Сотир

 

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВЕ МОЛАМ РАЦЕТЕ ШТО ПОДАЛЕКУ  ОД МОЈАТА ЗЕМЈА

**********************

 

Времето си врви и луѓето со него. Историјата, како мајка на знаењето не' учи за минатото, како би можеле со отворени очи, здрав ум и разум, да си ја креираме иднината. Доброто се памети, а лошото остава траги во душата и никогаш не умира! Секој народ си има своја историја. Свое достоинство, свои радости, свои таги и чемери! Имаат и непримерени предизвици, со кои се справуваат како знаат и умеат, за да останат  здрави и слободни во просторот во кој живеат. Живеат и со своите културни и други вредности придонесуваат, во светската човечка ризница.

По тоа не се разликуваат ни Црногорците, за кои денес ќе кажеме неколку зборови, од кои и ние, Македонците, можеби ќе извлечеме некои поуки. Ако сакаме!

Горчливите спомени од деструктивните бомбардирања кои НАТО пред 20 години ги изврши врз нивната земја, Црна Гора, се' уште се живи, па затоа, можеби, Црногорскиот народ е подруг од нас. Барем подруг по нивното реагирање на тие настани кои им нанесоа многу таги, изгубени многу невини животи и деструкции на нивната земја.  Настани, кои насилно им го променија животот на многу од нив. Им монтираа властодршци, поранешни војни профитери и криминалци кои постанаа угнетувачи   во полза на оние, кои одозгора им донесоа  сиромаштија и обезправеност. Но сепак, со злото дочекаа и нешто добро:  Им оставија малку простор и воздух за дишење! - не им го ѓибнаа  државниот и национален идентитет. 

Меѓутоа, спомените на изгинатите невини деца, мажи, жени и уништувањето на и така малубројните индустриски и приватни објекти во земјата им тежат на душите и срцата. Затоа не е за чудење што како резултат, прославата на  седумдецениското постоење на НАТО и неговото дејствување околу светот како "чувар" на демократијата, се претвори во револт. Револт,  кој се манифестираше и со палење на неговото знаме, и тоа  во центарот на Подгорица, главниот град на поранешната југословенска Република.

Болките за изгубеното и нанесената навреда врз достоинството Црногорците ги носат одамна длабоко во душите,  и нивните последици ги поднесуваат мирно и со надеж дека нема никогаш да се повторат. Ама не сите. Марко Милачиќ е еден од ретките кој   го покажа својот револт и непомирливост со статусот кво, на свој начин и со пример, до тогаш не запамтен во неговата земја. Инаку, овој млад Црногорец е и лидер на политичката партија "Вистинска Црна Гора" и  извршител на  симболичниот огнен спектатол  против злото и неправдите кои оваа војна организација им ги нанесе на народот, на кој и самиот му припаѓа.   

Тој не остана само на овој редок, но не и неочекуван настан. Тој со посебно писмо ја "поздрави" и  новата американска амбасадорка, Џуди Рајзинг Рајнке, што туку дојдена во неговата мала, ама горда држава Црна Гора.   Ја поздрави  со зборовите:

"Добре дојдовте  во Црна Гора, мојата земја, а не Вашата! Моите предци, а не Вашите гинеа за оваа земја! Моите предци, а не Вашите ја градеа оваа земја! Вие, госпоѓо Рајзинг Рајнке, иако сте од неодамна тука, се однесувате спротивно, како оваа земја да е Ваша земја, а не моја и на моите сонародници! Изгледа, така сте навикнати"!

Драги мои, содржината на  писмото со кое овој млад и национално свестен црногорски политичар, Марко Милачиќ, реагираше  на нејзиното непримерено однесување и активно мешање во внатрешните работи на Црна Гора не е осамен случај на Балканот. Тој се поновува во сите  новосоздадени државички, поранешни делови од растурената заедничка држава СФРЈ. Растурена, на ист начин, како што сега се растураат и тие самите, но со други и перфидни и до коски понижувачки "мирнодопски" средства: НАТО и ЕУ, како мамци за глодавци!

