БОРИС ДАМОВСКИ-ЖРТВА НА ЗАЕВИЗМОТ!

 

 

Сотир Гроздановски-Македонски

ВРЕМЕТО НА ВАРВАРИТЕ

************

 

Човек неможе да отвори ниту еден македонски весник, а да не заплаче. Дојдовме  и до тоа, да неможеме да се одбраниме од злосторниците, изродите и домашните шпиуну и предавници. Дали е тоа можно? Дали е вистина или сите заедно сме во длабок сон?

И покрај тоа што на очиглед многу  се играат мајтап со нас, ние, сепак, упорно одиме по патот кој ни го трасираа други, неверувајќи дека не води во амбис, од каде никој цел не излегол.   Небереме гајле  за себе и за својот углед, а уште помалку за угледот на нашата  држава за која изгинале илјадници добри луѓе, за нам поарно  да ни биде.

И бидна за некое време но сепак, за жал, откако се заситивме од  слободата која со својата крв ја платија нашите предци, им го свртивме грбот и им плукнавме на нивните последни почивалишта. Ги изпоганивме и без благодарност, ич срам и грижа на совеста продолживме, така, обезимени и  обесчестени од  мангупи,   да и' се радуваме на "демократијата" и "лесниот" живот во НАТО и во Европската Унија!

Се прашувам самиот  себе си: - како е можно така брзо и така лесно еден полуписмен идиот да не превесла  жедни  преку вода, а посебно 90% од "интелектуалците", врвните просветни работници, "угледни" политичари, доктори на науки, правници, академици, полицијата, војската (за која мислевме дека е наша  за да не брани во случај потреба) потоа, младината, естрадните уметници со чии музички дела легнувавме и станувавме, а да не умреме од срам! 

Да не продадат заедно со Републиката, како стока на пазар, а ние со гордост и воодушевување им ракоплескаме. Иако не е баш сосема така, благодарејќи им на Македонските лавици, старите и немоќни пензионери и по некој младинец или младинка, кои му  докажуваат  на светот дека во Македонија се' уште има некој кој си ја сака  земјата  и готов е да гине за  нејзината слобода! 

Верувањето дека еден ден, еден подобар ден, кога ќе дојдат македонски јунаци, и ќе ги поведат  Македонците, оние, кои сепак и' останаа верни на Татковината во одлучна битка за враќање на се' што било и се' уште е македонско, не држи и нас, македонските иселеници простум и со главите горе! Секое зло има свој почеток и неславен крај. Македонската историја ќе ги забележи сите предавници, изроди, малодушници и кукавици на посебни страници! Страници на срамот и презирот!

Македонските иселеници  биле и секогаш ќе бидат со Вас, браќа и сестри. Вие стоите во првиот ешалон во одбрана на нашето парче од македонската земја, но ние сме и во првата и втората одбрамбена линија! Тоа е причината што однапред не избришаа дури и од Уставот, за да не направат странци на својот сопствен народ. Да не закрват, како би можеле полесно да не изедат. Но, ќе им се врати сето тоа како бумеранг по нивните глави. Еден ден! 

Дојдовме до тоа, Грците, Бугарите и Албанците да ни ја контролираат нашата и судбината на македонската држава. Држава, во чии темели многу од  нашите родители, браќа и сестри,  ги вградија и своите животи. Да ни ги бројат спомениците на нашите херои и да бараат срамна и не чуена  размена, како детски играчки. Тоа Министерката за култура на Грција, Мирсини Зорба, дури бесрамно, ни ја нуди скулптурата "Дромеас" во замена за  велелепниот споменик на Александар Македонски (Воинот на коњ) на сред Скопје. Замена,  зошто  таква голема и историска личност не му припаѓала на народ кој лесно се продава и ја предава државата без испален куршум, или некој виден револт. На народ, кој си дозволува еден обичен идиот да го продава, а  при тоа,  ниту влакно од главата да не му падне!

Но, не е ова се' што сакав да Ви го кажам во ова мое јавување! Сакам да Ви речам  збор, два, и за срамот што си го дозволивме  македонската држава да ја поганат терористи, арамии, злосторници,  луѓе не луѓе од минатото, но и сегашноста. Да речам два збора, два изгора, што би рекла мојата покојна мајка Бона! Па ево зашто се работи:

Блаже Миневски, македонски раскажувач, романсиер и драматург, роден во Гевгелија во 1961 година, дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет - Скопје. Како новинар работел во повеќе весници и списанија. Тој е член на Друштвото на писателите на Македонија и истражувач на вистината за македонскиот народ и Македонија. Па ево во својата колумна што ни соопштува за убиствата, грабежите и зулумите на Арнаутите во Западна Македонија, за да се протераат Македонците од нивните домови и села!

