Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

НИКОГАШ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА

ЗОРАН ЗАЕВ И КОЗЈИТЕ УШИ НА ЦАРОТ ТРОЈАН

******

 

Ништо не останува тајна,  па така ни лагите на Зоран Заев за поарен живот во неговото  општество "еднакво" за сите. Незнам за какво општество се работи, ама како што одат работите, до сега, Зоран Заев и неговиот "буљук" советници, сакаат правната еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите во државата да ги изедначат со правата и обврските на Македонскиот  народот како  државотворен субјект, во неговата матична држава и од него да направат обезличен граѓанин на Северна Македонија. 

Таквото изедначување не доведе во ситуација,  малцинствата, односно  албанското малцинство преку своите политички партии да му се наметне на македонското мнозинство како одлучувачки фактор без кои државата неможе да функционира. И тоа не е се'! Со својата агресивност, настојува  да ја сокреира македонската  национална надворешна и домашна политика, за полесно да ги реализира сите барања од фамозната Тиранска платформа.

Тоа е дискриминација спрема другите национални малцинства во Македонија, најблаго речено, но и пат кон федерализација на државата, како крајна цел на албанскиот шовинизам и милитаризам.

Тоа го нема  ни во една земја  во која  Албанците живеат и прават живеачка, на секакви начини. И таму ги уживаат сите права, спрема меѓународните конвенции, но ништо повеќе од тоа.

Ако  северномакедонскиот лажен премиер  зборува за општество во кое сите национални малцинства ќе се гетоизираат по принципот на Босна и Херцеговина, тогаш навистина имаме голем проблем. Проблем, со кој  новата македонска Влада, која неминовно ќе ја преземе власта во државата, откако ќе го елиминира заевизмот,  ќе мора да се соочи, како би одново завладеело правото и правдата за сите. Право и правда за сите граѓани, но пред се' за Македонците дома и надвор од својата матична татковина.

Заевизмот, слично како и предходните Глигоризми, Љупчовизми, Бранковизми, Кљусевизми, Груевизми, ќе се споменуваат во македонската историја како рак рани на здравото македонско национално ткиво. Режими, кои им плукнаа на се' што предците ни оставија, положувајќи ги, притоа,  своите животи во темелите на новата македонска држава, Република Македонија.  

Нема никој право да го дели македонскиот народ и да го продава како што овие денешни нелегални  и нелигитимни  властодршци пред очите на целиот свет го направија. Македонците не смеат да ја прифатат денешната состојба како посебен луксуз, дар од Зоран Заев. Луксуз креиран и наметнат како принцип и правило за формирање некој си нов своеврстен експериментален државен систем, единствен во светската историја.

Но исто така никој нема право да ги гази меѓународните правни акти со кои се загарантирани сите човекови права и на малцинствата, во било кој ќош од земјата.

Сегашната состојба во Македонија е неодржлива за подолго време, зошто Македонците веќе видоа со кого имаат работа и внатре и надвор. За овие работи многу пати сме пишувале и зборувале, за да не се заборават, не само од нас Македонците, ами и од светот, кои е ите како  запознат со тие факти, па сепак молчи од свои сопствени причини. 

Ако светот молчи, тоа не значи дека и ние треба да седиме со скрстени раце чекајќи некои друг да ни ја заврши работата. Тоа чекање и неверување во своите сопствени сили, не доведе во ситуација во која сме денес. Без национално достоинство, обезличени, посрамени, понижени и фрлени во амбис. 

Зарем еден недоветен криминоген абдал, кој со своите и полоши абдали од себе се изигрува и мајтапи со Македонците има право  на престој во македонската држава за да и понатака го загадува воздухот и земјата црвена од македонска крв? Зарем образование кое производи и пласира во сите пори на македонското општество  кретени и најлоши предавници треба и може да биде  финасирано од своите жртви? Зарем  на разни  искривоколчени "воспитувачи" им е местото во македонските училишта и високи институции за кои  луѓето, чии леб го јадат, се некоја врста неписмен ЖГАМ, а неговата земја  ЌЕНЕФ? Дали геноциден монструм и убиец на цел еден народ и трговец со неговата татковина за свој личен интерес, Зоран Заев, заслужува меѓународната заедница да го има како товар врз својот грб? Да ја земе неговата вештачка творба, Република Северна Македонија, за рамноправен член во организации, НАТО и ЕУ, во кои членуваат и достоинствени и демократски народи и со него да имаат разговори за правото и мирот меѓу луѓето и народите во светот?  Сигурно дека не!  Но и затоа е потребно да се има  достоинство и самопочитување!?  

