Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ЧОВЕКОЈАДЕЦОТ И ПОНАТАКА ЖДЕРЕ

*********

 МОНСТРУМ, ИЛИ  АБДАЛ ?

 

Зоран Заев,  од како ги изеде  "живите луѓе" од атарот на своите "смртни" непријатели,  си  продолжи да ги јаде и своите најблиски пријатели, луѓето кои, впрочем, го донесоа на положај од каде ќе можи да направи нешто и за нив. Да ги одведе во рајот! Да ги внесе во поголемото трло на мршојадци, таканаречената ЕУ и НАТО.

Тој, откако е поставен за претседател  на Владата на Република Македонија, постојано нешто јаде, па јаде, никако да се најаде. Ништо не му е доста.  Зошто, ќе сознаеме негде во текстот пред Вас!

Во првата година од неговото владеење, Зоран Заев  ја изеде целата држава, Република Македонија. Го изеде  националниот идентитет на Македонците (малцинствата ги остави на рајат), потоа, македонскиот јазик, историјата, традициите, културата, па античката држава, коренот на македонската нација, античките македонски белези,  статуите на нашите пра, пра дедовци и татковци заменувајќи им ги нивните македонски имиња и титули и националната припадност  со ставање плочки дека се дел од грчкото античко минато, потоа се одрекна од Македонците на секаде во светот, вклучувајќи ги и Македонците во егејскиот, пиринскиот и делот во Албанија и Косово и на крајот ги изедначи, дури  и ги направи и супериорни, Албанците во однос на македонското мнозинство. 

Целта на оваа фаза беше, Македонците од Дијаспората да ги елиминира како фактор со право да се мешаат во внатрешните работи на нивната родна Татковина, сега Република Северна Македонија. Држава, со која тие немале никаква врска.

Со Договорот за "добрососедски однсои" со Бугарија го изеде царот Самуил, Илинденското востание со сите борци и преродбеници по принципот 50/50 со Борисов, потоа го бугаризира   македонскиот јазик заедно со поновата македонска историја до 1944 година и се разбира, како и со Грците, сите злосторства извршени над македонскиот народ во изминатите децении и столетија, реши да се заборават, бидејќи  биле само пропаганда и измислица на некои си се' уште непросветлени Бугари во Македонија. А поделбата на Македонија за време на Првата и Втората балканска војна, не се  ни случила. 

За рамковниот договор да не зборуваме. Тој неможеше да го изеде, зошто без него и подоцнежните шурувања со "автохтоните и државотворните" Албанци, никогаш не би стапнал во одаите на македонската Влада. Ах, и без помош на Ѓорге Иванов, поранешен претседател на Република Македонија.

Со сите овие невини жртви кои ги изеде Зоран Заев,  "дојде" и новиот живот во земјата, но без ветените  500 евра плата, бесплатно здравстевоно осигурување за сите, бесплатно образование, вработување за сите кои сакаат да работаат...

Со Заевиот слоган:  "кога ќе дојдеме на власт живи луѓе ќе јадеме", Македонците, како мнозински народ, ги снема од списокот на населението, додека националните малцинства си ја задржаа својата етничка припадност. Па бидејќи останаа само малцинствата во земјата, а на  Македонците им ја изеде националната припадност и постанаа обични обесправени граѓани, дојде времето да и' се промени и името на државата. И така, Зоран Заев со договорот за "пријателство" со Грција ја избриша Република Македонија, како држава на македонскиот народ  и создаде нова граѓанска држава, Република Северна Македонија.

Се роди нова држава, Северна Македонија, со нов народ составен од  повеќе национални племиња,  без Македонци.  И така, Зоран Заев постана прв маѓионичар, кој создаде  чудо невидено од антиката до ова "модерно" време, кога луѓето постанаа одново роба за продавање  на пазар. И сета таа молничава трансформација без сериозен отпор и без куршум испукан.

Армијата на Македонија постана интернационална војна сила за заштита на туѓи интереси, Полицијата за тепање на Македонците, образованието за производство на Зомби без чувства за национална припадност...

