Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВИСТИНАТА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛО

ЗОРАН ЗАЕВ И ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЕДНА ПАРИЧКА СО ДВЕ ЛИЦА 

 

 

"За нас е важно, покрај сите неуспеси на оваа влада и сите недостатоци  како резултат на нивното нефункционирање во изминатите две години, да не бидат казнети граѓаните а "Република Македонија" да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Јас самиот ќе поднесам иницијатива до органите на партијата за ВМРО-ДПМНЕ да работи со владата се' со цел да се надминат нивните недостатоци и "Република Македонија" да добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија, барем до октомври оваа година"!

Рече Христијан Мицкоски во ТОП ТЕМА

*********************

Најпосле, Ѓаволот си ги покажа роговите! Христијан Мицкоски блесна како месечина, на пладне!

Каква иронија и потценување на сопствениот народ, од кој бара, човеков, подршка за да го "победи" Заевизмот и неговиот создавач, Зоран Заев.   Да го победи Зоран Заев и така да ја "спасел" умрената Република Македонија, на чии погреб  тој, со  своите истомисленици од ВМРО-ДПМНЕ  не испушти, ниту солза!

Како да дошол од некаде каде никој не слушнал што се случува во таа несреќна Македонија и како да тој не бил активен актер во несреќата која го снајде македонскиот народ од несматрените му синови и ќерки. Од изродите и предавниците, баш како и самиот тој. Како да Република Македонија и понатака егзистира паралелно со Република Северна Македонија, па тој ќе го спасува Македонецот од политиките на Зоран Заев да не му се случи нешто полошо. Да се избори за датум на преговорите за влез во Европската Унија и така да му ги исполни желбите на "Македонците", односно желбите на нивните наредбодавци. 

Може ли нешто полошо да ни сторат, нашиве душегрижници, од тоа што веќе ни го направија? Само уште да не отрујат и запалат! А кој знае? - можеби и за таква работа се подготвуваат! Се' можат да направат, со злоупотреба на власта и без вистински отпор на македонскиот народ.

Кога веќе, и' го сменија името на македонската држава од Република Македонија во Република Северна Македонија, ни го продадоа националниот идентитет, националната историја, македонскиот јазик, ја прогласија македонската нација како непостоечка творба  креирана  од Тито за време на Втората светска војна и редица други будалаштини, несфатливи за човек со просечна интелигенција и наобразба, има ли уште нешто друго што би требало да направат, па после да не примат во Европската Унија? 

Разликата помеѓу него, Христијан Мицкоски, и Зоран Заев не е голема: Зоран Заев работи јавно, а Христијан Мицкоски перфидно. И двајцата работаат во хармонија, против националните интереси на Македонците. Секој на свој начин, и со една те иста цел: да се задржат договорите со соседите и нивното делување да биде трајно.

Неговата лојалност кон  македонскиот народ и членовите на      ВМРО-ДПМНЕ е дискутабилна  и не  соодветна со  должноста претседател на "голема" опозициска политичка партија. Дали е тоа обичај да се седи на две фотелји во исто време или предавство, тоа ќе му го соопштат Македонците на идните парламентарни избори.

Причината за таквото однесување сигурно лежи во фактот, што  се во различни интересни сфери: едниот е властодржец, другиот силно посакува да биде, а сепак, двајцата вјаваат исти коњи, дар од надворешен голем тренер. Велам голем, зошто плаќа добро, за извршената  работа. А местото на натпреварот, Хиподромот, секогаш била  Македонија,  мала, ама значајна земја за експерименти со алчноста, наивноста и глупоста.

Христијан Мицкоски си го знае занаетот. Го научи  од претходниот претседател, па затоа оперира со баснословни бројки на излезност, и длабока доверба во своите способности да ги влече Македонците за нос, а посебно  членовите на неговата  ВМРО-ДПМНЕ, кои  се' уште му веруваат во нешто. Во неговата  "чесност и искреност",  посветена  на македонската кауза,  сега во рацете на Зоран Заев.

Посакува да стане челник на  следната  Влада на "Република Македонија", за да се избори за среќата на граѓаните, која е загрозена од "изродите и предавниците" на СДСМ. Гори од желби да ни помогне и да ги исправи грешките на оваа "ненародна" власт. Да ги исправи сите, ама не и оние  обележани како Табу тема од нивните газди, а тие се  договорите со Грција, Бугарија и Албанците.

Споменување на Република Македонија без сериозно да ни даде на знаење дека е против Република Северна Македонија и криминалните договори со соседите  е како да пече леб во ладна фурна. Мицкоски постојано не замајува со својата економија, со која ќе ги направи граѓаните на "Република Македонија" посреќни и побогати. Како да живее во недавното минато, кога Никола Груевски му ја предаде земјата  на Зоран Заев за да ја суреди и преименува во Република Северна Македонија, а Македонците ги елиминира и дома и надвор од неа. Да не елиминира, како би направил простор за изродите, предавниците и квислинзите. 

