Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ИСТОРИЈАТА Е МАЈКА НА МУДРОСТА И ПРИВИЛЕГИЈА ЗА МУДРИТЕ

*****************

 

Да се биде политичар e чест, засладена со голема  одговорност. Гордост и привилегија да му се служи на својот народ и својата татковина. Да се прават добри дела  за себе,  и за сите околу себе.

Да се биде политичар, треба да се биде чесен, несебичен, работен и  мудер човек,  секогаш во првиот ешалон на одбраната на националните интереси  и на својот народ. Да се биде политичар, потребна е храброст да се прифати и одговорноста за своите слабости и своите  грешки. Да се повлече кога ќе почувствува дека со својата немоќ ја осиромашува државата и го насочува народот на погрешен и фатален пат, без повраток.

Образовен и искусен политичар треба да си ја  познава својата сопствена историја, ја почитува, и брани. Да ја познава и дополнува, како што правеа нашите далечни и блиски предци, за ние да се гордееме и поносиме со нив. Народ кој има такви слуги, такви народни трибуни е среќен народ, долговечен и просперитетен. Но за жал, такви има малку, ама ни еден во Македонија! 

Македонија е едно од  местата за живеење, во кое правото и правдата се туѓи и непознати поимови.  Земја од градина, во кусо време, од само една година,  претворена во земја на срамот, примитивизмот, криминалот, арамилакот...Земја налик на Содома и Гомора, која очекува некој да ја сотре, заедно со изродите, предавниците и  ЖГАМОТ, од едната и другата страна на македонскиот политички спектар. 

Впрочем, има и други земји како Македонија каде цвети криминалот, корупцијата, богатењето на незаконит начин и понижување на народот. Но и покрај сите тие мани и недостатоци во системот, институциите работаат и нивната моќ допира до сите сегменти на општеството и не се прават значајни отстапки кога се работи за повреда на виталните закони на земјата. Повреда на Уставот и законите без кои нема држава.

Пред да го започнам текстов  наидов на интересна колумна во еден од многуте хрватски пишани медии чија прва задача  им е следење на правото, правдата и вистината. Се работи за поранешниот висок функционер-премиер на Хрватската Влада, Иво Санадер.

Најверојатно на многу од вас ви се познати неговите криминални афери низ Хрватска и манипулациите со народот, особено со членовите на  ХДЗ (Хрватска демократска заедница), чии претседател беше во два мандати. Меѓутоа, безбедносните органи на Република Хрватска си ја вршеја и си ја вршат својата должност. Не ги класифицираат луѓето спрена нивниот положај во општеството, ниту спрема нивната имотна состојба. И ако од разни причини се отстапува, по некогаш, од правилата на однесување спрема државата, ама никогаш кога се работи за  националните интереси на народот. 

Правдата и ако спора, сепак нему дозволи на поранешниот висок државен службеник, Иво Санадер, да побегне во странство, спротивно на случајот со Никола Груевски, кога се најде пред вратите на Идризово со нечија помош ја напушти земјата и се скраси во Унгарија.

Иво Санадер, за своите  криминални деjности, вклучувајќи ја корупцијата која му овозможи да на незаконит начин се стекне со материјална корист од повеќе милиони долари, беше, конечно, осуден  на 6 години робија  да  "ужива" во затворот   Реметинец.

Ќе биде ли и македонскиот премиер Зоран Заев осуден  за неговите злодела против македонската држава и потполно уништување на уставниот поредок, заедно со продавање на нациналниот идентитет на Македонците?

Ќе биде ли Зоран Заев осуден за одрекнување од дел на македонскиот народ надвор од државните граници на нивната татковина Македонија и забранување да зборуваат на македонски и јавно да се декларираат како Македонци?

Ќе биде ли Зоран Заев санкциониран  за узурпирање на власта во македонската држава и потпишување на погубни и капитуланстки договори со Грција, Бугарија и Албанците спротивни на волјата и желбите на Македонците? Само да не пикни во организации од кои тешко се излегува, а нема да ни користат којзнае колку? Или со тоа сака да го исполни странскиот проект за решавање на македонското прашање еднаш засекогаш и да си ја спаси својата кожа од казните кои било кога ќе  го сместат таму каде му е местото?

Ќе биде ли Зоран Заев санкциониран за менување на унитарниот карактер на Република Македонија во полза на албанското малцинство кое брои не повеќе од 15-16 % од вкупното население во државата, а на штета на државнотворниот и мнозински македонски народ, како лична награда за помошта да дојде на власт за да ја урниса Република Македонија, до непрепознавање?

Ќе биде ли обвинет за велепредавство заради потпишување на штетни договори со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија со кои се менува националниот идентитет на Република Македонија и бришење на Македонците како државотворен и мнозински народ и неговото деградирање од народ во безимени граѓани во новата политичка творба Република Северна Македонија?

Ќе биде ли Зоран Заев "награден" за се' што и' направи на македонската држава и го поништи постоењето на македонската нација заедно со нејзиниот национален идентитетет, ако не со нешто друго барем со Нобелова Награда?

Главниот обвинител, Дражен Јелениќ, во случајот Планинска и Иво Санадер рекол, дека државата ќе ги разгледала сите можности кои и' стојат на располагање со цел, по конечната пресуда, да му се заплени, на Иво Санадер, целиот незаконски стекнат имот.

И замислете си,  6 години робија и заплена на незаконски стекнатата добит само за аферата "Планинска", а каде му се дтугите афери за кои, ако биде осуден, би гниел доживотно во својата ќелија и никогаш повеќе да го нема жив на бела виделина.

А колку животи би требало да имаат Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и некои други од оваа банда за да ја задоволат правдата која веќе им виси над главите? Тоа ќе се види кога наскоро ќе бидат пуштени низ вода од страна на нивните газди, кои повеќе ги нема, и ќе ги земе во своите раце народната власт, која веќе им зема мерка  како и кога да ги смести далеку од очите на Македонците.

