НИКОГАШ ПОВЕЌЕ

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ

****************************

Драги мои, никогаш не е доста пишувања и докажувања дека Македонија ни е нашето свето парче земја, кое  ја заслужува сета наша  љубов и лојалност. Парче преостанато од големата и славна Империја која секој би сакал да ја има за корен, на своето постоење. Сета љубов за Македонија, зошто животот е еден, ама без неа, не е вреден!

Многу меѓу нас, дома и надвор, се' уште гледаат нагоре во небото, очекувајќи помош од никој друг, туку од самиот Господ Бог. Да ни помогнел за да  ја растераме црната чума што се задала над жална Македонија, зошто  ние  сме немале  јунаци,  како некогаш. Имаме само изроди и предавници, а недоволно Македонци.

Драги мои, Господ ни даде уште со нашето раѓање ум и разум, кои треба да  ги користиме за  одбрана од сите злосторници.  Ако тие алатки правилно не ги користиме, тоа е наша и само наша вина! Затоа, поговорката наша стара вели: имај доверба во самиот себе и во своето магарче! 

Некои велат, дека причината што многу луѓе попримаат особини на Зомби се небеските  големи летилици кои испуштаат зад себе бели густи и долги траги. Траги со некакви отрови,  од кои така уплашени, постануваат безволни да ги покренат сите свои креативни способности, да му се спротивстават на  судбината  и законите на инерцијата.

Други пак, како во нашиов македонски синдром,  непокорот го заменуваат со омраза до меѓусебно истребување, слепо следејќи го, при тоа,  патот на лажниот лидер, кој игра краткотрајна, но извонредно ефикасна улога на спасител. Спасител од привремената сиромаштија наметната од надворешни и квази пријатели, со свои сопствени и убојни, за нас, интереси. 

Стануваат   лесен плен и за многу послабиот од себе, го земаат најлесниот понуден пат до среќата и задоволствата кои животот ги нуди, не водејќи сметка за цената, која треба да ја платат. Тоа е НАТО и Европската Унија, како стапица со мед намазана, која на никого од нашите балкански соседи не им донела просперитет, во било која форма. Кусиот пат е секогаш на крајот подолг, зошто не е таков за каков другите ни го прикажуваат. 

При отворени очи и уши, неколку арамии и тешки криминалци без отпор ни ја продадоа државата. Нивната перфидност и алчност за лесно богатење на сметка на македонскиот народ ги заслепе и младите поколенија на Македонија,  во кои верувавме дека  се надежда за продолжување на македонскиот род. И тие се  заразени со некоја неизлечива напаст, која ни се заканува со истребување.

Неодамна, на една инспиративна средба со македонскиот налудничав вожд, Зоран Заев и неколку негови слепи следбеници, повеќе млади членови на СДСМ  на своите лажни идоли им изразуваа преданост и дека ќе ги следат, зошто имаат доверба во нив.  И дека се среќни што ги имаат.  Толку добрини прават, што неможат да им се изнаблагодарат. Дури пресреќни се!? 

Една млада и по изгледот умна девојка,  изрецитира поема за Заев. Потоа, восхитена од средбата со  "херојот",  му се обрати: "Господине премиеру, ја гледате ли оваа млада сила овде ? Дојдоа да ве видат и да ве поздрават, но и да Ви се заблагодарат за се' што досега направивте за Македонија и за Македонците. Вие сте единиот човек на кој му успеа да ја измени нашата историја. А можеби и историјата на цел Балкан и подалеку.

Искрено, и јас да бев  таму, не би бил сигурен дали оваа млада девојка тоа го мислеше сериозно, или се шегуваше. 

Премиеру, продолжи таа, јас доаѓам како претставничка на невладина организација за заштита на деца од сексуални напатственици. Се надевам дека и за нив ќе направите нешто, за што Ви сум благодарна!"

Зоран Заев бил човекот кој ја препородил Македонија и  бил прв владател на некоја Влада балканска, кој ја изменил историјата и  ги подобрил можностите за мир и економски развој, незапамтен до сега.

