Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

СЕПАК, СИТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ НЕ БИЛЕ ПРЕДАВНИЦИ

********************

 

 

И ако повеќе пати сум нагласувал дека многу македонски интелектуалци не го заслужуваат  името Македонец/ка, сепак, пополека и јас се уверувам дека  тоа не е сосема, баш, така. Не е така, и не смее да биде така. Се разбира, и ако добар дел од нив се  вистински предавници и слепи следбеници на Зоран Заев, личност, за која многу чесни Македонци длабоко веруваат дека е монструм, ноторен и патолошки лажго на кој не може да му се верува,  и кога дарови ти нуди! Sвер,  кој не смееше, дури, да се роди во Македонија и да биде дел од македонскиот народ! Па сепак, и меѓу  таквите има некои полуосвестени кои прогледаа и се убедија со каков нечовек имаат работа. Со човеколика sверка која јаде и уништува се' пред себе, а да при тоа "верува", дека прави добри дела. Човек со малку ум, ама без разум!

Гледајќи го и слушајќи го, на Канал 5  во програмата "САМО ВИСТИНА" од 13 март оваа 2019 година, таканаречениот премиер на Северна Македонија Зоран Заев од Муртино,  неможев да  поверувам, дека се' уште има некој паметен кој  сака да разговара со него и да верува дека  е способен да разбере што е вистина, на кого му служи и зошто!

Но, кога се прибрав од гневот што ме зафати слушајќи ги неговите небулози и плановите со кој сака сите да не направи "еднакво  среќни" во украдената и продадена ни Татковина, си помислив: - пa, можеби на крајот на краиштата и такви неранимајковци на некои им се потребни за да ги излечат своите внатрешни немири и фрустрации! Им се потребни, зошто ни тие не се салам!   

Зборувајќи од позиција на свршен чин кој не смее со ништо и во никој случај да се менува, зошто е тоа "најубавото" што ни се случило, ги потсети гледачите дека на овие претседателски избори кандидатите мора да го почитуваат новиот Устав на Северна Македонија и законите произлезени од него. Ево, вели тој, кандадаткињата Гордана Силјановска-Давкова, зад која стој ВМРО-ДПМНЕ, мора да си поднесе документи  и гаранции дека ќе и' служи на новата држава Северна Македонија, до колку ја добие довербата на граѓаните. Ви личи ли ова на нешто видено и чуено, драги мои?

Јас, продолжи тој, сум транспарентен, одговорен и добро информирам човек и знам кој ќе победи. Измеѓу двата кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, граѓаните ќе се одлучат за "најдобриот" кандидат, а тоа  е, се разбира, Пендаровски Стево - Стевче! Имавме предлози и за други наши истакнати министри како Шеќеринска и Димитров, но најпосле  се одлучивме тие и понатака да си ја вршат својата работа, а да предложиме  друг, надпартиски кандидат.

Потоа ги редеше сите планови на неговата северно македонска Влада, нив на стотина проекти за кој бил цврсто убеден дека ќе ја извлечкале Северна Македонија и нејзините граѓани од сиромаштијата. Но во секој случај, до колку сакаме така и да биде, мораме да ги имплементираме сите преземени обврски со Договорот од Преспа и да завладее  правдата и правото во државата! Сега, со решавањето на проблемите со соседите, се здобивме   и  со многу пријатели во соседството и на секаде во Европската унија и НАТО. Вели премиерот на Северна Македонија, другарот Зоран Заев! Сега му е мајката за лет во свемирот, Зоране и во светот на бајките!

Тие не сакаат, почитуваат и ни го мислат доброто. Ни помагаат  и уште многу ќе ни помогнат на патот кон слободата и благосостојбата за граѓаните на Северна Македонија! Со потполното и брзо исполнување на нашите обврски земени со Договорот во Преспа, многу убави  работи ќе ни се случат во нашата држава, сега призната како Северна Македонија.  Скоро сите табли со новото име Република Северна Македонија  се поставени на секаде,  македонските имиња на институциите се заменети  со национални, и ако незнам за која нација зборува кога тој ја продаде македонската, за која Грците, Бугарите и Албанците несакаат ниту да чујат  и тнт.   И сето тоа искажано со насмевка на  лицето, пресреќен што го решил тридеценискиот спор со соседите и и' го отворил патот на земјата, со новото име Северна Македонија, конечно да биде примена на секаде каде до сега Република Македонија не била добредојдена. И тоа се' се постигнало  за времето кога со државата владееше СДСМ и ДУИ (албанска терористичка партија во Македонија). Партија, која водена од него, со компромиси, добра волја  и попуштање го постигнала тоа, што поранешните влади не беа во состојба да го направат. Го решиле ова горчливо прашање со името на Република Македонија на начин, во кои и двете страни се задоволни и среќни.

