ЕВО НЕ, МИЛЕНКО, ТУКА СМЕ! А КАДЕ СИ ТИ?

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

КАДЕ БИЛА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА

***********************

Ги следам случувањата во Македонија и  околу неа и тоа не само од денес, ами од кога знам за себе и за својата љубов кон земјата во која сум роден, израснат и во која почиваат коските на моите предци. Но, животните околности и желбата за обединување на нашето големо семејство ме однесе далеку од крајот на моето детство, за среќа,  не како бегалец или непријател на "режимот" кој владееше тогаш, туку како слободен  човек не оптоварен со честите неправди на владеачката гарнитура, која после крвавите борби за слобода на својот сопствен народ, го изгуби компасот и тргна во погрешна насока. Баш тие околности ми даваат за право да зборувам објективно  за неговите лоши и не така добри особини. "Режим",  со  многу нешта,  често пати, спротивни на вистинските национални интереси и очекувањата на Македонците, но сепак не и  забеган од својот сопствен народ. "Режим" кои ни овозможи  и ние,  конечно,  после многу векови одново да воспоставиме врска со  предците од древните времиња! Врска, преку  обновување на македонската држава и ако на само еден дел од големата земја македонска, но со  перспективи, за поарна иднина.

А вие, на 17 јуни 2017 година на македонска земја, Нивици Преспанско, со најобичните грчки криминалци и масовни убијци на Македонците од егејскиот, окупиран, дел на Македонија потпишавте, на очиглед на целиот свет, срамна капитулација и бесплатно  нејзино предавање заедно и со нашето достоинство и чувствата за гордост, дека и ние имаме држава во која можеме да се вратиме било кога и да бидеме примени, како свои на свое.

"Режим" со атеистички погледи на светот, но со љубов и разбирање за времето и желбите на Македонците да си ја обноват и својата Македонска православна црква! "Режим", кој ни обезбеди околности за создавање на македонскиот  литературен јазик;  осознавање на македонската вистинска историја со истражувања по светските архиви,  и  на крајот, да создадеме свој, македонски, образовен систем, кои произведе, спрема своите тогашни можности, плејада добро подготвени кадрови од сите области, потребни за развој на новата македонска држава. Но за жал,   денес без срам, лично достоинство и одговорност многу од нив   постанаа велепредавници  и соучесници на еден недоветен и изветреен Минхаузен во срамната капитулација  и разнебитувањето на македонската држава, ремек делото на минатите генерации.

"Режим", кој ни овозможи да го обновиме и зацврстиме македонскиот национален идентитет! Тој наш национален идентитет, за кој  вие и многу како вас,  не мрднавте ниту со малиот прст!

Сум ги следел и се' уште ги следам развојните етапи на Македонската православна црква и нејзиното влијание врз животите на македонските иселеници од Република Македонија, од егејскиот дел на Македонија, и на крајот врз животите на нашите браќа и сестри од пиринскиот  и албанскиот дел на македонската земја.

Сум живеел  и се' уште живеам со сите нив и оние кои непосредно ги доживеале стравовите од грчките, бугарските и албанските злосторства, но и со оние Македонци, кои на својата кожа го почувствувале ладниот здив на македонските властодршци од минатото, а особено од денешните мангупи и изроди на криминалната фела на Зоран Заев, од Муртино! 

Ја делев и се' уште ја делам судбината и на бугаризираните Македонци  заведени од Бугарската православна црква и нивната политичка заедница под покровителство на  МПО водена од  идеите на Ванчо Михајлов за бугарските корени на Македонија и на Македонците!

Но, со изградбата на десетици македонски православни цркви и исто толку културни друштва и организации ширум светот, каде што  има наши луѓе,  скоро потполно го елиминиравме непријателското влијание  на бугарската егзархија, српската и грчката православна црква и  создадовме поволни услови за обединување на македонското иселеништво во едно компактно, македонско ткиво. 