И покрај сите лаги и шеги, во тоа никој нема дилема! Навистина направи многу што, вредни да биде сместен на место од каде никогаш да не излезе. Ја продаде Македонија и идентитетот на Македонците, македонската историја, севкупното македонско древно минато, македонскиот јазик, се одрекна од сите Македонци во соседните земји, Грција, Бугарија,  Косово и Албанија и во сите други странски земји, големи и мали, а како круна на неговата мудрост и зачуџувачка "генијалност", беше церемонијата во Собранието за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија, со што  го решил десетлетниот проблем со соседите и од нив направил пријатели и партнери.  Па затоа, можеби , тој и Гркот Алексеј Ципрас ја добија номинацијата за Нобелова Награда, со што ќе влезат во историјата на човештвото како први мангупи кои ја започнаа распродажбата и на цели држави и народи. 

Пропагандата на СДСМ и групата околу Зоран Заев прават се' да ја довршат грозната предавничка  задача, злоупотребувајќи ја, притоа, и младоста на недоволно информираните граѓани, за свои сопствени цели. Затоа, лагите со кои секојдневно се служат како алатка за да ја  зарджат власта во своите раце,  мора да престанат и нив да ги снема од нашите животи и од македонската држава.

Стевче Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ отиде и  предалеку со своите бесрамни лаги, апелирајќи кај граѓаните да ја подржат неговата кандидатура, за претседател на "Северна Македонија". Зборувајќи на еден од  бројните предизборни собири, отиде  толку далеку со своите подли измами,  го надмина, дури, и својот омилен партиски водач, Зоран Заев.

На прашање каков е неговиот став спрема   менувањето на Уставот на Република Македонија, името нејзино, нејзиниот идентитет како и националниот идентитет на Македонците, тој самоуверено изјави, дека нема ниту слово од сето тоа да се промени, зошто во програмата на СДСМ немало, ниту ќе има такви нешта. Кој жив човек е способен да му се обрати на македонскиот народ да прифати такво нешто. Потоа во друга прилика, на прашање во врска  со името на некои државни институции, вклучувајќи ја и Македонската академија на науките и уметноста, Армијата на Македонија итнт. имаше сосема друг одговор. Таа установа која се финасирала од државниот буџет, ќе мора своето досегашно име да го прилагоди во духот на преземените обврски со договорите за добрососедство. Тоа значи, се' што досега имаше предзнак македонски, македонска, македонско мора да нестане за секогаш и да се заменело од "македонски" во " национално". Но не кажа на чија нација!

А што се однесува до Спомениците, ќе добиеле плочки на кој ќе пишувало дека биле дел од Хеленската култура. Каква бесрамна лакрдија со историјата! Македонската историја била грчка историја, а денешните Македонци немале никакви врски со античките Македонци на Филип и Александар Македонски кои биле Грци. 

Засилено ги "решаваат" зададените задачи, како би ја избегнале  народната одмазда, која исто така се' побргу им доаѓа и куцка на нивните порти. Со масовното апсење на истакнати и преостанати потенцијални лидери, мислат дека ќе ја задржат власта за секогаш. Но за сигурно, со реорганизацијата на македонското општество и растењето на националната свест кај Македонците, тоа нема да им се случи. Секое трпение има свој почеток, но и свој крај.

Претседателските избори ќе ги искористат за легализирање на противуставните закони со кои го осакатија и преименуваа самиот Устав на Република Македонија. Го преименуваа, во  Устав на Република Северна Македонија. Затоа, со изборот на претседател на државата, било кој, дали е од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, не треба да очекуваме никаква промена, туку само со наша согласност легализирање на се' изменето во Република Македонија и ослободување од секоја одговорност на сегашните властодршци и Зоран Заев како најголем изрод и предавник на Македонија. Така ќе бидело, што го потврди и самата кандидаткиња на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, кога рече дека патот на Македонија е во Европската Унија и од тоа нема бегање!

