Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

БИТКАТА Е ИЗГУБЕНА, БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА

**************

 

 

И тоа помина, како што и се очекуваше! Цензусот се постигна и другарот Стефо Пендаровски постана претседател на Северна Македонија. Тој горе, а  Гордана Силјановска-Давкова долу.  Што понатака, ќе видиме! "Дисидентите" од ВМРО-ДПМНЕ си ја завршија својата "патриотска" задача и по се' изгледа, ќе си се вратат назад, каде и припаѓаат!

Како што реков во последниот текст, така и бидна. Пендаровски, заедно со неговиот газда, Зоран Заев, ќе ја завршат недовршената работа на Ѓорге Иванов: ќе ги потпишaт сите непотпишани закони и ќе го "решат" "македонското прашање", за некое време. Зошто, дури има Македонци, ќе  ја има и Македонија! 

А Гога остана неколку чекори зад својот противник за скришум да му ја даде можноста, баш тој, да биде последниот sвер кој ќе ја докрајчи својата сопствена држава. Да ја докрајчи Република Македонија и цементира новата и измислена творба на Балканот, Република Северна Македонија, како капар за влез во НАТО и Европската Унија!

Зарем можеше подруго и да се очекува од претседателскиот кандидат на Христијан Мицкоски и нивните надворешни газди и наредбодавци? 

На нејзината  конференција за новинарите таа не заборави  поголемиот дел од вината за својот "неуспех" да ја натовари врз грбот на македонските иселеници, но и врз многубројните женски организации, од кои очекувала подршка. Се изненадила од однесувањето на иселениците. Не требало да ги бојкотираат изборите.

А зошто не?

Па почитувана професорке Гордана, зарем вие сериозно очекувавте отпишаните Македонци да ве седнат на претседателскиот трон? Па каде бевте кога Заев со помош  на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го даруваа Алексис Ципрас со правото да располага со Македонците во Егејскиот дел на Македонија како со робови до нивно потполно истребување? Како и Бугарскиот Борисов во Пиринска Македонија и Еди Рама, албанскиот Иди Амин? Но и нас, во другите земји во светот, блиски и далечни, да не одродат со ставање шизма да не смееме да го користиме името македонско, зошто така Заев и Ципрас се договориле да биде!?

Зарем  навистина верувавте дека дијаспората ќе гласа за легализирање на Северна Македонија и ќе и' го сврти грбот на  Македонија? - за да постане ваш соучесник во нејзиното умирање? Зарем навистина сметавте дека дијаспората е ваша резервна гласачка машинерија? Како и женските организации во земјата и надвор од неа?

Македонската дијаспора и понатака ќе  и' остане верна на својата едина татковина,  Македонија. Република Македонија се брани одвнатре, а не однадвор, зошто секоја интервенција од надвор, па дури и од нас отпишаните, за светските џандари би била агресија и повод за бранење на "демократијата"! Ние немаме армија, полиција, државни институции и толку луѓе концентрирани на една територија!  Но тоа не значи дека нашата одговорност за опстојот на нашата татковина Заев може да ја отпише! Вие, нашите браќа и сестри имате легитимно право да ни се обратите за помош кога ќе имате вистинска потреба за тоа. И верувајте ни, ќе ја добиете!

Вашата слабост е во тоа, што им дозволивте на грст криминалци да превладеат над 1,5 милион Македонци, од кои голем број од средината на која и вие и' припаѓате, Гордана, вклучувајќи ја и Мирјана Најчевска, која како дел од Шарената револуција со гордост изјави дека не сака да живее во ЌЕНЕФ држава! Али не ја напушти и да отиде негде каде ќенефите се викаат ТОАЛЕТИ! Зошто? Па затоа што во Македонија и' е најубаво, и ако плука по неа!