Да се разбереме! Република Хрватска не е идеална самостојна држава на Балканот. Таа е мултинационална балканска држава, со сите добри и лоши карактеристики, ама сепак, нејзините институции работаат сложно и во полза на зедничките национални интереси, а пак малцинствата си го знаат каде им е местото. Албанците се дел од групата малцинства, ама не бараат половина од Хрватска иако си фантазираат дека се "автохтон" илирски народ на Балканот, а Хрватите им ја "окупираа" дедовината. Си ја гледаат својата работа и се помали од маково зрно, зошто знаат од каде се дојдени и каде можат да се вратат, како и Србите, кои ја бараа половина Хрватска  па го изгубија и тоа што го имаа  со векови.

Република Хрватска е дел од заедничката држава СФРЈ. Исто како и Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и две автономни покраини Војводина и Косово и Метохија. Беше во жестока војна со Србите, но и на кусо и со Бошњаците во Босна и Херцеговина. 

Во нејзината борба за самостојност голема улога изигра хрватското иселеништво од цел свет. А ги има повеќе милиони, како, впрочем и македонското. Меѓутоа, државата Хрватска никогаш не се одрекла од својот народ, било каде да живее и од било која генерација доаѓаат.  И затоа е цврста и праведна и ако на ист начин за време на приватизацијата до темел беше ограбена, спрема бизарниот план на нивниот Прв Претседател Туѓман. Неговиот погубен план за 12 најбогати семејства во Република Хрватска, како божемeн "нов" мотор во развојот на економијата, ја фрли хрватската држава во проблеми со невработеноста и заостанувањето во економскиот развој од кои и ден денешен неможе глава да крене.

Втората светска војна донесе големи политички социјални и економски, но и воени промени во светот и на Балканот. Хрватите заедно со горе набројаните балкански народи од Кралевина Југославија, формираа Социјалистичка држава и сите заедно, како рамноправни партнери продолжија да градат нови односи и поарен и безбеден живот.

Меѓутоа, таканареченото "македонско прашање на Балканот" и понатака тлееше како запретана Пуза во мангалот на Сулејман Величенствени, чекајќи си го времето да пламне и да ја зафати одново Македонија. Меѓутоа, за да се разнебити Република Македонија, како недовршен дел од проектот за тотално закопување на Македонија во минатото, заедно со Македонците од сегашноста, требаше прво да се растури  СФРЈ, се разбира, после смртта на нејзиниот доживотен претседател Јосип Броз Тито, за потоа да ги вмешаат прстите во внатрешните работи на секоја поединачна Република, меѓу кои и Република Македонија.  И бидна така!

Лесно и нехумано, применувајќи ги истите испробани методи со сеење омраза меѓу етничките заедници, како најлесен начин за растурање на повеќенационалните држави, Западот, преку Грција, Бугарија и Албанија се фрли во акција, како и за времето на Балканските  1912/1913 и Првата светска војна 1914 година.

И Хрватска, како и другите самостоjни, поранешни, републики на СФРЈ ги помина сите сцили и карибди, на свој начин, и со многу пролеана крв. Од сите, само Република Македонија без крвав конфликт се раздружи, а со референдумот од 8 септември 1991 година, македонскиот народ,  скоро едногласно, одлучи да го продолжи  животот како самостојна, суверена и национална држава  на Македонците и на сите граѓани од бројните национални малцинства. 

Меѓутоа, Хрватсака со себе  однесе само дел од товарот  на поранешните времиња, поврзан со нерешените етнички односи со Србите, кои претендираа на дел од нејзината територија, слично како и со Македонија.

Таканареченото "македонско  балканско прашање" од пред 120 години, одново исплива на површина и постана пречка во понатамошниот опстој на македонската држава и нејзиниот народ. Се појави како пречка со опасни последици по името на државата, нејзиниот идентитет и идентитетот на Македонците. Тоа беа и останаа најголемите проблеми иницирани од соседите: Грција, Бугарија и Албанија. Секои од нив со барања за кои мислевме дека одамна сме ги решиле. И така, од 1991 до 2018 година Западот и Европа се подготвуваа да се вратат  назад во 19-от век, за да ја докусурат Македонија и Македонците и  еднаш за секогаш македонскиот проблем на Балканот, да постане минато.

Ама, мораше да се изнајде повод и средства за остварување на тој пеколен проект. Името  Македонија почна да му "пречи" на Грција и се' што претставува македонско. Зошто? Затоа што нивните апетити за туѓи територии ги скрија зад историските потреби Македонија да се вратела назад каде и припаѓала, т.е. во состав на грчката модерна држава, која, впрочем, никогаш ниту постоела како таква. Со тотално фалсификувана историја, потпомогнати од своите западни сојузници проблемот го подигнаа на светско ниво и удрија по нас и нашата држава. Нивниот образовен систем произвведе кадрови од сите профили со искривена перцепција за светот и Грција во него. Македонската силна Монархија  и нејзиното наследство  го присвоија за себе, а Македонците ги претворија во славјански дојденци, натрапници во 6 век, кои ги сметаа како окупатори на нивната територија која никогаш не била нивна.  Ако ја примениме физиката, дека во мало стомне неможе да влезе течност од голема бочва, ќе ја потврдиме и вистината за алчноста на Грција и големината на западните интереси врз територијата на Македонија. Аналогно, малата робосопственичка државичка Атина, заедно со нејзините соседи со кои била во постојани воени судири не би могла да ја проголта ниту "опашката" на Македонија, како развиена и силна монархија, а камоли нејзината "глава". Но, каде е силата, нема правдина. Гладните  sверови секогаш се здружуваат во чопори, зошто сами немаат ниту сила, ниту храброст да ја совладаат својата замислена жртва. Тоа е факт, кој повеќе пати го има потврдено историјата. Македонската историја! 