Тоа несмее да се случи, бидејќи после успешните претседателски избори  ќе дојдат парламентарните, па општинските и со тоа на Македонија и на Македонците им е крајот за секогаш. Тоа се заедничките погубни планови и на позицијата  и опозицијата, односно на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Таканаречената натпартиска кандидаткиња, Гордана Силјановска-Давкова, е само добро осмислена стапица. Нејзините настапи се полни со ветувања дека ако таа постане претседателка на Македонија, се ќе направи да го врати тркалото на минатите погубни настани назад, заедно со уставното име на Република Македонија. Но, не е сигурна дали ќе  успее тоа да го постигне.

А како и би, кога како претседателка на Република Северна Македонија со дадена заклетва дека ќе ги чува и брани интересите на таа држава, како претсеседателка, но и како врховен командант на вооружените сили и највисок орган на извршната власт? Таа ќе биде веднаш обвинета за велепредавство и отстранета од должноста за која е избрана: Претседателка на Република Северна Македонија! Па затоа, претстојните претседателски избори се само уште една перфидна игра, зад кои стоат надвоешни сили, кои не и' мислат добро на македонската држава, а уште помалку на Македонците, како државнотворен и мнозински народ.

Независно кој кандидат ќе биде избран за претседател на Република Северна Македонија, на 21 април 2019 година, било тоа од СДСМ или така наречената натпартиска кандидаткиња Силјановска како кандидат на ВМРО-ДПНЕ, ќе значи само легализирање на се' што е направено во изминатите месеци под владавина на велепредавникот Зоран Заев.

Па така, крвта на нашите предци ќе  се исуши, а жртвите ќе нестанат од нашите сеќавања.  Sверствата грчки  ќе се претворат во нивна победа, а  срамот од капитулацијата ќе остане за секогаш да виси над нашите глави. Предавниците и изродите наши, ќе ликуваат и ќе ја уништуваат и понатака македонската младина. Тоа се геостратешките планови за Македонија и Балканот и тоа не смее да се дозволи. Силата ќе роди противсила, а ризикот е преголем  и за големите инволмирани сили да ги повторат грешките  од геноцидно злосторничките сценарија од минатото, во егејскиот дел на Македонија.

Тоа се и причините, што со сите сили настојуваат Зорана Заева да го турнат што подлабоко во калта во која е веќе до гуша навлезен,  а при тоа, нивните се' уште крвави раце  да останат "чисти", пред светската јавност.

Влезот во НАТО е само средство за легално окупирање на Република Македонија, протерување на Македонците и од неа создавање втора голема база на Балканот, од каде ќе се контролира целата балканска регија. И не само тоа! Сите подземни и надземни македонски богатства да паднат во рацете на странски тајкуни и политички вампири.

За "пријателите" на Зоран Заев е важно  Македонија, како држава на македонскиот народ, заедно со нејзиното древно културно наследство, кое со срамните договори му се подарува на Грција, Бугарија и Албанија, да ја снема за секогаш! Да се избришат сите "иредентистички" податоци од секаде во македонската научна  писана литература, да се обезличи македонската земја почнувајќи од географските топоними, имињата на инфраструктурата, да се постават Албанците на главни раководни места во Република Македонија  и со тоа "чича Миќа, готова е прича"!

Но, дали сето тоа мора баш да биде така? Дали мораме да го гледаме и тој последен каубојски филм со Зоран Заев и неговата разбојничка дружина како ни се играат мајтап и пукаат во таванот на тек изградената македонска палата?

Не! Не мора! Се' зависи од сите нас, но прво и најважно од се' е домашните водачи да станат на чело на македонската борбена колона и на властодршците одлучно да им речат дека времето им истекна и нема повеќе продолжување на мангупската нечесна игра.

******************

И на крајот, збор два и за 71 - годишнина од геноцидниот македонски егзодус од егејскиот дел на Македонија, сега под окупација на Грција, кој започна на 30 март 1948/49 година.

Оние кои не избегаа, беа изгорени со напалм бомби масовно фрлани од авионите на Британското воено воздухопловство. За тие страотни, и со ништо не предизвикани   од цивилното население, страдања,  најповеќе Македонци, зборуваат многу преживеани тогашни деца и нивните родители и соселани, сега расеани на секаде по светот: Австралија, САД, Канада, источните поранешни комунистички земји и самата Русија, се разбира вклучувајќи ја и Република Македонија, како нивна матична татковина.

