Сотир

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ШТО Е ТОА ШТО ОСНИВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗНАЕЛЕ А НАРОДОТ НЕ 

***********************

 

Распаѓањето на  заедничката држава беше знак за отрезнување и напуштање на коработ кој рапидно тонеше и носеше се' со себе. Но и време на страв од несигурната иднина. Волците се разбудија од сонот, долг стотина години, за да не дојадат. А ние, голи и боси на чиста ливада, неподготвени за одбрана.  Се разбудија и домашните изроди, да го дојадат  тоа, што остана!

Започнаа со грабеж на се', дури и на тоа, што остана после нашите предци ! Но, прво требаше "правните процедури"  да се спроведат за тоа што доаѓаше,  да биде во духот на "правото" и европските "вредности". Баш така!

Една од првите одлуки, за почеток, беше исполнување на желбата на македонскиот народ!  И тоа дојде со референдумот од 8 септември 1991 година, кога со над 90 проценти народот се одлучи за самостојност, сувереност и независност. Да се биде свој на свое! И бидна така! Но, како напред после тоа?- одговорот на енигмата која се испречи пред народот не беше едноставен, освен за оние, кои знаеа што следи! 

Беше времето на Сојузот на Комунистите на Македонија (СКМ) и на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, дотогашен висок функционер и во власта на СФРЈ, и човек, кој прв ја ископа дупката за погребот на Македонија. Човек, кој вешто и перфидно се одрекна од македонската национална историја и ги омаловажи  нашите древни предци. 

Човек, предходник на она што се случи после  доаѓањето на Љупчо Георгиевски и сите други "патриоти"  до последниот, Зоран Заев, кој му стави точка на се', што му подготвија неговите предходници: - бесрамно  продавање на  целата држава и идентитетот на Македонците! Но, како најопасен чин, одрекнување и од сите Македонци во светот, кои од секогаш биле и ќе бидат резервна и силна   одбранбена линија на македонските интереси и Македонија! Да одиме со ред.

Одеднаш, после изгласаната независност, се пристапи кон транзиција на политичкиот систем во државата:  од Социјалистички во "демократски" и повеќе партиски.  Како некој со магично стапче  преку ноќ да ни го промена начинот на  живеeње и не турна  во река без повраток. Навикнати на некој ред и мир, одеднаш се најдовме во хаос и раздробени на десетици парчиња. Десетици политички партии и сите едни против друг. Баш така, како што некој од надвор ни го испланира, завитка во целофан, за полесно да го проголтаме. И бидна така!

Трансформацијата на довчерашните Комунисти (СКМ) во Социјал Демократи (СДСМ),  македонскиот народ ја почувствува со приватизацијата и грабежот на  народниот имот. Комунистите преку ноќ постанаа капиталисти и тајкуни, а мнозинството народ без работа и овисни од уличните контејнери за преживување. За преживување и подложни на уцени, "или ќе се продадете или ќе умрете". Стапицата за сето тоа?  НАТО и Европската Унија, "како едина алтернатива"  да сме преживееле, но, само доколку  се прекрстиме и се одрекнеме од нашиот национален идентитет. И тоа бидна со молничава брзина, како ремек дело на Зоран Заев, од Муртино!

Но, да се вратиме уште малку  поназад и да видиме што се случуваше помеѓу поранешните  Комунисти, сега Социјал демократи, и оние кои посакуваа Македонија да тргне по еден друг пат, поарен за народот. И двете партии, во борбата за превласт во Република Македонија, се впуштија меѓу нас во странските земји барајќи подршка и материјална помош. Поттикнувајќи, притоа, уште поголемо неединство меѓу Македонците, секои со своја агенда и идеи за развојот на Македонија.

На политичката сцена во Македонија ни се појави  нова партија  ВМРО-ДПМНЕ. Партија, со која  "војводата" и креаторот, Љупчо Георгиевски, и неговите истомисленици, ја злоупотребија Гоцевата ВМРО 1893, за свои лични интереси и полесно навлегување на бугаризмот во Македонија. Демек, Внатрешна Македонска Револуционерна Организација, сега и како Демократска Партија за Македонско  Национално Единство.  Привлечно  име, ама со идеологија, ниту близу до Гоцевата ВМРО 1893.

Тоа беше времето кога Љупчо Георгиевски, како претставник на ВМРО-ДПМНЕ често не посетуваше во улога на македонски трибун. Трибун, поголем и од вистинските оснивачи и водачи на ВМРО 1893. Неговите говори за многу од нас, се' уште недоволно информирани за вистинските настани во Република Македонија ни даваа надеж, дека работите ќе тргнат на добро и конечно нашата татковина ќе биде слободна и демократска земја, во која народот ќе го има последниот збор. Тој, секогаш почнуваше со злосторничкиот "југокомунизам", но ни   збор против Бугаризмот, кој ни го споменуваше само во случаи кога некој поставеше прашање. Ама со усул, некој од надвор да не го слушне. Да не го слушне, зошто од кај нас, на другата врата излегуваше, каде  го чекаа пријателите од МПО.

Љупчо Георгиевски, докажан бугарски шпијун и тогаш и денес и најголем негатор на Македонизмот стар неколку илјади години, често запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ има некои врски и со претставниците на МПО и бугарската православна црква, одбиваше да даде прав  и директен одговор.  Како и денешниот изрод и најголем предавник, Зоран Заев, се колнеше и во деца и во татко и мајка , баба и дедо, да ослепи ако лаже, дека тоа ниту во сон не му паѓа на памет. Но, со тек на времето, сепак,  вистината излезе на виделина, а нему се' уште некои од македонските медиуми му посветуваат внимание за да го загадува просторот со својата реторика, која не држи вода.

Осамостојувањето на Македонија и промената на политичкиот систем, ги осмели и непријателските елементи од минатото. Особено  силите кои претендираа на македонската територија и народ, сметајќи ги за  историски дел од својата држава. Ги повампири и елементите од времињата на Врховизмот и пробугарското влијание врз работата на Гоцевата ВМРО 1893.

Инфилтрирајќи се во редовите на ВМРО - ДПМНЕ на чело со Љупчо Георгиевки "војводата", започна и разнебитувањето на македонската држава со предлози за размена на територии со Албанците, а од друга страна, за тоа што ќе остане, со Бугарската држава.

Па така, еволуцијата на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и  бројните албански политички партии во Македонија, во спрега и договори со надворешни фактори, ја доведоа Република Македонија до ова тереџе, зад грбот на македонскиот народ.

Претседателските избори предвидени за 21 април 2019 година го потврдуваат  реченото во мојов текст. И едниот и вториот и третиот кандидат за највисоката должност во Република Македонија водат кон конечно решавање на "Македонското прашање" со разнебитување на македонската држава и бришење на Македонците како наследници на најстариот народ на Балканот, потврден и во светото писмо, БИБЛИЈАТА!

Сите од нив веруваат дека без НАТО и ЕУ за Македонците нема спас на овие простори.  Па затоа треба да ги кренеме рацете и да се предадеме на волците да не изедат?

Подршката на Мицкоски од страна на "оснивачите " на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека предавници има многу повеќе од она што Македонците веруваа дека ги има. Со почетокот  од времето на Киро Глигоров па конечно со надворешното устоличување на македонскиот престол на Зоран Заев и соучеството на "оснивачите" на ВМРО-ДПМНЕ, се затвора кругот на велепредавството и убивање на Македонија и Македонците.  За некое време! А колку ќе трае, ќе зависи од нас самите и храброста, која  не ја црпиме од  себе, туку ја бараме да ни дојде од Бога. На кој му здодеавме  со барања, а ништо со давања! 

Ете сега сознавме и ние, што "оснивачите" на ВМРО-ДПМНЕ знаеа се', а народот не!

 

Секогаш Ваш Сотир!