Па господине Мицкоски, ако не смеете да се допрете до тоа што го боли македонскиот народ, што, впрочем, вие ќе исправите? Тендерите и корупцијата? - кои од секогаш биле дел на вашето владеење, односно на сите  оние како вас и пред  вас? Или додворувањата кон Албанците  со кои и така ја поделивте Македонија? Зарем вашата определеност, по секоја цена, да не внесете во некоја си не официјална европска федерација и НАТО, обезглавени и до петици понижени, а при тоа обезличени ве прави поарен од Зоран Заев?  Барем со него знаеме што не чека и можеме да реагираме или не, ама со вас, до пред една недела не знаевме кој сте и што, впрочем,  мислите да правите, ако еден ден станете на чело на северномакедонската Влада. Од таа позиција вие можете само да одете в затвор како предавник, на Северна Македонија.

Ќе го попречите ли издавањето на личните документи со новото име на Република Северна Македонија? Потоа школските сведоџби, крсните листови, учебниците  без трунка македонска национална историја во нив итнт, или ќе чекате самите да се бришат од срамотиите внесени во нив?

Зоран Заев, не е сам господине Мицкоски, ве има вас и вашите послушници, и некои дел од  членовите на ВМРО, чие име и улога во животите на сите нас, Македонците, го осрамотивте, здружувајќи се со Зоран Заев, ДУИ и  СДСМ. Се здружувате со некој кој се одрекнал од се' што е македонско, а од македонската држава создаде вулкан, секогаш подготвен да експлодира. Создаде, а вие му помогнавте на свој "европски" начин, замајувајќи го другиот дел со приказни за деца и поарна иднина кога ќе дојдете на власт во туѓа куќа. 

Зоран Заев пред вашите очи и на целиот свет распродаде се', а при тоа ама ниту едно влакно од главата се' уште не му има паднато. Просто човек да му завиди на интелигенцијата која ја поседува.  А вие? Тапкате по неговите стапалки без достоинство и без срам!

И едниот и другиот неможе да состави македонска Влада без Албанците. Тие колат, бесат и палат низ Македонија, а вие? Вие се плукате еден со друг, навидум, а од друга страна  се здружувате во заедничко мочуриште, зад грбот на својот сопствен народ.

Се' дури и едниот и другиот тежите за влез во евроатланските интеграции, по цена, која веќе сите ја плаќаме со срамот пред светот, не му служите на македонскиот народ. И затоа, не ја заслужувате неговата доверба.  Но и довербата на сите други лојални национални малцинства здружени со Македонците  во борбата против понатамошното разградување на заедничката ни држава, Македонија!

ЕУ и НАТО, неможат да бидат наша едина алтернатива. Можеби за вас изродите и предавниците, ама македонскиот народ има своја и секогаш ќе ја има својата неотуѓива иднина како надградба на нашето минато, од кое вие се одрековте. Се одрековте, не прашувајќи го народот, за чија кожа се работи. Вие, господине Мицкоски можете да му се придружите на Зоран Заев во секоја доба,  но немате право да газите по спомените на Македонците и плукате по најсветото што од секогаш сме го имале, ВМРО 1893.

Како можете да го споменувате името на ВМРО, а ништо не правите да го сочувате името честа и делото на  идеологот Гоце Делчев и Илинденското Востание? Молчењето, ветувањата и замајувањето на народот се само лук и вода за продолжување на македонската агонија.

Кога се работи за загрозеноста на македонските национални интереси,  не смееме да  ја бараме вината само кај малцинствата, а уште помалку кај соседите.  Да се погледнеме прво во сопствените ни лица и да си го поставиме прашањето: а што ние направивме да се заштитиме од натрапниците? Ништо! Си гледаме сеир и чекаме НАТО и ЕУ да не спаси од сиромаштијата! Зарем толку ниско паднавме за да зависиме од трошките на Европа? 

Несмееме да го заборавиме и тоа, дека заради неколку гнили дрва не е потребно да ја исечеме целата шума! Повеќето  наши граѓани од другите национални малцинства си го најдоа местото во македонското општество и својата борба за поарно и поквалитетно живеење ја насочија кон заедничките интереси со мнозинскиот народ. Само некои од нив под влијание на своите матични држави кренаа рака и тргнаа  во непријателски поход против Република Македонија и Македонците. Тие и таквите како нив, само ги продолжуваат насилствата и барбарските навики од минатото, за кое мислевме дека одамна ги нема.  Волкот влакното го менува, ама табиетот никогаш! Па затоа: WAТCH OUT McDONALDS, BURGER KING IS COMING!

Во овај контекст, албанското национално малцинство не се смета за соодветен партнер, зошто злоупотребено од властодршците на нивната матична држава Албанија, при тоа потпрено и врз странски фактори и нивните империјалистички интереси,  постана Тројански коњ, на кој не му е местото во Македонија.