Почитувана професорке,  за џабе ви беа салатите во кои и самите учествувавте. Салата, ма и каква била, не е доволна  да се добие некој глас повеќе од Македонките. Но, сепак, не треба да тагувате  заради својот "неуспех", бидејќи однапред подготвениот план на Христијан Мицкоски и неговата блиска дружина за победа над оние кои ги БОЈКОТИРАА  изборите, со цел да го попречат цензусот кои би ги легализирал изборите,  сепак се оствари. Можеби со вашиот евентуален успех позицијата на ВМРО-ДПМНЕ  пред очите на Македонците би се подобрила, меѓутоа, вие  како претседателка на Република Северна Македонија, тешко да би успеала да ги задоволите очекувањата на Македонците, бидејќи вашиот слоган: ПРАВО И ПРАВДА ЗА СИТЕ, не игра кај денешните властодршци во Македонија! Нивната агенда е поставена од надворешниот фактор и тие мораат да ја исполнат, или нема да завршат добро!

Вие, како заколната врвна личност во таа држава, сигурно не би била  долго на Водно! Би била  обвинета за велепредавство и заклучана негде каде лежат многу и подобри патриоти, и од Вас.

Сметајќи по се', Заев и ако докажан и неказнет криминалец уште од времињата кога ја извршуваше должноста градоначалник на Струмица, па како учесник и во "шарената револуција", заедно со многу како Вас, па дури и како  велепредавник,  испадна поербат од сите вас. За сите злосторства врз Македонија и Македонците тој, дури, е предложен за Нобелова награда за мир, правда, соживот со терористите и џелатите на македонските бранители, а вие  вратена назад меѓу своите, кои го напуштија бојното поле кога видоа дека оганот им се приближува, а неизвесноста за нивниот комфорен живот постанува сериозна. Го напуштија благовремено, оставајќи го, притоа, народот обезглавен и не подготвен за одбрана. Оставен да се снајдува сам како знае и умее, на милост и немилост на sверовите да биде изеден, целиот наеднаш, или еден по еден.

И како "мелем" на душите "христијански", а повикан од Ѓорге Иванов пред неколку месеци, на 7-ми мај оваа 2019 година во Скопје, директно од Бугарија ни пристигна поглаварот на Католичката црква од Ватикан, Папата Франциско или со роденото име: Хорхе Марио Бергољо! Тој, најверојатно ќе ни го благослови и нашето ново име: СЕВЕРЊАЦИ новороденци и со босилче ќе ги попрска со светата вода главите на присутните "верници" на плоштадот Македонија, во Скопје.

Но, и ако битката е  изгубена,  борбата продолжува! А кој ќе биде победник, времето ќе покаже. Ниту еден народ не бил победен од своите предавници! Побројни сме од бандата на Заев, на Пендаровски, Мицкоски, Ѓорге Иванов и професорката Гордана Силјановска. Ако не' сите, ама за сигурно некој од нив ќе биде награден за  злосторствата и предавствата на македонските национални интереси.

Реков и ќе пофторам: Земјата е премала да останете недопрени од духот на Ќосето! Ќосето, кој беше и ќе остане херој во македонската историја. Ќосето, кој беше прв со кој ја запчнавте деструкцијата на неговата и нашата Македонија. Ќосето кој ја пролеваше својата и крвта на непријателите и предавниците по улиците на Солун и на секаде каде ќе ги сретнеше со својата верна дружина. И секогаш на чело на колоната! Го започнавте  обезличувањето на Република Македонија со уривање на неговиот споменик. Зошто? Затоа што беше  симбол на борбата за слобода на Македонија, но и симбол на стравот од неговата сенка и освета! Освета,  заради газењето на достоинството на Македонците И НИВНОТО ДЕГРАДИРАЊЕ  до ниво на РОБОВИ продадени на ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И АЛБАНЦИТЕ.

