Сотир

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВИДОВМЕ АИР ОД ДВАЈЦА, ПА БАРАМЕ УШТЕ ЕДНА ДПМНЕ-вка

************************

 

Предизборната претседателска кампања се распламтува. Сите кандидати настојуваат да ги намамат Македонците да се закачат на нивната јадица, која им се нуди како "спас". Драги мои, спасот е само во нас, народот. Еднаш да се разбудиме и да погледнеме околу себе, да видиме што се случува и што уште ни се подготвува за после претседателските бајки и измами. Нема слобода  за Република Македонија, ниту пак  за нас, Македонците,  до колку седиме дома и чекаме Господ Бог да ни помогне. И порано реков дека Господ  ни ги даде и умот и разумот да ги користиме, зошто и од нив, наскоро, можеби фајде ќе немаме. И молењето, крај си има. Граѓанската непослушност ни е оружје, за сега,  да го победиме Заевизмот. Но и  таканаречената опозиција која одамна постана соучесник  на власта која молњевито ја докусурува Македонија. Ги обезличи државните институции, Армијата на Македонија, Полицијата, националните белези... Јавно ја обесчести македонската химна и историското знаме, симболот на Македонците, ширум светот. Не обезличи, длабоко навреди и понижи и нас мнозинскиот и државнотворен народ во нашата сопствена земја и ги постави терористите и вистинските непријатели на Македонија да одлучуваат за нејзината судбина. И  уште цинично бараат да гласаме за конечното удирање нож во својот сопствен грб. 

Заговорот против Македонија и македонскиот народ трае долго и еднаш ќе мора да се прекине, или ќe не снема. Жално е да се спомене, меѓутоа во минатото, нашите интелектуалци беа стожерот на македонското ослободително движење, а денес? Денес со многу од нив можеме само да се срамиме. И тоа не само од обичните интелектуалци и други учени луѓе, туку најповеќе од оние кои сме ги избрале да ја водат Македонија и нас, народот македонски, во поарен живот, среќна иднина, достоинство за нашите деца и благодарност кон нашите предци, од сите времиња.

Малку по малку, се открива вистината. Во секого и во се'  што  сме   верувале, испадна дека  сме биле во  заблуда, и длабоко  измамени. Дури  и на најодговорните места во власта, образованието, безбедноста, правосудството, армијата... скоро на секаде се вовлекле душмани, странски платеници, без достоинство и човечки морал.

Да почнеме од претседателот на државата Ѓорге Иванов, човекот, кој ја изневери довербата на  сопствениот народ и со својата неспособност и неодлучност, ја загрози безбедноста на македонската држава и народот македонски. Ја доведе Македонија во потчинетост на други држави, со непријателски стремежи. 

За цело време, два мандати,  од неговиот избор на највисоката должност тој беше добро информиран за се' што се случува, ама не реагираше, како да му висеше над главата нешто што го парализира. Го онеспособи, да преземе соодветни чекори. Човек како нас, ама презел голема одговорност,  преголема за неговите способности. Човек неподготвен и да се жртвува, ако треба, за народот на кој му се заколнал дека ќе го чува и брани Уставот на Република Македонија и македонската држава. Човек, кој уживаше во погодностите кои одат со претседателската должност, ама без одговорност за положбата во која ја дотера Државата и безбедноста на народот кој го избра за свој врховен командант. 

Ѓорге Иванов незастана  простум, како вистински државник и врховен војсководец. Од страна гледаше како непријателот навлегува и ја окупира Република Македонија, а тој ниту да трепне ниту да мрдне!

Ниту близу до Винстон Черчил, кој против хитлеровата наезда   застана на чело на колоната во одбрана на својата татковина. И го победи, со храброста,со  која нашиот претседател неможе да се пофали!

Пред неговите очи се разградуваше државата и крадеше националното културно богатство, а од него, молк! Војската понижена и обесчестена. Од него молк! Полицијата инфицирана со терористи од "албанските борци за човечки права", од  претседателот на државата, молк!