И така се' до недоглед во истиот еуфоричен занос, мелејќи како празна воденица со брзина, повеќе од дозволената. Скоро ми падна жал за водителката на интервјуто, Елизабета Галевска, која едвај успеваше да го пристигне и да му постави и некои по деликатни прашања, меѓу кои и прашањето со името  и идентитетот на Македонците.

За време  повеќе од еден час, колку интерјуто траеше, се изнаслушавме стари и најнови ветувања и лаги за среќата што не очекува од реализацијата на Преспанската спогодба со Грција, а и со другите наши соседи, Бугарија, Косово и Албанците во Македонија. Сега, кога го решивме спорот со името, не чекаат само убави работи и среќа за сите! - ни порачува северномакедонскиот генијалец!

Успешните договори со соседите до сега ни донесоа само добро за државата и граѓаните на Северна Македонија, продолжи  северномакедонскиот премиер  Заев, при тоа на секој начин  вешто избегнувајќи ги прашањата за вистинските придобивки од самоуништувањето и обезличувањето на Македонија и Македонците и продавањето на националните интереси заедно со идентитетот на народот и Република Македонија.

Очигледно е, дека Република Македонија е вовлечена во големи проблеми кои на многу им изгледаат нерешливи! Дека тешко  ќе можиме да го вратиме тркалото на настаните назад. Но, ако и понатака ја толерираме оваа криминална и ненародна диктатура на грст збеснати и продадени души, како на пример Шеќеринска, Димитров, заедно со нивниот мудер водач, можеби и тоа ќе постане вистина. Зошто, изгледа,  стравот го чува бостанот,  а не силата и криминалното однесување на противникот вгнезден во македонската држава и ја јаде од внатре.  Седењето дома со скрстени раце и чекање Слободата и Правдата некој друг од надвор да ни ја донесе, ќе се начекаме толку долгу, колку на непријателите им е доволно да не сотрат за никогаш, повеќе, глава да не кренем!   

Секој ден се засилуваат злосторствата и се' повеќе 2019 година ни личи на 1939, кога германскиот диктатор го запали огнот за светот да изгори, заедно со него и неговите следбеници.  Изгледа дека Зоран Заев тоа не го гледа и мисли дека поарно ќе помине од Хитлера или Мусолинија! Историјата се поновува, зошто не научивне, ама ништо од минатото! Најверојатно Грците најдобро знаат каде да удрат најсилно: - во образованието, со ревидирање и безобразно контролирање на македонските учебници!

Омразата спрема неговите политички противници се засилува, особено спрема оние за кој мисли дека наскоро би можеле, како народни Трибуни, да го поведат Македонецот во одбарана на изгубеното и она што уште треба да дојде!

Непримерената кумулативна затворска казна од 211 години за бранителите на уставниот поредок во Република Македонија  може лесно да биде  чкрапец на темпираната бомба, која се заканува секој ден да експлодира. А после?- премиеру на  Северна Македонија?  Што после? Одново рицинусово масло за нас кои и понатака ќе си го зборуваме нашиот мајчин, македонски јазик? Или нашите идни генерации ќе учат од некој преостанат Македонец со доволно сеќавања од минатото дека сме биле и по некој останал во нашата исконска земја, како последен Мохиканец!?

А сега, како и секогаш, имам уште нешто да ви кажам и со ова мое јавување, а тоа се размислувањата и загриженоста на Владимир Милчин во врска со "ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШНИ". Па бидејќи текстот заслужува посебно внимание зошто е поврзан и со духот на горниот,  ќе Ви го пренесам во целост!

Секогаш Ваш, Сотир!

