Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ЧЕСТИТ 8-ми МАРТ НА  РЕВОЛУЦИОНЕРКИТЕ И РОДОЉУБКИТЕ МАКЕДОНСКИ, БИЛО КАДЕ И ДА СЕ

******************

 

Ова јавување  Ви го посветувам Вам,  драги Македонки ширум светот, Вам, изворот на животот, родољубки и борци за суштинските права на  нашата Татковина,  Република Македонија, и најискрено

 ВИ ГО ЧЕСТИТАМ ВАШИОТ ДЕН,  8-ми МАРТ!

Секој голем настан има своја историја, угорнини и надолнини, па така и овој мартовски ден.  Ден, кој ја одбележува борбата на жените во светот за нивните универзални права! Права од материјалната и духовната сфера,  како на пример  правото на достоен човеков живот, образование,  вработување,  пристојна награда за вложениот труд, правото да бираат и да бидат бирани на било која  должност во општеството и да преземаат одговорност, за своите постапки. 

Големиот празник  на жените, 8-ми март, е симбол на нивната праведна борба за рамноправност и се слави секоја година на овој ден. Се слави како спомен,  кога во 1857 година во Њујорк, кројачките од текстилните претпријатија излегoa на протест против лошите услови за работа и ниските плати. Излегоа, и ако знаеа дека нема да бидат поздравени и прифатени со разбирање и благонаклоност од тогашниот машки свет и од своите работодавци. И ако нападнати и растерани од полицијата, тие   смело и одлучно ја продолжија  борбата до конечната победа над неправдата. Две години подоцна, во истиот месец, жените го оформија и првиот работнички синдикат, знаејќи, дека само обединети и збратимени ќе бидат посилни од злото креирано од алчноста и примитивизмот на светот во кој и самите живеат!

Следните години, уште позачестено  ги продолжија  протестите, од кои најпознат е оној од 1908 година, кога Тие организираа марш во Њујорк барајќи регулирање на работното време, подобри плати и гласачко право. 

Потоа, во 1910 година, во Копенхаген, ја одржаа првата меѓународна конференција на жените, на која, по предлог на германската социјалистка Клара Цеткин  прифатија секоја година да се слави денот на работничките и   нивната меѓународна солидарност во борбата за рамноправност со мажите, во сите јавни сфери на животот. И така на така, се' до 1977 година, кога Генералното собрание на ООН ја донесе одлуката 8-ми март да биде прогласен за Меѓународен ден на светата борба  на жените  за правда и  мир меѓу луѓето.

Меѓутоа, војните и неправдите  продолжуваат и понатака со несмалена жестина, заедно со немилосрдното   раселување на народите, уништување на нивните милениумски културни и цивилизациски достигања и ограбување на  материјалните и духовните вредности. И сето тоа,  под маската на демократијата, слободата и благосостојбата.

Во тој виор на човековото лудило се најде и Република Македонија. Со монструозна конструкција на експериментален проект, брутална вазалска послушност и сервилност на  домашните изроди и предавници, големите сили, наши "пријатели и стратешки партнери" со помош на НАТО и Европската унија од петни жили настојуваат од нашата држава да создадат нов папет сојузник, за понатамошно освојување на светот. Новоизмислена балканска творевина, Северна Македонија, злосторнички проект    без преседан, во човековата историја.

Со менување на името, продавање на  националниот идентитет на Македонците, забранување да се користи  се' со предзнак македонски и македонско, и со укинување на македонското државјанство, се создава држава на граѓани како аморфна маса луѓе без национални чувства, и без никаква одговорност, љубов и лојалност кон својата сопствена земја и држава. Се создава и реализира  "Отвореното општество" на проклетникот Џорџ Сорос   или "едното општество за сите", на абдалот Зоран Заев.

Па затоа  ваквата положба во која се најде нашата Татковина, беше уште еден силен поттик за  жените во Македонија. Во Македонија, но и во заедниците надвор од неа, сите заедно да ја прифатат борбата за ослободување на Република Македонија од ненародната и нелегално, од надвор, поставена власт како своја  борба и обврска спрема Република Македонија и  македонскиот народ. 