Па затоа прибегнаа кон нечесна, барбарска, игра  со итрина, уцени, закани, економски санкции и изолација, со цел полесно да му ја свиткаат кичмата и да го обесхрабрат  народот за одбрана. Игра, непримерена за западните  декларирани вредности и определби: мир, право и правда и почитување на човековите права гарантирани со разни  меѓународни конвенции потпишани и од нив после завршетокот на Втората светска војна. Потоа гаранција за неповредливоста на националните и државни граници, соработка, демократија (почитување на гласот и волјата на народот и носителот на сувереноста на Република Македонија) и сето тоа во духот на  традициите и некои си посебни цивилизациски  и  европски "вредности". 

По насилното уривање на владејачката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со премиерот Никола Груевски, и засилување на непријателските и деструктивни дејности на таканаречената "шарена револуција"  народот им го препозна ѓаволското лице на миротворците и пријателите од надвор. Го препозна и се увери, дека со него доаѓаат уште поголеми опасности по опстанокот на Република Македонија и нејзиниот национален и  унитарен карактер.

После насилното уривање на  владеачка гарнитура,  предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како "пречка" во преговорите за остварување на нивните пеколни планови,  насилно поставија друга, на чело со Зоран Заев и неговиот СДСМ како најпогоден режим кои ќе ја доврши работата. И така бидна.

Не им беше доста Зоран Заев за "шеф" на извршната власт во Република Македонија, туку, како за инает и да си ја прикажат сета моќ и централизирана воена сила на НАТО, исто така на еден барбарски и простачки начин поставија свој човек за претседател на македонското Собрание, највисокиот законодавен дом во Република Македонија. Поставија Албанец, Талат Џафери, од редовите на најголемите злосторници врз Македонците и македонската држава и двоен воен дезертер, од ЈНА и од Армијата на Македонија. Армијата, која  на бизарен и насилнички начин, исто така, постана Армија на Северна Македонија и поалбанчена со терористи од воените формации на Косово под името УЧК. Пат, кон албанизирање на државата и сите нејзини национални институции, притоа насилно и против уставно подигнувајќи го албанското малцинство во ранг на државотоворен субјект. И не само тоа, туку со деградирањето на Македонците од државотворен народ и носител на уставноста на Република Македонија во граѓани на новата политичка творба Република Северна Македонија, погазија се' живо и мртво со предзнакот македонски и македонско што е длабока навреда за сите борци и родољуби кои си ги вградија своите коски во темелите на својата национална македонска држава.

Соодветно со веќе реченото, Зоран Заев со својата бандитска Влада составена и од шарени терористи, но и со силна подршка на западните стратешки партнери и блиски "сојузници" се втурна во последна офанзива против македонскиот народ и македонската држава. Па така во краткиот едногодишен период (17 јуни 2018 до денешни дни) успеа да направи пустош од македонската држава. Против уставно и незаконски испотпиша со  Грција, Бугарија и Албанците во Македонија, редица капитулантски договори против националните интереси на Република Македонија. Во прв ред, скоро без  никакви дипломатски и државнички разговори, и' го смени името на Република Македонија во некоја си измислена нова творба Република Северна Македонија, им даде на соседите се', дури и повеќе од тоа што го очекуваа од еден македонски "државник", се одрекна од македонската национална историја во полза на Грција и Бугарија, се одрекна од името и на македонскта нација, ги отпиша Македонците во странските држави, вклучувајќи ги и Македонците во егејскиот и бугарскиот дел од Македонија, воспостави двојазичност на целата македонска територија (албански и македонски) вклучувајќи ги сите државни институции, владата, Собранието, Армијата, Полицијата, издава нови лични документи, пари, поштенски марки, училишни и родни свидетелства двојазично и со новото име Северна Македонија... и ниту еден орган на правосудството, вклучувајќи го уставниот суд не реагира. Потполн хаос ниту виден ниту чуен во светот, со молчење на таканаречената меѓународна заедница и таканаречените Големи светски сили. Неоколонизам на широка врата, со насмевка на лицата. 

Мириса ли оваа ситуација во светот на нешто што доаѓа како притисок врз воздухот кој му отстапува место на дождевната олуја? А што после тоа? Ќе ги соберат ли  авионите и другите превозни средства на пријателите за евакуација на  шпијуните, македонските изроди и предавници кои така бездушно ја уништија и обезличија македонската држава? Ќе се понови ли трагедијата на виетнамските кодоши и квислинзи од 60-те години на минатиот век?

Македонија е единствената Библиска држава со историја, култура, традиции и заслуги за светската цивилизација што ги нема  ниту една друга државна заедница од минатото и сегашноста? И затоа не ја даваме за новата политичка лакрдија Република Северна Македонија, зошто тоа би значело крај на Македонизмот, како темел на Македонците од антиката, до денешниве "модерни" времиња!

МОЖЕБИ ПРИЧИНАТА ЗА ВАКВАТА АГРЕСИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНОТО РАЗНЕБИТУВАЊЕ  ЛЕЖИ БАШ ВО ТОА, ВО КВАЛИТЕТИТЕ И ВАЖНОСТА НА СЕ' ШТО ПОСЕДУВА МАКЕДОНИЈА А ДРУГИТЕ, ДУРИ И НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ И ЕВРОПСКИ НАРОДИ ГИ НЕМААТ. 

ГО НЕМААТ ФИЛИП ВТОРИ И АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ И НИВНИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ, НАУЧНИ И КУЛТУРНИ ПРИДОНЕСИ! ГО НЕМААТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ПИТУ ГУЛИ, ДАМЕ ГРУЕВ И ЈАНЕ САНДАНСКИ КОИ, ЗАРАДИ НИВНАТА БЕСЦЕНЕТА ВАЖНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА И НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ, НАСИЛНО ГИ ОТФРЛИЈА  ОД ДРЖАВНАТА ХИМНА ЗА ВРЕМЕ  ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА  САД, СОШТО БЕЗСРАМНО ЈА ОБЕСЧЕСТИЈА НЕА, НО И ДЛАБОКО ГО НАВРЕДИЈА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! УШТЕ ПОДЛАБОКО ОД МЕНУВАЊЕТО НА НАШЕТО ИСКОНСКО ИМЕ, ДОКАЖУВАЈЌИ МУ НА СВЕТОТ, ПРИТОА, СО КАКВА БАГРА  МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ РАБОТА !