Браќа Македонци! Само обединети можеме да опстоиме на овие балкански ветрометини! Само обединети и со љубов кон  заедничките национални интереси и добробитот на Македонија. Само обединети во одлучна борба со внатрешните непријатели од сите бои. Само обединети во борба за потполно реструктуирање на ВМРО и бришење на  додавката ДПМНЕ како додавка со МП-овско обележје и вгнезден врховизам. Но, и гасење за секогаш на СДСМ како кукавичко гнездо на албанските терористи и гнездо на македонските изроди и велепредавници!

САМО ОБЕДИНЕТИ ВО БОРБА ЗА НАШЕТО ПРОДАДЕНО ДОСТОИНСТВО И РЕЕТАБЛИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ВО КОЈА ЌЕ ВЛАДЕЕ ПРАВОТО И ПРАВДАТА! ВО БОРБА ЗА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО И ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА УНИТАРНИОТ СТАТУС НА МАКЕДОНИЈА СО ЕДЕН ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК И ЕДНАКВИ ПРАВА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ ОД НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА! ЗОШТО, БЕЗ БОРБА, НЕМА СЛОБОДА! БЕЗ СЛОБОДА, НЕМА МИР И БЛАГОСОСТОЈБА!

********************

За секогаш Ваш, Сотир! 

 

Марија Воденска

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ПРОЗА

**************

 

 

 Марија Воденска 

ВРАЌАЊЕ НАЗАД

 

 

 

Со недоверба во очите и сомнеж во срцето, чувствата се испретумбаа заедно со радоста, тагата и спомените. Вџашена од ненадејната вест, Сава рипна збунета, застана на среде одајата со распрегнати нозe и раце, дали шепотеше или викаше, и самата не знаеше, ама во тој момент и' рече на снаата, веднаш да и' ги спакува новите алишта, на синот да го подготви автокинот (автомобилот), на мажот да го облече најновиот костум, а таа самата почна да ги фрла домашмите алишта од снагата...

Не дај Боже, жената како да се шекна, и' штукна мозокот, си рекоа домашните, а внуците гласно се смееја. Таа зборуваше несврзано, претураше и самата во шифоњерите, бркаше низ фиоките и целата задишана се сврте кон мажот и му рече: Вани, пасошите, Вани каде се пасошите? Ах, јас знаев оти ќе притребаат, ајде Вани, тргнуваме! Ете имало Господ, рече Сава и се прекрсти откако тргна белиот "Фиат". Имало Господ, повторуваше таа, иако има поминато многу години, откако мисли дека со едната нога веќе е во гробот. Сега промената знаеше, со двете нозе се враќа назад откаде пред триесет и осум години замина, оставајќи ја пепелта запретана со жарот што можеби се ' уште тлее...

Сонцето го мереше патот до заодот. Уште едно мигнување и ќе се спушти зад ридот, зад кој често Сава го губеше погледот, оти мислеше дека во тој правец остана нивното село, во кое таа не престана да талка со мислите, а сега, со Господ напред, ако е речено...Нешто силно ја штрекна во градите, се сепна. А ако не не' пуштат? Ако на границата не' сопрат? Ако е само лага телефонското јавување од Скопје? Ако е некоја грешка? Во главата и' зовре како да е под нагорен вршник, грлото ја стегна, и' остана суво, повеќе не проговори.

Во нејзината визија селото беше исто, од кое ја понесе последната слика, откако ги испрати децата во Југословенските домови. Потоа и таа, пред да преврти годината, ја мина границата, а Вани остана на Кајмакчалан со партизаните. Минуваа многу ноќи, многу денови, години минуваа, Сава и Вани си ги прибраа децата од домовите, а последното се роди на денот на свети Антон во селото Три Чешми. Го крстија Донче, а децата со сет глас го викаа Донче Македонче.