Создадовме и учени луѓе кои ќе го чуваат духот на древните предци и втемелители на Македонската држава, од првиот македонски владател до последните два, Филип Втори и Александар Трети Македонски и потоа  од Илинденците до Партизаните! Но, за сигурно нема да ги заборават и денешните внатрешни изроди и предавници - Заевисти, како најлошо и одвратно племе кое живеело и ја пустошело македонската земја и држава!

Не беше лесен патот до срцата и душите на со векови разделените браќа и сестри Македонци. Беше трновит и полн со недоверби едни спрам други и често пати со нетрпеливост. Но, за разлика од режимите во распарчената ни татковина која од истиот македонски народ направија туѓинци, животните услови кои ни ги создадоа демократските правни системи во државите кои сме ги прифатиле за втори татковини и ни овозможија слободно движење и постепено бришење на бариерите со сплотување на народот македонски, ни дојдоа како од Бога благодет, како амалгам кој не поврза одново во едно цело, македонско битие. А, пак, слободното  дружење и поврзување на семејствата, беше вториот и најзначаен амалгам, за сите нас.

Борбата за себе-осознавање дека  му припаѓаме на еден народ, на една македонска нација се приведува кон својот крај, зошто вистината е само една: Македонците и ако заведени од странските пропаганди од секогаш останале Македонци, никогаш Бугари, Срби, Грци, а најмалку Албанци.

Спорото созревање на македонската дијаспора влече корени од околностите во деловите македонски во кои живеевме пред  доаѓањето во земјите каде најдовме засолништа за себе и нашите семејства. Тоа од секогаш беше болно и  тешко. Но, сепак,  трудот и материјалните средства вложени во борбата за обединување и  создавање компактна и цврста национално-македонска целина, од, дотогаш, разединетите Македонци, роди  плодови. Си докажавме, самите себеси, дека само во слога, љубов и обединети сме посилни. Посилни  за себе и за нашата македонска татковина, кога ќе и' затребаме.

Независно од злосторствата на денешната не легитимна власт и нејзиното одрекнување од нас,  Македонците од целиот свет  и понатака чувствуваат должност и љубов кон  Македонија. Нема никогаш да си го остават и својот народ сам да се бори со внатрешните и надворешни непријатели.  Но, се разбира, како второ лигаши ! Тие кој се во првите редови за одбрана на Македонија сте вие, драги мои, чии животи  зависат од тоа парче земја, со право  да барате помош од нас, кога ќе западнете во тешки проблеми, претешки само за вас. Во спротивно,  како "оттуѓен" дел од народот на Република Македонија, ќе бидеме сметани за агресори и  посакуван повод за НАТО да ги истресе своите убојни направи и ја запали земјата, да изгори се' на неа и во неа!

Да ја запалат и изгорат како и егејскиот дел за време на така наречената граѓанска војна во Грција. Повод, кои би создал хаос и втор геноциден егзодус и на Македонците од Република Македонија. 

Го спомнав горното сценарио како опасност која би можела да постане и стварност, бидејќи имаме работа со злосторници и рушители на старите цивилизации за да бидат тие, со плитки корени и заматени умови, едини на кои им е "дозволено" да палат и гаснат  и како "газди" во туѓи дворишта,   да одлучуваат  кој има право на слобода и гол живот, а кои да го снема за секогаш.

Со откажувањето од нас,  злосторничко-криминалниот диктаторски режим на СДСМ со пасивна подршка на ВМРО-ДПМНЕ и највисокото државно раководство со претседателот Ѓеорге Иванов, премиерот Зоран Заев и Талал Џафери како нелегално монтиран претседател на Собранието, на светот му го покажаа своето право лице! Лице, на најодвратни изроди, предавници и крвни непријатели на Македонците, било каде и да се, како што Васко Ефтов секогаш не поздравува на крајот од  својата ТВ програма, "ВО ЦЕНТАР".

