Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ЌЕ СЕ СВЕСТИМЕ ЛИ?  ВРЕМЕ Е!

  Изгледа комшиите ни се сложни  само кога се работи за Македонија и нејзиното натамошно распарчување. За нив демократијата значи експанзија и крадење на нешто што никогаш во историјата не им припаѓало.

***************

 

Атмосферата над Македонија е се' уште густа и загушлива. И ако македонските властодршци, со  "мудро" молчење и одобрување на  ВМРО-ДПМНЕ потпишаа  три капитулантски договори за "добрососедство" и "пријателство" со Грција и Бугарија, а со Албанците во Македонија,  Тиранска платформа, нивните  непријателски табиети останаа исти, дури и поагресивни,   на некој начин! Попустливоста и искрената желба, од страна на македонските властодршци, за средување на меѓудржавните односи, како да ја разбудија нивната алчност и желба да постигнат и многу повеќе од тоа  што го добија за џабе. Тргнаа засилено по   последното парче од македонската земја, служејќи се со старите методи, кои ги втурнаа во две крвави меѓусебни Балкански војни во кои изгинаа многу невини луѓе на сите страни.  Но и по корените на македонизмот: македонската национална историја,  македонската култура,  традициите и се' друго со предзнак македонско и македонски. И покрај  сето тоа, одговор од македонска страна нигде на хоризонтот.

Договорите кои беа дизајнирани како средство за помирување, зближување, добрососедство, пријателство, соработка за поарно на народите да им биде и кој знае што друго, се претворија во безизлезен ноќeн кошмар. Секој нешто бара, поставува стапици, се заканува со блокирање на европските интеграции на Република Северна Македонија и предизвикува тотален хаос на Балканот.

Новосоздадените  "пријатели" ги проучија сите слабости и амбициите  на големите играчи испикани во Европската Унија  и вешто ги искористија за своите историски цели: превласт над Македонија и елиминирање на Македонците како автохтоно население, на овие балкански простори, а македонската земја да ја дорасподелат меѓу себе.

А ние, се' уште разделени, уплашени и несвесни што ни се случува, чекаме ноќниот кошмар сам од себе да се тргни од нашите длабоки соништа.

Гледајќи ја големата слика на настаните, не беше тешко да се предвидат нивните  зли намери. Дури едните напаѓаат и бараат уште нешто за што неможе да се преговара, другите "добронамерно" лобираат во "наша" полза таму, од каде злото по нас и доаѓа.  Третите пак, си гледаат сеир и настојуваат да се задржат во власта што подолго и од внатре да ја преземат државата и  ја интегрираат со своите албански браќа и сестри во Косово  или Албанија, за потоа сите заедно да се соберат во големо албанско "царство", невозможно,  без крв до рамена. 

Но сепак,  најнечесни барања од сите, доаѓаат од Бугарите. Ним целта им е насочена кон оживување на мртвиот, Санстефански договор  од 1878 година, кога после Руско-турската војна беше креирано бугарското  кнежевство.

Ама и тогаш, како и секогаш потоа,  руските апетити не спласнаа. Незадоволни со малото бугарско кнежевство, ја приклучија и Македонија во Санстефанскиот договор со што го создадоа митот за Голема Бугарија.  Меѓутоа, Санстефанската идеја умре и пред да заживее, бидејќи Русија претендираше на просторот кој, веќе, беше под контрола на туѓи интереси. Интереси на Западот!

Ама  аветот  испуштен од Аладиновата лампа никогаш не се врати назад. Тој секогаш и секаде беше присутен и ја чекаше својата шанса да си го земе ветеното.   Таа шанса беше Зоран Заев и неговиот договор за добрососедство со денешна "мирољубива, демократска  и пријателска  Бугарија", предводена од Бојко Борисов. надевајќи се, притоа, дека ќе можат со мала коска, да им ја затворат големата уста. Со други зборови, да ги превеслаат Бугарите жедни преку вода. Но, се излагаа!

Бугарија изнајде други начини да извлечка и повеќе од Македонија од она што веќе било "договорено". За тоа се погрижија нивните преговарачи во комисијата за спроведување на одредбите во договорот. Тие крајно недолично и не научно ги превеслаа своите македонски колеги и им се вмешаа во најсуптилните прашања по опстојот на македонската држава: македонската историја! Особено со присвојување и бугаризирање на најелитните  борци за ослободување  на Македонија од Османлиите. 

Во прашање е негирањето на македонската  етничка припадност на Гоце Делчев,  Јане Сандански и плејада други истакнати македонски  револуционери и културни деици.  Дали биле Македонци или Бугари и кој за кого се жртвувал за ослободување од Турците. Бугарската теза одново се стави на маса како средство за коцкање.

Со присвојување  и бугаризирање на Гоце Делчев и Илинденското Востание од 1903, Бугарите имаа и секогаш имале намера да го пресечат коренот на  народноослободителната борба на македонскиот народ и борбата за ослободување од Османлиите  за да ја прикажат како бугарска борба заедно со водачите како Бугари, кои се бореле за Македонија. 