***

СРАМ ДА ВИЕ ЃУБРИЊА ПРЕДАВНИЧКИ! КАДЕ МИСЛИТЕ ДА СЕ СКРИЕТЕ ОД НАШИТЕ ПЕСНИ И ОРА? ЌЕ ВЕ СТИГНАТ НАШИТЕ КЛЕТВИ И КАЗНИТЕ БОЖЈИ! ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ!

 

За секогаш Ваш Сотир!

Панде Колемишовски

 

Панде Колемишовски

ИСТОРИСКА РЕВИЗИЈА БЕЗ ВИЗИЈА

********************

28 јуни 2019 година

 

Рискантната промена на името не стана сигурна виза за влез во ЕУ, иако беше стопати ветувано и најавувано дека тоа е единствениот услов. Сега сите други аргументи се од сосема мала важност, обезвреднети, дури и потценети. Сега Македонија, македонските власти, немаат друг силен адут во раката со кој може да ги убедуваат западните лидери дека се нужни  брз почеток на преговорите и брзо завршување на целата постапка. Флоскулите за демократија, за реформи, лицемерните изјави за напредок се само бурова вода врз нанесената национална рана. Единствено релевантна може да биде заканата за внатрешен меѓунационален судир или вклучување во можна регионална војна, поврзана со косовското прашање.

***************

Македонскиот револуционер Димитар Влахов (1878-1953) имал навика ноќе во сонот да зборува. Кога во 1904 година бил уапсен (а бил повеќепати) и лежел во затвор, плашејќи се во сонот да не ги предаде имињата на своите другари си ја чукал главата во sидот од ќелијата во која се наоѓал, за да не може да заспие. Оваа епизода од необичниот, богат револуционерен живот на Влахов ја има раскажано неговиот син Густав, а е објавена во една репринт-брошура што ја има издадено Социјалистичката партија на Македонија, која ги негува социјалистичките традиции и објавува дела за познатите македонски социјалисти.

Примеров што го наведувам не го давам за да ги истакнам неговата непоколеблива волја, цврстината на духот и храброста, иако наведените карактеристики сами по себе силно сведочат за посветеноста кон делото и верноста кон соработниците. Влахов е друга тема, се' уште релативно контроверзна, внатре во Македонија. А  и митот за херојството и саможртвата е одамна умрен, на цена се други, поинакви, вредности. Примеров го давам да ми послужи како потпора во актуелната дебата за прашања за историјата на македонскиот народ. Се разбира со нагласка на нивното третирање во односите меѓу новоименуваната држава Република Северна Македонија и нејзините договори за пријателство и добрососедство со Бугарија и со Грција. И не за учество во некаква полемика за разгореното прашање-чиј е Гоце Делчев, туку за истакнување на неколку паралели што отвораат низа дилеми и заслужуваат некаков одговор.

Како и за Делчев, исто така може да се постави и прашањето - чиј е Димитар Влахов. Меѓу нив двајцата има големи биографски сличности. Се разбира, Гоце е ликот од врвот на македонската револуционерна дејност во тој историски период, лик и дело неибришливо врежани во историјата и народната меморија. Влахов, исто како  Делчев, е роден во Кукуш 'Егејска Македонија, тогашно Отоманско Царство), се школувал во Бугарија и во солунската Егзархиска гимназија, бил бугарски учител во неколку места. По раѓањето бил поданик на Турција, по родното место денес би бил Грк, (ако инсистираат Грците), по  образованието Бугарин, по револционерната дејност - Македонец. Се' исто како и со Делчев. Исто е што и двајцата, секој  во свое време и на свој начин, биле активисти во организаците со македонски предзнак, се бореле за македонското дело, за автономна, независна, дури и обединета Македонија како посебна држава. И двајцата биле наклонети кон социјалистичката и социјалдемкратската идеја, не биле страсни припадници на ВМРО.

Значи спрема наведените податоци, двајцата (и не само тие дејци од тој период) истовремено можат да бидат именувани и историски третирани како Бугари, како Грци  како Македонци. Речиси еднакво им припаѓаат на историите на трите држави, не исклучувајќи го и нивното учество во турската историја на Балканот, особено што Влахов бил член и на првиот турски парламент. Сепак, има една разлика: Влахов, по Втората светска војна, се изјаснил како Македонец, бил член на повоената влада при првата независност на Република Македонија, а вршел и сојузни функции на ниво на Југославија. Можел да ја докаже својата македонштина зашто живеел 75 години. Делчев само 31.

Самиот пример, самата споредба, покажува колку е сложено прашањето за третманот на настаните и личностите низ подалечната и поблиска испреплетена историја, особено карактеристична за балканските земји. Оптоварена со вековни недоразбирања, војни, со освојувања и присвојувања и со дипломатски пресметки, до денес обремената со остатоците и последиците од владеењето на Турската Империја, таа и денес е камен на сопнување во градењето меѓусебно разбирање, пријателство и добрососедство.

Поведените иницијативи за ревизија на историјата на Македонија, за почеток само во учебниците, би требало да биде благотворна работа по сите демократски промени што ја зафатија Европа, а посебно балканските земји, како за оние што се осамостоија по распадот на Југославија, така и за оние што излегоа од стегите на Советскиот Сојуз, како што е Бугарија, на пример. Навистина има неразјаснети теми и не докрај објективно вреднувани настани и личности во македонската историја, но наивно е да се мисли дека била чиста девствена бугарската. Таа носи редица црни петна кога се во прашање Македонија и македонскиот народ, особено од времето на Втората светска војна кога во Македонија беше дел на фашистичката окупација.