Тој вели, дека во Архивот за надворешни политики на Русија, пред триесетина години, за време на своето истражување во руското Министерство за надворешни работи, историчарот проф., д-р Александар Трајановски пронашол ексклузивен, мошне интересен, автентичен архивски материјал од прва рака под наслов: "Список на убиства, грабежи и кражби во селата Галичник, Лазарополе, Тресонче и Росоки во Реканската каза, Дебарски мутесарафлак, 1902, 1903 г.". 

Покрај списокот за споменатите села, во документот постојат податоци и за селото Сушица за 1903 година, иако тое не е спомнато во насловот. Во документот исто така се споменуваат грабежи, кражби и убиства во селата Селце, Маврово, Жировница, С'лп во Кичевско, Радиовце - Тетовско и Сарај - Скопско.

Притоа, иако во насловот се наведени годините 1902-1903, во списокот се дадени автентични податоци за крвавиот "АРНАУТСКИ ТЕРОР ВРЗ МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ПЕРИОДОТ 1900 ДО 1904 ГОДИНА".

Освен убиства без никаков повод, качачките банди вршеле и бројни киднапирања, особено на мали деца и овчарчиња, за кои, потоа, се барал голем откуп. Доколку родителите немале пари да платат за откуп на детето, се случувало да бидат егзекутирани, а доказ за тоа да биде главата на невината жртва.

Во документот кој е доставен до Генералниот конзул во Солун, а се чува во архивата што ја покрива работата на ова руско дипломатско претставништво во Османлиската империја од 1800 до 1917 година, по дати и години се забележани сите убиства, грабежи и зулуми направени само во првите неколку години од минатиот век од страна на качачките банди во Западна Македонија.

Списокот стартува со трагичните настани во Галичник, почнувајќи со записот од 24 јули 1902 година и завршувајќи со оној за 14 јули 1904 година. Меѓу белешките за злосторствата што ги правеле Албанците во ова македонско село, кое речиси секојдневно било на удар на качаците, треба да се издвојат неколку крвави настани забележани во дописката до рускиот конзул во Солун.

Па така, на 6 август 1902 година, "на бачилото на Присоечка Планина, Таир Шаља го уби Иљо Србинов, а ги рани Трајко Василев и Кузман Гогов". Потоа, во продолжение на списокот, во записот за 9 август, значи за третиот ден по убиството, пишува: "Таир Шаља, незадоволен од убиствата на овчарите, го киднапира Пане Грандзев од истото бачило и го ослободи по добивањето 60 турски лири". 

Според истражувањето на д-р Александар Трајановски, по секој напад и пустошење, по секое убиство и малтретирање на Македонците од страна на Албанците, жителите на Река се жалеле до турските власти во Жировница, во Дебар или во Битола, кај дебарскиот мутесараф, дебарскиот и битолскиот владика, до рускиот конзул и до валијата во Битола.

Сите жалби за помош биле испраќани со селски печат, но нема податоци дали ваквите барања на Македонците биле позитивно решавани. И така натака!

Драги мои, ова беше само еден мал исечок од sверствата кои Албанците  ги правеле врз Македонците во Западна Македонија тогаш, но и денес и ако со помош на нивните странски  покровители се напикани во сите, па и најчувствителите институции на македонската држава, а со измените на Уставот на Република Македонија, Заев ги внесе дури и како државотворен народ на македонската држава, бришејќи ги одредбите за АСНОМ,  темелот на Република Македонија.

Тоа се нашите сограѓани, драги мои, и афтохтони убијци на Македонците, без чии услуги, Зоран Заев неби дошол на власт во Македонија и неби ја разнебитил нашата Татковина!

Вистината е немилосрдна! Таа излегува на виделина, ма колку длабоко и да е закопана, негде во светските мрачни и таинствени комори. 

 

 ВОЛКОТ И КОЖАТА ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ, АМА ТАБИЕТОТ НИКОГАШ, ДРАГИ МОИ!

 

За секогаш, Ваш Сотир!

ОВА СЕ ПРЕДЦИТЕ НА НАШИТЕ "МИРОЉУБИВИ" СОГРАЃАНИ!

Проф., д-р Димитар Апасиев

 

СЕКОЈА НАРЕДНА ВЛАДА ЌЕ ИМА ПРАВО ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ДИМИТРОВ-КОSИЈАС!

