ВЕЛАТ  НЕ НЕМА, АМА ЕВЕ НЕ!

Македонски студенти од Универзитетот во Мелбурн, Австралија.

Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

СИТЕ АВЕТИ ОД БЛИСКОТО МИНАТО

********************

 

Никако да се куртулиме од аветиве, кои со секој изминат ден се' повеќе  излегуваат од своите дувла.  Како да им фали нешто па затоа од време на време се појавуваат меѓу луѓето со надеж, белким, некои ќе ги препознае  и ќе им заблагодари за се' што направија за Македонија. Направија за време на "Шарената револуција", кога меѓународниот монструм, Сорос, и ним им ги полнеше главите со најразлични бои  за фарбање и нагрдување на плочниците, спомениците, приватните и општествените објекти. Ама и за обезличување на сопствената земја и создавање хаос  на секој чекор во институциите на државната управа и јавните претпријатија. 

Но и во така наречените Армија и Полиција на Македонија. Велам така наречените, зошто одамна престанаа да им служат на народот.  Им служат на секој друг, освен на Македонците. Тоа го потврдија и највисоките нивни старешини  кои на заповед од надвор први и без отпор ги фрлија белезите на Македонија  и останаа обезличени како и државата на која и' се заколнаа  дека ќе ја бранат од внатрешни и надворешни непријатели.

Со полуписмени партиски следбеници, македонската држава престана да биде сервис на народот. Образовниот систем постана фабрика за производ на луѓе без  одговорност и без љубов кон својата татковина;  а како би и бил подруг, кога оние кои би требало да бидат воспитувачи, и самите  не се воспитани во тој светол дух за секој народ и општество.

Се разбира не сите! 

Македонија доби нов претседател во лицето на Стефо Пендаровски, а стариот Ѓорге Иванов, си замина посрамен во пензија и се смести во нови простории со сите погодности  за кои граѓаните и понатака плаќаат "харач", а да при тоа, од неговите десет години спроведени во вилата на Водно, аир не видоа. Ја обезличи Република Македонија и ја подготви да биде  лесен плен за соседите. Ни донесе бугарски и грчки историчари со овластувања да ги пишуваат учебниците за македонските деца, на начин како тие сметаат дека треба да бидат:-без историски факти за нивните геноцидни злосторства над Македонците кои останаа во нивните  држави.  И тоа се' според спогодбата за добрососедски односи со Бугарија и со Преспанскиот договор со Грција, за потполно демолирање на македонската држава.

И ако на очиглед  на цел свет  државата беше продадена на вековните непријатели, Грците, Бугарите и Албанците, заедно со националниот македонски идентитет, сепак,  и се' уште некои наши високо позиционирани универзитетски професори го замајуваат народот и самите себе, дека оваа Влада на Зоран Заев и Никола Димитров, како министер за надворешни работи на Република Македонија, направиле одлична работа; го решиле проблемот со Грција, Бугарија и со домашните Албанци, кои до вчера непријатели, сега ни станале партнери и "пријатели"!?

Влезот во НАТО и Европската Унија се' уште го сметаат за последна скривница од правдата на новата народна власт. Власт,  која ќе се погрижи за многу од нив и нивните криминални и предавнички дела, поврзани со владеењето и пустошењето на Република Македонија.

Ништо не е вечно, па и овие неуставни договори потпишани од неовластени личности. Но, без способни и чесни луѓе, тркалото на настаните ќе биде тешко да се врати назад.

Дивеењата на учесниците во шарената револуција, од пред две години, придонесоа да падне десетгодишното  владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и на сцената да се појави Зоран Заев. Авет, невиден на овие простори. Авет, кој во секој случај е искористен и напуштен од сите поранешни газди. Зашто? Па работата за нив ја завршија, барем поголемиот дел, и такви какви се, не им требаат повеќе.

 

  • проф.Гордан Калајџиев во акција

  • проф. Мирјана Најчевска

  • Архитект Мирослав Грчев

Павле Богоевски дава пример како треба да се сака својата сопствена земја. За заслуга, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Браво Македонијо!

