ВЕЛИГДЕНСКА ТРПЕЗА

СОТИР

Сотир Гроздановски-Македонски

САМО ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ МОЖЕ ДА ЈА СПАСИ МАКЕДОНИЈА

*********************

За чудење, ама и за срамота! За срамота, зошто и покрај тоа што Македонија и Македонците се сместени на европскиот континент каде ни се достапни сите средства за информирање, образование и поттикнување на нашите интелектуални вредности,   сепак, останавме на маргините на Африка. 

Свеста кај нашиот човек за националното достоинство и самопочитувањето, како  и љубовта кон својата татковина, и ако распарчена, беше на високо ниво, низ сите периоди на нашето робување, па дури и повисока од денешната. Кај многу! Па затоа може да се рече, дека со текот на нашиот развој во слободна и независна Македонија, ни отиде по умот на Ѓаволот. 

Материјалните вредности ни станаа најважен приоритет, што доведе до поткопување на националните темели на македонското општество, бидејќи одгојот на новите генерации остана во заднината на нашиот интерес. Заборавивме  на фактот дека здравјето на нацијата зависи од одгојот на децата. Бидејќи, тоа што ќе внесеш во душата и срцата на своите деца, тоа ќе го најдеш кога татковината ќе побара помош. Помош, како во овие пресудни времиња, кога цутат предавствата и се разнебитува македонската држава. Се разнебитува, зошто немаме јунаци по мерка на потребите за борба со предизвиците на времето, во кое живееме. 

Нашите сегашни "стратешки партнери", а вчерашни најлоши непријатели ја видоа нашата слабост и пак удрија  по македонското образование и Црквата кои и така през блиското минато изнедрија доста:  изроди, предавници, арамии и платеници за туѓи интереси.

Кражбата  на македонската древна и најнова историја, пак, е само продолжение на најефикасната борба против националниот  идентитет на македонската држава и на Македонците во неа. 

Си дозволивме странските елементи да го инфицираат  нашето општество, лесно да ја преземат  власта, и постанат тројански коњи за надворешните гмизафци и мршојадци.

Си дозволивме луксуз и претерана чувствителност  и кон оние, кои посегнаа по лебот за потоа и по целата погача, македонска! Со наша дозвола, започнаа да  ни ја уредуваат судбината на начин, диригиран од нивните  задгранични браќа со цел полесно да ги довршат  неостварените желби, од минатото.  

Но исто така си дозволивме поранешните "комунистички"    структури во земјата да се прегрупираат,  трансформираат и како Социјал демократи, заедно со повампирените врховистички авети вгнездени во ВМРО, сега со придавката ДПМНЕ, разбудени од задграничното царство да ја обезличат, национализираат и раздробат македонската нација и  да ја даруваат, парче по парче, на балканските човекојадци, за мезе пред ракија.

Дозволивме во рацете на едно непријателски настроено национално малцинство со јазик стран,  култура и традиции, но и историја различна од нашата да ни ги држи најважните позиции во македонската држава и за пари да преговара и разговара за нашата идна и непредвидлива судбина. 

Дозволивме  да ни се вовлечат во сите државни и чувствителни структури најекстремните политичари од неговите политички партии и од внатре да го уриваат македонското општество. Но за срам е,  уште повеќе, перфидното вовлекување во структурите на СДСМ  за заедно со изродите Македонски  и злосторите од изминатите времиња да работаат, дополнително, против националните интереси на Македонците со обезличување на државата и газење по честа и нашето достоинството.   

Но сепак, најсрамно од се' е пасивното однесување на другиот дел од македонскиот корпус, сметајќи себе си за навреден и понижен, што пасивно и  неодговорно седи со скрстени раце, чекајќи некој друг да му ја врати честа и изгубеното национално достоинство. Чека и гледа како властодршците од владата на криминалецот Зоран Заев од Муртино еден по еден ги ликвидираат и малку броините национално освестени патриоти и потенцијални народни водачи. Планови изградени надвор од Македонија, ама реализирани од монструмите македонски. 

