НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ РАЗБУДИ СЕ !

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, РАЗБУДИ СЕ...!

******************

Недела 5 мај 2019 година е денот на големата одлука која треба да ја донесеме.  Да се одлучиме за вистината, лагите или самоволната капитулација. За Македонија или Република Северна Македонија!  Да му докажеме на целиот свет дека имаме доволно сила и мудрост да излеземе  на крај со сегашната положба во која учествувавме и самите со нашата пасивност. Но и заради слепата верба во демократијата која ни ја продаваат "пријателите" и "стратешките партнери". Ни продаваат нешто што не се продава, туку се создава со сопствена работа и чесност.

Сме биле и во полоши ситуации во времињата кога нашите предци се бореа за обновување на македонската држава. Па секогаш  нашле излез. Се бореа, а многу од нив не стигнаа до целта. Ги положија своите животи за она што ние денес, се' уште го имаме. Го имаме, ама сметаме како да не  е наше, па и затоа се однесуваме недомаќински. Му дозволуваме на секој натрапник да влезе и слободно да излезе откако ќе скубни нешто од нашата Татковина. Ама вистински боли кога самите се продаваме и си плукаме во сопствените лица, сметајќи дека дожд паѓа. Боли, зошто тоа доаѓа од оние, кои би требало да се авангарда и во првите редови за одбрана на македонските национални интереси. Оние, кои имаат и знаење и статус во македонското општество. Имаат се', само храброст и љубов кон самите себе си и Татковината не'!  Имаат се', ама достоинство не' !

Многу од нив, не вбројувајќи ги оние како Зоран Заев и неговите пијани Јокици зошто се најобичен жгам, со своите нездрави совети  само го доведуваат Македонецот во заблуда и во положај на безизлезност и пасивизација. Во немоќ и страв од ЕУ и НАТО, како алиби за својот кукавичлук и неспособност да го поведат својот сопствен народ во одбрана на  минатото, за да имаме достоинствена иднина. Да станат простум пред својата одговорност,  да внесат надеж, самоувереност и одлучност кај народот, кои ги храни. Oд предавници, изроди и нелуѓе, за кои е срам да се биде ПАТРИОТ, нема фајде. Тие и така отидоа одамна по Ѓаволот, па очекуваат и сите ние да ги следиме до нивниот пекол, кој допрва би требало да го почувствувамe. Ако им дозволиме!

Многу познати колумнисти, теоретичари, аналитичари, поранешни високи функционери и воспитувачи на македонските деца ги полнат јавните гласила со своите размислувања и претпоставки што ќе ни се случело ако било вака или така, ама самите не се  подготвени  да сносат дел од одговорноста , туку затскриени зад ќошот го чекаат исходот од борбата која следи. Го осудуваат однесувањето и на едната и на другата страна од македонскиот корпус, ајде да речеме народ, ако не гласале за едниот или другиот кандидат во претседателскиот натпревар: Пендаровски или Силјановска. Ама "бојкотирачите" им се трн во очите, бидејќи немало да успеат, како и со референдумот на 30 септември 2017 година. При тоа споменувајќи ги другите "правни" можности со кои Заев и Џафери би можеле, сепак, да се  послужат за да им ја свиткале кичмата на Македонците за да се предадат, без борба. 

И со едниот и со другиот избор, Република Македонија ќе ја снема за секогаш, зошто и едниот и другиот кандидат работаат за Република Северна Македонија и се две лица на истата пара, само секој од нив со своја стапица. Ќе ја снема македонската држава, идентитетот на Македонците и националното достоинство, и тоа на срамен и длабоко понижувачки начин. 

Пендаровски е барем отворен што намерава да прави ако биде нов Претседател на Република Северна Македонија, ќе ја допродадел Република Македонија и ќе ја цементирал новокреираната држава. А пак професорката Силјановска исто така како Претседателка на Република Севрна Македонија ќе го задржи статусот кво, зошто тоа е дело на институциите кои таа ги почитува, ама  со правни средства  ќе се обидела да го "врати" изгубеното, до колку ќе и' успее. Ако не,  ќе го изеде волкот магарето, а таа за тоа не ќе сноси  одговорност!