Со преземањето на сите државни институции во свои раце, после претседателските избори, Зоран Заев ја отпочна  втората фаза на слоганот: "кога ќе дојдеме на власт, живи луѓе ќе јадеме". Почна безмилосната Сталинистичка чистка на сите блиски соработници кои  отрезнувајќи се од пијанството после успехот на Шарената револуција и уривањето на поранешната Влада на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, постанаа закана за неговиот положај и во владата и во неговата партија (АСДСМ). 

Важно е да се спомене и фактот, дека пред да ја започне операцијата "Метла" за реконструкција на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев имаше приватна конзултативна средба со косовскиот премиер Рамуш Харадинај! Се разбира, реконструкцијата на македонската Влада неможе да се изврши без помош однадвор. Од оние кои Зоран Заев го поставија за главен извршител на нивниот деструктивен план со кој  македонската држава го започна својот сопствен погреб и конечното решавање на таканареченото "македонско прашање на Балканот"!?  

Сите споменати настани и трансфрмации на македонското општество заедно со преименувањето на Република Македонија во Република Северна Македонија се извршија за времето на грчкиот претседател на владата Алексис Ципрас. Меѓутоа, со најавите за негова оставка после неуспехот што го доживеа  во европските парламентарни избори, работите уште повеќе ќе се комплицираат. 

Притисокот за уште подлабоки измени во Преспанскиот договор во чие донесување Ципрас беше главен актер заедно со Заев, северномакедонскиот премиер ќе навлезе во уште поголеми проблеми и недоумици, кои најверојатно ќе бидат повод за конечно отрезнување на Македонците. Да се разбудат и  да преземат сериозни подготовки за уривање на оваа катастрофално анти македонска влада на Зоран Заев, заедно со него, како главен виновник и велепредавник на македонските национални интереси.

Незадоволството на дел од членството на СДСМ со насоката по која Зоран Заев ја води Партијата и македонската држава би требало да доведе до хомогенизирање на Македонците, како предуслов за решавање на кризата во Македонија, која ни се заканува со вистинско исчезнување. 

Газење по достоинството на секој Македонец дома и надвор од земјата треба да престане и конечно еднаш за секогаш, сите заедно да настапиме пред меѓународната заедница како народ кој знае што сака и каде сака да ја насочи својата судбина. Ако сакаме, се разбира, светот да не почитува како народ кој заслужува да има своја национална држаава.

Време за тактизирање немаме. Или ќе не биде или ќе не снема. Влез во евроатланските организации само како Македонци и никако подруго. Зоран Заев да си замине од политичката сцена на Македонија и да ги плати сите долгови кои ги направи со своите нездрави и антимакедонски политики.

И за крај нешто и за поднасловот  на текстов :

Бидејќи Зоран Заев, како помилуван велекриминалец, беше најпогодна личност за она што го стори во првите две години од своето владеење и пустошење низ Македонија. Не беше тоа случаен настан или желба на некои улични арамии кој на Заев му подметнаа таква стапица. Тоа е пеколен план и на Западот, но не помалку и на Истокот од Македонија. Но и на соседите, со кои Македонија и македонскиот народ робуваше 500 години во заедничката темница: Османлиската Империја!

Бидејќи Македонија  беше  голема и слатка торта во очите на сите горе наведени "пријатели",  секој од нив  ги чекаше своите пет минути да скубни  нешто од неа. Чекаа и дочекаа!

Нејзината поделба по двете Балкански  и Првата светска војна, остави и недовршени работи, тогаш непредвидливи, дури и за најголемите тогашни умови кои му кумуваа на големата гозба. Не ја предвидоа појавата на новата и моќна заедничка држава на сите балкански славјански народи, Федеративна Народна Република Југославија, чии составен и рамноправен  дел постана и ново обновената држава на Македонците, Република Македонија. Стравот од нејзиното раѓање како пиемонт на Македонците од распарчената македонска земја, траеше до насилното распарчување и на СФР Југославија, кога со осамостојувањето на Република Македонија се создадоа предуслови за докрајчување на недовршената пеколна работа од пред 100 години. Но, затоа требаше да се изнајде јунак, кој ќе ја заврши и таа последна епизода од македонската голгота.

