20-22 јуни 1913 -  КУКУШ ГОРИ  

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

НА КОГО МУ Е ПОТРЕБЕН ДАТУМОТ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА?

 

 

Деновиве, етерот и хартијата вријат од информации за кои треба време да се анализираат и протолкуваат. Да се sирне во скриените намери на домашните предавници и надворешните мудри ама себични дипломати, на кои нашите не им се ниту до колена. Но и на многу домашни "новинари", кои ќе си ја изедат и својата  задница само да  докажат дека уште се живи, ама и умрени, кај поарните од нив. Меѓу таквите мудреци во новинарството најмногу се истакнуваат, со своите  "бисери", Ерол Ризаов и Бранко Тричковски.

Ерол Ризаов "знае" дека оваа година  Северна Македонија за сигурно влегува во рајската градина на Европската Унија и НАТО, а пак Бранко Тричковски дека се' што досега македонската историја докажала за постоењето на македонскиот народ е чиста лага, без никаква вредност.

Па господо новинари, "пар екселанс", алал ви верата што така мислите самите за себе, како северњаци, односно за историјата која не е ваша, туку наша на Македонците, како што е и бугарската на Бугарите, турската на Турците, влашката на Власите и да не набројувам повеќе. Мислам дека реченото зборува  се' со какви ќутуци имаме работа и која им е целта ! 

Секој си има своја вистина, па така и ние!  Ја губиме Македонија, но не само  со вина на Зоран Заев, туку и со наша! - да бидеме искрени спрема самите себе!

Дружината на Зоран Заев и раководството  на "ВМРО"-ДПМНЕ, заедно со пратениците во Собранието на Република Северна Македонија си ја вршат својата работа, секои на свој начин, ама со иста цел: смирување на патриотските вибрации во Република Македонија и прифаќање на Северна Македонија како наша судбина, од која " нема бегање"! И тоа без срам и без никаква одговорност спрема народот,  изневерен, збунет, уплашен, обезглавен и во недоумица, кој "пат да го фати за Мориово".

Има ли некои разбирања за мнозинскиот македонски народ и за неговиот глас, или се оди до крај на нивното  трпение и толеранцијата кон оние кои одамна се тука по покана на Зоран Заев и кои без трунка хумани чувства го загадуваат воздухот и македонската земја  на Криволак. Ја загадуваат и за себе и за македонскиот народ создавајќи, при тоа, кобен предизвик за Македонците?  Зарем затоа се бараат уште нови 600 "силни" полицаици да ги смират македонските родољуби со нивните пендреци и гасни бомби? Ќе има ли некогаш помирување со предавниците и нивните следбеници од, замислете си, над трисет квинслишки партии кои немаат појма која им е улогата во македонското општество, освен да служат како крпа на закрпа за парче леб украдено од народот?  И тоа не само такви и никакви забегани ќерки и синови, туку и синови и ќерки на високи македонски родољуби, научници-академици, борци против промената на името на македонската држава, кои за жал,  веќе ги нема меѓу живите. А и да ги има, би умреле од срам!

Имаат ли и тие глас вреден да се чуе и да се најде решение со кое и јагнето и волкот би бил задоволен? Јас мислам, дека се' е можно  ако се има слух и  луѓе со здрава кичма, кои знаат да разговараат и не подлегнуваат на непристојните барања од соседите, во прв ред на Грците па Бугарите и на крајот на Албанците, кои, впрочем, имаат најмалку причини за тоа. Барања,  за разнебитување на државата и обезличување на Македонците.

Мораме да признаеме дека нашите стратешки  партнери и "пријатели" секогаш биле и се' уште се чекор пред нас, па и овој пат. Дури ние замаени во еуфорија што имаме своја држава и слобода, после многу мрачни времиња под туѓа чизма, тие забрзано ни ги проучуваа сите наши добри, но особено сите наши ранливи особини, те врз нив, совршено  го подготвија својот осветнички план за последен и одлучен напад  врз нашата македонска држава и нас, како Македонци. И не е чудо што не фатија на спиење  и неподготвени, за одбрана.