 

ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН

од Владимир Милчин

- Јазикот со кој се разбираме со делови од населението во соседните држави,  па и во држави преку океанот, се вика македонски и никој нема право да го нарече СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ или да го загради во границите на Република Северна Македонија! - вели господинот Владимир Милчин и продолжува:

За македонски јазик, за неговото признавање, преименување или негирање од кого било и на каков било начин, не може и не смее да одлучува која и да е политичка партија или групација, на власт или во  опозиција. Не само затоа што јазикот е нашата татковина, како што неговата важност ја формулира Блаже Конески. Не само поради принудното пиење рицинус во станиците на грчката жандармерија меѓу двете светски војни. Не само поради уништениот АБЕЦЕДАР кој никогаш не стигнал до рацете на прволачињата во Егејска Македонија. Не само поради трагичната судбина на раководството на антифашистичкиот СНОФ опишана во романот "Небеска Тимјанова" од Петре М. Андреевски.

Јазикот наш насушен е ризницата на нашата меморија која ниту била ниту ќе биде парцелизирана со државни граници. Забранетите јазици, кои таканаречените еднонационални држави на сите начини ги туркаат во заборав, држејќи ги надвор од образовниот систем и од медиумите, порано или подоцна ја напуштаат притаеноста и се огласуваат.

 

Владимир Милчин, режисер

Пред повеќе од дваесет години, за време на грчкото ембарго, проф. Слободанка Маркоска и јас, како претставници на Хелшинскиот парламент на граѓаните на Македонија ги посетивме Атина и Солун. Не покани Хелшинскиот парламент на граѓаните на Грција, чиј претседател беше  Џорџ (Јорго) Папандреу. Проблемите при влегувањето не ги паметам. Ја паметам вечерта на Акропол кога не одведоа да гледаме претстава на студентите од атинската академија. По претставата се дружевме со студентите и со професорие. Пиевме вино.

Откако дозна дека сум режисер и професор на ФДУ, еден од професорите ме тргна на страна. Ми кажа дека е Македонец и ми кажа дека се срами од тоа што неговиот мајчин јазик е само дијалект. Го прашав дали античките грчки трагедии можат да се препеат на дијалект, на што тој категорички ми одговори "НЕ"! Од мојата торба ја извадив книгата со препевот на Есхиловата "Орестија" на македонски. Му ја подарив. Рацете му се тресеа и очите му се насолзија. "Ме ослободи од срамот", ми рече и ја скри книгата за да не го видата колегите.

Јазикот може да биде опасно оружје во рацете на политичарите. Тоа најдобро го знаат демагозите. За нив јазикот е инструмент за лажење. Но, во јазикот се кријат и најефикасните лекови против лагите: поговорки, стихови, раскази и романи кои ги разобличуваат демагозите.

Јазикот што го зборуваме денес, некогаш го викале "нашински" во обид да ја спасат главата. Јазикот со кој се разбираме со делови од населението во соседните држави, па и во држави преку океанот, се вика македонски и никој нема право да го нарече северномакедонски или да го загради во границите на Република Северна Македонија.

******************************

 

12 март 2019 година 

 

 

 

 

Уве Топер

 Уве Топер

КАКО Е ФАЛСИФИКУВАНА ГРЧКАТА ИСТОРИЈА!?

**********

 

Според Уве Топер, познат германски историчар, археолог и публицист, западната историја, или историјата на Европа е полна со фалсификати. Вистинската историја нема ништо заедничко со она што го пишуваат западните историчари, особено не' со така наречената античка историја, односно историјата поврзана со Грција.

**************

Во својата книга "Големата акција", Топер ја демаскира големата сцена на светската историја меѓу антиката и ренесансата, откривајќи го лицето на минатото без романтичарски измислици. Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште, па така во книгата "Фалсификување на човековата историја" сосема отворено тврди дека сите "грчки" автори се всушност западноевропејци кои ги фалсификувале "изворите" во периодот меѓу 11 и 12-от век.

Според проф. д-р Анатолиј Тимофеевич Фоменко, математичар од Московскиот универзитет и член на руската академија на науките, античка Грција е смислена од ренесансните писатели и уметници, а потоа нивните фантазии се претворени во "историски факти" врз кои се базира целокупната западноевропска цивилизација.

Грчкиот претседател, пак, Прокопис Павлопулос од Каламата и ако не е историчар, насекаде и постојано тврди дека "грчкиот карактер на Македонија е неоспорлив и за него не се преговара", односно "денот на прославата на светиот спомен на заштитникот на Солун "Свети Димитрија", е годишнина на славниот пат на Солун, од една страна, за историјата на нацијата и православието, и второ, за неговата улога како буден чувар за грчкиот карактер на нашата Македонија, кој е неоспорлив, и за кој не се преговара".