И сега, драги мои, што ни останува? ПА МАСОВЕН И ОДЛУЧЕН БОЈКОТ! Но и седење на заедничка маса на сите здрави македонски сили и одлучување за иднината на македонската држава. А за предавниците, тоа што заслужуваат! Но и за провокаторите од албанскиот арогантен и циничен корпус! Па "коме опанци, коме обојци"! Што вели изреката на нашиот северен сосед!

За секогаш, Ваш Сотир!

Ристо Никовски

Ристо Никовски - поранешен дипломат

БУГАРИЗАЦИЈА СО НАША ПОМОШ

*****************

 

Додека сите ,(не само) на Балканот, си измислуваат митови, ние сме шампиони во негирање на нашето минато. Пред Втората светска војна, сите наши дејци, кои во текот на околу еден век живееле во Бугарија, немале друг избор отколку да се пишуваат дека се - Бугари. Денес, под влијание на пропагандата од Софија и на другите центри, наши умници заклучуваат дека тие не можат да бидат Македонци и сега дури преговараат со Софија околу нив и тоа на крајно понижувачки начин! Тоа е резултат на нашиот поданички менталитет при што имаме свое мислење ама не се согласуваме со истото тоа. Зарем некому не му е јасно дека тие луѓе живееле во Бугарија што никогаш, освен за време на Димитров, не признавала дека постојат Македонци како одвоен народ, со свој јазик и историја...?

Зарем некој не разбира дека во тие времиња да се декларираш како Македонец и со тоа да се удираш во гради значело губење работа, прогон, робија ако не и нешто посурово? Впрочем, сите имале бугарско државјанство, документи, пасоши... во кои морало да пишува дека се Бугари. Биле плаќани од бугарскиот буџет... Исто било и во окупираната Вардарска бановина по Балканските војни, каде што Македонците морале да се пишуваат - Срби и да менуваат име и презиме. Паралелно едните биле посрбувани, а другите бугаризирани. Сепак, не била коректна поранешната практика кога на местата каде што пишувало дека тие луѓе се Бугари, сме ставале -Македонци. Тоа не смеело да се прави, туку требало да се објаснува зошто морале да се декларираат и зошто немало никаква можност да биде поинаку. Вапцаров, на пример, на многу софистициран начин порачува: "Оваа земја не е моја земја".

Во историските анализи мора да бидат вклучени времето и условите во кои живееле и работеле тие луѓе. Иако биле Македонци, тие и како учители не можеле да предаваат на македонски јазик ниту во училиштата во Македонија, која била окупирана и народниот јазик бил забранет. Поаѓајќи од горните факти, за нас не треба да има никакви дилеми: секој од нашите дејци, кои живееле и работеле во Бугарија, АКО САМО ЕДНАШ, ВО КАКВА БИЛО ПРИГОДА РЕКОЛ И СЕ ИЗЈАСНИЛ ДЕКА Е МАКЕДОНЕЦ, ТОЈ МОРА ТАКА ДА СЕ ТРЕТИРА. Присилен, претходно и потоа тој можел 10 илјади пати да се "прогласи" за Бугарин без тоа да има историско значење. Едноставно, немал друг избор без да си ги загрози работата, животот, семејството... Мора да ни биде кристално јасно дека само тогаш тој ја кажувал вистината, која во сите други пригоди морал да ја крие.

Тоа мора да биде нашиот начин на дефинирање на Македонците што живееле во Бугарија. Доволно е само еднаш секој од таа плејада важни и историски личности да си ја откриел душата, да ни прател ишарет кој е и што е, за да немаме никакви дилеми.

Немало никаква потреба постојано да се докажуваат. Според американскиот претседател Линколн, клучно правило во немирни времиња и војни е да го присилиш противникот да загине за неговата земја, а не ти за својата. Најважно за нашите дејци во Бугарија било да преживеат, бидејќи само така ја продолжувале националната мисија. Сосема спротивно - АКО ТАКА НЕ СЕ ЧУВСТВУВАЛ, НИКОЈ, НИКАДЕ И НИТУ ЕДНАШ НЕ ЌЕ КАЖЕЛ ИЛИ СПОМНЕЛ ДЕКА Е МАКЕДОНЕЦ!