За постигнување на сите нивни злосторнички цели, ја избраа најповолната опција - "подели па владај", како најдобро решение за ослободување на поранешните и сегашни окупатори од вината за сите злосторства сторени врз Македонците.  Одстранувањето на македонската дијаспора од македонското национално ткиво е првиот чекор. Со него,  грчките, бугарските и албанските крвници полесно ќе ги реализираат своите погани накани: потполно разнебитување на Македонската држава, обезличување на Македонците и разграбување на  нивното материјално и духовно богатство. Но, што е најважно од се' легализирање на пленот  од Балканските војни и Првата светска војна а протерувањето на Македонците од нивната исконска татковина Македонија, да го прикажат како доброволно иселување заради војната внатре во грчката држава меѓу самите Грци. При тоа не спомнувајќи ги Македонците како посебен народ различен од грчките граѓани по род.

Вклучувањето на македонските изроди во уривањето на Република Македонија и разнебитувањето на својот сопствен народ е знак на слабост и страв од правдата за нивните недела, која неминовно ќе ги стигне било кога во иднината, што е пред нас.

Важно е да се спомене и фактот, кој ни зборува и ја докажува вистината за спорото напредување на македонската дијаспора, во споредба со грчката, српската, хрватската, бугарската и албанската. А тој е  разединетоста на Македонците под влијание на странските освојувачи. Прво во времињата на Римјаните,  па за времето на Отоманската Империја и на крајот со поделбата на македонската територија за време на Балканските и Првата светска војна.

Се разбира, во тие театарски претстави нивните цркви  ја одиграа главната ролја. За жал, Македонците не успеа да се здобијат со свои актери, па затоа останаа надвор од играта, која и денес трае само со учество на најлошите изроди и предавници, како аматери и водоносачи за една употреба за потоа, кога  ќе  се спуштат пердињата, да бидат отфрлени како неупотребливо ѓубре на историското буниште, по кое ни кучињата нема да сакаат да прчкаат и си ги валкаат своите шапи. 

Последниов параграф би требало да биде одговор на критиките што ни ги упати Миленко Неделковски во својот последен "Миленко Неделковски шоу" за, дека, божем, Дијаспората македонска била најголема во светот, ама не заинтересирана за состојбите во Македонија, што е голема и не опростива навреда!

Па ево што има Миленко Неделковски да  ни порача од позиција на умислен гуру за се' и сешто, ама за  развојниот пат на македонската Дијаспора едно големо, големо НИШТО, и тоа се' во полза на својот патриотизам:  "ФАЛИ МЕ УСТО ИЛИ ЌЕ ТЕ РАСКИНАМ"!  

Но, пред да тргнеме со неговата изјава од пред неколку дена, во неговиот "ШОУ", уште нешто важно ќе речам од интерес за сите кои не се запознати со причините за "брзиот" развој на другите балкански Дијаспори и ефикасноста  на аргументацијата со која се служат во презентирањето, пред меѓународната јавност, на своите проблеми и "историски" права над туѓи територии и нивните културни наследства. Особено во земјите во кои живеат и Македонците.

Па, ево како прво,  сплотеноста, добрите односи и хармонијата која владее помеѓу Дијаспората и матичните земји. Потоа, огромната материјална и логистичка помош која доаѓа од матичните им земји за реализирање на нивните заеднички цели и интерси. Но, и поткупот на важни и одговорни политички личности кои ги застапуваат нивните интереси пред претставничките тела на власта и на крајот, образованието во нивните матични држави кое производи кадрови со лажни перцепции за нивните национални историски вистини, не се за потценување.   

Второ, поткрепа од западниот свет, кои со бранењето на нивните национални интереси, заправо ги бранат своите  интереси! Материјални и иматеријални со грабење се' што ќе им падне под рака! Особено во случајот со Грција, како земја врз чии вештачко  креирани цивилизицаски вредности е втемелена целата западна цивилизација.