Дека Македонците се' уште не се отпишани и нема никогаш да бидат отфрлени на светските маргини, докажа дочекот на македонските Европски шампиони на плоштадот Македонија во Скопје,  и на секаде по македонските градови и села. Но и тоа не е доволно  за да се ослободиме од власта која ни се заканува со вистински егзодус на младите умови од земјата. Па сепак, демонстрираната длабока љубов спрема Република Македонија,   отфрлувајќи го наметнатото срамотно име "северна", ги уплаши властодршците и Зорана Заев посебно.

Но, им докажа и на целиот свет дека Македонците не се овци за стрижење и дека имаат доволно сила да се справат со своите изроди и предавници. Имаат и своја висока точка на топење, мудрост, ум и разум, кога ќе им дојде водата до грла! 

Им докажаа на светот, а особено на властодршците на НАТО и ЕУ дека Македонците не прифаќаат влез во овие организации со  вештачко име наречено "Република Северна Македонија" и не си го продаваат својот милениумски македонски идентитет и својата историја, само затоа што тоа го посакувале Грците, Бугарите или Албанците.

Му докажаа на светот дека многубројноста не е гаранција за победа, туку умот и срцата на јунаците. Ретко кој народ бил победен на својата национална територија. А Бога ми, Македонци не' има на секаде и во Егејот, и во Пиринот и во Мала Преспа, окупирана од Албанците и во целиот свет со резервни ешалони, ако затреба!

"Меѓународната" заедница тоа добро го знае, па наместо самата да си ја заврши својата игра со Македонија, изнајде домашни изроди и предавници. Најде недоветни и алчни  индивидуалци, ветувајќи им  брз влез во горе спомнатите военополитички организации, до колку се согласуваат да им го реализираат нивниот пеколен план за уништување или контрола над Македонија! 

Меѓутоа, кај светските мешетари нема правда ниту  некои цивилизациски вредности и принципи. Има само интереси! Ветувањата дадени на Заевистите дека со промената на името и другите барања од соседите ќе им  го отворат патот кон евроатлантските интеграции и "подобриот" живот, по се' изгледа беа само фарса, на кои Заев наседна и потпиша не еден, туку три погубни, за Македонија, договори. Можеби еден ден ќе му ги исполнат дадените ветувања, но не' пред да ја докусури Македонија како држава на Македонците.

Нејсе, договори како договори има секакви, ама за содржината на овие со Грција, Бугарија и Албанија, народот и денес не е потполно информиран што заправо содржат и колкава е штетата од нивната имплементација. Секој ден од гардеробите испаѓа по некој нов костур.

Зоран Заев заигра оро со Ѓаволот, па остана надигран. Зошто? Затоа што лажните ветувања  дека наскоро Северна Република Македонија ќе бидела примена во овие две организации испаднаа не баш такви какви му се сервираат на макдеонскиот народ. Датумот за преговори со Европската Унија и понатака е неизвесен, а во НАТО, тоа е друго рало опинци бидејќи им требаат  недоветни кои за пари се подготвени на се', па и коските да си ги остават некаде  за туѓи интереси ! Ох, на секаде каде им е потребна "демократија, право и правда"! 

Европската Унија има подруги  критериуми. Таму им требаат средени држави, со кои нема да имаат проблеми откако ќе ги примат  како "рамноправни" членки. Имаат искуства со повеќе такви проблематични денешни членки: Бугарија, Грција и некои други.

Влегувањето во воен сојуз (НАТО) без македонското национално име не е опција,  со што македонскиот војник и војсководец треба да се гордее. Тие треба да се срамат што се туѓи платеници, како што беа секогаш Грците   и другите нецивилизирани племиња во служба на славните Филип Втори и Александар Трети Македонски. Да се срамат, што денешните македонски војсководци први и доброволно си ги фрлија македонските воени и национални белези од нивните униформи и со тоа  му плукнаа на угледот и славата на нашите предци. Да се срамат, зошто ги изневерија традициите на своите предци и постанаа дезертери за ситни пари.