Но не  само тоа, туку ги заострија барањата и за бришење од македонската  историја  се', што ги "навредувало" чувствата на бугарскиот народ и држава.

На сите злосторства врз македонскиот народ кои бугарската фашистичка војска немилосрдно  ги импутирала, не му било местото во историските книги и списанија или во спротивно, сме можеле да се збогуваме со скорото започнување на предпристапните преговори со Европската Унија.  Закана и уцена, недолична да доаѓа од еден близок сосед, кој претендира да докаже дека сме браќа кои живеат во две држави. Зарем е тоа можно браќа меѓусебно да се однесуваат на начин непримерен и недостоен за почит? Изгледа се' е можно кога се има работа со луѓе кои немаат ништо заедничко со нас, Македонците!

Повеќе пати сум рекол дека СДСМ, Зоран Заев и неговите послушници се фатија со Ѓаволот да играат оро, па беа надиграни и намагарчени. И тоа со право. Ништо не научија од минатото, а се втурнаа во иднината. Иднината, една голема енигма и за многу попаметните од нив. Па така, незнаејќи дека без минато нема иднина,  си го навратија Ѓаволот да ги вјава,  а семејствата им, да умираат од срам.

Зоран Заев и неговите пулени никогаш не  го научија основното правило на животот, па затоа прават грешки со големи негативни последици  по своите, но и по интересите на македонскиот народ и неговата национална држава.

Ненаучија дека без земја нема корен, а без него нема стебло, на стеблото гранки, а на гранките плодови и така секој роден циклус како  кај човекот, така и кај сите други живи творби на земјината топка.  Со други зборови, без  континуитет нема  иднина. Па така се' друго е глупост, не знаење и лук и вода!

Има приказна за свињата и Хитлер, па би сакал да ја споделам со вас, драги мои!

Еве вака:

Еден ден, кога беше жив и играше, ко бајаги,  важна ролја во Германија,  Адолф Хитлер, со својата свита посетил некоја фарма за одгој  на расни свињи и обработување на нивното месо. Газдата на свинјарникот со почести ги примил високите гости, ги погостил  и потоа ја почнал својата животна приказна поврзана со преработката на свинско месо.  Стигнале и до колбасничарскиот одел, а газдата и понатака си се држел до тоа што најдобро го знае. 

Од како го исслушал предавањето за производниот процес на колбаси, германскиот канцелар, Адолф Хитлер, сакал да постави прашање. Ни пет ни шест, што би  се рекло,  му се обратил на газдата :  драги мој поданче, добро ми е познато дека од  свињите правите производи со кои нашиот Рајх се гордее, неби ли процесот бил поефикасен а колбасите поефтини за нашите граѓани ако ја подобрите производната технологија? На пример, кога би ставиле колбас а да излезе свиња? Видел свињарот со кој има работа, па после кусо размислување, рекол:  Ох уважени Фиреру може, како  да не, но досега само  на вашиот покоен татко му успеал тој експеримент! 

Наравоучение? - барајте го сами. Има многу варијанти!

Зад секое дело стојат желби, ама желбите на Заев, Димитров, Фрчковски, Шеќеринска ...,  како за инает не се исполнуваат на начин како  тие очекуваат. Датумот за отпочнување со преговорите за влез во Европската  Унија, никако да стигне до Скопје, што ги прави нашите "врвни" политичари  нервозни и исполнети со чувства на недоверба во искреноста на Меѓународната заедница. 

Тој важен пат, кој секоја заслужна земја кандидаткиња, треба да го изоди, Зоран Заев и Никола Димитров не го разбираат. Мислејќи дека со продавањето на државата и нејзиниот национален идентитет ги задоволија барањата на Европската Унија, а сега е ред на другата страна да си ги исполни ветувањата. Меѓутоа, баш тој факт е јасен доказ дека Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи и многу други како нив,  не котираат високо во Европа. Во Европа, во која се вљубени, и ја сметаат за  свое последно засолниште.

Со негирање на нивните желби им докажуваат кој е газда во Европската Унија и кој ја води европската политика за проширување. Пристигнатите вести за бројот на државите кои се против  давање датум за разговори со Република Северна Македонија се доказ, дека датумот за преговори го изел волкот. Барем за некое време!

Пораката е: со деца јогурт не се срка зошто ќе те испрскаат и дека тие што на своја рака извршија, и ако поттикнати од таму, злосторства врз сопствениот народ не заслужуваат внимание и признание за такви недела, кои, тобоже, не биле дел од Европските вредности, а по кои нашите сепак трчаат како лисицата по  на бравот м.......  Тие се само истрошена роба, која се фрла на буниште, каде им е и местото. И тоа се случи!

Сега е редот на македонскиот народ да им ја покаже вратата за таму, каде што и вистински припаѓаат!