Впрочем, причината за сета таа трка околу присвојување на македонското древно наследство  во полза на Грција, првенствено, е во врска со големото ЕГО на западните големи сили и желбата да по секоја цена и врз сметка на други народи и нивните културни и цивилизациски вредности, го зголемат  својот углед и  важноста на западната цивилизација, преку нејзината  супериорност.  Што нема никаква врска со вистината и со здравиот разум!

И тоа добро им оди. Барем досега, дури сплотеноста што владее помеѓу хунтата на Зоран Заев,  СДСМ, Албанците, раководството на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Република Македонија Ѓеорге Иванов трае. И тоа  се' со цел,  "Македонското прашање" на Балканот да се затвори брзо, успешно и за век и веков!? 

Па затоа, драги мои, прашањето на Миленко Неделковски, водител на "Миленко шоу" : "КАДЕ Е МАКЕДОНСКАТА НАЈБРОЈНА ДИЈАСПОРА ВО СВЕТОТ ДА И' ПОМОГНЕ НА МАКЕДОНИЈА" е сосема депласирано и длабоко навредливо! Нашиот заеднички  одговор би требало да биде:

- Господине Неделковски, вашето непознавање, без обзир дали тоа ќе го негирате или не, на развојните етапи и проблемите за значајното заостанување на македонската Дијаспора зад другите Дијаспори со потекло од Балканот, не го оправдува вашето лично не здоволство и фрустрации заради сопствената немоќ да се справите со домашните кучиња.

Вашиот бес, немоќ,  цинизам и иронија со кои се нафрлувате врз вредностите на македонската Дијаспора се  зачуџувачки  однос, кој говори самиот за себе и примитизмот кои живее во вас. 

Македонската Дијаспора секогаш сочувствувала и ќе сочувствува со народот македонски и македонската држава кога се ставени пред проблеми кои неможат самите да ги поднесат. Меѓутоа кога  проблемите се фатални по опстојот на државата и судбината на Македонците, а без отпор и испукан куршум срамно и недостоинствено  се  капитулира пред вековниот непријател до самоуништување, тогаш и чувствата  за почит се менуваат.

Кога одбраната на Татковината се става само врз грбовите на најслабите во земјата, пензионерите, инвалидите, жените а "мажите" седат по кафеаните и бистрат политика  а не се покренуваат да ја бранат својата судбина и достоинството свое, а уште помалку да застанат пред Заев и да му речат што е доста, доста е, се вика машки кукавичлук. 

Кога "мажите" треперат од страв пред еден најобичен криминалец кои управува со државата како со негова сопствена фирма, а посебно со безбедносните сили на Република Македонија како  платеници за извршување на неговите  криминални работи; кога ве плукаат дневно и затвораат  толку долго колку сакаат, а многу како вас мислат дека  дожд паѓа, и тоа  е кукавичлук и немоќ за самоодбрана!   

Но, што е болно за нас, надвор, од СТАРИОТ КРАЈ? - вашата дрскост со која за своите слабости ја обвинувате македонската Дијаспора! Тоа е израз на не благодарност спрема иселените Македонци кои  прават се' за светот да ја сознае вистината за криминалните случувања во Република Македонија и тортурите на Зоран Заев врз чесниот дел од македонскиот народ оставен сам да ја брани државата и македонските национални интереси.  Ево што вели за македонските иселеници господинот Миленко Неделковски, во својот  последен "Шоу":

-  ...А сега сакам нешто да ви речам за оние, таму во странските држави кои ќе гласале на 21 април 2019 година за претседателските избори. Во странство се пријавиле 1000  до 1500 души, вели Миленко и продолжува:  до доаѓањето на власт, СДСМ тврдеше дека ВМРО протерало надвор над 600.000 луѓе. Се сеќавате ли на оние чевли пред владата  на Република Македонија? Чевли, чевли, стари чевли! А во странство, еве сега за гласање се пријавиле околу 1000 и нешто. Од тие 600.000 илјади протерани. Инаку има огромни заедници во Канада, во Германија, во Соединетите Американски Држави, Австралија, Африка, скандинавските земји, Швајцарија.  Илјада и нешто вкупно. Е сега, или овие 600.000 илјади се вратија назад зошто, демек, се вратил животот во Македонија и тука ќе гласаат или ги нема. Или пак по доаѓањето во странските земји, одма биле асимилирани и си го промениле името, па постанале Швајцарци, Германци...