Претходно, во Воден истиот "стручњак" самоуверено изјави дека "Македонија била и ќе остане грчка" (што додуше и му се остварува, благодарение на СДСМ и ДУИ), а од Солун дополнително порача дека неговата држава ќе направи се' "за да го одбрани грчкиот карактер на Македонија".

Но, фактите велат дека Македонија почнувајќи, да речеме, од времето на Каран, околу 800 години п.н.е. па се до таканаречените "славјани" не само што не била грчка, туку во никаква форма не влегувала во состав на Грција, односно Елада. И по поделбата на Македонија во 1913 година, односно по грчката окупација на Егејска Македонија, Грците воопшто не сакаа ниту да ја спомнуваат  Македонија ниту како географски поим. Дури по осамостојувањето на Република Македонија, особено  во времето на Костас Караманлис, големиот патрон на сегашниот претседател Павлопулос, Грците со подршка на некои политичари и пријатели од Запад жестоко почнаа да се вртат кон античките  Македонци, за кои "утврдија" дека биле Грци, за да докажат дека и Македонија е грчка.

"КАКО МОЖЕ ГРК ДА БИДЕ ПРИЈАТЕЛ НА ГРЦИТЕ?"

Во пишаните документи е забележано дека и според старите поети, но и според тогашните историчари, Македонците и Грците отсекогаш биле два различна народа. Затоа, на пример Хесиод во 700 година п.н.е. пишува: "А таа, ќерката на Девкалион, од Зевс, молнољубецот, роди сина два: Магнит и Македон-коњаник, воин...

Втората ќерка на Девкалион роди исто така два сина: Грејк и Латин..." Според тоа дури и за Хесиод, Македонците, Латините и Грците се во некоја сродност, но не се исти.

И не само поетите туку и историчарите низ историски факти потврдуваат дека Македонецот Александар Први за услугата кон Хелените пред битката кај Платеа во 479 година п.н.е. го добива прекарот - "филхелен", што во превод значи "пријател на Хелените".

Притоа не треба никаква француска диплома, како онаа на Павлопулос, за да се постави едно и единствено логично прашање: "Како може Грк да биде пријател на Грците?"

Патем треба да се има предвид дека Хелените секогаш и секаде Македонцие ги идентификуваат како варвари. Така, на пример, историчарот Кито е конкретен кога пишува: "Кога ќе се рече Македонец, треба да се разбере варварин, кој не говори и кој не мисли грчки".

Демостен, пак, и да не се спомнува. Фактите говорат дека највисоките заеднички тела на Хелените биле недостапни за Македонците токму заради тоа што Македонците биле сметани за варварски, не-хеленски народ. А дека терминот варвари не е употребуван само за да се навредат Македонците туку и за да се одвојат, како народ, говори и фактот што, колку и да војувале меѓу себе, Атина и Спарта, на пример, никогаш не се нарекувале варвари.

Исто така, во Ампфихтионскиот совет во Делфи, највисокото хеленско тело во тоа време, единствени нема само Македонци. Дури откога Филип Втори Македонски ќе ги порази Фригијците со сила обезбедува два гласа во Советот но неговите представници биле претставувани според градовите од кои доаѓале и племенската припадност, за разлика од Хелените.

ПОМПЕЈ ТРОГ ПИШУВА: "На Ономарк,Тиванците и Тесалците како свој водач не му спротивставија некој од своите сограѓани, туку македонскиот цар Филип Втори Македонски и така доброволно му ја отстапија, на еден старец, власта".

И не само ваквите политички тела но и културните институции и настани биле забранети за Македонците како не-хелени. Така, познато е, дека ним им е забранет пристапот на хеленските олимписки игри, па Македонците организираат свои-македонски игри. Првпат му е дозволено  само на Александар Филхелен, но и тоа е политички пресметан потег. Во тој контекст факт е дека Александар Македонски во својата војска на походот кон исток имал одреден број Хелени, но само како платеници, а не како македонска војска.

ЕВРОПА ЈА ПРИФАТИЛА ГРЧКАТА ПРОПАГАНДА ЗАРАДИ СИЛНИОТ АНТАГОНИЗАМ КОН ОСМАНЛИСКАТА ИМПЕРИЈА!