Го чека исходот на  изборите за прв претседател на новосоздадената заедница на Зомби и безкичмењаци, Република Северна Македонија, да му ги реши проблемите со името и националниот идентитет. Чека со нетрпение помош од истите крвници кои ја продадоа државата во духот на криминалните договори со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија. За срам и затоа, зошто со својата пасивност и неодговорност им помага на џелатите за да ја докрајчат нашата едина Татковина.

Дури и народот на Судан, во Африка, деновиве ја слави  својата победа и слободата извоевана со масовниот отпор против злото и неправдата. А ние?  Во име на "демократијата" и евроатланските интеграциим им дозволивме на грст гангстери, криминалци и примитивци да  не водат таму, од каде повраток нема. Тука не ги вбројувам само вистинските недоволно информирани луѓе кои мирно и одговорно работаат и привредуваат храна и за своите џелати, туку за делот најобразовани, таканаречени интелектуалци, кои само го поганат името македонско. 

Познатиот  американски книжевник Хенри Давид Тороу и борец за човекови и правата на потлачените и нерамноправни граѓани на САД, но и многу пошироко,  со своето иконско дело, "Civil Disobidience (Граѓанска непослушност) кое и денес во сите средни училишта и Универзитети се изучува и претставува  темел  на рамнотежата помеѓу законодавците, заедно со претседателот на САД и граѓаните, му порачува на сите потлачени и обесправени во светот:

"Граѓаните не задоволни со политиките на власта имаат право и обврска да реагираат и да станат против одлуките на своите властодршци".

Впрочем, што е тоа што го инспирира Хенри Давид Тороу  да го напише споменатиот есеј, "Граѓанска Непослушност"? Прочитајте подолу:

- Америка во март 1845 година се здоби со нов Претседател, Џејмс А. Полк. Човек пргав, агресивен и  арогантен државник, дојден од надворешните кругови  на етаблираната политичка хиерархија, кој една година  по преземањето на извршната власт во САД ја започна својата популарна, кај мнозинството граѓани, внатрешна и надворешна политика, за сметка на малцинството, чии интереси беа драстично повредени. 

Претседателот Полк, за да ја истакне моќта на својата Влада и  држава, започна со непријателска политика спрема другите тогашни сили, а посебно спрема  најблискиот сосед Мексико. Ни година после своето инаугурирање, Полк   му објави војна на Мексико. Како причина: загрозување на границата и безбедноста на САД! Потоа, се впушти во авантура со општа хајка по избеганите робови и нивното враќање таму каде припаѓаат: на милост и немилост во рацете на нивните газди од јужните држави на САД, при тоа нарекувајќи ги аболиционистите дека се "сентименалисти".  Сето тоа гледајќи го од страна со резигнација и не слагање со неговите постапки, Тороу го покажа и другото свое лице, освен истакнат книжевник, сега најжесток политички противник  за се' што Полк презема во државата.

Како прво,  Тороу престана со плаќање порези, не сакајќи да учествува во одржување и хранење на сопствените џелати. Чекор кој не го препорача како долговечно средство на одмазда, туку како средство со кое на власта и' порача дека нешто не е во ред во американското општество.

Но, очекувано, државата одма реагираше и еден ден на улиците на Бостон, на пат кон својот чевлар го фатија и затворија. Престојот во заточеништво го инспирира да го напише своето дело, споменато погоре. Беше тоа во годината 1849. Срцевината на тоа негово дело имаше за цел да ја разбуди совеста и разумот кај граѓаните, а особено на оние од малцинството кои и ако со голема омраза спрема политиките на новиот претседател на САД, Полк,  сепак и понатака  мирно ги поднесуваа тиранијата и самоволието на својот нов Претседател и неговата расистичка Влада. Мирно поднесувајќи ја неправдата и злосторствата, уверени дека сето тоа само од себе ќе помине.

Меѓутоа, праксата ја докажува вистината, дека Ѓаволот не го тераш со милост, туку со ќотек!

Тороу го завршува својот есеј со зборовите, кои и денес ечат во ушите на поробените, обесправените и малодушните кои немаат храброст да се кренат против своите угнетувачи и надворешни непријатели:

"ВИСТИНСКИОТ ПАТРИОТ НЕМА ПРАВО ДА ТОЛЕРИРА ТИРАНИЈА ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА, ТУКУ ОБВРСКА ДА СЕ КРЕНЕ И ЈА ОДБРАНИ СЛОБОДТА СВОЈА И НА СВОЈАТА ТАТКОВИНА!"