Што може да се направи со 1000 или нешто повеќе од тоа. Со таа бројка  не може да се влијае врз власта во земјите каде што живеат, а камо ли  на власта во Македонија. А за оние 100.000 илјади канадски долари како помош на загрозените семејства на затворените бранители на уставниот поредок во државата,  да не зборувам. За срамота!

Господине Неделковски, што е многу, многу е и ако е од вас. Па зарем не се срамите од своите несмасни изливи на бес кон својот сопствен народ кои за време и на најмали потреси во Република Македонија на стотици илјади излегуваат надвор од своите домови и гласно протестираат против менувањето на името, против ембаргата на соседите, против злосторствата врз Македонците во Грција, против малтретирањата на граничните премини за време на вашите годишни одмори во "пријателска" Грција, против бришењето на македонските автомобилски таблички, блокирање на транспортот со секаква роба од Македонија, против плукањето во вашите лица ... Каде сте вие браќа, каде ви е достоинството да ги покрене вашите дебели задници и да го истерате криминалецот кој ви седнал на врат, а вие му ги нудите и грбовите како амали да го носите таму, каде ќе ви покаже со прстот!? 

Каде е ВМРО-ДПМНЕ и вашиот Мицкоски од името на "своите" стотици илјади фантом членови да се крене на ноsе и да ги истера мангупите и криминалците на Зоран Заев од владините угодни канцеларии и да им го покаже местото каде припаѓаат? 

Каде е претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да стане на чело на колоната во одбрана на државата од дивите натрапници?   Кој раководи со македонската полиција и војската македонска?

Кога ќе ги средите сите тие работи и преземете вистински и храбри чекори против злото кое ве држи сите во заложништво, а вие како магепсани од телевизија во телевизија престанете да барате рамена да се исплачете над својата сопствена немоќ, е, тогаш можете да барате и повеќе од нас иселениците. И ако не ви дојдеме на помош,  имате право да не плукате. Се' дури не соберете храброст да си ги сочувате своите сопствени домови и своите семејства од изроди, предавници, пијаници и гадови од секоја врста, немате морално право да ја критикувате македонската дијаспора и да фрлате дрва и камење на нас.

Ние не сме само 600.000 протерани од Груевски и Заев, туку многу повеќе. Од  сите генерации кои потекнуваат дури од турските времиња. Нас не има многу повеќе на градските улици по светските метрополи протестирајќи против неправдите на големите светски сили спрема Македонците и македонската држава. Каде сте Вие, господине Неделковски? Си дозволивте Заев и Димитров да ве прекрстат и сега ве тераат да гласате за некој кои се одрекнал од самиот себеси. 

Со кое право барате Македонците од Република Македонија и Дијаспората да гласаат за вашата измислена Северна Република Македонија, која не не признава и ни го одзема нашето исконско и природно право  да се нарекуваме Македонци и со каков македонски или не македонски јазик да зборуваме?

Тие што се пријавија да гласаат за Северна Република Македонија и доброволно плукнаа на својата заклетва дека ќе ја бранат Македонија, а не Северна Македонија, се предавници како и многу како вас. Бројот од 1000 до 1500 пријавени дека ја признаваат Северна Република Македонија е бројот на предавниците од нашите редови, на кои никогаш и не им било важно како им се вика државата или како некои ги вика нив. Дали Македонци, Грци, Бугари, Срби, Албанци или обични овци. Македонија, и знамето со шеснаесеткраковото сонце од Кутлеш, се нашите  знакови на препознавање, се' друго е туѓо и за нас неприфатливо!