*************************

Доц. д-р Стојко Стојков

 Доц. д-р Стојко Стојков

ПИШМАН МАЈКА, МАЌЕА И СИРАЧИЊА

**************************

 

 Писмото на архиепископот на МПЦ Стефан до Бугарската православна црква со кое се предложи зделка МПЦ да ја признае БПЦ за црква мајка, а за возврат БПЦ да ја признае МПЦ за автокефална, ја разбранува јавноста и во двете соседни држави. Но очигледно многу повеќе во Бугарија каде се стигна и до хистеричност. Од македонска страна исто се слушнаа осуди и пофалби.

Зошто се случи тоа, зашто сега и какво е значењето на барањето на МПЦ ? Идејата да се пробие блокадата на српската црква пред признавањето на МПЦ преку шпекулирање со тоа кој се јавува "црква мајка" не е нова, а не е ниту толку  глупава сама по себе, како што некои мислат. Но пак не е ниту толку паметен потег колку изгледа мнозина се надеваат. Уште помалку пак е она на што изгледа доста гладни кокошки во Софија си мислат. Целиот спор околу нејасниот, за многу мина, поим "црква мајка" нема ништо општо со припадноста на нацијата, припадноста на црквата, па дури на историскиот корен на двете. Се разбира, во Бугарија побрзаа да ја прошират токму оваа заблуда, да го претстават барањето  од страна на МПЦ, Бугарија да настапи во улога на црква мајка и да ја признае независноста на македонската црква, како  чекор кон "ребугаризација", признавање бугарски корени или барање на МПЦ да влезе во БПЦ. Ништо од тоа не е вистина и поскоро претставуваше еден отровен облак боја како оние што ги испуштаат октоподите за да избегаат и да се спасат кога ќе се најдат во опасност.

Зашто потегот на МПЦ ја постави пред дилема бугарската црковна политика. Дали навистина да прифати да се однесува барем за минута како "мајка" каква што претендира дека историски била и да ги сноси сите последици и негативи од страна на другите и особено грчката и српската црква, или да покаже сосема јасно дека реално нема намера да ризикува ниту влакно од својата глава за така наречените "браќа" во Македонија.

Во првиот случај таа би претрпела штета, но би помогнала на МПЦ, а во вториот би го демонстрирала целосното лицемерие на сите бугарски претензии. Освен тоа, признавањето на самостојна црква во балкански контекст се разбира како признавање на посебна нација. Затоа БПЦ избра да не го прифати предлогот и целиот шум и празнословие беа имено за да се прикрие овој факт.

 ЦРКВА МАЈКА - ШТОЕ ТОА ?

Но, што е тоа "мајка црква" и зошто всушност МПЦ се обрати кон Софија со такво барање? "Мајка црква" како и "фирма ќерка" се правни поими, кои немаат врска со роднински однси и зависности. "Црква мајка" е онаа црковна организација, која последна од сите правно ги поседувала епархиите на кои се создала новата црковна организација. Зашто е тоа воопшто важно? Затоа што таквата црква мајка има право да даде автокефалност, автономија или друг статус на новата црква и истата да ја претстави во православното црковно семејство. Така целиот муабет за тоа кој се јавува како "црква мајка" на МПЦ нема за цел ниту да ја србизира ниту да ја бугаризира неа, туку треба да одговори на прашањето, која од православните цркви го има правото да ја признае македонската автокефалност.

Досега се сметаше од МПЦ , а и од целото православие, во тој број и БПЦ, дека "црква мајка" се јавува  имено српската СПЦ, меѓутоа се докажа, како лута маќеа и е и јасно, дека од неа "амин" за независност нема да има и решение на спорот нема да се добие. Единствената алтернатива која и' останува на располагање на МПЦ се јавува БПЦ, која како Бугарска егзархија од турските власти и со гласање од верниците добила дел од епархиите во Македонија и во тој број епархиите во денешна  Република Македонија. Нејзиното право било оспорено од Цариградската патријаршија, која во 1872 година ја ставила под шизма како расколничка црква (т.е. во иста позиција во која е МПЦ сега поради СПЦ). Причината за шизмата било обвинението за етнофилетизам или национализам, кој тогаш бил сметан  за ерес во Црквата.

Бугарската егзархија ги држела епархиите во Вардарска Македонија до 1913 година, потоа пак од 1915-1918 година и на крај меѓу 1941-1944 година. По Првата светска војна Србија ги купила епархиите во Вардарска Македонија од Цариградската патријаршија и и' ги дала на СПЦ. Дали меѓутоа Цариградската патријаршија имала право да дава, а уште повеќе и да продава епархии во Вардарска Македонија е големо прашање, а самиот акт на продавање епархии е несомнено скандал без преседан. Во црквата е анатемисана продажбата на црковни должности (Симонија), но никој и не препоставува дека можат да се продаваат цели епархии заедно со верниците во нив. Тоа секако е "духовно откритие" на овде две помесни цркви. Тоа далеку ја надминува дури и фолклорната слика на песните "Продаваат се мамо белите манастири".

Од друга страна,  Бугарската егзархија останала под шизма до моментот кога не се откажала од секакви претензии врз епархиите во Вардарска Македонија и имено тогаш е дигната шизмата од неа и таа станува патријаршија во 1953 година. Така што какви и права да можела да има, ТАА СЕ ОТКАЖАЛА ОД НИВ.

Тоа ни поставува реално две прашања. Едното е поскоро формално правно, а имено кој и доколку може да претендира да е црква мајка и соодветно да ја признава МПЦ. Второто е практично прашање - доколку признавањето на БПЦ за црква мајка ќе послужи на целите на кои МПЦ се надева имено автокефалност.

ЦРКВА БАБА - СУЛТАН ДЕДО

И така имаме две кандидат мајки во лицето на СПЦ и БПЦ и една кандидат баба во лицето на Цариградската патријаршија и врз актот на купување. Цариградската свое право го базира врз решението на турскиот султан да и' ги даде епархиите на Охридската архиепископија.

Бугарската егзархија своето право исто го базира врз одлуките  на турскиот султан. Така реално и трите своето право го базираат врз решенијата на турските султани. Значи ако некоја од овие три цркви се јавува како мајка султанот би требало  да е црковен татко или барем дедо? Интересна ситуација..

Дали верскиот поглавар на сите муслимани сунити-калифатот, т.е. султанот имал право да создава и уништува цркви и да ги менува нивните граници? Секако по правото на силата - да. Но тоа не е прашањето. Зашто ако беше по правото на силата, силата на турските султани е мртва а со неа и сите нивни решенија. Тоа не донесува и до следното прашање има ли право световната власт да ги одредува границите и положбата на црквите.

Во православието е прифатено правото на православните императори да го прават тоа, а е воведено и правилото црковните граници да ги следат политичките и административните. 36-то правило на Трулскиот собор предвидува "редот на црковните работи да ја следи државната и граѓанската распределба". Тоа, меѓутоа се заборава кога е во прашање Република Македонија зашто одредени црковни кругови уште не можат да се помират со фактот дека постои македонска држава.

Така, ако турските султани имале право да создаваат цркви и да ги менуваат нивните граници, значи такво право има и Република Македонија, чие Народно собрание барем е избрано и со гласовите на православните верници за разлика од турскиот султан. И ако е тоа тогаш така, правото на МПЦ да постои е еднакво со правото на постоење на двете кандидат - мајки, СПЦ и БПЦ и секако е многу поголемо од нивното право да го оспоруваат постоењето на МПЦ. Очигледно Софија и Белград далеку повеќе го почитуваат мислењето на одамна умрените султани, пред волјата на живите христијани, во Македонија.