Како што рековме, лагите и вистината секогаш излегуваат на бел ден, ма колку  длабоко и да се закопани в' земја.

Има една стара приказна, некој велат дека е дело на српскиот лингвист Вук Стефановиќ Караџиќ,  со наслов "Цар Тројан има козји уши". Нејзината содржина и порака ме предизвикаа да ви ја прераскажам, со цел да го споделам моето сопствено сознание  дека вистината е секогаш најдобриот пат кон среќата, чување на сопственото достоинство и угледот во средината која ве почитува и сака. 

Па, ете вака:

Си бил еден цар по име Тројан! Имал козји уши на главата, па затоа кога ќе дојдело време за бричење, секогаш викал друг берберин. Ѓоомти така ќе ја сочувал тајната од својот народ. И така, секој од нив бил запрашан дали видел нешто необично на неговата глава, а тие незнаејќи што ги чека, му ја кажувале вистината за потоа царот да ги скрати за глава.  

И така кога дошол ред на следниот бербер,  паднал тешко болен, па затоа го испратил кај царот својот чирак. Младо дете, ама умно.

После бричењето, царот Тројан го наградил и го запрашал: "Што виде дете на мојава глава?" Ништо честити царе. И така царот го засакал младиот бербер и му рекол од сега  само тој да го бричи.

Чиракот се вратил дома и на мајсторот му ги покажал дванаесетте гроша и потоа му рекол дека царот сакал само  тој да го бричи. И така, секогаш кога ќе дојдело времето за бричење, си одел кај царот а Тој го прашувал дали видел нешто необично,  берберчето секогаш одговарало со "не, честити царе"! Ама, од ден на ден му се берело во душата и сакал да пукне,  ама на никој не му кажувал за неговиот однос со царот. Сепак, му се изјадил на својот мајстор, а тој му рекол: "слушај вака! Најдобро ќе биде, ако сакаш да си ја сочуваш главата  на рамена, да одиш во ливадана и ископај длабока дупка, пикни си ја главата во неа и три пати викни: "Царот  Тројан има козји уши!"

Си продолжил  чиракот  да го бричи царот  и бил секогаш  добро наградуван. Еден ден, од дупката израснала врба, со три прави гранчиња, таман за правење кавалчиња. Па така, едно овчарче от како си направило кавалче, на кое знаел многу убаво да си свири и да ги развеселува и овците и другите овчарчиња, се случи нешто необично. Од кавалчето излегувала песмичка трипати едно подруго: "Царот Тројан има козји уши, Царот Тројан има козји уши, Царот Тројан има козји уши". Се чуло прочуло на секаде за тајната на Царот, меѓутоа ништо не му направил на својот бербер, бидејќи вистиата повеќе неможела да остане закопана в' земја. 

Царот си останал со своите козји уши и понатака царски да си живее, а народот среќен и понатака му служел како и секогаш.

Сепак, Царот Тројан и научил нешто од сето тоа: НА ДУЊАВА НЕМОЖЕ НИШТО ДА ОСТАНЕ ТАЈНА, А ДА НЕ ИЗЛЕЗЕ НА БЕЛ ДЕН!

******************

За да ја потврдиме вистината од приказната која ја прочитавте, еве и една  изјава  од еден европски дипломат кој  отворено, но со дикат ја открил тајната, пополека бришејќи ги валканите раце на неговите газди од НАТО и Европската унија, со која Зоран Заев две години ја замајуваше македонската јавност а таа била : ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ПРОДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ УСЛОВ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, ТУКУ САМО ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО!

Зарем ни беше толку потребен НАТО за да се жртвуваме и нестанеме?

Драги мои, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини заедно со Столтенберг, генералниот секретар на НАТО како најголеми поборници и заговаратели за промена на името и се' друго, изјави минатата недела за австрискиот весник "Di Press" дека ЕУ сега е соочена со Северна Македонија, која го решила спорот за името со Грција, меѓутоа тој аргумент е на стаклени нозе. 

Промената на името никогаш не беше услов за проширување, туку само за членство во НАТО, истакна европскиот дипломат и додал дека реформскиот процес во Македонија и Албанија не се одвива добро.

