ПОРАКАТА Е : ЌЕ ВИСИТЕ !

СОТИР

 Сотир Гроздановски-Македонски

ЗОШТО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО БОЈКОТИРА ?

**********************

 

Па затоа дека водата е веќе дојдена до грло и ни се заканува со давење. Ама не поединечно, туку цел еден народ. НАШИОТ! Има премногу играчи во оваа нечесна игра со нашата судбина. Но најглавни актери се властодршците од СДСМ и Зоран Заев во улога на премиер на владата македонска, но и претседател на СДСМ. Тие се главните, ама ни таканаречената Опозиција со ВМРО-ДПМНЕ и тесното раководство со Христијан Мицкоски не заостануваат зад нив. И ако не толку јавно како Заев, ама сепак и тој е во оваа игра. И тоа до гуша! 

Трите тенори од првиот круг на претседателските избори во Македонија, Стефо Пендаровски од СДСМ, потоа Блерим Река од албанскиот корпус во Македонија и на крајот Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ,  се обидоа да ги убедат своите гласачи дека баш тие се најдобрите кандидати за нов Претседател на  Република Северна Македонија. Во тоа делумно и успееја, секој од нив, на свој начин.!

Вториот круг би требало да исфрли на површина еден од нив кој ќе стане на чело на таа Република Северна Македонија. Но, затоа треба да се изборат до 5 мај 2019 година. 

Следејќи ги кандидатите од почетокот на нивните официјални и пред нив неофицијални контакти со потенцијалните гласачи, но и политиките на Зоран Заев со неговите договори за добрососедски односи со комшиите, особено Бугарија и Грција, македонските иселеници ширум светот со право се определија за бојкотирање на овие претседателски избори. Бојкотирање, зошто и тие се меѓународна стапица со домашна ежка!

Некоректното однесување спрема иселеништвото, доведе до недоверба и затегнати односи, кои ескалираа посебно со договорите. Како да не му беше доста обезличувањето на Република Македонија со промена на Уставот, изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, и редица други штетни чекори во насока на тотално уништување на нашата Татковина. Заев отиде многу подалеку и од тие велепредавства.

Одрекнувањето од македонските иселеници во соседните балкански земји, Грција, Бугарија и Албанија, со пишани договори, им   дојде како  сол на никогаш не зацелената рана. Особено кај Македонците во егејскиот дел на Македонија и Бугарија, каде немаат никакви национални права, во духот на меѓународните правни норми. Овој не цивилизиран акт е дел од робосопственичкиот поредок кога царот можеше да купи и да продава робови. Но не и цели народи! Тоа му успеа само на гангстерот Зоран Заев од Муртино, зошто заслужува БЕСИЛКА!

Несмасните изјави на Христијан Мицкоски и неговите соработници во ВМРО-ДПМНЕ ја разнишаа уште повеќе довербата во оваа македонска политичка организација во очите на Македонците дома и надвор. АКО СЕ ФОКУСИРАМЕ НА МИНАТОТО, ЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ ИДНИНАТА, вели Мицкоски. 

Ако е тоа така, значи се' што зборува нивната кандидаткиња Силјановска дека ќе ја брани Република Македонија, а не Република Северна Македонија не држи вода. Како ќе ја брани нашата иднина без нашето минато? А со потврдување на  Република Северна Македонија со дадената заклетва (до колку биде избрана за претседателка) и уверувањата дека од ЕУ и НАТО немало бегање, таа само ја легализира државата за која се кандидира за нејзин челник/чка.  И тоа е се'! Со сето тоа што и' е ставено на нејзиниот грб како товар од сегашниот претседател, на Република Македонија, е само лук и вода и бегање од неминовната одговорност за велепредавството на Ѓорге Иванов, вистинскиот Претседател на Република Македонија кандидиран од ВМРО-ДПМНЕ со претседателски стаж од два мандати  и удобен престој во палатата на ВОДНО! 