Целта на овој мој комбиниран текст му е да ве запознае, драги мои, со можностите кои сите наши народи ги имаат на располагање за одбрана на својот дигнитет од непримереното однесување  на дипломатските претставници и воедно, да им  дадат на знаење,  дека тие не се дел од власта во земјата  во кои се гости, ниту имаат  овластувања за мешање во внатрешните работи. Тие се само   врска меѓу двете земји: нивната и земјата во која доаѓаат за вршење на своите права   спрема законите на нивните Влади и обврски, да ги почитуваат законите на земјата која ги прима како добредојдени гости..

Ги имаат, ама од било кои причини одбиваат да ги искористат во своја полза, меѓу кои е и Република Македонија, како пример за самоубиство на народот и обезличување на државата.

Па, ево прво за причините кои го наведоа Милачиќ да и' се обрати на госпоѓата Рајзинг Рајнке во писмена форма, што  не е  невообичена практика во вакви случаеви:

******************** 

ГОСПОЃО ЏУДИ РАЈЗИНГ РАЈНКЕ,

- Вчера отворено ја коментиравте првостепената, неправомоќна пресуда во случајот познат како "Државен удар", притоа,  не скривајќи го задоволството, од транспарентноста и отвореноста во контекстот на овој судски процес. Рековте и дека е тоа "важен чекор напред за владавината на правото, со силна порака за недозволените мерки со кои се изопачува демократијата. 

Ќе бидам отворен и ќе ве прашам: Кој Ви даде  право  да се мешате во внатрешните работи на мојата земја? Со какво право  коментирате неправомоќна судска одлука, па било тоа и на вакво судство и на вакви институции? За моево обраќање до Вас не е само причина судскиот процес "Државен удар", тој е само повод  јасно  да се согледа суштината на политичкиот пристап на вашата земја.

Неподнослива е вашата дрскост и слобода - а кога  го велам тоа, мислам на вашата администрација која Вие ја претставувате, а која непримерено се меша во внатрешните работи на други држави. Дали Вие, госпоѓо Рајзинг, сакате некој однадвор   да Ви се меша во животот на вашето семејство? Дали Вие и Вашата админстрација дозволувате некоја туѓа администрација да се меша во Вашите внатрешни работи? Убеден сум, дека и на првото и второто прашање одговорот е негативен! Е, така е и со народот на мојата земја!

 

Знамето на НАТО во пламен насред Подгорица!

Госпоѓо Рајзинг, Вие сте претставник на последната земја во светот, али буквално последна, од сите држави, која има право да зборува за повреда на демократијата. Вие сте, САД, земја - синоним за кршење на демократските принципи во светот. Вие сте земја, госпоѓо Рајзинг чија, скоро, па целокупна историја на надворешната политика може да се дефинира како историја на уривање на туѓи демократии. Тоа је, госпоѓо Рајзинг стил на вашиот надворешно политички живот.  Тоа е вашиот темелен државен интерес. Тоа е вашиот начин на комуникација со надворешниот свет. Со послабите од Вас. Тоа сте Вие, госпоѓо Рајзинг Рајнке.

Вашата слобода ужива во  неслободата на другите народи и држави. Вие, просто, се плашите од слободата на другите, бидејќи верувате дека таа ги загрозува вашите егоистички интереси. Вие би подржале неслобода која ви служи, а се грозите од она која не е под Ваша контрола. Слобода, која не ви е послушна. ТОА Е СЛУЧАЈ СО МОЈАТА ЗЕМЈА! Како пандан на  неслободата во оваа, инаку пребогата земја со слободни периоди  во историјата, е баш тој кого Вие го создадовте за да ви служи, Мило Ѓукановиќ. Вие и тој, вие и такви, слободата ја споредувате со неслободата, а демократијата со автократијата и олигархијата. Вие и тој создавате маја (maya), да се послужам со јазикот на земјата во која работевте (Индија): илузија (на демократијата) и замајување на народот.