За да се биде добар и добредојден, секој национално различен, било од каде да доаѓа, мора да ги почитува законите на земјата во која се определил да си го досонува својот сон;  да го научи јазикот македонски, го почитува знамето македонско, Уставот и сите закони и што е најважно, да не бара преку лебот погача. Ако не му е добро и ако не најде тоа зошто си ја напуштил својата матична земја, слободен е да си се врати таму, од каде си дошол. И тогаш ќе најдеме доста камиони и автобуси за транспорт, за да не одат пешки. Исто како и во деновите, кога крваревме од нивните куршуми.

И за крај, да речеме уште неколку реченици во врска со насловот на текстов.

Пак ќе ги споменам многуте дебати каде се разговара за проблемите со кои  македонското општество се соочува од многу поодамна. Не само во последниве две три години, откако Зоран Заев насилно ја презеде власта во Република Македонија, туку од времињата кога ВМРО-ДПМНЕ ги имаше на располагање сите алатки за да се справи со она што не снајде на 17 јуни 2017 година. Тогаш, кога против македонскиот Устав и сите други закони Министерот  за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, заедно со грчкиот колега, Никос Коsијас, го потпишаа договорот со Грција, познат како "договор од Преспа", а ништо не презеде да до тоа не дојде.

И не само тоа, туку испрати лојални "ВМРО"-овци во Собранието да му помогнат на Заев да протне се' што имаше планирано, односно што му беше наредено. И тоа Македонците не му го заборавија на Христијан Мицкоски. Ниту ќе му го заборават!

Исто така,за премолчувањето на договорите со соседите со кој Зоран Заев се одрекна од името македонско и идентитетот на  Македонците, заедно со древната историја на македонскиот народ нема опрост. Но  најболно е од се' испуштањето на сите нас во странските земји низ вода да се снаоѓаме како знаеме и умееме!

Но, не  е само тоа! Има многу други отстапки кои се' уште не им се познати на македонската јавност. И сето тоа, само за празни ветувања од "меѓународната заедница", вклучувајќи ја Европската Унија и НАТО, дека после тоа вратите на Македонија ќе биле отворени на патот кон евроатланските интеграции.

- Решавањето на македонското прашање со соседите е вашата карта за влез и  интеграција во заедницата на богатите и праведни европски "демократски" држави. А тоа уште поблиску ве води до богатиот и среќен живот, ослободени од проблемите кои сте ги имале, до сега, со вашите соседи. Децидни се нашите "доброчинители", кои наскоро, откако не суредија со своите  "пријателски" ветувања и самарчења на нашите политички великани, Зоран Заев, Никола Димитров но и цел ВМРО-ДПМНЕ заедно со Христијан Мицкоски, си заминуват во заслужен одмор, кој знае каде и кој знае кога! А ние ќе бидеме и понатака во собата за чекање да му се молиме на Бога, за малку памет!

За секога Ваш, Сотир

Жанета Трајкоска

Жанета Трајкоска

ДА ИМАШ СВОЕ ЈАС Е ПРВИОТ И ОСНОВЕН ЧЕКОР ЗА ДА СЕДНЕШ СО НАЈВАЖНИТЕ ШИЗИЦИ

 

Да, сте правеле компромиси со ДУИ и сте го доуништиле системот, сте ги отепале Собранието, судовите, Уставот... се', за "големата слика" и "поважните работи". Сега тоа СЕ', ни се мава на сите од глава.

*****************

Сите во одделение сме имале другарче што е фино, простодушно, не прави проблеми, се труди да им се допадне на сите, има добри оценки, но нема свое јас, плашливо е, страв му е да каже што мисли и се обидува да се согласи со најважните шизици во одделението, ама, никој не сака да го дружи. Не е тоа другарче лошо, не е ни омразено, туку едноставно е безбојно, невидливо, неинтересно, па дури и наставниците од толку што е благ, му го забораваат името.

Е па, дечки, знаете што? Тоа е Македонија за ЕУ и за нашите "другарчиња" од Европа.

Македонија - држава, треба да размисли каква порака испраќа, која е нејзината репутација и имиџ што вака си поигруваат со неа и баш им е гајле дали ќе имаме уште една политичка криза. Да, не е фер што името го сменивме за пустите ЕУ-преговори, а тие ни викаат, чекајте ја Албанија, која во моментов гори. Но, кој ви кажал дека политиката е фер, посебно меѓународната?! И кој ни кажа дека ако го смениме името сигурно добиваме преговори и брз датум за членство?!

Никако да сфатиме дека покажувањето карактер и грижа за сопствената држава, имањето своја, автентична агенда за развој и неодење слепо по тоа што другите ти викаат дека треба да правиш по дома и како треба да се однесуваш кон самиот себе, да имаш свое јас е првиот и основен чекор за да седнеш со најважните шизици во Унијата или одделението.