Мораме да им признаеме и на мудроста! За да ги сочуваат своите раце чисти од злосторствата, за пак утре да не окривуваат дека самите си ја подготвивме бесилката за самоуништување, избраа егзекутори од средината на нашите изроди и предавници. Тие, само, ни го подарија јажето да се обесиме, со насмевки на лицата. И не им беше многу тешко и тоа да го завршат. Криминалци, изроди, предавници за ситни пари цел буљук. Но изборот сепак падна  на Зоран Заев и неговата криминална организација, СДСМ, со многу злосторнички искуства од минатото.

Ете, така и бидна!

Ни го избраа малоумниот и најголем, се' уште неказнет, криминалец Зоран Заев за главен извршител на велепредавствата со потпишување на три капитулантски договори со кои преку ноќ комплетно ја разнебити македонската држава, како услов  за влез во НАТО и Европската Унија.

Арно ама, заигра на погрешна карта. Се фати на оро со поголеми коцкари од него, со кои тешко е да се излезе на крај.    Заглибе длабоко во калта, од каде ниту ѓаволот неможе да го извлечка. 

Очекуваниот датум за преговори со ЕУ никако да стигне и покрај многуте скитања по светот, уплашени од она што ги чека.  Никој не ги ферма ниту за пет пари. Европските челници кои успеа од нашите "пауни" да извлечкаат и повеќе од она што го очеуваа, немаат потреба за кафепиење со типови, кои си ја продадоа на слепо својата сопствена земја, и го разнебитија својот сопствен народ за грст проклети жолтици, кои нема да им бидат доста, кога сметките за сите нивни гревови и злосторства еднаш  ќе им дојдат на наплата.

Со такви како нив веќе имаат искуства. Неможат да се куртулат од нивните лаги и меѓусебни подметнувања. Едни од најлошите балкански лажговци сепак се Грците, Бугарите, Албанците, но и Романците. Изгледа дека само кај нив успеа изреката дека "со лага и ага се бидува"!

А и да го добијат, некогаш, така саканиот датум за почнување со преговорите, крајот не им се гледа, како и со Турција, со која заевата Северна Македонија е нешто како мува спрема слон. По се' иззгледа откако го "решија" македонското прашање, се чека денот, кога кликата на Заев ќе биде пуштена низ вода пополека да плива и да се дави.  Па затоа не им се брза да им дозволат и на нашите празноглавци да седнат до нив и да водат сериозни разговори за светски прашања, за нив неразбирливи.

Има една мисла и порака од истакнат, мудер и чесен индијански племенски поглавица, која вели, парафразирам: дури и со диви животни е можно да се разговара, ако се знае како!  Во спротивно, биди подготвен да се соочиш со последиците, како "подарок" од своите неспособни водачи, за кои си и самиот виновен!

На разни телевизиски дебати во кои често настапуваат и претставници на ДПМНЕ, се зборува за се', само за горливите прашања на македонскиот народ, а тоа е судбината на Република Македонија и на Македонците во цел свет, не!

За чудење, одговорот на прашањето кое гласи:  АКО ДОЈДЕТЕ НА ВЛАСТ ЌЕ ИМАТЕ ЛИ ДОБЛЕСТ ДА ГИ ПРОМЕНИТЕ ПОТПИШАНИТЕ ДОГОВОРИ СО БУГАРИЈА, АЛБАНЦИТЕ И ОСОБЕНО СО ГРЦИЈА? - се прескокнува! А зошто, затоа што во тие ујдурми и лаги на својот народ учествуваше и се' уште учествуваат највисоките челници на "ВМРО"-ДПМНЕ.

Да се разбереме! Никој не е против ВМРО, а најмалку јас, лично. Таа е Организација со долга и не така едноставна историја,  без која ќе беше многу потешко да се преживее низ времињата кога немавме своја национална држава. И покрај сите нечесни игри на внатре инфилтрирани бугарски и други шпијуни, Гоцевата ВМРО успешно излегуваше на крај со сите проблеми и ги бранеше националните интереси на македонскиот народ. Дури и за време на Втората светска војна македонските борци војуваа под знамето на ВМРО. Тоа ги инспирираше и осмелуваше да се борат со многу посилни непријатели, Германците, Италијанците, Бугарите и Албанските качачки банди и да победат. Да победат и ја создадат Република Македонија, втемелена врз спомените и искуствата на славната  и древна Македонска Империја.