АКО ИМАТЕ ОБРАЗ И НЕКОЕ ВАЛИДНО ДОСТОИНСТВО, ДОЛЖНИ ИМ СТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА ИЗВИНУВАЊЕ. А ПАК АКО ТИЕ ВРЕДНОСТИ ГИ НЕМАТЕ, ПОКРИТЕ СЕ СО УШИТЕ И МОЛЧЕТЕ!

 

За секогаш, Ваш Сотир!

*************************

СИСТЕМСКА  И ВЕКОВНА МАНИПУЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

****************

Кога се прави држава, нејзините основачи секогаш сакаат да се поврзат со некој моќен пред нив и да го претстават како свој предок, било тоа да е во однос на територијата или традициите. Тоа го прави и Римската Империја, во првиот век пред нашата ера кога се претставува како нова светска сила на сметка на заслабената Македонија по смртта на Александар Македонски.

Како што е познато, генералите на славниот војсководец не успеваат да ја сочуваат најголемата и најсилната држава во Антиката - Македонија. Тие, завојувани меѓу себе ја делат македонската територија на неколку држави што постепено слабеат, а тоа Рим го користи за полесно да ги освои. Римската Империја која прво се насочува кон Запад и стигнува до англиските острови, потоа се пренесува претежно кон Исток и тргнува по патот на Александар Велики.

"Кога Римската Империја ја освојува Македонија, за да ја потчини, ја дели на четири области. На областите им забранува да комуницираат едни со други, јазично и трговски, а дури забранува и брачни врски на едната со другата област. Римјаните го забрануваат македонскиот јазик, наметнувајќи го латинскиот. Македонците, пак, се обиделе да се ослободат преку востание, но не успеале", вели д-р Александар Атанасовски, професор по византилогија на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје.

По 20 години, Римската Империја ги укинала овие области и ја прогласува Македонија за своја провинција. Римските владетели,  според нашиот соговорник, вешто манипулирале со македонското население кое за да го доведат во заблуда му се претставувале дека тие се продолжувачи на идејата на Александар Македонски и дека  ќе го исполнат неговиот завет да ја освојат Персија.

Дел од манипулацијата на императорите, според професорот Атанасовски, биле и прославите посветени на македонскиот владетел. Римјаните го прославувале роденденот на Александар, го одбележувале денот на неговата смрт, правеле игри и забави во негова чест и тоа го правеле со цел Македонците да ги прифатат како свои владетели, односно дека тие се наследници на нивниот Александар Македонски.

 КОНСТАНТИН ПРВИ ВЕЛИКИ МАНИПУЛИРА СО МАКЕДОНЦИТЕ

Римската Империја го достигнува својот зенит и се дели на Источна и Западна. Во тоа време Константин Први Велики, кој потекнува од римскиот град Наис, денешен српски Ниш, воден од идејата дека центарот на Империјата треба да биде на Исток, се одлучува да ја премести престолнината во Византион на Босфорот и таму го гради новиот Рим, денешен Истанбул.

- Константин се претставува како наследник на Александар Македонски, па дури кова и монети на кои што од едната страна е ликот на Алекдсандар, а од другата страна неговиот лик. Со ова, римскиот император го довел населението, кое било 90% неписмено, во заблуда, бидејќи луѓето што ги гледале монетите сметале дека Константин е нивен како и нивниот вистински предок Александар и  затоа Македонците ја сметале Византија за своја држава-објаснувва професорот Атанасовски.

Во Римското царство, според него, не се водело сметка за етничкото потекло на луѓето, односно дали некој е Ерменец, Македонец или Грк, туку за да се напредува во тогашната државна хиерархија, најважно било поединецот да изјави дека е Ромеј и христијанин и дека ќе работи за византиските интереси. Атанасовски вели дека имало случаи кога некој владетел се претставувал како римски император, а тој никогаш не го видел Рим, ниту пак знаел каде се наоѓа градот. Но, затоа со гордост ја кажувал титулата-римски император. Притоа, професорот го посочува примерот со Анастасиј, кој велел дека е Римјанин, а бил роден во Драч!