Според историчарите, по доселувањето на Грците, односно Хелените од Африка, тие отпрвин окупирале само дел од денешните јужни грчки острови, но со тек на времето почнале да го наметнуваат својот говорен јазик на домородното население. Сепак, уште тогаш наишле на отпор од страна на староседелците; познати се судирите помеѓу Хелените и Пелазгите, за кои пишува и Херодот. Иако во античкиот период не постоела единствена држава под името Грција, мнозина во светот и денес го користат погрешниот термин "античка Грција".

Освен тоа се знае дека Грците, односно Хелените, го користеле феникиското а не некакво грчко писмо. Во тој контекст западната историографија е преполна со грешки и фалсификати, кои главно се однесуваат на прикажување на многу вредности во антиката како "грчки", иако тоа не било така. Всушност голем дел од овие вредности биле создавани не само од Грците, туку и од Македонците, Тракијците, Илирите, Пелазгите и другите антички народи, но од создавањето на модерната грчка држава во дваесеттите години на 19 век, со помош на Големите сили, а пред се со помош на Русија, "создадена е една силна државна грчка пропаганда, која била прифатена и од европските држави заради нивниот антагонизам кон Отоманската империја".

На европските држави им одговарало да ги прифатат грчките фалсификати за наводните "историски права" на Грција да поседува голем дел од Балканот, токму како причина за да се избрка Турција од Балканот. Затоа во Европа беа прифатени грчките лаги и фалсификати, и до денес истите по инерција се препишуваат. Инаку, историски податок е дека Грците ни во 1830 година не знаеле дека се Грци и немале никаков удел во проектот за создавање свест за грчки идентитет. Факт е, дека тие воопшто не биле потписници на спогодбата потпишана во мај 1832-та година помеѓу Британија, Франција, Русија, и Баварија со која се одредени условите под кои кралот Отон стапува на престолот, а со која територијата на кралството е ставена под "гаранција на трите сили заштитнички".

Младиот баварски крал Ото стигнал во февруари 1833 година во привремената престолнина Нафплион, а проблемите со кој се соочил тој и бројната свита биле многубројни. Покрај неизбежните проблеми околу изградбата на инфаструктурата на една сосема нова држава, постоела и итна потреба да се создаде заедничка свест за грчки идентитет, односно од затеченото население да се создадат Грци.

Затоа Баварците и кралот се соочиле не само со проблеми во изградбата на државата туку и со проблемот на изградба на нацијата. Дури потоа, во последните две децении од 19-от век, како и во првата деценија од 20-от век, Македонија станува средиште на вниманието на грчкиот, бугарскиот и српскиот национализам за приграбување на што поголем дел од територијата.

Според истражувањата за грчката политика на Балканот на проф. д-р Далибор Јовановски од Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје, со договор меѓу Големите сили во 1830 година за грчки крал требало да биде избран Леополд Санксенкобурски, но тој набрзо се откажал од тронот на кој воопшто и не седнал. По две години, во 1832-та година, Големите сили го решиле проблемот со избор на крал па со нов договор меѓу Англија, Франција, Русија и Баварија од 7 мај 1832 година, за грчки крал бил поставен Фридрих Отон, вториот син на баварскиот крал, Лудвиг Први.

Новиот грчки крал, според договорот, ја носел титулата крал на Грција, а не на Грците. Истите земји потпишале и договор со соманлиските власти со кој се утрдила северната граница на Грција, така што таа се движела по линијата Арта-Волос, а со тоа Грција, конечно можела да функционира како некаква независна држава.

Со декрет од 4 август 1833 година било прогласено создавањето на Грчката автокефална православна црква, а тоа е сторено без одобрување на Цариградската патријаршија. Кој и кога ја признал грчката црква е прашање што заслужува посебна анализа. Во секој случај, Синодот на новосоздадената расколничка црква му бил потчинет на германскиот крал Ото.

Со декрет било создадено и посебно министерство за вера, а биле направени и реформи во манастирите. Зад создавањето на Грчката автокефална црква стоеле круговите што биле под англиско-француско влијание. Русија не сакала да се согласи со самостојноста на Грчката црква, сметајќи дека тое не е во склад со нејзините интереси, а за тоа имала подршка од Цариградската патријаршија но и од многу Грци во самото кралство, кои биле приврзаници на Цариградската патријаршија. Паралелно со "изградбата на грчката свест на населението" кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат почнал да ги кредитира своите први дипломатски претставници. Притоа, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места, Портата во Стамбол дала дозвола само за седум. Со оваа дозвола, Грција почнала да ги испраќа своите први конзули во османлиската држав, па така на 6 декември 1834 година пристигнал и првиот грчки конзул во Солун, а со тоа и официјално почнува дејствувањето на грчката дипломатија на територијата на Македонија, односно доаѓа до некаква присутност во Македонија. Конзулот Валијанос бил назначен од својата влада за прв  грчки конзул во Македонија, со седиште во Солун. Оттука почнува засиленото измислување на историјата смислена во кабинетите на западните историчари во служба на новата таканаречена западно-европска цивилизација. Или, според Уве Топер, вистинската историја нема ништо заедничко со она што го пишуваат западните историчари, особено не со нивната измислена античка историја, односно историјата поврзана со Грција.