Просто речено, се' што Вие работите на глобален план, тоа Ѓукановиќ го прави во мојата земја. Вие на потчинетите народи им ги крадете материјалните ресорси за богатење, исто така и тој. Вие "војувате за мир"  и така по светот со бомби ја ширите "домократијата". Исто така и тој тоа го правеше во почетокот на девеесеттите години на 20-от век. Вие си го имате Гвантанамо, Ѓукановиќ Спуж. Вие имате НАТО, тој си има свои одреди за брза интервенција. Вие си имате свои банки за собирање пари по светот, има и тој свои. Вие имате СИ-ЕН-ЕН, тој има "Пинк". Вие сте близнаци, само што Вие сте поубаво и глобално, запакувани. Во сушност, исти сте.

Зарем, госпоѓо Рајзинг Рајнке, не ви беше доста што во 1999 година бевте вмешани во мојата земја со ракетите "Томахок", па сега ни се мешате со други средства на присила? Наместо што вака дрско го туркате носот каде што не му е местото, Ви советувам да се "вмешате" на друг начин: одете во Мурино, станете пред споменикот на убиените цивили, особено децата, клекнете и извинете им се. Тоа би било едино адекватно мешање и човечки оправдано.

Јас ја сакам Вашата земја. Живеев некое време таму. Ги сакам САД, Мартина Лутер-Кинга и други Ваши великани, али не и Вашата, за целиот свет погубна цивилизација и антидемократска политика.

Госпоѓо Рајзинг Рајнке, престанете да се мешате во нашите внатрешни работи и ни ја загрозувате  нашата слобода и обесчествувате нашиот дигнитет.

 Ве молам: подалеку  рацете од мојата земја!

*****************

Па ако и ние имаме сличности со  проблемите за кои така отворено, смело и со љубов кон својата татковина, Црна Гора, зборува младиот црногорски  политичар и претседател на  партијата "Вистинска Црна Гора" Марко Милачиќ, имаме само еден излез: да научиме како да се однесуваме со личности кои се закана за опстојот на Република Македонија и националните интереси на македонскиот народ.

Имаме  ли такви луѓе, како Марко Милачиќ, со исправени кичми и јуначко срце да станат  и  пред многу пати посилниот од себе во одбрана на правдата и дигнитетот на Македонците? Сега за сега, за жал, имаме само свилени политичари, историчари, воиници и полицаици. Но и новинари со нечиста совест и алчни за пари. 

До кога така, само Господ знае! 

*****************************

Превод  на писмото од Српски на Македонски и прилагодено  за потребите на Македонски Збор: Како и секогаш, Ваш Сотир!

 

Стево Пендаровски

 

Сотир Гроздановски-Македонски

СИ ОТИДЕ СТАРИОТ, ДОЈДЕ НОВИОТ

****************

 

 

Претседателските избори завршија на 05 мај 2019 година. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска-Давкова и професорот Стево Пендаровски од СДСМ и ДУИ се соочија со реалноста. Едниот доби, другиот изгуби, а  народот остана уште поделен на две големи групи, за Република Македонија, другиот за Република Северна Македонија.

Последниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, популарно наречен "Фикус", неславно си замина од политичката сцена на Македонија и од вилата на Водно, а Првиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, уште побрзо се всели, ја зазеде пртеседателската фотелја и со задоволство се подготвува да ја докусури својата сопствена држава, за заедно со  газдата, Зоран Заев, мудрецот од Муртино, да ги задоволат апетитите на Грција, Бугарија и Албанија. А за Македонците, кол во г....!

Светлата иднина за скоро ќе ни ги заслепи очите,  животот европски ќе ни ги исполни душите и срцата со радост и гордост, а со лицата  црно/бели, како "FANTOMI OF THE OPERA", ќе шетаме за долго.

Честитки од секаде и од секого, дури и лично од Поглаварот на глобалната Римо-католичка црква, папата Франциск, сите пре задоволни што "Македонците"  му покажаа на светот, како се може доброволно да се обесат, да им плукнат на коските на предците,  да бидат посрамени за секогаш и  презрени, дури и од идните генерации и пак да останат живи! - благодарејќи му на мудрецот од Муртино Зоран Заев и неговиот АСДС.