Но таа ревизија не може да се одвива без визија, без добра волја и меѓусебна почит. Самиот збор "ревизија", иако пред се' е финансиски термин, преведено значи "да се испита", "да се изврши преглед", "повторно да се прегледа", "одново да се погледа", "уште еднаш да се види" заради испитување и просудување, да се дојде до точноста на податоците, на фактите. За разлика од ревизијата, која има врска со минатото, зборот визија е гледање во иднината, превидување, очекување, посакување. Во случајов, таа историска ревизија не може да биде без визија од македонска страна, од македонските власти.

Треба да се рече дека малку се чудни агресивните изјави на бугарските министри за Гоце Делчев, за македонската историја, за идентитетот на македонскиот народ и неговиот јазик и писмо. Но уште почудни се  некои изјави македонски политичари, професори, аналитичари, кои набрзина наседнаа на бугарските провокации и ги прифатија нивните гледишта како готови и завршена вистина. Во таа брзина се најде затечен и претседателот на државата Стево Пендаровски, кој во едно телевизиско интервју изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин. Можеби ќе се докаже дека тоа е вистина, но во време кога заседаваат заеднички комисии, кога македонската наука има многу аргументи Делчев да го третира и како македонски човек, претседателската изјава е директно политичко прејудицирање и интервенирање во работата на  научната комисија, која треба да ги утврди фактите. А тие не се утврдени зошто ревизијата трае, таа е системски и долг процес, не е скокни и речи оп, не е плукни - залепи, а не е време ни за сечена, лепена и монтирана историја, од чија било страна. И не би требало да биде резултат на нечии итни политички потреби, да трае кратко време и повторно, во некое друго време, да подлежи на нова дополнителна ревизија.

Повеќе од сигурно е дека вишокот историја создава проблеми, кои тешко може да се решат ако се оди по линијата дека е поважно она што  било од она што ќе биде. А без нивно решавање, се затвораат европатиштата. Во Северна Македонија влезот во Европа е ставен на државен пиедестал, макар тоа се направило по секоја цена, дури и на сопствена штета, национална и идентитетска. Обратно, за Европа Северна Макеонија е под секоја цена. Рискантната промена на името не стана сигурна виза за влез во ЕУ, иако беше стопати ветувано и најавувано дека тоа е единствениот услов. Сега сите други аргументи се од сосема мала важност, обезвреднети, дури и потценети. Сега Македонија, македонските власти, немаат друг силен адут во раката со која може да ги убедуваат западните лидери дека се нужни брз почеток на преговорите и брзо завршување на целата постапка. Фоскулите за демократија, за реформи, лицемерните изјави за напредок се само бурова вода врз нанесената национална рана. Единствено релевантна може да биде заканата за внатрешен меѓуетнички судир или вклучување во можна регионална војна, поврзана со косовското прашање.

Стара е поговорка дека никој нема тапија на вистината. Познато е дека потребата од преиспитување и ревизија на историјата на балканските народи не е нивна автентична желба. Тоа е европско-американска наредба како дел од процесот за создавање единствена Европа, во чија јавност е раширено мислењето дека меѓунационалната омраза и крвопролевањето на Балканскиот Полуостров се некоја ендемска болест. Прерано е да се мисли дека национализмот меѓу Балканците ќе попушти, дека се стивнати националистичките страсти. Најмалку може да се случи тоа во Грција и во Бугарија, од каде што дојдоа националистичките изјави на двајцата најважни министри во бугарската влада. Илузија без визија ќе биде верувањето дека Македонија може да влијае врз промена на некои тврдокорни убедувања за минатото на Грците и на Бугарите. И на едните и на другите.

 ***************************

pande.k@novamakedonija.com.mk

Проф., д-р Наде Проева

Проф., д-р Наде Проева

ЗНАЧЕЊАТА НА ОЗНАКАТА БУГАРИ НИЗ ВЕКОВИТЕ

**********************

01 јули 2019 година

 

Во минатото жителите на Македонија освен со името Македонци во изворите често се означуваат и со името Бугари; прашање што ја збунува јавноста, та дури и историчарите, но не и политичарите. Имено, ним им е јасно се', та не се воздржуваат од изјави во јавноста за да ни ја објаснат етничката припадност на македонските дејци од минатото. На сезнајните политичари неодамна им се приклучи дури и претседателот на државата, веројатно за да им помогне на неуките македонски историчари,  како што ги нарекоа нивните бугарски колеги. Последен пример е случајот со потеклото на македонскиот револуционер Гоце Делчев, што го отвори заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, формирана во согласност со договорот за добрососедство меќу Македонија и Бугарија. Имено, бугарските политичари, за жал, и голем број историчари се повикуваат на фактот дека во некои извори Гоце Делчев се пишал Бугарин, без да ги разгледаат и објаснат политичкиот контекст и времето кога се создадени овие извори.

За да се разјасни оваа нејаснотија треба да се почне од почеток. Имено, со потпаѓањето, во првата половина на 19 век, на поголемиот дел на Македонија под бугарска власт, византиските и поствизантиските автори сите жители на бугарската држава ги означувале со името Бугари, без оглед на нивната етничка припадност. Во времето, пак, на царот Самуил во балканската империја што ја создал по паѓањето од власт на бугарскиот цар Борис Втори, чија титула ја узурпирал за да и' даде легитимитет на својата власт, и во која, по победата кај Сердика (Софија) во 986 година ги приклучил и областите од Балкан планина до Дунав на север, освен Македонците влегувале Грците-Ромејци, Србите и др. Значи, терминот Бугари освен етничкото значење имал и државноправно, за означување на припадноста на државата. Дека тоа е така многу убаво се гледа од примерот на Архиепископот на Охридската архиепископија, Теофилакт (живеел во 6 и почетокот на 7 век), кој во опширното житие на св. Климент самиот себе, иако е Грк по потекло, од островот Евија, се вбројува во Бугарите, се разбира како припадник на бугарската држава. "И просто да се каже Климент, нам на Бугарите ни даде се' што се однесува на црквата и со кое се величат спомените на Бога и на светците, а душите се трогнуваат..." (Москополски зборник, превод и коментар Х. Меловски). Ова самовбројување на Теофилакт меѓу Бугарите е дотолку позначајно што од 1018 година Македонија не била под бугарска, туку под византиска власт. Но во византиските и поствизантиските извори по инерција и понатаму се употребувал терминот Бугари, иако не соодветствува на етничката припадност.