 ИСТОРИЈА И ПРАВОТО 

Во антиката православните императори ја имале власта да менуваат црковни граници и основаат цркви и црковните собори се сообразувале и ја прифаќале истата. А какви биле нивните одлуки? Ниту еден православен император, а ниту некој вселенски собор не и' ги има дадено епархиите во денешна Република Македонија на Цариградската патријаршија. Напротив 28 правило на четвртиот вселенски собор ја одредува границата на цариградската диецеза на Балканот и таа ја  опфаќа само Тракија. Македонија останува под Рим. А Рим во четвртиот век овде создава свој автономен Солунски егзархат, при што солунскиот архиепископ се именува како папски викариј или намесник.

Во 6-от век пак овде Јустинијан Велики ја создава Јустинијана Прима, чиј престолен град се наоѓал, изгледа, во близина на Скопје и која ги вклучувала сите епархии во денешна Република Македонија.Таа била прво автокефална, а потоа автономна во рамките на папската диецеза. Оваа црква постоела во 6 и 7 век и згаснала поради варварските напади и населувања, но никогаш не била укината. 

Во 8 век императорот еретик Константин Копроним и' ги одзел епархиите на римската црква кои биле под византиска власт, но тоа не се однесува на денешна Македонија зашто тогаш овде немало никакви епархии, а ниту реална византиска власт. Пак и одлуката на еден еретик не би требало да има правни последици во црквата. Епархиите во Македонија, според тоа, од почетокот и' припаѓале на Римската црква и никогаш законски не и' биле одземени. Така што имено Рим со полно право и историски би се јавувал мајка црква да го немаше напуштено православното семејство цркви по 1054 година. А кога го напуштил-правото би требало да остане за никогаш неукинатата Јустинијана Прима.

Во 9 век, имено, Цариградската црква започнува да основа на просторот на денешна Република Македонија нови епархии, но таквата дејност е прекината со бугарските освојувања. Со покрстувањето на бугарското канство се поставило на дневен ред прашањето за тоа на чија диецеза требало да припаѓа територијата на канството, зашто реално се протегла и во Римската и во Цариградската. 

Од 865 до 870 година со неа  владеел Рим. Црковен собор во 870 година во Константинопол и' ја дава бугарската диецеза на Цариград, но неговите решенија биле земени надвор од протоколот и немале правна сила. Настрана што соборот не бил вселенски и што одлуката е донесена надвор од процедурата и без консензус и согласност од црквата мајка (римската), но поважно е што и самата Византија истата одлука ја прифатила за ништожна на соборот во истиот град во 879 година. 

Имено затоа што Цариград немал никакво право врз поголемиот дел од териториите на тогашното бугарско канство како начин да се заобиколи Рим била создадена автокефална бугарска архиепископија, која подоцна (927-972) станала за кратко и патријаршија. Одлуката била базирана врз папската забрана цариградскиот патријарх да не смее да ракополага епископи на територијата на канството (во кое тогаш се наоѓала територијата на денешна Македонија), забрана која била прифатена на соборот во 879 година. Во 1018 година истата одлука послужила како прва правна основа за создавањето на Охридската архиепископија како независна од Цариград и Рим. Затоа новата црква макар да не ја вклучувала целата територија на некогашното бугарско царство, сепак нејзиниот поглавар вклучил во својата титула "архиепископ на цела Бугарија". Тоа била само едната правна основа на која ќе се држи оваа автокефална црква. Друга била, Јустинијана Прима.

Дали значи БПЦ може да се повика на тоа дека се јавува продолжение на црквата создадена во 879 година или пак на Охридската архиепископија и од таму да бара дека ние сме биле нејзин дел во минатото? Зарем титулата на архиепископот тоа не го докажува?

 НЕ! ЗАШТО?

Затоа што бугарската Егзархија не се јавува како правен наследник на никоја од овие цркви: ниту на Преславската, ниту на Дрстарската, ниту на Охридската. Таа е нова црквовна организација основана од турскиот султан во 1870. Според ферманот за нејзиното основање таа е создадена поради "расправијата и дискусиите кои се родија помеѓу православните Бугари и грчката патријаршија, т.е. поради границите на поврзување на бугарските митрополити, епископи и свештеници и цркви со Патријаршијата за нивното добро решение. Се составува едно одделно духовно управување (округ) под официјално име (титула) Бугарска егзархија, кое ќе ги опфаќа доле набројаните митрополии и епископии и во тоа одделение управата со духовните работи ќе биде дадено совршено на Егзархијата" (Преамбула и чл. 1). Т.е. нема ниту збор за некакво обновување, за стари цркви за врска со Охридската архиепископија. Ниту една од посочените во ферманот епархии меѓу другото, не е во Македонија.

Исто така и во Уставот на таа Егзархија донесен од неа во 1870 година и одобрен од султанот нема ниту збор  за било какво наследство врз средновековни цркви или претензии дека се обновува нешто. Нешто повеќе познато е дека, имено, во овој момент се јавува причина за судир со преродбениците од Македонија, кои во 1860-те инсистирале на обновување на Охридската архиепископија, но биле одлучно одбиени од бугарските преродбеници. Или кажано просто Егзархијата била една нова бугарска национална црква основана од султанот, а не обновување на некаква стара историска црква. Така е тоа во уставот на Егзархијата во целото време во кое таа имала епархии во Македонија (за последно меѓу 1941-1944 г.) и така останало до 1953г. кога таа станала патријаршија. Но и во уставот на бугаската патријаршија од 1953 г. нема ниту збор за тоа дека истата се јавува како некаков наследник на било која "буарска" или друга црква во историјата. Дури во новиот устав на БПЦ прифатен од Шестиот црковно-народен собор на 11 декември 2008 г. т.е. 138 години после создавањето на оваа црква некој се сетил да ја прогласи со заден датум за "правен наследник на Плисковата архиепископија, Преславската патријаршија, Охридската архиепископија, Трновската патријаршија и Бугарската егзархија" (чл. 1 (3)). Т.е. откако веќе ја имаше МПЦ-Охридска архиепископија, БПЦ како израз на "љубов" решила да и' го узурпира основниот аргумент за нејзината автокефалност присвојувајќи си ја Охридската архиепископија.

Толку за братската љубов и подршката од БПЦ кон МПЦ за која празнословеа одредени луѓе во МПЦ во последно време. Не е тешко да видиме паралела во дејствијата на Грците кои по 1990 г. масовно ги помакедончуваа имињата на  административни единици за да имаат потоа аргументи во спорот со Македонија. БПЦ тоа го направи откако Бугарија во 2007 година влезе во ЕУ и веќе немаше потреба од македонското "да" за евроинтеграцијата па започна нов курс на создавање причини за спорови и судир со Македонија.  Дел од таа нова линија на конфронтација се јавува и овој црковен член. Но овде нема да ја отвораме и таа тема. 

Важно е дека историски и правно БПЦ не може да се повика на средновековните цркви, а ниту на Охридската архиепископија и на оној дел од нејзината титула кој ја правел  архиепископија "на цела Бугарија". "Цела Бугарија", во која од денешна Бугарија влегувала само Софија, а за сметка на тоа, внатре биле половина Албанија и цела Србија барабар со Белград.

А што да кажеме, пак, за тоа дека мнозинството од луѓето што живееле на територијата на денешна Република  Македонија во крајот на 19 в. гласале да ја напуштат патријаршијата и да се присоединат кон Егзархијата? Тоа навистина и' дава извесна предност на Егзархијата пред Патријаршијата, но не и наспроти МПЦ. Зашто ако народот имал право да избере меѓу две цркви во 19 в. (што во многу аспекти било избор на помало зло) тој секако имал и го има правото да избере под која црква да е во 21 в. И тој тоа го има направено и тоа е темелот на МПЦ: гласот на народот, на верните!

И така, одлуките на православните императори и римските папи од времето кога последните биле православни му одредуваат на нашиот простор автономија или автокефалија и на никој начин не го вклучуваат или потчинуваат на Цариград. Тоа се солунските егзархат, Јустинијана Прима и Охридската архиепископија, кои биле независни од Цариград. Автокефалноста и независноста од Цариград на последната биле несомнени од фактот што поглаварот се поставувал од императорот (како што се правело и со патријархот), епископите се поставувале од самата архиепископија, а пак патријархот немал никакво право да одлучува и да се меша во границите на Охридската диецеза.