За жал, немаме ниту една политичка опција од 1991 година досега што го направила тоа. Да, сте правеле компромиси со ДУИ и сте го доуништиле системот, сте ги тепале Собранието, судовите, Уставот... се', за "големата слика" и "поважните работи". Сега тоа СЕ', ни се мава на сите од глава. Додека не научиме како се сака и се работи за интересите на државата, ќе се однесуваат вака со нас, на истиот начин како што ние се однесуваме кон самите себе и нашата држава.

 

А во меѓувреме, повторно ќе ни го заборават името.

14 јуни 2019 година

https://www.novamakedonija.com.mk

 

 

Панде Колемишовски

 Панде Колемишов

БУГАРИТЕ НАПАЃААТ - НИЕ МОЛЧИМЕ

**********

НАСТАНИ, СИМБОЛИ, АЛУЗИИ

Ако при постигнувањето на договорот главна максима водилка и главниот принцип беа содржани во реченицата : "Не гледајте во минатото, гледајте во иднината", прашање е зошто сега од бугарска страна зовриваат националистички страсти. Дополнително е прашањето кому му треба отворената закана дека ако Македонија не прифати се' што бараат Бугарите за историјата ќе нема подршка за влез во ЕУ. Изјавите на министрите навестуваат дека бугарската влада не само што ќе ја условува, туку безобsирно ќе ја уценува Северна Македонија до последниот ден, до последната капка крв, фигуративно речено.

*****************

Како што се покачва температурата на воздухот, како што почнуваат да запечуваат сончевите зраци, како што се зголемува ултравиолетовото зрачење, така се вжештува атмосферата околу македонското прашање во бугарските високи политички кругови. Во ист интервал,  во еден глас и безмалку со ист заканувачки тон се огласија двајца потпретседатели на Владата на Бугарија, истовремено и водечки министри во неа. Со изјави се појавија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Може да се верува дека нивните изјави не се поврзани со променливите атмосферски и климатски промени и, сигурно, не се резултат на метереопатското влијание врз функционирањето на мисловните процеси на наведените министри.

И двајцата јасно и гласно ги истакнаа црвените линии до каде може да оди подршката што и' ја дава Бугарија на Македонија за идно членство во Европската Унија. Сега повлечени испрекинато, со можност на крајот да се спојат во една, во даден историски момент ќе значи - не постојат Македонци, односно Македонците се Бугари. Така пишувало во нивните историски книги, тоа го кажувале старите документи зачувани во нивните архиви до 1944 година кога, според нив, Македонците се измислени од Коминтерната и од Тито. Ако новоименуваните северномакедонци (по грчки налог) не се согласат со наведениот факт, односно дека се Бугари, нема ништо од европска Северна Македонија.

Неоспорно е дека од денот кога почна да се развива македонската национална мисла за Македонците како посебен национален идентитет, во втората половина на 19 век, историјата и судбината на македонскиот народ се поврзува  (било блиска, сродна, но никогаш истоветна) со трите клучни соседи: со Бугарија, Србија и со Грција. Фер е да се каже дека предничела Бугарија, каде што се образовале и творечки, растеле и созревале редица македонски политички и културни дејци, видни револуционери, дека таму било најсилно изразено револуционерното движење за ослободување на Македонија од Турците, движење што се простирало на целата територија на тогашна географска Македонија. Како што, од друга страна, е неоспорно дека истиот тој народ бил под нивна окупација, или поблаго речено под нивно владеење, ако зборот окупација е пресилен, а и не е во политичка европска мода. Не само меѓу Македонците, туку и меѓу самите постари Бугари постои емотивна поделеност околу минатото на Македонија. Едни ја сметаат за најтрагичниот дел од нивната историја, други за најромантичниот, но сите како жал за испуштената шанса за создавање голема Бугарија.

И двајцата министри, најверојатно незадоволни од работата на своите членови во заедничката комисија за корекција и приближување на учебниците по историја, јасно предупредуваат дека нема да прават компромиси што би биле во заедничка или македонска корист. Ниту за настани, ниту за личности, ниту за Гоце Делчев, ниту со Илинденското востание, ниту со кој било деец од тоа време, кој географски бил Македонец, а по националност се изјаснувал како Бугарин. Зафаќајќи го и делото на светите браќа Кирил и Методиј и на светите Климент и Наум се шири полето за антимакедонско дејствување и на планот на црквата, на сегашната Македонска православна црква. Познат е обидот за зближување меѓу двете цркви, но уште попознато е дека, по нечија се' уште непозната наредба, тоа најавено зближување преку формата мајка-ќерка беше експресно прекинато.

