Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

НЕ Е САМО БОГОЕВСКИ МОНСТРУМ

*****************

 

Деновиве многу се зборува за  Павле Богоевски, "независен" пратеник во Собранието на  политичкaта утопија Република Северна Македонија. Се зборува од повеќе аспекти но, сепак, сето тоа се сведува на едно: Павле Богоевски е сам по себе утопија, која во никој случај не е вредна да се следи. Такви како него се тешко зло кое соросовата машинерија го инсталира во нашето македонско општество за да се размножува и ги уништува виталните органи на нашиот  мирољубив и крајно толерантен човек.  Се служи со ефтини трикови и залажувања со демократијата, правдата, правото и некои посебни си вредности на Европската Унија и безбедноста која би ни ја обезбедил НАТО, како неофицијален и не повикан џандар за терање "правди" таму, каде нема отпор. Таму, како што е Македонија! 

Зарем тоа беа причините вредни да се жртвува името на македонската држава, целата историја на македонскиот народ од антиката до Втората светска војна, заедно со националниот идентитет на Македонците?

Типови како Павле Богоевски лесно се инфилтрираат и прилагодуваат во средините однапред маркирани за отстрел и од таму   ги исполнуваат наредбите на центарот од каде, како со далечен управувач, се контролираат и насочуваат нивните  деструктивни нагони. Во конкретниов македонски случај, Павле лесно се прилагоди во структурите на СДСМ и заедно со такви како него одлучно тргна во напад на се' што му е свето на македонскиот народ, предводејќи, притоа, толпи млади и не така млади луѓе,  како Зомби. 

Неодамнешната "шарена револуција" беше жив доказ за целите на соросовата машинерија:-по секоја цена трасирање пат кон глобалното општество во кое би владееле оргиите од Гомора и Содома. И каде чувствата за корените на Македонизмот треба да се закопаат што подлабоко, за никогаш од нив да не израсте дрво со гранки и плодови за продолжување на националната иднина.

Меѓу таквите како Павле Богоевски, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Љубомир Фрчковски, Зоран Заев, Ирена Стеријовска, Никола Груевски, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска,  Христијан Мицкоскии и многу други како нив, нема голема разлика во делувањето против македонските национални интереси. Било тоа несвесно,  било тоа заради алчноста по нудениот поткуп од било кого со посебни интереси Македонија и Македонците да ги снема за секогаш, или од чиста желба,  да се биде дел од трлото на Сорос.

Во трлото на Сорос, монструм  меѓу идеолозите на  "новиот" светски поредок, омразен злосторник и персона нон грата во многу земји во кои на  луѓето им намени живот  олеснат од "товарот" на   љубовта кон својата татковина и  народ, на кои им припаѓаат. 

Монструм кој изроди многу соработници, со кои  загади половина свет. Еден од нив е и Павле Богоевски, кој со својата формална наобразба и надворешен шарм, поведе со себе толпа млади и не така млади луѓе како Зомби без ум и разум, против својата држава и сопствениот народ. Но, за да дојде до такви како Павле Богоевски и горе спомнатите  изроди, предавници  и многу други неранимајковци  алчни за лесен и угоден живот, се послужи и со образовниот систем на Република Македонија. И така, создаде критична маса и лидерство за сите промени кои ја обезличија  државата, заедно со македонскиот национален идентитет.

Воведувајќи свои, така наречени хуманитарни програми, многу млади и не така млади умови наседнаа на примамливите понуди, со кои ги насочи како вода на    својата воденица, која подоцна мелеше се', па и живи луѓе.

Преименувањето на Република Македонија во Република Северна Македонија и одрекнување од се' со името македонско, почнувајќи од античката македонска историја со Грција и Бугарија, па до македонските малцинства во соседните држави и во целиот свет, одеднаш постана лесно изводлива операција. И така бидна!

Ете така  неговите планови за уривање на политичките системи, заедно со националните култури и вредности, како експеримент за глобална експлоатација на светските материјални и културни добра, му успеа во потполност само во Македонија.

Се разбира, за реализирање на соросовите планови имаше и многу  други причини,  геополитичкиот положај на Македонија и балансот на односите Исток - Запад, во полза на Грција, Бугарија и Албанија, но и заради бришење на трагите за причинетите  геноцидни злосторства врз Македонците во егејскиот дел на Македонија и пиринскиот, во состав на бугарската држава.