За Бугарите што го игнорираат нашето постоење како народ, нема посилен аргумент од фактот дека "македонското прашање" е речиси 200 години актуелно, вклучувајќи и денес. Не е можно да нема Македонци, а да има прашање за нив! Во Белград ја читав оригиналната белешка од разговорот на Крсте Црвенковски со Тодор Живков, воден во мај 1967 година во Софија. Црвековски го отворил прашањето, а Живков реагирал со: "А што да правам јас кога половина Политбиро ми се Македонци?" Македонци, значи, имало ама немало услови да бидат признаени. Тие се етаблирале и во највисоките врвови, ама само по целосното бугаризирање. 

Историската бескрупулозност веќе и' донесе одредени резултати на Бугарија, а сега, по многу нешта, работите повторно се одвиваат во нивна корист, а ние не го искористивме периодот кога можеше и мораше нешто да се стори.

По распадот на Југославија, САД  се подготвени да го затворат "македонското прашање", со бришење на Македонците и Бугарија прави се' за максимално да профитира. Засега успеваат, ама од нас зависи до кога ќе трае тоа.

Многу од врвните македонски дејци живееле и твореле во Бугарија бидејќи македонска држава немало, а, по многу нешта, Бугарите се секако најблиски до Македонците. Таму се школувале, вработувале, создавале семејства... Бугарската држава им го овозможувала тоа, за што заслужува почит ама, истовремено, подмолно и со сите сили се обидувала да ги направи Бугари. Иако средства не се избирале, калкулациите на Софија не се поклопувале со стремежите на големиот број Македонци. Тие, пак, биле свесни дека нивниот македонизам не бил прифатлив за бугарската држава. Затоа, цело време се преправале и криеле и секаде каде што морале да се декларираат пишувале дека се Бугари, а се' во обид да ја надиграат државата, Тоа е суштината во која битисувале најголемиот број што живееле во Бугарија. 

Историски факт е дека бугарските аспирации кон Македонија и Македонците се вековни, а големото присуство на врвни македонски дејци кај нив било нивна голема појдовна предност за реализација на националистичките интереси, а не само блискоста на двата народа. Од исти причини, на многу сличен агресивен начин кон Македонците се однесувале  и Србите и Грците.

Краток период по Втората светска војна, во времето на Ѓорѓи Димитров, Бугарија ја сфати неиздржаноста на своите историски синдроми. Македонците во пиринскиот дел тогаш добија право да се декларираат тоа што се, следено со образовни, културни и други права, а се зборуваше дури и за присоедување на овој регион кон Македонија. Состојбите сосема се променија откако СССР ги прекина односите со Југославија, во 1948 година. Цената на Информбирото ја плати Македонија. Софија целосно ја промени својата политика и продолжи со неодржливо игнорирање на Македонците и нивното посвојување.

Прашање е како ќе завршеше и Граѓанската војна во Грција ако не дојдеше до прекинот со Москва. Голем дел од логистиката за Демократската армија на Грција - ДАГ, која се бореше со владините сили, одеше преку Југославија. Помагаа и Софија и Тирана ама Белград беше клучен. Во тоа имаше и логика и симболика бидејќи сериозен процент од борците во ДАГ беа Македонци од егејскиот дел на Македонија. Ним им беше ветено дека ќе ги добијат правата што униврзално им припаѓаат и тоа беше мотив за нивно активно учество во војната. Во периодот што следуваше, народите на Југославија имаа корист од раскинот со СССР ама тоа беше погубно за интересите на Македонија.

Од 1948 година до денес, со политика на негирање на се' што е македонско, огромен дел од Македонците во Бугарија се веќе асимилирани. Слично е и во Грција и Албанија. Сега, на ред за асимилација сме ние од поранешната Вардарска бановина. Ако на време не се освестиме и не се одбраниме, истата судбина не' чека и нас.