За волја на вистината, и Захариева и Каракачанов имаат еден куп аргументи со кои може да ја докажуваат бугарската вистина. За нивна волја и за волја на Бугарите воопшто не е спорно дека на цела територија на географска Македонија (и во турско и во српско) кај голем дел од населението било силно развиено бугарското национално чувство, како што во помал обем било развиено македонското, како посебно. Нема да сме искрени ако не кажеме дека во некои домови во денешна Република Северна Македонија се' уште се чуваат слики од свечените пречеци на бугарските војски во неколку наврати, искрено дочекувани со леб и сол, со цвеќе, со солзи  радосници, нешто слично како што Бугарите ги пречекувале руските војници во нивните градови. Како што се' уште се чуваат скриени портрети на цар Борис, Сталин и на Тито.

Сегашниот офанзивен настап на толку високо ниво најверојатно не е случајно, како што не е случаен бизарниот повод за корекција и усогласување на учебниците од ниско експертско да се издигне на супер екстра политичко ниво. Целта, најверојатно, не е само да се искритикуваат нивните преговарачи, туку да се упати порака до македонските власти да внимаваат што прават и до каде може да одат со македонските барања. Таа задача, поткрепена со соодветна огнена артилерија, им е дадена на Екатерина Захариева и на Красимир Каракачанов, кои сега се поставуваат на првата борбена линија, за да се зачува премиерот Бојко Борисов, кој, според познатата политичка практика, ќе го има последниот збор, кој сигурно не може да биде различен од зборовите на неговите двајца хиерархиски најважни министри. Зад Захариева, правничка и поранешна адвокатка, не се влечат опашки за бугарски национализам, што не може да се рече за Каракачанов. Овој соработник на поранешната комунистичка бугарска служба за државна безбедност, сега  претседател на бугарското ВМРО и министер за одбрана, го носи знамето на бугарскиот национализам, најизразен во тврдењето дека никогаш немало, ниту во иднина може да постојат некоиси Македонци како посебен народ.

Ако е дискутабилна историјата, не е дискутабилна сегашноста: и денес во Македонија има граѓани со бугарско национално чувство, има барања да бидат внесени во Уставот, да формираат здруженија, дури и партија и слично. Како што е факт, крајно не поволен за опстанокот на македонската нација, што близу сто илјади, претежно млади луѓе, денес се бугарски државјани, имаат бугарски пасоши со кои најдоа работа и се иселија во западните развиени земји. Тоа се факти врз кој може да се гради идното пријателство, а не тврдата теза дека Македонците се Бугари и дека се' во македнската историја е бугарско дело.

Не може да се одбегне впечатокот дека провокациите што ги прават деновиве се смислен обид да се сврти ситуацијата во нивна апсолутна корист, да се бара од Македонија речиси невозможното. Искрено речено, од тој аспект, во секој поглед Бугарија е во предност пред Македонија, благодарение, пред се', на променетите геополитички состојби на Балканот. Додека во поранешна Југослаавија Македонија ја имаше силата, а Бугарија го имаше стравот, сега е обратно. Кај Бугарија е силата, а кај Македонија владее стравот. Но кога владата на Зоран Заев покажа силна волја за градење нови мостови на пријателство, кога врват две години од потпишување на Договорот за пријателство и соработка, каде што генерално се утврдени принципите на таа соработка, сегашните бугарски нервозни реакции не само што се претерани, туку можат да се подведат под поимот непријателски и да се означат како обиди за дезавуирање, дури и уривање на постигнатиот договор. Тие не се во духот на договорот во кој јасно пишува дека треба од двете страни да се одбегнуваат јаките зборови и разните пропаганди.

Ако при постигнувањто на договорот главната максима водителка и главниот принцип беа содржани во реченицата: "Не гледајте во минатото, гледајте во иднината", прашање е зошто  сега од бугарска страна зовриваат  националистичките страсти. Дополнително е и прашањето кому му треба отворената закана дека ако Македонија не прифати се' што бараат Бугарите за историјата ќе нема подршка за влез во ЕУ. Изјавите на министрите навестуваат дека бугарската влада не само што ќе условува, туку безобsирно ќе ја уценува Северна Македонија до последниот ден, до последната капка крв, фигуративно речено. Тие изјвуваат дека нема да прават компромис со вистината, заборавајќи дека секоја вистина има две страни, две лица, дека еден настан, една приказна има и десетина верзии.

Што прават македонската влада, нашите задолжени министри, панданите на Захариева и на Каракачанов, што прават нашите "видни" интелектуалци, аналитичари и политичари? Не прават ништо, зашто нивните погледи се вперени во иднината, колку и да е далечна и нејасна самата таа. Како реагираат партиите? Никако! Заинтересирани само за власт, се има чувство како да име е забрането, како да се плашат да ги бранат македонските интереси, се чуваат да не навредат неој странски или домашен фактор, некој наметлив амбасадор. Што прават македонските медиуми, како реагираат на вакви реакции? Премолчуваат, прескокнуваат, ублажуваат, далеку се македонските национални интереси од нивните лукративни интереси.