Ова не е единствен пример во историјата за користење на државноправната ознака како етничка. Практиката на користење "народносно" име направено од името на државата е честа во средниот век, зашто нациите се' уште не биле оформени, а државите биле мултиетнички. Пример на двојно именување има и кај другите народи. Така, се' до најново време народите на јужниот Балкан се нарекуваа Ромеи, Ромји, име произлезено од името на т.н. Ромејско Царство (Источно Римско Царство, од историчарите именувано како Византиско, 395-1453 година) ознака преземена и од Османлиите, кои овој дел на нивната империја го нарекувале Румелија. Така, модерните Грци, освен Елини, до вчера сами себеси се нарекуваа Ромји, име што произлегува од една претходна и многу постара држава! Доказ за тоа се нивните народни песни при што најчесто се пее за Ромји. Слични примери има и денес. Во Европа тоа се денешите Швајцарци. Иако нема посебен швајцарски народ, народите што живеат во Швајцарија се нарекуваат Швајцарци. А бугарските историчари треба да се потсетат и на ознаката Југословен/ југословени користена, не само како државноправна, туку и како етничка од сите народи во федеративната Југославија.

Втората работа што е разјаснета, но, за жал, премолчувана и недоволно разгласена, е  повеќезначноста на ознаката-именувањето-Бугари. Имено, се' до создавањето на современата бугарска држава оваа ознака имала повеќе значења, затоа што националното будење на балканските народи почнува со борбата за ослободување од османлиската власт. Имено, во османлиската држава не се признавале народи, туку вероисповед, та така ознаките Грци-Ромеи, Бугари, Срби, немале етничко, туку верско и социјално значење. Во 15 век Османлиите признавале три вери (народи): ерменско-грегоријански, еврејски и рум милет во кој влегувале сите православни христијани на Балканот, за кои била одговорна Цариградската патријаршија, та така со терминот Грк/Елин првенствено се означувал секој православец христијан, а потоа трговец. Со Бугарин се означувал словенски селанец, земјоделец, градинар, а поради презирот на Грците кон Бугарите, православните Бугари во градовите сами себеси се нарекувале Елини за што имаат пишувано многу странски, дури и бугарските учени (А. Балан, М. Младенов). Освен овие причини, за наметнување на името Бугари за Македонците, голема улога одиграла и бугарската пропаганда, која била подржувана од страна на Отомаснката Империја. Така, во 1870 година, Бугарија добила право да има своја црква-Егзархија, која во Македонија отворала цркви и училишта на бугарски јазик со намера побугарување на Македонците. Целта на Османлиите била со давањето право за отворање училишта и цркви во рамките на империјата да ги раздели христијанските народи (Грци, Бугари, Срби, Романци) за поуспешно да владее со нив. Името Бугари било раширено и прифатено од Македонците, како поради блискоста на јазикот така и поради тоа што Македонците и Бугарите до средината на 19 век заедно ја воделе борбата за преродба. Но од втората половина на 19 век започнува разделување, првенствено на јазичен план, со што се засилува македонската национална свест.

Најдобар пример за тоа е делото на К. П. Мисирков, "За македонските работи", родум од селото Постол (денес Агии Апостоли во Грција).

Со делењето на Македонија во 1913 годин државите што добиле дел од Македонија се обидувале да ја оправдаат својата власт негирајќи ја самобитноста на македонскиот народ и нарекувајќи го со разноразни имиња. Така, Македонците во Србија беа именувани како Јужни Срби, во Бугарија како македонски Бугари, а во Грција славомакедонци, Грци славофони-кои божем го заборавиле грчкиот јазик и го прифатиле јазикот на Словените итн.

Дека ознаката Бугари за Македонците нема етничко значење доказ се ознаките Булгарини/Бугарјани (Н. Проева, Триптих за македонскиот идентитет). Имено во житието на св Наум Охридски (9-10 век) во Москополскиот зборник-напоредно со ознаката Бугари се користи името Бугарејци, Бугарци, Бугарјани. Во делото "Летопис" на попот Дукљанин (втора половина на 12 век) се среќаваат два термина: Булгари и Булгарини, при што ознаката "Булгарини"е употребена за жителите на Самуиловата држава наспроти терминот Булгари што се користел за означување на етнички Бугари. Исто така, попот Дукљанин, името Булгарини секогаш го пишува пред владателската титула на Самуил и на неговите наследници, од што јасно се гледа припадноста на Самуил.

Повикувањето на различните имиња користени за означување на еден народ во минатото е обид за мистификација, а наметнувањето имиња дадени од оние што сакале да го присвојат и обезличат македонскиот народ значи оспорување на неговото право да се нарекува така како што се чувствува и како што мисли дека треба да се нарекува.

*****************

     

Академик А. Шкокљев-Дончо

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 16

ЛАПИТИ-НАРОД ВО ТЕСАЛИЈА БЛИЗУ ОЛИМП ОД ЕОЛСКО ПОТЕКЛО ДЕЛ II

***************

 

Лапитите, како потомци на Хиперборејците, народ населен на Далечниот Север, на бреговите на Океанот, т.е. Дунав  (Херодот, IV, 32 и понатаму), при својата преселба долж Морава и Вардар, ги понеле со себе и ги донеле во  подножјето на Олимп и своите божества Посејдон и Аполон. Тоа го потврдуваат легендите и античките писатели. Според делфинската легенда, примарно седиште на богот Аполон бил Олимп и тесалиска Темпа.