Раздвиженоста во редовите на властодршците  е видлива. Но и во редовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Гледајќи дека ја губат битката за доверба кај својот сопствен народ, зошто се откриени нивните предавнички намери, трчаат да го фатат  последниот воз, и на народот да му соопштат дека се' ќе направеле, да ги исправат грешките од минатото, но само спрема Уставот и законите. 

Меѓутоа, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ нигде не споменува Уставот и законите на која држава. На продадената Република Македонија или на Република Северна Македонија. Изгледа дека и самиот слабо се снаоѓа во своите лаги.

Ево што ни порачува Христијан Мицкоски, убеден дека Македонците ќе му поверуваат и догодина ќе потрчаат во огромен број на парламентарните избори, кои ги сметаат за последна можност за да ја заседнат Владата и Собранието на Република Северна Македонија и така на легален начин  ни ја запечатат судбината.

"Штетата е направена, таа штета денеска е срам и уништено достоинство на сите граѓани на Македонија, но може да се направи чекор назад. Има можност да ја поправиме таа штета, но под услов тоа да е според Уставот и законите. За тоа ни треба дво-третинско мнозинство, односно 80 пратеници, или Бадинтерово мнозинство. Тоа е реалноста, јас нема да ветувам ништо, само за да стигнам на власт"!

Бре, бре, бре!

Господине Мицкоски, вие ништо не сте научиле од своите кардинални грешки, па затоа постојано ги поновувате старите. Па ако вака продолжите, нема ниту да стигнете до власта за која сте запнале.  Знаете дека само на Заев му успеа со лага да биде ага. Зошто, па затоа што го имаше вашиот договорен предавник, Ѓорге Иванов, кој божемно му поверувал на неговата искреност и муртинска чесност.

На македонскиот народ му треба вистински народен трибун кој ќе има доблес да стане   на чело на колоната и да го поведе во победа на доброто над злото. Вие, драги мој лажго не сте тој трибун!  

Најмалку што можете да направите за да се оправдате пред своите членови  и пред Македонците, треба да си дадете оставка, да свикате нов Конгрес и ВМРО-ДПМНЕ да се реорганизира со ново, македонско  раководство. Во спротивно, македонската јавност и понатака ќе ве смета за изрод и предавник на македонските национални интереси и активен соработник на Зоран Заев во доразнебитувањето на македонската држава.  

Тек тогаш би имале некоја можност, се разбира доколку би биле како покајник реизбран, да седнете во широката фотелја на владарот на Република Македонија ако до тогаш  успеете да ја дигнете од мртвите.

Знаете зошто го споменувам сето ова? Па затоа што некој кој учествувал во растурањето на Република Македонија, го искасапил Уставот на Република Македонија, го заменал АСНОМ со Охридскиот рамковен договор, а Македонците ги деградирал до степен на граѓани, потоа  го распродал нејзиниот идентитет и идентитетот на Македонците, се одрекнал од националната историја, култура, се одрекол од Македонците во странските земји и уште редица други отстапки во полза на Грција, Бугарија и Албанија, не заслужува  да биде челник на македонската држава.

Барате 80 пратеници или двотретинско мнозинство во Собранието како би имале сила да правите што ви душа сака, не би требало да биде опција за Македонците. Дури тогаш ќе го потврдите своето предавство и со наше одобрување за век и веков Република Северна Македонија ќе му биде  засолниште на изродите и предавниците, но и на такви како вас, почитуван претседател на "најголемата опозициска" партија  во Република Северна Македонија и пошироко! 

Вашите гаранции за менување на  положбата во Македонија  немаат никаква тежина. Тие се исто толку вредни, колку и гаранциите на Зоран Заев дадени на вашиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој на крајот на краиштата испадна најголем предавник и изрод во македонската историја. Се разбира, дури  поарен и од Зоран Заев, зошто тој беше тој, кој го устоличи сегашниот незаконски и противуставен премиер за да ја продаде Република Македонија и се' другоно погоре спомнато. А гаранциите кои му ги врачи пред целата македонска и светска јавност беа само гнасна фарса и голема измама на својот сопствен народ. Затоа господине поранешен претседателе на Република Македонија срамете се и кога ќе го доживеете својот последен ден, заминете си како македонски најголем изрод и предавник, без право на почит!

Македонија има шанса да си го врати националниот углед и изгубеното достоинство, заедно со мирот во државата, просперитетот на граѓаните и безбедноста на сите национални малцинства спрема меѓународните Конвенции за човекови права. Има и повеќе од тоа, бидејќи се' што е досега направено од страна на Зоран Заев и неговата Влада е против националните интереси на македонскиот народ и против Уставот и законите на Република Македонија. 

За да се случи тоа, прво треба да се има смелост и љубов кон Македонија, но пред се' почит кон својот народ во неа и на секаде во светот. Да се има знаење, чесност, и без опашки зад себе од минатото и сегашноста. 