Па, како му успеа баш во Македонија да покаже дека се е' можно, ако се сака? Ќе се запраша нашиот човек, недоволно информиран за средствата кои на такви монструми им стоат на располагање!

Прво изгладнување, односно осиромашување на населението за кое посилниот е заинтересиран, за да крене глава против легалните властодршци, кои не сакаат да соработуваат во разнебитување на државата и обезличување на нацијата. 

Второ, со добро организирани и однадвор финасирани агресивни групи,  така наречени "шарени револуции",  како онаа во Македонија, со задача да ја сменат легално избраната Влада во државата и постават послушници, кои ќе извршуваат се', во согласност со агендата на надворешни наредбодавци.  Во нашиов случај, домашни изроди со криминални досиеја, готови да извршат се', како би избегнале санкции и прогон.

Тука си го најдоа местото  и голем број лабави интелектуалци од сите профили, но и обични ситни души, со криминално минато, над чии глави им висеше правдата на македонското правосудство. 

Во овие антимакедонски настани челно место имаше и Павле Богоевски, сегашен пратеник во Собранието на Македонија. И тоа челник со деструктивни накани против народниот имот и вознемирување на македонските сили за државна безбедност.

 

Павле Богоевски и неговата толпа замаени Зомби и Зомбинки.

Радмила Шеќеринска, министерка за одбрана и Зоран Заев Премир, учесници во "шарената револуција".

Како што и споменавме во почетокот на текстов, Павле Богоевски покрај активното учество против македонските национални интерси и измената на лицето на Република Македонија, беше и е' оптоварен со други криминални работи, претежно трговија со опојни средства, казниви спрема македонските закони.

****************

Ево што вели Маја Славева во својата колумна во media24.mk oд 18 мај 2019 година под наслов "Северна е бела":

- Може да се организираме пола да донесеш, за 2 500 денари и спреми ми убаво, важи? нашиот млад и надежен во неговите редови, пратеник во Собранието, дел од оние кои и' го сменија личниот опис на државата, нарачува дрога од нему познат наркодилер. И понатака Маја продолжува:

Лицемерно и предавнички е да му ја стегате испуканата рака на селанецот кога го молите за глас во кампања, а кога ќе сте на власт, парите кои таа рака ги дава за вашата плата да бидат "шмркнати" за ваши лични задоволства. Лицемерно е да скокате по дебатни емисии со напамет научени аргументи кои не држат вода во нормалниот свет и да продавате лажна култура и воспитаност, а во јавност ве гледаат во пијани изданија, полни со сочни пцовки.

Ова вашево не е револуција. Ова е еволуција на Содома и Гомора. Ова е срамниот пат по кој се движи нашата ни веќе зомбистична држава. Заради тоа, што од таа Македонија која ја знаеме, не остана ништо. Ниту име, ниту систем, ниту идентитет, ниту јазик, ниту младина. Тоа е таа ваша "метла". Тоа е ваша "пола убаво спремена". 

Ете така убаво се организиравте. На крај ќе ја "шмркнете" и оваа, новокомпонирана Република Северна Македонија!

*****************

Но ниту Зоран Заев не е далеку од својот "шарен" другар, што докажува, дека покрај шарениот Павле Богоевски има  и многу други монструми во Владата на докажаниот и не казнет криминалец Зоран Заев.

Па драги мои, до кога вакви криминалци и монструми ќе ја уништуваат Република Македонија и ќе се играат мајтап со сите нас и нашето  трпение?

Има ли некој паметен да ни одговори и нешто покрене во права насока дури не биде вистински предоцна за враќање назад?

За секогаш, Ваш Сотир!

Росоклија

 

Горазд Росоклија

ДЕНЕС, ДВЕ БИТАНГИ И ЕДНА ГУСКА ЈА ВОДАТ МАКЕДОНИЈА

*******************

МАКЕДОНИЈА ЈА ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ ЗАД СЕБЕ НЕМААТ СОЗДАДЕНО НИШТО, АПСОЛУТНО НИШТО КАКО МАКЕДОНСКА ВРЕДНОСТ

 

Бугарскиве историчари кои сега ќе ја интерпретираат македонската историја, 100 години не успеваат да се "договорат" со српските, кој која битка ја добил, кој која ја загубил, кој почнал прв...ниту со Грците кој врз кого направил геноцид, од царевите Борис и Симеон, преку Василиј Втори до Калојан и балканските војни.