*****************

Таонтов син бил Хемон, а неговиот син се викал Оксил, кому во младоста му било уништено едното око со стрела. Личноста на Оксил е поврзана со дорско-елинските освојувања на Пелопонез. Имено, Кога потомците на Херакле, Хераклидите, тргнале во поробување на Пелопидите на Пелопонез преку западната страна, во 1104 година пред Христа, тие во Оксил го препознале својот водач од пророштвото. Оксил покажал подготвеност да ја задоволи нивната молба, под услов Хелените (Хералидите), по освојувањето на Пелопонез, за да му ја препуштат управата над Елида, земјата на неговите предци. Негови предци биле Лапидите, кои од Тесалија се преселиле под команда на кралот Форбант. Синови на овој Форбант биле Актор и Аугија, а ќерка Проноја.

По Оксил, кралската власт во Елида ја презел неговиот син Лајас. Оксил мудро владеел со Елида, донел многу закони и ги зел во заштита Ахејците кои биле прогонувани од Хелените. Покрај тоа, ја презел грижата за светилиштето во Олимпија и ги обновил Олимписките игри.

Синот на Форбант и Хирмина, Актор, живеел во Елида со својот брат Аугија. Бил сопруг на Молиона и татко на Молионидите, двајцата близнаци Еурит и Ктеат. Биле најсилни во својата генерација. Го изгуболе животот во цветот на младоста, кога Херакле ги убил од заседа кај Клеона, каде дошле како претставници на Елида на Истманските игри. Оттогаш жителите на Елида никогаш не учествувале на овие игри.

Вториот син на Форбант, Аугија, станал крал на Елида и бил прочуен по своето богатство. Учествувал во походот на Аргонаутите во 1225 година пред Христа. Имал и најбројни крда и стада на светот, тристотини белонозни црни бикови и двестотини приплодни крави. Во неговите сточни дворишта и штали лепешките не биле чистени неколку години. Кога Еуристеј, кралот на Микена, Тиринта и Мидеја, од египетската династија Данаи, му наредил на Херакле да ги исчисти овие запуштени штали, Аугија се израдувал зашто од ѓубрето се ширеле страшни миризби и зарази, а тоа ја загрозувало земјата. Кралот Елида дури и му ветил на Херакле десет проценти од говедата, зашто не верувал дека работата ќе ја заврши за едн ден.

Кога Херакле ги исчистил шталите и дворовите, Аугија одбил да му ја даде ветената награда, тврдејќи дека бил излажан бидејќи работата не ја завршил сам, туку со речните богови со свртување на водата од блиските реки Алфеј и Пенеј. Во судирот кој избил меѓу кралот и Херакле, синот на Аугија Филеј застанал на страната на Херакле. Тогаш кралот ги протерал Херакле и неговиот син од Елида. Во тоа учествувале внуците на Аугија, Милионидите, кои подоцна Херакле ги убил од освета.

Кога по еден воен поход Херакле ја освоил Елида, го убил Аугија и неговите синови, освен Филеј кого го поставил на престолот на Елида (Паусанија, V, 3, 1 и понатаму) Меѓутоа, се раскажува дека Аугија не бил убиен и дека синот го вратил на престолот. Потоа Аугија долго владеел со Елида и умрел во длабока старост, а народот му искажувал божествени почести.

Кога Аугија го протерал синот Филеј, по судирот со Херакле, тој се населил во Дулихија, остров на Јонското Море, Таму се оженил со Тимандра која му родила син, Мегет. По враќањето во родниот крај, Филеј го зазел татковиот престол. Подоцна тој престол на Елида им го отстапил на своите браќа и се вратил на Дулихија. Учествувал во ловот на Калидонскиот вепар. Филеј бил миленик на Зевс.

Мегет во митологијата е познат како син на Филеј и внук на елидскиот крал Аугиј. Неговата мајка била Тимандра или Ктимена, ќерка на Лаерт и сестра на Одисеј, како и сестра на Елена и Клитемнестрина. Мегет ја испросил Елена и заради тоа учествувал во Тројанската војна со четириесет лаѓи. Во војната бил облечен во прекрасен оклоп, подарок на кралот Еуферт. Се споменува меѓу јунаците кои  се наоѓале во дрвениот коњ и меѓу повратниците од Троја (Паусанија Х, 25, 5).

Следејќи ја лапитската генеологија на југозападна Елада, Паусанија (V,3) истакнал дека од Тоант до синот на Ендимионт, Етола, биле шест генерации. Ендимион бил крал на Елида, син на Етлиј или на Зевс и Каликин, татко на Епеј, Пеон, Етол и Еуридика. Бил прочуен ловец на кого Зевс му подарил моќ сам да си го одреди денот на својата смрт. Бидејќи не сакал да ја дели својата земја, им наредил на синовите да се натпреваруваат во трчање во Олимпија, а на победникот му го ветил кралството. Победил Епеј кој по татковата смрт станал крал на Елида. Погребен бил во Олимпија.

Во периодот на владеење на Епеј со Елида, лиѓанинот Пелоп од Мала Азија, кој ги донел Ахејците од Тесалкска Фтија, ги зазел Пиза и соседната Олимпија, одделувајќи ја  од земјата на Епеј. Бидејќи Епеј немал деца, на престолот го наследил неговиот брат Етол, додека, пак, Пеон побегнал во Македонија. Етол бил оженет со ѓерката на Форбант Проноја, која ги родила синовите Плеурон и Калидон, епонимни херои на етолските градови.

Подоцна, кога Етол случајно го убил пелопонескиот крал Апид од Палантиј, тој побегнал на север во Етолија, која по него го добила името Етолија. Синот на Етол и Проноја, Плеурон, бил епонимен херој на градот Плеурон во Етолија. Се оженил со Ксантипа, ќерка на Дор, која ги родила синовите Агерон и Енеј и трите ќерки: Стеропа, Стратоника и Лаофонта. Го поседувал и светилиштето во Спарта.