ИНТЕРВЈУ НА "ЛИДЕР" СО ДИМИТАР АПАСИЕВ

*************

 

Универзитетскиот професор Димитар Апасиев со своето темелно познавање на правото и својата "Defensor Plebei" филозофија, во периодот пред и по референдумот за промена на името - се наметна како еден од ретко храбрите политичари кои без ракавици на јавноста во Македонија и' ја исцрта суштинската ситуација.

Токму затоа, на само 3 дена од почнувањето на седницата во Собранието со која ќе се менува уставното име, одлучивме да направиме интервју со него во кое на нашите читатели ќе им ја демонстрираме правно-политичката небулоза која во мометов се случува во Македонија.

Апасиев е јасно дефиниран левичар на кој, се чини, воопшто не му е табу да ги застапува политиките на суверенизмот и да застане во одбрана на вољата на граѓаните на Република Македонија искажана на референдумот на 30-ти септември 2018 година.

*****************

Економски "Лидер" е еден од ретките медиуми во Македонија со јасно дефинирана економски неолиберална и општествено неоконзервативна уредувачка политика, но, во овие критични моменти за Републиката наша одговорност, како новинари кои се бават со јавниот интерес е на јавноста да и' ги прикажеме ставовите на овој млад професор кој идеолошки се разликува од нашата уредувачка политика за многу прашања, но не и за прашањето на уставните измени.

Во исто време, огромна чест и задоволство ни е што професорот Димитар Апасиев без размислување прифати да разговара со нас по овие прашања. Според него, во овој момент работите можеби изгледаат апатично, но сепак, постој веројатност и покрај поминувањето на уставните измени работите да се вратат по старо, затоа што Виенската конвенција предвидува можност за раскинување на договорот со Грција.

******************

"Лидер": Ја раситнуваме и Новата 2019 година. На самиот почеток од неа, сите очи се вперени кон законодавниот Дом. Седницата на 9-ти јануари пишува историја. Година наназад власта вложи огромен труд за да дојде до посакуваното мнозинство. Според Вас, што ќе се смени ако Македонија си го смени името? 

Апасиев : Само да Ве поправам... Власта не вложи чесен труд, туку направи антидржавен криминал! Тоа се најтешки кривични дела против државата опишани во нашиот Кривичен законик. На пример, според објавените тајни извори на Викиликс, постојат основи за сомневање дека Министерот за надворешни работи работел за интересите на странска држава како "заштитен извор" и притоа сторил кривично дело шпионажа [казниво по чл.316 од КЗ]. Премиерот, пак, беше пријавен во Основното јавно обвинителство дека го сторил делото загрозување на независноста [по ќч. 308]; додека целата актуелна Влада може правно да се обвини за здружување заради вршење на непријателска дејност [чл.324]. Дополнително, сите 80 пратеници во Собранието на РМ кои - спротивно на волјата на народот изразена на два референдума (задолжително од 1991 година и консултативниот од 30-ти септември 2018) гласаа ЗА пристапување кон промена на Уставот на РМ, а со цел промена на уставното име, во иднина - поточно во наредните дваесет години, колку што изнесува рокот за застареност - нема да можат мирно да спијат затоа што подлежат на кривично-правен прогон за сторен стек на кривичните дела : саботажа [чл.315] и организирање отпор [чл.387].

Во однос на вториот дел од прашањето, доколку противправно се смени уставното име на Републиката, ќе следуваат денови на национална потиштеност и апатија кај народот, кој ќе биде фрустриран од тоа што не успеал да спречи една марионетска и вазална власт, која е слуга на империјалните интереси на западот, да му направи ненадоместлива штета. Но, сепак, и во такви неповолни историски услови - ситуацијата не е безизлезна, затоа што во правото - уште од времето на Римското право па до денес - постои општоважечката максима дека: "Ниедно неправо не може да роди право", односно дека "Од сопственото дело не може да се влече никака корист" (Iniuria propria non cadet in beneficium facientis)! Оттука, секоја наредна Влада на РМ, согласно Виенската конвенција за договорно право [1960], ќе има правна можност да го раскине, односно еднострано да го поништи овој екстремно штетен и квинслишки т.н. Преспански договор меѓу Коsијас и Димитров - и тоа по повеќе правни основи, за кои подетално би говореле во некоја следна прилика. Тука само би спомнал дека според чл.50 од оваа Конвенција, корупцијата, "подмитувањето на претставник или на претставници на било која договорна страна" претставува правовалиден основ за поништување на еден веќе склучен меѓународен договор.

