СОТИР

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ПОСЛЕДНИ ВИДУВАЊА ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

**********************

Бурниот натпревар за највисокото место во политичко-правната хиерархија на државата пополека стивнува и се чека неговиот исходот. Меѓутоа, се' уште многу  граѓани во Македонија и во македонската дијаспора се  двоумат, зошто имаат дилема: кој од трите кандидати е  вистинскиот фаворит способен, како трибун на македонскиот народ, со своите лични и професионални квалитети, да го промени курсот на настаните кои оставија пустош, хаос и безредие во македонското општество, наречено "Оаза на мирот и правдата", од некои поранешни владари. 

Драги мои, пред вратите ни е 21 април 2019 година, денот на мудроста и отпорот или денот на лагите и продолжување на агонијата на народот и на македонската држава. Денот на првите претседателски избори во Република Северна Македонија,  дело на злосторниците од минатото, во соработка со домашните изроди и најлоши велепредавници во целата македонска национална историја.

Верувајќи дека со самото осамостојување ги решивме  проблемите, кои со векови не оптоваруваа и дека конечно дојде времето на слободата и мирот и во нашето двориште, од некаде и изненада пак ѓаволот ни тропна на нашите порти. Ни затропа, но овој пат преоблечен во господска облека и како наш најголем пријател, подготвен да направи се' за нас. Да ни го покаже "правиот" и едини исправен пат  до среќата, мирот и безбедноста.

И ни го покажа! НАТО и Европската Унија, како трампа  за нашата душа и тек стекнатата слобода и независноста на последното парче од македонската земја!

Ново поставениот премиер или прв министер во новата Влада на Република Македонија, Зоран Заев од Муртино и Талат Џафери, неговата десна рака во улога на претседател на македонското Собрание, го прифатија предизвикот и играта наметната од надвор, како откуп за греовите спрема својот сопствен народ. Игра и соработка, со Ѓаволот, од кој аир не видел никој!

И така, набрзо дојдовме до ова тереџе, да се бориме за воздух, зошто и тој ни недостасува, а што  беше и  се' уште е крајната цел на нашите "доброчинители": нашите стратешки партнери и докажани "пријатели"!?

Тие, не задоволни со досегашните резултати од своето "доброчинителство" и со цел да го обезбедат долговечното траење на злосторството со префрлување на вината врз Македонците како самоубијци,   предстојните претседателски избори ги претворија во борба за потврдување на се' што досега е сторено за докрајчување на Македонците како еден од најстарите, ако не и најстар, народ на Балканот. И не само тоа, драги мои! Туку и ставање крај на борбата за конечното решавање на, така нареченото, "македонско прашање" на Балканот. Но, истовремено и на наша сметка, проширување на соседните држави заради задоволување и на своите сопствени геостратешки интереси:  чекор поблиску, до  доминација над Светот!?

Кога се во прашање претседателските избори, мораме нешто да кажеме и за нивните актери. За трите тенори кои не забавуваа за цело време на нивните кампањи и директни средби со  потенцијалните гласачи. Ќе почнеме со Стефо Пендаровски,  кандидатот на СДСМ. Тој во секој случај нема никакви квалитети да седне на претседателското столче на Водно. Неговата парламентарност и неговото културно однесување го сврстува во класата на обичен насилник под нивото на неговата правничко докторска диплома. За него  Преспанскиот договор со Грција бил спасот за Македонија, бидејќи ни го отворил патот кон евроатлантските интеграции и просперотетот на нашата држава. При тоа, ниту со еден збор него споменува договорот со Бугарија, како губитнички за Република Македонија, а најмалку двојазничноста, како чекор поблиску до саканата федерализација на Македонската држава и парализирање на администрацијата, но и влошување на меѓуетничкките односи. Особено, на релација Албанци и Македонци. За придобивките или загубите од "компромисите" со Грција и Бугарија, ќе го кажат својот збор гласачите, вели Пендаровски од арогантна позиција на победник. Пендаровски е дециден и самоуверен во тоа што зборува. Инаку, Стефче Пендаровски е персонификација на Зоран Заев, како крпа и закрпа и за него политиката била над правото, па затоа  договорите биле легални, корисни за нас и нема што да се преговара за некој друг, поарен договор, особено со Грција.

За разлика од многу други албански политичари, Блерим Река е џентлеменски тип на политичар и легалист. Тој е за правна држава во земјата со закони над политиката. Но за жал, таква правна држава уште не проработила во Македонија. Вели Река!   Без средена демократска и правна држава, ни нема влез во Европската Унија, за разлика од НАТО, што е веќе свршена работа. Констатира господинот Блерим Река. Меѓутоа, сепак, една ластавичка не прави пролет. Таа секогаш е дел од своето јато.