Во наредните векови оваа архиепископија ќе претендира дека се јавува  како наследник на папите во црквата и дека има право да носи титула патријаршија. Се' додека во 1767 г. истата не беше укината со одлука на султанот Мустафа III и нејзините епархии не беа дадени на од истиот султан на Цариградската патријаршија.

И ТАКА, ПРЕД НАС СТОИ ВАЖНО ПРАШАЊЕ!

Дали одлуките на султанот Мустафа III, кои ја поништија Охридската архиепископија, во 1767 година, и и' ги даде епархиите на Цариградската патријаршија, или одлуката во 1870 г. на Абдул Азис, кој ја создаде Егзархијата се правосилни? Зашто, ако се', тогаш апсолутно истата,  дури и поголема правна тежина имаат и решенијата на македонската влада и народното собрание и тогаш МПЦ е исто толку правилно основана, колку и Егзархијата. Ако пак световна и особено не христијанска власт немаат право да одлучуваат, тогаш ниту Цариградската црква, ниту Егзархијата и од таму и БПЦ, а ниту пак СПЦ имаат било какво право врз епархиите во Македонија. Напротив, одлуката за укинување на Охридската архиепископија тогаш е невалидна и треба да се смета дека таа црква никогаш правно не прекинувала да постои и според тоа нема потреба од некакво специјално признавање, мамување или бабување.

Ако султанските одлуки немаат сила, тогаш се во сила одлуките на православните императори и собори и на единствената историска мајка, православната римска црква, што неизбежно води кон правото на постоење на автокефалната Охридска Архиепископија.

ПРАВОТО И МОРАЛОТ

Да го оставиме настрана правото и истроијата и да позборуваме за моралоното право. Доколку имаат право да претендираат да управуваат со христијанскиот живот во Македонија хиерархии на цркви кои во 19 и 20 век извршиле бројни злодела, вклучително убиства, насилства, мини-војни за цркви, забрана за погребувања и исфрлање на погребените, сеење омраза против други православни, насадување омраза меѓу народот служејќи како средство за достигнување на национални цели, реализирање државни политики и спроведување социјални инжинеринг.

Ниту Егзархијата, ниту српската а ниту цариградската црква можат со нешто да се пофалат, зашто и трите паднаа од високата позиција што земајќи го телото Христово (црквата) и го распарчуваа (или распнуваа ако сакате) на националните трпези на кои седеја измеќари.

Дали ќе биде претерано ако се каже, парафразирајќи го апостолот, дека тие во Македонија го земаа телото Христово за да го претворат во тело на блудница? Тие сите успееа на еден или друг начин да се докажат како лоши маќеи за христијаните во Македонија, зашто паднаа на соломовскиот мајчин испит. Онаа од нив што е мајка, требаше да се откаже од своето право само и само да се сочува целоста и здравјето на "детето". Вистинската мајка тоа го направила на Соломоновскиот суд, но ниту една од трите цркви не само што не го направила, туку и сеуште не сака да помисли да го направи. Ниту една од нив нема сфатено какви гревови и злосторства направила; нема направено покајание, та дури и се нема извинето на христијаните во Македонија! Наместо тие да се покајат слушаме дека истите настојуваат нивната жртва - православниот народ во Македонија и неговата црква да се кае, кога реално ништо им нема направено, освен што сака да се куртулиса од нив.

СПЦ ги држи под шизма христијаните во Македонија, притоа, понекогаш не криејќи го убедуваат дека така им се попречува спасот. Т.е. оди во пеколот ако не сакаш јас да командувам со тебе.

А БПЦ? Која мајка би го оставила своето дете да го злоставуваат и малтретираат без да го заштити, без прст да мрдне за него? И на крај уште претендираат за мајчински права?! Наспроти отсуството на покајание, нивнте апетити се сосема живи и очигледни.

Српскиот патријарх при својата посета во Косово ја одреди улогата на СПЦ, како обединител на српството. И потоа има образ да бара МПЦ да биде под СПЦ! И наместо да ги продолжат преговорите со МПЦ, создадоа своја паралелна хиерархија во Македонија и предизвикаа вистински, а не само административен раскол!

А што  допринесе грчката црква во процесот на прифаќањето на МПЦ, освен да го отежни истиот поставувајќи нецрковно барање преку СПЦ, а имено да нема "македонска" во името на МПЦ? Кому точно му служеше таа во тој момент - на Бога, на ближните или на грчкиот национализам?

А БПЦ пак, не само што не помогна сите овие години, но дури во 2008 г. побрза да го узурпира наследството на Охридската архиепископија, за да создаде уште еден можен правен проблем пред МПЦ! Та која мајка постапува како нив? И со такви мајки кој има потреби од други непријатели? Та и безбожниците би се згнасиле од мајка која се однесува како било која од овие три цркви, во последните 150 години. И секој светски суд би и' ги одзел на таква мајка мајчинските права, веднаш и за секогаш, и без право на жалење. А овде зборуваме за нешто што би требало да е многу подуховно, праведно и возвишено. За христијанство! Според зборовите на Господ Исус Христос: "По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици,  ако љубов имате меѓу себе" (Јован 13,35). Љубовта Христова спрема христијаните во Македонија кај овие цркви некако не може да ја видиме.

Она што не можеме, а да не го забележиме меѓутоа е нивната себична националистичка љубов, политичка пристрастност и нехристијански цели и мотиви. Желбата да продолжат да владеат, та на моменти и желбата да не нема. Дали нивното однесување спрема христијаните во Македонија е во согласност со Духот кој животвори или според буквата, која убива?

Настрана од секакви умувања и претензии јасно е дека во Македонија има христијански верен народ и црква, кои сакаат да бидат дел од Едната вселенска соборна и света црква. Нивното држење надвор преку правни и политички игри е грев итоа тежок. Црквата не е џунгла и во неа не важи правото на посилниот. И кога очигледно мајчинска њубов нема (нормално е кога нема мајка да нема мајчинска љубов и тука нема што да се лутиме), тогаш барем братска љубов треба да има.  А оние кои си мислат дека можат преку политички игри или манипулирање со формалности да ја присилат Божјата рака да им служи на нивните долни интереси, може да ги чека само многу горчлива иднина.

Некогаш во црквата гласот на народот се слушаше при изборот на црковни пастири. Тоа и никогаш не е укинато право и до денес, формално, се практикува и изразува преку тројното потвдрување на новоизбраниот архиереј со извикот - достоен. Колку пати треба верниот народ во Македонија да извика "недостоен" кон Белград, Атина и Софија, за да разберат таму дека нивната јерархија и власт во Македонија, е несакана?

УШТЕ МАЛКУ ИСТОРИЈА

На крај, применувајќи ги не правото или моралот, туку принципот на икономија и покажувајќи спрема БПЦ и СПЦ разбирање за нивните слабости и националистички прокази (какво што разбирање тие никако да покажат спрема МПЦ), нека го разгледаме прашањето од кого се отцепи за да се создаде МПЦ. Српската црква со бугарската окупација во 1941 г. беше протерана и заменета со Егзархијата. Но, откако и бугарската власт беше протерана во 1944 година, Егзархијата пак си отиде, но српските владици не беа допуштени да се вратат назад во Вардарска Македонија.