Ќе приложиме неколку изјави во овој број на "Македонски Збор", за да не се заборават од чесните, а при тоа да ги потсетиме денешните криминални властодршци дека не сакаме повеќе егзодуси на Македонците од ниту едно македонско парче земја под окупација на Грција, Бугарија, Албанија. Страдањата ни се преку глава, но ако треба да бираме егзодус или смрт, поарно да умреме на својата земја како луѓе бранејќи си ја својата татковина, одошто како странци безимени!

****************

"Тешкотиите при патувањето по студено време оставија видливи траги на децата. И по доаѓањето во Битола, нашите деца силно плачеа, исто како и во текот на целиот пат. Поголемиот број од нив повраќаа, на нас-жените. Од носење ни се отсекоа рацете и вратот и рамената и имавме темни модринки по грбот и градите. 

Децата беа вошливи и валкани, затоа што не беа измиени цел пат, а патот беше долг над 100 км и траеше осум дена. Очите им беа крвави, а од облека имаа искинати работи", раскажува "мајката" ЛЕНА СУЛЕВСКА.

Слично е кажувањето и на Елена Ефтова од село Турје, од Леринско, која побегнала од селото со 114 деца.

"Монархофашистите со топови го бомбардираа селото. Целосно уништија шест куќи, а 34 куќи потполно изгореа. Тогаш упаднаа во селото, го ограбија и притоа истераа 500 овци, а ние сето тоа го гледавме скриени во планината. Наши борци немаше, па бесот монархофашистите го истурија тепајќи неколку затекнати селани во селото. При бомбардирањето на селото едно дете по име Лефтерија Донева, стара 10 години, беше погодена во градите и ранета во стомакот. Така тешко ранета, ја ставија во подрумот на куќата, додека траеше бобардирањето. По бомбардирањето го зедовме девојчето од селото, но тоа во планината ни умре во страшни маки, и кај селото Рула ја погребавме. Мајката на ова девојченце, исто така, избега со нас, но подоцна се изгубивме и не знам каде е сега." Раскажува ЕЛЕНА ЕФТОВА, 

ЗА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВАТ КРВАВИТЕ РАНИ НАНЕСЕНИ ВРЗ НАШИТЕ ТЕЛА И ДУШИ ОД ОНИЕ СО КОИ ДЕНЕС ШУРУВА И ИМ ЈА ДАРУВА МАКЕДОНИЈА, ИЗРОДОТ ЗОРАН ЗАЕВ, ОД МУРТИНО!

*******************

За секогаш, Ваш Сотир!

 

 

Филип Тихомир Петровски

КАКО СОРОС КОРИСТИ УДБАШИ ЗА ДРЖАВНИ ПРЕВРАТИ

********************

 

Директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски, на собирот "Недела за соочување со минатото", што се одржа во Загреб, зборуваше за македонските искуства со лустрацијата. За предизвиците, за отпорот на опозицијата, за трансформацијата на некогашните соработници на тајната полиција во демократи и заземањето на високи позиции во постјугословенска Македонија, за улогата на Сорое и за нивната улога во Соросовите сценарија за спроведување државни преврати. 

****************

Лустрацијата во Македонија траеше 7 години, а беше запрена лани по препорака на Брисел за да се избегне "создавањето на поделби во општеството". Лустрацијата не беше спроведена темелно благодарение на политичкиот притисок на опозицијата, што потенцира Петровски, воопшто не е случајно. Тој објаснува дека процесот беше запрен со договор помеѓу Владата и опозицијата поради внатрешната политичка нестабилност, а каква врска има лустрацијата, односно откривањето на луѓето кои што имаат соработувано со комунистичките тајни служби против сопствените граѓани, со денешните политички процеси и односи во Македонија покажува само едно-дека по 25 години од независноста на Македонија овие луѓе се' уште имаат силно влијание.

