Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ТРАГИКОМЕДИЈА ВО СЕВЕРНО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ КОНЕЧНО ГО ПЛАТИ ЦЕХОТ

 

Како човек да не се нажали, дури и да заплаче над незавидната судбина на еден  шарен "херој", кој мораше да стане  пред лицето на правдата,   од кое неможеше да побегне. Зошто? - затоа што  дојде времето за отстрел и газење по шарените, кои беа само алат на Зоран Заев да  ја преземе власта во државата и несметано да шири пекол, како откуп за своите гревови.  Нека! Со времињата кои доаѓаат, несомнено, и многу други како него  ќе му погледнат во лицето на Правото и Правдата. Метлата на Заев го чисти загаденото двориште на СДСМ од мудреците, за еден ден, близок ден, заедно со нив и тој да осуни на буниште, каде и припаѓа. Времето си го чини своето. Бавно, ама сигурно!

Такви човеколики суштества кои го потценија својот сопствен народ и со помош на надворешни нарачатели,  заинтересирани за внатрешните и надворешните богатства на Македонија, не заслужуваат поарна судбина. Не заслужуваат да останат и самите не казнети. Некои вака, некои така. Но на сите ќе им дојде редот. Духот на Ќосето се враќа, за да си ја доврши незавршената работа. 

Разбирливо, се работи за Павле Богоевски , за кој во претходниот број на Македонски Збор напишавме доста, со што ја опишавме личноста негова како монструм и велепредавник на македонските национални интереси. Заедно со него, Заев ќе ги исчисти и сите други шарени, зошто и нему  повеќе не му се потребни.

Павле Богоевски, конечно згазна на стапицата  за која мислеше дека  е наменета  за некој друг. Фатен со прстите во медот,   пред два три дена во поранешното Собрание на Република Македонија, натеран во ќош, на своите колеги по "оружје"  им се обрати и им соопшти дека  го враќа пратеничкиот мандат заедно со сите други должности во Собранието и  си заминува. Каде и кога, и самиот не знае, зошто се' уште "правдата" го нема речено последниот збор.

Тој, како би го минимизирал своето криминално однесување, македонската јавност ја насочува кон грешките на други како него. Се втурна во пресметка со својот противник Никола Груевски, поранешниот претседател на владата на Република Македонија, сега во бегство пред органите на новата власт на Зоран Заев.  Со насолзени очи и видно возбуден, "свечено" изјави дека дава оставка на сите должности, како негов одговор на "неправдите" од опозицијата што му ги нанеле заради нешто што и самиот смета дека е противзаконито, ама направено од хумани причини: масло од Канабис, за некоја болна особа, нему драга. Но, вистината е сосема друга, која ќе мора да ја открие таму, каде ќе  биде  сослушан и адекватно  награден.

Неговиот трогателен но и заканувачки говор одглумен пред  колегите и другите присутни во Собранието, од страна на неговите шарени истомисленици  и партиските медиуми е окарактеризиран и пренесен во јавноста како пример на храброст  и доблесен чин кои ќе ја промени политичката сцена во Северна Македонија и пошироко на Балканот, во духот на европските демократски начела и "вредности". 

Своето опростување од привилегиите кои ги уживаше како награда за "услугите" кои им ги направи на македонските граѓани за време на урлањето по скопските улици и плоштади како горд шарен револуционер, Павле Богоевски, го круниса со последна закана упатена кон Никола Груевски дека ќе си замине тогаш, откога ќе го даде последниот глас за укинување на неговиот пратенички имунитет.

Дај Боже народот, еден ден, да ги види двајцата загрлени скокајќи во "чистите" води  вардарски, да се удават. Белким тоа ќе биде права награда, за двајцата душмани.

ДА ЖИВЕЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! - му беше последниот очајнички крик, сигурно верувајќи дека, можеби љубовта кон новата творба, Република Северна Македонија, во чие формирање со велепредавства и самиот учествуваше, ќе му помогне да се врати назад, од каде заминува во неповрат.

Но, затоа, потоа!

За секогаш, Ваш Сотир!

Дело на шарените револуционери.

Панде Колемишевски

 

Панде Колемишевски

ТИТО, КИНЕЗИТЕ И НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ

***************

 НАСТАНИ, СИМБОЛИ, АЛУЗИИ

Денес кога државата и историчарите мијат раце од својата историја и од своето минато, вреди да се потсетиме на некои датуми и личности што оставиле забележителни траги меѓу македонскиот народ и Македонците. 