"Лидер": За да се притисне тастерот ЗА, наместо право и правна држава, видовме пазар и сурова игра. Многумина добија, си ја купија и слободата, а најмногу во оваа игра изгубија граѓаните. Дали сите партии своите 5 минути ги трошат само за себе, наместо тоа да биде власт за граѓаните?

Апасиев: Суверенитетот во нашата Република, по сила на уставот, произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните! Оттука, никаква перфидна политичка игра не може да ја негира референдумски изразената волја на Суверенот, без кој de iure нема држава. Затоа, правно гледано, целата оваа лакрдија со промена на Уставот е само драмолетка на уценети, корумпирани и вазални политичари, која нема никакво правно значење. Или, правно гледано, овие уставни амандмани-пишувани во странство-вредат колку искористена тоалетна хартија! Како што е правно невозможно со собраниска одлука да се поништи народната волја, така-во иднина-секој нареден парламентарен состав ќе може да ги отповика овие илегални уставни промени, дури и со само една проста Декларација, со која ќе се констатира дека процесот бил противправен и спротивен на правниот поредок. А за таква декларација, не ви е потребно ниту 2/3, ниту Бадентерово мнозинство-туку само обично/релативно мнозинство гласови од присутните народни избраници на конкретната седница.

Тука би сакал да потенцирам дека од авион веќе се гледа дека ова работа е договорена валкана игра меѓу двете најголеми партии СДСМ и ДПМНЕ. Првите се квислинзи, а вторите колаборационисти! Најверојатно, на Заев му е ветено дека ќе стане идниот претседател, а на Мицкоски дека ќе стане идниот премиер. Но, овие две партии го доведоа македонскиот граѓанин до тоа дереџе да гледа спас од нивната налудничава политика во албанските националистички пратеници во нашиот парламент (кои можно е да не гласаат, доколку не се задоволат нивните мегаломански експазионистички апетити), како и во грчките пратеници-за кои е неизвесно дали воопшто ќе го ратификуваат т.н. Преспански договор, бидејќи според информациите од терен виси Владата на Ципрас.

"Лидер" : Како професор по право, како го оценувате менувањето на Уставот и целата негова постапка?

Апасиев: Како силување на правото и правдата! Ова е процес кој е досега невиден во компаративната уставна практика. Скандалозното е во тоа што една американска консултантска куќа ви го пишува вашиот устав, а амандманите ги договарате преку WhatsApp преписка со премиер на странска влада-па тоа е нешто што е недопуштено и незамисливо во правото. Затоа и нема соодветен правен термин да се изрази оваа налудничава операција. Можеби подобро е да се обратите кај психолози, отколку кај правници-за да ви дадат дијагноза на протагинистите во процесов на самоукинување на еден слободарски народ кој преку крвава антифашистичка борба се изборил за својата државност.

"Лидер": За да се промени Уставот, во последен момент се промени Кривичниот законик, се донесе Закон за амнестија. Власта продаваше "демократија и право", но понуди сосема друго. Како правен експерт, кој е Вашиот став, дали овие закони требаше да се донесат токму сега и воопшто која е потребата од нив?

Апасиев: Од мои инсајдерски извори знам дека нашиве властодршци биле спремни да го жртвуваат и целото СЈП само и само да ги протнат уставните промени. Колку треба да си "одлепен" или тотално корумпиран и без никаков дигнитет и морални скрупули за да направиш ваква кардинална државничка грешка и да си го самоукинеш народот кој треба да го водиш во наводна "подобра иднина"!?

Во однос на Законот за амнестија за настаните од 27 април 2018 година истиот е спротивен на самата суштина на правниот институт амнестија. Имено, тој ги меша поимите "амнестија" и "помилување", па спротивно на јавното право, ја делегира одлучувачката моќ од Собранието на судот-што е недозволиво. Тоа е забрането во нашето право! Амнестија дава парламентот, а не судот. И не може амнестијата да зависи од волјата на обвинетиот (кој треба да поднесе барање), исто како на пример што не може плаќањето на данокот да зависи од волјата на даночниот обврзник.Сега, за прв пат во нашата правна историја, имате постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по иницијатива на засегнатите странки (ex privata)!? Ова е нон-сенс. Затоа и имате ситуации каде од две или повеќе лица кои се обвинети за ист кривично-правен настан-едниот добива амнестија, а другиот не? (видете го примерот со Дурловски наспроти Бетмен Велит, Дамовски и др.) Да бевме нормална држава, ваков неправичен и конфузен закон, донесен наменски заради политички пазар со обвинетите пратеници, експресно ќе беше поништен од страна на Уставниот суд. Но, за жал, таму седат едни од најнеспособните правници во државата за кои ви тврдам дека да фателе златна рипка, ни на крај памет немало да им текне да побарат некогаш во животот да бидат уставни судии.

