САКАМЕ ЛИ ВАКВА ИДНИНА?

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

АКО ДЕНЕС  СМЕ НИШТО,  ШТО ЌЕ БИДЕМЕ УТРЕ ?

********************

Диктатурата во Македонија беснее.  Заев ликува и се шепури како паун, заедно со неговиот министер и врвен криминалец Никола Димитров. Нивните злосторства, над својот сопствен народ, се без преседан во светската историја. Чувствата за големина и поседување на моќ и "почит" во очите на непријателите, за кои работаат и добиваат награди, ги прави уште по сурови и бесни.  Злосторници поголеми и од сите кои можат да се замислат,  бидејќи само тие успеа да си ја продадат државата и идентитетот на Македонците дома, во соседните држави и во македонската дијаспора. Баш така и  со тоа го достигнаа врвот на своето велепредавство кое се казнува, во правните држави, со одземање на сите човекови права, и повеќе од тоа. Тоа ги квалификува нив, како и многу други, ним слични,  за "Нобелова награда": Сместување таму, каде им е местото!

Од ден на ден Хунтата дивее со своите насилства и убива души и тела на наши домољупци и бранители на уставниот поредок. И сето тоа заради нивната љубов и лојалност кон  татковината со сите национални белези кои ја чинат посебна во светката човекова заедница. Заради одбрана на името и идентитетот на  Македонија, на македонскиот јазик, историјата, традициите, книжевноста, потоа заштита на учебниците во македонските училишта од  вековните душмани, Грците, Бугарите, Албанците;  против менување на имињата на државните институции, на културните установи, информативните агенции, како на пример МИА, македонските имиња на улиците, плоштадите, спомениците, армијата, полицијата, градовите и селата, парите, потоа против уривање на унитарноста на Република Македонија, против двојазичноста и федерализација на македонската држава, па дури менување имињата и на дрвата и тревата што со векови растaт на македонската земја и им служат за сенка и храна на  стоката. Сите со предзнакот Македонија, македонско, македонски и... Едноставно речено, против крадење и продавање  на идентитетот на македонската држава, на Македонците,   на Македонската православа црква и на се' што ја идентификува македонската земја како место за живеење на македонскиот народ, заедно со многуте национални малцинства.

За чудо, од овие чистења се поштедени имињата и идентитетите на националните малцинства, особено   албанското, кое , впрочем, не брои ниту 15 %   од вкупното население. А, најжално од се' е што, како награда за нивните зулуми, кражбите на имотот на Македонците, од памтивек до денес, уривање на нивните куќи, палење на нивните плевни и масовно убивање  на луѓето со цел оттуѓување на нивната стока и земјата македонска, Зоран Заев, за  да  ја задржи нелегалната власт во Република Македонија, ги подигна во ранг на државотворен народ, заедно со Македонците, како граѓани во Република Северна Македонија.

Можеби и со право, бидејќи без нив Зоран Заев, немаше никакви човекови,  морални и интелектуални капацитети за да успее да ја продаде државата и нејзиното име за влез во НАТО. А што е со влезот во Европската унија?  Некој ќе праша. Па по некои анализи, НИКОГАШ!

Со секој изминат ден, слушаме се' повеќе немили вести, за некои од потенцијалните политички противници на Заев дека се приведени или притворени под сомнителни обвинувања. Неодамна, поврзани со настаните од 27 април 2017 година беа притворени, обвинети и затворени, од 10 до 18 години, нив над 20 Македонци за некое "терористичко" здружување со цел уривање на уставниот поредок на Република Македонија. Казните им беа измерени спрема опасноста која Заев и неговите следбеници од правосудниот систем сметаа дека тоа траење на нивниот "удобен" живот под кровот на македонската "правна" држава  ќе биде доволно за да им се оневозможи да кренат глава и им се заканат со немир, протест или нешто повеќе од тоа.