Но пред се', потребно ни е вистинско единство на сите патриотски организации и вредни поединци подготвени да се прифатат за должност која исцрпува, ама и наградува. Наградува не само материјално, туку и духовно, знаејќи дека се работи за Татковината, без која не е ни вредно да се живее.

На 22 јуни 2019 година ги исслушав мислењата, заложбите и можностите понудени за решавање на големава криза во Македонија. Беше тоа на Првата конференција на МАКЕДОНИУМ, на која беа присутни претставници на организации од внатре и надвор од Македонија и поединци, загрижени за судбината на ова последно парче од македонската земја со Македонци, кои со повеќепати посилни воени сили на Германци, Италијани, Албанци, Бугари и разни домашни изроди и предавници успеа да создаде своја национална држава, Република Македонија. 

Дојде време да се справиме одново со поранешни и сегашни непријатели, но најповеќе со самите себе, неодлучни, раскарани и без волја да ги ставиме настрана сите недоразбирања, да седнеме на заедничка братска маса, да си подадеме рака и со братски прегратки да се заколнеме дека ќе ја одбранеме нашата татковина,  ќе и' го вратиме повреденото достоинство и угледот, а предавниците и изродите ќе ги приведеме пред лицето на народната правда, која ќе произлезе од средината на сите нас. Тоа ќе го постигнеме само ако ги истераме и мувите кои странските фактори ни ги пуштија меѓу нас, за  така искршени, полесно да не истребат.

Една од најважните програмски начела на МАКЕДОНИУМ е елиминирање на бариерите помеѓу Македонците во Република Македонија и Македонците иселеници на секаде по светот. Што е новина, одамна, под притиоск на Грците, Бугарите и западот напуштена, како би се елиминирала  економската моќ на иселеништвото со која би прискочило во помош на браќата и сестрите во СТАРИОТ КРАЈ, ако е потребно! Но и многу други работи, особено важни за нашите браќа и сестри во Беломорска Македонија, Пиринска и делот окупиран од Албанија!

Името МАКЕДОНИКУМ произлегува од вкупните национални вредности всадени во нашите души од памтивек, затоа не би требало да биде пречка или оправдување за не здружување. Се' е можно кога сме заедно, па и одлучување  за идното име на носителот на почетните организациски деиности.

Втората Конференција  е закажана за август 2019 година, некаде  во Македонија. За информации погрижете се сами!

ПС. Ова не е реклама или посебна препорака, туку само информација која може да биде инспиративна за приклучување и создавање на централно заедничко работно тело. 

Зошто борбата за Татковината не е работа за раздробено општество. Никој не  ја добил битката сам. Само заедно сме посилни! 

 За секогаш Ваш, Сотир!

Григор Прличев

денешен.мк

ГРИГОР ПРЛИЧЕВ ВО СОЛУНСКАТА ГИМНАЗИЈА 

 

Говор  за св. Кирил и Методија одржан на прославата по повод 1000 годишнината од смртта на Методија, 6. мај 1885 година во Солунската гимназија

 

"...Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александар Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението"?

**********

 

Зоран Заев

Infomax.mk

САНСТЕФАНСКИОТ БУГАР ЗОРАН ЗАЕВ

ЌЕ ЈА ОСТВАРИ ЛИ ЗОРАН ЗАЕВ ВЕЧНАТА ЗАЛОЖБА НА БУГАРИЈА ДА ЈА АНЕКТИРА МАКЕДОНИЈА ВО СВОЈА ПОКРАИНА?

 

Вековната идеја за анексија на Македонија како бугарска покраина преку максимата "Швајцарија на Балканот", речиси е во својот завршеток успешно да се оствари, овој пат благодарение на Зоран Заев.

Потпишувањето на договорот со Бугарија не само што не промовираше добрососедство, туку напротив, ги отвори асимилаторските апетити на Бугарија до целосно остварување на идејата и идеологијата на Санстефанска Бугарија.

Обидот да се декларира Гоце Делчев, човекот чиј живот претставува и основата на Македонизмот и националниот мит, за Бугарин, базирајќи се на лажни факти и измислени историски настани само ја докажува идејата на современа Бугарија од Македонија да направи бугарска покраина.

Во МРО/ТМОРО/ВМРО освен луѓе родени на географската територија на Македонија (Пиринска, Егејска, Вардарска) имало и лица кои биле чисти Бугари, родени во Русе или Варна и слично, но се бореле за македонската револуционерна организација и за слобода на Македонија. 

Еден од нив е на пример Тодор Паница (Санданист и атентатор на Сарафов и Гарванов, подоцна ликвидиран во Виена од идната сопруха на Ванчо Михајлв).

Имало и многу други, а пред неколку години и во Македонија се емитуваше документарен филм токму на таа тема: "Бугарите во македонското револуционарно дело".