"Лидер": Година и половина власта се занимава со надворешната политика, притоа занемарувајќи ги останатите сектори. Дали влезот во НАТО и ЕУ само посебе ќе донесе благосостојба на останатите полиња?

Апасиев: Влезот во НАТО и ЕУ се два одделни и сосем независни процеса. Не постојат евро-атлански, туку постојат европски и атлански интеграции. Македонија е земја со мирољубива европска, а не со милитантна натовска култура. Влезот во НАТО само ќе ја зголеми сиромаштијата во РМ! Наместо за нови болници и школи, парите ќе ни одат за нови пушки и праќање на нашиве војници во туѓи окупатоски воени мисии по белиот свет.

Во однос на ЕУ интеграциите, пак, треба да бидеме среќни ако во текот на нашите животи стигнеме таму како полноправна членка. Значи, реално членството во ЕУ би дошло после две или повеќе децении од сега. А дотогаш којзнае што се би се случило на светската геополитичка сцена. Мојот приципиелен став е дека и утре да треба да влеземе во ЕУ, цената за промена на името и идентитетот е превисока и ние треба достоинствено да одбиеме да ја платиме.

"Лидер": Рамо до рамо со сегашната власт се боревте против т.н. Режимот. Жалите ли заради тоа? Каде власта ја "утна" работата?

Апасиев: Ние бевме дел од т.н. Шарена револуција против режимот на Груевски, кој во последните неколку години од владеењето забега тотално и истиот мораше да биде соборен. Но, наместо подобра власт која ќе ги реши приоритетните економско-социјални проблеми на луѓето, дојде марионетска и вазалска власт која ги спроведува странските империјалистички диктати, наспроти волјата и очекувањата на мнозинството од народот. И затоа, сега народот е во шок и апатија! Оти, заевизмот стана највисокиот стадиум на груевизмот.

Но, за разлика од прикриените шарени сороспии кои се шитнаа за фотелји, ние останавме доследни на нашите принципи. Достоинствено одбивме да учествуваме во предизборната коалиција на СДСМ, затоа што знаеме дека се тотално неспособни да ја оправат Републиката! На крајот на краиштата, СДСМ се и нашите најголеми класни непријатели. Ние сме деца на стечајци, а тие деца на црвената буржуазија од комунизмот. Затоа ние не се разбираме и затоа се гледаме и ќе се гледаме преку нишан. Но, конечно и народот мора да сфати дека изборот помеѓу СДСМ и ДПМНЕ е избор помеѓу змијата и магарето и да се одважи да гласа за другите партии. Еве , на пример, само замислете Левица да станеше парламентарна партија, немаше теоретски шанси да дојде до промена на името! Затоа, македонскиот граѓанин треба конечно да го отфрли  клиентелизмот и да им даде шанса на нови неискомпромитирани политичари, наместо 30 години да гледа реприза на оваа двопартиска сапуница.

"Лидер": Хипотетички да бевте дел од оваа власт, што првенствено би смениле?

Апасиев: Економијата, образованието, здравството и судството! Тоа се столбовите на секоја цивилизирана држава, кои кај нас намерно се направени нефункционални-поради корумпираните политички елити од двете партии, како и поради капиталистичките конвертити кои ги финансираат кампањите на обете партии, а за возврат добиваат тендери и привилегии.

Во економијата мора да се заузда банкарскиот сектор, кој ја цица крвта на сиромашните.                        

Во школството мора да се  воведе бесплатно образование од градинка до докторат, оти ние сме мала земја која не смее да дозволи паметните, а сиромашни студенти да се откажуваат од студии затоа што немаат да платат партиципација. 

Во здравството, мора да се воведе бесплатно здравствено осигурување на сите државјани на РМ и неколкукратно да се зголемат платите на лекарите, како и инвестициите во кадар и опрема. И, конечно,

Во правосудството мора да се тргне трајниот мандат на судиите и да се воведе еднократен мандат, без повторно право на реизбор на судија до крајот на животот. Исто така, се покажа дека т.н. слободен мандат на пратениците е рак-рана од која извира корупција, па треба да се воведе т.н. императивен пратенички мандат, каде што граѓаните кои не се задоволни од работата на својот пратеник ќе имаат уставно право истиот да го отповикаат.