Во славните и просперитетни времиња растењето и зреењето на мојата генерација, во поранешна Југославија, на 25 мај секоја година се одбележуваа два празника - едниот, роденденот на претседателот, другарот Тито, а другиот како умешно покритие на првиот, Денот на младоста. Јосип Броз воопшто не беше роден на тој датум, но спојувањето со Денот на младите го амортизираше фактот за идолатрискиот однос кон омилениот државен и партиски, комунистички водач, беше некаква добро смислена камуфлажа за култот на Титовата личност.

И сега, за да не се разбереме погрешно, особено со оние што бараат влакно во јајцето, ќе кажам дека поводот за овој текст не е ниту 25 мај, ниту за Тито во минатото како европски водач, не е некој југоносталгичен ламент, туку е за Тито во иднината. Не за самиот Тито, туку за работи што се врзуваат за неговото име, што се случува токму сега и ќе се случуваат и во иднина. Не кај нас, се разбира, туку на друго место, во Хрватска.

Ако Тито е незаслужено подзаборавен или намерно бришен од македонската национална и политичка историја, како и од колективната меморија, тој не е заборавен од Кинезите. Токму така, од Кинезите. Една кинеска компанија под име "Зонгја недвижнини" за околу 2 милиони евра го купи официјално од хрватската држава комплексот на бившата Политичка школа во Кумровец, родното место на Јоспи Броз, распространет на 27 илјади квадратни метри. Пред Кинезите за коплексот, наводно, била заинтересирана самата Европска Унија, некои западни земји, а голем интерес покажувале и турски бизнисмени. За сите нив маршалот се' уште е интересен бренд, име и историја што може и натаму да привлекуваат внимание во светот.

Во портфолиото на компанијата што ќе го гради Титовиот центар стои дека опфаќа околу 20.000 (и со букви - дваесет илјади) фирми, банки, трговски центри, градежни и туристички компании во кои работаат неколку милиони Кинези. Ако се знае дека зад секој потег и секоја голема инвестиција на кинеските компании во странство стои моќниот ЦК на Комунистичката партија, треба да се верува дека овој потфат не е само некакво оддолжување кон политиката на Тито и тогашното југословенско-кинеско пријателство, туку има и подлабока идеолошко-партиска подлога. Таа ттеба да покаже дека комунизмот не е сосема изумрен во Европа. Но и бизнис, се разбира, по кинескиот модел: ем комунизам како политички систем, ем капиталистички пари за негова подршка.

Според договорот со хрватската влада, склучен пед дваесетина дена, сега запуштениот и руиниран објект, едно време и хотел со име "Загорје" кинеската компанија има намера да го прави Титоленд, спомен-парк во чест на комунистичкиот југословенски лидер, модерен туристички, хотелски, конгресен, културен и забавен центар. Титовата родна куќа со познатиот споменик, сега музеј, ќе биде центарот на збиднувањата што ќе опфаќаат, меѓу другото и нагласени моменти од Титовиот живот и дело. Според предвидувањата, очекуваат околу милион туристи годишно, бизнис што освен спомени и историја, ќе носи и обилни приходи. Дури и по четири децении од неговата смрт во Кумровец често може да се видат Титови следбеници и почитувачи од Словенија и од Босна и Херцегоцина, а не се ретки и групни посети од многу градови од други бившојугословенски републики и странци, чиј вкупен број годишно изнесува околу 50 илјади. Да повторам, сега Кумровец и спомен-домот на Тито ги посетуваат околу 50 илјади годишно, Кинезите планираат тој број да го зголемат до милион.

Од идеолошки аспект е најинтересна Титовата кумровечка политичка школа, а од градежно-архитектонски нејзината преубава зграда од околу 7 илјади квадратни метри, кој со години зјае празна и речиси уништена. Била дадена во функција во 1981 и користена до 1990 година. Тој бил еден од најопремените објекти во тогашната држава, со конгресни сали, амфитеатри, со 145 еднокреветни соби, со простори за разни намени, амбуланта, спортска сала, дури и со атомско засолниште. Политичката школа во Кумровец во тие години беше формирана за инстант образување и создавање потенцијални комунистички функционери, кои се оспособуваа за некои идни високи партиски и државни позиции. Таму беа испраќани надежни и подобни кадри од сите републики, а неретко имало и странци. Многумина од посетителите направија солидни кариери во комунизмот-социјализмот, но и подоцнежни кариери во своите независни републики по распадот на Југославија.