 ВАСИЛИЈ ПРВИ Е ПОТОМОК НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Еден период, во Византија постои и македонска династија. Сите сакаат да кажат дека тие немаат врска со Античките Македонци, дека тие се од темата Македонија во Тракија, но тоа се приказни за деца. Во борбите за освојување на Балканот и со појавата на фамозните Словени, за кои до денес науката не откри кои се, што се, кога и како дошле-најбогатите слоеви од Македонија, оние кои биле во власта, бегаат од неа и прво се засолнувале во Солун. За да не се пренасели градот, Византија ги преселува во Тракија, во Одрин, денешен Едрене и од нив формира војнички одред, нарекувајќи ги македонска војска. Потеклото на тие Македонци е од денешна Македонија. Од нив потекнува и Василиј Први, основачот на македонската династија-истакнува Атанасовски.

Според нашиот историчар, Василиј Први не можел да заборави дека е протеран од побунениците,  односно од Словените, па затоа и се пресметувал со нив. Во војните со новодојдените во Македонија, предничел внукот на Василиј Први, Василиј Втори и затоа всушност доаѓа до војна меѓу Цар Самоил и Василиј, вели Атанасовски.

- Ќе си речете: "Како е можно да се бореле Македонци против Македонци?!" Се работи за староседелци и новаци што дошле однадвор. Таа пресметка се случува поради тоа што Василиј Втори бил протеран од Македонија и сакал да се врати на оваа територија. Во него не згаснало сфаќањето дека тој потекнува од Александар Македонски-објаснува професорот.

 ВИЗАНТИЈА ЈА ПРИЗНАВА БУГАРИЈА КАКО ДРЖАВА

Во времето на Византија, според податоците, не била дозволена употреба на терминот Македонци, освен во литературата. Византијците себе си се идентификувале како Ромеи, но како што вели професорот Атанасовски, римските императори само кажувале дека се наследници на Александар Македонски и дека ја следат неговата политика, идеја и култура, но не и дека се наследници на името Македонија. Поимот Македонија го лансираат само како тема, како провинција, воено-административна област во околината Одрин, посочува професорот, кој додава дека од овие простори, името Македонија тивко се поместува, бидејќи потпаднал под бугарска власт.

- Во 681 година, Византија ја признава Бугарија како држава и сите територии, дел од Македонија, од Албанија, Србија, дури и Хрватска, ги признава како бугарски. Населението што живеело на овие територии за Византија било посочено како бугарско, исто како што на нејзина територија сите биле Ромеи. Но, античкото наследство си го зачуваа за себе.

Кога се прифаќа христијанството како главна државна религија, таа идеологија дека еден Бог е на небото, треба да следи дека еден Цар е на земјата. Византија тоа вешто го користи за да не признае други владатели и ако ги признае, тие стојат на пониско ниво од византискиот Цар-потенцира македонскиот историчар. Признавањето на Бугарија, Византија го прави од личен интерес. Римските владетели го ожениле бугарскиот владетел Петар со византиска принцеза и му дале титула "Цар на Бугарите".

Според професорот Атанасовски, Византија ја користела Бугарија како тампон-зона за да се справи со непријателите што доаѓале од север, од кај Дунав. Со таквата вешта дипломатија, Византија се ослободува од дополителни трошоци за војската.  Во административниот дел, територијата на денешна Република Македонија не влегува во состав на Византија.  Но, според професорот, странците кога поминувале низ Македонија, велеле дека тоа е државата на Александар Македонски, без разлика што Византија не можела, односно не сакала тоа да го признае.