Можеше да му го повлече мандатот на Зоран Заев, кога виде дека работи против Уставот на Република Македонија и ја игнорира претседателската институција. Можеше да се обрати до ООН за продолжување на Република Македонија со нејзиното уставно име. Можеше да ги прекине и преговорите за промена на името и нечесните барања на Грција, Бугарија и Албанија, кога виде дека одат во насока да ја дестабилизираат државата и го обезличуваат  македонскиот народ. Можеше многу работи во полза на својот народ да направи, но од него само молк, игнорирајќи ги, притоа, советите на најдобрите експерти кои му нудеа помош. 

Можеше, можеше многу нешта, но за секогаш останавме само со не реализираните нешта и молкот на Ѓорге Иванов. И дочекавме нови претседателски избори, но сега во измислената нова "македонска" држава на Балканот, Република Северна Македонија. Ќе се бира нов и прв претседател на "Република Северна Македонија". Но како нема доволно северни Македонци, првиот премиер на новата северномакедонска Влада, Зоран Заев, "распиша натечај" за платеници. 

Ништо чудно, можеби ќе се пофтори "мудроста" на Зоран Заев, односно последниот премиер на Република Македонија. Секогаш има партиски "херои" кои ќе ги пополнат дупките и одново  вклучат во последната битка на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, а можеби и Ѓорге Иванов. А кандидатот на Албанците, за сега ќе биде набљудувач на трагикомедијата на Македонците, за кои поглаварот на Исламската заедница рече дека се недоветни, па затоа и не заслужуваат да имаат национален идентитет. Ништо чудно! Не ли?

Како би го обелил образот и "мирно" заминал во своето, кој знае каде, "заслужено" местенце за добро одработената улога во разнебитувањето на својата сопствена држава, Ѓорге Иванов одеднаш се разбуди и напиша молбено писмо до институциите на Европа, на НАТО, претседателот на САД Доналд Трамп и Реџеп Ердоган од Турција да му помогнат заедно да ја закопаат Република Македонија и да и' го подигнат непостоечкото знаме и испеат непостоечката химна на новата северно македонска "нација".

Браво претседателе!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, најде време да реагира против така наречената албанска Тиранска платформа за време на претседателските избори одредени за 21 април 2019 година, како би ја "алармирал" меѓународната заедница барајќи од нив помош и разбирање за ситуацијата во "неговата" држава, ама ни збор за Преспанскиот договор со Грција и Бугарија, со кои отиде Република Македонија како никогаш и да не била, а Македонците, како никогаш да не постоеле. 

Да сакаше да се случи тоа што го посакува од надворешните "пријатели и стратешки партнери", Претседателот Иванов можеше да му го земе мандатот на Зоран Заев заради прекршување на писаната гаранција со која му "гарантира" дека  ќе го почитува Уставот и законите на Македонија, и така, уште во зачетокот можеше да ја оневозможи македонската трагедија, која  прерасна во ЕТНО ГЕНОЦИД. Меѓутоа, тоа не се случи! Најверојатно таа работа му ја остави на својот евентуален наследник, исто како и тој, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска, да ја заврши, ама и таа во тоа не верува. А пошто во една прилика изјави дека нашата судбина е врзана за НАТО и Европската Унија и  од тоа нема бегање, значи, и таа ќе биде уште еден претседател/ка на ВМРО-ДПМНЕ која ќе учествува во уште подлабоко погребување на Република Македонија, за никогаш повеќе да не и' текне да крене глава. Но, и тоа не е за верување дека ќе биде така! Ќе кренеме глава драги мои, но кога? Од нас зависи!

Како  претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов не успеа да го спречи потпишувањето на договорот со Бугарија со кој Зоран Заев се  одрекна од дел на македонската национална историја. А со ревидирање на учебниците во сите македонски образовни институции и бришење на се' што на бугарските историчари не им одговара, ги хендикепира сите идни македонски генерации а агресорите и злосторниците ги претвори во победници и миротворци во сите војни на македонската територија. 

Иванов, и тука потклекна!

Претседателот Иванов не ги вознемири ниту  двајцата министри за надворешни работи на Грција Никос Коsијас и на втората страна Никола Димитров во потпишувањето на  договорот со Грција. Ниту пак беше удостоен да биде повикан на церемонијата на 17 јуни 2017 година во Виници, Преспа, на која беа присутни сите европски бирократи и претставници на НАТО, од кои Ѓорге Иванов  денес бара, во своето писмо, "милост" и помош за она, во што и тие така агресивно учествуваа.