Ја покренаа на уште повисоко ниво, од оние протестни маршеви во минатото и со својата константно и секојдневна борба,  како Давид со Голијат, на целиот свет му докажуваат  што се случува денес во светот и со прст го посочуваат виновникот за постојаните немири и војни на секаде, каде народите неможат да му се спротивстават.

Се борат на дневна база и против истите непријатели од минатото и уште повеќе од тоа. Се борат против својата ненародна  власт и  нелегалните  властодршци насилно инсталирани во Република Македонија од странски фактори, отворени непријатели на Република Македонија и народот македонски. 

И затоа, и овој пат нашите мајки, баби, сестри и внуки ги посочуваме за пример на храброст, љубов и лојалност спрема Република Македонија и уште еднаш им го честитаме празникот 8-ми март 2019 година.

За секогаш, Ваш Сотир!

 

Средина: Проф., Виолета Ачковска и неколку познати активисти за одбрана на Република Македонија: Виолета Петковска, Ана Бобинкова, поетесата Розита Христовска (крајна десно) и...

  • Ана Бобинкова

  • Македонско девојче

Професор Гоце Андревски

 Проф., Гоце Андревски

КАКО "СЕВЕРНА" ДА НЕ ФАТИ КОРЕН МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ

**************

"СТРАТЕГИЈА НА КОЛЕКТИВНО ПРЕНЕБРЕГНУАЊЕ"

 

Стратегијата "Колективно Пренебрегнување" (базирана на игнорирање, занемарување и презирање) е историски најуспешната стратегија на Македонскиот народ за зачувување на својот идентитет.

Преку оваа стратегија, нашите предци колективно ги саботирале обидите за асимилација. Тие ги игнорирале туѓите насилно наметнати традиции и религии, ги занемарувале наметнатите јазици и топоними, но и ги презирале нашинците кои понизно слугувале на странските режими.

Стратегијата на колективно пренебрегнување е латентно вткаена во меморијата на Македонскиот народ. Денес, оваа стратегија ќе се рефлектира во колективното игнорирање на зборот "северна" во секоја ситуација и од сите слоеви на општеството. На пример, наставниците ќе ги игнорираат ревидираните делови од учебниците, новинарите сосема "ненамерно" ќе го "испуштаат" овој збор во своите прашања, спортистите ќе го покриваат кога ќе се пее химната, а туристичките водачи ќе посакуваат добредојде, не во северна, туку во Македонија...

Младите постојано ќе изнаоѓаат креативни начини за заобиколување и исмејување на придавката "северна". Северна ќе биде збор со стигма. Симбол на обесправеност, неспособност, корумпираност и полтронство. Зборот "северна" ќе биде сведен на "зборот С", кој исто како и "зборот Н" (со кој белците ги нарекувале африканските-американци) ќе биде срамно и непристојно да се изговари.

Колективното пренебрегнување како историски автентична и успешна стратегија на Македонскиот народ ни дава за право да веруваме дека зборот С нема да фати корен.

Како и секој имплант, туѓ и неприроден, ќе биде отфрлен од Македонскиот народ. Кога меѓународните констелации ќр дозволат, ќе биде и институционално отстранет. 

***********

Гоце Андревски е професор по стратегии на Смит школата за бизнис на канадскиот Кралски Универзитете.

https://expres.mk

01 март 2019 година

СЕВЕРНА НИКОГАШ

 

Роберт Димитриевски

КАКО ПРОТИВ "СЕВЕРНА"

**********************

 

"Зошто во текстовите се' уште пишувате Македонија? Нели сме Северна Македонија?" "Затоа што вистинските Македонци не ја признаваат 'Северна'. Инаку, во право си".

Оваа реплика под пост на Фејсбук-страницата на expres.mk дава еден од одговорите на прашањето од насловот.