Од сите нивни ујдурми, се роди новата политичка творба, Република Северна Македонија, а Република Македонија,  отиде негде да мирува отфрлена од СДСМ, но и од ВМРО-ДПМНЕ, со благонаклоност и активна  соработка на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија и Претседател на државата,  Ѓорге Иванов. Никола Груевски, Христијан Мицкоски и многу други од двете страни на македонскиот политички спектар, не се исклучени од валканата игра со народот, кои ги храни. Заедно со  заминување на "таткото" на нацијата, Ѓоге Иванов, од политичката сцена на Република Македонија, заминаа и неговите десет бескорисни  и изгубени години.  

Меѓутоа, од сите  авети, спомнати и неспомнати, сепак, на  шарената балерина и ќенеф дама, професорката Мирјана Најчевска, никој не и' е ниту до колена. Нејзините мудрости и грижи за правата на човекот крај немаат. Во последно време нејзината популарност меѓу неранимајковците расте. Ќе се прашате зошто? Па замислете си браќа и сестри Македонци на секаде во странските земји: Мирјана Најчевска не не сака!  Бара од владата на Заев, во чие формирање и самата учествуваше, да не избрише за секогаш, зошто не сме и' требале. А уште пострашно, дури за неверување, директорот  во градската зоолошка градина не нарекол "ГНАСИ" , зошто не сме гласале за Тамара! Пеачката од Република Северна Македонија, учесничка на годинешниот евровизија спектакал во Тел Авив, Израел.

Драги мои, по се' изгледа дека на АВЕТИТЕ И ЖГАМОТ од блиското минато им смета секоја грижа за Македонија која доаѓа од страна на македонската чесна дијаспора. Дијаспората ја сметаат за закана на нивното самоволие! И со право! Ние сме коректив од кој неможат да бегаат. Денешните властодршци  и самите не се свесни дека еден ден, не така далеку од денес, многу од нив ќе бараат место повеќе во ЌЕНЕФОТ на Мирјана Најчевска, која  одамна ги чека таму, на кафе!

Ох! Ќе забораев! Зошто да гласаме за пеачка од туѓа земја? Па ние несме севрномакедонци, ние сме МАКЕДОНЦИ ОД МАКЕДОНИЈА!

*************************

За секогаш Ваш, Сотир! 

 

Илир Мета

 

НЕ СЕ СИТЕ АЛБАНЦИ ИСТИ

МЕТА ЈА КРИТИКУВАШЕ ИДЕЈАТА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНЦИТЕ

********************

 

Претседателот на Албанија, Илир Мета, ја критикуваше идејата за обединување на Албанците во една држава, пишува приштинската РТК.

- Слушаме работи од типот - Зошто Албанците не се обединат? Но, во случајов, зошто пак сите Срби, Хрвати и Бошњаци не го направат истото? - праша Мета. Според Мета, овој делириум е класичен дијаболизам.

- Тоа е обид на авторитарните политичари, многу често на координиран начин, да го пренасочат вниманието од внатрешните прашања и да провоцираат теми за да ја потиснат свеста на јавноста и да ја избегнат сопствената одговорност-уверува албанскиот претседател.

Тој смета дека единственото решение за Балканот е соживотот и почитувањето на европските стандарди за малцинствата.

- На Балканот, секоја нација некаде е во мнозинство, а некаде во малцинство. Единствено решение е соживотот и почитувањето на европските стандарди за малцинствата. Знаеме многу добро што се случи на Балканот. Стотици илјади луѓе беа убиени а ни сантиметар од границата не беше променет-додава албанскиот претседател.

Мета тврди дека  Албанија има можност да биде фактор за стабилноста на Балканот.

- Прекројувањето на границите не е едноставно. Знаеме колку се добри односите помеѓу Црна Гора и Косово, но знаеме и што се случи со договорот за демаркација. Сакам да бидам јасен, ги имаме сите можности, како што и покажавме, дека можеме да бидеме фактор на стабилноста-изјави Мета.

**************************************

Нова Македонија, 22 мај 2019 година

 

 

Марија Воденска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

Марија Воденска - Маре, е поет и романописец. Родена во с. Цакони, Воденско, Егејска Македонија. Завршила Филолошки факултет во Скопје, а работела како професор и новинар. Член на ДПМ од 1993 година. ЛИТЕРАТУРНО ТВОРЕШТВО: Гранитна есен (поезија 1985); Три чешми (документарна проза (1990); Беломорка (роман, 1991); Раселени прва книга (документарна проза, 1998); Раселени втора книга (1999); Христијан (роман за деца, 2000); Беломорка втора книга (2000). 