Но за жал,  недолго после таа славна победа, македонската држава одново падна во нечисти раце. Во рацете на комунистичките најпримитивни и злосторнички задоени квислинзи од СДСМ, сега на чело  со  Зоран Заев, па  на бугарскиот шпиун и изродник Љупчо Георгиевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на бегунецот Никола Груевски, за да се продолжи со перфидните предавства на неговиот неславен наследник, Христијан Мицкоски и дел од раководството на "ВМРО"-ДПМНЕ. И сета  таа валкана игра   да биде како капар  за влез во ЕУ и НАТО пактот од кои барем досега, никој не видел аир и безбедност.

Огромен дел од Македонците не сакаат да имаат работа со придавката ДПМНЕ, дело  на предавникот и изродот Љупчо Георгиевски под чие владеење, се започна обезличувањето на македонската држава и губење на националниот идентитет на Македонците.

И не само тоа!  ДПМНЕ и нејзината штетна политика се покажа погубна по интересите на Македонците,  и за времето на  територијалната поделба помеѓу Македонците и Албанците со вештачко зголемување на изборните единици.  Со други зборови, договорно одење кон федерализација на Македонија. И сето тоа, само да се задржи власта што подолго.

Тоа беше времето на Груевизмот!

Разводнувањето на македонската држава продолжи и после насилното  преземање на власта од Зоран Заев и СДСМ. Преземање на власта и потпишување на трите капитулантски договори со Грција, Бугарија и со албанците во Македонија, според нивните екстремни барања во Тиранската платформ.

Шарените неранимајковци, како гранка на меѓународното Соросово отворено општество без граници и со луѓе без национални чувства, за Македонија беа погубни. Таа беше добро осмислена и спроведена предходница на она, што ни се случи подоцна: менување на името на државата и губење на националниот идентитет. 

Но, да се вратиме на нашиот наслов: На кого му е потребен датумот за преговори со Европската Унија?

Пред два три дена делегацијата од Северна Македонија на чело со нејзиниот премиер, "славниот" Зоран Заев, од Муртино, во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел. Нивната куса агенда беше прашањето за датумот и почетокот на преговорите со Европската Унија. Дали и кога ќе го добијат како дел од дадените им ветувања дека вратите на Северна Македонија ќе се отворат откако ќе им се испорачаат резултатите од дадените задачи. Па како тие веќе ги извршиле и испорачале главите и гробовите на Македонците, а  од оние кои се надвор од Северна Македонија кренале раце, ред е да се исполнат и ветувањата од другата страна.

Се разбира, Меркел како Меркел, "најважен" стратешки партнер на Северна Македонија, откако внимателно ги исслуша сите по ред: Бујар Османи, Никола Димитров и најпосле нивниот поглавар Зоран Заев, се насмевна, нарача кафе и минерална вода, што беше  знак дека разговорите беа "успешни и уверливи" и дека, откако ќе се конзултира со своите соработници резултатот ќе им го испорачала преку Facebook или Messenger. Нека биделе спокојни до тогаш, а после ќе виделе што понатака и кога. Се разбира ќе се конзултирала и со "најголемиот" пријател на Германија Макрон, премиерот на Франција.

Па пошто Германија си има некој ред, претставникот од нејзината канцеларија даде и куса изјава за разговорите, демек, сметајќи ги како официјален настан од "големо" значење за светот, а посебно за Франција и Германија, газдите на Европската Унија.

Како што известува Republika.mk, во ијавата се вели:

-Германија, заедно со Франција си поставија цел - зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето на спорот со името "Македонија". Под покровителство на ОН, балканската држава (?) од 12 февруари 2019 година се преименува во Северна Македонија, со што се стави крај на спорот за името со Грција што траеше од 1991 година. Во април премиерот Зоран Заев, исто така, присуствуваше на состанокот за Западен Балкан, што го организира германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. - се наведува во соопштението од Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објавено по 40-минутната средба со премиерот Зоран Заев.

И, тоа е се'!

Одма по тоа, пред да стигне изјавата до Северна Македонија, канцеларијата на северномакедонскиот премиер Зоран Заев издаде свое соопштение, кое гласи:-Претседателот на Владата на РСМ Заев, на средбата нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во СЕПТЕМВРИ. - велат од владината прес-служба.