Во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква, а во март 1945 година во Скопје е одржан првиот Црковно - народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска православна црква. Овој црковно-народен собор се обратил со барање до за признавање на неговите одлуки до СПЦ, со што практично ја признал истата за "црква мајка". СПЦ меѓутоа, не погледнала на тоа  мајчински и го одбола таквото барање. Во меѓувреме во преговорите за дигање на шизмата и за добивање на патријаршија Бугарската егзархија во 1953 година се откажала од сите свои претензии спрема епархиите во Македонија и со тоа доброволно се откажала од секакви претензии да биде црква - мајка за МПЦ. Преговорите со СПЦ продолжуваат до 1958 година, кога во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети Климентовата Охридска Архиепископија, во лицето на самостојната Македонска православна црква, и е избран нејзиниот прв епископ Доситеј. Овој пат архиерејскиот собор на СПЦ се согласил со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор и со две одлуки (АС.бр. 47/1959 година и 5/1959 година зап. 57 од 17/ 4 јуни 1959 г.) истите ги прифатил. Во согласност со црковната практика тоа прифаќање е демонстрирано со отслужување на заедничка архиерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата Свети Мина во Скопје. Српската црква ги има хиротонисано ( им ги има дадено епископските чинов) на првите македонски владици: Доситеј, Климент и Наум (последните двајца во 1959). СПЦ и дала самостојност на МПЦ, со тоа што таа и понатаму останувала во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот патријарх, кого македонскиот архиепископ го спомнувал на литургија. Во мај 1962 година, на празникот на св.Кирил и Методиј во црквата на Пресвета Богородица во Охрид  е отслужена  заедничка литургија на рускиот патријарх Алексеј, српскиот Герман и архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј, со што де факто МПЦ е претставена и прифатена од  црквите  на православното семејство.

Меѓутоа, после 1966 година СПЦ започнува да се повлекува од дадената согласност и односите повторно се влошуваат. На 19 јули 1967 година во Охрид во време на Третиот црковно-народен собор, во охридската црква Свети Климент Охридски Македонската православна Црква е прогласена за автокефална, 200 години после укинувањето на охридската архиепископија од султанот Мустафа.

Како  резултат, МПЦ е ставена под шизма од СПЦ и така е до денес. Во изминатите од тогаш 50 години, СПЦ не покажала волја за изнаоѓање на решение. БПЦ не презела ништо по тоа прашање. И сега која ли од овие две цркви е мајка во било која смисла на зборот? Одговорот е јасен. Овде црква мајка и нема, ниту во правна смисла, ниту во морална, ниту во христијанска, ниту во црковна ниту во никаква.

Прашањето според сето кажано пред нас е само едно: Како да се даде автокефалност на МПЦ! Не, што да се прави, не дали треба, и како! И тука лежи единствената возможност за секоја една од овие цркви да стане за момент барем црква мајка. Наместо црква соблазнител, тоа може да стане само онаа од нив која има храброст и доблест да и' ја даде автокефалноста на МПЦ. Дали некоја од нив ќе има смелост да стане и да издржи барем за минут како црква мајка? За да може после со полно право да биде нејзина сестринска црква. Изгледа, никоја од нив.

 ПОЛИТИКАТА И ПРАВОТО 

Признавањето на МПЦ не е проблем на право туку на политика. Доколку БПЦ беше спремна навистина да се однесува како мајка, и да преземе ризик врз себе а во корист на МПЦ, барањето на МПЦ би имало шанса. Признавањето на статут на "црква мајка" (а се на некој треба да му се признае таков) е мала цена ако за тоа се добие автокефалност, се надмине српската блокада и се постигне евхаристичко единство со православните цркви.

Со признавањето н автокефалноста престанува и статусот на црква - мајка и тие стануваат цркви - сестри. Моментот изгледаше политички погоден. Православието опстојува во моментот во состојба на тивка поделба откако половината помесни православни цркви не отидоа на црковниот собор на Крит. Оваа поделба во која "грчките" цркви и српската се во еден табор, а руската, бугарската, грузиската, ромаската и антиохиската се во другиот отвора можност и за МПЦ. Особено кога БПЦ има синод составен од агенти на тоталитарните служби за безбедност во мнозинството поврзани со Русија.

Затоа, доколку овој потег е последица од руски план да се казни српско-грчкиот табор, тоа секако би можело да проработи. Тоа би можело да проработи исто и ако е американски план како дел од потезите за разврзување на македонскиот јазол што изгледа во моментот се во тек. И во двете варијанти има една пресечна точка: БПЦ треба да се одлучи и да рискира, признавајќи ја автокефалноста на МПЦ и ставајќи ги останатите помесни цркви пред избор! За тоа треба храброст, сила и доблест. Или инаку кажано, треба ако не мајчински, барем братски однос.

И тука е целиот проблем. Зашто како што изгледа после одговорот на БПЦ, целава работа не е ниту руски ниту американски план. А без таква голема подршка не може и да се очекува било што сериозно од БПЦ, која и не е авторитетна црква во православието во последните денеции. Кога се обрати до неа, синодот на МПЦ заложи на куцо магаре или да се изразам по библиски-се потпре на гнила фараонска трска, која сега ризикува да и се забие во раката. Тоа е цената на наивноста и очајот---

За жал, стара бугарска политичка традиција е да даваат големи зборови за Македонија, да даваат пари (или пасоши) за да "си купуваат Бугари" (како што го кажал тоа Петар Попарсов за бугарската егзархија во 1895 г.) со задоволство да примаат се' што некои ќе им даде од Македонија, или дури да ризикуваат за да земат нешто од Македонија, но никогаш и за ништо не ризикуваат во корист само на Македонците. Тоа добро го изразил Алеко Константинов преку устата на Бај Гањо: "таман сега му е времето, ама на, кураж липсва! Сега да има некој да освободи Македонија, догдето е нашата партија на власт, че аз да те науча тебе какво се вика келепир. Ех, да ти пипна аз тебе солунската митница... Солунската митница!... И иди, че не б'ди патриот, иди после това, че не с'чувствувај на македонците... Дип добра си беше Санстефанска Б'лгарија, зашчо му трјабваше да ја цепи. Иди сега, че мигај на празни јасли, иди, че чакај да се усети нјакој да освободи Македонија".

Тоа добро го знаеја и МПО и Петар Попарсов кога во 1895 укажуваше дека Бугарија за разлика од Грците со прст не сака да мрдне за Македонците, при едно востание. Тоа го видоа со свои очи Илинденците, кога Бугарија-самопрогласена мајка стоеше од страна и ладнокрвно ги гледаше пепелиштата и крвта во Македонија. И сега некои во Македонија ќе треба пак да ја учат оваа лекција. И тука можеби ќе се покаже единствената практична корист од овој потег на МПЦ-да се изобличи лицемерието на Софија.

И на крај за одговорот на БПЦ. Што одговори бугарската црква: дали реши да ризикува, дали реши да ја подржи македонската автокефалност, дали на крај најде доблест да каже-јас не сум ви мајка, барајте си го чарето? Сето тоа би било достоинствено. Ама не. Таа се почувствува на тесно. Ич не сакаше оваа кукавичка мајка, да и' тропне на врата, оваа не сака туѓо дете. Не дека не и' годи титулата мајка, ама ич не и годи крстот на мајка. Сака да добие, не и да даде. Калкулира. Се почувствува како лисица во стапица и заигра на прсти за да не пропаднат 27 27 години бугарска пропаганда која сакаше Македонците да ги убеди дека се Бугари и Бугарија им е пријател, мајка, брат, сестра, баџанак...И уште нешто ги исплаши.

Според балканската црковна логика постоење на самостојна црква значи постоење самостојна нација. Еве каде лежи, веројатно основниот проблем Ниту во Софија, а ниту во Белград или Атина имаат сила да се помират со самостојна македонска национална држава. Никако да ја прифатат реалноста на македонската нација, јазик, култура. Затоа е стремежот МПЦ по секоја цена да биде потчинета, да и' се смени името, затоа и ја напаѓаат како да е националистичка. Таа е всушност најмалку националистичка црква на Балканот и тоа секогаш може лесно да се докаже. Тоа што им смета на многумина меѓутоа е тоа, што таа  е македонска.