******************

pande.k@novamakedonija.com.mk

 

Академик А.Шкокљев-Дончо

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 14

ЕОЛСКОТО ПЛЕМЕ МИНИЈЦИ

Минијците се старо еолско племе. кое пред Хомер се иселило од Тесалија во Беотија и ја основало моќната држава на Минијците, со главен град Орхомена. Потекнуваат од Подунавје, носители на Димини културата и минијската керамика, основачи на Троја Прва и Кирена во Либија. Ја пренеле палеобалканската глосологија на југ на Балканот, ја организирале Архонаутската експедиција.

**********************

Во рамките на ова истражување од особено значење се Минијците кои културата на Подунавјето ја пренеле преку Македонија, Тесалија, Беотија, Пелопонез и Егеј па се' до Либија. Во историјата Минијците (основата мин-јас, лично и ииос-син, додека иионос-внук) се праисториски народи на Минијскиот Орхомен во Беотија. Своето име на етнос тие го носат според епонимниот крал Миниј. Се смета дека првобитно Минијците живееле во тесалискиот Орхомен или Миниј, кој се наоѓал на сливот на реката Енипеј во Пенеј, во близина на Кранон и долго време биле поистоветувани со едно пелашко племе заедно со Лапитите и Тироидите.

Меѓутоа, Томсон (1954 година, 124-135), како и многу подоцнежни истражувачи, сметаат дека воинствените Минијци биле посебен етнос и дека мигрирале од Подунавје во Вториот милениум пред Христа, а што може да се следи преку археолошките наоди. Од Подунавје, Минијците оделе кон југ по долината на Повардарјето (Аксија) и источните падини на Олимп, или преку Епир и стасале во југоисточниот дел на Еолија, т.е. Тесалиската Рамница. Подоцна се прошириле се' до Коринтскиот Залив и Елада на Пелопонез.

Се тврди дека Минијците се носители на палеобалканската гносологија од подунавските простори кон југ и тие се творци на културата Димини, по истоимената локација во Тесалија. Шахермер  1964 година, исто така, истакнува дека Минијците својот нехеленски глосолошки супстрат го внеле во античкиот јазик на античките Грци и дека тие мигрирале околу 2000-1900 година пред Христа од север кон Елада, од некој дел на Балканот или од просторот на Дунав. Денес во Тимочка Краина во Србија постои гратче Миничево.

Во митологијата се наведува дека првиот крал на тесалискиот Орхомен, (од зборовите орхос-ред, клада и менос-јунаштво, сила), или Ерхомен (од ерхоме-да доаѓа), бил Андреј, син на богот Пениј, истоимена река во Тесалија (Еолија). Негов наследник бил Етиокле (од зборовите етеос-навистина и клес-назив). Оваа династија исчезнала по 2000 година пред Христа, по некои земјотреси и разурнувања.

 

Градот Орхомен

Новата династија на Минијците ја основал Миниј кој бил син на Посејдон. Тој го преместил своето седиште од Тесалија во Беотија и на устието на реката Кефис во езерото Копаис го основал новиот град Орхомен. Миниј станал творец на моќта, богата и славна праисториска држава на Минијците. Неговите наследници, исто така, биле славни како што биле кралевите Орхомен, Климен и Ергин, кој бил и освојувач на Теба. Клименовите синови Трофон и агамет биле прочуени архитекти на тврдини, храмови и ризници. Во археологијата е позната "Минијската ризница" која претставувала огромна куполеста градба. По својата монументалност можела да се спореди со египетските пирамиди (Срејовиќ и сор., 1992 година, 226).

Заради својот придонес во културата, по ова племе од Подунавје, културата на среднобронзениот период на југот на Балканот била наречена Минијска култура. Бидејќи бил употребуван посебен облик на керамика, претежно темни облици на бели површини, како што се меандри и спирали, Шлиман (1878 г.) ја нарекол минијска керамика. Во Димини групата на античкиот грчки неолит покрај керамиката, која ја обележуваат вази со особена декорација и облици, се јавува и пехар на ногата која се смета за типичен облик и за извесна група вази на подунавските праисториски локалитети.

Во археологијата Минијците се познати и по мегалитските утврдувања на населбите, наспроти некогашните отворени населби. Во Димини меѓу градбите првпат се појавува тип на "мегаронска куќа" која како најстар тип на овој вид во Европа се појавува и на локалитетот Вучидол на Дунав (Тасиќ, 1995 г.)

Градбата "мегарон" (мегас-голем, огромен, силен; зборот припаѓа на балканската палеоглосологија со неелинско потекло) била составена од две соби во континуитет. Според Папаставро (1972 г., 16) првата соба имала трем на столбови (продомос-претсобје), додека другата соба (домос-дом, сала, светилиште) во центарот имала тркалезно огниште и два дрвени столба, држачи на кровот. Авторот смета дека носители на културата Димини биле првите индоевропски народи кои мигрирале во Тесалија од север и дека биле сродни со оние кои го изградиле првиот град Троја, каде се појавуваат куќи од типот "мегарон". Троја Прва се лоцира околу 3200-2600 година пред Христа.