- Лустриравме 200 поранешни удбаши: уставни судии, министри, професори и академици. Мрежата постои и денес! - замаскирани се во демократи, влегоа во сите политички партии, а како што порано имаа позициска предност, дел од нив приватизираа големи државни компании. Удбашите прво ги презеде Сорос, а застрашувачко е што на нив се потпираат и разузнувачки служби од големите држави, вели Петровски.

Петровски коментира дека сосема е погрешно да се мисли дека тајната полиција на Југославија - УДБА престанала со работа во 1991 година. Лично тој бил следен во 1997 година и бил оценет како опасен за системот, што значи, како што вели тој, злоупотребата на тајната полиција не престанала со исчезнувањето на Југославија. УДБА, односно нејзините трансформирани агенти, функционираат во Македонија до 1998 година, кога на власт ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ, но и во периодот од 1998 до 2002 година. Петровски додава дека биле шокирани кога дознале дека службите кои работеле на профилирањето на ВМРО-ДПМНЕ, односно шпионирање на партијата, биле задолжени да ги шпионираат и додека тие биле на власт од 1998 до 2002 година преку Управата за безбедност и контраразузнување (УКБ).

Тој е дециден дека процесот мора да се спроведе докрај и темелно.

- Мислам дека тоа не е премногу доцна, но треба да бидеме и потемелни, бидејќи тие се луѓе кои се промовираат со уништување на туѓите судбини, нивните политички противници, а тоа денес се покажа во Македонија. Нивните деца или внуци сега имаат позициска предност врз основа на тоа што го направија нивните татковци и дедовци како соработници на УДБА и КОС. И што  е уште полошо, тие се' уште се на позиции да ја спроведуваат нивната политика на исклучување, вели Петровски.

Како еклакантен пример наведува дека фондацијата отворено општество на Сорос во Македонија ја водеше Владимир Милчин, човек кој беше лустриран. Тој е еден од оние кои до некаде создадоа позициска предност во тој систем и ја задржаа во независна Македонија.

Тој додава дека многумина го користат овој модел и продолжиле да работаат во демократски услови, преку организациите на граѓанското општество да бидат промовирани како големи демократи. И тоа е перверзно.

- На протестите против Владата говор држеше и Иван Бабамовски, кој е лустриран и кој за време на комунистичкиот режим беше висок офицер на УДБА. И сега, тој е човекот кој ги осудува македонските патриоти и ја "одработува" емиграцијата и излегува како говорник пред народните маси, извикувајќи : "Ова е недемократски режим, ние треба да го урнеме", вели Петровски. Идејата за лустрација беше да се покаже на кој начин една група луѓе напреднале во општеството. Овие луѓе не биле соработници на службата за бенигни работи. Тоа мора да се повторува одново и одново, дека се уништувани судбините на други луѓе.

Тој вели дека дел од прогонетите македонски патриоти завршиле во затвор, а добар дел од нив биле убиени.

Дел од оние Македонци коишто биле испратени на Голи Оток немале никаква врска со Информбирото, туку биле осудени поради вмровска активност, односно за македонскиот национализам. Луѓето коишто ги предале биле унапредени на функциа. И денес се играчи на политичката сцена во Македонија.

Тој вели поранешните удбаши учествувале во приватизација на јавните претпријатија. Кога Македонија прогласи независност и воведе повеќепартиски систем, бидејќи тие не беа лустрирани, на почетокот на 90-тите  се трансформираа во демократи.

- Се покажа дека тие влегоа во сите политички партии, а бидејќи имаа позициска предност, учествуваа во приватизацијата.. И еден дел од нив успеаја да приватизираат големи државни компании. Исто така, се инфилтрираа во медиумите, ја држеа Македонската академија во раце за време на овој период. Може да се каже дека тие успешно се распрскани низ целиот систем. Денес, тие "демократи" и понатаму успеваат.