Најде се изнајде, млад јунак  "војвода", Зоран Заев! Зоран Заев, со неговата дружина,  наследниците на СКМ (Сојузот на комунистите на Македонија), чумата да ја доведе во жална Македонија и да го реши проблемот со "македонското прашање на Балканот".

И така бидна! Надворешните пријатели, здружени во Меѓународна заедница, ЕУ и НАТО, знаеа многу добро кои се тие кои ќе мораат и ако несакаат, Република Македонија заедно со Македонците во неа да им ја предадат на Грција, Бугарија и Албанија на милост и немилост. И тоа бидна, само да си ги сочуваат своите крастави кожи. Едните заради најголемата кражба на народниот имот и фрлање на народот на улица без работа, другите заради тешките криминални и валкани дејности во и после тие критични времиња за опстојот на Република Мкедонија како суверена и независна држава на македонскиот народ. Ама и заради менување на името во ПЈРМ (поранешна југословенска република Македонија) како вовед во подоцнежното комплетно разнебитување на македонската, со многу крв создадена, држава. Тоа беа времињата на Киро Глигоров, Љупчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов, Никола Груевски и на крајот, Зоран Заев. 

Меѓу сите нив, Зоран Заев го изнајдоа да биде  "војводата", кои со својата верна дружина ќе ја заврши работата, ако сака да преживее! За некое време! Тешките криминали  му ги избришаа, го поставија за претседател на Владата на Република Македонија, а за против услуга, јунакот Заев го реши "македонското прашање" на Балканот за секогаш. Барем така некои се' уште  си мислат!? 

Вториот дел од приказнава го знаете, па затоа не треба повеќе да се мачиме и да докажуваме какви се' последици овај АБДАЛ остави во душите на Македонците дома, во соседните државички и на секаде по светот.

 За секогаш Ваш, Сотир! 

 

Зоран Заев и неговата "дружина" во борба со македонската полиција која, пак, денес ги тепа своите македонски браќа.

Михајло Маневски

 

Михајло Маневски

ТАЛАТ ЏАФЕРИ - ДВЕ ГОДИНИ НЕЛЕГАЛЕН И НЕЛЕГИТИМЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

 

На очиглед на целокупната јавност, пратеникот Талат Џафери две години нелегално и нелегитимно ја извршува функцијата Претседател на Собранието на Македонија. И после две години, сеуште не е усвоен записник од наводната седница на Собранието за "избор" на Талат Џафери на највисоката функција во законодавната власт.

Ова ли е правна држава? Ова ли е владеење на правото? Зошто и после две години до пратениците не е доставен и не е усвоен Записник од таканречената седница на Собранието од 27 април 2017 годиа за избор на Претседател на Собраниет? Колку време му треба на Собранието да го изготви Записникот и тој Записник да биде ставен на усвојување на пленарна седница на Собранието? Дали немало време тоа да се стори? Што се крие зад таа тешка манипулација? За оваа очигледна груба повреда на Уставот на Македонија и Деловникот на Собранието, сите молчат. Молчи Јавниот обвинител, молчи Уставниот суд, молчи Собранието и никој ништо не презема.

Согласно чл. 104 и чл. 105 од Деловникот за работа на Собранието, на седницата задолжително се води записник, кој ги содржи основните податоци за работата на седницата, предлозите што се поднесени и заклучоците што се усвоени во врска со прашањата од дневниот ред. Записникот е огледало на седницата. Записникот, по правило, им се доставува на сите пратеници најдоцна три дена пред одржување на седницата на која треба да биде усвоен. Како може и после две години Записникот од седницата да не биде доставен до пратениците и да не биде усвоен на седница на Собранието, а од тогаш се одржани над сто седници!? Таков акт преставува груба повреда и пречекорување на службените овластувања и злоупотреба на службената должност. Да беше легален изборот, досега записникот ќе беше сто пати усвоен.