За секогаш Ваш, Сотир!

Горазд Росоклија

ТРОЧЛЕНАТА БАНДА ГО СПРОВЕДУВА ПЛАНОТ НА ЕУ: ПРЕТВОРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКА ДЕПОНИЈА

*********************

 

Професор Горазд Росоклија

Заев - Ципрас

Македонската трочлена банда, тотално безвредни во нивните досегашни животи, ниту еден од нив макар со локална професионална афирмација, едниот помилуван криминалец, гуската и мо*кото цел живот на функции со бенефиции кои ги плаќа Македонецот против чии интереси работаат, беспоговорно кон меѓународната и со молскавична брзина го спроведуваат ЕУ-планот за Македонија! И тој план не е ниту може да биде инкорпорирање на Македонија во Европа, туку е претворање на Македонија во изолирана европска депонија.

Го избришаа македонскиот идентитет; државата ја разградија, а тоа што останува го ставија на милост и немилост на Грција и на Бугарија. Следува промена на етничкиот состав со доселување бегалци главно од северна Африка, кои ќе бидат населени исклучиво во источните делови на Македонија, кај што за нив има стотици празни новоизградени станови; започнаа федерализација која ќе води до поделба на земјата; отвораат рудници на смртта на исток, започнато од ВМРО-ДПМНЕ, егзекутирано од инсталиранава власт...

Практично, Македонија станува европска депонија во која ќе останат и ќе доаѓаат луѓе кои немаат друг избор.

Прекрасна земја на пат да биде уништена од нас самите.

Се' што верувавме дека нема да ни се случи, ни се случи, но ние и понатаму одбиваме да веруваме дека ќе ни се случи тоа во што не веруваме.

"Ние што сме надвор ја губиме татковината, вие што сте во Македонија губите се' "напиша професорот на Универзитетот "Колумбија" од Њујорк и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.

https://bukefal.club

Професор Љубомир Цуцуловски

Љубомир Цуцуловски

СКАЗНА ЗА КУСУРОТ

*****************

Викенд е. Ред е во таква ситуација да раскажувам една моја кратка и страшна сказна. Ја пренесувам во малку скратена форма. Сказната е "Сказна за кусурот". Ја напишав во март 1999 година. Покасно ја објавив во збирката "Разни сказни", 2002 година. Кој има време и трпение, нека ја прочита.

******************

Во една мала и непозната земја, се јавил проблем. Проблемот не бил крупен. Проблемот бил ситен. Проблемот бил во кусурот. Во малата земја се јавил недостиг од ситни пари.  Секој се жалел дека нема ситни пари. Продавачите се жалеле од купувачите, бидејќи со себе не носеле ситни пари. Купувачите биле незадоволни од продавачите, бидејќи немале ситни пари, па морале да чекаат за кусурот. Во потешки случаи, самите талкале за да дојдат до ситнина. Никогаш не било разјаснето како и едните и другите доаѓале до потребните ситни пари, во услови на сеопшт недостиг на ситни пари.

Во тоа време се појавил непознат трговец. Никој не умеел да каже од каде дошол. Мистеријата околу неговата личност уште повеќе се зголемила, благодарение на една негова необична особина. Секоја вечер, како што ќе звршел со пазарот, одел по соседните дуќани за да ги окрупни парите, кои во текот на денот ги заработил. Не сакал да носи дома купишта ситни пари, бидејќи било непрактично. Неговите соседи, дуќанџиите, имале разбирање за неговата потреба и му излегувале во пресрет, давајќи му ги крупните пари до кои дошле во текот на денот. Така, секоја вечер овој човек заминувал среќен, успевајќи ситното да го окрупни. Наредниот ден, пред да го отвори дуќанот, ќе ги посетел дуќанџиите за да му ги раситнат предходно окрупнетите пари. Така постапувал секоја божја ноќ, односно утро. Дуќанџиите, добри соседи, имале разбирање за необичната навика на трговецот, излегувајќи му во пресрет.По извесно време забележале одредена нелогичност во однесувањето на трговецот. Не можеле да си објаснат зошто секоја вечер ги окрупнува парите, кога наредното утро ги расипува. Нивната збунетост се зголемила кога си го поставиле прашањето дали трговецот ги раситнува истите пари кои ноќта ги окрупнил или, можеби,  тоа не се окрупнетите пари од предходниот ден? Ако е така, од каде му се парите и зошто токму сега ги расипнува? И што прави со окрупнетите пари? 