- Милчин, кој раководи со Фондацијата Сорос, што го утврди и комисијата, беше соработник на УДБА и го предаде еминентниот македонски актер Ристо Шишков, ја уништи неговата кариера, па тој почина многу млад, како автентичен македонски националист. Не верувам дека Сорос не го знаеше тоа, па мислам дека и тој е соучесник во операцијата која беше преземена во тие години за трансформирањето на соработниците на УДБА во наводни бранители на човековите права. Такво е македонското искуство со него. Тој само ја презеде мрежата на УДБА и создаде нова која се состои од поранешни удбаши, активисти за човекови права и некои сопственици на реномирани, приватизирани македонски компании, тврди Петровски.

Петровски смета дека Хрватска ја прави истата грешка како Македонија, ако не и поголема, што 25 години по осамостојувањето не го започнала процесот лустрација и им дала можност на удбашите да се маскираат во демократи и да се устоличат во општеството.

- Пред два месеци во Македонија, Соросовите НВО спроведоа акција за поставување на празни чевли пред Владата со цел да претстават масовен егзодус на граѓаните, наводно во 10-годишнта власт на ВМРО-ДПМНЕ се иселиле 600.000 Македонци.

И тогаш, пред некој ден во Загреб, и кај вас забележав акција со празни чевли на Зрињевац. Ова е истата акција, но за 100.000 хрватски емигранти. Истите слогани и истата методологија. Ова за мене значи дека овие структури се во транснационална соработка и дека тие веројатно се финансирани и контролирани од страна на истиот центнар, што е многу опасно за демократијата.

Оваа мрежа создава илузија дека ќе имаме демократија во оштеството, но тие преговараат за нивните активности. Моето искуство покажува дека таа главно левичарска мрежа, брзо разменува информаци со мрежите во Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Во Македонија веќе се "увезени" демонстрантите кои доаѓаат од други земји и учествуваат во демонстрации против Владата. Ги утврдивме нивните имиња и ги објавивме. Тие се професионални демонстранти чија работа е да рушат влади. Знаевме што беше цел на УДБА-зачувување на Југославија. Но, сега која е целта на оваа мрежа, прашува Петровски и заклучува-зачувување на самите себе и заштита на позициите во општеството.

 - Тоа се луѓе коишто не работат на неважни позиции. Соработуваат едни со други, оставија отворени канали меѓу поранешните републики по распадот на Југославија, а она што е особено застрашувачко е што тие соработуваат со други тајни служби, особено со службите на големите држави на кои им одговара да имаат пристап до актуелните политички случувања во нашите земји, завршува Петровски.

*******************

Интервјуто на Филип Тихомир Петровски го објавија и лидерите на десницата од целиот Балкан, вклучително и Јанез Јанша и Европратеничката Маријана Петир на своите твитер профили, оценувајќи го како "Одлично интервју за лустрирањето на повеќе од 200 удбаши"----- 

Infomax.mk

 

 

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

КОЈ Е ФИЛИП ТИХОМИР ПЕТРОВСКИ

*******************

 

Кога веќе зборуваме за  некоgo, било кој, познат или ...  ред е да сознаеме нешто повеќе и за него и за неговите дела. Не само заради нашите "лоши" намери и пристрасноста наша, туку и заради вистината, било каква и да е.  За нас, обичните граѓани,  за да знаеме, со кого имаме работа. 

Па, да видиме  со кого имаме работа.

Филип е македонски политичар, библиотекар, универзитетски професор и поранешен директор на Државниот архив на Република македонија. Роден е во Куманово на 28 мај 1972 година, Република Македонија, женет и татко на едно дете. Барем досега. Тој е најстариот син на Тихомир и Маринела Петровска, моминско име, Кузмановска.

Основното образование го стекнал во училиштето "Крсте Петков Мисирков" во неговиот роден град, Куманово, а средното во "Гоце Делчев" 1986 - 1990 година. Потоа, високото образование во Скопје, на Филозофскиот факултет при Универзитетот,  "Св.Кирил и Методиј".

Во 1997 година, како апсолвент на филозофскиот факултет, Скопје, Филип бил еден од водачите на студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет исто така во Скопје. Истовремено  бил претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и  член на Ивршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

После дипломирањето, по покана на Владата на САД, во 1998 година, како едини претставник од Балканот бил дел од проектот за млади европски лидери, за една година подоцна, под исто покровителство на Владата на САД  заврши во Харвард на училиштето за меѓународно лидерство и економски развој при Универзитетот "Џон  Фицералд Кенеди.