Во почетокот, кога ноќите им беа долги од чекање на децата, уморните снаги ги крепеа со надежта дека децата се живи. А кога тие им се вратија од домовите, мислите им летнуваа во родното гнездо, во младоста, кај сестрите и браќата што останаа во селото. Често се будеше во ноќта кога Сава не можеше да се утеши за татко и' што беше осуден и стрелан од монархофашистите во Бер, на денот кога таа ја помина границата за Југославија. Сега патуваше назад, кон местото на спомените кон незакоравените рани што останаа да печат, кон родната грутка изорана и расфрлена на сите страни, за навек расеана. Патуваше кон пепелта, во која срцето не може да си го збере од возбуда при помислата, дали ќе насети искра запретана, дали топлината ќе ја почувствува кога ќе се осмели да стапне пред портата на куќата што сами ја изградија и што и' кажуваа дојденци дека се' уште стои...

Автомобилот се лизга низ автопатот кон Гевгелија. Велигден е, втор ден. Убав ден! Сонцето на заоѓање буди спомени. Сава со мислите е веќе на сретсело, ги полни ѓумовите со студена вода. На враќање поминува покрај татковата куќа во која е родена. Пред портата на триножни столчиња наседнале селаните променети како за Велигден. Мажите облечени по европејски, штофени панталони со широки пачевици и бели копринени кошули со низок околувратник и згора штофени елеци со постава, со изл'скани чевли, а постарите со килибарни броеници во рацете. Момите и жените со фустани од стофа, копринени прегачи и кинијна околу одгрлените екал'ци, на главите со орешкови парланти и на нив закачена китка од малока или каранфил. Сите се вратени од црквата Света Петка и со вапцани јајца се тупкаат, се надвикуваат. Наоколу растрчани деца, врева се крева и на секаде е весело. Свирачите и тапанџиите се на здивнување, а гајдаџијата го превзема орото.

Млади и росни момчиња и моми го играат "Пајдушкино" и мислиш не стапнуваат на земја... Велигден е, убав ден! Сава му го подава помалотоѓумче со пресна вода на татко си, редум се подава ѓумчето, се квасат жедните грла. Тука е и свекорот кој знаеше да и' рече: Невесто, сукни некое зелниче за вечера, со сватот порано ќе се прибериме од џумбушот, притоа бришејќи си ги мустаќите од преснта вода и насмевнувајќи се со намиг кон сватот. Така остануваат до доцна, а Сава раскрупнета од раѓањето, чиниш земјата под неја одекнува од чекорите и'.

"Фиатот" се лизга, сите молчат. На Вани му се откина длабока воздишка, искорната од утробата и како со чужди глас проговори: Колку е далеку границата!? Откако никој не му го зеде зборот, Вани додаде: Саво, кажи нешто барем ти... Сава, со мислите и спомените во себе, беше загледана во последниот пурпурен одблесок од скриеното сонце зад сртот. Затрепка со застаклените очи што сега гледаа, не што е пред неа, ами таму "ДОЛУ"... Ги гледа сестрите и браќата и селото со куќите полни и напуштени, ги гледаше и двете цркви и училиштето и полето и гробовите на татковците, чии деца немаат запалено ниту една свејќа. Ја имаа како на слика реката Белица белоушка сребрена како гргори, а во неа децата ги капат прочуените цаконски бакарки. Магливо се присетува на училишната клупа со јасна слика за другарка и' Неда, со која заедно го завршија екти (шести) клас. Се присети и за ветувањето кога се разделија. Спомените навреа за првите љубовни копнежи со човекот, со кого еве, за голем к'смет веќе педесет години се заедно, изродија деца и сега е тука крај неа, со не помала возбуда како во младоста, кој и сега ја држи за раката и самиот несвесен колку многу ја стиска.

Така запиперени со сите магии и отрови, мерудии и љутеници го тркалаа животот низ сите процепи. Се провираа низ мразни тунели, ги грицкаа ноктите наместо вечера, а кога низ душите ќе им зафучеше ветрот на тагата, папсуваа од лелеци и копнежи, и ќе смогнеа сили пак да се приберат во својот кожурец, да ги издигнат децата што ги зеле на врат. Кога го гмечеа животот, го цедеа низ сито и низ решето. Кога копнежите отапеа за враќање назад, ги беа спуштиле завесите пред очи, оти таков одблесок со времето почна да им пречи во очите згаснати од силни пориви.