Добро е да се спомене, дека Ѓорге Иванов после два мандата (10 години) полн со успони и падови (додуша повеќе падови отколку успони), конечно ја напушти претседателската вила на "водно". Со сите државнички почести и изведбата на  химната на Република Македонија "Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата..." новиот претседател, (петти по ред на државата) Стево Пендаровски ја презеде командната палка над Република Северна Македонија.

Ѓорге Иванов, на крајот од својот десетгодишен мандат во улога на Претседател на Република македонија ја напушти вилата на Водно посрамен и како поголем велепредавник и од Зоран Заев. Најпосле ги отвори картите со кои ВМРО-ДПМНЕ и АСДС со нивната нечесна и предавничка игра ја разнебитија   Република Македонија, им го продадоа националниот идентитет на Македонците и постанаа вистински гробари, свои и на народот македонски.  Народот, кој го хранеше десет години, незнаејќи дека храни велепредавник и изрод.

И на крајот се потврди се' што се знаеше, дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно со албанскиот блок во Македонија, постанаа гробари на својата сопствена држава, им плукнаа во лицата на сите борци за нејзиното возобновување, но  и на својот сопствен народ.

"Правдата" е задоволена, Меѓународната заедница уште повеќе, а Македонците ќе си го продолжат патот во неизвесноста со спуштени глави и скршени кичми.

Па, народе мои, нека ни биде наздравје! Што си баравме, тоа и си добивме! До кога, така? -  дури не се роди јунак македонски, чумата да ја испади, од жална Македонија!

Работите постанаа кристално чисти:  КРАЛОТ СОСЕМА ГОЛ ГО НАПУШТИ, СВОЕТО ДУВЛО!

*********************

За секогаш, Ваш Сотир!

Розита

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

 

 

 

 

НЕ ЧЕПКАЈТЕ МИ ЈА 

МАКЕДОНИЈА

 

  • Не чепкајте ми ја
    МАКЕДОНИЈА
    вие туѓи орли мршојадци,
    вие лути змии отровници
    па и грозни куќни стаорци.

    Па зарем уште не се наситивте
    од месата нејзини парчосани,
    та сте се настрвиле на неа
    како пцишта гладни ненаситни.

  • Од дамнина уште па досега
    сеништа над неа надвиснале,
    сонцето златно и' го засениле
    па да ја докрајчат кандисале.

    Е, простете не ви ја даваме
    кај да е ќе ве стигнат клетвите
    на сите мајки расплакани
    тажачките над гробовите.
    ************
    Автор: Розита Христовска "Македонска болка".

Славе Катин

 

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 7

ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) И НИВНИТЕ СОВРЕМЕНИЦИ

****************

 

 

Во палеобалканската митологија Бореј бил еден од Титаните. Тој бил Бог на Север (voreas - север), најјак од сите ветрови. Бореј е син на Еоја, божица на утринското руменило и зората. Тој живеел на север во Тракија и во долината на реката Стримона (Струма). Негов син е Хем, персонификација на тракиската планина Хема (Балкан).

*********************

Во најстариот пелашки мит за постанокот на светот, Бореј е еден од називите за општиот демијург (создавач на светот), Офион (ophis, opheos - змија), прв господар на светот кој си играл со Еуринома, божицата на создавањето, ја оплодил и од неа потекнуваат Еуронимите деца, првите луѓе на овој свет. (оттогаш Северец почнува да оплодува; заради тоа кобилите често се вртат со задниот дел кон ветерот и се ждребат без пастув). (Grevs, 1990 гпд., 1,а).

Култот на оплодувањето на Северецот бил присутен не само во Тракија и Македонија, туку и во другите делови на Балканот, но и во Мала Азија, каде на пример "...на Дардановиот син му опишал...", "кобилата илјада и три..." (Хомер, XX, 223). Од другата страна на Северниот ветер живееле Хиперборејци (Северци). Тие биле најсеверната палеобалканска популација  за која пишувале: Хомер (VIII век пред Христа), Хесидот (VII  век пред Христа), Херодот (484-425 год., пред Христа), и многу други.