Ова треба да се потенцира затоа, што директорот на Институтот за национална историја Драги Георгиев јасно подвлече дека наша цел е да се констатира дека Гоце Делчев бил македонски револуционер, а не Македонец. Ова всушност е и компромисот - Гоце да се прикаже како Бугарин кој се борел за слободата на Македонија.

Тоа совршено им одговара на Бугарите. Тоаа е нивната теза.

Ванчо Михајлов, подоцна, тоа многу добро го опишува велејќи дека по Берлинскиот конгрес (1878) станало јасно дека големите сили (Австроунгарија, Англија, Франција, Германија...) нема да дозволат создавање на голема Бугарија како што стоело во Санстефанскиот договор кој е потпишан откако Русија "до колена" ги поразува Османлиите во Руско-Турската војна (1878) и им влегла во Цариград предизвикувајќи Османлиите да капитулираат.

Големите сили брзо препознале дека Русија ја подготвува за своја сателит држава Бугарија и затоа ја прават голема, дефакто да ги прошири своите граници од Црно Море до Јонското Море.

Оттогаш потекнува и идејата за две држави со еден народ. Оттука и она неговото: Македонија-Швајцарија на Балканите. А, во Швајцарија нема Швајцарци туку Германци, Французи, Италијани...

Согласно тоа, во Македонија би биле доминантни Бугарите, но и Грците, Турците, Арнаутите, Евреите итнт.

Се' уште не е потполно јасно дали нашиот преговорачики тим подготвува терен за вакво решение но не треба оваа опција да биде исклучена.

Што се однесува до Гоце Делчев, точни се констатациите на разни непрозвани лица кои тврдат дека тој се потпишувал како Бугарин, но административно. Тој бил учител во бугарско училиште, но  во тоа време за друга националност немал ни можност да се потпише, ниту пак постоеле македонски училишта. 

Тоа е време на зачетоците на создавање на Македонската национална свест и Македонската нација. Бугарите кои биле ослободени од Русија (1878) со идеја да бидат нивна сателит држава, порано ја создаваат својата држава (најпрвин кнежевство) и нација.

Русија не сакала да "чуе" за македонска држава, туку само Бугарска, но нејзин сателит држава (како денес што е на пример северен Кипар сателит држава на Турција).

*****************

Виолета Македонска Тировска

 

Виолета Македонска Тировска

КАЖИ МИ СО КОЈ СИ И ЌЕ ТИ КАЖАМ КОЈ СИ

 

Ова, одамна го рекол народецот наш македонски...Старите наши немале звучни професорски титули, ама биле умни и мудри, не подводливи ниту па материјализирани измеќари.

*******************

Од авион е провидна изјавата на Ина Василевска, член на Извршниот Комитет на ДПМНЕ, која без разлика да ли намерно или од незнаење таа уште повеќе го бугаризира Гоце Делчев, посебно повикувајќи се на нејзините проучувања со Зоран Тодоровски, историчар и поранешен директор на Државниот архив, кој Љупчо Ѓорѓиевски го намести на таа позиција со одредена цел и до смртта (05 март 2015 година) царуваше на таа функција не престанувајќи да се надева во неговата мајка Бугарија...Не е никаква тајна дека со години Бугарите фалсфикуваа и преку петтта колона во партиите се инфилтрираа фалсификувани материјали, кои пробно секое толку преку нивните канали ги пуштаа како пробни балони, додека домашниве "големи патриоти" молчеа, не подземајќи ништо во одбрана туку му го оставија Државниот архив на бугарскиот додворник Зоран Тодоровски, на кој се сега Василевска повикува со што, практично, си кажува за себе најмногу.

Не е никаква тајна дека директорот на Државниот архив поставен од Љупчо Ѓорѓиевски до смртта беше бугаро љубец, што беше потврдено и од Јанкуловска и Ставревски во едно од прислушкуваните видеа, дословно нарекувајќи го "оној бугарашот" за кој не се знае колку документи има изнесено или уништено во времето на неговото директорување во Државниот архив, дури јавно пробуваше да протурка теза дека се појавиле нови писма од Мисирков во којсе изјаснува како Бугарин, па за Груев, Делчев, Сандански и ред други македонски великани а никаде не спомна од каде му дојдоа тие фалсификати...никој не го контролираше да ли соодветно се чуваат и обелоденуваат оригиналните документи. Не се вложуваше во науката по национална историја, не се вработуваа на клучни позиции национално високо свесни македонски кадри, национално оформени личности, ама уредно се полнеа приватните џепови со тендери и државните институции со антимакедонски личности на високи државни позиции, итнт. се' со одредена цел...

Сведоци сме на системско уништување се што е македонско и национално не од вчера, туку од денот на осамостојување. Само слепите кои не сакаат да видат се' уште не гледаат, ниту пак ќе прогледаат и напред ќе верглаат кој лидер бил најдобар патриот, а во суштина реалноста е: ЕДЕН ДА БИЛ ДОБАР ПАТРИОТ, НИЕ ДО ТУКА НЕ ЌЕ ДОЈДЕВМЕ, КАКО НАРОД И ДРЖАВА!!!