Очигледно под директива на власта, ама и на странскиот фактор, кој ни ја крои судбината, по потпишувањето на капитулантскиот договор со Бугарија (2017), во нашата јавност има анализи, колумни... кои водата ја тераат кон бугарската воденица. Средства не се избираат. Меѓу лидерите е Денко Малески, кој скоро секој текст, а ги има секодневно, пишува за македонскиот национализам како причина за проблемите со соседите. На линија на неодрживата бугарска и грчка теза и тој тврди дека македонската нација е создадена во текот на Втората светска војна. Макар имплицитно, тоа значи дека претходно немало Македонци. Тоа може да биде и некаква "научна" еквилибристика на авторот дека, демек, некаков (див?) народ можеби имало и пред тоа, што тој не го спомнува како факт, ама во текот на војната истиот тој се "цивилизирал" и станал нација! Со помош на Тито, се разбира.

Поголема глупост, здравје. Впрочем, ако навистина Тито во текот на војната и веднаш по неа "создал" или "измислил" македонска нација кај нас, како Малески и нему сличните ќе го објаснат фактот што на попис во Бугарија, во 1956 година, над 180.000 лица се идентификувале како Македонци? И нив ли Тито ги "инфицирал"? Или, им "шепнал" така да се изјаснат? Интересно би било да се објасни како тие национално се "освестиле" за време на фашистичка Бугарија?

Да не беше трагично, ќе беше смешно!

За крај да повториме уште еднаш: како што изгледа, според веројатно американско сценарио, војна на Балканот веќе нема да има, а тоа значи ниту насилно менување на границите. А нас Македонците, откако официјално не' разнебитија како народ и не' оставија без свои национални институции и симболи, постепено ќе не' "освестуваат" што сме и се' повеќе ќе не' фрлаат во прегратките на Софија. Тој процес е започнат и ќе тече преку заеднички прослави на историски настани додека албанското обединување веќе никој не може да го спречи. Дали некој во земјава ќе го сфати сево ова и ќе преземе нешто за да се исправат историските грешки, е друго прашање.

********************

https://www.novamakedonija.com

25 април 2019 година

Марија Воденска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************

 

ТАГА ЗА МОЕТО СЕЛО

 

  • Кога денот на залез
    во неповрат јазди
    О, најсветла sвездо
    од небото слези
    позлати го патот кон
    моето детство
    и покривот росен со
    илјада сонца,
    да sирнам во куќата
    моја, затревната
    порта.

    Да sирнам над
    моето село
    Јагниња во стадо
    кога блеат,
    кога од мајчино
    млеко ги делат
    кога sверот демне
    зад блиската бука
    а плачот се слуша
    дури до тука.

    Кога денот кон залез
    во неповрат езди,
    О, најсветла sвездо

  • од небото слези
    и слушни го мојот
    повик во ноќта!

    Далеку сум, ох, до
    небото далеку од
    дома,
    бескрилата птица
    што гине од својата
    песна
    а за слобода имам
    сал долина тесна.

    Запрете води!
    Запрете ветрови
    бесни!
    Запрете и вие
    снегулки бели, лесни
    тага во душа се
    пласти, ко' в падина
    лутиот снег
    јас умирам тивко в
    пазуви меки, на
    осамен брег.
    ************
    Автор: Марија Воденска/ Делова-Дургутова/ 25 март 1968 г.

 

 НАД ОВОЈ ГРОБ НЕ ТАЖИ

СЕКОГАШ ИМА ИЛИНДЕНИ - САМО ДА ИМА МАЖИ!!!

  • Јас паднав и не жали ме,
    ниту го барај моето име во тревата.
    Јас паднав за Родината,
    зашто Родината света
    поскапа е од мајка
    на мајките таа е мајка-
    Жална Македонија!

    Телото и' го распарчија
    алчни, побеснети пцишта,
    со кундаци и ками
    името и' го ништат.
    Јас паднав, но не жали ме,
    ниту гo барај моето име во тревата.
    Јас паднав за Родината,
    зашто Родината света
    помила е од мајка,

  • на сите сираци мајка,
    на сите вдовици мајка-
    Жална Македонија!