Борбата против "Северна" не е и воопшто нема да биде лесна, уште помалку едноставна. Маневарскиот простор на безмалку двотрениското мнозинство македонски граѓани, кои со бојкотот на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година јасно ставија до знаење што мислат за преименувањето на државата, со силувањето на нивната волја во Собрание е прилично ограничен. За нив како сол на рана делуваа лепенките врз таблите на македонскиот дел од граничните премини со наметнатотот ново име. Дел од нив можеби се охрабрија, знаејќи колку е тешко да се врати назад тркалото на историјата. Дотолку повеќе, што државата има малку механизми на принуда да се спроведе нејзина одлука, колку таа и да е против волјата на огромен број граѓани.

Наскоро ќе почнат да се издаваат лични карти, пасоши, имотни листови, свидетелства, формулари и други документи со географска додавка, а без нив поединецот не може да функционира во една државна заедница, колку и да не му се допаѓа тоа што го пишува во нив. Згора на тоа, неприфаќањето на "северџанските" документи повлекува казна, а како изгледа борбата со ветерници (држава) знае секој што му застанал на патот на нејзиниот бирократски апарат.

Но, отпорот на силеџиите не може и не смее да заврши со "легнување на брашното". Еден аспект од таа борба го дефинира кандидатката за претседателка на државата, Гордана Силјановска.

"Ќе формирам експертски тим на домашни и странски професори по меѓународно јавно право. Малите држави се повикуваат на правото, големите на силата. Да го отворима прашањето за името на Република Македонија. Тоа не е затворено. Пред меѓународните судови и институции. Во секоја средба ќе укажувам дека неможам да се поделам на две личности. За мене владеењето на правото е врвната цел. Ако сите народи имаат право на самоопределување, истото важи и за македонскиот народ и за Република Македонија! - порача таа на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, каде што ја доби подршката од партијата што освои најмногу пратенички мандати на последните парламментари избори.

Некој на ова ќе реплицира дека во денешниот свет силата често се наметнува над правото и го игнорира, како што направи НАТО со пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011 година во полза на Македонија против Грција. Да, но со правната битка, покрај другите начини на изразување несогласување и спротивставување, колку и да изгледаат залудни во моментов, прашањето за името на Република Македонија останува отворено. До некоја поповолна констелација на геополитичките односи за македонскиот народ и неговото право на самопределување, вклучувајќи го и именувањето на сопствената држава.

Ако ја апстрахираат деструктивните манифестации за неприфаќање на "Северна Македонија", кои барем засега се чинат нереални, на тие што не можат да го смислат посеверничувањето на татковината им остануваат на располагање и други облици на отпор, а да не дојдат во судир со законот. Пример, за тоа е не само "преживувањето", туку и се' позачестеното користење на знамето со Сонцето од кутлеш на спортски настани, партиски митинзи, свадби, во автомобили, на балкони или на јарбол во двор. И покрај тоа што по тригодишна употреба како државно знаме е заменето со сегашното дизајнирано од сдсмовската перјаница Мирослав Грчев како дел од Времената спогодба со Грција во 1995 година.

Кој може да му забрани на некому, да речеме, во контакт со странци во секојдневниот живот или на меѓународни собири да им ја објасни заднината на промената на државното име и неговото отфрлање од повеќето Македонци? Кој може да спречи пренесување на името Македонија и на идентитетот од колено на колено, без никакви префикси?

Дури ни медиумите не се обврзани да ја именуваат земјава со "Северна", ако не добиваат средства од државниот буџет. Не земаат ли пари од "Северна", никој не може да им наложи да не продолжат да го користат името Македонија за својата држава.

Се разбира, некому сето ова може да му се чини детски, банално, смешно и сведување на обична симболика. Но, пробајте тоа да му го кажете, на пример, на некој што се вика Христо дека од утре, "за негово добро", сите ќе го викаат Мухамед и оти тој самиот ќе мора да се одзива на тоа име и да се потпишува така. И обратно, нека се обидат Мухамед да го прекрстат во Христо, па ќе видат чија мајка црна волна преде.

Ова се само "сет идеи", што би рекол Нимиц. Гласно размислување без претензии да се тврди дека е (единствено) правилно. Крик на стотици илјади Македонци во земјата и во дијаспората што се' уште не можат да се соземат од неподносливата леснотија со која Заев и компанија го трампа вековното име за влез во воен сојуз.