Претседателот Иванов не беше загрижен ниту за  содржината на  договорите и со Бугарија, а посебно со Грција, туку само за албанската Тиранска платформа, која како домашен македонски проблем, можеше и на друг начин да се разреши и амортизира нејзиното дејство на штета врз унитарноста на Република Македонија.

Особено Договорот со Грција е извонредно штетен по националните интереси на Македонците, а нашиот прв човек нималку не е загрижен. И понатака молчи. Молчи уште малку, дури не му истекне мандатот и си се врати назад од каде  и се појави на македонската политчка сцена. 

Ево, накратко, што ни донесе преспанскиот договор:

Разнебитувањето на Република Македонија со промена на  нејзиното уставно име,  бришење на  придавките Македонија, македонски, македонско и одрекнување од древната македонска историја. И не само тоа. Ревизија на учебниците за македонските училишта од страна на посебна заедничка комисија со отстранување од нив на се' што на Грците не им се допаѓа. Како за пример, Граѓанската војна не била војна и против Македонците; дека немало никакви деца бегалци и масовни убиства со цел да се истреби и коренот на идните македонски генерации во егејскиот дел на Македонија; потоа распарчувањето на Македонија и народот македонски помеѓу соседите за време на Балканските војни никогаш не  се случило, а безмилосното бомбардирање и со напалм боми горење на македонските деца, жени и мажи дури ги напуштаа селата и домовите свои пред тоа барбарство и не цивилизирано однесување од страна на грчкиот минархофашизам, кои и денес трае, биле невистини на некои провокатори кои биле против "добрососедските односи" со Грција ит.н.т.

Претседателот Иванов заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидаткињата за претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска се подготвуваат на перфиден начин да ја запечатат судбината  на Република Македонија,  со тоа и судбината на македоската Дијаспора и на Македонците во егејскиот, пиринскиот и албанскиот дел на Македонија.

Одрекнувањето од македонските малцинства кои со векови живеат на македонска земја во Бугарија, Грција и Албанија, ги потврдува монструозните геноцидни планови против Македонците и нивната повеќе вековна древна култура и цивилизација. Македонска цивилизација, супериорна во споредба со западната, создадена  врз вештачките темели на Грција и фалсификуваната грчка историја.

Меѓутоа, во оваа спрега со Грците, Бугарите и Албанците,  не е вмешан само Зоран Заев, Никола Димитров , претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов,  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  туку и Виктор Габер, поранешен амбасадор од времињата на СФРЈ, во улога на член на заедничката комисија за ревизија на македонските учебници во деловите каде се споменувале настани "не примерени" за добрите односи помеѓу соседите.

Ево што се вели во статијата на уредништвото на Магазин.мк за овој дел од договорот со Грција и вмешаноста на Виктор Габер во неговата конкретна реализација:

- Поранешниот амбасадор и политиколог Виктор Габер е именуван на чело на комитетот за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција. Во неговиот состав има седум члена од македонска страна. Комитетот, како што информирало Министерството за надворешни работи е формиран  во согласност со чл. 8, став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција,  потпишана на 17 јуни 2017 година (Согодбата од Преспа).

Интересен податок е што Договорот нема правна сила и активностите на Министерството за надворешни работи се спротивни на Уставот и законите во Република Македонија, се вели во статијата на Магазин.мк и продолжува.

Виктор Габер е македонски дипломат, филателист и публицист. Магистрирал на Скопскиот правен факултет во 1979 година. Бил амбасадор на СФРЈ во Атина, Тирана, Италија, а од СДСМ бил именуван за амбасадор во Австралија (2004-2008). Негова  последна активност му била претседател на Дипломатскиот клуб во Скопје, која ја извршувал во 2009 година.

Интересно е што Виктор Габер има издадено публикации на теми за кои сега треба да ги негира сопствените тези, како онаа од 1985 година именувана како "Односот на Грција кон македонското национално малцинство по Првата Светска војна", "Македонската дипломатија од 2002 година", "Името Македонија - историја, право и политика од 2010 година", заклучува уредништвото на Магазин.мк.

Прашањето е:  како  е можно  од изложеното за овој македонски дипломат, правник, публицист и поранешен "патриот" и по се' чесен и семеен човек, неговата цивилизациска и политичка еволуција да го турни  толку надвор од неговите довчерашни убедувања, за да се негира самиот себе, освен да се заклучи, дека е велепредавник од кариера. И тоа не од денес или вчера!