    Ти само расти и помни:
    кој ти го уби дедо ти,
    кој ти го закла татко ти,
    кој ја обесчести мајка ти,
    кој ти ја запали куќата,
    кој ти го украде сонот,
    кој ти го грабна залакот-
    а кога ќе ја откопаш
    мојата стара берданка,
    не жали дека паднав-
    јас паднав за Родината,
    туку префрли ја на рамо
    и фати ја планината!
    **************
    Авторот: непознат

 ___________________***********__________________

Славе Катин

Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 5

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ "ЦЕРЈЕ" КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ "КОКИНО", КУМАНОВСКО

*********************

При истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење, археологот Милош Билбија во 1982-1983 година, открил тркалезен керамички печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС со кружната периферија на артифактот и на самата тркалезна површина на пеатот. 

Мегалитната опсерваторија во Кокино, пак, се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 година американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четврто место.

******************

Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот "Церје" кај селото Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982-1983 година, при истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење открил тркалезен керамики печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат НАТПИС по кружната периферија на артефактот и на самата тркалезна површина на печатот.

 

ПЕЧАТ ОД ГОВРЛЕВО

Општата композиција на натписите од печатот има СОЛАРНА И КОСМОГРАФСКА СИМБОЛИКА составен со ПИСМЕНИ ЗНАЦИ на древното МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и на ДРЕВЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Во површината на кругот е КОСМОГРАФИЈА во вид на КОНЦЕНТРИЧНИ КРУГОВИ со графеми и лигатура од синтагмата, која дешифрирана  од десно на лево и соодветно траскрибирана со букви од современата кирилска азбука гласи: "СЛ С БО СМ", а тоа на современ македонски литературен јазик ќе рече: "САЛ СО БОГА СУМ" или "САМО СО ГОСПОД СУМ", односно со поинаква семантика: "АЛ СО БОГОТ САМ" или "САМО СО ГОСПОД САМ".

На тркалестата површина по должината на кругот, т.е. на периметралната тркалезна бочна страна на печатот е изгравирана истата синтагма, но со калиграфски стилизирани букви од ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА АЗБУКА, кои и ги формираат ПИСМЕНИТЕ ЗНАЦИ на таканареченото ТАЈНО МАКЕДОНСКО ПИСМО што се користело за одделни МИТОЛОШКИ или ВЕДСКИ ЛИГАТУРИ, за бележење на ТАЈНИ ПОРАКИ или СИМБОЛИЧНО ЗАПИШУВАЊЕ на РАЗНОВИДНИ БОЖЕСТВЕНИ ИСКАЗИ, а во случајот на керамикиот печат од Говрлево, каде што се оштетени првите две графеми, тајниот запис на синтагмата "СЛ С БО СМ" - СО БОГА СУМ".

Од бронзеното време (3.000-1.200 год. п.н.е.), веројатно, околу 1.500 год.п.н.е. потекнува праисторискиот БРОНЗЕН ПЕЧАТ од локалитетот "Церје" кај Говрлево близу Скопје. На елипсовидната основа на печатот, покрај аплицираниот ЗРАЧЕН СИМБОЛ на ДВАНАЕСЕТКРАКО СОНЦЕ, кој композициски е оформен со релјефна контируирана цик-цак линија која создава 12 триаголници како 12 зраци на СОНЦЕТО, има и древен македонски натпис, кој е напишан со графеми на праисториско МАКЕДОНСКО ФОНЕТСКО ПИСМО и оддесно налево се дешифрира и транскрибира како "SНЛ", а тоа ќе рече "SИНАЛ", "SИРНАЛ" во смисла на "ВИДЕЛ", "ПРЕГЛЕДАЛ".

На двете тркалезни страни од пирамидалната форма на печатот, покрај СОЛАРНАТА СИМБОЛИКА во вид на КРУНА со 6 ЗАПЦИ (ТРИАГЛЕСТИ ЗНАЦИ), кој може да се дешифрира оддесно налево и како синтагма: и да се дескрибира како "МИ ИМ" и оддесно налево да се чита како "НИЕ НИМ", на лента со развиена должина од 5,0 цм и висоина (Ширина) од 1,5 см а зачуван релјефен натпис, напишан со писмени знаци на древно МАКЕДОНСКО ГЛАСОВНО ПИСМО и на древен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, со издвоени синтагми и кои се дешифрирани оддесно налево и соодветно транскрибирани со букви на современата македонска азбука значат: "КСИ ИЗ ПСД" и "ЛСИ ИЗ ПСД" во смисла "КУСИ (КУСИОТ) ОД ПСД" и "ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПСД". Поимот "ПСД" во тоа дамнешно време, кога уште не биле отворени вокалите за сите слогови на зборовите, веројатно, знаел, "ПУСАТ" што на архаичен македонски јазик значи "ОРУЖЈЕ", "ВООРУЖУВАЊЕ" или "ПОСАДА" што денес во македонскиот литературен јазик значи "ГАРНИЗОН ВО ТВРДИНА, МЕСТО".