Ама не било така!

Тие копнееја, самошто копнежите почнаа еден од друг да си ги кријат... И не посакуваа којзнае што, туку враќање само заради видување. Живеачката тука со времето им се смили. Тука им се измажија и исженија децата, домаќини се сторија, внуци им се изродија. А еве, и тие на стари години како да се подмладуваат, и не дај Боже, повторно каменот да се помести...И пак само мислата и спомените се враќаат и роват. Од градите возбудата се наткрева, Вани и Сава за рака се држат, тука во автомобилот на задното седиште.

Се стемнува! ГРАНИЦА! Југословенска па грчка. Меѓуграничниот премин одsвонува во просторот. Може да помине само Сава Саракинлиева Делова, а во листот за виза таа беше Елисавета Саракинлис Делиос. За Ване заверката за пасошот е поминат. Заверката и за синот Доне е поминат... Ами сега што да се прави? Време ни за размислување нема, а камоли за друго!?

Вани и Сава си ги разделија алиштата што ги имаа заеднички понесено, се прегрнаа тука старечки со растреперени усни и замрен глас, а по лицето и на двајцата им забраздија бликнатите солзи. Можноста да се помине грчката граница без визиран пасош, пак, беше судбински предодредена. Ова беше прва можност за Егејците родени таму. Сава чекореше напред, во моментот се враќаше назад. Вани остана со дождот во очите и пораките: "Чувај се Саво! Така е пишано, ќе те чекам да се вратиш, биди жива и здрава, таков ни е к'сметот. Никогаш заедно да не ја минеме границата".

Сава продолжи сама. Уште еднаш го сврте погледот на назад, ги виде размафтаните раце за поздрав и ги чу разнижаните зборови на Вани: Поздрави ги сите и во Цакони и во С'ботско, а да одиш и при сетра ми Неша во Костурни, да одиш и до Воден... и да си дојдиш, Саво-о!"

Ова е за прв пат Грција да допушти Егејците да можат да ја поминат границата за Грција, со рок за престој од пет дена за Велигден, а во пресрет за вториот избор на Андреа Папандреу за претседател на Грција.

На грчката граница "прс и плева", игла нема кај да пуштиш. За половина час и граничниот премин ќе го затворат. Ами ако не успее да помине, за каде ќе е? Ни за напред ни за назад. Во рацете го стискаше пасошот и во него листот за грчка виза, а во душата и' се пресели стравот за неизвесноста. Во мигот мислата и светна! Почна упорно да се пробива низ толпата луѓе. Некои негодуваа, други ја пропуштаа, ја опоменуваа да не ги налути цариниците оти никогаш нема да помине. Сава им повторуваше оти сака нешто да праша. И праша, ама на грчки јазик. Цариникот ја ислуша кратката приказна за голема желба на Сава, да си ги види своите. Цариникот и' го зеде пасошот и ја праша од каде е, каде оди и при кого оди? Сава како од пушка одговараше на секое прашање: "Его име Елисавет, име а по тин Хриса, та пао стин аделфос ќе аделфис...("Јас сум Сава од Цакони, ќе одам при братот и сестри ми). Цариникот отиде во една друга просторија и по извесно време се врати со пасошот и потврда со која можеше Сава да помине. Цариникот љубезно и' рече: "Кало дромо, ќе кало перасе! ( Добар пат и добар помин), подавајќи и' го пасошот. Сава му заблагодари и се збогува, пробивајќи се меѓу народот да излезе надвор. Се прекрсти и во себе си рече: Како Господ никој не е! И со Господ напред...самошто не си дорече, во тој момент ги здогледа Нуновите од Градско.