*****************

Преземено од https://denesen.mk/uve/toper

 

Блаже Миневски

 

 ВАТИКАНСКА ЗБИРКА СО ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА

********************

 ЕПИСКОП МАКЕДОНСКИ ОД ТАТКОВИНАТА НА АЛЕКСАНДАР

Според документи што се чуваат во Архивот на Светата столица, во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби туку Македонци. Во огромниот фонд на Конгрегацијата, односно на Ватикан, има многу интересни, всушност сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година. 

Во еден документ од 1624 година, кој зборува за обновување на Колеџот во Лорето, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука да се доделат места за питомци "Срби, Бугари и Македоннци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата столица за стипендии". Значи, на почетокот на 17-от век во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се Бугари ни Срби, па затоа за нив биле одобрена посебна квота и посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето, според документот, студирале тројца Македонци стипендирани од Ватикан.

 МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ВАТИКАН БИЛЕ МАКЕДОНЦИ И ВО 17-ОТ ВЕК!

Овој документ, заедно со уште стотина други, на латински, се разбира, може да се прочита во збирката ватикански документи што се чува во трезорите на НУБ "Св Климент Охридски" во Скопје. Станува збор за факсимили од оригинални записници од историјата на Светата столица, каде што се чуваат значаен број документи и за Македонија и Македонците, кои допрва треба да бидат истражени и објавени. Во архивот на Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим кој е формиран за да ги собира и чува документите од секојдневното функционирање на Светата столица, се чуваат документи кои го покриваат периодот од 1622 година до денес. Првиот секретар на Конгрегацијата, Франческо Инголи уште од основањето на Конгрегацијата како "ресор за пропаганда на католицизмот во светот", целокупната документација системски и стручно ја распоредувал, а на тој начин ги удрил темелите на денешниот Архив. Кога по десет години работа се собрала голема збирка на тајни документи, Инголи почнал да го пишува првиот водич (Memoria Rerum), овозможувајќи со тоа лесно и едноставно пронаоѓање на сите архивирани списи. Од друга страна, пак, одредувајќи простор во Ватиканската палата за сместување на архивската граѓа, папата Урбан Осми покажал не само разбирање за напорите на Ингола, туку со тоа оваа драгоцена збирка ја ставил под личен надзор и патронат. Извесен период документите се наоѓале во Апостолската канцеларија, каде што била и канцеларијата на Инголи, а потоа оттааму, по неговата смрт, збирката била преместена во зградата на Конгрегацијата за пропаганда на верата. Веќе кон крајот на 18-от век овој архив поседувал богатство со кое го привлекол вниманието и на францускиот цар Наполеон. Имено, Наполеон наредил целокупната архивска граѓа да се пренесе во Франција, од каде, по неговиот пад, повторно е вратена во Рим и сместена во просториите на Конгрегацијата, каде што се наоѓа и денес. За врме на транспортот во Франција, односно и при враќањето назад, одреден број кутии со значајни документи засекогаш биле изгубени, а 74 кутии стигнале во Виена. Овие 74 кутии австриската влада ги вратила во Конгрегацијата дури во 1925-та година. Како работела Конгрегацијата, односно Центарот за пропаганда на верата во Ватикан?

ЗАПИСНИЦИ СО ПОТПИС НА ПАПАТА

Според документите од функционирањето на оваа институција може да се види дека е основана во времето на папата Грегориј Петнаести. Документот за основање е потпишан на 6 јануари 1622 година, а основна задача била да стане централен и врховен орган за ширење на римокатоличката вера, односно за создавање унија со православието и враќање на протестантите во пазувите на римокатоличката црква. Освен тоа, обврска на Конгрегацијата била да го организира и надглеува ширењето на католицизмот меѓу христијаните. Конгрегацијата според актот за нејзиното основање ја сочинувале 13 кардинали, од кои еден бил префект, двајца прелати и секретар. Во овој состав подоцна влегол и еден кармелитанец, а потоа и протонотар и акцесор на Светиот уред.