Највисоката казна ја доби поранешниот управител на македонската полиција Митко Чавков, 18 години, а потоа  со 12, младиот Јане Ченто, внукот  на првиот претседател на македонската асномска Република, Методија Андонов Ченто. Истиот тој, партизански првоборец и најголем поборник за обединување на македонскиот народ од сите делови на Македонија.  Истиот тој, Методија Андонов Ченто, кој  одлежа 10 години во затворите на  тогашните властодршци предводени од кликата на Лазар Колишевски во спрега со федералните власти на СФРЈ. 

Денес пак, нивните  наследници од СДСМ, во улога на квази демократи и  отворени борци за реализирање на Соросовото отворено општество здружени со албанските терористи и со  дозвола и логистичка поткрепа од западните "Големи" сили како диви sверови тргнаа против идентитетот на Македонците и Република Македонија,  последното македонско парче земја,  со цел да го затворат, за секогаш, "Македонското  национално прашање на Балканот".

Навистина, сите овие надворешни и внатрешни демони во Зоран Заев најдоа достоен сојузник, вазал, квислинг и врста на злосторник кој би го продал и  семејството, за да ја заврши нивната недовршена работа пукајќи, притоа,  во срцето на Македонизмот, и на Македонците.

Нејсе, нека е и така, но сепак, старите времиња не се враќаат така лесно, и на  бизарен и не цивилизиран начин, како Западот си ја замислил својата империјалистичка и колонијалистичка стапица. Народите не се повеќе изолирани и како овци лесно истерани од трло да бидат расчеречени од волците кои ја чекаат секоја згодна прилика да си ги задоволат своите примитивни инстикти и преголеми апетити.

Губење на битката, не значи губење и на војната. Македонците имаат трпение и  време за размислување за положбата во која се турнати едни спротив други, за сами да се уништат. Тоа е добро осмислена и испробана тактика на надворешните душмани која, се' до денес,  лесно  ја реализираа со помош  на својата голема воена и материјална моќ.

Затоа, ако и понатака останеме со скрстени раце, чекајќи друг од надвор да ни ги решава нашите внатрешни проблеми ќе останеме тоа, што ни го намениле :  да бидеме робови  без своја земја и држава. А ако еднаш се свестиме и заборавиме на личните интереси и тргнеме одлучно во одбрана на тоа што со векови било наше, тогаш нема да бидеме тоа што непријателите ни го скроиле. Сите се создадени од месо и крв, па и тие кои ни мислеле и се' уште ни мислат да ги искористат нашите внатрешни слабости.

И на крајот од ова мое денешно јавување ги поздравувам македонските бранителки и им  испраќам срдечни честитки од бранителките надвор од Македонија, ширум светот, за нивната  не себична саможртва во борбата за Македонија.  Но, во исто време им испраќам и порака на мажите македонски да се разбудат, да ги закопаат секирите на поделеноста и омразата  и сите заедно да му се спротиставиме и отфрлиме јаремот кој денешната предавничка клика  на СДСМ ни го продава за наша светла и среќна иднина!

И ќе додам уште нешто, драги мои:

Не е чесно, ниту машки да ги оставиме нашите храбри жени сами! Да се борат и за себе и за нас и за своите семејства и за Македонија.  Зоран Заев, Димитров, Шеќеринска и плејада други наши браќа и сестри, несреќно вовлечени  во играта на странските фактори  за  уништување на семето македонско, сметаат со нашите досегашни организациски слабости и недореченостите. Сите тие  не го заслужуваат нашето внимание и времето наше  за да не докусурат и  да ни ги позатвораат нашите потенцијални водачи, без кои нема да бидеме утре, тоа што сме денес! 

 

АКО ОСТАНЕМЕ  ТОА ШТО СМЕ БИЛЕ: УПЛАШЕНИ, ИЗЛАГАНИ И НЕ ОДЛУЧНИ, ШТО ЌЕ БИДЕМЕ УТРЕ, ДРАГИ МОИ?

 Секогаш Ваш, Сотир!

 

Господине Никола Димитров, ова ли е јазикот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија кој за Вас не е ист со оној кој и јас и Вие го зборуваме? Немојте да се глупирате без потреба!

Овие ли се песните и ората на луѓето кои имаат иста крв, исто срце и иста песна и ора како оние во секој крај од Република Македонија, а вие за нив никогаш не сте слушнале и виделе? Немојте да се глупирате и овој пат! Срамите се!