Потоа, весникот "Di Press" објавил, исто така, дека неколку  земји-членки на ЕУ се против почнување преговори за членство на Албанија и Македонија. Според весникот, оваа порака амбасадорите на земјите од ЕУ ќе му ја пренеселе на Комесарот за проширување, Јоханес Хан , на редовниот неделен брифинг. Бидејќи одлуката се носи со концензус на сите 28 членки, веројатноста дека двете земји од Западен Балкан ќе направат чекор напред кон ЕУ, е сосема мала. Констатира весникот.

При тоа, во написот се истакнува дека, дури, и "посетата на Северномакедонскиот премиер, Зоран Заев, на Брисел, не го променил расположението на европските големци кои одлучуваат за нашата судбина".  

И на крајот уште ова: Зарем НАТО ни беше толку важен за нашата безбедност и подобрување на економската состојба во Македонија за да платиме толку висока цена? Да се однародиме и обезличиме како би арамиите и предавниците и понатака шетале слободни без влакно од главите да  им падне? И што е поважно од тоа, за да ја ескивираат тупаницата на правото и правдата која им се наближува? Или пак, по секоја цена да спасат што може да се спаси, пред да бидат пуштени да пливаат низ вода!

За секогаш, Ваш Сотир!

************************

 

Република

НЕМА ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈА ВО НАЦРТ ЗАКЛУЧОЦИТЕ ОД ПРЕТСТОЈНИОТ СОВЕТ НА ЕУ

*****************

Земјава ова лето е во исчекување на датум за почеток на преговори со Европската унија. Најоптималните очекувања се дека тоа ќе се случи во јуни, можеби во јули, а најдоцна до оваа есен. Дали очекувањата ќе бидат исполнети зависи од волјата на земјите-членки, од кои  големото мнозинство го подржуваат почетокот на преговорите, но сега стравувањата за евентуална кочница се префрлија од Париз на Берлин.

Берлин-Германија

За разлика од минатата година, главна пречка овој пат за стартот на преговорите е Германија, а не Франција, велат дипломатите во Брисел за МИА и веруваат дека Париз е подготвен да попушти за датум во јуни или јули.

Она што најверојатно може да се очекува засега е јунскиот министерски совет да заклучи дека ќе се наврати на прашањето за датумот со Албанија и Македонија во јули, со што воедно и ќе се притисне германскиот Парламент да донесе одлука до 23-ти јули кога треба да се одржи следниот министерски совет, овој пат под финско претседателство.

Во нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ, до кои дојде МИА, има признание дека земјава ги исполнила условите за почеток на преговори, но сепак не стои датум за преговори со Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие нацрт-заклучоци, кои треба се' уште да бидат разгледувани и на експертско, амбасадорско и потоа министерски ниво, не се конечни.

Властите во земјава сметаат дека се на вистинскиот пат, што го трасираше Унијата во насока на демократизација и реформирање на земјата, што беше нотирано и во последниот извештај на Европската комисија, кој беше оценет како најчист до сега. Тие со порака до Унијата да ги вреднува досегашните реформи, решавањето на билатералните прашања, но и дека од интегрирањето на земјава во Унијата, корист ќе има и таа. Датумот ќе значи и охрабрување и поттик реформите да продолжат.

Премиерот Заев најави уште една средба со германската канцеларка Ангела Меркел, за што веќе има потврден термин. Не прецизираше кога и каде би се одржала средбата.

Нагласи дека регионални аспекти се причината за калкулирањето со датумот и напомена дека по 15 години чекање треба да се отвори патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Посочи дека за нас се важни одлуките и информациите на Советот за општи прашања на ЕУ (ГАК) кој има состанок од 18 до 21 јуни, а потоа и на крајот на јули.

Европскиот совет е тој што ја носи конечната одлука. Прво се наговестува преку ГАК. Да не ги пропуштиме овие термини, рече Заев.

Тој веќе најави дека ќе го врати мандатот доколку не добиеме датум, а од тоа зависи дали ќе има избор на нова влада или само реконструкција.

***********

 

Академик А. Шкокљев

 

 

Академик А. Шкокљев - Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ  12

ПРАИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ -

ДЕЛ 1

 

 

Праисторијата на древна Македонија може да се реконструира по истата методологија како и другите заедници на Балканот, а на основа на различни извори како што се митолошко-историски, археолошки, лингвистички и литературни податоци.