Братот на Плеурон, Калидон, станал епонимен херој на истоимениот град во Етолија. Подоцна градот станал прочуен во Елада заради колективниот лов на Артемидиновиот вепар, во кој учествувале најхрабрите воини од целата земја, зашто вепарот ги унштувал жетвите, тревата и работниците. Во митологијата овој настан е познат како "Ловот на Калидонскиот вепар", за време на каледонскиот крал Енеј. А Енеј бил првиот смртник на кој Дионис му подарил гранче винова лоза и виното го нарекол по своето име. Се раскажува дека неговиот пастир Стафил (грозје) забележал јарец како јаде едн, дотогаш непознат плод. Пастирот го набрал овој плод и бидејќи го изгмечил, добил сок. Кралот Енеј овој напиток го нарекол по своето име - ВИНО.

По бегството на Етол од Пелопонез, кралството на Енеј добило ново име, Илис или Елида, по синот на ќерката на Ендимион, Еурикида, наречен Елеј. Со ова и етнонимот на жителите од Епејци бил променет во Елејци. И додека Елеј бил крал во Елида, се собрала војската на Хелените-Дорани кои го освоиле Пелопонез во 1104 година пред Христа.

Многу потомци на Лапитите, во текот на времето, се населиле во Атика, посебно во Атина, каде староседелците биле Пелазгите. Во митолошката традиција тоа е поврзано со Етеобутадите, т.е. правите потомци на Бутадите, атинско свештеничко племе, една важна гранка од тесалиските Лапити (Томсон, 1954 г., 183).

Бутадите биле цвет на атинската аристократија, затворено, старо и конзервативно племе, со богат имот и големи привилегии. Нивни симбол бил воловската глава со рогови, зашто нивниот етноним потекнува од зборот вол, говедо, бик.

Жителите на Атика и Атина, според Херодот (I,56) воделе потекло од Пелазга и зборувале со варварски (негрчки јазик). Нивни прв крал бил Кекропс, син Ерехтеов, кој како  и неговиот татко никнал од земјата како "човек-змија", т.е. бил домородец. Во Атина тој ги изградил Ерихтеевото и Атениното светилиште, атинската тврдина Кекропија-Акропол. Жителите на Атина биле земјоделци и сточари, а нивна божица била Атена, која дошла од Либија, додека други тврдат дека стасала од Тесалија преку Беотија.

Според Томсон (1954 г., 184), кога Лапитите првпат ја населиле Атика и Атина биле опкружени со непријателски расположените Пелазги. Меѓутоа, Лапитите, со поголем степен на култура и поагресивни, брзо се наметнале како управувачи во сите сектори на животот и станале аристократски сталеж и големопоседници. Тие биле дрски и се фалеле со своето неатичко потекло, а Пелазгите ги омаловажувале како "селани" ("ton aplon gion tis gis"). Ваквото однесување и постојаните кавги, довеле до побуна на Пелазгите против владејачката непријателска аристократија на дојденците.

За кавгата на Атињаните Херодот (VIII, 55) вели: "Во тврдината (градот) се наоѓа храмот Ерихтеја, за кого се зборува дека таму го родила земјата, а во храмот се наоѓа една маслинка и кладенец со морска вода. Атињаните раскажуваат дека нив таму ги ставиле богот Посејдон и божцата Атена, како знак дека се расправале околу земјата...". Од ова се согледува дека се работи за алегоричен приказ на односите меѓу Лапитите и Пелазгите, т.е. Посејдон и Атена.

Посејдон, како претставник на Лапитите, бил алчен за земно царство и еднаш сонил дека има право на Атика, со тоа што некогаш удрил со трозабец во Акрополот во градот Атина, каде што се создал кладенец со морска вода кој го користеле пелашките Атињани. Подоцна, во време на кралот Кекроп, божицата Атена сакала да ја преземе власта на мирен начин, садејќи маслинка покрај кладенецот. Посејдон се налутил многу и ја повикал Атена на двобој, а таа се согласила. Меѓутоа, се вмешал Зевс и го изнел настанот на јавна расправа, која била многу бурна. Во смирување на кризата голема улога одиграле Бутадите.

Според Хесиод (Фрагм. 124), Бут бил син на Посејдон. Негова ќерка била Хиподамеја која се омажила за липитскиот крал Перитоја. Во текот на нивната свадба се одиграла прочуената битка меѓу Лапитите и Кентаурите во Еолија-Тесалија. Потомците на овој Лапит, под името Бутади, се населиле во Атина и тогаш успеале да станат свештеници на Ерихтеовото светилиште на Атена-Полијаси и на Посејдон и имале голем углед. Кога настанала криза во меѓуетничките односи, Бутадите станале посредници меѓу Лапитите и Пелазгите за конфликтот да се реши на мирен и демократски начин, со гласање. Тогаш жените и мажите имале исто изборно право.  Кога гласале жените, тие гласале за божицата Атена, а мажите за богот Посејдон. Победиле жените со еден глас повеќе, со што божицата го обезбедила своето владеење и името на градот-Атина.

Меѓутоа, мажите набрзо се освестиле. Им го укинале изборното право на жените, како и правото на граѓанство и го забраниле обичајот децата да го добиваат името на мајката (матријархат).

Жените во овој мит биле матријалхални Пелазги, додека, пак, мажите биле патријархални дојденци од Дунав-Лапити. Овој судир меѓу религиите (Посејдон-Атена) се совпаѓа со општествено-економските промени, со воведување на патријархатот, ослободувањето на мажите од туторство на жените и преодот од омогамија во моногамија.

***************

Продолжува

 

Надица Трпески, поетеса

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

 

ТОА СМЕ НИЕ

  • Измачен народ
    Тоа сме ние,
    Но храброст и Непокорност
    Во срце ни бие.

    Не угнетуваа и измачуваа
    Векови цели,
    Но пак си останавме,
    Македонци смели.

    Затоа чујте,
    Непријатели клети,

  • Македонија нешто,
    на Александар му вети:
    Името вековно,
    Не го менуваме,
    Македонци со корен,
    За навек остануваме.

    За името световно,
    До смрт ќе се бориме,
    Македонци за навек,
    Нема да се покориме.
    *********
    Автор, Надица Трпевски

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards: 06 јули 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 223