Вака ли ќе ја дочекаме : НОВАТА ЗОРА НА СВОБОДА' ТА! - господине Мицкоски?

Тоа значи драги мои само потврда, дека играта не е од денес, туку од многу поодамна и тоа со активна меѓусебна соработка! Не е за џабе довербата на ХАН во Христијан Мицкоски дека нема да дозволи БОЈКОТ! Оваа епизода во умирањето на Република Македонија би требала да биде последна и за секогаш. Точка!

ЗАТОА И СЕГА МИСЛАМ ДЕКА :

САМО  МАСОВНА ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ МОЖЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДА ЈА СПАСИ!

За секогаш, Ваш Сотир!

Александар Русјаков

 

Александар Русјаков

ШТО АКО ?

*****************

 

Гога победи во вториот круг. Добивме жена претседател. Октроираната власт доживеа колапс. Секако дека го погазија дадениот збор. Алчни, неспособни и деструктивни одбиваат да распишат предвремени избори. Си продолжуваат по старо. Тендери, задолжувања, терор врз неистомисленици. Во меѓувреме глобалистите доживеаја гаден пораз од суверенистите на парламентарните избори во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ го користи овој период, работи на терен, зацврстува позиција. Движењето БОЈКОТИРАМ се ребрендира во политичка партија со цврста национална програма. Нашето иселеништво се обединува.

Создава влада во егзил на Република Македонија. Вака етаблирани започнуваат да вршат притисок на сите можни нивоа насекаде низ светот. Доаѓаат избори. СДСМ доживува пасокизација. Целосен дебакл. И го заслужија тоа поради сите велепредавства. Сега власта е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, партијата на поранешното движење БОЈКОТИРАМ, Алијансата на Албанците. Започнува вистинска соработка помеѓу државата и иселеништвото. Стартува судски процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Затоа што беше поништена референдумската волја на граѓаните. Беше создадено двотретинско мнозинство на криминален начин по пат на уцени, закани и амнестии. Потпишан е договор со кој се погазени сите уставни одредби. Затоа судот во Хаг го поништува Преспанскиот договор. Паралелно кај нас се спроведува целосна реформа во судството. Уставниот суд ги укинува сите антиуставни договори. Особено Преспанскиот. Република македонија е повторно жива. Внесен е амандман во Уставот. Никој повеќе под надворешен притисок и уцена не може да ги промени името и идентитетот. Потоа продолжуваат да работат за оправање на државата.

Телефонот ме разбуди од убавите соништа. Погледнувам низ прозорецот. Надвор Стево врти сиртаки. Среќен е. Победил на избори. ВМРО-ДПМНЕ си ја мава главата затоа што не биле доволно јасни пред народот околу своите ставови. БОЈКОТИРАМ претура бројки од шупливо во празно за да пресмета како се случил цензусот и пишти...на Фејсбук. Иселеништвото, како и ние тука, продолжува разединето да си тера некаква битка со ветерници. Повторно, како илјадапати досега, победи антимакедонската кауза. Вака некако ќе биде како што стојат работите на терен.

Се изедовме меѓу себе. Го разјадовме патриотското ткиво, кое се обедини околу референдумот. Не ги искористивме неспособноста и ароганцијата на октроираните политички марионети. Поинтересно ни е да се тепаме меѓу себе. Не се најде никој да се сети ниту во опозицијата, ниту кај бојкотачите, да повика да се седне на маса, да се направи џентлеменски договор. Заедничка стратегија. Секој секому УДБ-а му е. И удобно ни е така.

Пред првиот круг добивав различни совети и прашања. Треба да излезеш да гласаш, ми вели пријателка, искрен патриот. Остај ме на раат, и' велам нервозно. Не те гледам да ја подржиш нашата кампања за бојкот, ми вели пријател, искрен патриот. Глеј си работа, му истресувам грубо. Аман човеку, кажи што да се прави, не' избезумија, ми вели непозната жена на улица. Такви сме најмногу. Оние што не избезумија. Оние на кои не ние се' јасно за разлика о другиве што се убедени дека се' знаат. На Фејсбук. Послушај си го срцето, одговарам, и не ги тероризирај другите со одлуката што ќе ја донесеш. Ниту ги вреѓај оние што донеле поинаква одлука. Кога веќе не сме способни да се договориме.