Преземено од Facebook.

 

Марија Воденска-Маре

 

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

***

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********************

 

ТРОМЕЃНИЦА 

 

 

  • Еј, моја ДРЕВНА
    ЕЗЕРКО!

    Уште кои
    орлишта се
    готват да ги
    исколват
    синооките
    извори на
    Тромеѓето?

    Уште кои
    стрвници
    озабени се
    кикотат
    да ја расчеречат
    снагата, што од
    алчност
    со клешти ја
    кинеле?

    Уште кои
    крволочници ТЕ
    нишанат
    да ја глодат
    душата
    изболедувана,
    разнебидувана,
    пред олтарот на
    историјата?

    Остани ПРОСТУМ
    моја
    МАКЕДОНКО!
    УБАВИЦЕ
    РАЗМЕЃЕНА!
    И запеј ја песната
    од сите три грла
    да надвиши
    изгрев од срцето,
    и уште подалеку.

    Патиштата на
    умот ширум да останат отворени
    за светлината на
    младоста,
    ќилибарна.
    ***********
    Битола, Јули 1989 година.


    2.
    МАКЕДОНИЈО!

    Кој чул за Тебе
    сака да те види,
    Кој Те видел,
    сака да Те допре,
    Кој Те допрел, од
    Тебе сака да
    грабне
    Кој грабнал,
    назад не го
    враќа!

  • Колку повеќе
    старееш
    Толку повеќе младееш.
    Ах, Ти моја
    Македонијо!
    Убавица за очите,
    изгор за срцето
    Мелем за душата
    Нескротена,
    недофатна
    Неприбрана, водотечна
    Збрана во
    прегратки.

    Каде си, каде да
    Те сместам?
    Облеана во
    мечти, кажи ми,
    Како да Те
    соберам, да Те
    спојам, Господова
    целино, во
    македонска
    градина.

    Каде останаа и
    застанаа
    годините?
    Расеани како
    sвезди на небото
    Не броени
    наназад и
    нанапред
    Копнежлива
    Македонијо!


    3.

    СЕГА, ПО ТЕБЕ

    Во овој ден врел
    од утро
    со житото
    изедено од мрак
    кога лебот
    мириса на очи
    ококорени од
    чудо
    кога жетвата
    нагризана се
    претвара во
    мувла
    кога потта се
    преселува преку
    граница
    дали, ако беше
    меѓу нас
    силно ќе
    грмнеше
    твојот залостен
    оган низ правта
    да ги исплакнеме
    очите од маглата


  • што виси пред
    нашите скрстени
    раце
    и усти полни со
    пцости?

    Ако беше жив
    меѓу нас
    дали небото ќе ја
    изгубеше војната
    за земјата,
    смислата за
    недостапните
    цени,
    за немаштијата
    како нагризнина
    по војната
    за скапотијата
    како изеднина на
    месечината
    за сегашните
    измиени мозоци?

    Ќе посегнеше ли
    по цветот
    да го скинеш
    пред друг да
    посадиш?
    Ќе се бореше ли
    за животниот
    стандард
    што коленичи за
    трошки без
    'ркулец
    или громко ќе
    викнеше, како
    пред јуриш,

    ЛУЃЕ!

    Доста со отворени усти и
    скрстени раце
    коленичиме пред
    живиот песок!

    Да ја спасиме
    честа и се' што е
    со неа!
    И во овој момент
    Те прашувам:

    Домот твој ќе
    биде ли топол и
    за твоите браќа?
    Или ќе се
    вгнездиш како
    ноќна тишина
    глува за песната
    на работникот-
    пред вратите,
    НЕВРАБОТЕН?
    *********
    Штип, лето 1986 година
    Автор: Марија Воденска-Маре.






Славе Катин

Академик  А.Шкокљев и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 15

ЛАПИТИ-НАРОД ВО ТЕСАЛИЈА БЛИЗУ ОЛИМП ОД ЕОЛСКО ПОТЕКЛО ДЕЛ I

 

Лапитите, како потомци на Хиперборејците, народ населен на далечниот Север, на бреговите на Океанот, т.е. Дунав (Херодот, IV, 32 и понатаму), при својата преселба долж Морава и Вардар, ги понеле со себе и ги донеле во подножјето на Олимп и своите божества Посејдон и Аполон. Тоа го потврдуваат легендите и античките писатели. Според делфинската легенда, примарно седиште на богот Аполон бил Олимп и тесалиска Темпа.

********************

Храмот на богот Посејдон, кој според Хесоид (Theogonia, 453 и понатаму) ги поставил бедемите кои го опкружувале Тартар (Ѓердап), "бронзена врата" - Денес "железна капија", бил пренесен од градот Петра, во областа Пиерија во Македонија.

Населби на Лапитите во Еолија биле : Атракс, Гиртон, Елатеја и Корона (северно од денешниот град Лариса).