Кумровечката школа ја отшколувааа и стотици "Респективни" младинци од Македонија, не само од Скопје, туку и од другите градови. Тие списоци сигурно ги има во архивата на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Македонија, документи што се чуваат во Државниот архив на Северна Македонија, време во кое никој не можеше да замисли дека е можен распад на големата држава, а уште помалку дека Македонија ќе го промени своето име. Од бившите македонски ученици најпознато е името на Ѓорге Иванов, досегашниот претседател на Република Македонија. Интересно е што денес некои од школниците се гордеат што ја посетувале школата, други се кријат и се срамат од неа.

Во досегашната самостојна Република Македонија името и делото на Тито полека полека гаснеа, се покриваа со сенките на заборавот или доживуваа критики. Од Бугарите и од Грците и порани и сега, на Тито му се припишува создавањето на Република Македонија и признавањето на посебноста на македонската нација, нарекувајќи ја "вештачка Титова творба".  Бугарите и Грците, немајќи цврсти историски документи за  македонската национална борба, упорно го наметнуваат тој став, заборавајќи дека нивните високи политичари, своевремено, се тресеа од страв што ќе каже Тито. А тој, при секој говор посветен на македонското прашање повторуваше дека Македонците се самобитен народ, дека не се Срби, Бугари или Грци и дека самите се избориле за создавање сопствена држава.

Навистина е многу глупаво да се тврди дека Тито создал една нација што зреела со векови, како што е уште глупаво да се тврди дека Тито нема заслуги за создавање на државата и за подигнување и зацврстување на националната свест кај Македонците како посебен народ. И  Броз не го направи тоа од некои сентиментални причини или лични симпатии, туку тој е оној што го осозна истроискиот процес на градење на македонизмот и го призна континуитетот на борбата за самостојна држава на тој народ. Не знам точно кога, која година, но сигурен сум дека Владата на Република Македонија и Собранието, имаат донесено одлука во Скопје да се подигне соодветен споменик на Тито. Таа одлука не е реализирана, неа ја покри големата сенка на Александар Македонски кому ВМРО-ДПМНЕ му подигна споменици во сите градови. И нив сега ќе ги следи судбината на Тито: или ќе бидат тргани од местата каде што се поставени или ќе ги фаќа прашината на заборавот. Значи и Александар немаше долга возобновеана новомакедонска кариера. Така што државата, освен актуелните функционери што имаат третман на јунаци, нема свои херои и дејци од минатото што го спојуваат мнозинството. Со сета почит кон благородниот обид од Мајка Тереза да се направи македонски национален светец или деец, па дури и туристичка атракција, не дава плод, не фаќа место ниту во историјата ниту во колективната меморија.

https://www.novamakedonija.com

24 maj 2019 godina

 

 

Виолета Тировска

 

Виолета Македонска Тировска

ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА

 

На 25 мај 2019 година во Виена се одржа Првата европска конференција за Македонија во организација на Македонската дијаспора, Координативното тело-Европа. На конференцијата учествуваа партии, здруженија и организации од Македонија, делегати и гости на координативното тело од Европа. Почесен гостин беше и поранешниот амбасадор на Австрија во Македонија, Директор на политички институт од Виена, како и други политички претставници од Австрија. 

На самата конференција се запознавме со ситуацијата во Македонија  се согласивме околу суштинските проблеми и се фокусиравме на надминување на разликите и изнајдување решенија за заеднички настап и здружување во трет партнерски блок. Блок, помеѓу Македонците дома, Македонците во соседните држави и Македонците во светот со цел обезбедување на национална стратегија, преку која би ги вратиле и своите елементарни човекови права, кои му се на македонскиот народ одземени незаконски,  спротивно на сите меѓународни акти. Исто така на Конференцијата беше нагласено дека на Македонија и' треба Платформа од Третиот блок, не лидери, за заедничко формирање на идна Влада, која ќе можи да ги оспори и поништи сите незаконски спогодби, со кои актуелната нелегитимна Влада ја доведе државата, Македонија, во потчинетост и историско административно ги избриша името, идентитетот на народот и јазикот.