Спрема податоците од нејзините дебати и средби со граѓаните а врз анкетите на Институтот за политички науки во Скопје,  професорката д-р Гордана Силјановска Давковска е во предност над другите два кандидати. Таа се идентификува како борец за држава, во која ќе владее правото, а политиката да си го заземе местото каде и' припаѓа и да ги темели своите одлуки врз Уставот и законите. Компромисите кои ги има направено владата на Зоран Заев со Грција, Бугарија и Албанија се неуставни, зошто се  против националните интереси на Република Македонија. Таа, во дебатите и другите средби со граѓаните, избегнува да ја споменува македонската држава со новото име Република Северна Македонија, зошто смета, дека преименувањето на Република Македонија е извршено на неуставен и не законски начин и против волјата на македонскиот народ, искажана на референдумот од 30 септември 2018 година. Но, и со референдумот за независност и сувереност на Република Македонија од 8 септември 1991 година.

Што паѓа в очи е фактот, дека  трите претседателски кандидати упорно тврдат дека се натпартиски кандидати, ама само со поткрепа на  партиите со кои делат заеднички погледи на политичките настани во земјата. Ако е тоа баш така, тогаш немаме што да очекуваме од овие избори. Тие се кандидати на партиите чии програми треба да ги реализираат, а тие програми добро ни се познати. Со нивното активно (СДСМ и ДУИ) учество, а со пасивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ стигнавме таму, каде Република Македонија денес се наоѓа. Начинот со кои ни ги презентираат своите размислувања како решение на положбата во Република Македонија, нема да ни ги исполнии очекувањата. Очекувањата за враќање на изгубеното со сите капитулантски договори за добрососедски односи со комшиите.

Спрема тоа, до колку и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се стави во контекст на политиките кој ги води Христијан Мицкоски, плус како заколнета  претседателка на Република Северна Македонија,  апсурдно би било да се очекува позитивен расплет на македонскиот јазолец и покрај сите лични и професионални квалитети кои таа ги поседува. Па така, тешко ќе биде да ги придобие гласовите на таканаречените: измамени и разочарани граѓани!

А што е со срамното одрекнување од Македонците надвор од Македонија како влог во нешто за што не се знае дали ќе постои до времето кога ќе ни дојде редот и ние да седнеме, за прв пат во историјата, рамо до рамо со најголемите сили? Пендаровски нема одговор. Нему му е важно да седне до некој посилен и поважен од него, па макар и обезличен, ама да се чувствува и тој голем, барем еднаш во неговиот живот!

Па затоа драги мои, неделава што е пред нас,  21 април 2019 година, нека биде ден во духот на Христијанскиот празник Велигден и воскресението Христово. Нека биде ден на будењето на Македонците дома и надвор во светот. Нека биде ден на вистинската иднина и победа  на доброто над злото.

 

За секогаш, Ваш Сотир!

18 април 2019 година

Балкански Полуостров

 

Академик Алесандар Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин

 ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

 ДЕЛ 2

 ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАЛКАНОТ

 

Името "Балкан" е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологија, која е основана во 18 век, заради изучување на општествено-политичките, културно-историските, филозофските, фолклорните и други особености на овој дел од светот.

*****************

На југоисток од Европа се наоѓа Балканскиот Полуостров, кој во истороски поглед претставува "Стара Ецропа", матица на европската цивилизација. Се простира меѓу 35* и 46* 53' северна географска ширина и 13* 23' и 30* источна географска должина. Древното име за Балканот е Хем (Haimos), по планината на север во Тракија.

Според една легенда, планината Хем е наречена така по тракискиот тиранин кој во двобој го убил Посејдоновиот син Бизант, кој, пак, се смета за оснивач на истоимениот град на Босфорот. Според друго кажување, Хем бил син на Богот на северниот ветер Бореј, најсилен од сите ветрови и персонификација на тракиската планина. Бил оженет со Родопа, која му го родила синот Хебар (реката Марица или Хебар). Заради кавгата со боговите, тие биле претворени во планини. 

Географски граници на Балканот се: на север Дунав и Сава, на југ Средоземното Море, на исток и југо исток Црното Море, Мраморното и Егејското Море, на запад Јонското и Јадранското Море.