Членовите на Конгргацијата редовно одржувале седници еднаш месечно и тоа најчесто во присуство на папата. На тие седници биле разгледувани важни прашања, додека оние сложените биле поверувани на посебни комисии што ги воделе кардиналите во Конгрегацијата и други експерти.

Секојдневните работи ги водел префектот на Конгрегацијата со секретарот и минутантите. Тие одржувале седници еднаш неделно. Прашањата кои барале интервенција на папата му биле соопштувани лично нему на аудиенција. Своите одлуки Конгрегацијата ги објавувала со декрет, препораки и писма.

До 1665 година генералните или месечните седници се одржувале во присуство на папата, меѓутоа таа пракса е прекината 1666 година. Оттогаш секретарот на Конгрегацијата, во одредени денови, го известувала папата за најважните прашања и од него барал неопходни одобрувања за решавање прашања кои ја надминувале надлежноста на перфектот и на целата Конгрегација. Од овие извештаи и кратки молби, поднесени до папата, основан е посебен фонд. Мнозинството документи во овј фонд се однесуваат на прашања од приватен карактер, како молби, индулгенции, привилегии, одобренија за склопување на брак во недозволени степени на сродство и слично. Овие прашања, односно прашањата за кои реферирал папата, во почетокот биле бележени во општи бележници, а подоцна секој предмет бил запишуван на посебен лист. На крајот на листот, секретарот на Конгрегацијата ја нотирал и одлуката на папата.

СТИПЕНДИИ ЗА МАКЕДОНЦИ ВО 1619 ГОДИНА!

Во еден документ од 1624 година се зборува за обновување на Илирскиот колеџ, значи Словенски колеџ во Лорето, кој бил основан 1580 година. Токму така своето образование на овој колеџ го започнале 40 студенти. Пред тоа, во 1593 година, истиот колеџ бил преселен во Рим, а бројот на слушателите бил сведен на 12 ученици.

Во 1619 година, далматинските бискупи побарале од папата Павле Петти да донесе одлука Колеџот да се врати во Лорето, а истовремено да се доделат места на питомци "Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата столица за стипендии". Значи, уште во 1619 година во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, па затоа за нив биле одобрена посебна квота во Колеџот, посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат идреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето, во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан.

Освен овој, во Архивот на Конгрегацијата, односно во Ватикан, има и друг документ кој е мошне значаен за Македонците. Станува збор за писмо од февруари 1625 година, испратено од Мантова од Охридскиот патријарх Порфириј Палеолог. Во писмото го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот долг на неговите претходници кон Портата.

Се работи за даноци кои ги наметнал Султанот, а кои Охридската патријаршија не можела да ги плати. Во прашање се околу 40,000 скуди. Откако Конгрегацијата го добила ова писмо на патријархот Порфириј, стигнува понуда да остане во Мантова и да служи во црквата според неговиот обред, но Порфириј таа понуда не сакал да ја прифати без дозвола на папата. Конгрегацијата веднаш го известила папата за барањето на Охридскиот патријарх, односно одлучила писмото на Порфириј да го достави за одлука до папата.

ЕПИСКОП ОД ТАТКОВИНАТА НА АЛЕКСАНДАР СЕ ЖАЛИ ЗА ЗУЛУМИТЕ ШТО ГИ ПРАВАТ АЛБАНЦИТЕ!

Дека Македонија не се антиквизира, зашто таа е античка откако е Македонија, може да се види од двете оригинални писма на "епископот македонски Мардарије од отечества великога цара Александра", епископ на Охридската архиепископија, испратени до кардиналот Беберини, во кои се жали  за зулумите што ги прават Албанците во неговата диецеза. Во двете негови писма, кои стигнале во Конгрегацијата, а со нив бил запознат и папата, стои дека тој е "епископ македонски од татковината на големиот цар Александар Македонски". На позадината на истото писмо во Конгрегацијата било запишано да се достави на увид на кардиналите Алвициј и Инголиј, за да видат што може да се направи по тоа прашање. Врз основа на документацијата што се чува во Ватикан, Францеско Инголи, како прв човек на оваа своевидна Влада на Ватикан, детално го известува папата за овој проблем на Охридскиот архиепископ. Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година, значи, сите што сега бладаат дека има некаква антиквизиција на Македонија, слободно може да го обвинат епископот Мардариј за тоа, но, пред тоа, ќе мора да се вратат 370 а не само три години назад.