Наташа

 

Проф., д-р Наташа Котлар го цитира Болан

КОГА СЕЛАНЕЦОТ ЌЕ РЕЧЕШЕ ЈАС СУМ БУГАРИН, МИСЛЕШЕ ХРИСТИЈАНИН!

 

"Седнале, некои историчарчиња да ''везат'' за македонската историја, без да ги познаваат основните процеси на новиот век, а неможејќи да му одолеат на своето пробугарство се ''испотиле'' за да создадат своја нарација! Затоа (за да им помогнам) ги потсетувам на пишувањето на бугарскиот славист Александар Т. Балан кој во историјата ''Една македонска теорија'' (1904), пишува токму за актуелноста на народносното прашање во конкретното време (и во Кнежевството Бугарија)", објаснува нашата историчарка Наташа Котлар и додава: "Меѓу другото, тој вели: "Одамна ли беше до ослободувањето на Бугарите кога и по цела Бугарија се слушаа одговори на Бугарите на прашањето "што се" (по народност), дека се "христијани" или "раја"?

Па не е голема реткост и сега уште да се чуе Бугарин како одговара во судот на прашањето за својата народност дека е "христијанин". Нему поимот за народност уште не му станал нова придобивка на разумот. 

Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот "Грк", граѓанска носија за него беше "грчка носија".

А бидејќи Грците го титулираат тој селанец за "дебелоглав Бугарин" неговиот брат од градот љубеше да се наречува "Елин", за да не трпи презир под своето вистинско национално име. Нели е тоа  сосем  исто со она  што го расправа г. Мисирков за називите на македонските Словени? Името "Бугарин" беше паднало и во Бугарија до степен што го допираше само туѓ презир. Во устата на самиот Бугарин тоа име толку се испразни од националната содржина, што стана синоним за "христијанин", кое име ја беше опфатило целата содржина на бугарската индивидуална и општествена свест. Нашиот селанец кога ќе речеше "ние сме Бугари", мислеше "ние сме христијани", т.е. православни. Рускиот цар беше за него "бугарски цар" не по народност, ами по православното христијанство", цитира Наташа Котлар.

*****************

 https://denes.mk/kotlar

 

 

проф., д-р Наташа Котлар

 

Проф., д-р Наташа Котлар

КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ ХАРИЗМАТИЧНА ЛИЧНОСТ СО ЧУВСТВО ЗА ИСТОРИСКА МИСИЈА

****************

ПО ПОВОД 144-ри ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ (1874)

 

Крсте Петков Мисирков е идеолог на македонската национална борба во тек на цели 3 децении и заштитник на целоста на народот и татковината, основоположник на современиот македонски јазик и правопис; член/основач на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) во Санкт Петербург (1902), основач и автор на првото национално научно-литературно и политичко списание на современ македонски јазик "Вардар" (1905), историчар што врз научна основа ги постави темелите на современата македонска национална историја (Да го запознаеме своето минато, но и минатото на нашите соседи), етнограф, активен македонски политичар, дипломат и публицист и уште многу други определби.

Да се зборува за Мисирков значи да се зборува за македонската национално-политичка и културна историја. Животната хроника на Крсте П. Мисирков почнува на 18.ХI.1874 година во с. Постол (Ениџевардарско) близу древната македонска престолнина Пела. Во сите свои документи од младешките години Мисирков се декларира како "Македонски Словен" или како Македонец, а подоцна се служи со псевдонимот "Пелски".

Мисирков ја има предноста пред другите свои сонародници уште во младешките години (крстосувајќи ги Белград и Софија) да ја запознае еднаквата природа на балканските национални пропаганди кон Македонија и нејзиното население. Учењето на Мисирков во Полтава (Украина) и Санкт Петербург (Русија) му ги отвора очите за комплексната содржина на етнографијата, социологијата, политиката. Неговата животна судбина е одраз на Македонците да ја разберат својата суштина и да ги претворат јазичните, националните и духовните специфики во основа на својот национален идентитет.