Ме нервираат вмровците, нивната нејаснотија и недореченост, кокетирањето со Европската Унија. Ме нервираат бојкотирачите, нивната агресивност и гнев, ако појачаат уште малку, ќе го стигнат наративот на хистеричната шарена интелектуална бижутерија. Најмногу ги разбирам оние што молчат, кои се збунети, кои не вршат вербално насилство врз другите, затоа што внатре во себе чувствуваат дека душата им е распната.

Што направивме Господи, свикувам искрено во мислите. Одговорот ми доаѓа веднаш. Во мислите. Ви ја срушија куќата. Вие ги зедовте камењата и почнавте со нив да си ги кршите главите. А можевте од тие камења храм да соsидате. Искрено ви велам, тоа се зборовите што минаа низ мене, откако во сбе го поставив прашањето. Премногу нејаснотии ги измачуваат луѓето. што ако гласам, ако победи Силјановска, ако сето тоа е затоа што ВМРО-ДПМНЕ договорило бетонирање на Северџанистан со ЕУ и НАТО? Што ако гласам да победи Пендаровски, а мојот глас обезбедил цензус за такво нешто? Што ако не гласам, ако пропаднат изборите, ама власта употреби едно од трите можни сценарија: собранискиот спикер станува в.д. претседател, се направат уставни промени за избор на претседател во Собранието, се изгласа намалување цензус, што сум направил тогаш? Што ако не гласам, а сепак има цензус и победи Пендаровски? Премногу прашања, премногу нејаснотии.

Мене ми се мотка низ главата уште едно сценарио. Излегувам да гласам. Победува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателката веднаш  ја започнува правната битка за враќање на уставното име. И ја продолжуваме борбата. Или Гога победува, но заедно со партијата што ја кандидра, ги изневерува очекувањата на оние што никогаш нема да ја признаат нелегитимната Северна Македонија, а тоа дава можност сурово да бидат казнети со игнорирање на следните предвремени или редовни парламентарни избори. Поедноставно кажано, океј, ќе ве изгласаме, ама пазете, ене кај се изборите. Јас мислам редовни, оти по катастрофата со СДСМ од првиот круг, не верувам дека ќе распишат предвремени. На крајот на краиштата, кај нив никогаш и немало демократски капацитет. Како и да е, ете ме мене со уште едно сценарио, кое може да биде опција. Можеби ќе ви помогне. Простете ако дополнително ве збунив.

Како и да е, тука ќе запрам. Неправедно е да ви додавам сол на раната среде најголемиот празник, победата на животот над смртта. Овие денови ќе продолжам да го молам Бога да ми го даде вистинскиот одговор. Ќе мирувам до ппнеделник. Во вторник наутро ќе ви соопштам што сум одлучил и зошто сум одлучил така. И нема да се пенавам дека мојата одлука е најпаметна и мора да ја прифатите. Ниту ќе врескам навреди по вас ако сметате дека грешам.

Христос воскресна!

*******************

https://www.novamakedonija.com

26 април 2019 година

 

Марија Воденска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ПРОЗА

**********************

 

 

Марија Воденска

ПОД МАСЛИНИТЕ КРАЈ БЕЛОТО МОРЕ

*****************

Остарев и никако да ми излезе од умот денот кога се вратив назад. Не, не влегов  во селото. Не сакав некој да ме види оти сум вратена дома. Сакав само оддалеку да sирнам и да видам што останало од она, што го имав понесено како слика кога заминав. Слика во измаглина, која ем ме прогонува, ем ме гали, ем често во сонот ме буди.

Со илјадници детски стапалки и моите останаа втиснати во снежните намети, онаму, зад Границата. Веќе подзаборавам, но соништата не ме оставаат спокојно да си заминам.