Поголемиот број истражувачи се сложуваат дека Минијците не биле Хелени, дека мигрирале од северниот дел на Балканот, поконкретно од Подунавјето. Во митологијата, исто така, се истакнува дека кралот Миниј имал четири ќерки: Климена, Периклимена, Етеоклимена и Персефона. Тие биле прочуените Минијади кои богот Дионис ги претворил во лилјаци. Од минијската женска линија потекнуваат многу славни кралеви на праисториската Елада. Пред се', тоа е Нелеј, основач на Пил на Пелопонез, татко на Нестор, херој во Тројанската војна како и потомците на Нелеј.

По доаѓањето на Дорците во  11-от век пред Христа тие побегнале во Атина и тука ги дале славните атински семејства Пезистратиди и Алкменоиди, Пајониди и Кордиди, на кои припаѓаат Солон и Платон (Томсон, 1954 г., 126). Кордидите биле водачи на миграцијата на Јонците на Атика во малоазијска Јонија. Брат близнак на Нелеј бил Пелиј, крал на Јонците во Тесалија, оженет со Минијката Филомаха, внука на ќерката на Минија Персефона. Пелиј владеел со Јолк до доаѓањето на Иасон (Јасон), внук на Миниј. Пелиј го убиле родените ќерки. На натпреварите во негова чест учествувале многу познати јунаци, како што се Орфеј, Пелеј, Херакле и др.

Минијската култура својот најголем зенит го постигнала околу 1400 г. пред Христа. Нејзините архитектонски и други достигнувања имале големо влијание на микенската и целата егејска култура во поглед на изградбата на утврдувањата (акрополите), мегаронските куќи, новите орудија и оружја, поинаквиот начин на облекување (специфични кабаници-хламиди, лесни, раскошни и скапи костуми итнт). Покрај тоа, Минијците го вовеле во употреба  килибарот, градењето големи бродови со педесет весла итнт. Минијците од Подунавје воспоставиле добри односи со своите соседи: Пелазгите, Магнетите, Лапитите, Тироидите, Македонците и др., како и со Лимнеите, Тројанците, Микените, Криќаните и др., што се потврдува и со археолошките наоди на минијската керамика во овие области.

Со своите бродови Минијците пловеле по Егејското и Црното Море се' до Колхида, на чија основа настанала приказната за "златното руно" на божествениот овен, а и приказната за Аргонаутите. За минијското потекло на Аргонаутите постојат многубројни податоци како од Аполониј од Род (I, 229), така и од Раусаниј (IX, 36,3) каде, меѓу другото, се тврди дека Фрикс бил правнук на Миниј,а, пак, Јасон бил потомок на ќерките на Миниј. Фрикс бил син на кралот на Орхомен, Атамас и неговата жена Нефеле и брат на Хела. Во Фрикс се заљубила неговата тетка Бијадика, жената на кралот Кретеј. Кога тој отсечно ја одбил, таа го обвинила дека се обидел да ја силува.

Заради тоа народот во Беотија побарал смрт за Фрикс. Кога требало да биде жртвуван, Зевс или Хера го пратила крилестиот златен овен кој долетал да му помогне на Фрикс. Момчето со сестра му Хела се качиле на грбот на овенот и одлетале на исток кон Колхида, каде Хелиј (Сонце) ги чувал своите коњи во штали. По патот Хела ја фатила вртоглавица, изгубила рамнотежа и паднала во клисурата меѓу Европа и Азија, која според неа била наречена Хелеспонт.

Фрикс го продолжил летот, стасал во Колхида и веднаш го жртвувал овенот на Зевс. Неговото златно руно станало славно една генерација  подоцна, кога Аргонаутите тргнале во потрага по него, во 1225 година пред Христа. Сето ова е минијска легенда за златното руно и Фрикс.

Најдобри податоци за минијското потекло на Аргонаутите, сепак, забележал Херодот (IV, 145 и понатаму) во врска со инцидентот кој се случил меѓу Спартанците и Минијците на Тајгет: "...Пелазгите, ...ги протерале потомците на Аргонаутите од Лемно, а тие оттаму отпловиле во Лакедемон и, задржувајќи се на Тајгет, запалиле оган. Забележувајќи го тоа, Спартанците пратиле гласници за да дознаат кои се и од каде се. Кога гласникот ги прашал, тие му одговориле дека се Минијци, дека се внуци на Аргонаутите кои се здржале на Лемна и ги изродиле нив...