Ако таков интелектуален "капацитет" си ги обезвреднува своите сопствени убедувања посведочени во делата за кои сега тврди дека не се точни и дека "т'зи дупка не е дупка" , што би рекол Васко Ефтов, како би се однесувала во ваква ситуација во која навлегол доброволно Виктор Габер  некоја поситна душа од  редовите на СДСМ, како најголема албанска политичка партија во Македонија? А како тек некои испробани платеници и безвредни ситни души  од редовите на "најголемата македонска политичка партија" ВМРО-ДПМНЕ? Можиме само да претпоставуваме. Или да потврдиме, дека "ПАРАТА ДУПИ, ШТО БУРГИЈАТА  НЕМОЖИ"!

За секогаш, Ваш Сотир!

13 април 2019 година.

Љубомир Цуцуловски

Љубомир Цуцуловски

ЗА ЗАЕВ ДА СЕ БИДЕ ПАТРИОТ  Е  НЕДОСТОЈНО

*********************

НЕСПОРЕДЛИВИ РАЗЛИКИ

 

За разлика од Заев, Алексис Ципрас (Грк по потекло!) без каков било комплекс ја спомна Граѓанската војна во Грција (1946-1949) во која заедно се бореа македонските и грчките партизани/комунисти; бегалците од Војната; недоличното однесување на грчката држава кон Македонците во 1983 година, кога не го дозволија враќањето на имотите; Словарот/Букварот на (славо) македонскиот јазик; ги потсети сегашните грчки комунисти дека некогаш заедно, раме до раме, се бореле со Македонците; ги потсети на Мирка Гинова... За разлика од него, Заев никогаш не се осмели, ниту ќе се осмели, било што да изусти од она на кое гласно потсети Алексис Ципрас, бидејќи за Заев недостојно било да се биде патриот. За разлика од Ципрас, Шарените го испоганија едно од обележјата (на Порта Македонија) посветено на децата бегалци.

Тогаш, како е можно да се направи било каква споредба меѓу Заев и Алексис Ципрас, бидејќи се работи за неспоредливи величини? Излегува дека поголема почит кон Македонците и кон нивната историја, имаат некои немакедонци од некои Македонци. Меѓутоа, признанието на Ципрас, колку и да е достојно за почит, не може да биде оправдување или прифаќање на Преспанскиот договор. Сепак, тоа мора да се нагласи, бидејќи Ципрас кажа многу повеќе за Македонците од многу Македонци и по етничко потекло.

https://republika.mk 

ПОРТА МАКЕДОНИЈА, ДЕЛО НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА.

Ѓорге Иванов

 

ИВАНОВ СО ПИСМО ДО ТРАМП, ЕРДОГАН, ТУСК И СТОЛТЕНБЕРГ

ЗОШТО ПОСТОИ ОТСУСТВО НА ЈАВНА ОСУДА НА ПЛАТФОРМАТА ОД ТИРАНА ОД СТРАНА НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

***************************

 

Во пресрет на состанокот на Европскиот совет, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо до членовите на Европскиот совет, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, до Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и до двата стратегиски партнери на Република Македонија, до претседателот на Содинетите Американски Држави, Доналд Трамп и до претседателот на Република Турција, Реџеп Ердоган, во кое ги запознава со актуелната состојба и со сето она што се случува во Република Македонија.

*******************

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ

Република Македонија веќе две и пол години минува низ длабока политичка криза. Со олеснувачката улога на ЕУ и на САД беше постигнат Договорот од Пржино, во чија суштина беше организирање предвремени парламентарни избори во фер и демократски услови и формирање Влада на Република Македонија, што најпрво ќе се фокусира на итните реформски приоритети.

На 11 декември 2016 година се одржаа слободни, фер и демократски избори, кои беа поздравени од сите страни. Но, наместо излез од кризата и фокусирање на итните реформски приоритети, ние повторно се најдовме во длабока политичка криза. Имено, по изборите, три  од четирите парламентарни партии на етничките Албанци во Република Македонија, со 18 од вкупно 120 пратеници во Собранието, под покровителство на премиерот на Република Албанија, Еди Рама и неговиот министер за надворешни работи во Тирана создадоа платформа за Албанците во Република Македонија.