Неговите јужни брегови се многу разгранети. Полуостровот го прсекуваат големи планински системи од север кон југ и југоисток, кои тежнеат од Алпите, преку егејските острови да се спојат  со планинскиот систем на Мала Азија. Тоа се Динарско-Шарско-Пиндскиот, Карпатскиот, Балканскиот и Родопскиот систем, со планински врвови од 3000 м. (Рила 2925 м, Олимп 2918 м, Пинд 2914 м, Кораб 3061 м, Шара 2748 м, Проклетие 2694 м, Дурмитор 2522 м итнт.).

Уште во античко време се опишани и опеани многу планини на Балканот, секако многу Олимп, потоа Хем и Родопите, но и Пинд, Тајгет, Парнас и други. Филозофот и географ Страбон (66-та година пред Христа - 19-та година пред Христа), Шар Планина (Скардуш) ја нарекувал "Верига на светот" (Катена Мунди).

Меѓу реките доминират: Дунав, Сава, Морава, Дрина, Дрим, Тимок, Ибар, Неретва, Бојана, Вардар, Бистрица, Струма, Марица, Пинеј о др. Езера се Охридското, Преспанското, Скадарското, Островското, Костурското итнт.

Во внатрешноста на полуостровот климата е умерено континентална, со високи температури на југ до 40* во текот на летото и со суша, и планинска, со големи снежни врнежи. На приморјето климата е медитеранска. Погодните климатски и плодоносни карактеристики овозможуваат добри услови за развој на земјоделието, сточарството, рибарството и др.

Меѓу планините се формирани помали или поголеми широки рамници, од кои најголема е Панонската Низина, во сливот на: Дунав, Сава, Драва, Тиса и Морава. Таа претставува најнизок дел од земјиштето во Панонскиот базен, меѓу Алпите, Карпатите, Динарските и Родопските Планини. Настанала со повлекување и истекнување на Панонското Езеро (Море) низ Ѓердапската Клисура.

Езерото било најголемо за време на плиоценската геолошка епоха, а постепено истекувало кон крајот на плеисценот и почетокот на холоценот, кога завршува последната глацијална (ледена) епоха на Балканот, околу 10.000 години пред Христа. За тоа време, под мраз биле многу планини, како што се: Олимп, Пинд, Шар Планина, Пирин, Рила, Јакупица, Проклетие, Дурмитор, Прењ и др.

Другите низини во Србија, Босна, Хрватска, Бугарија, Македонија, Тесалија, Пелопонез и др. сочинуваат околу 29% од вкупната површина на земјиштето. Претежно на југ и запад на Балканот, меѓу стрмните планини, рамниците меѓусебно се спојуваат преку тесни премини, обични клисури. Ваквата конфигурација на земјиштето во минатото влијаела во обликувањето на помали човечки заедници, кои подоцна прераснувале во помали етничкиг групи по системот полис-држави.

Разноликоста на бреговите на Балканскиот Полуостров, многуте реки, котлини и превои, овозможувале погодни услови за рано населување од југ спрема север, и од исток кон запад, долж големите реки и плодните рамници.

Со својата географска положба Балканскиот Полуостров од памтивек бил мост и главна сообраќајница меѓу Азија и Европа, Исток и Запад, што придонело за мултиетнички состав, разновидност од културни и политички влијанија и немири низ историјата. Тоа убедливо го потврдуваат археолошките наоди од разни древни култури. Ни помалку простор ни повеќе историја. Балканот, Европа и светот во целост, во античко време најдобро го опишал Херодот (4-ти век,36), татко на историјата, кој нагласува дека човекот мора да се смее на тоа како многу научници ја нацртале Земјата. Тие прикажале дека Земјата е тркалезна како круг, дека околу неа течат океани и дека постојат само три континенти: Европа, Азија и Либија (Африка), кои меѓусебе се споени.

Според тоа сфаќање, Европа е најголема и најдолга, па оттаму и нејзиното име, од кованицата еврис-широк, простран и опс, опос-многу налик, лице, око, т.е. Европа. Неа ја опкружува Северното Море. Европа немала име, а сега се вика така по ќерката на Филип Втори Македонски, Европа. Меѓутоа, според Хесиод (меѓу 800-700 година пред Христа), во Теогонија (357) за создавањето на светот и митовите од боговите, Европа е ќерка на Океан и Тетида, сестра на Тракија, Азија и Либија. На Зевс му го родила синот Додон, епонимен херој на Додона, прв храм на Балканот.

Најсеверни народи на Европа во почетокот биле Борејците, кои живееле во Тракија и по долината на Стримон, а подоцна Хиперборејците кои живееле на крајниот север, од онаа страна на Северниот Ветер, т.е. Хем. Херодот понатаму изнесува дека најголема река во Европа е Истар (Данубиус) и дека ја опкружуваат океани, како на исток, така и на запад.