Работите накнадно се комплицирале, кога ќе си го поставеле прашањето, што точно трговецот прави. Не им било јасно дали го раситнува окрупнетото или го окрупнува раситнетото? Меѓутоа, не можеле да дојдат до сигурни одговори. Единствено биле сигурни дека овој човек во правилни временски интервали повторува исти, но меѓусебно спротиставени операции-што ноќе ќе окрупнел, наутро ќе раситнел. Конфузијата се зголемила кога разбрале дека трговецот и немал муштерии (во дуќанот никој не му влегувал), па и немало што да окрупнува или раситнува. Не можеле да си објаснат какви бизарни и меѓусебно спротиставени сили управуваат со овој човек.

Почитувани, дали знаете ли и вие што правел непознатиот трговец? Дали ноќе го окрупнувал тоа што дење го стекнувал или наутро го ситнел тоа шро претходно го окрупнувал? Што ако, се прашувам, раситнувањето и поткусурувањето се само дел од окрупнувањето, а окрупнувањето е дел од докусурувањето?

Минувале ноќи, денови, седмици, месеци и години, но необичниот  обичај на трговецот не заминувал. Тој севезден раситнувал, раситнетото го окрупнувал, па окрупнетото повторно го раситнувал. По извесно време, дуќанџиите се нашле во непријатна ситуација. Од една страна, и тие, исто така како и трговецот, тешко доаѓале до ситни пари, кои морале да му ги дадат и веднаш потоа да бараат нови ситни пари. Така, со денови се мачеле. Од друга страна, нивната внимателност, нивната кроткост, како и нивната вродена гостопримливост не им дозволувала да не излезат во пресрет на барањата на трговецот. Животот им станал безнадежно растргнат, бидејќи и тие, излегувајќи во пресрет на трговецот, окрупнетото го раситнувале и потоа го окрупнувале. Како и да е, не можеле да најдат излез од ситуацијата. По извесно време почнале меѓу себе да раскажуваат разни сказни. Најинтересни биле сказните за неговото потекло. Никој не умеел да каже кога и од каде дошол трговецот. Единствено знаеле дека  однесувањето му е необично, дури и шејтанско.

Околу ова прашање дуќанџиите се поделиле. Една група тврдела дека неговото шејтанско однесување говори за неговото шејтанско потекло. Имено, како што времето одминувало, така и трговецот се видоизменувал. Не само што во неговото однесување имало нешто шејтанско, туку и неговиот лик почнал да добива шејтански црти.  Погледот, носот, цртите на неговото лице, гестакулацијата, попримиле нешто шејтанско.

Може ли нешто да наликува шејтанско ако не е шејтанско? Оттука, заклучувале, шејтанлакот е доказ за неговото шејтанско потекло. Некои оделе дотаму, што биле спремни да тврдат дека трговецот е самиот шејтан. Друга група дуќанџии не се согласувале со ова мислење. Тие воопшто не одрекувале дека ликот на трговецот се менува. Меѓутоа, видоизмената на трговецот, според нив, била знак за нешто друго.

Кога трговецот би бил шејтан, тогаш тој, како и секој нормален шејтан, шејтански би се досетил да го сокрие својот шејтански изглед. Бидејќи тоа не го прави, туку се' повеќе наликува на шејтан, тоа е доказ дека неговата природа не е шејтанска. Та' продолжувале тие, кога неговата природа би била шејтанска, тогаш шејтански би ја маскирал. Вака, прилегајќи на шејтан, може да се заклучи дека тој е невина, дури и наивна душа. Кој шејтан, додавале овие дуќанџии, би дозволил да се насети, а камоли да се види неговиот шејтански лик?

Сепак, првата група дуќанџии не останувала нема пред ваквите аргументи. Напротив, активно им реприцирала. Имено, тврдела првите дуќанџии, токму намерата на трговецот да не го сокрива својот шејтански изглед говори за неговиот шејтанлак.