На 27 април 2017 година во Собранието на Македонија се изврши тешка манипулација во режија на власта. Во една вжештена атмосвера предизвикана од груба повреда на актите на раководење во Собранието и со грубо кршење на Уставот и Деловникот за работа на Собранието се режираше некаков "избор" на претседател. Група пратеници од власта собрани во еден дел од салата симулираа избор на претседател на Собранието, без да се закаже седница, без дневен ред, без дискусија, без утврдување на присутни пратеници, без објава на резултатот од "гласање", без записничар, без записник, без стенографски белешки, спротивно на преку двадесет одредби од Деловникот. Се изврши една тешка манипулација на грубо самоволие и злоупотреба на власта со целосно непочитување на Уставот и Деловникот за работа на Собранието.

Избор на Талат Џафери за Претседател на Собранието на Македонија, 27 април 2017 година.

На 27 април 2017 година не е извршен легален избор на претседател на Собранието на Македонија. Ништо на "седницата" на 27 април не е законито. Тоа е само една одвратна фарса која за жал се' уште трае. До кога? Јавниот обвинител на Македонија го побара записникот од Собранието, но според јавно објавените известувања, не му бил доставен таков записник. Не му бил доставен таков записник, затоа што таков записник нема. Да беше легален изборот, записник секако ќе имаше. Да имаше записник, ќе се видеше целата лакрдија наречена избор на претседател.

Креаторите и организаторите за тешката злоупотреба на законодавниот дом сеуште остануваат неказнети. Пратеникот,бедник, Горан Мисовски, самиот се определи да раководи со "седницата", преземајќи ја палката од пратеникот Ферид Мухиќ, и покрај присуството на најстариот пратеник во Собранието. При очигледни и неспорни околности и докази, се поставува прашањето што се чека од страна на Јавниот обвинител и зошто не се спроведува кривичната постапка за тешка злоупотреба на функцијата? Уставниот суд на Македонија и да не го споменувам, бидејќи Уставен суд фактички и нема, а токму вакво флагрантно кршење на Уставот, неможе да биде незабележано од судот надлежен да ја штити уставноста и законитоста.

Две години нелегитимно се врши највисоката функција во законодавниот дом и за две години не само што не се усвои записник од "седницата", не се преземени никакви мерки на одговорност на креаторите и организаторите на оваа тешка манипулација во законодавниот дом со несогледиви штетни последици. Сите дејствија што се преземени од нелегален и нелегитимен претседател се ништавни и не можат да произведуваат никакви правни дејствија. Дали некому уште не му е јасно зошто Македонија тапка во место и наместо напред,  длабоко загази во општествена  и  правна провалија, затоа што не владее правото, туку владее самоволие и беззаконие.

 

27-ми АПРИЛ 2017 ГОДИНА ЗЛОУПОТРЕБЕН ЗА НАНЕСУВАЊЕ ЗЛОКОБЕН УДАР ВРЗ МАКЕДОНСКИТЕ РОДОЉУБИ И ПАТРИОТИ 

Наместо да одговараат креаторите и организаторите за тешки злоупотреби на срамниот чин на наводен избор на претседател на Собрание, набрзо по настанот за таканаречениот крвав четврток се монтира случај на политички прогон против 33 лица за непостоечко кривично дело Загрозување на уставниот поредок и безбедноста од членот 313 од Кривичниот законик. Со селективната амнестија беа опфатени најодговорните лица Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, кои ја отворија влезната врата на Собранието. Пратеникот-вратар предавник Крсто Муковски, дури нема доблест да се повлече од пратеничката функција и бесрамно ужива во привилеигиите на амнестијата и привилегиите на власта. Со отворањето на вратата на Собранието зеде наврат многу невини луѓе. Да не ја отвореше вратата заедно со бесрамниците-предавници Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, ништо немаше да се случи.

Основниот суд Скопје 1 на 16 невини лица, кои не беа опфатени со актот на срамната селективна амнестија, им изрече драконски казни во висина од 7 до 18 години затвор. Повеќе од 18 месеци гнијат во затвор предани родољуби и патриоти, жртви на оваа ненародна предавничка власт. На најголемиот број обвинети лица им се изречени драконски поединечни казни, како да се најголеми злосторници, а не чесни патриоти и родољуби. Тие не сторија никакво кривично дело, не сторија никаков злостор. Тие не се терористи кои работеле против државата. Овие невини лица никого не повредија, не употребија никаква сила против никого. Тие што употребија сила се драконски казнети за дела со измислени тешки правни квалификации.