Креативноста на секој поединечно што не се помирува со тоа ќе ги обликува идните форми и изрази на спротивставување на "Северна". И на држење на прашањето за името на Република Македонија отворено до неговото затворање со силата на аргументите, а не со аргументите на силата.

Ништо не е вечно, колку и да изгледа така во моментот. Кој можеше и да помисли не толку одамна дека еден ден ќе се распаднат Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт или дека двете Германии повторно ќе се обединат во една држава? Или дека некоја земја ќе излезе од Европската Унија, како Велика Британија, следниот месец? 

*****************

 https://expres.mk

18 февруари 2019 година 

Ангелина Маркус

ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

**********************

ВЛАДЕТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

 

Сите познати и образувани луѓе во вековите пред Христа пишувале за македонската историја и за Македонците како народ, а сегашниве Грци, секогаш се спомнувале како Атињани. Тоа се Херодот, Тукидит, Полибие, Плиние, Библијата, како и познатите автори што пишувале за Александар Македонски: Куртие Руф, Аријан, Диодор, Плутарх, Јустин и многу пред нив и по нив. Сите тие избегнувале да ја прикажат долгата листа на македонските владетели пред Филип Втори и Александар Трети Македонски, како и по нив. Тоа како да им дава право да ја освојуваат македонската пребогата земја, држава, народ, култура и да ни ги негираат името и јазикот, обичаите што опстанале кај Македонците до денес.

Историските факти, материјалните докази со потврдени археолошки наоѓалишта и оригиналните пишувани книги, ни зборуваат за еден долг континуитет на постоење на Македонија како држава, со имиња на кралеви и градови, престолнин, реки, мориња, планини, сите со стари древни имиња од пред 3000 години. Македонските царски династии исто така претставуваат пишувана царска историја во време и простори точно одбележани во сите владеења со Македонија и подоцнежното владеење со целиот свет што го оствариле Македонците и извршиле влијание врз другите народи. Тоа е причина што често се навраќаме на владеењето на македонската династија од 9-иот век пред Христа па наваму. Тоа го докажуваме и сега со покужување на 1000 годишната листа на македонската кралска династија.

Досега не сме наишле на листа на која што се изложени комплетните имиња (родословието) на царските семејства. Одбележани се само името, годината и времето на владеење на синот наследник и на другите потомци, принцови и принцези. Имињата без поопширно родословие се повторуваат во континуитет од 500 до 1000 години, иако македонскиот род останува со огромен број истакнати личности  што не добиле историска шанса да се претстават како владетели. Околу владетелот постоеле царски другари и генерали со своите синови еднакви на царот и неговите придружници. Тоа е многубројното македонско племство од кои подоцна се регрутирале идните владатели како што се случило да го наследат Александар Македонски, продолжувајќи го постоењето на македонската држава. Тие егзистирале и 300 години по неговата смрт, со сите карактеристики на Македонија како држава. 

Од тој период некои брзо станале династии, женејќи се со ќерките на Филип Втори, со Молоските принцеви, Линкестидите и други членови на царските семејства. Таков е случајот со Касандар и ќерката на Филип Втори-Тесалоника, Александар од Епир исто со филиповата ќерка Олимпија, потоа Пердика, Птоломеј, Антонио станал владател преку Клеопатра, пред тоа и Цезар и многу други ја зацврстувале власта на престолот преку брачните врски и сојузи со Македонците. Тоа исто се практикувало и во владеењето на Филип Петти и Персеј. Добро познати се свадбите на Александар Македонски и неговите царски другари со персиските принцези. Роксана, персиска принцеза, жената на Александар, го родила неговиот син Александар Четврти, кој ги имал сите наследни права на македонскиот престол и иако бил малолетен во негова чест биле искован пари.