**************

Наравоучение за Македонците: АКО БАБА ЛАЖЕ, ТРАПОТ НЕ ЛАЖЕ!

За секогаш Ваш, Сотир

 

ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ЈА ЗНААТ СВОЈАТА ИСТОРИЈА А ЈА ПОГАНАТ НАШАТА. МАКЕДОНСКАТА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е САРДИСАНА ОД СИТЕ СТРАНИ!

 

Немакедонската Влада е сардисана од сите страни! Одбележува две години од инсталирањето на власта а веќе на половина функционери им се плаче! Ја чувствуваат атмосферата и знаат што ќе следи!

*****************

Ај што ќе бидат со црни букви запишани во историјата како најголеми предавници, туку немаат ни политичка среќа. Се' повеќе се соочуваат со фактот дека токму од тие кои беа инсталирани на власт, ќе бидат пуштени низ вода! Немакедонската Влада ќе биде запаметена по раздавање на македонските национални интереси и душманското предавање на се' што е македонско и свето. Насилното поставување на Џафери за втор човек во Државата, лажното вметнување на Рамковниот договор за конститутивен елемент во македонскиот Устав, откажувањето од нашите браќа и сестри во Егејска и Пиринска Македонија се гревови кои оваа генерација на СДСМ ќе ги следи до крај. Бадијала се обидуваат да зборуваат за економија, социјала и инвестиции!

Нова Демократија победи на локалните избори во Грција и тоа сериозно загрижува. Македонската Алијанса со месеци предупредува за ризиците, Евентуално одложување на датум за почеток на преговори со Европската Унија, значи дека следната расправа ќе биде со Мицотакис на чело на новата грчка Влада. Ако тој цела кампања ја темели со закани за нововето за Македонија, јасно е дека е можно да не ја видиме ЕУ најмалку во наредните 10 години-

Иако политиката и спортот не се мешаат, еуфоријата од втората Европска титула на Вардар многу кажува. Македонската нација ја освои Европа и почувствува масовна потреба да ја испрати пораката: НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Колку и да сакаат Пендаровски, Заев, Димитров и Шеќеринска политички да се офајдат од огромниот спортски успех на Вардар, факт е дека Македонската спортска гордост  им пркоси на предавствата со Бугарија и Грција! Нека погледнат изродите колку Македонци го истакнуваа древното Македонско сонце од Кутлеш! Пораката е гласна, ние не сме хибридна нација создадена од Тито во 1944 година. Ниту Грците, ниту Бугарите, туку Македонците се споменуваат во Библијата.

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е ИДЕНТИТЕТСКИ СВЕСНА И ПОДГОТВЕНА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ! СЛЕДАТ ВАЖНИ НАЦИОНАЛНИ ОДЛУКИ! СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО ЌЕ СИ ГО ВРАТИМЕ НАЗАД! БЕЗ КОМПРОМИСИ И ШТЕТНИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, Претседател на Македонска Алијанса

 

Македонска Нација.мк

Никола Јонков Вапцаров

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

************

 

 

ОВАА ЗЕМЈА

 

  • Оваа земја,
    сега што ја чекорам,
    оваа земја,
    која пролетен ветер ја буди,
    оваа земја,
    не е моја земја,
    оваа земја
    простете е туѓа.

    В зори тргам.
    По фабричен друм
    безбројните
    рубашки
    минат.

    Ние сме слеани со срце,
    со ум,
    но земјата...за своја не ја имам.
    Над мојата земја
    напролет
    зраци
    сеат
    сјај
    и грмат водопади
    од сонце
    над роден ми
    крај.

  • и гледаш цвеќа безбројни
    скокум како раснат.

    Над мојата земја
    в небото
    опира
    Пирин
    Облаците в бура
    илинденски прикаски пеат,
    охридскиот лазур е
    бескрајно син и ширен,
    а надолу уште
    изгрејсонце Егеј го грее.

    Си спомнам ли само -
    и ете надојдува крвта
    во срцето, кое
    се топи од некаква нежност...