Чесните родољуби и патриоти не се злосторници и терористи кои го рушеле уставниот поредок. Против државата и против Уставот работеа тие што симулираа избор на претседател на Собранието. Тие го предизвикаа гневот на народот кој 73 дена мирно ја изразуваше својата несогласност со предавничката политика на Зоран Заев и неговата клика.

Пресудата на Основниот суд е најсрамотната и најнечовечната пресуда што е донесена за монтиран случај на политички прогон со цел за брутална пресметка со осудените кои го изразуваат својот непокор обземени со љубов спрема татковината и предани на својот народ, што ја сакаат и ја бранат својата земја. Оваа незаконита пресуда и целокупната режирана постапка за случајот 27-ми април 2017 година е чин на одмазда и порака на застрашување и уцени.

Оваа срамна незаконита пресуда расплака многу деца, расплака многу мајки и татковци, расплака многу сопруги, браќа и сестри, роднини и пријатели. Оваа пресуда ја расплака Македонија. Тие што ја расплакаа Македонија со монтиран политички случај на кривично гонење за непостоечко кривично дело и со изрекување на драконски казни од над 2 века, ќе дојде време кога ќе положат сметки пред народот за злоделата што ги прават. Македонскиот народ тоа никогаш нема да им го заборави и никогаш нема да им прости.

Republika.mk

13 maj 2019 godina

 

Марија Воденска-Маре

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 

 

 

ВРАЌАЊЕ НАЗАД, ДАЛИ ЌЕ ИМА? 

 

 

  • Од таа бигорна
    четириесет и осма
    Со крилата песна и
    стушено детство
    Не паметам многу,
    паметам чадој,
    Шурки крвје, густо,
    пифтосано од плачој
    Оросена болка,
    закоравена тага
    Натежната со мирис на копнеж...
    Враќање назад дали ќе има?

    Паметам, беше
    мартовска зима
    Таму, високо на Ниџе
    Низ белите маглини
    Чекор по чекор,
    Тешки чекори бавни
    Врвица долга, низ
    патеки стрмни,
    Низ борјето густо,
    натежнато со снег
    Тромо се влече
    колоната...

    И паметам, тоа беше
    Ден
    Ден невратен
    Ден жигосан
    Што тажно влечејќи се
    одминува
    Ден суден!
    Бегалци бевме,
    страдалници
    Бегалци од Родината
    своја...
    Враќање назад дали ќе
    има?

    И патем, паметам,
    тешко офкаше некој
    Некој офкаше болно
    И пред да згрне трунка
    сонце
    Уште еднаш зарипнато
    офна
    А потоа, потоа се
    струполи нешто

  • Нешто како клопче што
    пласна
    Врз снегот бел,
    остана згрчен како
    црна дамка
    И се слушна шепот:
    "Покој за душа"...

    Кон падините на Ниџе
    Колоната црна
    продолжи да тече.
    Изsемната ништо не
    гледав
    Само немото роморење
    го слушав
    И тешкото, долго
    чкрипење на снегот,
    Во ноќта црна, поцрна
    од сите ноќи на светот,
    Толку темна, чинам во
    јама не' грабна...
    Враќање назад дали ќе
    има?

    А патем, в' караула
    една стигнавме бедни
    Насреде оган, наоколу
    сите
    Прокиснати, капнати,
    гладни
    Партизани и деца, и
    старци страдни
    Се' на едно место,
    Душа збрана, чиниш
    тесто...

    Шепотом болка се
    слуша
    "Некој испушти
    душа"...
    Паметам дете врисна!
    Затрепери младо,
    ластерче слабо
    На мајчини восочни
    гради
    Од очите гладни извор
    ко' да бликна.
    Засекогаш "Збогум"
    редум си велат,
    Од Родината своја


  • ноќва се делат...

    И плаче дете, в'
    преград се нурка
    Мајка мртва нежно си
    гушка
    Со мраморни очи ко'
    бетонско гнездо
    Мајка мразна Чедо
    не слушна.
    Мајка една, о, небесна
    sвездо!
    Остана тука, во белина
    мрачна
    Покосена од болка,
    тука падна...
    Враќање назад дали ќе има?