Каде да заминам?

Да се вратам!

А, каде да се вратам? Годините како излижани броеници се разнижуваат по патот до дома. Катаноќ в соне ми доаѓа Македона, ме чопнува по главата и ме остава будна во сонот да го размрсувам детството, расчекорено од детските домови до светските метрополи и назад. Сонувам будна и се превртувам во постелата, а Македона не ме остава да се доспијам и да заборавам од каде сум дојдена, каде сум била и каде сум стигнала...

Заодот ми е клекнат пред прагот, а јас досега не успеав да го осмислам моето враќање назад. При секоја таква помисла, нешто силно ме штрекнува во градите. Ме притиска и боли. Со очите ококорени џбарам по темницава и рој темни мисли ме подјармуваат. И се' иста мисла во сонот ме прободува.

Каде би се вратила? А, ако заминам за назад, таму откаде сум дојдена, дали е тоа враќање? Сега, јас, каде би се вратила?

И почнувам да се губам во мислите, разлетани како јато галеби и распрскани над морската шир. Неспретно станувам од постелата да се испулам самата себеси, дали сум тоа ЈАС? ТАА, што катаноќ си заминува отаде Границата и се враќа назад.

А, каде е тоа НАЗАД ?

Во моменти на очај си го слушам испрекинатото мрморење-Боже мој, помогни ми да смогнам сили, барем еднаш да се вратам дома. И пак да сум тука кајшто сум...

Дали на соне или на јаве, но се' некој зад мене мрмори: - Апостоле, каде си заталкал? Ќе се вратам, си одговарам повеќе за себе, отколку за собеседникот во мене. Врати се, ми вели, јас овде ќе те чекам. Многу си натокмен, за каде си се стокмил? Ќе се вратам назад, нели ти реков?! Погледни се Апостоле, со еден црн, а другиот бел чорап. Си се облекол во темница.

Ако, така треба да биде, мрморејќи продолжи собеседникот во мене. Со белиот чорап ќе се вратам назад, а со црниот ќе останам таму кајшто сум. Ако имам к'смет да ја поминам границата, ќе си поседам под маслините крај Белото Море.

Со таа мисла, Апостол се изгуби од таму кајшто беше и тргна со себе за таму кајшто ќе биде.

Морето разгалено плискаше врз белутраците издупчени од староста. Од Истокот зарумени зората со изворските очи, загледани во извишената испосница, што, како скаменет стожер го пречека утрово. Најдолго трае зората кога со неа заедно се дочекува руменилото пред изгрејсонце. Загледани во милозливата глетка, Апостол и не сети, дека Сонцето самошто плисна со бесконечната светлина. Свечено заблеска врз воденото огледало, со струните нурнати во тајните прегратки на беломорските длабочини. Замаен од убавината на взаемното рибешко балетување, седна, а потоа кротко се навали на маслиновото дрво, по чие огромно стебло висеа гранките натежнати со маслинки.

Утринската свежина со мирисот од беломорјето и маслиновите насади, му го разбистрија умот на Апостол и го вратија во спомените од минатото. Замрсеното клопче од неспокојните ноќи, со неодгатнати соништа што го мачеа, полека, во јасни слики одмрсуваа, сега во овј миг, во овј момент, во ова зачнато утро. Беше потпрен и навален под сенката на маслиновото стебло, чии корени го влечеа се' поналегнато да се опушти.

Апостол пладнуваше крај Белото Море. Загледан во далечината, меѓу морето и небото, Апостол гласно се провикна:

- Господи дали е можно да сум туѓинец во својата Дедовина, во мојата Татковина? Како да побегнам од сопствената судбина и дали е можно да се закопа минатото? Каде е мојата родина и каде е мојот ДОМ? Каде заминувам и каде се враќам? Се вознемири и заплака како детенце по мајка си.