******************

Но, заради умот на неумните кои ни ги инсталираа, истите тие историчари ќе водат разговори со исто толку умни од "наша" страна, за нашата македонска историја, или можеби разговори за нивната историја, или како што на сите ни се чини ќе имаме доктат, како ние Македонците да ја интерпретираме историјата?

Сопствената историја?

Бидејќи "нашиот" или "вашиот", кого вие го биравте не ние "дијаспората", нема црвени линии во неговото циркузантско или според некои тамошни аналитичари "глобалистичко" сфаќање на светот, применото исклучиво во Македонија и исклучиво врз Македонците, ќе бидеме првата и верувам последната земја чија историја ја пишуваат луѓе  кои го негираат нејзиното право на постоење.

Појдовна основа на бугарските историчари е еден идиотски концепт кој го слушам откако сум роден, а роден сум од родители Македонци во срцето на Скопје, главниот град на Македонија, дека јас национално не сум тоа што сум, Македонец, туку дека су Бугарин, затоа што Гоце, Даме, Јане...се чувствувале македонски бугари.

Тоа е исто како на Американците да им кажете дека не се Американци туку се Британци, затоа што Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и компанија, татковците на нацијата, биле и се чувствувале Британци.

Да, биле британци но нивните акции довеле до создавање амеиканска нација која нема намера да се враќа на "своите корени" и Американците да стануваат Британци.

Идејата и борбата на Гоце, Даме, Јане...за автономна Македонија, генерациите после нив ја реализирале создавајќи не' автономна туку самостојна Македонија, а ние продолживме на таа самостојна Македонија да и ја создаваме изторијата како Македонци, не како Бугари.

Денес, две битанги и една лигава, приглупа, нахакана гуска, кои во нивните животи освен пљачка, лигавење, слугување, одење од функција на функција и скап живот врз грбот на од нив осиромашениот Македонец не направиле ништо друго, ништо за Македонија и за Македонецот, ќе го бришат тој Македонец, сите нас, од постоење и ќе не лишат од имањето своја македонска држава?

Знаеме дека ќе потпишат се', но знаеме и дека тоа се' ние ќе го избришеме, нема да им дозволиме тие нас да не избришат.

Пс: Објавено во мај 2018 година, кога многумина не беруваа дека ќе ни се случи, ова што ни се случува.

********************

Македонска нација

 

 

Панде Манојлов

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 

 

 

 

МАЛМЕ

(Т'га за југ...)

  • Од далечен југ,
    од Македонија некаде,
    јас,
    како стара птица
    со орелски крилја,
    од јужните гнезда
    на Константин Миладинов
    со тага
    во Малме,
    во Шведска долетав...

    Шетаме со синот
    во центарот на градот
    кај споменикот
    на кралот Август,
    шетаме крај езерото
    во Пилдемс парк,
    а јас, восхитен,
    помислив
    дека сум галеб
    кој долета во убавините
    на рајската градина...

    Малме е наша иднина,
    Шведска,
    наша нова татковина,
    мил дедо,
    ми шепоти внукот,
    мојот малечок внук
    и со прстето ми го покажува
    небодерот Турнинг Торзо,
    а со очињата ме упатува
    да погледнам
    во новото време

    и ги слушнам
    новите песни
    на Евровизија

  • во Арена "Малме"...

    Не слушам ништо
    и не гледам ништо
    о, внуку мој,
    но длабоко нешто
    во душата ми збори:

    Го сакам Малме,
    Шведска ја сакам,
    зашто морето,
    Балтичкото Море
    и кога е замрзнато
    се ваша иднина,
    а за мене старецот,
    за нас дојденците,
    за мене Силјан Штркот
    од светот на минатото,
    од светот на хаосот
    и темнините.

    Шведска е нов Нобел,
    нов пат кон рајот
    и светлината на небото
    а Македонија
    ми е сон
    и љубов
    и над љубовта
    света љубов:
    ах, орелски криља
    как да си метнех
    и в наши страни
    да си прелетнех!
    ***********
    Автор: Панде Манојлов
    24 февруари 2016.