    Мајка гладна за родот
    страдна
    Тука згасна со рана
    млечна
    За Чедо едно
    Што со дланки, нежно
    По коси мајкини талка,
    липа
    И за Мајка пита:
    Мојата мајка остана
    тука
    Кај ли е сега, зад која
    Бука?

    Од стариот столетен
    Бор
    Низ ветрот шепот се
    слуша:
    "Таму, зад ридон
    остана Таа,
    Онаа, што тажно
    спомени точи
    И пенливо клокоти-
    нашата Славна
    И Оваа тука, што од
    крвта пламна..."
    Враќање назад дали ќе
    има?
    ************
    Автор: Марија Воденска,
    Воденска средба,
    Скопје
    Мај 1974 г. Парк Ќермес
    marivod@gmail.com




Ќе има ли за нас враќање назад?

Славе Катин

 

Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 11

ПРАИСТОРИСКИТЕ НАРОДИ ЕНХЕЛЕИ, ПЕЛАГОНЦИ И ПЕОНЦИ

 

Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од Беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред се', што припаѓаат на единствениот праисториски свет на Балканот и заради објаснување на подоцнежните односи на западните граници на Македонија во историскиот и подоцнежен период.

********************

Името на Енхелеите доаѓа од палеолингвистиката каде зборот  enhelis, што значи јагула, а ehis - отровна змија. Од ова произлегува дека тие претежно се занимавале со рибарство, односно со лов на јагули и биле "јагулари"

Енхелеите биле западни соседи на Македонците и Бригите и се простирале од Преспанското и Охридското Езеро, долж реката Дрим, до заливот Бока Которска. Јужно, Енхелеите го населувале просторот до Кераунските Гори, односно граничеле со Теспоречаните (подоцна Епирци).

Легендарниот Кадмо, син на фенекискиот крал Агенор, е основач на тврдината Кадмеј и градот Теба во пелашка Беотија, според кажувањата на Ератостен, 1313 година пред Христа. Во длабока старост, Кадмо со својата жена ја напушта Теба и оди во земјата на Енхелеите, а престолот му го препушта на својот внук Пентеј. Доаѓањето на Кадмо меѓу Енехелеите можело да се случи по 1313 година пред Христа.

Во новата татковина тој станал крал на Енхелеите и ги победувал новодојдените варвари Илирите, кои станале нивни северни соседи. По 100 години, т.е. околу 1213 година пред Христа, на Енхелеите им се придружиле и преостанатите беотски Кадмејци, бидејќи биле протерани од страна на Ахејците, од Арг на Пелопонез (Херодот, V, 61).

За религијата на Енхелеите податоците се скудни, но најверојатно како и другите народи на Балканот во тоа време, ги почитувале боговите на Олимп и светилиштата на Додона, во соседната Таспротија. Со доаѓањето на Кадмо, се воведува тетемолатрија (култ) кон змијата, зашто тој "дошол во воловска кола во вид на змија" (Томсон, 1954 година, 80, 180, 2922). Едно од Енхелејските племиња кое може да се следи и низ историскиот период се Десаретите. Нивната земја Дасаретида ги опфаќала областите Црн Дрим, Охридското и Преспанското Езеро и Девол (Папазоглу, 1957 г. 224). Главен град на Десаретите бил  Лихнид - Lihnida, од Лик, Lihnos - светилка, ламба, борина), денешниот град Охрид на истоименото Езеро. 

Други племиња познати во историјата се Пенестите, penestes-слуга, надничар, Пирустите и други. За време на македонскиот крал Филип Втори во 358 година пред Хтиста, Десеретите влегле во состав на македонската држава. Во војните на македонскиот крал Филип Петти со Римјаните, 197 година пред Христа и понатаму, се споменуваат многубројни градови во Десеретида, како што се  Енхеланај, Пелиум, Лихнида итнт. (Поливје, V, 108, 2(  се' до V век по Христа.

