога загинале и биле ранети голем број Македонци, на Сремскиот фронт, каде што се бореле 25.000 македонски партизани.

Сремскиот фронт настанува кон крајот на 1944 година од германската војска која се повлекувала од реонот на Белград и имал стратегиско значење, бидејќи на тој потег се штител единствениот пат за извлекување на делови од германската армија.

Вардарскиот дел од Македонија, однсно територијата на денешна Република македонија бил ослободен уште во 1944 година, а македонската војска наместо кон Солун, била префрлена на Сремскиот фронт. Во јануари 1945 година, 15. Корпус бил префрлен во Земун, каде формациски влегол во составот на Првата Армија. Корпусот на 21 јануари имал 15.400 борци и старешини. Во март 1945 година на корпусот му се придодадени уште две бригади, Прва и Втора македонска артилериска бригада.

Петнаесеттиот македонски корпус бил создаден во декември 1944 година, во близината на Скопје, а потоа заминал во Срем, бидејќи бил придодаден на Првата Армија, која добила задача да го пробие Сремскиот фронт.

Македонскиот корпус имал голема улога во ослободувањето на Посавина, каде што водел тешки борби со далеку подобро вооружената германска војска, која имала големи утврдувања на фронтот. На неколку места, корпусот имал големи човечки загуби: На 15 април 1945 година, во Будровец, во близината на Ѓаково, загинале 210 македонски партизани, а потоа во борбата кај Врполе корпусот имал уште поголеми загуби, каде загинале 1.000 македонски војници.

Големите жртви се должат на фактот што војниците на корпусот биле опремени само со лесно пешадиско вооружување.

Од вкупно 25.000 борци и старешини, на Сремскиот фронт загинале најмалку 1.674 борци, ранети биле 3.400, а за исчезнати се сметале 378 борци и  старешини.

 Денешен.мк - 15 мај 2019 година 

Ана Бунтеска, поетеса

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

ДУР ДУШАТА ТИ УМИРА НЕКАДЕ ПО ПАТОТ

  • Со нокти
    во дланки зариени
    како птица
    како грабливка
    нема
    полудена од бол
    и ликот небаре камен е
    со sвезди во очите
    со отров на усните
    и главата горе
    по ѓаволите
    главата горе држија
    иако ништо не гледаш
    а чекорот ти е бавен
    бесцелен

  • уморен од асфалт и бетон
    го носиш врз сенката уморното тело
    без сон
    ниту храна во него
    со крв која клокоти
    од страст
    од немоќ
    по него
    по себе до него
    по допир
    на неговата рака на срцето
    за да се смири
    да се воедначи

  • да не избега и излета
    и одиш
    чекориш упорно
    дур стапалата ти крварат
    и дур душата ти умира
    некаде по патот
    зад себе ја погребуваш
    и безгласно во себе повторуваш
    за да не заборавиш
    за да запаметиш
    главата горе
    главата...горе...
    ************
    Автор: Ана Бунтеска

Славе Катин

 

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 17

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ - ДЕЛ I

**************

Едно од тесалиските племиња од Димини културата од подунавските простори биле Тироите. Томсон (1954 г. 134) смета дека Тироите и Лапитите биле гранки од ист народ. Додека Лапитите го населувале северноисточниот дел од Еолија (Тесалија), Тироите боле населени во рамницата околу Пегаситскиот Залив, околу денешниот град Волос. Нивна прва татковина биле населбите покрај море, како што биле: Филаке, Ферај, Јолк, Нелеја, Бојбе и Кранон. Археолошките локалитети на Димини културата се наоѓаат покрај античката населба Јолк.

Тироите го носат епонимот на својата прамајка по име Тиро. Зборот Тиро значи сирење, а иста ономастика имало и местото на стариот плоштад во Атина, каде што се продавало свежо сирење. Во нашите палеоглосолошки истражувања на ономастиката во Србија, топоним со исто име како сир-аково, најдовме во Стичкото Поле, источно од Пожаревац и Млава. Во Македонија постои село Сирково, Велешко.

Пиндар (Ryth., 4, 138) кажува дека Тироите мигрирале на север, преку Македонија и дека нивната прамајка Тиро се заљубила во богот Посејдон од Петра на падините на Олимп. Како своја религија, верувањето во богот Посејдон го донеле со себе и доселениците Тирои, како и нивните сонародници Лапити.