Тој е харизматична личност со чувство за историска мисија, која силно ја бара вистината, а како единствен адут на своја страна ја има само личната проникливост. Затоа неговото дело "За македонцките работи" е толку прогностично. Уште во предговорот на книгата, Мисирков образложува дека се зафатил со пишувањето на книгата за да го изложи своето сфаќање за народните идеали на Македонците и на тој начин, според своите сили, да исполни дел од долгот кон својот народ и кон својата татковина. Во книгата тој ги поставува основните принципи врз основа на  кои треба да биде кодифиран македонскиот јазик-фонетскиот принцип, централните македонски говори како основа на литературниот јазик и принципот за збогатување на лексиката со зборови од сите македонски дијалекти. 

Во ова капитално дело Мисирков прави еден сериозен, иако на места остар осврт на политичката ситуација во Македонија, која е особено тешка и комплексна имајќи ги предвид и страотните последици за народот од Илинденското востание. Тој упатува беспоштедна критика кон водачите на востанието, нагласувајќи дека тоа било избрзано, немало меѓународна подршка и било искористено за туѓи цели. 

Инсистира на потребата од национално обединување, кое може да се постигне само со беспоштедна борба со пропагандите поради кои е силно разединето македонското национално ткиво. Затоа тој и во ова свое дело, како и во подоцнежните статии, ја истакнува значајната улога што треба да ја има македонската интелигенција во афирмирањето на македонската посебност, потенцирајќи дека таа јасно треба да ги издели интересите на македонскиот народ од оние на другите балкански народи.

Покрај анализата на актуелните состојби, Мисирков во книгата аргументирано ја образложува македонската општествена, етничка, културна и јазична посебност. Во таа смисла, тој се пројавува како добар познавач на историјата на Балканот, потенцирајќи дека Македонија има сопствен историски развој, така што и покрај постојаните негирања од некои научници, таа несомнено сочинува одделна историска, географска и етнографска целина. Како интелктуалец, Крсте Петков Мисирков има широк поглед кон иднината, но е без силни средства за војување, соодветни на актуелните услови.

Голем дел од современиците на Мисирков не можат да ја оценат перспективно вредноста на неговите идеи "... Идеите на татко ми- пишува К.П. Мисирков-за она време беа нешто исклучително; тие не само што исцело одеа наспроти правецот на официјалната и шовинистичка српска и бугарска наука, туку и ја разбива теоријата насадувана од десетлетија...".Противниците на македонскиот идентитет не искажуваат спокоен однос и дејствуваат агресивно.

Суровата реалност го прави Мисирков (на моменти) животно ранлив од туѓите институции и пропаганди и го тера не еднаш кон тривијални манифестации и остапки-во 1907 и 1908-та година околу Младотурската револуција, кон почетокот на Првата светска војна и по нејзиниот крај, кога живее во Бугарија.

Но, констатираме, дека на краток период по извршените компромиси, Мисирков ги анулира со спротивни постапки и контра-статии во печатот (1909-1910, пред 1914 година, кон крајот на неговиот животен пат 1924/25 - Патот за примирувањето, Македонскиот национализам, Самоопределувањето на Македонците и др.). Ова покажува дека неговите отстапки не се од приципиелен карактер и дека нема промени во неговото мислење уште од времето на програмското дело "За македонцките работи".

Бугарскиот државен национализам се претвара во судбина за Мисирков и тој умира надвор од родната Македонија (1926 г. во Софија), осамен, ги има покрај себе замо сопругата и синот, Сергеј Мисирков. 

Неговата историска мисија е македонскиот национализам, конкретно: "Беззаветната и безгранична љубов кон Македонија, непрекинатото мислење и работење за интересите на Македонија и полниот конзерватизам во појавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, народниот живот, обичаите - ете ги главните црти на македонскиот национализам", заклучува Крсте Петков Мисирков.