Во Пелашкиот свет, Пелагонија (кованица од зборовите pel, pelas-блиску, најблизок роднина, pelagus-рамница, езеро, море и зборот gen, gone-раѓање, род) се наоѓа во сливот на западната притока на Вардар (Aksios), Црна Река и Еригон. Таа ја опфаќа целата денешна леринско-битолско-прилепска (пелагонска) рамница. На запад се граничела со Енхелеите, односно Десаретите, на север со Бригите и Дарданите, на исток со Пеоните, а на југ со Македонците.

Од митологијата се дознава дека епонимен херој на Пелагонците бил Пелагон, дека најголем и најсветол симбол на сите Пелазги бил гулабот (перистера), олицетворен во планинскиот масив Пелистер (peri-многу, прекомерно и stereos-јак, тврд). Во пелашката митологија, божицата на светот Евринома, го зела обликот на гулабица и снела општо јајце од кое излегле нејзините деца: сонцето, небото, земјата, планините, животните, растенијата и др. Заради тоа, гулабот станал сеопшт симбол на мирољубивоста на сите Пелазги и свет симбол на најголемото светилиште на тогашниот свет, пелашкото пророштво Додони, во соседна Теспротија.

 

Карта на древните народи на Балканот.

Друг митолошки симбол на сите Пелазги, кој се наоѓа во Пелагонија се две планини под име Бореј ( voras-север), Ниџе со Кајмакчалан и Бабуна, од "кои дува северниот ветер Бореј".

Овој "змискоопашест" ветер бил уште еден назив кај Пелазгите за Создавачот (Demiurga) Офион, кој играл и ја оплодил Евринома. Култот на Бореите бил многу раширен насекаде по егејскиот свет. Се верува дека Бореј дувал во зима од планинскиот венец Бабуна, Ниџе и Стримон и дека како пастув ги оплодувал кобилите и ги потопувал бродовите на непријателите, како на пример на Персијците кај Атос и кај магнезискиот брег (Херодот, VII, 189).

Покрај митовите, првите пишани податоци за Пелагонците се јавуваат дури во текот на IV век  пред Христа. Според истражувањата на Папазоглу (1957 година, 199) во прашање се два натписа од Атина, од 365 и 363 година пред Христа, до пелагонискиот крал Менелај. Тоа биле благодарници за воената и финансиската помош која кралот му ја давал на атинскиот стратег Тимотеј во војната против Халкидиќаните и Амфипољаните. Од историски аспект, овие податоци докажуваат дека Пелагонците уште во средината на IV век пред Христа имале своја одвоена политичка заедница, на чело со крал. Во време на зајакнувањето на пеонската држава, Пелагонците политички се приклучиле во нејзиниот состав. Во периодот на јакнење и ширење на македонската држава под водство на Филип Втори Македонски, Пелагонија станала составен дел од  античка Македонија. Инаку, главен град на Пелагонија, исто така, се викал Пелагонија и се наоѓал на левиот брег на реката Еригон. Во наредните векови Пелагонија се споменува на неколку места кај Ливија, Страбон и Диодор, а во врска со римските освојувања на Македонија  и нејзините поделби, наведувајќи дека Пелагонија била центар, четврттата Македонска мерида. Трагата на градот Пелагонија се губи по готските наезди кон крајот на V век по Христа, но останува да постои област Пелагонија во Македонија.

Меѓу праисториските народи на централниот дел на Балканот се вбројуваат и Пеонците, а нивната земја се викала Пеонија. Родоначалник на Пеонците и нивен крал бил епонимниот херој Пеон. Во митологијата Пеон бил син на Посејдон и Хела, татко на Скордиск и Трибал. Според Хомер, Пеон бил лекар на боговите, по кого лекарите на воените херои биле нарекувани Пеониди, а иста придавка имале Аполон и Ескулап. Инаку глаголот peonizo значи пеење свечена воена, борбена песна.

Браќа на Пеон биле Едон (од зборот edis-љубезен, драг и според него тракискиот народ на Стримон и Нест под името edoni, како и истоимената планина) и Алмопа. По неговиот брат, називот го има Алмопија ( almiros-солен и pieo-да се создава, прави, работи) во Долна Македонија. Името на Пеон како божество се споменува многу рано, уште околу 1400 година пред Христа, на глинените таблици испишани со линеарно Б писмо (Ventris, Chadwich, 1956 г., 122).