Не криејќи ги своите шејтански особини, продолжувале овие дуќанџии, трговецот сака да остави впечаток дека е наивен и дека во него нема ништо шејтанско. Но, токму оваа негова наивност (всушностм "наивност") говори за неговата итрина-да не го сокрива она што секој нормален шејтан би го сокривал. Оттука, додавале, тој сака сите да ги заведе. А тоа е, се разбира, најголемиот шејтанлак, бидејќи шејтансвото е во способноста да заведува, како и во умешноста нешејтанството да го прикаже како шејтанство.

Значи, кај шејтанот станува збор за двојна игра - да се прикрива, од една страна и да не се прикрива, од друга. Според тоа, заклучувале дуќанџиите, трговецот не е кој било шејтан, туку  тој е и самиот Шејтан! Притоа, дуќанџиите го актуелизирале  подзаборавеното прашање - што трговецот прави со парите. Едните сметале, како што веќе реков, дека раскусуреното го окрупнува; други тврделе дека окрупнетото да раскусурува. 

Се појавила трета група дуќанџии кој сметала дека тој не го прави ни едното ни другото, туку дека докусурува се' што ќе му падне до рака. Докусурувањето, сметале, дека не е ни раскурусување ни окрупнување, туку претставува докусурување на се' и сешто. Четврти тврделе дека... Колку и да се разликувале во објаснувањата, во едно се согласувале - дека нешто македонско има во државата нивна! Но, да недолжам и да почнам да ја привршувам сказнава, за која и самиот не знам како завршила, ако воопшто завршила!

Се надевам дека сказната за кусурот, за кусур нема да ми ја земете, бидејќи мојата намера беше чесна. Само сакав да покажам како луѓето умеат од исти факти да изведуваат сосема различни заклучоци.Што е, можеби, израз на краен шејтанлак. Но јас, верувајте ми, во ништо веќе не сум сигурен. Јас, знаете, само сакав да кажам, но не и да излажам. Докажувањето, пак, го оставам, за некоја друга пригода.

************************

http://www.dudinka.org

22 април 2019 година.

Голубец, Лепенски Вир.

Академик A. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ 

ДЕЛ 3

АРХЕОЛОШКИ НАОДИ НА ПРАИСТОРИСКИТЕ КУЛТУРИ НА БАЛКАНОТ

 

Археолошки наоди (arhaios, arhi - од памтивек, прастар, прапочеток и Logiija - наука, т.е. раскажување стари приказни) се архетипски, културно-историски манифестации на човечкиот дух. Долгогодишните  археолошки истражувања на Балкамот и пошироко во поранешна Југославија, Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Хрватска, Босна, Грција и Украина укажаа на богато присуство на материјална култура, континуитет на популацијата на автохтоните заедници и брановидно движење на индоевропските народи.

*********************

Homo sapiens првпат се појавил на Земјата воплеистоценскиот период (pleistos е суперлатив од polis - многу, најмногу и kenos - празен) кој траел околу 2 500 000 години, до холоценот (holos-цел, потполн) кога завршува  последната ледена епоха. Балканот во тоа време бил спорадично населен.

Во постариот палеолит (palaios-стар и lithos-камен, крш) меѓу 350 000 и 25 000 години пред Христа, Балканот речиси останал пуста земја на планот на ликовното и уметничкото творештво, освен во Македонија и Средно Подунавје. Ова траело се' до последната ледена епоха, до Х милениум пред Христа кога Дунав се воспоставува прото (прва, најрана)-култура на Балканот, на чии традиции ќе се развива уметноста на Лепенски Вир.

Според досегашните археолошки сознанија, вистинската човечка активност, пред се' Средно Подунавје, почнува пред почетокот на последната ледена епоха, па се до неговиот крај во ХI милениум пред Христа. Тоа во подрачјето на Средно Подунавје на Ѓердап е датирано со методот Ц-14, меѓу 10,650 - 10,100 година пред Христа. Човечката активност се манифестира со архаична обработка на алатки, разни декорации на мамутски заби со црвено и жолто окер, како и скулптури од лизарчиња парчиња (валчести камења).