 

 

ПОРАКА

(До Андреас Георгиос Папандреу и неговите следбеници)

  • Децата,
    Од илјада
    деветстотини четириесет и осмата
    Сеедно од кој
    извор бликнат
    Вруточен,
    дотечен, распукнат
    Разнесен,
    расчеречен
    Расточен низ
    омеѓени ливади
    И расплоден по
    светот.

    Тебе, кириос
    Папа, Те
    потсетуваат:
    За градината
    размеѓена
    За лебецот
    раскршен,
    раздробен,
    Раскостен,
    разнижан,
    За гробови
    расфрлани по
    недооднини
    Недофатни,
    недогледни ледини
    Наши небиднини,
    бигорни изгревнини.

    Тебе и тие пред
    Тебе со зад-мисла
    Да се уништи
    р'кулецот од
    памтивек осведочен
    Низ вековното
    траење на
    историјата
    Со црвен катран
    зачепувана,
    Тебе, кириос
    Папа, Те
    потсетуваат.

    Овој НАРОД,
    знае за себе
    И својата
    судбина опточена со
    венец.
    На овој народ
    жилата му е
    прастара, недофатна
    Недопирлива за
    валкање и
    уништување.

    Овој
    народ-кириос Папа е
    жилав
    И против
    јавното одрекување
    И непризнавање
    на Македонците
    Во мајската ноќ
    протестираа
    илјадници деца,
    Чии татковци
    меѓу првите
    Му дадоа отпор
    на Мусолини
    И се жртвуваа
    за националните
    права и слободи
    Од 'четириесет
    и првата до крајот
    На Граѓанската
    војна во Грција.

  • Децата во збегот
    од 'четириесет и
    осмата,
    Родени во
    Егејска македонија
    Што остана
    заробена под Грција,
    Сега и самите
    татковци и мајки по
    светот,
    Те потсетуваат:

    За Општата
    Декларација за
    правата на човекот,
    За Завршниот
    Документ во
    Хелсинки,
    Чиј потписник е
    и Република Грција.

    Овој народ од
    Александар до Гоце
    и потоа,
    Те прашува:
    Зар повредите
    на тие Документи
    Не наидуваат на
    Осуда
    Пред судот на
    твојата лична
    совест?

    Со Дабов лист и
    Крстот за Вера,
    Македонка ти
    порачува:

    Родена на денот
    кога загина
    Марко
    Цакончето од
    Воденско,
    Со куќа преку
    плотот и жуборот на
    Белица,
    Се бореше на
    Албанскиот фронт
    За правата на
    Елада,
    А беше
    МАКЕДОНЕЦ.

    Раните го печеа
    за правата на својот
    народ
    За родната
    земја, прадедова од
    памтивек.

    Со рана
    незацелена,
    Остави млада
    вдовица,
    Со машко дете
    во пелени
    Мајка забрадена
    во црнина.

    Порастен во
    селото и уште е
    таму.
    Низ нивјето
    далдисан семето го
    одгледува
    И чекори над
    Земјата македонска
    Преполовен за
    самобитноста

  • И за копнежот
    преселен преку
    граница
    Со забрана за
    враќање назад.

    Македонката
    таксана за машкото
    дете
    Со години чека,
    децении поминати,
    И уште чека да
    слета свената пред
    зајдисонце
    Со птицата што
    не замира во неа.

    Низ
    изладеното огниште,
    со запретан жар
    Од пеплосани
    искри, ветрот го
    довикува
    А тој се
    задушил зад
    планинските превои
    Границата чека
    да се отвори
    За разлиена
    река без речно
    корито
    За
    разминување на
    сенки од живи
    мртовци
    Со жар во
    очите и распалена
    мисла
    Што разгорува
    оган и во празнина.

    Македонката
    зрачи од полите на
    Егејот
    Будно
    стражари со духот
    на лозата
    По дедо и
    пра-прадедо
    Често
    притисната од
    ноќните мори,
    Будно сонува.

    Во сонот и'
    доаѓа да викне,
    Да викне, дури
    да крикне, како
    ранета срна
    Што остана
    сопната ждребица
    За непремин
    преку граница.