Спартанците со задоволство ги примиле Минијците и им одобриле да се населат каде што сакаат. На тоа посебно биле поттикнати од сознанието дека на бродот Арго биле и Тиндаридите (Кастор, спартански борач и Полидеук, спартански боксер, браќата на  Клитеместра и на убавата Елена)... Примајќи ги Минијците во својата држава, им дале земја и ги поделиле меѓу племињата". 

Тиндаридите биле со лелешко потекло. Не минало многу време од нивното доаѓање, а Минијците зајакнале и барале да им биде дадено да бидат кралеви. Заради тоа, некои Минијци биле протерани и заедно со спартанскиот крал Тера отишле и го населоле островот Калистра во Егејот. Тука Тера повторно станал крал, а според островот го добил името Тера ( Сандорини).

Меѓу Минијците на Тера бил и нивниот земјак Бат (Батос), син на Полимнест, од минијското семејство Еуфемиди. Овој минијски Подунавец  станал основач и крал на големата минијска колонија Кирена во Либија, околу 630 година пред Христа, со која владеел 40 години. Неговите славни потомци Батиади, Аркесилај  I - IV и Бат II - IV, владееле со Кирена и по 460 година пред Христа, т.е. околу 170 години.

Со доаѓањето на Дорците на Балканот, најпрво во Тесалија, околу 1124 година пред Христа, а потоа на Пелопонез, во 1104 година пред Христа и во Атика, во 1044 година пред Христа (Ератостен, 275-294) година пред Христа) многу Минијци мигрирале во Мала Азија (Еолија и Јонија) и на егејските острови. Доселениците во Еолија, т.е. и Минијците, биле први кои во подоцнешните векови ја развиле епската поетска традиција на Хомер. Брук (1933) смета дека глосолошкиот супстрат на еолскиот јазик е јазикот на Минијците (Томсон, 1954 г. 286), т.е. Подунавците. Томсон (1954 г., 408), исто така, забележува една паралела во митовите за Одисеј и Аргонаутите, па истакнува дека митот за Аргонаутите, од исток на Балканот кон запад го преместиле Минијците, потомци на Нелеј, при нивната миграција на запад на Пелопонез. (Прилог 13).

Една голема група Минијци мигрирале на Кавказ, северно од Асирија во Ерменија, под името Арменци. Херодот (VII,73) изнесува дека Арменците се потомци на Фригите, односно балканските Бриги. Гревс (1990 г., 154,12) истакнува дека Арменија значи Ar-Minni, што во негов превод било "висорамнина Минија". Меѓутоам сметаме дека етнонимот и хоронимот етимилошки имаат палеобалкански глосолошки супстрат.

Армениц би била кованица од ар, ара-аr, ara, што во превод значи навистина, тукушто, токму и Mivuoi-Minijci, т.е. вистински Минијци. Денес, во јужниот дел на Транскавказија постои Република Арменија или Ерменија, со главен град Ереван. Минијската ономастика постои не само во Азија, туку и на Балканот, како што се Арменохори и Арменово во Македонија, Јерменовци кај Рудник, Јерменовци во Банат, како и градот El Minya во Горен Египет, на левиот брег на Нил, со 200 000 жители и др.

Продолжува

Академик, Блаже Конески

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

БОЛЕН ДОЈЧИН

  • Кога бев преполн сила
    што придојдува како мрачна речна глава,
    кога се сетив вреден за мојот подвиг,
    достоен за слава,
    кога ми закрепна гласот за најдлабок збор,
    раката за најтежок меч,
    ногата за најверен од -
    тогаш се сломив.
    Паднав како црешово дрво од премногу род.

    Една потсмешлива сенка ми ја издемна трагата,
    како змија во гробно камарче се вовлече во свеста,
    смеата ми ја урочи, ми ја зацрни тагата -
    да се обsирам подозриво, да думам да честам.
    Тогаш се сетив ситен и смешен и долен,-
    се стопи снагата,
    капнаа раце,
    падна мечот,
    паднав болен.

    Болен лежам до девет години,
    што искинав до девет постели.

  • не ги чувствувам веќе своите зглобови,
    јас сум расфрлан на тврда ледина
    на пеколен падневен присој,
    јас сум раскостен коска од коска,
    низ моите коски трева проникнало,
    низ таа трева змии се ведат.

    Јас копнеам гроб темен и студен -
    нема крај без мојот подвиг суден.

    Непозната жено, единствена на светот,
    сестро и мајко моја, ти што си страдала многу,
    ти што си сетила мака до вбигорување,
    дојди, сестро златно,
    збери моите мувлосани коски, не грози се,
    состави ме,
    повиј ме со триста лакти платно,
    речи ми тих реч,
    исправи ме,
    научи ме пак да одам, мајко,
    дај ми в рака меч -
    да убијам Црна Арапина.

    Да умрам.
    ************
    Автор: Блаже Конески

Kind regards. 20 јуни 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 220

ВИДЕОТЕКА

****************