Признавањето на МПЦ е заложник на балканските национализми, кои и те уште како владеат во црковните кругови во Софија, Атина и Белград денес, 145 години откако етнофилетизмот во црквата беше осуден како ерес. Многумина во Бугарија и не го скрија својот страв дека признавајќи ја МПЦ ја признаваат и македонската нација. А тие тоа во никој случај не сакаат да го направат.

Затоа беше и оваа хистерија по телевизи и весници, општествени акции во Бугарија. Тие требаше од една страна да извлечат дивиденти од барањето на МПЦ, за да ги залажат уште еднаш луѓето во Буарија дека нивната политика за бугаризација на Македонија дава плодови, а од друга страна да создадат димна завеса под чија сенка да го скријат своето вистинско лице и своето несакање да помогнат. И така, на крајот по една недела театар се измати решението на БПЦ: мајка - да, признавање - не!

БПЦ реши да создаде комисија (во духот на Черчиловата одредба - ако сакате нешто да не се реши создајте комисија) и да посредува за МПЦ пред другите цркви како од тоа да може да има некаква корист. Така си е - делата зборуваат посилно од зборовите. Та, малу ли посредници имаше до сега? Зашто не особено почитуваната и слаба БПЦ ќе има повеќе влијание од руската или антиохиската црква кои се заземаа и посредуваа? И, на МПЦ не и треба посредник, треба храбра црква, која да ја преземе за момент улогата на мајка и да и' даде автокефалност, а не уште еден пишман адвокат. Дури полошо.БПЦ создаде комисија која ќе работи со МПЦ - уште една бугарска комисија која ќе поставува барања и услови, се со убавата цел "да се изнајде заемно прифатливо решение" со нив сите заинтересирани, а за нешто наше. Дали нема да и' е малку на БПЦ статусот на привремена приемна мајка, та да побара многу повеќе. Дежавју? И што точно ќе им каже БПЦ на српската и грчката црква та да ги кандиса? Јасно е дека ништо. И каков ли одговор ќе добие? Барем од грчката е јасно - прво договор со српската црква, потоа смена на името. И српската така. Го знаат тоа и во БПЦ. Го знаат и во МПЦ - како што добро се виде од коментарот на владиката Агатангел. Се гледа дури и во фамозната благодарност на МПЦ, која така насмеано се обиде да го прикрие разочарувањето. Бугарската црква го доби она што го бараше и возврати со ...ништо. Македонците сепак излажани. Нека им е, кога не учат!

Да се надеваме дека после овој ладен бугарски туш, она породено од српските опструкции проегзархиско наивно течение во МПЦ ќе сфатат во кој свет живеат и кои им се комшиите. Тажно е што секоја нова македонска генерација наивно треба да ја учи се истата комшиска лекција. А од целиот овој план, останува да видиме дали сепак некоја од двете закарани велесили нема да се замеша и да даде некаква каква - таква шанса на овој очајнички чекор на МПЦ.

Зашто, само заземањето на некој голем sвер може да ги натера локалните sверки да ги свиткаат опашките и да си седнат мадро, кај што треба.

************************

http://religija.mk

13 јануари 2018 година

 

Цар Самоил во Скопје

АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВСКИ Е ПРОТИВ БУГАРОФИЛСКИТЕ ТЕЗИ ЗА САМОИЛ

Историските извори се сосема јасни и недвосмислени. Тоа што некои бугарски историчари во поново време ги оспоруваат податоците е чисто политичка игра да се покаже наводен бугарски карактер на оваа држава, што не е точно...

Самоил со востание се одметнал од  бугарската држава, направил престолнина и патријаршија во Преспа, каде што се наоѓа и неговиот гроб. Самоиловото Царство не било бугарско! Вистината е дека Самоил со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон организирале апостасија, односно востание со отцепување од бугарската држава. Историските извори се сосема јасни и недвосмислени. Тоа што некои бугарски историчари во поново време ги оспоруваат податоците е чисто политичка игра да се прикаже наводен бугарски карактер на оваа држава, што не е точно.

Ова го истакна Александар Атанасовски, професор по византилогија на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Тој, говорејќи на научниот собир "1000 години од смртта на цар Самоил" што деновиве го организира општина Ресен, понуди интересни податоци за појавата и смртта на средновековниот владетел повикувајќи се на валидни историски документи.

Атанасовски врз основа на хрониката од византискиот хроничар Јован Скилица, како година кога било формирано Самоиловото Царство ја посочува 969 година. Тоа е периодот по обновувањето на мирот меѓи Византија и Бугарија (968) и по смртта на бугарскиот цар Петар на 30 јануари 969 година. При тоа, нагласува, иако одредени бугарски историчари се обидуваат востанието да го датираат порано со цел да се затскрие отцепувањето на комитопулитите (младите кнезови Самоил, Арон, Давид и Мојсеј) од бугарската држава,  не е точно.

ЦЕНТАРОТ НА ВОСТАНИЕТО БИЛ ВО ПРЕСПА

- Бугарската држава по смртта на Петар останала без цар, а неговите синови биле заложници во Цариград. Токму таквата состојба ја искористиле комитопулите и организирале востание, односно апостасија. Апостасија е буквално отстапништво, односно одметништво. И Скилица забележува, вели, дека "ја вознемирувале државата на Бугарите". По овие настани, Петровите синови биле испратени во Бугарија да го зачуваат татковото царство и да ги спречат комитопулите "да напредуваат" - потенцира Атанасовски.

Востанието било кренато во југозападна Македонија, каде што се проширило и во другите македонски области. Центарот на востанието, според овој историчар, бил токму во преспанскиот регион. Комитопулите имале успех,  и по отфрлувањето на бугарската власт на ослободената територија  создале нова држава на Балканот, позната како Самоилова, по основачот на царската династија.

- Одметнувањето на Самоил и браќата од бугарската власт порано го признале некои бугарски историчари, како Васил Златарски, иако денешните зборуваат нешто друго-додава Атанасовски.

Тој објаснува дека Самоиловата држава не настанува како резултат на отцепување од византиската власт, туку од бугарската држава. Новата држава ја признала византиската власт, но задржала широка автономија на управување.

- Немало формирана византиска воено-административна управа во областите западно од градот Сердика, денешна Софија, најголемиот дел на територијата на Македонија, почнувајќи од Скопска Црна Гора на север, на југоисток до средниот тек на реката Струма, на југ до малите теми Драговитија, Бер и Едеса (Воден), потоа до темата Хелада со центар Лариса и на запад до областите Драч - вели професорот.

Византиска управа немало во градовите Костур, Битола, Охрид, Дебар, Прилеп, Скопје, Велес, Штип, Струмица, односно во јадрото на Самоиловата држава.

ГРОБОТ И ПАТРИЈАРШИЈАТА СЕ НА СВЕТИ АХИЛ ВО ПРЕСПА

Како центар на Самоиловото Царство се посочува преспанскиот регион, поточно островот Свети Ахил, кој денес е на грчка територија. Таму царот во 985 година од Лариса ги пренел и моштите на светецот Ахил, учесник на првиот Вселенски собр во Никеја, 325 година.

- Тука, на островот во Преспа, каде што  бил неговиот дворец изградил достојно место за светецот, тоа било и седиште на Преспанската патријаршија што нашите историчари не сакаат да признаат, мислат дека патријархот бил во Охрид. Таков податок нема-тврди Атанасовски.

Овој историчар кој важи за еден од најсолидните познавачи на историјата на средниот век тврди, дека и гробот  на цар Самоил се наоѓа на островот Свети Ахил во преспа. Со ова побива некои од досегашните историски претпоставки дека тој бил закопан во Прилеп. Постоат податоци дека  по катастрофалниот пораз во битката на Беласица на 29 јули 1014 година, неговиот син Гаврило Радомир го спасил. Го качил на коњ и го однел на тврдината наречена Прилеп. Но, за Атанасовски тоа не значи и дека починал таму.