Така Херодот (IV,32,33), на пример кажува: "За Хиперборејците не знаат да кажат ништо ниту Скитите, ниту другите народи од тие области, освен до некаде Иседонците, а најмногу за нив знаат жителите на Дела". Исидонците биле скитско племе, а денес едно финско племе се нарекува "Исет Донци", кои веројатно во периодот на Херодот живееле покрај реката Дон. Според Херодот (IV,1-33),Скитите биле многуброен, воинствен и распространет народ кој живеел во југоисточна Европа. Биле распространети меѓу Дунав, Црното и Каспиското Море и најчесто живееле номадски живот. 

Скитите биле присутни на Дунав и во 512 г. пред Христа кога против нив војувале Персијците при новиот поход на Балканот. Лирскиот поет од Теба Пиндер (522-442 год. пред Христа) во Питија (X, 27), за Хипербореја истакнал дека тоа е земја со блага клима. Нејзините жители не сеат и не жнеат, не градат куќи и не ги трпат неволјите на староста, болестите и војните, туку тие се блажени, праведни, мудри и побожни. Тие сакаат песна и игра. Во нивната земја не се стасува ниту по море ниту по копно, а пристапна им е само на боговите и на нивните миленици. Посебно го почитуваат Аполон, на кого му принесуваат жртва - диви магариња.

Според митологијата (Срејовиќ, Цермановиќ-Кузмановиќ, 1992 г.,484),  се раскажува дека божицата на среќното породување Ејлејтија, ќерка на Хера и Зевс, дошла од земјата на Хиперборејците на островот Дел во Егејот за да И' помогне на Лета при раѓањето на Аполон (Паусанија I, 4, 4).

Титанката Лето (lith, Litho-заборав, да скриеш, грешница) е родена во земјата на Хиперборејците (Diodorus Sikulus 90-20 год. пред Христа во Bibliotheca II, 47< 2- 3) Била супруга на Кеј (Кoios), кој бил Титан или Гигант и син на Уран и Геја. Кога Лето ги зачнала божествените близанци со богот Зевс, неговата љубоморна жена Хера се обидела да го спречи породувањето на својата противничка. Трудната Лето долго скитала по светот бидејќи ниту една земја не сакала да ја прими. На крајот, во седмиот месец од бременоста, дошла на Дел, кое било талкачко и пусто острово во Егејот.  По породилните маки од девет дена и девет ноќи, пристигнала божицата Ејлејтија и во истиот миг Лета на свет ги донела божествените близнаци Аполон и Артемид, заштитена од светите ловорови, палмини и маслинови гранки (Хесиод, Теогонија, 404).

Исто така се раскажува дека Зевс ја преобразил Лето во волчица, дека во таков облик дошла од земјата на Хиперборејците на Дел, каде и се породила. За хиперборејската божица Елејтија се вели дека пристапила кон породувањето дури откако била подмитена со златен ѓердан од страна на Ирида, златокрилестата гласница на боговите.

По породувањето, Лето отишла во Мала Азија каде волците и' го покажале патот до реката Ксанта за да се напие вода и да ги искапи децата. Лето му ја посветила реката на Аполон, а според волците кои и' го покажале патот на Лето, целата земја го добила името Ликија (likos - волк). Потоа Лето се преселила на Олимп, покрај Зевс, и како нежна мајка се грижела за Аполон и Артемида, кои како возрасни и' биле приврзани на мајката.

За полесно породување на Лето, на Дел стасале и две хиперборејски девици, Арга и Опида, за да и' принесат жртви на Елејтија за полесно породување (Херодот, IV, 35). Хиперборејките умреле на Дел и биле погребани зад Архемидовиот храм. Нивниот гроб бил посипан со пепелот од жртвуваните животни, кои ги славеле хиперборејските девици во песната која ја испеал најстариот поет на пофални песни Одликија, Олеан.

Кога се родиле божествата, Дел процветал и замирисал, а лебедите пееле и го облетувале островот. Божицата Титанка, ќерка на Уран и Геја, втората жена на Зевс и мајка на Прометеј, ги нахранила новороденчињата со нектар и амброзија, а тие веднаш ги отфрлиле пелените. Таткото Зевс, на Аполон му подарил златна Митра, лира и кола со лебедова запрега. Негови атрибути биле стрела, лак, лира, троножец, папочна врвца и лав, а функцијата му била да ги брани и штити од злото луѓето, градовите, нивите, жетвата, пастирите, а посебно сите нив од болести.