Во географски поглед, Подунавјето е голема област која ги поврзува Источна и Западна Европа, Црноморскиот регион и Медитеранот, преку своите притоки и северните делови на континентот со централните области на Балканот. Гигантските алпски и карпатски планински системи го делат Подунавјето на алпси или западен, панонски или средишни и понтски или источен дел. Реката Дунав, исто така, го дели Средно Подунавје на западен дел, кој гравитира меѓу Динара, Јадранското Море и Апенинскиот Полуостров и на Панонски Базен на исток. Оваа низинска област, која претставува најмаркантна црта на релјефот на Европа, е обележена од источната страна во лак од планинскиот систем Карпати, Трансилванските Алпи и Стара Планина.

Во пределот на Јужните Карпати, Дунав минува низ Ѓердапската клисура и со тоа ги спојува Панонската и Влашко-Понтската низина. Ѓердап е најголемата клисура во Европа, долга околу 100 км  меѓу Голубец и Кладово. Се дели на мал и голем Ѓердап. Најтесен дел на Ѓердап е кај Казан, каде во должина од 9 км има ширина од 150-170 м и длабочина од 25-50 м, а најголемата длабочина е 74 м. Во Ѓердапската клисура, Дунав има голем пад, вкупно околу 30 м, брзина од 3 м/с, со просечна количина на протекнување на водата од околу 5800-6000 м3/с. Страните на клисурата се издигнуваат 600-700 м над речниот тек. Во овј дел Дунав е многу богат со разновидна риба, пред се' со моруната која икрата ја исфрла во пролет.

Инаку, Карпатскиот лак припаѓа на групата на алпскиот ороген систем, со височина до 2500 м. Тој е обезбеден со збиени набори кои се состојат од разновидни петролни материи, како што се креда, глинено-песочни чкрилци (плочест камен) итнт. кои претставуваат составни делови на каменот во облик на лизарчиња (измазнет валчест речен камен) во речните долини. Тие ќе бидат главен материјал за алатки и уметнички предмети од најстара култура на Средно Подунавје во камениот период.

Во географска смисла праисториска Македонија се наоѓала како "сендвич" меѓу Пелазгија на југ и Бригија и Пелагонија на север. Таа го опфаќала просторот на планинските масиви на Олимп, на исток, преку Пиерија и Пинд на запад, Каракамен и Вич северно со 'рбетот на сливот на реката Бистрица (Халиакмон). Многубројните автохтони неолитски племиња им биле соседи на Македонците.

Најблиски сродници им биле Магнетите во тесалиска Магнезија, југоисточно од Олимп. Позападно биле Еолците (Минијците, Лапитите, Тироите и Флегијците) потоа Хистиеотидите и Теспротитите. На запад биле Енхелејците, а на север Бригите и Пелагонците, додека на исток Пеонците, Тракијците и Мигдонците.

 

Продолжува

 

Драган Богдановски 18.IX.1926 - 31.V.1998.

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 СОКОЛ

Посветена на Методија Андонов-ЧЕНТО

  • Таму каде Вардар бели пени фрла
    и в долина ежи со дивовски грла,
    во карпите модри, стрмно обесени,
    в едно топло гнездо длабоко во стени
    во мрачните денои на ропското време
    се извело пиле од соколско племе.

    Првиот му полет во просторот ширен
    не можел да биде радостен и мирен,
    првиот му поглед в бескрај в селена
    му оставил слика мрачна и студена,
    ветришта и бури му пречеле в летот,
    уште како пиле му здодеал светот
    но рано размавнал со широки крила
    и летел високо со соколска сила,
    надлетувал м'гли, достигнал облаци
    и високо горе барал топли зраци,
    но и таму било мрачно и студено
    и сонцето било во облак скриено.

    Навечер се спуштал преморен од лет
    и в гнездо сонувал иден среќен свет-
    денови радосни за соколски род,
    расејани лачи над Вардарски свод,

  • но в негова борба со студ и со мрак
    го удрил еднаш еден тресок јак
    и душмански гадно со брутална сила
    му искршил в рани широки крила.

    Денес измрцварен од лутите рани
    во клетка е ставен од луѓе погани,
    но соколски морал е појак од челик,
    подноси се' гордо и непушта вик
    и гледа далеку со соколски поглед
    кај сонце ќе сјајне од облакот блед.
    ************
    Автор: Драган Богдановски

ВИДЕОТЕКА

**************

 

Kind regards : 18 април 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 208