****************

Судејќи според археолошките податоци од материјалната култура, посебно од ликовната уметност и од митологијата, античка Македонија имала единствен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историско-книжевни и антрополошки елементи кои можат топографски да се лоцираат на географско-политичкиот простор на Македонија.

Според митологијата, постојат две преданија за Македонците. Според едното предание, од авторот Диодорус Сикулус  (Diodorus Siculus) (библиот. I, 18, 1, 20, 3), митолошкиот крал по име Македон, бил син на египетскиот бог Озирис и божицата Изида. Антропонимот Македон има основа mak, makar-имашлив, блажен, среќен, додека сроден збор е makednos-тенок, силен, висок. Според оваа легенда, кога египетскиот крал Озирис, од V-та династија египетски владатели, околу 2500-2340 година пред Христа, власта и' ја препуштил на жена си Изида и пошол да го освојува светот, со себе ги повел и своите синови Македон и Анибиус. Бидејќи Озирис во Тракија го убил тракискиот крал Ликург, наследник на Дријант, својот прв син Македон го прогласил за крал и го оставил во земјата која според него била наречена Македонија (Срејовиќ и сораб., 1992 година, 243).

Озирис припаѓал на првиот ред египетски богови, бил бог на Сонцето (Амон-Ра). Пред крајот на неговото владеење дошло до духовни и религиозни промени, па Озирис станал бог на подземниот свет, како и Хад, зашто според египетските верувања, задгробниот живот заземал најважно место. Од ова произлегува дека потеклото на првиот македонски крал е божествено и неговото лоцирање може да биде околу 2300 година пред Христа, што значи при крајот на  V-та египетска династија.

Според  втората легенда, чиј автор е Хесиод (Фрагменти, 29), богот Зевс и нимфата Тиа имале двајца синови, Магнет и Македон. Магнет е епонимен крал на македонското племе Магнети од источниот дел на Тесалија, создавачи на Димини културата (300 година пред Христа).

Вториот син на Зевс, Македон, бил родоначалник на Македонците, епонимен херој на Македонците и епонимен херој на Македонија која ги опфаќала областите на Олимп, Пиерија и Пинд. Македон имал тројца синови: Аматија, Пиер и Пинд. Наредни митолошки македонски кралеви биле: Еагар, Орфеј, Леонт, Мид. Македонската историска династија, или т.н. Аргеадска династија, според името на градот од кој потекнува (Argos Orestikon или Рупишче, костурска околија во Западна Македонија), датира од околу 700 година пред Христа. Нејзин родоначалник бил Пердика Први. Во историјата се познати дваесет и седум крала до 168 година пред Христа, од кои најзначајни се  Архелај (413-399), Филип Втори (359-336), за кого Демостен (384-322) од Атина рекол дека истовремено бил и најдобар војсководец, благајник, политичар и дипломат и дека никој никогаш не ја разбранувал така Европа пред него, и Александар Велики Македонски (336-323).

Македонците на Балканот биле староседелци, како и сите палеобалкански народи. Тоа го потврдуваат и археолошки наоди од VII и VI милениум пред Христа на локалитетите: Анза, Породин, Неа Никомедеиа, Дупјак, Рупишта, Ситегрои, Зелениково и др. Единствено тие успевале на Балканот да формираат единствена држава, во општествено-политичка смисла, уште во време на кралот Пердика (околу 700 година пред Христа), да го сочуваат континуитетот и името на државноста од дамнешната историја, а со Александар Македонски создаваат светска Македонска империја, од Дрина и Дунав, до Индија и Кина.

 

КРАЛЕВИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНСКИ ДИНАСТИИ АРГЕАДИ И АНТИГОНИДИ

Пердика Први (околу 700 година прерд Христа)

Аргеј Први

Филип Први

Аероп Први

Алкета Први

Аминта Први (540-495)

Александар Први (495-452)

Пердика Втори (452-412)

Архелај (413-399)

Орест (399-398)

Аероп Втори (398-395)

Аминта Втори (394-393)

Павсанија (- 393)

Аминта Трети (393-370)

Аргеј Втори (393-392)

Александар Втори (370-368)

Пердика Трети (368-359)

Филип Втори Македонски (359-336)

Александар Трети Македонски (336-323)

Филип Трети Аридај (323-317)

Касандар (316-298)

Диметрије Први (293-283)

Антигон Втори Гоната (276-239)

Диметрије Втори (239-229)

Антигон Трети (229-221)