Ноќта одамна се беше напластила и стануваше погуста. Во селото ШТАМА! Стигнаа некаде пред полноќ. Брмчењето на "Москвичот" ја наруши ноќната тишина. Од некаде се огласи лаеж на кучиња. Ноќта свежа и мирислива со sведено небо и полната месечина беа единствените сведоци на ова враќање во селото. Белица скокотливо гргори под новиот мост на С'ботско, а Цакони е веќе споено со градот. Нунот Вани прв зачекори над Земјата. По него излезе нуната Цана и другите. Беа петмина. Чудно чувство-земјата како да не ги држи. Сава поревајќи се одвај се додржува. "Кумбаро", Нунот Вани тивко и со шепот и' се обрати на Сава: "Почекајте тука, јас ќе тропнам на првата порта, овие се сигурно некои од нашите". МИГ, чиниш ВЕЧНОСТ!

По тропнувањето на портата се виде светло на горниот кат од куќата. Се чу глас: "Пјос ине?" (Кој е). Нунот Вани му одговори на македонски и му кажа кои се. За миг целата куќа блесна во светлина. Штамата распукна како калинка во мракот. Се чуја повици, џагор, мешање на говорот. Човекот што излезе да ја отвори портата не си веруваше на своите очи, па извикна: "Цаконци сте, леле Боже, цаконци се вратија во селото, станувајте луѓе, цаконци ни дојда од Југославија..." Потоа се испомешаа прегратките заедно со солзите. Трајо домаќинот ги канеше да влезат дома му, а гостите беа нестрпливи, ги бараа и сакаа што побргу да си ги видат сестрите и браќата. Трајо се растрча по селото, ја прогласи веста за дојденците. 

Селото Цакони таа ноќ се запали од светлина. Сите беа на нога. Во тоа време пристигнаа во родното село Костадин и Марика Маркови од Кавадарци. Прегратки долги, цврсти прегратки се нижеа. Јани, Митра, Мијка, Неда, Јана, сите се тука, мислиш повторно татко им повторно го стрелаат, а тиа го оплакуваат како да е сега заедно со Кака и Сава. Сава занеме. Зошто јазикот и' се заврза? Зошто нема ни говор ни глас,  а замреното липање предизвикува бура? Бура, која, којзнае дали ќе се стиши?

Зората напукна во Цакони како тресната лубеница на белутракот во Белица.  Зажарена, сочна, слатка од која се цеди алов сок налик на гроздова шира. ВЕЛИГДЕН Е! Трети ден. Во секоја куќа, домаќините пречекуваат гости со црвени јајца вапцани во кромидови лушпи. Сонцето го пречекаа без да мигнат. Сава, со она што остана во неа, навали да одат на гробиштата. Коските на татко и' и на шестмината стрелани во Бер, беа пренесени во Цакони. Коските на татко и' беа погребани до неговата прва љубов и невеста Софија Торбешова. Сава им беше првото чедо. А Софија беше почината кога Сава имала само четири години. Сава кротко клекна од страната на крстот врз кој имињата беа напишани на грчки јазик, а не како некогаш... И така самата нема како гробот, со растреперени дланки ги запали свеќите, ги кладе на двете страни, а другите ги запали и ги остави во камарката да горат. Со зарипнат глас тивко, тивко пригушено заплака. Овде ја оставаше својата тежина. Онаа што можеше да се каже и онаа што ја стискаше во градите да не се излее од грлото. Со молежлив глас го редеше татко и'. Го молеше да и' прости што дури сега и' се даде можност свеќа да му запали...Тука Сава го оставаше сиот чемер, сета болка, сите тајни преговори за делото и борбата во ЕЛАС и за изиграната Револуција во Граѓанската војна во Грција, чија жртва, со плејада Македонци е и тој, нејзиниот татко, Ѓорѓи-Гуши, син на Јованче од Саракиново, по потекло солунчанец. Сега овде на ова место до гробот на татко си и мајката која не ја узна со милоста, си ги редеше и не се обидоа сестрите да ја отргнат од тука, ничкум навалена врз гробот на татко си. Нејзиниот грижлив татко, којсо голема љубов ја милуваше Савка. Сите што беа околу Сава, ја оставија да се исплаче, да и' олесни на душата.