Етнонимот на Лапитите потекнува од сложен збор, каде  Lapa значи рамница, стомак, па оттаму и современите називи во медицината лапа-ротомија и лапа-роскопија. Како и од зборот Iti, императив од eimi-да припаѓаш, што би значело народ од рамница. Топоним со ист корен постои во називот  на градот Лапово во Србија, во Моравската  Рамнина, што упатува на хипотезата за нивната прататковина, како и многу топоними во Хомоље под називот Петра, Петриш,Петрикша, Петрач, Петро-Град, Петрина карпа итн. Лапитите во митологијата се витешко племе, познато по јуначките борби со Кентаурите, сурови, влакнести суштества кои живееле во тешко пристапните шуми и планини Пелион, во Магнезиска Тесалија.

Родоначалник на Лапитите бил кралот Лапит, син на хиперборејскиот бог Аполон и нимфата Стилба, ќерка на богот Пенеј. Нивни деца биле Форбант и Перифант. Според Диодор (Diodor Sic.) (IV, 69) и Хомер (I,1, I, 266 и XII, 128), како браќа на Лапит се наведуваат уште Кентаур и Енеја, додека деца му биле Пртенија и Периерг.

Постариот син на кралот Лапит, Форбант, ја напуштил Тесалија и се населил на островот Род кој бил загрозуван од бројни отровни змии. Откако го ослободил островот од отровниците, формирал колонија од свои земјаци и станал крал на Род. Со Хирмина Форбант имал двајца синови, Актор и Авгеј. Меѓутоа, според едно друго предание од Пелопонез, Форбант од Тесалија преминал во Алида, каде му помогнал на елидскиот крал Алектор во борбата против Пелоп од Фригија. Во знак на благодарност Алектор со Форбант го поделил кралството, кое по смртта на Форбант го населиле неговите синови и ја поделиле власта над Елида.

Вториот син на кралот Лапид, Перифанд станал крал на Атина. Тој бил познат по праведноста и по својата побожност кон хиперборејскиот бог на Сонцето, Аполон, кому му подигнал многубројни светилишта. Заради исклучителната побожност, а според легендата, Зевс кралот Перифант, по смртта, го претворил во орел, кој оттогаш се смета за крал на сите птици, а престојувал покрај неговиот престол и го чува неговиот скипар (жезло).

Покрај сите, како прочуени владари на Лапитите се споменуваат уште и: Иксион, Хипсеј, Пиритој, Полипет, Леонтеј, Елат, Каинеј, Корон и др.

Кралот на Лапитите Иксион бил внук на Перифант, син на Антион и брат на Флегиј. Бил оженет со Дија, ќерка на кралот на Фокида Деонеј, а брат на Кретеј и Магнет. Според Пиндар (Pithya, II,39),пред да ја побара Дија, Иксион на својот иден дедо му ветил големи дарови.Кога подоцна Дејонеј ги побарал, зетот го намамил во својот дом и го фрлил во јама исполнета со зажарен јаглен.

По овој гнасен злочин Иксион полудел и никој од боговите и од луѓето не сакал да го ослободи од гревот. Единствено Зевс се сожалил на неговите страдања и не само што му го простил убиството, туку му подарил бесмртност и му дозволил да присуствува на гозбите на боговите. 

Во меѓувреме, Иксион ја посакал љубовта на божицата Хера, Зевсовата жена и се осмелил да ја силува жената на својот доброчинител, обесчествувајќи го нејзиниот лажен лик од облак (Nefele). Од оваа врска е роден кентаурот Хирон, татко на сите кентаури. Децата на ова чудовиште, со магнезиските кобили, го наследиле горниот дел на телото од таткото, а долниот од мајката. Заради оваа дрскост Зевс го казнил Иксион. Го распнал на запалено тркало кое постојано се вртело во воздух околу Земјата. 

Судбината на Иксион ја обработувале Еврипид и Ескил во нивните трагедии. Синот на Искион, Пиритој, бил крал на Лапитите од Магнезија, на устието на реката Пенеј. Постои легенда дека тој бил син на Зевс и жената на Иксион Дија. За тоа Хомер (II. XIV, 317) кажува: "Ниту кога ја љубев жената на Искион, која го роди Пиритој, на боговите рамен..."

На денот на венчавката на Пиритој со ќерката на Бут, Хиподамија, кентаурот Евритон, опиен од вино, се обидел да ја силува невестата. Неговиот пример го следеле и другите кентаури кои ги нападнале присутните лаписки жени. Овој настан предизвикал војна меѓу Лапитите и кентаурите која траела една година. На денот на победата на Лапитите, Хиподамија на кралот Пиритој му го родила синот Полипет. По татковата смрт Полипет станал крал на Лапитите.

Кога пламнала Тројанската војна, заедно со својот пријател Леонтиј тргнале со четириесет воени бродови кон бреговите на Тројада (Homer, I,1, II, 740). На бојното поле Полипет се истакнувал со големо јунаштво.