"Лидер": Ваше мислење, дали со Претседателските избори треба да има и предвремени парламентарни избори?

Апасиев: ДА-треба! Затоа што оваа брутално корумпирана Влада го изгуби и компасот и легитимитетот да владее, особено после пропаднатиот референдум и после кршењето на Уставот и редица други закони. Политолошки гледано, Македонија сега живее во тиранија, според сите политички и правни теориски и практични карактеристики на овој октроиран и најштетен облик на владеење (доминација на приватните и бизнис интереси; арбитрарност на властодршците и постоење на страховлада; напната и нездрава завереничка атмосфера; некадарна администрација составена од климоглавци и потемкиновци и тнт.)

"Лидер": Дали Левица ќе настапи со свој кандидат на Претседателките избори, или тоа е позиција на чело може да застане само кандидат од поголемите политички партии?

Апасиев: За ова прашање се' уште немаме донесено конечен став. Партиските органи во следниов период ќе се произнесат и јавноста ќе биде благовремено известена.

"Лидер": Според Вас, каква личност треба да ја води државаа наредните 5 години, дали тоа треба да биде експерт, консензуален кандидат или партиски кандидат?

Апасиев: Мое лично мислење е дека во иднина Македонија треба сериозно да размисли да воведе моноцефална, наместо бицефална извршна власт. Тоа би значело, наместо Влада и Претседател, да постои само Претседател на Републиката со свој ресорен кабинет, со што би се вброиле во класичните претседателски републикански системи. Се покажа низ оваа тридецениска историја дека двоглавата извршна власт е неефикасна, па во идниот уставен инжинеринг на нашите планери, спопикани по кабинетите како советници, им предлагаме да преминеме кон чист претседателски систем.

За личноста на Владателот, пак, имам многу што да кажам, но, би ми требало повеќе простор. Првенствено тоа мора да биде лик со личен и професионален углед и кредибилитет, а не некоја партиска многуучена ветрушка. Неподмитлива, приципиелна и морална личност која ќе се бори против корупцијата до последен здив, оти корупцијата е таа која го разјаде и сруши нашето општество, ги урниса вредностите и ги натера и младите и старите да бегаат во дијаспората, барајќи подобар живот во посредените системи кои функционираат темелејкќи се на знаење и приципи, а не на непотизам, врски, мито и клиентелизам-фаворизирајќи ги неспособните и неказнувајќи ги корумпираните.

********************

Преземено од МЕДИЈА24 - https://media24.mk

06 јануари 2019 година. 

 

 

 

Проф., Гордана Силјановска

 

"ИЛИНДЕН" И ИНТЕРВЈУТО СО ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА

***************************

 

Македонски весник "Илинден": Професорке, д-р Гордана Силјановска-Давкова, Ве молиме, дадете кратка биографија за Вас да се запознаат читателите.

Проф. Силјановска: Партијата ВМРО-ДПМНЕ е добро позната во јавноста и мислам дека нема потреба од нејзиното претставување. Всушност, јас не сум соодветник соговорник да зборувам за Партијата, бидејќи на Конвенцијата за избор на претседателски кандидати се пријавив како надпартиски кандидат. Бев поттикната од група професори и јавни личности со различни политички убедувања. Тие во мене видоа личност која има знаење и капацитет за обединување, а партијата покажа дека е отворена и за вакви потенцијални кандидати. Конвенцијата помина во најдобар можен ред, сите кандидати добија еднаков третмант да се претстават, а сето тоа се одвиваше пред камерите, па граѓаните можеа да ја следат селекцијата. Почестена сум што бев подржана од убедливото мнозинство на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ да бидам кандидат, но намерата ми е да ја добијам и подршката на граѓаните со собирање потписи, што ќе ми го зголеми легитимитетот. За себе лично можам да го кажам она што јавноста одамна го знае: професор сум по уставно право и изборни системи, во два мандата бев член на Венецијанската комисија на Советот на Европа, членувам во бројни научни и меѓународни асоцијации, мајка сум на две возрасни деца и сопруга. Од политичкиот ангажман треба да споменам дека две години бев министер без ресор од Либералната партија во владата на Црвенковски (1992-1994), по што сосема се повлеков во научната сфера. И тогаш и денес сметам дека во политиката треба да преовлада принципот на владеење на правото. Во таа смисла, јавно сум се ангажирала секогаш кога сум сметала дека треба да се чуе гласот на експертската јавност и кога владата (која и да била) заслужувала критика. Бев на пример дел од професорски пленум против еден лош закон за образование. Кога се вметна политиката и започна Шарената револуција се повлеков. Но бев и  против територијалната поделба од 2004 година. Договорот од Преспа, незаконсото носење на Законот за јазиците итнт.