Во четвртокот, во С'ботско  е пазарен ден. Овој пазарен ден наликуваше на панаѓур, се славеше доаѓањето на првите цаконци во селото. Славењето продолжи цела ноќ па се' до првите мугри, кога цаконци ги испратија своите цаконци до Југословенската граница до определениот рок за враќање во Македонија. Сава уште многу долго време остана зашематена, со гласот замрен во грлото и со зборовите: "Се' ми е како сон"...

******************

Автор: Марија Воденска - Штип, Велигден 1985 година.

П.С. Расказот е награден по анонимен конкурс и објавен во в. Нова Македонија 1986 година.

 

Жаклина Михајлова

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************

 

 

 

ЈАС И ЈАС 

 

 

  • Јас и јас
    и многу помеѓу нас:
    молк без причина,
    далечина без мостови,
    време без простори,
    игри без граници,
    поетски брканици,
    црно на бело пишаници,
    коски од други доглодани,
    живот на почек допирлив,
    моменти и спомени собирливи.

    И уште помеѓу нас:

  • тајни непризнаени,
    копнежи неисполнети,
    бакнежи недобакнати
    допири недопрени,
    љубов на моменти,
    сраснатост со трнчиња,
    ветувања напразни,
    пречек без цвеќиња,
    испраќање без порои,
    и, пак, молк, молк и молк...
    Уште колку ли ќе живееме?
    ***********
    Автор: Жаклина Михајлова

Академик А.Шкокљев

 

 Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 6

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛАЦИИ

*****

Од антиката до денес, проучувањето на палеобалкансите и егејските популации зазема значајно место во истражувањата на археолозите, историчарите и лингвистите. Историјата (расказ за познатото, истраженото), како наука, го проучува развојот на човечкото општество. Нејзините почетоци архетипски се јавуваат со првата писменост.

*****************

Најстарите историски податоци ги забележале блискоисточните народи, Еѓипчаните, Хетитите, Вавилонците и др. Тоа го направиле прво на камени, глинен и бронзени плочки, а потоа на папируси. 

Првите информации за "северните" народи (Борејците) се сочувани во египетските споменици кои датираат околу 1400 години пред Христа каде се јавуваат имиња на народите : Дануни, Сакалаши, Шарадони и др. (Childe, 1926 г., 63, 72). Во Хетиските документи за време на кралот Мурсила Втори (1345-1315), како и за време на египетскиот фараон Рамзес Втори (1317-1251), се јавуваат имињата на народите: Шеридани, Луки, Илиуни, Келикиши и Мизи. Следат податоци од  Мернептах (Merneptah) (1225-1215), кој на северните граници на Египет ги победил "северните орди на целиот свет", составени од Луки, Шеридани, Турши (Тирис, митски крал на Тракија), Акаиваши (Ахејци) и Шакалаши. (Thomson, 1954 г., 227, 228).

Неколку години подоцна, 1194 г. пред Христа, Рамзес Трети, во Делтата Нил, ги одбил непријателски напади на "северните" народи, под називите: Данауни, Пелешати, Уашашаи, Такруи. Оваа победа е овековечена на натписот во храмот Мединет Хабу во Теба (Childe, 1926 г., 63, 72).

Меѓу морските народи од север, Мелаарт (1978г., 70-78) ги набројува уште: Неохетити, Фриги и Урартруи, а Страбон (XI, 14, 527, XVI, 1, 23) и Мигдонците од околината  на Нисибис. Хомер (VIII век пред Христа) во својата "Илијада", каде опејува многу јунаци на разни народи на Балканот и Мала Азија, во второто пеење ги опишува ахејските лаѓи (484-785). Како народи ги набројува: Ахеите, Данаите, Аргеите, Минојците и др., додека во тројанските чети (786-877) ги вбројува: Пелазгите, Дарданите, Трачаните, Пеонците, Фригите, Мисиите од Дунав, Меонците, Карците, Ликијците и др. 