Во Тројанската војна Аполон им помогнал на Тројанците во борбата против Ахејците и ја предизвикал смртта на Ахил. Според Хомер (XXI, 435/465), заради заверата против Зевс, Аполон и Посејдон биле казнети да бидат една година кај кралот на Троја Леомедонт и да изградат киклопски тврдини. Леомедонт (кованица, leo, leos-народ и med, medod-да се грижиш, да владееш, владетел) бил еден од најпознатите потомци на Дардан, а во време на неговото владеење тројанската власт се простирала до тракискиот Пенеј и до Стримон. Негов син бил Пријам, владетел на Троја.

Една од должностите на Аполон била да ги чува стадата кои боговите ги држеле во македонската Пиерија (Гревс, 1990, 21, X).

Етимолошки, името на Аполон потекнува од палеобалканската глосологија, од зборот apollio, apollo-да погуби, да упропасти, да уништи, што и била намерата на Хера со трудната Лето, неговата хиперборејска мајка.

Во антиката, Аполон бил многу популарен во егејско-балканската култура. Троја се споменува и во кариско-фригискиот мит за натпреварот во фрула меѓу Аполон и Марсија. Потоа, во  Гигантомахијата на оломписките богови, па неговата активност со Дионис и Артемида и др. Во хеленската митологија, Аполон е преземен со посредство на Крит и минојската култура, така што тој постепено ги потиснал разните  локални хеленски божества. Во текот на времето тој станал бог не само на музиката и уметноста, туку и на смртта, поморството, колонизацијата, основач  на градови, бог на сонцето, на светлоста, бог на мерката ("ништо премногу"), на сознанието ("запознај се самиот себе"), на законот и уметничката инспирација.

Артемида, ќерка на Хиперборејката Лето и богот Зевс.

Од V век пред Христа култот на Аполон се шири во Италија, каде станал еден од најголемите римски богови, а најстарото културно место на Аполон (Appolinar) било во Рим каде, во 429 година пред Христа, е изградено светилиште во негова чест. Воведени се свечени игри (Ludi Appolinares) во 212 година пред Христа, големиот храм на Палатина, во чест на Аполон, е подигнат во 28 година пред Христа и бил поврзан со царската палата. Во чест на Аполон се посветени светилишта (Дел, Делфи), храмови (Коринт), празници, питијските игри, претстави, статуи, фрески и друго насекаде во античкиот свет.

Во митологијата на Балканот и Егејот, сестра-близнак на Аполон е Артемида, ќерка на Хиперборејката Лето и богот Зевс. Артемида со Аполон често престојувала кај Хиперборејците (Пиндар во Олимпија, III, 2, 3). Таа сакала да скита по планините сама или во друштво на нимфите. Од татка си добила вечна девственост, лак и стрела, а нејзини атрибути уште биле факелот и месечевиот срп. Во митовите Артемида е строга божица, наклонета кон Амазонките, кои биле нејзини придружнички, била основач на култот и светилиштето Ефска Артемида. Во војната била на страната на Тројанците.

Нејзиното име Артемис е палеобалканско. Основата е ar, artios-тесно споен, близнак, чеден, девствен, пристоен и mis-Мичанка или artemis-свеж, здрав.

Во историскиот период, Артемида е божица на ловот, господарка на животните, пчелите, природата, изворот на децата, девствената младост, невиноста, посебно на Хиперборејските девици. Таа засекогаш останала девица и на неа и' се припишува природната смрт на жената. Во чест на Артемида се подигнати многубројни храмови низ сиот антички свет, многу статуи и разни други споменици на уметноста.

Како најмлад син на Лето и Зевс се наведува уште и богот Дионис, кој заедно со Аполон, Артемида и Хермес и' припаѓа на втората генерација олимписки богови (Гервс, 1990 год. 14). Други податоци го посочуваат Дионис како син на Зевс и Персефона или Семела. Во Хомеровата "Илијада" (VI,133 и понатаму) се наведува дека Дионис е роден до Ниса (Ниш) и тика Зевс им го предал својот син на чување на нимфите на оваа земја под имињата Ниса, Бромеј итнт. Етимолошки неговото име е палеобалканска кованица од зборовите dios-бог и nisa-крај, брег, односно место во Тракија, Ниса, кое и' припаѓало на Пеонија. Дионис е значи "син на Зевс" или "бог на Ниса-Ниш".