    Земјо моја! Прекрасна земјо моја!...
    Поена со крв,
    лулеана
    в метежи тешки.
    **********
    Автор: Никола Јонков Вапцаров

КУД. "ДРИМКОЛ"- ВЕВЧАНИ

Славе Катин

 

 

 Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 13

ПРАИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ ДЕЛ  2

 

 

Кралот Архелај спаѓа меѓу крупните личности на Македонија. Тој го продолжил обликувањето на внатрешната и меѓународната политика на Македонија, која била трасирана од страна на кралот Пердика Втори, за ослободување на приморските делови на земјата од атинскиот колонијализам, како и од елинското влијание.

*******************

За да се ослободи од притисокот на Атина, тој во 410 година пред Христа го преместил градот Пидна, кој бил најзначаен приморски град на Темајскиот Залив за македонската независност, во внатрешноста на земјата. Во неговото време, Македонија се развила во модерна држава.

Стопанството станало јако. Се граделе големи палати, сообраќајници, општествени и културни институции. На неговиот двор во Пела престојувале истакнати личности од културниот живот од Јонија, Еолија и Елада, а меѓу нив и светски познатиот поет и, секако, главен трагичар Еврипид (485-406) кој бил Анаксагорин ученик и Сократов пријател. Тој во Пела кај Архелај останал до својата смрт, со многу големо заемно почитување. Се смета дека Еврипид во Македонија ја вовел феникиско-јонската аналфабета, што значи многу порано отколку што тоа го сторила Атина, дури во 403 година пред Христа за време на архонтот Евклида (Papastavrou, 1972, 61).

Декорацијата на македонскиот двор ја извршил популарниот сликар на Хераклеја на Сицилија, под името Зевксис, околу 430 година пред Христа. Исто така, познато е дека своето македонско потекло го истакнувал многу порано и проучениот епски поет Хесиод (околу 700 година пред Христа) кој пишувал дека е син на Зевс и бил со исто презиме како Македонија и Македонците (Е.И.Е., 1976, 1490). Хесиод е автор на теогонијата, создавање митови за боговите на Олимп и на козмогонијата, за постанокот на светот. Тој во својот труд под наслов "Дела и денови" ги удрил темелите на науките за земјоделието, бродарството, домаќинството и живеењето, а сето тоа го преплетувал со митови и басни.

По несреќната смрт на кралот Архелај, настанува период на анархија, инвазија од страна на Илирите, Пеоните, Олинтите и други. Овој период во Македонија траел околу 40 години, а се смениле девет кралеви и следела воена помош од Спарта (379 и 362 година пред Христа). Македонија станала неспособна да води независна меѓународна политика и се нашла меѓу двајца ривали во хеленскиот свет, меѓу Атина и Теба.

Во таква ситуација, на македонскиот престол дошол Филип, син на Аминта. Некои историчари, со Дројзен (Droysen 1877 година) на чело, времето на Филип, на Александар Македонски и нивните наследници, па се' до падот на македонското египетско кралство на Птоломеј во 30 година пред Христа под Октавијан, го означуваат во историјата како хеленистички период. Меѓутоа, овие истражувања, како и други автори, убедливо покажуваат дека тоа бил македонистички период.

 

  • Архелај

  • Филип Втори

Во овој интервал од околу 300 години, македонската култура и цивилизација дошле до полн израз. Македонските кралства на Балканот, со центар во Пела, во Египет со центар во Александрија и во Азија, со центар во Антиохија и Пергам, станале генератори на автохтоната цивилизација.  Македонскиот јазик од своја страна, како "Александров коине", станал главен јазик на светската дипломатија, наука, трговија и комункацијата воопшто, во траење од околу 900 години. Тој добил посебно значење со појавата на христијанството, придонел во христијанизацијата на светот и воведен е во христијанската литургија, како еден од официјалните јазици за време на Римското Царство.

Во културен поглед, праисториските и древните Македонци најмногу придонеле во развојот на архетипското палеобалканско писмо (линеарното А писмо од Церје-Скопје, околу 6000 години пред Христа, Пешиќ, П.1987 година и Дупјак-Костурско, околу 5260 година пред Христа, Nourmouziades, G, 1966, како и македонското слоговно-фонетско писмо од Ресна, околу 5000-4500 година пред Христа, Иљов, 2000) и јазик.