Неочекувано во мислите му се пикна Натрапникот. Во истиот момент го насети мрморењето, тука, од зад својата исткаена торбичка, во која си имаше понесено еден сомун бел леб и биено сирење. Попатно, да му се најде.

Папаѓорго, ја, мавни ми се од Сонцето! Ме засенуваш!

Аман бре Апостоле, како можам да те засенам кога ти си се издолжил и раширил под целата маслинова сенка?! Апостол, за првпат се наслуша себе си и се запраша:

- Дали овој пат успеав да се вратам дома во мене или буден сонувам...?

Взаемната хармонија меѓу беломорјето и небото, а помеѓу нив заодот со портокаловите ронки, Апостол ги понесе исполнет со надеж и верба, што е вратен и се враќа дома во Македонија.

Сонцето се спушти на другата страна од изодениот пат и спокојно се нурна во длабочините, оставајќи ја зад себе сребрестата опашка, по која Апостол остана уште долго загледан во неизвесноста. Зад себе ја здипли сета своја носталгија, прелеана со тага и чемер, натоварена со длабока воздишка откината од дното на душата. Потстана и кротко зачекори со својата длабока есен во градите да им се придружи на останатите во него и да им се предаде во прегратките на топлите и меки бранувања крајбрегот на Белото Море.

Таа!?

Таа остана од другата страна на Границата со копнежот и надежта дека тој ќе смогне сили да се врати назад во Македонија.

*********************************

Бостон, јануари 2012 година.

 

 

Лидија Димовска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

***************

 

 

 

Лидија  Димовска

НАЦИОНАЛНА ДУША

  • Откако брат ми се обеси со телефонскиот кабел
    можам со него по телефон да зборувам со саати.
    Копчето е постојано притиснато на Voice
    за да му бидат слободни рацете, да може со нив
    да лепи плакати врз божјите бандери
    и да повикува на жолчна расправа на тема:
    Дали е душата национална?
    Од возбуда и двајцата се тресеме, истражуваме,
    јас на овој, тој на оној свет.

    Науката докажа дека руска душа на пр., повеќе нема,
    дека оној кој сонува ангели, во смртта ги прегазува со сенка.
    Можеби постои турска, кркори во слушалката брат ми,
    оти секое утро слуша црцор од чајникот на Назим Хикмет
    пред да ја дотурка количката со ѓевревчиња
    до портите на земјата. Ќе ти купам едно за душа.

    И потоа задишено молчи. И ја бараме македонската
    врз регистарски таблички на божјопатот Исток-Запад,
    во картонски кутии со натпис "Не отворај! Гени!",
    натоварени врз плеќи на проsирни мртовци.
    А на мртовците не можеш да се потпреш.
    Мртовците се илегални имигранти,
    со своите подуени органи продираат во туѓи земји,

  • низ отворите на своите длапки и со шилците на своите коски
    си го копаат и последнио гроб.
    Таму ја предизвикуваат и последната тепачка
    за националните небеса
    и за душата што повеќе не се поседува.

    Се' поголем е бројот на луѓе без души, на души без имиња.
    Во автобус не си стануваат, едни без други далеку заминуваат,
    со посредници се бараат, но се спојуваат.
    Нациите си кршат јајца од глава.

    Брат ми очајува. Јас станувам А-национална.
    Телефонскиот кабел што не' поврзува
    ми се измолкнува од препотената рака,
    го приклештува телефонот до sидот и се повлекува во штекерот.

    Зошто никогаш за несреќните на оној свет
    не се отвори бесплатна СОС линија?
    Зошто никогаш не научив да запрам некого на пат кон смртта?
    И јас како брат ми од раѓање барам влакно во јајцето,
    откровение по секоја цена, разобличување на смислата.
    А душите на луѓето што бараат влакно во јајцето
    завршуваат на три начини: обесени со телефонски кабел,
    во тела на поети, или и едното и другото.
    **********
    Автор, Лидија Димковска, 19 април 2019 година.