Делбите помеѓу македонскиот народ се над сите можни нивоа. Антимакедонската пропаганда е длабоко навлезена во сите општествени пори; со години се вршат национални, идеолошки, верски и други поделби, додека критичната маса репресивно се  замолчува. Затоа, од Конференцијата испраќаме посебен апел до сите македонски здрави сили во Македонија, соседството и во останатиот дел на светот, со цел за сериозно сваќање на ситуацијата и обединување,  за конечно ослободување од прангите на овој биполарен политички систем, кој македонскиот народ го турка во небиднина, а државата во нови територијални поделби.

 

Македонска Дијаспора Координативно тело-Европа

Виена, 25 мај 2019 година.

Славица Митровска-Цаци

 

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***********

 

ПЛАЧЕ ЕГЕЈ, ТВОЈА КОЛЕВКА СТРАДНА 

 

 

  • Ќе гине во јад оној што корени ти брани
    и тиранин клет што те растргна на три страни.
    Плаче Егеј твоја колевка страдна
    на огниште стара мајка за чеда свои гладна,
    ги распрснаа душмани низ светови далечни,
    зар за свое парче земја треба да се клечи,
    гнијат ниви пусти, по своето патат
    чекаат чеда свои на огниште да се вратат.
    Родна земја во тишина трае, а Егеј прашува
    народе знаеш ли Македонија до кај е?

    Плаче Пирин по своето чедо
    пусти ти домови уште од прадедо,
    копнеж ечи од планина клета
    духот на Јане уште низ неа шета,
    скршија клетници патриотски стремеж
    тежи од прогонства нејзиното бреме,
    се слуша низ шумата жална ека
    да се вратиш на огниште чедо, Пирин те чека.

    Родна земја во тишина трае, а Пирин прашува
    Народе знаеш ли Македонија до кај е?

    И Пустец запустен си има рана

  • надеж скршена во срца стои збрана,
    окови тешки носи, се бори сам
    кој ли ви откорна родна грутка вам
    и вам ви пресудија некои други
    во родна ви земја да бидете слуги,
    и на твојот праг стои бол
    и тебе те грабна тиранин зол,
    запустен сиот и Пустец пати
    и тој чека свое на свое да се врати.

    Родна земја во тишина трае, а Пустец прашува
    Народе знаеш ли Македонија до кај е?
    Ти искрои судбина некој зол свет
    ѓаволски алчен,
    за туѓо жеден душман клет,
    оној што незнае вели дека си мала,
    а ти што е твое, уште не си збрала.

    Слушај земјо чеда твои што ти велат,
    Свој на своето си само кога си цела,
    Од каде до каде имаш крвави капки,
    Од каде до каде се твоите стапки,
    Знаат ли клетници што од злоба гнијат
    До кога крвта црвена ќе ти пијат?
    А распарчена земја во тишина трае
    Народе тебе те прашува,
    Дали знаеш Македонија до кај е?
    ***********
    Автор: Славица Митровска-Цаци
    03 февруари 2016 година.



А. Шкокљев

 

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 10

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ - ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

 

Меѓу палеобалканската популација на Централниот Балкан биле Бригите и Тракијците. Доаѓањето на Бригите на просторите на Балканот, најверојатно се случил од север, со бранот индоевропски миграции, во средината или крајот на Вториот милениум пред Христа. Бригите биле индоевропски народ. Тракијците, пак, биле најброен народ на светот и би биле непобедиви да биле сложни и да имале еден поглавар.

******************

Меѓу палеобалканската популација на Централниот Балкан, Бригите заземаат значајно место, а меѓу малоазиските, Фригите. Етнонимот потекнува од сложениот палеобалкански збор  bri-рoj, bri-мов и ge-земја, област. Инаку, бригите се антички народ северно од Бореја во Македонија, во околината на Преспанското Езеро. Со миграцијата во Мала Азија го добиле називот Фриги.

За Бригите, Херодот ( VII, 73) ги дава следните информации: "На Фригите, по кажувањата на Македонците, во времето додека живееле во Европа и им биле соседи на Македонците, името им било Бриги, а кога се преселиле во Азија, истовремено ги смениле и родниот крај и името, и се нарекле Фриги."

Според археолошките и историските истражувања, најголемиот број автори (Страбон, VII,7,9; Папазоглу, 1957 г.; Гарашанин, 1983 г., 467-170) прото Бригите ги лоцираат на просторот меѓу Преспанското и Охридското Езеро, Драч, Јужна Албанија и Епир или попрецизно, во горниот тек на реката Еригон, а нивни соседи биле: Енхелеите, Партините, Линкестите и Деуриопите.