 ВО МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВААТ СИРОМАШНИТЕ МАКЕДОНЦИ

- Има еден запис од 1306 година, направен од еден Французин кој патувајќи низ Македонија кон Ерусалим, во Филипи, Егејска македонија, меѓу другото запишал дека ја видел мермерната штала на коњот Букефал на Александар Македонски. Македонски, а не запишал Александар Грчки, т.е. Велики. Тоа го напишал Французин, а не Македонец! - потенцира нашиот соговорник.

Според Атанасовски, мешањето на народите е најизразено на Балканот. Војните и епидемиите биле причините што довеле до опустошување и на многу територии од денешна Македонија. Тие територии, според кажувањата на нашиот соговорник, Византија ги населила со Готи, Авари, Словени..., на кои им дозволува да се занимваат со земјоделство, но затоа пак за возврат од нив се барало да плаќаат данок.

- На оваа територија постоело и домородно население што било сиромашно и останало овде, оти немало каде да бега. Па, така, дошло до мешање со новодојдените. Во тоа време не била многу важна националноста, гледале само да преживеат. Никој не се оптоварувал со тоа дали ќе го наречат Македонец или Ромеј. Тоа им било важно на политичарите за да го користат како идеологија. Обичното население си живеело сложно и тогаш започнал соживотот меѓу паганите, христијаните и Ромеите-вели Атанасовски.

Во тоа време, доколку Византија признаела некоја држава, тоа од денешен аспект би значело дека таа држава станала членка на Обединетите нации, појаснува Атанасовски. По признавањето на Бугарија во 681 година, Византија потоа ја признава и Србија во 1217 година, како кралство.

 ЦАР ДУШАН-ЦАР И НА МАКЕДОНЦИТЕ

- За разлика од Бугарија, Србија била свесна дека на денешната територија на Република Македонија живееле наследници на Александар Македонски. На пример, Цар Душан се повикува дека тој владее со дел од територијата што му припаѓала на Александар Македонски и во неговата царска титула стои дека тој е цар и на Македонците, за што постојат два ракописа од 1349 година-додава Атанасовски.

Кога се создава Самоиловата држава, Византија оваа творба не ја смета за вештачка и посебна и не ја именува како македонска, туку како дел од Бугарија. Византијците ја нарекле Западно-бугарско царство, појаснува нашот соговорник, кој вели дека Византијците тоа го направиле намерно за да не се воскресне споменот за Античка Македонија, односно да се задржи нововоспоставеното мислење дека Византија е наследник на Античка Македонија и дека не може друг да биде сукцесор.

Вештата дипломатија на Византија, според нашиот соговорник, потоа ја наследуваат Грците. Атанасовски вели дека тие ја присвојуваат Византија како своја, а со тоа и целото античко наследство, античката култура и литература и филозофија и на тој начин успеваат да ја победат Македонија. Иако, во историските записи стои Ромејска Империја. Грците прават равенство на Ромеите и Грците, што, според професорот е неточно. Атанасовски вели дека Грција дава многу пари за да се шири низ светот нејзината фабрикувана историја.

***************************

https://infomax.mk

 

Жаклина Михајлова

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*******************

 

 

 

АЛБИНО - ПАУНИЦА

Видена на "Свети Наум"

  • Белосветска убавица,
    грациозно шета
    низ манастирските дворови
    неколку лета.

    Како сам Господ да ја создал
    таа убавина непостоечка,
    да сведочи за чистотата исконска
    на верата македонска.

    Белата пауница за светците знак ли е,
    за македонска невеста симбол ли е,
    ил, пак, стара мома немажена

  • за љубов среќна пострадана е.

    Чиста, како езерото
    проsирна,бистра,
    безлична, а така горда, нажалена,
    просто плени со убавината разгалена.

    "Убавината е минлива, мудрецот рече,
    паунот егото на друга страна го влече.

    Пауницата е сама и несреќно вене,
    дали среќна била, ќе покаже самото време.
    *************
    Автор: Жаклина Михајлова, поетеса

ВИДЕОТЕКА

***************

Kind regards: 28 март 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 204