Во 2006 година завршил магистерски студии по меѓународно право и политика на тема: "Реформа на системот за колективна безбедност на ООН", под менторство на професорката Тања Петрушевска. Во 2010, Петровски станал доктор на политички науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Покрај овие функции, во периодот од 1998 до 2001 година,  бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во 2001 година, со одлука на Владата на Република Македонија бил назначен за конзул во Њујорк,  со ингеренции за покривање на подручја и во Јужна Америка.

По промената на власта во 2002 година, Петровски бил сменет од конзулската позиција во САД, поради, наводно, недолично однесување, предизвикување јавни инциденти и незадоволителни резултати во работата. Подоцна, тој ги демантирал таквите инсинуации и обвинувања.

Во 2003 година, на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Петровски бил дел од штабот на Марјан Ѓорчев, кој бил кандидат за претседател на партијата. Потоа, Филип му се придружил на Никола Груевски и станал дел од партиската комисија за надворешна политика.

Во 2009 Петровски станал член на партијата Обединети за Македонија, каде ја извршувал функцијата потпредседател.  Во 2010 година поднел оставка поради несогласување со партискиот претседател Љубе Бошковски. На изборите во 2011 година настапил со својата нова партија Демократска десница, но по изборниот неуспех ја припоил кон ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај политичката кариера, Филип Тихомир Петровски извршувал и повеќе јавни функции, а се занимавал и со приватен бизнис. Во 2005 година бил избран за директор на Градската библиотека "Браќа Миладиновци" во Скопје, па заменик-директор на Државната лотарија на Република Македонија, каде останал до 2015 година, кога бил избран за директор на Државниот архив на Република Македонија.

Со доаѓањето на нелегалната власт на СДСМ и албанската партија ДУИ како коалициски партнери, Филип Тихомир Петровски бил сменет од таа одговорна должност. Тоа се случило во 2017 година, кога во јуни месец истата година беше потпишан срамниот договор со Грција, со кој започна  демолирањето на Република Македонија    и оспорен идентитетот на Македонците. 

Проф., д-р Филип Тихомир Петровски,  свестен за патот по кој Зоран Заев тргнал одма после заземањето на премиерската  функција во државата, активно се вклучи во народните протести против промената на името и разнебитувањето на македонската држава, Република Македонија. Разнебитување на државата Македонија,  но и крадење на националниот идентитет на Македонците и од народ, деградирање во ранг на граѓани. Зима, пролет, лето, по секакви времиња, добри и лоши, дождови и снегови, Филип, заедно со чесни Македонци и многу други од македонските малцинства врзани за името и идентитетот на државата  во која живеат со семејства, го гледавме на улиците по македонските градови.

За време на предавствата во Собранието на Република Македонија, од страна на пратениците  на ВМРО-ДПМНЕ, Филип остро го нападна и однесувањето на новото раководство на  ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски за не преземање мерки да го спречи Заев во неговите накани да ја уништи Македонија и обезличи Македонците. Но, без некој голем ефект,  бидејќи сите критики против двете "големи" политички партии  СДСМ на Зоран Заев, и ВМРО-ДПМНЕ со неговиот претседател Хистијан Мицкоски.

Меѓутоа, сите критики паѓаа на глуви уши. Однапред договорени дека ќе соработуваат тајно а критикуваат јавно, со заеднички сили ја продадоа Македонија, односно подарија на Бугарија, Албанија и на крајот на Грција, со Договорот од 17 јуни 2017 година.

Петровски не само на улици, тој скоро секој ден ни се јавуваше со пораки и охрабрувања преку видео снимки, кои исто така беа игнорирани од властодршците и ВМРО-ДПМНЕ.