- Сметам дека тука е направен еден превид и треба да му веруваме на податоците на Михаил Атаљат, кој кажува дека Самоил умрел на мочурливиот остров во Преспа. И во археолошките ископувања се смета дека таму е откриен гробот на Самоил. Тој ја изградил црквата, нормално е таму да бил погребен. Археолозите тврдат дека има остатоци од повеќе цркви од кои едната била и патријаршиска, верувам дека тука е закопан. Јас стојам на тоа, нека повели некој друг ако има контра аргументи да ме побие-цврст е во ставот професорот.

ЗАКОНИТЕ ОД ВРЕМЕТО НА САМОИЛ ОСНОВА НА СОВРЕМЕНОТО ГРАЃАНСКО ПРАВО

Во јавноста малку е познато дека постоеле закони за епархот, за градоначалникот и за тоа како се уредуваат градоначалничките функции и граѓанското право во средновековната македонса држава, вели д-р Сашо Дуковски, професор на Правниот факултет во Кичево.

- Станува збор за корпус закони донесени во времето на Јустинијановата кодификација и потоа преправени со Василиките. Едноставно, во времето на Самоиловата држава се користи византиското право кое денес е основа на современото граѓанско право-вели Дуковски.

ВАСИЛИЈ ГИ ОСЛЕПЕЛ ВОЈНИЦИТЕ КАКО ОДМАЗДА ЗА УБИЕНИОТ ВОЈСКОВОДЕЦ

Постоат недоречености и за тоа кога биле ослепени Самоиловите војници, колку време доаѓале до местото каде што по битката бил сместен Самоил и кој е датумот на царевата смрт.

Трагичната слика за умирањето на Самоил многу сликовито во своите записи ја има опишано хроничарот Скилица. Тој запишал дека византискиот император Василиј наредил на заробените војници да им се извадат очите, а на секој стоти да му се остави по едно за да ги води до Самоил. Царот, не можејќи да ја поднесе храбро и мирно глетката, паднал на земја во несвест. Нскоро присутните го повратиле со вода и мириси и малку закрепнал. Побарал една голтка вода и штом ја испил добил срцев удар и по два дена умрел.

За Атанасовски неприфатливо е царот да починал некој ден по катастрофалниот пораз од византиската војска во битката на Беласица на 29 јули 1014 година. Вели дека византискиот император Василиј веднаш не ги ослепил заробените Самоилови војници, а и тие не можеле за кусо време да пристигнат од Струмичко до Преспа. Затоа постоат претпоставки дека починал во период од 14  септември до 6 октомври. Тоа значи дека во овој период од 1014 година точно, се навршува еден милениум од смртта на средновековниот цар Самоил

- Василиј, откако ги заробил, извесно време се задржал околу опсадата на неколку тврдини. Во меѓувреме го испратил својот војсководец Теофилакт Вотаниат да му го исчисти патот до Солун. На враќање тој паднал во заседа од синот на Самоил, Гаврило Радомир, кој лично го убил со своето копје. Василиј ги ослепил војниците како одмазда заради загинувањето на неговиот војсководец-додава историчарот.

********************

http://falanga.com.au

 

Блаже Миневски

 Блаже Миневски

ЗОШТО ЧЕНТО САКАЛ ДА ВРАТИ 3000 МАКЕДОНСКИ ЕМИГРАНТИ ОД БУГАРИЈА

******************************

 

- Според записите што ги водел во врска со сите средби во својот кабинет, Претседателот Методија Андонов-Ченто бил многу радосен што во списокот со македонски емигранти предложен од Димитар Влахов имало многу образовани луѓе, какви што биле "потребни за оформување на државата". - Прашањето за враќање на овие 3000 емигранти од Бугарија, Ченто го ставил на расправа пред Президиумот, но Колишевски не се сложил, а по  два дена го известил Ченто дека Партијата мисли оти не е пожелно да се вратат ваквите македонски емигранти од Бугарија бидејќи, како што рекол, сите биле "бугарски воспитаници!.

***********************

Во сефовите на Централниот државен архив во Софија се чуваат голем број документи поврзани со македонско-бугарските односи од крајот на Втората светска војна и првите седум години по ослободувањето на Македонија, меѓу кои посебно внимание заслужуваат документите за македонската емиграција во Бугарија. Голем дел од документите се однесуваат на проценките во врска со бројот на македонските емигранти во Бугарија, но постои и "официјален список" за бројот на Македонците според пописот од декември 1946 година.

Во документ од 20 декември 1944 година на "привременото македонско претставништво во Бугарија", чиј претседател е Георги Деспотов, а секретар Георги Абаџиев, стои дека "во Бугарија има многубројна емиграција од околу 700 илјади души" која отсекогаш "со жив интерес ги следеле борбите на македонскиот народ за ослободување".

Според документ од 29 октомври 1945 година, "македонската емиграција во Бугарија, заедно со емиграцијата од Петричката област се над 888 илјади души". Сепак, ако ваквите бројки се претерани, особено за бугарските шовинисти, се разбира, тогаш никој паметен не може да ги нагира официјалните резултати на "демографското пребројување" реализирано од 25 до 31 декември 1946 година. Според овие резултати во Бугарија пред седумдесеттина години живееле точно 169. 544 Македонци, најмногу во Пиринска Македонија - 160.641, но ги имало во Софија 2,638, во Пловдив - 2,589, во Бургас - 1,825, во Варна - 316 итнт.

 БАНЕ АНДРЕЕВ ПРЕДЛОЖИЛ ДА СЕ ПОВИКААТ ЕМИГРАНТИТЕ ОД БУГАРИЈА!

Според досегашните истражувања на темата за македонската емиграција, првите регистрирани македонски емигранти ја напуштиле својата родна татковина со турски патни исправи.Таквата состојба траела до 1913 година, односно до трагичната поделба на Македонија од страна на соседните земји. По тој настан, Македонците нагло ги напуштаат своите родни огништа во трите дела, а особено родните места во егејскиот дел на Македонија. Во оваа фаза на иселување, нашите прогонети иселеници како политички емигранти заминувале од Царството Бугарија, Кралството Грција и од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, односно од Кралска Југославија. Притоа треба да се знае дека главната насока на нивното селење, однсно иселувањето е во Америка и Канада. Дури подоцна, во дваесеттите години на минатиот век, почнува и иселувањето во Австралија.

Притоа дел од нив активно се вклучени во македонските емигрантски здруженија, кои главно имале промакедонска, а со тоа често и антикомунистичка и антијугословенска програма и концепција на дејствување. Следејќи ја "федералната политика", комунистичката власт во Македонија имала голем отпор кон емиграцијата.

Во тој контекст, особено е битно да се знае дека уште пред одржувањето на АСНОМ во 1944 година, видни раководители на македонското национално-ослободително движење размислувале за важноста на македонската емиграција во борбата на македонскиот народ за ослободување и изградба на македонската држава. Во таа смисла посебно место зазема ангажирањето на тогашната македонска интелигенција надвор од Федерална Македонија, особено во Бугарија.

Така, на примр, во спомените на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто стои, дека Бане Андреев предложил да ги повикаме македонските емигранти од Бугарија да се приклучат на нашата борба, односно борбата на македонскиот народ. Што се однесува до мене предлогот го прифатив, имајќи на ум дека таму имаше многу образовани луѓе, кои, како такви, се потребни на секоја држава, а уште повеќе на нашата, затоа што најголемиот дел од нашиот народ е полуписмен или воопшто неписмен." 

Кон крајот на 1944 година, Ченто ќе запише и уште еден нов, битен момент за односот кон македонската емиграција. Имено, по митинзите во неколку ослободени македонски градови, врвните партизански раководители доаѓаат во Скопје, а новата власт, односно Президиумот се сместува во зградата на скопската општина под Кале. Во тоа време, во президиумот, кај Ченто, доаѓа Димитар Влахов со делегација од македонската емиграција од Бугарија. Тие му предаваат список на претседателот со околу 3000 имиња на емигранти, кои емигрирале во  Бугарија по Балканските и меѓу двете светски војни.