Главен град на Бригите бил Кидрај (kidros-славен), на северозапад на планината Варнус ( Баба, со висина 2177 м.), покрај Преспанското Езеро ( limne brigeis), по кого добиле својот етноним, додека пред тоа се викале Мосиничани, по топонимот Мосна кај Ѓердап на Дунав.

Доаѓањето на Бригите на просторите на Балканот, најверојатно се случил од север, со бранот индоевропски миграции, во средината или крајот на Вториот милениум пред Христа. Бригите биле индоевропски народ, сроден на Тракијците (Томсон, 1954 г. 291). Во митологијата и во историјата тие се попознати како Фриги, народ во Мала Азија, отколку како Бриги, народ на Балканот.

Во преданијата на Кадмо, епонимен херој на Кадмејците, жители на беотска Теба (1313 г. пред Христа), а во неговото кралување кај Енхелејците, кои живееле долж Црн Дрим, како и во борбите со Илирите, Бригите не се сомневаат. Тие не се споменуваат ниту како учесници во Аргонаутската експедиција во 1225 г. пред Христа.

На овие простори тие најверојатно дошле меѓу Кадмовата миграција, 1313 г. пред Христа и Аргонаутската експедиција, 1225 г. пред Христа (Томсон, 1954 г., 291), а нивната миграција хронолошки се врзува со 1200 г. пред Христа кога се случило паѓањето на хетитската држава.

Најзападниот дел на нивната покраина на Хелиспонд и Тројада се викал Мала Фригија, а поголемиот дел во долината на реката Сангариј, Голема Фригија. Во Тројанската војна Фригијците биле сојузници со Пријам против Грците. Од друга страна, младиот Пријам им помогнал на Фригијците во борбата против Амазонките.

Од митските личности на Фригијците познати се кралевите Пелоп, Танталов син, и Мид, Гордиев син. Фригиецот или Лиѓанецот Пелоп, ги повел Ахејците, во средината на XIII век пред Христа, од тесалска Фтија на Пелопонез. Таму се оженил со Хиподамија, ќерка на елидскиот крал Енонај. Таа му родила шест сина, од кои најпознати биле Атреј и Тиест и три ќерки. Од Атреј потекнува Агамамнон, кој станал крал на Микена во 1200 г. пред Христа, инаку војсководец на Грците во војната против Троја. Другиот син, Менелај, бил маж на убавата Елена заради која избила Тројанската војна.

Митскиот основач на фригиската држава и на градот Гордион, на власт дошол по братоубиствената војна, на воловска кола и со орел. На Гордиовата кола јаремот бил врзан за рудата со јазол кој не можел да се одврзе. Според пророштвото, оној кој ќе го одврзе јазолот ќе владее со цела Азија. Тоа го сторил Александар Македонски со својот меч. Како кралеви на Фригија Хомер (XVI, 718) ги спомнува Димас и Отреј.

Остатоци од градот Гордион

Тракија во византискиот период

Гордиев син бил Мид кого го сметале за мудар и неизмерно богат крал. Во митологијата тој е познат по приказната "за магарешките уши на кралот Мид". Меѓутоа, во легендите има збрка меѓу Мид од фригија и Мид кој имал градини со рози во подножјето на македонската планина Бермион, каде што залутал Силен, учителот на богот Дионис.

Според најновите истражувања (Петров, 1996 г. 208), миграцијата на Бригите и Мизите од централнобалканските простори се одвивала во повеќе бранови и правци. Првиот поголем бран се случил околу 1500-1400 г. пред Христа во правец кон Мала Азија. Вториот помал бран во ист правец се случил по Тројанската војна, т.е. 1193 г. пред Христа. третиот бран се одвивал во правец кон Епир, Грција и Италија, околу 800-700 г. пред Христа. Фригиската држава исчезнала во почетокот на VII век пред Христа.

Во митологијата, Трака е епонимна хероина на Тракија, ќерка на Океан и Партенопа, сестра на Европа, полусестра на Азија и Либија (Африка). Името на земјата Тракија потекнува од зборот тракс-Тракиец, додека зборот трасис- заначи срдечен, смел, пркосен. Според Херодот (V,2), по Индите, Тракијците биле најброен народ на светот и би биле непобедливи да биле сложни и да имале еден поглавар.