Александар А.Шкокљев-Дончо

 

 Академик  А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 4

НЕОЛИТСКА КУЛТУРА НА ЦЕНТРАЛНИОТ БАЛКАН И НА ЕГЕЈОТ

 

 

На урнатините на културата на Лепенски Вир, како и по должината на Средно Подунавје, Морава, Вардар, Бистрица, Пинеј и Егеј, од средината на 6-от век пред Христа, никнуваат првите населби направени од земја, со производство на разни предмети од печена земја наместо мазен камен. Оваа нова култура во археологијата е означена како неолитска култура или култура на младото камено време. Освен Балканот, таа ги опфаќа уште и Унгарија, Романија и Молдавија.

***********************

Во Србија е позната како старчевачка култура, во Македонија породинска, во Бугарија како каранова, а во Грција како прото-сескло култура. Заради поедноставување во терминологијата, оваа култура носи единствен назив - "Неолитска култура на Централниот Балкан и Егејот".

Носителите на оваа култура не се познати со сигурност. Постојат две веројатности. Првата е дека оваа култура е поттикнување од Анадолија и Блискиот Исток, па преку егејскиот брег понатаму, по должината на големите реки, се' до Дунав, Централен и Западен Балкан, во ритамот на исчезнувањето на ледените зони. Следната е дека земјоделците од Средно Подунавје се непосредни потомци на локалната популација и дека немало прилив на нови жители.

Понатаму, дека првите селски населби се развиле на иста локација, како и населбите на културата Лепенски Вир, а дека покрај одгледување стока и обработка на земјата жителите негувале лов и риболов. Атлантската и црноморската клима биле тие кои им овозможиле на локалните заедници да пристапат кон произведувачка економија и да ја зацврстат новата култура (Срејовиќ, Бабовиќ, 1983 г. 62).

Во старчевачката култура, наречена по населбата Старчево покрај Бел-град, спаѓаат уште наодите во Течиќ покрај Крагујевац, Рудник кај Призрен, Падина кај Ѓердап, Гладница кај Приштина, Обрез на Сава и др.

Во Македонија е културата Породин, кај Битола, Анза и Вршник покрај Штип, Зелениково кај Скопје, Неа Никомедеа кај Солун, Ситагрои кај Драма и други.

Во Босна е Обре и културата кај Какан, Какан кај Високо, Горна Тузла и др.

Во Бугарија е Караново I и II, културата кај Нова Загора, Бањата кај Пазарџика и др.

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Волос, потоа уште Пиросасос, на Ахилон, Агриса, Отзаки, Суфли и Тсани култури. Следат културите: Елатиа во Фокида, Херонеа во Беотија, Неа Макри во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Кнос и Като лерапетра на Крит, Аморгос, Лемнос итнт. на егејските острови. 

Археолошките наоди на неолитските култури на Балканот откриваат многу богато творештво на првите земјоделски заедници во траење од околу 1500 години. Покрај алатките поврзани со земјоделието, установено е изобилство од керамички предмети, рогови, коски и камења. Повеќето од нив и понатаму симболизираат вода и бујност на животот во плодните рамници.

Керамичките садови се со разни облици, големини и стилови, сопомалку или повеќе истакнат средишен дел, со или без рачки, претежно со орнаменти. Тие имале различни намени, од чување на храната до нејзино подготвување и готвење.

Оружја и орудија се: бодежи, ножеви, секири, пили, бричеви од брусен или мазени камења, а за одбрана и лов, како и од културно-историски намени, се користеле лак и стрела, а подоцна и копје. Првите постојани населби "Tell" колиби од гранки и праќе, обложени со кал или тули од кал. Сосоздавање на постојаните населби, заедниците на неолитскиот период станува посвесна за своите роднински врски. Тие не живееле во хорди, туку во матријархатски заедници засновани на крвно сродство. Доказ се култовите на женските божества од културите на Ѓердап, Рудник, Азмок, Nea Nikomedia, Sesklo, Sparta, Amorgos и др.