За време на македонскиот комонвелт, јазикот на Александар Македонски станал и светски јазик, јазик на Стариот и Новиот завет и на светската дипломатија. Заради тоа, историографијата, цел еден период од триста години (од кралот Филип Втори, 360 година пред Христа до Клеопатра, 30 година пред Христа) е именуван како македонизам, со што се означува периодот на македонските: дух, наука, техника, јазик и филозофија, како и историска пресвртница во светската култура.

Меѓу носителите на палеобалканскиот јазик и "Димини културата" од Подунавје, на просторите на јужниот Балкан, посебно во Пелазгија (Елада), и тоа најпрво во Еолија, подоцна во Тесалија, покрај Македонците (стр.44) и Минијците, биле и : Лапитите, Тироите, Магнезите и Флегите (Томсон, 1954 година, 268 и 283). Според митолошките и историските податоци, Еолците најнапред го заземале просторот на источните падини на Олимп до Грамос во Македонија и во северноисточниот дел на Тесалија, во долниот слив на реката Пенеј. На овие простори на Еолија, во геолошките процеси на Балканот, се наоѓало големото Бебеидско Езеро. Со неговиот постанок се создадени услови за развој на Сескло и Димини културата.

За овие процеси Херодот (VII, 129) истакнува : "Постои една приказна според која Тесалија некогаш била езеро, од сите страни опколена со високи планини. Тесалците тврдат дека Посејдон ја направил клисурата Темпе, низ која тече реката Пенеј и тие имаат право. Имено, оној кој верува дека Посејдон ја стресе земјата и дека клисурите кои настанале од земјотресите се дело на овој бог, тој сигурно кога ќе ја види оваа клисура, ќе рече дека е тоа дело на Посејдон. И јас мислам дека оваа пукнатина меѓу планините настанале од земјотрес". Реприза на панонските геолошки процеси. Значи, на овие простори во праисторијата се доселувале разни племиња од Средно Подунавје и создале една мултинационална заедница.

Проширување на Македонија од 431 до 336 година пред Христа.

Својата татковина ја нарекле Еолија и го зеле етнонимот Еолци. Во превод Eolis значи различни, разновидни, мешани, разнородни, шарени, но значи и светол и брзоног. Во подоцнешните историски случувања називот Еолија бил променет во Тесалија, кога Теспроќаните, со пелашко потекло, страроседелци од просторот на Епир, поради продорот на Дорците-вистинските Хелени (Херодот, I, 56), мигрирале во 1124 година пред Христа. Меѓутоа, по половина век (1053 година пред Христа) и многу Еолци мигрирале во Мала Азија и на својата нова татковина и' го дале името Нова Еолија.

Според Папаставро (1972 година, 16), Еолците како носители на неолитската Димини култура, биле  прв индоевропски народ од север, од Средното Подунавје, кои сукцесивно ја населувале денешна Елада и тие биле основачи на првата Троја која Блеген (Tje coming of the Greeks, Amer. I. of Arch., Concord, 1897 година, 32-746) ја датира околу околу 3200-2000 година пред Христа.

Еолците, покрај Тесалија, во текот на времето ги населувале и Беотија, Атика, Пелопонез, Крит и островите. Во митологијата ти е се многу познати не само како кралеви на Еолија, туку и на Беотија, Атина, Коринт, Арг, Елида, Пил, Месена, Итака, Родос, Кидонија на запад на Крит итнт. Еолците се познати и како први основачи на Оломписките игри пред 776 година пред Христа, како учесници во митот "Каледонски вепар", во борбите за протерување на Фениќаните на кралот Кадма од Теба (војните "седуммината" и "епигоните"), во Тројанската војна во 1192 година пред Христа, во експедицијата на Аргонаутите во 1225 година пред Христа, во пренесувањето на своите богови од хидролошкиот систем на Панонија и нивното издигнување на врвот на Олимп итнт.

По Тројанската војна, но и подоцна, поддунавските Еолци биле првите колонизатори на бреговите на Медитеранот и Црното Море, создавајќи ја митологијата на Балканот, на Илијада и Одисеја, на обликувањето на животот во античка Елада со создавањето на "полис државите", на кралствата, тиранијата и демократијата, како и новите општествено-економски односи и на се' она што денес се нарекува "грчка цивилизација", односно златна епоха на Перикле. Следат легендите за Минијците, Лапитите и Тироите.

 

Продолжува

 

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards: 15 јуни 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 219