"Илинден" : Владата на Македонија го прифати ултиматумот на Грција и го смени вековното уставно име на татковината Македонија, кој е вашиот став?

Проф., Силјановска-Давковска: Мојот став против Преспанскиот договор го искажував индивидуално, или со колегите од Македонија и од светот, на бројните иницијативи и отворени писма со кои се обидовме да влијаеме и на домашната и на меѓународната јавност. Како професор, не можев да молчам пред флагрантното кршење на уставот, законите, па и деловникот на Собранието, низ текот на целата постапка. Сето тоа е документирано, а имам и подолга анализа на Преспанскиот договор на македонски и англиски јазик. Без активен член и подржувач на Движењето Бојкотирам пред 30 септември и тоа го сметам за јасен и недвосмислен став на македонскиот електорат дека е против наметнатото име, кое не се користи само во меѓународна, туку и во внатрешна комуникација.

Ова е нова национална траума за сите нас, и веќе реков дека на овој начин ги изневеривме илинденските и асномските идеали на нашите предци. Во рамките на уставните овластувања, до колку станам претседателка на Републиката ќе се обидам да го држам прашањето отворено во комунукација со меѓународната заедница. Ќе го преиспитам Преспанскиот договор (ништо не е вечно, ни тој) и за тоа ќе ја барам помошта од сите домашни и странски авторитети во областа на уставното право и меѓународното јавно право. Но, ценам дека е погрешен (иако го рабирам како до некаде природен) оној емоционален набој со кој одредени луѓе сметаат дека изборите треба да се бојкотираат, а дека за мене е контрадикторно да се борам за да бидам прва претседателка на Северна Македонија. Битката мора да почне од институциите, а претседателската е важна токму за меѓународната комуникација и дипломатија. Само со претседател и Влада кои се јасно на линии да си го вратиме вековното име може да успееме.

"Илинден" : Како ја гледате ситуацијата во Македонија?

Проф., Силјановска-Давкова: Ситуацијата е толку сложена, што човек не знае од каде да почне со критичката анализа. Актуелната васт ги доведе до апсурд сите досегашни слабости на владеењето во Република Македонија. Уставот е девалвиран, законите не се почитуваат, владее дискриминација по политичка основа, политичката корупција и непотизмот цветаат, а економијата пропаѓа. Хибриден режим сме, помеѓу демократија и авторитаризам. Верувајте, сосема сум свесна дека стапувам на политичка сцена во една речиси безнадежна ситуација, без оглед на владината пропаганда за успех на патот кон НАТО. За мала држава како нашата, вистинска цел се стандардите на Европската унија (без оглед на сите нејзини несовршености и слабости), но тие стандарди не можеме да ги увеземе, туку мораме сами да ги поставиме. Ќе се залагам за правото и правдата во Македонија!

"Илинден": Како ги проценувате правата на Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Косово и кој е вашиот став и дали е време во вашиот иден кабинет да има советник за Македонското национално малцинство во сосеството и Дијаспорат?

Проф., Силјановска-Давкова: Позицијата на македонското национално малцинство во соседните држави отсекогаш била тешка и затоа зборуваат бројни извештаи на специјалните тела и известувачи на ООН, но и пресудите на Европскиот суд за човекови права. Вистина е дека македонската држава, обземена со сопствените драми и слабости, досега покажа слаб капацитет да се заложи за Македонците надвор од земјата. За жал, најголемиот удар е откажувањето од постоењето на македонско малцинство во Бугарија и Грција и тоа подигнато на степен на уставна норма. Тоа е спротивно на сите меѓународни конвенции, но оваа Влада потклекна и го прифати дури и тоа, претставувајќи ја денешната македонска држава како вештачка творба и единствена балканска држава (наводно) без малцинство во соседните држави. Активностите на Претседателот на Републиката можат да помогнат во оваа насока, но нужно ќе биде и владата, која има свој удел во водењето на надворешната и регионална  политика, да биде подеднакво вклучена. Еден советник би бил корисен соработник, но нам ни треба државна стратегија и политика на овој план, а јас имам намера да го отворам ова прашање.