Тиранската платформа стана предуслов за формирање Влада на Република Македонија. Платформата е постизборен  документ усвоен во туѓа држава во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава. Со оваа платформа се загрозува сувереноста и независноста на државата, доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Реализацијата на платформата подразбира промена на Уставот на Република Македонија со кои би се загрозил унитарниот карактер на државата. Платформата го нарушува Охридскиот рамковен договор, кој ги регулира односите на етничките заедници со државата Република Македонија и нивните меѓусебни односи. Во спротивност  со Охридскиот рамковен договор, платформата е дискриминаторска кон другите етнички заедници, бидејќи приоретизира само една заедница. Оваа платформа од Тирана дополнително ја дестабилизира внатрешнополитичката состојба и ги зголемува меѓуетничките тензии во Република Македонија.

Со начинот на кој е донесена и со изјавите на официјалните претставници на Република Албанија и Република Косово, негативно се одразуваат на меѓусоседските односи и се врши дестабилизација на регионот на Западен Балкан. Оваа платформа, нас не' доведе во застој од кој е тешко да се излезе бидејќи има ултимативен и уценувачки карактер.

Во согласност со чл. 84, алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, на 1 март 2017 година донесов одлука да не определам мандат за состав на Владата на Република Македонија на секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста. Како претседател на Република Македонија, моја уставна должност е да ги почитувам Уставот и законите и да ги штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија. За сите овие нешта лично ги информирав г. Хан и високиот претставник, г.ѓ. Могерини. Од нив побарав јавно и јасно да ја осудат и да ја отфрлат платформата како чин на мешање во внатрешните работи на суверена држава и како документ што дополнително не' дестабилизира и изложува на внатрешнополитички, меѓуетнички и можни геополитички влијанија. Ќе повторам дека овој документ кој е ултимативен и уценувачки го суспендира и Договорот од Пржино во кој Европската Унија го вложи сиот свој надворешнополитички кредибилитет.

Сметам дека осудата и отфрлањето на овој документ е единствен начин за излез од безизлезната состојба во која се наоѓаме. Само на тој начин ќе ги постигнеме целите на Договорот од Пржино, пред се' итните реформски приоритети, политичката стабилизација, намалувањето на меѓупартиските и меѓуетничките тензии во Република Македонија и враќање на државата на патот кон европските и евроатланските интеграции. Во тој контекст, барам со внимание да ја разгледате вистинската реалност со која сме соочени и да се заложите оваа штетна платформа да биде јавно отфрлена и осудена од страна на Европската Унија и НАТО и нивните земји членки. Понатаму, очекувам да го осудите флагрантното мешање во внатрешните работи на Република Македонија од страна на два нејзини соседа - аспиранти за полноправно членство во Унијата. Конечно, очекувам да испратите силна порака до нашиот геополитички ранлив регион за неповредливост на границите на Балканот и да ја реафирмирате европската е евроатланската перспектива на земјите од регионот.

Отсуството на јавна осуда на платформата од Тирана од страна на меѓународната заедница само ќе охрабри слични ободи во нашиот, но и во други региони во Европа со сложена етничка, религиска и јазична реалност.

Најискрено се надевам дека ќе наидам на Ваше разбирање. Во прилог Ви доставувам копија од горенаведената платформа, како и изјави на официјални претставници и институции на Република Албанија и Република Косово.

Како претеседател на Република Македонија, земја долгогодишен кандидат за членство во Европската Унија и НАТО, очекувам да се ангажирате и да ни помогнете бидејќи иднината и перспективата на моите сограѓани се пред мошне сериозен предизвик.

 

 https://www.mn.mk/aktuelno

Проф. д-р Љубомир Цуцуловски

 

Љубомир Цуцуловски

АЛХЕМИСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА

***************

 

Кога Собранието на Република Македонија ги распиша изборите за претседател на Државата (7 февруари 2019 година, ги распиша за претседател на Република Македонија. Значи, изборите беа распишани од Собранието на Република Македонија (бидејќи тогаш се' уште не постоеше творбата Република Северна Македонија) за избор на претседател на Република Македонија, бидејќи (некој и да сакал) не може да распише избори за Република Северна Македонија, т.е. за тогаш непостоечката творба. Сепак, Државната изборна комисија (ДИК) на 21 март 2019 година донесува Заклучок со кој се утврдуваат кандидатите за избор на Република Северна Македонија (!?). Оттука, следат барем четири прашања:

1. Како ДИК ја изврши трансформацијата, односно алхемијата според која Република Македонија стана Република Северна Македонија?