Академик Шкокљев

 

 

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

Дел 8

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ 

ДЕЛ I

 

 

Многубројните митови говорат за врските на Хиперборејците со останатиот митолошки свет, а пред се' со центарот на аполоновиот свет. Според легендата, Хиперборејците на Дел (корен: di, dios-бог, а, исто така, deelos и dilos-очигледен) пратиле две девојки Хиперборејки, во придружба на пет свои сограѓани, да однесат заветени подароци завиткани во слама.

**************

Тие девојки биле Хипероха (hiper-ocha-високо достоинство) и Лаодика (laos-народ иdiki-праведна). Бидејќи девојките на островот умреле, а придружниците не се враќале, Хиперборејците во наредните години ја промениле маршрутата и даровите им ги носеле на Скитите за нивните соседи  да ги пренесат понатаму до Јадранско Море.

Оттаму, преку Епирската Додона (најголемото Зевсово светилиште), островите Еубеја и Киклатските Острови, ги носеле на Дел.. Хиперборејките Хипероха и Лаодика биле погубени во Артемидиниот храм, каде биле погребани и нивните сонароднички Арга и Опида. Во спомен на Хиперборејките, девојките и момчињата од малиот остров Дел, пред венчавањата ставале прамен од својата коса на нивните гробови (Херодот,IV,33-35).

Во малата општина на Атика во Пазијаца е Аполоновиот храм. "Велат дека таму стасуваат првите плодови на Хиперборејците, дека Хиперборејците им ги предаваат на Аримаспите, тие, пак, на Иседонците, а од нив Скитите ги праќале во Синопа, откаде Хелените ги пренесувале во Празија, а Атињаните ги праќале на Дел. Првите плодови биле покривани со пченична слама и никој не смеел да ги види." (Паусанија, I,31)

Пиндер (Олимпија, III, 31) тврди дека само неколку смртници доспеале во земјата на Хиперборејците, освен божицата Атина, која го однела Персеј, аргиски херој, крал на Олинт и Микена, откако и' ја отсекол главата на Медуза.

Меѓу посетителите на Хипербореја бил и Херакло, син на Зевс и Алкмена, најславниот елински јунак. Прогонувајќи ја срната на Артемида, со златни рогови, стасал далеку на север, се' до реката Истар (Дунав), кај Хиперборејците. Живеел зад ветрот на Бореја и оттаму ги пренел прекрасните маслинки во Олимпија на Пелопонез. Роговите од срната ги посветил на храмот на Артемида. (Паусанија, V, 7).

Поетот Олен од Ликија, прв во својата химна за Ахеја (која тагува, придавка на божицата Деметра во Африка) рекол дека Ахеја дошла на Дел од Хиперборејците. Потоа Меламп од Кума, во одата за Опа и Хекаерга пеел дека тие дошле на Дел од Хиперборејците пред Ахеја (Паусанија, V, 7). Истиот автор понатаму тврди дека основачи на Делфинското пророштво биле Хиперборејците (V, 5):"Беа, жена од тој крај, која за Делфицијте составила една химна, рекла дека пророштвото на богот го основале оние кои дошле од Хиперборејците: Олен и други; дека Олен прв почнал да претскажува и пее во хексиметар". Ова се стиховите на Беа:

 

"Ова пророштво кое добро се сеќава на се',

го основале Хиперборејците Пагаз и прекрасниот Агијеј".

 

Наведувајци и други Хиперборејци, на крајот на химната го споменува Олен:

"И Олен, кој прв во Феба (Аполон) станал пророк

Од стихови стари составил прв песнички".

 

Следни гости на хиперборејските храмови биле Клинид и Крез (Antonius Liberalis, II-III, век пред Христа, во Metamorphosis). Клеенид (Kleinos-славен, светол, племенит) бил богат и побожен жител на Месопотамија од околината на Бабилон и бил многу познат како почитувач на Аполон и Артемида. Тој често доаѓал во храмот на хиперборејскиот Аполон, каде видел дека на богот му се жртвуваат магариња. Подоцна него Аполон го претворил во еден вид орел.

Побожниот Крез (560-546), кој бил последниот владател на моќната држава Лидија во Мала Азија и најбогатиот владател на светот, ја доживеал честа да биде гостин на блажениот хиперборејски народ. Митовите за Хиперборејците биле омилени и во Италија, меѓу Питагорејците (Dionisius Helicarnassensis, околу 30 година пред Христа во Antiquitates Roamanae I,43). Питагора (околу 550 година пред Христа), Филозоф од Сама, себеси се сметал за инкарнација на хиперборејскиот Аполон.