Ако знаеме дека во непосредна близина на селото Говрлево се наоѓа тврдина од пред римскиот период, а енеолитската населба на Корни Град од Скопската тврдина датира од 3.500 до 3.000 година п.н.е. тогаш станува јасно дека БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од "Церје" им припаѓал на ЗАДОЛЖЕНИ ЛИЦА од МАКЕДОНСКАТА ВОЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА, кои во XV век п.н.е. пред 3.500 години имале овластување да прегледуваат и потврдуваат договори или трансакции на територијата на  ГОРНА МАКЕДОНИЈА или ПЕОНИЈА близу Скопје што била под контрола на ПОСАДАТА од тврдината во Говрлево, а можеби и од Скопје, па затоа интегралниот текст на натписот од БРОНЗЕНИОТ ПЕЧАТ од "Целје" близу Говрлево од Васил Иљов чиј што дешифрирани оддесно налево и соодветно транскрибирани со графеми од современото македонско писмо графитите значат: "SНЛ КСИ ПСД", односно "SНЛ ЛСИ ИЗ ПСД" што на современ македонски литературен јазик го имаат следново значење: "SИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПУСАТОТ" или "SИРНАЛ КУСИ (КУСИОТ) ОД ПОСАДАТА" и "SИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПУСАТОТ" или "SИРНАЛ ЛИСИ (ЌЕЛАВИОТ) ОД ПОСАДАТА".

Интересно е да се истакне дека името ЛСИ (ЌЕЛАВ) денес во Украина фигурира како корен на некои презимиња, да речеме, ЛИСЕНКО, ЛИСОВСКИ и т.н., а во Македонија името ЛСИ или ЛИСИ (ЌЕЛАВ) и ден денес може да се сретне како корен на следниве презимиња: ЛИСИНАЦ, ЛИСИЧОВ, ЛИСИЧКОВ, ЛИСОВСКИ и т.н. додека името КСИ (КУСИ) денес може да се сретне во Македонија во форма на корен на многу презимиња и тоа: КУСАКАТОВ, КУСАКАТСКИ, КУСАКОВСКИ, КУСЕВ, КУСЕВСКИ, КУСЕМИЛЕВ, КУСИНИКОВ, КУСИТАСЕВ, КУСИТАСЕВСКИ, КУСАРОВСКИ, КУСКИНСКИ и т.н.

Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во атарот на Општина Старо Нагоричане, на околу 50 километри воздушна линија од Скопје, односно 35 километри оддалеченост од Куманово. Таа е поставена на врвот "Татичев камен", а името го добила по најблиското село Кокино.

Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 година, а во 2002 година се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово, предводени од аргхеологот Јовица Станковски. Таа е датирана во 1800 година п.н.е., односно раното бронзено време.

Магалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврнувањето на лавата која истекла од вулканси кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневница, рамнодневница и долгодневница, како и нивните отстранувања. Сонцето, всушност, само на рамнодневниците - на 21 март и на 21 септември - изгрева точно на исток и заоѓа на запад. Потоа постепено има отстапувања до 45 степени.

Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните карпи во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Соцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделието и сточарството.

Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика. Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта, туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на карпите се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол каде што најверојатно, седеле старешините и водачите на племето.

Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 година американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четврто место.

Првите четири опсерватории според НАСА се: 1. Абу Симбел-Египет. 2. Стоунхеинџ-Велика Британија. 3. Ангкор Ват-Камбоџа- 4. Кокино-Република Македонија.

Продолжува

 

Kind regards: 04 мај 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 211

ВИДЕОТЕКА

***************