2. Со кое право (законско, морално и човечко) кандидатите за избор од Република Македонија се согласиле да станат кандидати за претседател на Република Северна Македонија?

3. Ако некој од нив (сеедно кој) не се согласува со оваа алхемиска трансформација, дали ќе се откаже од учеството на изборите?

4. Ако не се согласува, кога своето несогласување/повлекување ќе го соопшти?

Прашањата, се надевам, не се толку тешки да не може на нив било кој ум, колку и да е оскуден, да одговори. Или и понатаму ќе си играме мижитатара, во стилот: "Не знам, нисам одавле"?

***********************

http://www.dudinka.org

27 март 2019 годин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

Дел 01

Пишуваат: Академик А.Шкокљев-Дончо и Славе Катин

****************

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА 

Свеста за себе и за творење се основни карактеристики како на поединецот индивидуално, така и на човечкиот род како целина. Најзначајни иновации на луѓето, како основа за формирање на историјата на човештвото, се јазикот, писмото, идеологијата, науката и технологијата.

************

Во овој процес, во различните праисториски периоди и во текот на времето, од морето насобрани идеи, знаења и искуства дошло до издвојување и осамостојување на разни техники, уметнички достигнувања, митови, религии, писма, идеологии, науки и технологии.

Најзначајна одлика на човечкиот род е свеста (индивидуална и колективна) која има универзално значење во сите духовни активности. Затоа феноменот на свеста е еден од најстарите проблеми и централна тема на расправиите од самиот почеток на филозофските мисли на Исток и Запад, кој до денес се третира низ разни митолошки, мистични и филозофски системи.

Првиот научен обид за објаснување на феноменот на свеста (како најкомплексна мозочна функција) е даден од страна на Обединетите нации, каде последната деценија на 20-от век се означува како деценија токму на истражувањата на мозокот и свеста.

Во услови на модерна информатика и будење на регионалните национализми, желбата на авторите на ова истражување е, со понирање во палеобалканскиот свет, да укажат на значењето на низата најнови археолошки, лингвистички и историски информации за едно културно наследство, кое се злоупотребува за обликување на свеста.

Покрај тоа, целта е да се истакне како е родена и именувана Европа на овие меридијани и да се покаже дека палеобалканската култура претставува прапочеток, "архетип" на светската цивилизација. Овие разгледувања се комплиментарни со теориите за етногенезата на разни народи на Балканот, а ја намалуваат исклучивоста на многу теории, што е предуслов и залог за опстанокот на идните генерации на овие простори.

Моделот на основачот на комплексната психологија д-р Јунг, за архетипското колективно несвесно, ни послужи како парадигма во разоткривањето на таа палета на архетипското колективно несвесно по прашањето на археологијата, лингвистиката, праисторијата и митологијата од палеобалканологијата. Пишаната историја е главниот дел кој архетипски допира длабоко наназад, до појавата на човечкиот вид на Земјата. Археолозите, лингвистите и историчарите ги проширија нашите знаења за минатото за повеќе илјади години.

Публикацијата од "Панонија до Егеј" е поделена на четири дела. Во првиот дел се дадени географски карактеристики на Балканот и археолошки наоди од праисториските култури на Балканот.

Вториот дел е насловен како "Историска реконструкција на палеобалканските и егејските популации". Во него се дадени материјали за: Хиперборејците (Северците) и нивните современици, потоа за народите: Бриги, Тракијци, Енхелеи, Пелагонци, Пеонци, Македонци, Еолци или Еољи, Минијци, Лапити, Тирои, Пелазги, Јонци, Минои-Крит и Киклада, Ахејци во Пелазгија, Лелези и Лелеги, Карци, Ликијци, Лувијци, Лиѓани, Хетити.

Исто така, во овој дел се дадени материјали под наслов: "Големите селидби на Балканот во бронзено-железниот период", "Илири", "Миграцијата на Дорците (Хелените) во Пелазгија" и "Келти".