Со останатите елински борци се нашол во дрвениот коњ, а по разурнувањето на Троја се вратил во родниот крај. Братот на Иксион, Флегиј, е херој на воинственото лаписко  племе Флегијци (Пожаревљани) и татко на мајката на Асклепеј, Коронида. Тој е основач на градот Флегиј во Беотија, а се споменува и како владател на минијскиот град Орхомен. Воинствено расположен, Флегиј ја ограбувал стоката и жетвата од своите соседи се' до коринтската превлака. Во близина на  Епидаур на Пелопонез, неговата ќерка Коронида му родила син, Асклепиј, идниот бог со лекарска вештина. Пиндар (Pyth. III) наведува дека врската меѓу Коронида и Аполон се случила во Тесалија, па богот Асклепиј бил роден во Трика (Трикала).

Страбон (IX, 5, 21 и XIX, I, 40) кажува дека Коронида живеела на брегот на Бебеитското Езеро во Тесалија, каде имала обичај да ги мие своите нозе и каде подоцна богот Аполон станал нејзин љубовник. Што се однесува до Флегијците, се раскажувало дека тие го ограбиле и запалиле светилиштето во Делфи. Заради тоа, Аполон сите Флегијци ги фрлил во Тартар (Ѓердап). Таму Флегиј, со најголемите криминалци, ги плаќал своите гравови, трпел глад и страв, зашто над неговата глава се наоѓала карпа која секој миг можела да падне.

Вонбрачен син на Искион со Нефела бил прочуениот крал на кентаурите Хирон, иако според Пиндар (Pyth.III,45) тој бил син на титанот Крон и окенаидата Филира, ќерка на Тетија. Од другите кентаури се разликувал по добрината, благоста, правилноста, побожноста и длабоката мудрост. Хирон живеел во пештера на тесалиската планина Пелион. Бил учител и воспитувач на многу херои, па дури и на богови. Ги учел на мудрост, морал, витештво, лекарски вештини и ловење, па како таков имал значајна улога. Хомер (I, 1, XI, 832) го споменува како учител на Ахил, а Пиндар (Pyth. III, 45) и како учител на Пелеј, Асклепиј и Јасонов.

Хирон го прифатил тукушто родениот Херакле и му бил воспитувач, пријател и учител. Подоцна, кога ги прогонувал дивите кентаури, Херакле случајно со стрела го погодил својот учител. Хирон, кој бил способен да излечи секаква рана, но не можел да ја исцели својата, се повлекол во пештерата и, изморен од страдањата, му упатил молба на Зевс да умре наместо Прометеј. Боговите го пренеле праведниот Хирон на небото, во соsвездието на кентаурите. Нимфата Харикло, ќерка на Аполон, му родила на Хирон син Каристо и две ќерки.

Следен крал на Лапитите бил прочуениот Кенеј, син на кралот Елат во истоимениот град во Тесалија, а внук на Атракс. Кенеј се одликувал со исклучителна сила, а посебно се истакнал во борбите на Лапитите со кентаурите на свадбата на Пиритој. Во митологијата тој е познат и по тоа што учествувал во ловот на Калиндонскиот вепар и во походот на Аргонаутите.

Синот на кралот Кенеј бил Корон, епонимен херој и крал на истоимениот град во Пегаситскиот Залив. Корон учествувал во походот на Аргонаутите и војувал против дворскиот крал Егимија, син на Дор, првите Хелени во Тесалија. Егимија владеел со Дорците населени околу планината Ета или долината Пенеј. Кога на Егимија му се заканила опасност од лапитскиот крал Корон, го повикал на помош Херакле и му ветил третина од својата земја. Херакле го убил Корон и ги растерал Лапитите, а ветениот дел од земјата му припаднал на Хераклеовиот син Хил, кој подоцна, при освојувањето на Пелопонез бил убиен во двобој од Тегеачанинот Ехем.

Коронов син бил Андремон, крал и митски основач на градот Амфиса во Фокида (Паусанија, X, 38, 5). Бил оженет со Горга, ќерка на калидонскиот крал Енеј, кој бил познат по својата гостољубивост. Горга била сестра на Дејанира која, пак, станала сопруга на Херакле.

Андремоновиот син Тоант бил водач на Етолците во Тројанската војна со четириесет лаѓи ( Хомер,I, 1, II, 638). Во оваа војна Тоант се истакнал со своето јунаштво и речитост. Од војната среќно се вратил дома. Кога Одисеј морал да ја напушти Итака, според одлуката на Неоптоломеј, тој нашол прибежиште кај кралот Тоант. Таму Одисеј се оженил со неговата ќерка, која го родила неговиот син Леонтофон. По десет години, во длабока старост, Одисеј умрел во дворецот на Тоант.

Продолжува

Kind regards: 26 јуни 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 221

ВИДЕОТЕКА

***************