Во праисторијата Тракијците го поседувале целиот простор на Балканскиот Полуостров меѓу Дунав, Црното и Егејското Море, а на запад до границите на земјите кои, главно, достигнувале до Дрина. На север ги населувале денешните Романија, Унгарија и Украина (Hoddinott, 1981 г.). Нивното потекло не можело да се утврди, како ни областа од каде што дошле на Балканот. Според Хомер, сите земји северно од Тесалија биле Тракија. Нивен бог бил Посејдон, како и боговите Дионис, Артемид и Салмоксис. Тракијците биле сојузници на Троја во војната против Хелените.

Класичните подоцнежни литературни податоци за Тракијците се многу сиромашни, но најновите антрополошки истражувања на многу научници од  Балканот, по Втората светска војна, утврдиле дека потеклото на Тракијците е од Кавказ. На југоисток во Европа, во Балканско-Карпатскиот регион, тие дошле во неолитот преку Мала Азија, Црното Море и Дунав, а, пред се', преку Вардарско-Моравската долина (Hoddinott, 1981 г. 15). Се утврдило дека Тракијците биле многу способни земјоделци и рудари, имале заедница со социјално зрела структура, но и еден етнички амалгам од различни народи кои во период од околу 2000 години постепено се асимилирале.

Заедниците во Македонија и во северниот Егеј, во класичниот период, од страна на Хелените го добиле името Тракијци. Не е познато како тие се викале меѓу себе (Hoddinott, 1981 г., 27). Што се однесува до обичаите, Херодот (V, 2-8) изнесува дека тие имале обичај да ги продаваат своите деца во странство. Кога се раѓало детето, тие кукале заради неволјите кои ќе мора да ги трпи во животот, а умрените ги спалувале и ги погребувале со игра и голема веселба.

Тетовирањето било знак за високо благородништво. Невработеноста за нив била нешто најубаво, а земјоделството нешто најлошо. Да се живее од војување и ограбување, за нив било најголема "гордост". Се претпоставува дека Тракијците зборувале со балканска палеоглосологија.

За јазикот на Тракијците потврдува и ономастиката. Од оронимите тоа се планината Хем (хаима-крв која тече, но и род), потоа планината Родопи (родон-ружа, роза и сборот опс, опсис-изглед, лице) и др; хидронимите, на прво место е Истрос (кованица истиа-храна и гео, го-струја, вода, река), реката Хебар (кованица  хебос-млад и хебе-зрелост, напон и зборот рео и рос-струја, река, т.е. Еврос). Следат Местос или Нестос (полн), Асимос (незначителен) итн.

Меѓу многубројните племиња најпознати се Гетите кои верувале дека се бесмртни. Тие живееле меѓу Хема и Дунав, а потоа се преселиле преку Дунав и добиле име Дачани. Во време на Демостен имале три државички. Од другите племиња биле: Траузите, Скирниидите, Нипсеиците и др. Како тракиски крал се споменува Ликург (ликос-волк), кој според митологијата бил син на Дријант, внук на Аеј, крал на Едонците. Тој бил сурово казнет кога во митологијата се споменува околу Македонија и египетскиот крал Озирис.

Имено, кога Озирис и' го препуштил владеењето со Египет на својата жена Изида и тргнал да го освојува Балканот, со себе ги понел и своите синови Анубис и Македон, кои биле врвни воини. Бидејќи во Тракија го убиле кралот Лигурк, Озирис го прогласил Македон за крал и го оставил во земјата која по него е наречена Македонија (Diodonus Sic.,  I 18, 1, 20, 3). Други кралеви на Тракија биле: Амикос, Олор, Ринеј, Спаргапита, Терс, Тереј, Анадокос, Ситалк (со ордиско потекло) и други.

Тракија била богата со шуми, рудници за сребро, житарици и коноп. Во текот на персиските војни Тракија била, меѓу првите на Балканот, окупирана од царот Дариј, во 512 година пред Христа па се' до 479 гдина пред Христа кога персискиот поход на Балканот бил скршен.

*******************

Инаку, публикацијата од "Панонија до Егеј", чиј автори се академик д-р Антоније Шкољев-Дончо и Славе Николовски-Катин, издадена од Издавачката куќа "Македонска искра" од Скопје во 2007 година, на 196 страници е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена појава на научниците, пред се' историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации.

Продолжува

 

Kind regards: 30 мај 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 216

ВИДЕОТЕКА

*************