Мошне интересен документ е и писмото испратено од Паштровиќи на 15 фебруари 1642 година, во кое Франческо де Леонардис, специјален пратеник на папата, кој чекал да отпатува за Пеќ, каде што со српскиот патријарх требало да преговара за унијата на Српската православна црква со Светата столица во Ватикан, известува за состојбите на теренот. Во своето доверливо писмо, Леонардис го известува папата дека е принуден да го одложи патувањето за Пеќ, затоа што бил известен дека српскиот патријарх отпатувал за Цариград "каде што Охридскиот патријарх се обидува повторно да ги  потчини сите поранешни територии под своја јурисдикција, односно да се прогласи за глава на Бугарија, Србија, Македонија и Босна". 

Значи,  за разлика од Бугарите и оној жален грст кутри новоосвестени наши Блгари, кои сакаат да формираат некаква Бугарска црква во Македонија, пратеникот Леонардис добро знаел дека Македонија не е Бугарија, како што не е ни Србија. А тоа се случува во средината на 17-от век, не во 18 или 19-от век, а да не зборуваме за 20 и 21-от век. Во таа насока мошне интересно е и едно известување испратено од Скопје на 22 март 1642 година, значи еден месец по паниката на Србите дека Охридскиот патријарх ќе договори со Султанот враќање на целосната контрола на Охридската архиепископија врз своите поранешни, одземени територии. Имено, барскиот надбискуп Георго Бјанки, известува дека на Скопска Црна Гора, освен православни, живеат и 500 католици а ниту еден муслиман. Како и кога се населени Албанците на теренот од денешното Арачиново до Танушевци, нема податоци во Конгрегацијата, затоа што Албанци на тој терен во тоа време нема.

Во секој случај, овие и многу други документи, чии оригинали можат да се проучат во Ватикан, а факсимилите можат да се видат во збирката што ја поседува НУБ "Свети Климент Охридски", сигурно ќе фрлат ново светло врз затемнетиот дел на балканската историја, која, како што зане, особено по пропаста на античка Македонија, ја пишувале само победниците и оние што од петни жили се обидувале и обидуваат да ја снема Македонија, а со неа и Македонците.

Блаже Миневски (2012 г.)

Текстот преземен од https://denesen.mk/vatikanska/zbirka

 

ВАТИКАН

Проф. Томе Саздов

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

**************

 

СКРСТИ - ВЕЛИМЕ

  • Фала Богу, чудо шчо е ова!
    Црна земја за вода е жедна
    как сиромах за стребро и злато!
    Три месеци капка не прокапа
    облак ми се на небо не каза,
    небо горит како сач над главје.

    Поле ми е сосем побелело
    руда трева пепел се сторила,
    црна земја ми се испукала,
    бистри реки ми се пресекнале.
    Волој бучет по поле за вода.
    Сиромаси кутри се отрицвет
    да живет до друга година.
    Тешка, Боже, твоја десна р'ка!

    Фала Богу чудо шчо се стори!
    Ден недеља рано на утрина
    си станаа попови и старци,
    м'жи, жени, деца и девојки, со икони, с крстои на р'це
    се застовет на широко поле,
    ходет п'тем и Богу се молет.

  • Попој, ѓаци жаљовно се молет
    и пригласвет мало и големо:
    "Скрсти одан, вишниј Бога мољам,
    Господи помилуј нас грешни".

    Фала Богу, чудо што сум видел!
    Марков камен крај гора зелена,
    а над него мољба се раздава,
    по планина, на далечни места,
    и се креват на високо небо.
    Сино небо пак јасно над глаи,
    пак мољбата, мољба на Господа.

    Врашчаешчем крај црков дојдофме.
    Чудо Божје! Ситна роса фати. -
    В цркоф влегвет икони д' остает,
    дош се крбли фати да туриват.
    Земја жадна се искапи вода,
    реки пофтор големи протекое,
    од ред ниви ми се нап'лние,
    сиромаси си се зарадвее.
    ************
    Од Зборникот со народни умотворби на Костантин Миладинов.

Kind regards: 18 март 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 202

ВИДЕОТЕКА

**************