Сепак, Херодот (485-424) г. пред Христа) е тој кој како творец на првата историска композиција, во своето значајно дело "Историја", дал попрецизни податоци за создавачите на новата култура на Балканот и егејскиот басен. Овој генијален човек го направил преминот од легендите кон историјата и неговата работа претставува не само високо книжевно, туку и историско дело. Тие значајни создавачи се: Хиперборејците, Јоњаните, Карците, Лелегите, Ликијците, Лувијците, Дарданите, Тројанците, Минијците, Хетитите, Лиџаните, Трачаните, Пеонците, Трибалите, Бригите (Фратите), Мизите, Пелазгите, Македонците и Скитите.

Судејќи според археолошките остатоци од материјалната култура, посебно од ликовната уметност и митологијата, древна Македонија имала значаен и единствен, самостоен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историски, книжевни и антрополошки елементи, кои можат топографски да се лоцираат на географско-политичките простори на Македонија.

Овој пат ќе се задржиме на древните или античките Македонци  кои припаѓаат на семејството на индоевропските народи, кои се творци на неолитската култура на Централниот Балкан во периодот меѓу 6 500-5 500 година п.н.е. Како проиндо-европски народ, Македонците ја населиле "Стара Европа" (Гимбутас, 1982), најпрво деловите на Средно Подунавје. Пото, од Панонската Низина нивните племиња се доселувале на југ и го населувале теснецот на Централниот Балкан по должината на сливот на реката Бистрица, Вардар, Струма и Термајскиот Залив, кога биле создадени погодни климатски услови, по последниот леден период.

Првобитните имиња на нивните племенски организации не се познати. Оисториските податоци се гледа дека нивните етномими, односно филоними (братства или племиња), Најчесто се добивани од географската кофигурација на теренот, т.е. од хоронимите, како на пример: Орести-Горани, Елимеи-Криворечани, Десарети-Шумадинци итнт- Потоа од занимањата, како Алмопии-Солари, Ботиаи-Сточари итн. Во етногенетската еволуција, заедничкото име им станало Македонци, а нивната татковина Македонија. Говорниот јазик на Македонците бил дијалект од палеобалканската глосологија, познат како проиндоевропски јазик на народите на "Стара Европа". 

Зборот МАКЕДОН е од протоиндоевропско потекло (ИЕ) и припаѓа на палеоглосологијата на Балканот (ПГБ). Етимолошки постојат две варијанти. Според првата, како сложен збор, што значи богат, блажен, среќен, добростоечки и суфиксот ар, навистина, точно. Другиот дел кеднос, грижлив, чесен, т.е. благороден. Аналоген збор во Хипербореја е во денешна Мачва во рамницатж меѓу реките Сава и Дрина. Зборот мачва етимолошки припаѓа на палеобалканската глосологија, каде мак е богат, имотен, а фа во фа-го е даде, храна. Овојдел е словенизиран така што "к" е претворено во "ч", додека "о" во "В" па Мачва значи богата земја со храна, па и градот Богатиќ во средиштето на Мачва.

Според втората варијанта, од етимологот Мпампиниоти (1998, 1043), македон потекнува од епитетот македнос, каде зборот маки, макрос, во значење тенок, висок, додека -кедон, кедонес, потекнува од зборот земја, тло, па значењето на овој збор се однесува на првобитниот топоним. Според тоа, Македонија била далеку, високо на север на земјите, а Македонците биле Борејци, а подалеку од нив Хиперборејци. Спротивно на ова Сенц (1910, 503) изнесува дека кеднос значи драг, грижлив, чесен, дар, мираз.

Во слободен превод, зборот македон би значел господар, домаќин, газда, богаташ, чорбаџија, додека Македонија била земја на господари и богаташи, односно мак-богата, земја.

  Продолжува

 

Kind regards : 10 мај 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 212

ВИДЕОТЕКА

*************