Богот Дионис бил доен и воспитан од вилите на Ниса, кои потоа како Бромеј го вовеле свечено во баханалијското оро на празнување и оргии. Тој израснал меѓу жени, менади, тејади (нимфи) и баханилијки, кои останале покрај него. Кога тргнал во светот бил закитен со венци, бршлени (kissos) и ловор (daphni). Бршленот му бил посветен на Дионис и каде што тој растел, таму еднаш престојувал и богот Дионис. Во слава на богот Дионис, во заливот Терма, денешен Солун, Кисеја бил негов храм, а баханалиите и хоровите трагичари биле восхитени од бршленот.

Дионис бил бог на вегетацијата, плодноста, оргиите и екстазата. Негови свети животни биле лавот и пантерот, а омилени билки освен бршленот биле лозата и смоквата. Тој имал многу пријатели и приврзаници, а негов противник, заради виното, бил кралот на тракијските Едонци, Ликург, кој немилосрдно го прогонил Дионис на планината Ниса и ја уништил виновата лоза. Заради тоа земјата Тракија станала неплодна. Дионис ветил дека земјата повторно ќе носи плодови единствено аки Ликург биде казнет. Бидејќи бил принуден да се опие од вино, во настап на лудило, Ликург ги убил својата жена и  син му. Тогаш Дионис го однесол Ликург на Родопските Планини  и им го фрлил на пантерите. Потоа Дионис со својата придружба, во која се наоѓал и неговиот воспитувач Силен, го започнал својот победнички поход, најнапред кај кралот Мид во Македонија, а потоа го обиколил целиот Балкан, Мала Азија, Италија, Шпанија, Египет и Индија.

Во ликовната уметност Дионис е значајно застапен. Покрај тоа тој е главен лик во трагедијата "Бахи" од Еврипид (406 год. пред Христа) и во епот "Диониска".

Како син на Аполон, во митологијата се споменува и Орфеј (Orphevs) (Adollodori, Bibl, 1, 3, 2). Се раскажува, исто така, дека тој бил син на овие области од Балканот. Негов роден крај е Лебетра, под Олимп во Македонија, каде бил погребан по трагичната смрт, а во негова чест е подигнат кип.

Орфеј е најпознатиот митски пејач, поет и свирач. Првите знаења за пеењето и свирењето ги добил од татка си Аполон, кој му подарил лира со седум жици. Силата на неговата песна и свирка била волшебна, господарела со ветровите и го топела снегот на високите планини. Орфеј ги советувал луѓето да го почитуваат кралот на Тракија и Македонија, честопати осамен, секое утро излегувал на врвовите на планината Пангеја да го поздрави богот на сонцето Аполон, кому му служел и како свештеник. Необичното обожавање на сонцето, како "татко на се'", потекнува од северен Балкан, т.е. Хипербореја.

Орфеј се смета за пронаоѓач на азбуката, основач на Дионисовиете мистерии и науката за посмртниот живот на душата (Diosor Sic, I, 69, 92). Бил учесник во експедицијата на Аргонаутите, околу 1250 година пред Христа, кога само благодарејќи на неговата помош биле пребродени многу потешкотии. Митот за Орфеј најверојатно настанал во раниот VI век пред Христа, а во врска со сектата Орфичари за божествената природа на човечката душа и првобитниот грев. Заради гревот душата скита, но со екстаза, аскетизам и иницијација се чисти и се враќа на небото. Орфичарите биле аскети, не јаделе месо и јајца и носеле бела облека. Сочувани се 87 орфејски химни, орфејската аргонаутика и многу уметнички дела, во Елада и Италија, од орфејскиот мит.

***********************

Продолжува

 

 

Kind regards: 15 мај 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 213

ВИДЕОТЕКА

*************