Според записите што ги водел, во врска со ваквите средби, Ченто бил многу радосен што во списокот имало многу образовани луѓе, какви што биле "потребни за оформување на државата".  Прашањето за списокот за враќње на овие 3000 емигранти, Ченто го ставил на расправа пред Президиумот со цел да им се дозволи на емигрантите што побрзо да се вратат во своите родни места: "Лазо Колишевски не се сложи така брзо да се донесува одлука, затоа што Партијата не зазела став по тоа прашање. Се согласив да почекаме мислење од Партијата. По два дена Колишевски ме извести дека Партијата мисли оти не е пожелно да се вратат сите емигранти, бидејќи биле, како што рече, бугарски воспитаници. На моето прашање со кого ќе правиме држава, Колишевски ми одговори дека ќе добиеме помош од другите федерални единици", запишал Ченто за актиностите што ги имал како претседател во 1944 година. Во продолжение на неговото прашање, во што се подобри српските или други чиновници од Македонците, кои биле приморани да емигрираат, па потоа без своја воља морале да учат во Бугарија, Колишевски му одговорил дека "таков е ставот на Партијата и нема што да се расправа повеќе."

Тука всушност се прекршува ставот за идниот однос кон македонската емиграција, а таквиот негативен комунистички третман кон македонската емиграција ќе трае полни 57 години, значи до формирањето на самостојна Република Македонија.

ВО ПРВАТА "СЛОБОДНА ПЕТОЛЕТКА" - МАКЕДОНИЈА ЈА НАПУШТИЛЕ 1. 500 ЛИЦА!

Според професорката Виолета Ачковска, првиот претседател на Пезидиумот на АСНОМ, Методија Аноднов-Ченто, кој широко ги отворил вратите на Демократска федерална Македонија за македонските емигранти, набрзо е осуден и затворен во "Идризово", затоа што наводно сакал да "емигрира". Во меѓувреме, во македонските затвори завршија и уште стотици други македонски интелектуалци, а еден дел од нив успеаја да заминат во некоја од европските и воневропски држави, создавајќи нова, емигрантска Македонија. Во западноевропските земји, според списоците на Меѓународната организација за бегалци од 1946-та година, биле регистрирани 125 илјади државјани од бившата Кралска Југославија.

Меѓу нив најбројни биле, околу 40.000, четниците, потоа следувале усташите со околу 30.000 лица, а веднаш по нив биле словенечките белогвардејци со околу 18.000 емигранти. Во следните пет години во западноевропските земји од комунистичка Југославија побегнуваат околу 17.000 лица, а како бегалци од Македонија во државите на Запад оваа служба има евидентирано околу 1.500 лица кои имаат статус на политички емигранти. Станува збор за огромна бројка во споредба со бројот на жители на Македонија. Притоа, се разбира, новата македонска власт со сите средства, со тајни агенти и доушници, се бори против македонската емиграција односно против нејзината антикомунистичка идеологија.

Во таа насока, во ноември 1972-та година македонското политичко раководство одржува таен состанок со Тито, каде што остро се напаѓа македонската емиграција. На состанокот, првиот човек на македонските комунисти, Ангел Чемерски, инсистира на тоа дека "политиката на национална афирмација мора да ја држи во свои раце Сојузот на комунистите", а македонскиот "вожд" Колишевски смета дека "создавајќи македонска држава, ги менуваме само класните односи, а не создаваме некоја национална држава".

На истиот состанок со Тито, Киро Глигоров ќе констатира дека "во Македонија егзистира еден широк распон на разни националистички изживувања, од националистички романтизам, до обезвреднување на НОБ", подвлекувајќи дека "не да пречи туку шокира кога прославата сврзана со илинденското востание има еден сјај, поголем, а кога е во врска со она што е период на НОБ, настаните да не се барем одбележани на вистински, достоен начин".

И други македонски политичари од тоа време, тајно, пред Тито, на Водно, остро ја напаѓаат Македонија и Македонците, затоа што мислат поинаку од нив, фрлајќи дрва и камења врз Шарло, Ченто и други македонски револуционери. Во тој конекст Вера Ацева, на пример, ќе се дрзне да каже дека и "прославата на стогодишнината од раѓањето на Гоце Делчев, покрај тоа што беше недозволено предимензионирана во однос на прославата на 30-годишнината од револуцијата, туку таа беше предимензионирана и во однос на соборците на Гоце Делчев", а Страхил Гигов, пак, со треперлив глас, се разбира, пред Тито ќе признае дека "ние денес имаме најголем национализам од кога и да е по ослободувањето, па мене ми се смачува кога Гоце Делчев почнаа да го прават идеолог на нашата револуција... Ако овие движења продолжеа, за три-четири години Гоце Делчев ќе беше поголем од Маркс, Ленин и од Вас, друже Тито..." 

Во меѓувреме агентите на тајната полиција ги следат сите активности на македонската емиграција во светот, а особено во Европа. Така, во архивата на македонската полиција, ресторанот "Ново Скопје" во Берлин е евидентиран како свратилиште каде што сопственикот Гојко Јаковлевски ја собира екстремната антијугословенска емиграција. Ресторанот исто така се смета за најопасно комитско гнездо на ВМРО-вците. Според архивски документи и полициски досиеја, сите што заминале од Македонија во Германија најпрвин биле повикувани на информативен разговор во полицијата, односно УДБ-а, за да ги информираат дека сопственикот на "Ново Скопје" е многу опасен екстремист, а ресторанот е место каде што не е пожелно да одат. Сепак некои од тие патници во тоа време не ги почитувале препораките и доаѓале во ресторанот, како на пример проф. д-р Јордан Никодиновски, проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, д-р Орде Ивановски, актерот Драги Костовски и многу други. Југословенската воена мисија во Западен Берлин била посебно ангажирана за надгледување на гостите од Југославија кои доаѓале во ресторанот "Ново Скопје".

А таквиот став кон емиграцијата можел да се прочита уште од прашањето за списокот за враќање на 3.000 македонски емигранти интелектуалци од Бугарија за кои Партијата и Колишевски сметале дека не е пожелно да се вратат бидејќи биле "бугарски воспитаници", и дека што се однесува до интелектуалците помош ќе се "добие од другите федерални единици".

И таа помош навистина пристигна. Колку и кои интелектуалци стигнаа од другите федерални единици и како помогнаа во изградбата на македонската држав, останува да се истражи во друга прилика.

****************

 

 

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********************

 

 

 

МАКЕДОНСКИ ТЕ ЉУБАМ

(Панде Манојлов)

  • Во ветрот
    што дува и корне
    и во ветровито време
    те љубам
    Татковино моја!

    Те љубам тебе
    и родот мој,
    го љубам
    од длабоки реки
    од височини вишни!

    Езера со далги
    и снегови
    на планини вишни,
    усни се
    што бакнуваат и гризат...

    Со дланки
    милуваат
    полињата родни,
    лозјата
    на ридот...

    На ракија
    со пријателот,
    на кафе
    со комшијата
    комшиски и братски...

  • Катаден не лажат,
    катаден не мамат
    и не рабат
    и не арчат
    и пак парчат...

    Зимско студенило!
    Белосветска жега!
    Порои
    и во матни води
    некој не турка, не дави!

    Ако!
    Не сме сираци
    на денот!
    Ние сме, господо,
    Македонци!

    Утрото
    посветло е од ноќта!
    Љубовта -
    појака
    од клетва!

    И во ветрот
    што дува
    и европски што корне,
    македонски те љубам
    Македонијо моја!
    ************
    Автор: Панде Манојлов

Kind regards: 08 април 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 206

ВИДЕОТЕКА

****************