Преодот од неолитскиот во енеолитскиот период (5500-3100 г. пред Христа) се означува во археологијата како младо камено или бакарно-халколитски период. На основа на доминантноста на некои археолошки наоди е извршена регионализација на Балканот и соседните простори во девет културни сфери (Gimbutas, 1982 г.,22). На прво место е културата Винча од Централен Балкан, па следат културите: Димини (5630-445 г. ред Христа за Јужен Балкан), Бутмир за Босна, Данило-Хвар комплекс за Јадран, Тиса, Петреши итн.

Културата Винча го добила своето име по локалитетот Винча на Дунав, околу 14 км југоисточно од Белград. Истражувач на оваа култура и еден од основачите на археологијата во Србија е академик проф. Милоје Васиќ (1869-1956 г.) Ископувањта траеле од 1906-1934 година на длабочина од 7-12 м.Утврдено е многу богато наоѓалиште со околу 2000 предмети. Најдени се стамбени објекти 2-3 соби во урбан распоред.

Во Халколитска култура на Стара Европа (Gimbutas, 1982) се утврдени културите на Бањица, покрај Белград, како и на локалитети по должината на Морава и Сава, Селевац, Медведњак, Дреновац, Црна Бера, Градец, Плочник, Павловец, Чаршија и др. Следат наоѓалишта покрај Вардар во Македонија: Вршник, Анза и слично.

За културата на Винча од посебно значење  се знаковите и написите врежани во керамика. Тоа се S и С спирали како линеарни графики.

Се сметало дека културата на Винча е припаша на средниот енеолит, т.е. 2500 г. пред Христа и дека потекнува од Егејскиот Басен и Анадолија, а не од нордиските земји. Меѓутоа, во педесеттите години, со примена на радиокарбонските методи, културата на Винча е датирана околу 6190-4800 г. пред Христа. Покрај тоа, таа е автохтона и оригинална.

Периодот меѓу неолитот и бронзениот период е наречен енеолит, од зборовите  eneos-глув или нем и lithos-камен. Процесот на енеолизација на централните и западните простори на Балканот бил постепен, во почетокот автохтон и независен, но подоцна под примарно влијание на силните културни центри : Лепенска култура, Винча, Карпатскиот и Егејскиот Басен, како и  севернопонтските области.

Оваа фаза траела околу еден милениум. За тоа време , културните групи на централниот и западниот дел од Балканот се интегрирале и формирале нови културни области. Една од нив е и Вучидолскиот културен комплекс.

Вучидолскиот локалитет покрај Вуковар на Дунав најубаво е обработен во сувремената публикација на академикот Тасиќ (1995 г.). Енеолитскиот период од 3100-1900 г. пред Христа тој го дели на ран, среден и подоцнежен, со по 400 г. секој. Студијата опфаќа околу 50 локалитети. Во енеолошката култура на Балканот, рударството и раната металургија достигнуваат потполна афирмација и прават пресвртница за идните фази, кога најпрво бронзата, а потоа железото, ја покажуваат својата надмоќ при обработка на оружје, накит, орудија, над претходните култури од камен, коски и бакар.

Базата на оваа култура ја сочинуваат најстарите рудници на Балканот кај Мајданпек, каде се развила металургијата на Подунавскиот Басен, од една, и културата на Егејскиот Басен, од друга страна. Со време, енеолитската култура се ширела на југот на Балканот, по Моравско-Вардарската Долина, се' до Пелагонија, Македонија, Тракија, Јадран и Елада.

На бреговите на Егеј енеолитската култура се развива како Минојска (рана, средна и доцна), Кикладска, Микенска и општа Еладска култура (рана, 2500-7900 г., средна од 1900-1550 г. и доцна од 1500-1200 г. пред Христа. Енеолитската култура во Мала Азија е позната по Троја Прва (2700 г. пред Христа) и Троја Втора (2500-2300 г. пред Христа).

Продолжува

 

ВИДЕОТЕКА

***************

Kind regards: 29 април 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 210

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!