Покрај тоа, се сметало дека кралот на Лација во Италија, по име Латин (Latinus) и епонимен херој на Латините роден од љубовта на Хиперборејката Паланта (кованица: pallo-ниша и anthos-цвет) и Херкул. Тој Паланта ја донел од Хипербореја во Лација како заложник и пред таа да се омажи за кралот Фаун, го родила синот Латин.

За Хипербореецот Абарид (кованица од а-негација и varis-тежок, т.е. avaris-лесен, неоптоварен, Херодот (IV, 36) истакнува дека не земајќи храна, со стрела во раката ја обиколил целата земја, Паусанија (III,13 ) опишувајќи ја историјата на Спарта од мистичниот до хеленистичкиот период, како и нејзините споменици, пишува дека храмот на Кора-Спасителката, го изградил Абарид. кој дошол од земјата на Хиперборејците, односно на Тракиецот Орфеј. Исто така, за Абарид се раскажува дека бил чудотворец и пророк (Пиндар, 522-446).

Исто така, се верувало (Херодот IV, 13 и натаму) дека волшебникот и поет Аристеј (Aristos-најдобар) од Проконез на Мраморното Море, околу 540 година пред Христа, седум години ги минал со Аполон во земјата на Хиперборејците, бил син на Аполоновиот свештник Каустробиј. Во своето дело "Аримасписки песни", Ариестеј ги опишал земјите на Иседонците и Аримаспите и дал податоци за Хиперборејците. Исто така, се смета за еден од авторите на теогонијата. Како крал на Хиперборејците се спомнува Забил (кованица: за-многу и via- сила, телесна сила). (Stephanos Biz, Galeoti).

Неговата ќерка Темисте (Themistevo-да се дели правда), со богот Аполон ги добила синот Галеот (Galeotis, од галео-морско куче, односно риба санјарка). Тој, пак, со Хиперборејката Телмиса (кованица од: thelo-земја, решителен и misos-омраза) отишол во прочуеното светилиште во Додон на консултации. Тамошното пророштво им наредило еден да тргне на исток, друг кон запад и да се населат на местото каде што орел го украл месото на жртвуваното  животно. Темис отишол на исток во малоазискат карија, каде што се задржал, додека Галеот тргнал  на запад во Сицилија, каде се населил засекогаш (Срејовиќ, Цермановиќ-Кузмановиќ, 1992 година, 90).

Хипербореецот Лаодок (кованица од laos-народ и докео, doksa-слава) е јунак кој заедно со Пир и Хиперох го одбранил Делфиското светилиште од Келт, 279 година пред Христа ( Паусанија X, 23, 2(.

Што се однесува до земјата на Хиперборејците, таа била многу богата со злато (реката Мајданпек), кое го чувале митски птици со големина на волк, Грифони-Грипес (grips-gripos). Грифоните биле волшебни птици со четири нозе, чувари на златото на Хиперборејците. Тоа биле суштества кои во себе ги спојувале најсилната птица-орелот и најсилниот четвероножец-лавот и биле симбол на најголемата животинска  сила. Најчесто се поврзувале со Аполон, Дионис или Артемида и биле чувари со божествена сила и постојана будност (Херодот, IV, 13).

Од кажаното може да се заклучи дека Бореите и Хиперборејците (Северци) биле многу присутни и познати не само во митологијата на античкиот свет на Балканот, туку и во теогонијата, историско-оштествените случувања, комуникациите и др. Херодот (IV, 13( ги лоцирал северно  од планината Бореј, подоцна Хемос и Балкан и југозападно од Скитите и Исидонците, значи негде во Подунавието.

Меѓутоа, во египетските споменици како народи од "север" не се наведуваат Хиперборејците, туку Данините. Значи, тие се јавуваат и пред Хомер (VIII век пред Христа), уште во 1400 година пред Христа, во документ од Дел Ел Амара, заедно со народите под имињата Шакалаши и Сардани (Childe, 1926 година, 63, 72). Шакалашите веројатно биле скитско племе Саки, додека Шарданитите биле Лиџани Сарди, подоцна жители на островот Сардинија во Медитеранот.

 

Продолжува 

ДУНАВ

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards; 20 мај 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 214