    Македонката
    од Егејот, кириос
    Папа,
    Ти порачува:
    Не џбарај по
    дамарите
    раскостени
    На исконската
    Климентова убавица
    МАКЕДОНИЈА.
    *************
    Автор: Марија Воденска
    Битола, Трновска
    средба
    27 јули 1986 година

Славе Катин

 

 

Aкадемик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 9

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ  ДЕЛ  II

 

 

Етимолошки зборот Дауни произлегува од Дан или Зан, кои се коси падежи од  зборот Зевс или Дие. Зевс бил крал на боговите и луѓето, а негови деца биле Аполон, Артемида, Атена итнт. Во антиката, горниот дел на најголемата река на Балканот и Европа на латински се викала Danubius, додека, пак, долниот дел се викал Истар (Istros).

****************

Зборот Данубиус е кованица од генитивната форма на зборот dandanu (бог-на бог) и bios-живот. Покрај Нил и Фасис, од античките географи Дунав е означен како една од најголемите реки во светот.

Значи, Данубиус означува Божја река на животот каде живееле Подунавците, т.е. Дануните. Како народ Дануните се споменуваат и подоцна, на пример во египетскиот натпис во храмот Мединет Хабу во Теба, во знак на благодарност кон Рамзес III кој во 1194 година пред Христа ги одбил непријателските напади на "народот од море" и копно.

Меѓутоа подоцна, речиси по десет века повторно и тоа за последен пат, Хиперборејците се евидентирани во античката историја за време на наездата на Келтите во Македонија и Грција. Келтите имале цел да го ограбат Аполоновото светилиште во Делфи. Во есента 279 година пред Христа. Келтите, под команда на Бренон, биле поразени од македонската војска. Во оваа борба учествувале и Хиперборејците (Дануните) под команда на Лаодок (Паусанија, Х,23, 2).

Во понатамошната историја се губи етнонимот Хиперборејци од хоронимот Хипербореја, за жителите и територијата меѓу Дунав и балканските планини. Меѓутоа, се јавуваат синонимите Миси и Мези за полпулацијата на овој дел од Балканот. Етимолошки Мисите, Моесите или Мезите имаат основа од мис, mios-глушец, или mio-да затвори, односно мис, латински musculus-мускул.

Меѓу тројанските сојузници (Х, 430) се набројуваат "Теонците, Карците, прекрасните Пелазги, Кауконците, Ликијците и жестоките Мишани (т.е. Мези". Тој истотака, во ХIII (5) песна, за Мишаните зборува како за "борци од блиску". Страбо (VII, 3, 2 - 10) смета дека тие биле европски Мизи кои за време на римските освојувања биле познати како Мези.

Во Хомеровиот период, под името Мисија (Мизија) постоела и покраина во сверозападна Мала Азија, која се простирала од Есеп до Олимп, а потоа се делела на Голема и Мала Азија.

Еден од кралевите во областа Мизија бил Теутрант (онај кој крши), во долниот дел на реката Кајка (северен ветер). Каишката рамница била најплоден дел од Мизија. Него го наследил Телеф-далеку и уфос-маж, јунак, основач на пергамската кралска лоза. Владеел со Месија кога Грците тргнале во Тројанската војна. Се борел јуначки и ги потиснал Грците во лаѓите, но бил ранет од Ахил. Кога раните му биле излечени, во втората грчка експедиција, Телеф среќно ја довел нивната флота до брегот на Троја. Судбината на Телеф е предмет на обработка во трагедиите на Софокле.

Децата на Телеф се Тархон, Тирен и Рома (сила, храброст). Тоа се оние кои ги воделе Етрурците во областа на средна Италија, подоцна наречени Тиренија и Етрурија(Страбон, V, 2,2). Истовремено тоа е период кога Дануните и Мезите се преселиле од Подунавје и централно-балканските простори во Мала Азија; во миграциските бранови на народите исчезнале Хетитите, меѓу XIII и XII век пред Христа, но секако пред Тројанската војна. Дел од Дануните ја населиле Киликија, Бригите мигрирале во Фригија или Горгија, Мезите во Тројада и Сирија, беотите од јужен Пинд во Дриопија, која подоцна, според нив, е наречена Беотија, Теспротите од Додона во Тесалија и т.н.т.