Изгледаше и се' уште изгледа, дека во игра се големи играчи, за кои народот е малку информиран, но ефектот од работата на квислинзите со Зоран Заев, кои добро си ја вршат работата, се чувствува како болка за која нема лек. Молничаво преку срамни и предавнички договори со Бугарија, Грција и со домашните Албанци ја продадоа Македонија, нашата татковина, без око да им трепне и влакно да им летне од главите. Сите народни протести и референдуми останаа без одговор и игнорирани од властодршците, а избегнување од ВМРО-ДПМНЕ, но и од самиот Ѓорге Иванов, претседателот на државата. Тоа значи, дека во големата предавничка игра со македонскиот народ не се замешани само рацете на СДСМ и Зоран Заев, туку и  рацете на опозицијата и сето тоа само за влез во НАТО и Европската Унија, до колку еден ден   одлучат бирократите од Брисел.

Се докажа, дека со "џентлеменската чесност" и држење до зборот, Зоран Заев постана прв македонски премиер - sвер, човекојадец, чија дебела кожа сабја не ја сече и олово не ја дупи. Барем за сега!

Филип Петровски се покажа како светло кое би требало да се следи и покрај многуте спротивни мислења на луѓе со кој работел и ги делел заедничките угорнини и надолнини. На мене не е да делам лекции кој како ќе мисли и размислува за потенцијалните идни македонски лидери. Тоа е работа за Македонците добро да размислат и престанат да размислуваат како досега. Политичките партии се покажаа како стапица, кочница и измама на Македонците со продавање магла и грабење угодни фотелји во канцелариите на власта. Власта, која не ја заслужува довербата на Македонците, во прв ред.

Поради неговите ставови и политички гледишта, проф. д-р Филип Тихомир Петровски бил следен од македонската тајна полиција и за него било отворено политичко досие со шифра "Марта", при што тој бил опишан како опасен за уставниот поредок на Република Македонија. Целото досие било објавено во дневниот весник "Македонија денес", во девет продолженија, во 2000-та година.

За жал, до завршувањето на овој текст, не бев во можност да го пронајдам тој документ, па ќе морате да се задоволите со она што е пред Вас. 

Но во секој случај, со или без него или слични на него, македонскиот народ мора да пронајде здрави, некорумпирани и способни луѓе кои ќе изнајдат начин за средување на нашата заедничка држава, по секоја цена. Цена, која во секој случај ќе биде многу пониска од онаа која ни ја одреди Зоран Заев и неговата пијана и одродена дружина.

******************

Секогаш Ваш, Сотир!

Како извор за овој мој текст ми послужија податоци од Википедија и други писани материјали.

Марија Воденска

 

 ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*****************

 

 

УШТЕ ЕДЕН ДЕН

(На мажот ми Ристо Дургутов)

  • Уште еден ден
    замина, како многу
    изминати
    разбранувани како
    море осилната
    бура,
    очекувајќи го
    следниот
    несонуван, без сон
    со надеж дека
    утрото носи нов
    светол ден.

    Педесет и повеќе
    лета заедно
    прегрнати во јарем
    создадо дом, деца
    а потоа, часкум
    годините истекоа
    како луда река на
    удолница
    вивнати како сенка
    од птица во лет
    преку поле огреано
    од сонце.

    Еден трпелив маж и
    една испатена жена
    забрзано чекорат
    меѓу двата дола
    да стигнат до таму
    откаде нема
    враќање.

    Со издолжена
    сенка пред заод,

  • папсани, од умор со
    стенкање патуваат
    до свиокот
    и вртежите на реката.

    За еден човек со
    мракот што скита
    жената за него
    споменот го чува.
    Со љубов за сите
    времиња изминати
    деновите што идат
    спомените ги
    бришат.

    Еден човек и една
    жена спокојно
    чекаат
    камбаната да
    разлее таговен
    повик
    и да надвиши
    планински одглас
    за спомен на еден
    човек и една жена
    потпрени еден на
    друг без очај, без
    гнев,
    со болка и тага за
    раздел
    пред збогување
    свртен еден кон
    друг.
    ****************
    Автор: Марија Воденска,
    Бостон - среда 16 август, 2017 г.
    Brigham and Women's Hospital.

ВИДЕОТЕКА

**************

Kind regards: 03 април 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 205