****************************

 https://denesen.mk/natasha.kotlar

 

  

 

 

 

 

МАКЕДОНСКИ СВЕТСКИ КОНГРЕС - КАНАДА

ПОМОШ ОД КАНАДА ЗА ОСУДЕНИТЕ БРАНИТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ УСТАВЕН ПОРЕДОК И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

 

Драги браќа и сестри Македонци низ целиот свет, каде што не има, драги пријатели на Македонија, епилогот од настаните на судбоносниот ден 27 април  2017 година на сите ни е познат. Многумина од нашите браќа следните 10 до 18 години ќе ги поминат одделени од нивните семејства, без можност да обезбедат финансиски средства за нивниот опстанок. 

****************

Ова се вели во обраќањето од Македонскиот светски конгрес-Канада (МСКК) до Македонците од целиот свет за подршка на семејствата на затворените уставобранители.

- Соочувајќи се со суровата судбина и фактот дека семејствата на нашите патриоти долго време нема да имаат финансиска поткрепа од своите најблиски, наша задача, цврсто веруваме дека и наша обврска, како Македонци, е да ги помагаме, финансиски,   се' до нивното обединување и слобода.

МСКК и Македонската заедница во Канада од почетокот на немилите настани во 2017 година, па до денес, низ разни донаторски акции има собрано и испратено над 100.000 канадски долари директна помош на над 40 семејства на нашите патриот-уставобранители, се вели во обраќањето од МСКК.

Не смееме, се додава, да дозволиме македонските патриоти и нивните семејства сами да ги пребродуваат овие тешки моменти.

- Нашата помош ќе им биде од големо значење како финасиски, така и морално. По тој повод Македонскиот светски конгрес-Канада, заедно со Македонската заедница во Канада за брзо време планира да организира неколку донаторски собири во Канада, воедно за кратко време ќе отвориме и Go fund me страница каде секој Македонец од целиот свет ќе може да донира и им помогне на загрозените семејства. Во догледно време планираме да отвориме и Интернационален монетерен фонд за уставобранителите кој ќе биде отворен за донации до денот кога сите наши браќа ќе бидат на слобода. Како што работевме досега, така и овој пат 100% од собраните средства (минус провизијата од страната Go fund me и трошоците за организирање донаторски свечености) ќе бидат донирани директно и транспарентно  на семејствата на нашите уставотворни/патриоти, кои се во притвор или домашен притвор чекајќи правосудни одлуки и уставобранителите кои веќе ја издржуваат затврската казна.

СЛОБОДА ЗА НАШИТЕ УСТАВОБРАНИТЕЛИ! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА! -

пишува во обраќањето на Македонскиот светски конгрес -Канада.

 

https://denesen.mk

 _______________________*********_______________________

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

БЕЛАТА ТЕТКА

  • Неа ја дадоа во богатска куќа
    за никаков маж,
    ја зацрнија
    без милост и без правина,
    како да сакаа да ја накажат
    тројцата браќа, тројца темерути
    за невидената убавина.

    Тројцата браќа нејзини,
    мешани во куметлаци,
    што ја преземаа земјата од агите,
    тие не знаеја друго освен дрчост по земја,
    по стари патишта нив ги водеа трагите,
    тие не сакаа ни да смислат какви се
    в гради тагите.

    И како да се срамеа дури
    од нејзината убавина,
    така ја промажија,
    така ја закопаа,
    ја потрусаа без милост и без правина.

    А таа
    во страшна доба,
    и ниќе дури,
    по патчиња низ шумите
    трчаше, избезумена од лоша коба,
    да стигне навреме,
    таму каде што куќи горат
    и пискотат куршумите,
    да втаса само до таткови дворје,
    да биде во злото со браќата,
    да даде кувет, да крепи надеж,
    и да ги поднесе, ако дошло,
    со браќата зулумите.

  • И таа
    во мирни сведни,-
    лична лика
    рамна става,
    танка половина -
    доаѓаше како лебедица на гости,
    да внесе радост,
    а таа
    да сети братовина.

    Така дечињата ја запаметија
    та чудно и далечно во споменот им светка
    сега, на старости, кога кажуваат,
    ликот на Белата Тетка.

    Таа за секого беше закрила,
    нејзе не и' се смилија.
    Затоа повторно не се родува
    таква чудесна личост
    во нашата фамилија.
    ***************
    Автор: Блаже Конески

ВИДЕОТЕКА

***************

Kind regards: 23 март 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 203