Во митологијата името Тиро се јавило во праисторијата, како во Тесалија, така и во Елида на сверозапад на Пелопонез. Тесалската Тиро била жена на богот Посејдон (Херодот, VIII, 55 и Паусанија, II, 1 и понатаму, но и на Кретеј, кралот на Јолк, кој бил син на Еол.

Родоначалникот на сите Еолци, кралот Еол, во Одисеја (X, 176) се јавува како господар на сите ветрови и крал на карпестите пловечки острови на Еолија. Според друго предание, тој бил син на богот Посејдон и Меланипа, која била ќерка на  Елениниот син Еол, внука на кентаурот Хирон, Кај Хомер (I, 1, VI, 152 и понатаму), како и кај  Одисеја (II, 235 и понатаму), Еол бил татко на Кретеј и Сизиф, додека кај Хесоид, како негови синови се вбројуваат уште Атамант, татко на Фрикс, Салмонеј и Периер, а кај Аполодор (Библ., I, 73) и Магнет.

Според подоцнешните легенди, кои ги бележел Паусанија (IX, 20 и 40), Еол бил епонимен херој на Еолците, син на Хелен и нимфата Орсида, брат на Дор и Ксут и татко на седум синови и пет ќерки, меѓу кои биле: Кретеј, Сизиф, Атамант, Магнет и др. Бидејќи Хелен, Дор и Јон не му биле познатаи на Хомер, Томсон ( 1954 г., 128-130) смета дека односите на Еолците со Хелен, Дор и Јон се подоцнежни и тежнееле  трите одвоени и етнолошки различни племиња на почвата на Елада, Ахејците, Еолците и Дорците-правите Хелени, да ги спојат во единствен хеленски етнос.

Заради тоа, за Хелен, Дор и Јон не се продолжува да се зборува во овие анализи. Понатаму Томсон истакнува дека е симптоматично Сизиф и Кретеј генеолошки да потекнуваат од Тесалија (Еолија) и да имаат тесалски имиња, кои им припаѓаат на Минијците и Лапитите, односно на носителите на палобалканскиот јазик од Подунавје, кој бил база за подоцнежниот грчки јазик.

 

Синот на Еол, Сизиф, според митологијата, бил крал на Тесалската Ефира (подоцнешен назив Кранон). Страбон (328 и понатаму) тврди дека со името Ефира се јавуваат пет градови во Елада и тоа во Тесалија, на Коринт, во Елида, во Епир и во Етолија. На овие простори во праисторискиот период не биле евидентирани Ахејци, Дорци и Јонци. Како владател, Сизиф важел за грабливец и итар човек.

Тој често ги откривал тајните на боговите, па затоа по смртта во Хад, по казна на Зевс, морал да ја турка карпата по нагорнина, која постојано паѓала и се враќала во подножјето - "Сизифова работа". Според Аполодор (Библ., I, 7), како негови деца се споменуваат: Миниј, Алмо, Терсандер, Глаук, Орнит и Одисеј. Сизиф бил погребан на Истма на Пелопонез, а митот за него го користеле Есхил, Софокле и Еврипид во нивните драми.

Алмо имал тесалско име и во митологијата се споменува меѓу кралевите на минискиот Орхомен. Неговата ќерка Хриса му родила син на богот Ареј, по име Флегиј, додека другата ќерка Хрисогенија го родила синот Хрис, кој бил Аполонов свештеник во гррадот Хрис во Тројада. Ќерката на Хрис, Хрисоида, била убава и чесна девојка која Грците ја заробиле во походот на Троја. Потоа му била дадена како плен на врховниот грчки војсководец Агамемнон.

Следниот Сизифов син Орнит бил владател на Локрида. Владеењето му го пренеле на својот син Фок, додека другиот син Троант владеел со Коринт.

Троант го наследил татковиот престол во Коринт. Во време на неговите предци, Дорците-Хелени, под водство на Алет ја освоиле коринтската област во 1100 година пред Христа.

Фок е епонимен херој на Фокида и маж на Антиопа. Терсандер е епонимен херој на градот Коронеја во Беотија, близу минијскиот Орхомен.

Во коринтскиот мит Глаук е син на Сизиф и татко на Белерофонт. Владеел со Коринт (Ефир) и бил прочуен како одгледувач на коњи, особено кобили.