Современите истражувачи на Сахара тврдат дека пронашле бледокожни Нубијци во Египет, кои велат дека потекнуваат од Дунав. Во тие бурни времиња и племето Мосни, од пределот на Поречка Река кај Горни Милановац на Дунав, каде и сега постои селото Мосна, мигрирало во Мала Азија на Црното Море, западно од Трапезунт, по името Мосиники. Ова име го добиле по тоа што живееле во дрвени куќи слични на кули. Мосиники е кованица од: дрвена кула, куќа, дом, родно место, татковина. Гревс (1990 година, 244) изнесува дека Бригите во Македонија уште се викале Мојсинеци, што упатува на заклучок дека дел од оваа популација мигрирале во околината на Преспа.

Некои келтски племиња во IV и III век пред Христа основале населби во долината на Сава и Дунав, од кои позначајни се Сингидунум (Белград) и Капедунум (Ужице). Тие биле и носители на културата на младото железно доба (Powell, 1989 година).

Пред крај на владеењето на Август, од 15 година по Христа, Мезија била римска провинција која подоцна била поделена во два дела, на Горна и Долна Мезија. Горна Мезија (Moesia Superior), главно е денешна потесна Србија. Долна Мезија (Moesia inferior) се простирала спрема исток до Црното Море и од Дунав до планината Балкан.

Дотогашното тракиско кралство престанало да постои во 45 година по Христа,  под Клаудиј (41-54 година по Христа). Еден нејзин дел и' припаднал на Мезија, додека од другиот дел била оформена прокураторска провинција. Задачата на Легиите кои се наоѓале во Мезија била да ја чуваат земјата на долниот Дунав од упадите на Варварите.

Од Мезија Римјаните преземале експедиции за понатамошните освојувања. Мезија претставувала главна сообраќајница меѓу Исток и Запад и важен центар во политичките збиднувања. По убиството на царот Филип Помладиот (Iulius Philippus Augustus, 247-249), римските трупи го прогласиле Дециј за цар на Мезија, кој подоцна бил убиен во Долна Мезија во борба против Готите.

Мезија дал поголем број римски цареви кои ги вратиле моќта и славата на ослабената Римска Империја. Покрај тоа, тие својата родна земја Мезија (Подунавје) повторно ја направиле средиште на цивилизираниот свет. Современите археолошки истражувања откриле величенствени римски царски градови, како што се Naisus (Ниш), Sirmium (Сремска Митровица), потоа големи палати, како што се Felix Romuliana (Гамзиград) и Шаркамен.

Најпознатите римски цареви од Мезија биле императори: Messius Decius (249 - 251), познат по првиот општ прогон на христијаните во целото царство; Dominitius Aurelianus (270 - 275) прв римски цар кој се нарекол господар и бог (dominus et deus), обновувач на старите светилишта во Рим и идеолог кој сакал колебливата царска власт да ја зацврсти со давање верско обележје. Следат Aurelius Probus (276 - 282) познат, меѓу другото, и по проектот за реформи заради издигнување на земјоделието и Aurelius Maximianus (286 - 305 и 307 - 310).

Што се однесува до судбината на староседелците, посебно од Подунавјето, за време на масовните селидби на Словените во VI век, тие  можеле да опстанат само засолнувајќи се во некои приморски делови и на непристапните балкански планини. Периодот од VI - VIII век е еден од најмрачните во историјата на Полуостровот, токму поради оскудните археолошки и пишани податоци.

Така, етнонимот Мези повторно се јавува во текот на XII век во историјата на ИРЦ, во периодот на превласт на военото благородништво и внатрешниот крах на царството. Во тој период, етничкиот состав на населението бил многу сложен: "Варварите од планинските подрачја на Балканот, кои порано се викале Мезијци, сега се викаат Власи. Според тоа, се наметнува дека жителите на стара Мезија во тој период се нарекувале Власи. Овој назив немал само етничко значење, туку служел како општ белег за пастирските племиња". ( Остроговски, 1969 година, 378).

 

 Продолжува

 

 

св.Кирил и Методиј

___***___

ЧЕСТИТ 25 МАЈ, ДЕНОТ НА ГОЛЕМИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ СОЛУНСКИ !

___***___

ВИДЕОТЕКА

************

Kind regards: 25 мај 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 215