******************

Македонски весник "Илинден": Професорке д-р Гордана Силјановска-Давкова, Ви благодариме за интервјуто, Ви посакуваме успех во изборот за претседателка на Република Македонија!

Професор., д-р- Гордана Силјановска-Давкова: Благодарам и на Вас!

****************

 

Македонски весник "Илинден" Тирана

19 февруари 2019 година..

 

 

Александар III Македонски

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ БИЛ ЖИВ ПОГРЕБАН ПОРАДИ УЖАСНА БОЛЕСТ

ТВРДИ НАУЧНИК ОД НОВ ЗЕЛАНД

****************

 

Веројатно се случило пред 2,300 години, но мистеријата за смртта на Александар Македонски можно е, конечно, да е решена, тврди научник од новозеландскиот Универзитет од Отаго.

 

Катрин Хол од тој Универзитет смета дека античкиот владател не починал од инфекција, алкохолизам или дека бил убиен, како што тврдат други. Таа смета дека страдал од невролошко пореметување Guillan-Barre' Syndrom (GBS) (ретка автоимуна болест).

Во труд објавен во The Ancient History Bulletin, таа нагласува дека предходните теории за неговата смрт во 323 пр.н.е. не се доволно поткрепени бидејќи не е опишан целосниот настан.

- Имено, досега никој не обезбедил сеопфатен одговор што дава веродостојно и изводливо објаснување за фактот што-телото на Александар не покажало знаци на распаѓање шест дена по неговата смрт. Античките Грци мислеле дека тоа докажува дека Александар бил бог; овој напис е прв што дава одговор во реалниот свет, вели д-р Хол.

Со одложеното распаѓање на телото, 32-во годишниот Александар имал треска; стомачна болка; прогресивна, симетрична парализа; и бил свесен до неговата смрт. Д-р Хол верува дека дијагнозата ГБС е добиена од инфекција со Campylobacter pylori (вообичаена во тоа време и честа причина за ГБС). Повеќето аргументи околу причината за смртта на Александар се фокусира на неговата треска и абдомална болка. Таа верува дека тој добил невролошка варијанта на ГБС што предизвикала парализа, но без дезориентација или несвесност.

- Било и комплицирано да се утврди во тоа време причината за неговата смрт бидејќи се потпирало на присуството на здив, наместо на пулсот, вели таа.

Овие тешкотии, заедно со типот на парализа на неговото тело (најчесто предизвикани од ГБС) и намалена потреба за кислород, ја намалиле физичката видливост на неговото дишење. Можен пад на авторегулацијата на температурата на неговото тело и неговите зеници да станат фиксирани и проширени, исто така укажуваат на зачувување на неговото тело што не настанало поради чудо, туку затоа што тој не бил мртов.

-Сакав да поттикнам нови дебати и дискусии и можеби да ги преработиме историските книги, тврдејќи дека вистинската смрт на Александар била шест дена подоцна од предходно прифатената. Неговата смрт можеби е најпознатиот случај на pseudothanatos, или лажна дијагноза на смртта, некогаш искажана, вели таа.

Д-р Хол верува дека луѓето се' уште се заинтересирани за Александар, бидејќи тој бил психички сложена и комплицирана личност која се сметала за воин херој. Постојаната мистерија за неговата причина за смртта продолжува да го привлекува и јавниот и интересот на научната заедница.

-ГБС дијагнозата за причината за неговата смрт е тоа што објаснува толку многу, инаку различни, елементи и ги прави во кохерентна целина, наведува таа.

 

09 март 2019 година

https://denesen.mk

 

 

 

 

 

_________________*********_________________

Блаже Конески

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

 

КОШМАР

  • Што тажно да заспиваш сам
    По ноќ на желби и трескот.
    Јас таа тага ја знам.

    И зошто тогаш сиот баран блескот
    И сета веселба барана?
    И зошто, повеќе од тоа, благост
    Во погледот и зборот наш
    За час макар дочарана?

  • Ах, зошто, зошто?
    кога се враќаме ти пак си студна.
    Разочарана
    Се леди од тебе душава блудна.

    Јас сум груб,
    Јас сум луд
    Од тој студ!

    Не, нејќам јас да биде така.
    Ме дави сува рака.

    Јас страдам дека сум сам,
    Во кошмар дека се губам -
    А сакам да љубам,
    Сакам да љубам!
    ************
    Автор: Блаже Конески

Kind regards : 13 март 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 201

ВИДЕОТЕКА

*************