Во третиот дел се поместени материјали за палеоглосологијата на Балканот, ономастиката на Грција, ономастиката на Централен Балкан, како и материјали за хидронимите, хоронимите и оронимите.

Во четвртиот дел е пренесена реконструкција на античкиот митолошки систем на Балканот врз основа на панонските хидрономи од митолошки содржини, потоа  материјалите "Олимписки Пантеон во Панонија", "Хераклитовите патувања по Дунав", "Еволуција на палеоглосологијата на Блканот", "Историскиот развој на грчкиот јазик", "Посебност на јазикот на Македонците" и "Улогата на Скитите-Прасловените во континуитетот на палеобалканската цивилизација".

Посебно внимание привлекуваат текстовите посветени во Заклучокот на македонски и на англиски јазик, литературата и објаснувањето на главните поими.

Публикацијата од Панонија до Егеј", чиј автори се академикот д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, издадена од издавачката куќа "Македонска искра" од Скопје во 2007 година, на 196 страници, е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се' историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации. Рецензенти на ова дело се: Александар Донски и м-р Мартин Треневски.

Инаку, Академикот проф.д-р Антоније Шкокљев-Дончо е еден од доблесните Македонци кој својот живот го посветил на науката, на здравјето на луѓето, на напредокот на новите генерации во областа на медицинските науки, на палеолингвистиката и на древните корени на народите на Балканот, со особена нагласка на Античка Македонија, како и на македонскиот народ и Македонија.

Проф. д-р Шкокљев беше роден во познатото македонско револуционерно село Д'мбени, Костурско, во егејскиот дел на Македонија на 24 септември 1923 година, а почина на 94 годишна возраст, на 01 мај 2018 година во Белград. Неговото Д'мбени е село во кое се родени плејада предвоени македонски борци и интелектуалци, меѓу кои, Лазар Поп Трајков, Лазо Москов, Лазо Трповски, Ташко Караџа и други кои се бореле за афирмација на македонските идеали. Во Д'мбени се родил и најголемиот донатор од македонската дијаспора, Атанас Близмаков, кој живееше во Гери, Индијата, во САД.

Славе Николовски-Катин, пак, и' е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот. Исто така, неговата работа се однесува и на низа други аспекти поврзани со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата.

Покрај 58 публикации, Катин е автор и на над 100 нуачни трудови од различни области и на над 3.000 новинарски и други текстови објавени во Република Македонија и во светот. Тој е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои и на престижната награда "Крсте Петков Мисирков" на Здружението на новинарите од Македонија од областа на журналистика.

На крајот ќе нагласиме дека публикацијата од "Панонија до Егеј" е пишувана и затоа, на читателите со пошироки интересирања да им претстави слика за праисториските случувања сочувани во митологијата и лингвистиката. Поединечната обработка на ономастиката услови и делумно повторување заради честопати испреплетената материја. Посебно значење на публикацијата е тоа што таа е дел од историјата за Македонија. 

***********************

Македонска нација

 

 

  • Александар Донски

  • Мартин Треневски

  • Славе Катин

  • Антоније Скоклев

 

________________________***************____________________

Виолета Сековска, поетеса

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******************

 

 

 

 

БЕЗ ВИНА ВИНОВНИ

  • Македонци се раѓаме,
    Вие сакате вина да осеќаме,
    Разгневен ветер
    врз нас чувствуваме.

    Сенки дамлосани - суви крила,
    со гнев по нас замавнувате,
    зошто сме виновни?

    Со раѓање име добиваме
    во смрт со исто заминуваме,
    без името ни смртта
    не може да не пронајде.

    Билките име имаат,
    дрвјата име имаат,
    животните име имаат
    зошто Македонците име да немаат?

  • Гласно ве прашувам...одговорете!?
    Одговор немате - молчите,
    Одговор побарајте
    во воздухот ќе најдете,
    еднакво го дишеме.

    Во водата се одговорите
    еднакво ја пиеме.
    Во огнот се одговорите,
    сите еднакво гориме.

    Воземјата е одговорот,
    сите еднакво гниеме.
    На нашите предци ветивме
    за својата земја до еден ќе гинеме,
    во крстот христијански се колнеме,
    името на земјата своја
    со живот ќе го сочуваме.
    ***************
    Автор: Виолета Сековска

ВИДЕОТЕКА

*********************

Kind regards : 13 април 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 207