Овие предмети претставуваат прв чекор во техничката и ликовната диференцијација на мислите на човекот од Средно Подунавје во одреден период. Исто така, тоа се докази дека нејзините создавачи  го познавале ликовниот јазик кој се негувал во тогашните слични културни центри во Европа и дека Балканот не бил длабока провинција. Од посебно значење се бројните сложени композиции на гравурите на коски и рог, ѓердапските творци од двата брега на Дунав, меѓу XIII и X милениум пред Христа. Тие, покрај тоа, претставуваат први графити, односно некој вид "синтетичко писмо" (Срејовиќ и Бабовиќ, 1983 г. 27) и уметност на ловечко-собирачките заедници од мезолитот, со што се потврдува дека Средно Подунавје било центар на уметноста. Последната ледена епоха на овие простори завршила во IX милениум пред Христа, но само во источниот дел на Балканот, на едниот лак кој одел јужно од Карпатите и источно од динарскиот и пиндскиот систем. Климатската нестабилност ги принудила човечките заедници да се прилагодат на новите животни услови.

Во времето меѓу 8330-6700 година пред Христа, во рамничарските делови на Балканот реките често ги менувале своитетеченија, создавале нови бари и мошуришта, па не спостоеле адекватни услови за живот. Заради тоа досега не се откриени сигурни наоди за живеењето.

Со епохалните археолошки истражувања од страна на родоначалникот на археологијата на Лепенски Вир, академик Драгослав Срејовиќ (1931-1997), на дунавската тераса на Лепенски Вир во Ѓердап, меѓу 1965-1970 година, откриени се уметнички споменици на архаична и дотогаш непозната култура. Овие откритија го изненадиле целиот културен свет и тие се предмет на постојан интерес.

Заради своите археотипности во археологијата и историјата, со уметничките прототипови, сакралните градителски остварувања на населбите, со монументалните скулптури, обилните гравури и графити, културно-религиските и лингвистичките остварувања, на културата на Лепенски Вир ќе и' биде даден поголем простор.

Ваквиот пристап е семен од повеќе причини, а пред се' поради тоа што културата на Лепенски Вир може да послужи и како нова парадигма. Односно, модел на архетипското колективно несвесно,  но и како извор на информации дека средиштетот на уметноста на камениот период на Балканот било во најголемата дунавска клисура на Ѓердап, на Лепенски Вир, од каде каде што се проширила преку централниот Балкан до Пелопонез и Крит. Покрај тоа, можеби археолошките наоди за културата на Лепенски Вир и нејзината ономастика на хидроними и ороними подоцна, ќе ја потврдат хипотезата дека палеолингвистиката на Балканот "се родила" во Ѓердап, а не во Елада.

Истражувањата на културата на Лепенски Вир биле долготрајни, многубројни и дисциплинарни. Проучувани се антрополошки остатоци, правени се анализи на фауната, прибавени се непроценливи податоци за користењето на суровините и нивната преработка, истражувани се градителските дејности, организацијата на населбите, погребните тируали. Со Стратиграфија на населбите е следена хронологијата на уметничките споменици на Лепенски Вир.

Се испитале 50 аргеолошки наоѓалишта на разни стратиграфии од палеолитксиот и мезополитскуиот период на разни  локалитети. На локалитетот Прото-Лепенски Вир, потоа Лепенски Вир I и II, кои се матични подрачја на Ѓердапската култура, испитани се сукцесивни населби на ловци и риболовци.

Се' поголемото упатување на тајни на ѓердапската природа, довело до раслојување и специјализација на популацијата со појавата на шамови, гаталици, градежници, скулптори, рибари, дрвосечачи, аналитичари, сточари, земјоделци, трговци и др. Со време, Лепенски Вир станал културен и верски центар на сите заедници на Ѓердап. (Срејовиќ, Бабовиќ, 1983 г., 50)

Во културата на Лепенски Вир откриени се 53 скулптури со различни форми и стилови. На појавата на скулптурите влијаеле религиски и социјални чинители. Во еволуцијата на уметноста на Лепенски Вир, содржините се претежно од културна природа. Во почетокот тоа се тотемски искази (риби, луѓе-риби, елен), а потоа со антрополошки црти, културно-магиски облици, со богати орнаментални претстави. Од останатите уметнички дела, установени се: игли, гравури, прстени, жезла, ѓердани, музички инструменти, сцрдла и други културно-уметнички материјали.