Пеонците го населувале Балканот јужно од Дардан, меѓу Тракијците, Пелагонците и Македонците. Живееле во средниот тек на реката Аксиј (Вардар), околу Еригон (Црна) и Астибос (Брегалница), во чии води се правело обредното крунисување на пеонските кралеви, како и во долината на Стримон. Меѓу племињата кои се истакнувале биле Агрианите (agrios-суров, жесток, див), кои живееле околу изворот на Стримон и учествувале во  походот на Александар Македонски со 1000 стрелци.

Следат Сирипеоните (siros-јама за жито), кои живееле во рамницата на градот Серес, потоа, Пеоплите, Доберите и др.

Во Пеонија се споменуваат кралевите: Астропевс, Ликеј, Патраи, Никрах, Бастареј, Андолеон, Леон, Допеон и други.

Археолошките ископувања во Гевгелија и Марвинци во Македонија ја потврдуваат нивната висока култура и трговските врски со Мала Азија, а, ппред, се', со Троја, Јонија и Микена. Многу богатите археолошки наоди во Демир Капија откриле златен и сребрен накит со висока вредност и ковани пари со ликовите на веќе споменатите пеонски кралеви (Микулиќ, 1989 година).

Во Тројанската војна Пеонците биле сојузници со Троја. Хомер во поглавјето за "Составот на тројанската војска" (III, II, 848), за Пеонците вели: "А Пеонците криволуки Пирехмо ги водеше јунакот/, од далечниот Амидон до Аксиј широка река/, Аксиј кој земјата ја оплодува со најубава вода". По смртта на Пирехмо, поетот во епот (I 1.XVII, 348), за смртта на вториот пеонски јунак Аписаон вели "...И Аписаон, човечки пастир, син на Хипас/, во црниот дроб го рани... тој е од плодната земја Пеонија..."

Главни градови на Пеонија биле Астибо, денешен Штип и Стоби. Други градови биле: Арг, Вилазора (Велес), Карпи (Демир Капија), Евристус, Баргала, Армохиа, Запара, Добер, Астреон итнт. Реки: Аксиј (Вардар), Еригон (Црна), Стримон (Струма), Астибос (Брегалница) тнтн.

За Пеонците и нивните обичаи постојат податоци од Херодот (IV, 33) кој ги обиколил тие краишта. Тој зборува за постоење лавови во Паонија, дека при принесувањето жртви на божицата Артемида ветените дарови ги виткале во пченична слама. Во време на  Персијската окупација на Пеонија, некои нивни племиња давале жесток отпор, па Сириопеонци и Пиплии биле преселени во Фригија, во Мала Азија. По нивната успешна буна, тие се вратиле во Пеонија. Во времето на кралот Филип Втори Македонски Пеонија била приклучена кон античка Македонија.

Интересни се и податоците кои ги дал Херодот (V, 16): "Оние околу Пангејската Планина и Прасиадското Езеро не паднале во рацете на Мегабаз. Тој се обидел да ги покори и оние кои живееле на езерото и тоа вака: во сред езеро се наоѓале дрвени скелиња на високи колци, а пристапот од копното бил овозможен со помош на еден тесен мост. Колците под скелињата, во старо време, ги донесувале сите жители на населбата заедно, а подоцна создавале и таков обичај. Кога некој ќе земел една жена, од планината, чие име било Орбел, донесувал три колци и ги ставал под скелињата; а кај нив секој човек се женел многупати.

Секој имал на скелето по една колиба во која живеел и од која низ скелето еден отвор водел долу до езерото. Коњите и говедата ги хранеле со риба, а риба имало толку многу, што кога ќе се спуштале корпата за ловење риби низ отворот во езерото, по кратко време, кога ќе се извлечела, била преполна со риба..."

Шеснаесет-зрачното сонце со кралската розета во сончевата топка-симбол на античките Македонци и Античкомакедонското Кралство

Kind regards: 04 јуни 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 217

ВИДЕОТЕКА

****************