Филип Петти (221-179)

Персеј (179-168)

Во персиско-елинските војни, античките Македонци се бореле на двете страни, па дури и во поморските битки кај Саламина, кон крајот на септември 480 година пред Христа, на страна на Хелените. За ова Херодот (VIII, 43) изнесува: "Во текот на војната на Саламина учествувале: Спартанци, Коринчани, Сикиоњани, Епидаврани, Трезењани и Хермиоњани. Сите, освен Хермиоњаните, по потекло биле Дорци и Македонци". Пред прочуената битка кај Платеја во Атика, во пролетта 479 година пред Христа, Александар лично му доставувал важни известувања на спартанскиот крал Паусанија за бројот, распоредот и вооружувањето на персиските сили и за времето на битката.

Победени, Персијанците во паника го напуштиле Балканот. На македонскиот крал Алекандар Први му била доверена улогата како пратеник да склучи мир меѓу Персија и Атина. Поради сите овие и други услуги, во историјата, Алекандар бил наречен "Филхелен", а не поради тоа што бил Хелен. За време на владеењето на овој крал, границите на Македонија биле проширени повеќе на исток, со заземање на Крестонија и Бизалтија. Сето ова се случувало во општа ровка меѓународна ситуација за превласт на овие простори меѓу Персија, Атина, Спарта, Македонија, Тракија и Илирија.

Мозаик од 4-от век пред Христа

Кралот Александар Први го наследил неговиот син Пердика Втори, кој владеел меѓу 452-412 година пред Христа. Тој бил крал на Македонија во периодот на Пелопонеските војни, кога се' повеќе доаѓа до криза во односите со Атина, заради нејзините експанзионистички и колонијалистички претензии околу македонските и тракиските брегови. Пердика ја искористил спартанската експедиција во 424 година пред Христа заедно да го разбијат Атинскиот сојуз и колонијалното владеење на Атина.

Покрај тоа, Пердика ја запрел тракиската опасност на кралот Салтик (429 година пред Христа) и успешно го експлоатирал антагонизмот меѓу хеленските градови. Во текот на неговото владеење, на македонскиот двор престојувал и најпрочуениот лекар на тогашното и подоцнежното време, Хипократ од Аликарнас, кој го лечел разболениот крал. Пред Хипократ, во околу 460 година пред Христа, во Македонија бил и таткото на историјата, Херодот, кој дал многу добри податоци за Македонија.

По смртта на Пердика, на престолот на Аргеада дошол неговиот син Архелај, кој владеел меѓу 413-399 година пред Христа. "Кога станал крал и рамните патишта ги расекол и останатото за војната го сторил: коњи, оружје и останатата опрема, подобро отколку сите осум други кралеви" (Туркидид, II, 100).

Кралот Архелај е познат и по тоа што основал нова престолнина на Македонија, Пела, во покраината Ботиаја, преместувајќи ја истата од планинските и погранични делови во идеален и централен, рамничарски крај, покрај Термајскиот Залив, кој тогаш длабоко навлегувал во копното. Во текот на само една генерација, Пела станала најголем и најубав македонски град.

Покрај тоа, Архелај е основач на светиот град Дион, на источните падини на Олимп, чии sидини изнесувале 2 500 метри во должина, а површината на утврдениот дел бил 460 000 м2. Покрај храмот на богот Зевс, тукуа биле и светилиштата на други богови: Дионис и Деметра, потоа Асклепија, Изида, Муза и други. Следат театри, некрополи, палати, терми, куќи за великаните и друго, кои биле откриени со археолошките истражувања од 1929, 1978 и понатаму.

****************

Продолжува

Панде Манојлов

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******************

 

 

ТИЕ СМЕ

  • Се стори, се виде!Ќе речете:
    Така требало да биде!

    Се' иста некоја тема
    и ваква и таква,
    но, само да не нема!

    Измислија - ерга омнес!
    Како Македонија
    да е од земја, стомне!

    Стомне со свирче,

  • раздадено за душа
    полно водичка од вирче!

    Е, не ќе сме тоа!
    Та не сме малку
    и не сме троа!

    Македонци сме си!
    Такви какви Бог не дал,
    но не друг да не меси!
    *************
    Автор: Панде Манојлов

Kind regards: 10 јуни 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 218

ВИДЕОТЕКА

**********