Скулптурите се направени од камен, крупнозрнест кварцен песок, во природен облик валчести измазнети речни камења, кои му одредуваат значајно место во сите фази на уметноста на Лепенски Вир. Обработката на овој вид материјал е полесно додека каменот е вов вода, но е многу тешко кога каменот е сув. Речните камења се со јајцевиден или со полуедричен облик, со висина од 16-75 см.

Најраната појава на светилиштата, во културата на Лепенски Вир, датира околу 6000 години пред Христа. Светилиштата имаат основа како и семејните огништа, но покрај огништата имаат камени седишта, жртвеник и скулптури со строго унифицирани внатрешни распоред. Лизарчето (измазнет валчест камен) на скулптурата означува епицентар на стаништето (домот), заради што целиот комплекс потсетува на стлизирана човечка фигура.

Распоредот на скулптурите во рамките на светилиштата бил различен. Најмногу ги имало во позадина на светилиштата, 48,83%, во пределот на огништата 24,32%, кај крилата на светилиштата 16,21% и кај пепелиштата 10,83%. Најстарата фигурна скулптура од Лепенски Вир датира околу 6500-6000 г., пред Христа и претставува човек во размер 23,2х16см со детали од неговото лице.

Скулптурата од светилиштето која претставува надворешен дел од женски полов орган (вулва) пред породување, со интензивна црвена боја заради печењето на скулптурата, упатува на важноста на жената во матријархатот на Лепенски Вир, заснована на крвно сродство. Меѓу уметничките остварувања во културата на Ѓердап, Средно Подунавје, од XI век пред Христа, графититте, како своевидни записи, претставуваат значаен дел од развојот на симболизмот, врзан за водите на Дунав.

Гравурите на рог и коски укажуваат на ликовниот јазик кој се негувал и во тогашните културни центри во Средна и Западна Европа, некаде околу 25000 година пред Христа. Графитите се геометриски украси составени од полни линии (линеарно писмо?), одвоени во вид на монограми, дијаграми, триграми и полиграми.Линиите се ставени вертикално, хоризонтално или косо. Пред тоа, постојата цик-цак мотиви, ленти, мали штици, ромбови, триаголници и други, шрафирани или не, геометриски облици. Вкупно сеутврдени 12 основни знаци, со околу 40 нивни варијанти (Срејовиќ, Бабовиќ, 1983 г., 30) Од ова следи и прашањето дали графитите на ѓердапската култура се писмо на нејзините жители и што ќе се соопштува со нив. Тоа е тешко за дешифрирање.

 

 Продолжува

Розита, поетеса

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 

 

 

ГОСПОДАРИ НА СВЕТОТ

  • Презрени сте вие
    повампирени крвопијци,
    вие цицачи на судбини
    на обичните смртници
    со света дарба да љубат
    вам далечна и непозната.

    Вие господари на светот
    полакомени по моќта
    на круната и златниот трон.

    Ех, кога би можеле
    да научите да љубите
    и барем еднаш во векот
    на вашето црно битисување
    да ја спознаете милоста
    на душата што љуби.

    Но не,
    вам љубовта ви е туѓа
    и не ви допира топлина
    оти се раѓате со клетви
    да бидете само корупки
    околу гнила празнина
    што смрди на злоба.

  • Клетви за сите гревови
    на вашиот испоганет сој
    оплоден со семе на зло.

    Вие би сакале крв.
    Вие би слушале лелек.
    Би гледале како умира дете.
    Би го запалиле светот
    за да имате доволно пепел
    со која би ја покриле земјата
    за ништо живо да не изрти
    од нејзината утроба.

    Толку се јадни и бедни
    вашите осакатени души.
    Ужасно се плашите од љубов.
    Ве паничи светлината
    оти се храните со мрак.

    Вас љубовта ве убива,
    и знајте, ќе дојде денот
    да и' го отстапите тронот.
    Од зло да се избави светот.
    ************
    Автор: Розита Христовска
    17 април 2019

 

________________________****************______________________

 

ВИДЕОТЕКА

*************

Kind regards: 24 април 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 209