Белерофонт бил познат  коринтски херој. Заради убиството на Белер морал да го напушти Коринт и да отиде ви Тиринт, каде кралот Прет го ослободил од гревот. Сопругата на Прет се вљубила во Белерофонт, па поради интригите морал да го напушти Тиринт, а по налог на Прет бил испратен во Ликија кај негов пријател. Со помош на боговите и својот крилест кољ Пегаз направил значајни херојски дела.

Кога кралот на Ликија Јобат видел дека кон овој дојденец боговите биле наклонети, му отстапил половина кралство и го оженил со својата ќерка Филиноја. Со неа имал двајца синови, Хиполох и Исидер и ќерка Лаодамија. Белерофонт бил почитуван како херој во Коринт и во Ликија. Негов внук бил Сарпедон, син на Лаодамија и Зевс.

Сарпедон бил владател на Ликија, поседувал големи имоти и бил почитуван како бог. Учествувал во Тројанската војна од страната на Тројанците и се борел јуначки со Патрокло, кога и загинал. Бил погребен во Ликија. Еден од Еоловите потомци бил и Филак, основач на градот Филака во Тесалија и бил познат херој. Биле прочуени неговите говеда (Хомер,I, 1,II, 705). Неговата жена била Климена, ќерка на кралот Миниј. Нивни деца биле Ификло и Алкимеда, која била мајка на Јасон и била омажена со Есон, од племето Тирои. Ификло бил познат тркач и учествувал во походот на Аргонаутите, во 1225 година пред Христа. Деца на Ификло и Астиоха биле Подарко и Протесилај.

Протесилај бол помладиот син на Ификло. Се оженил со Лаоданија, ќерка на Акасто. Неговиот дедо Акаст бил син на кралот Пелија од Јолк во Тесалија. Во брзањето што побрзо да тргне во Тројанската војна, Протесилај заборавил да принесе жртва при венчавањето, па го навлекол на себе гневот на Афродита. Пред почетокот на Тројанската војна, на Грците им било проречено дека првиот јунак кој ќе стапне на тројанско тло ќе го изгуби животот. Невнимателниот Протесилај бил тој, а бил убиен од тројанскиот херој Хектор. Протесилај бол погребан на тракискиот Херсон.

Но, во Хадот не можел да ја заборави својата Лаодамија. Бидејќи боговите се сожалиле на несреќниот јунак, му дозволиле кратко да се врати во својот дом во Тесалија. Кога дошла разделбата, Лаодамија,  која не можела да ја преживее разделбата, пресвиснала од болка во неговата прегратка. Потоа жива се фрлила во оган и го завршила својот живот. Љубовта меѓу Лаодамија и Протесилај ја овековечил Еврипид во трагедијата "Протесилај".

Генеологијата на Еолците продолжува со синот на Еол Кретеј и неговата женидба со Тира, чие име се јавува како во Тесалија, така и во Елида на Пелопонез.

Во легендата на тесалиските  Тирои, Кретеј бил смртник, крал на Јолците. Тој се оженил со својата внука од брат Тира, која му родила тројца синови, Ферет, Амитаон и Есон. Кретеј ги усвоил и двете деца на неговата сопруга со богот Посејдон, Пелија и Нелеј (Аполодор, Библ.,I, 7, 3).

Ферет бил основач и епонимен херој на градот Фере (Рига од Фере) во Тесалија, Северозападно од Волос. Ферет бил оженет со Периклимена, ќерка на кралот Миниј, по потекло од Подунавје. Нивни деца биле: Адмет, Еидомена, Периопеда и Ликур, кој бил крал на Немеја за време на походот "Седуммина" против Теба, 1213 година пред Христа. Адмет го наследил својот татко Ферет. Како крал на градот Фере, го проширил своето владеење на уште четири тесалиски градови, а подоцна и на цела Тесалија (Еолија).

Вториот син на кретеј и син на Тира, Амитаон, се оженил со Феретовата ќерка Идомена, која му родила двајца синови, Мелампод и Бијант. Тие со своите приврзаници мигрирале во Пелопонез. Аполодор (Библ. I, 1, 2, 3) бележи дека тие биле внуци на Кретеј, но и Минијци. Според Паусанија (VI, 17, 6),потомците на Малампод и Бијант живееле во Мегара во Атика, Месенија и Акарнанија.

Продолжува 

ВИДЕОТЕКА

***************

Kind regards: 11 јули 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 224