Филип Втори , Алексндар Трети и другите владетели го носеле името со презиме Македонски. На македонскиот престол од династијата 640 до 146 година пред Христа познати се 6 владетели  со името Филип, а по некој Филип има и во други династии:

Филип Први - 640 - 602 г. пред Христа

Филип Втори - 359 - 336 г. пред Христа

Филип Трети (Аридеј) - 323 - 317 г- пред Христа

Филип Петти - 221 - 179 г. пред Христа

Филип Шести - 168 - 146 г. пред Христа.

 

 

  • Александар III Македонски

  • Филип II Македонски

Филип Втори е познат по реформите што ја зацврстиле Македонија, со обединувањето на македонските племиња, со фалангата, со градбите, со начинот на војување, со дипломатијата, со економијата, со златниот Статер, со прославите... За него не стивнува интересот и славата за се' што направил за Македонија. За него пишуваат многубројни автори од  IV-иот век пред Христа, па се' до денес.

Неговиот систем на владеење се проучува и се применува во современиот свет во многу меѓународни организации како исклучителен пример. Филип Втори Македонски ги носи сите карактеристики на македонски владетел какви што биле и другите кралеви во династиите од Македонија.

Филип Петти во се' наликувал на Филип Втори. Се борел да ја сочува Македонија во истите граници, против сите непријатели и со сите стратегии. Како што Филип Втори го подготвил синот Александар за наследно владеење, така Филип Петти го подготвил сина си Персеј да владее со Македонија уште поголема и побогата од пред двесте години кога државата се консолидирала како светска империја

 

Професорка Ангелина Маркус 

 

Блаже Миневски

Блаже Миневски

МАСОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА НА ВМРО

**************

 

Според документите на масонската ложа на Бугарија, засега единствено може да се потврди дека од лидерите на ВМРО само Александар Протогеров бил велик мајстор на софиската масонска ложа "Светлина". Тој е роден во Охрид, во февруари 1867 година, а бил член на ЦК на ВМРО заедно со Тодор Александров и Петар Чаулев. По убиството на Александров, се спротивставува на терористичките методи на ВМРО и, за жал, тоа ќе го чини живот, односно ќе биде ликвидиран од луѓето на Ванчо Михајлов.

Благодарение на масонските пријателства и контакти на Протогеров, македонската револуционерна организација имала одлични врски со значајни европски центри на моќ. Така, уште во почетокот на минатиот век, со масонска финансиска подршка излегувале многу македонски весници во Европа, кои пишувале за страдањата и голготата на македонскиот народ. Еден од тие весници е и весникот "Македонско движење", кој излегувал од 1902 до 1903 година. Главен уредник на весникот бил ресенецот Симеон Радев, кој исто така, бил масон. По завршувањето на францускиот лицеј во "Салата Сарај", во Цариград, ресенецот Радев активно се вклучил во македонското ослободително дело. Одржувал чести контакти со Гоце Делчев, Пере Тошев, Христо Матов и со Борис Сарафов, за кои пишува дека се "големи борци за слободата на Македонија". Во едно негово шифрирано писмо, цитирано во спомените на Кирил Прличев, меѓу "браќата" по принципот Љубов-Вистина-Труд соопштува дека биле обезбедени средствата за печатење на македонски во Париз. Според сведоштвото на самиот Борис Сарафов, токму Симеон Радев го запознал со француските интелектуалци Пресансе, Клемансо, Виктор Берар и други, кои ја подржувале македоснката ослободителна организација.

Задграничните претставници и раководители на револуционерната организација, како Протоѓеров, Баждаров, Прличев, Спространов и Томалевски, благодарение на масонски канали успеале да воспостават значајни и многубројни контакти во Европа. По тие канали се одржуваат врски со Австрија, Унгарија, Италија, Германија, па дури и со Франција, која, како што вели Кирил Прличев, во тоа време била мошне "непријателски настроена кон ВМРО". Во тој период македонската револуционерна организација има најдобри врски и пристап до највлијателните центри на моќ во Европа, па дури и со Британскиот двор, односно со кралот Едватд Седми, кој, исто така, бил масон. Значи, она што го почнал Даме Груев како лидер на ВМРО во почетокот, подоцна го продолжиле редица негови браќа, масони, вклучени во револуционерното движење.

******************

http://media24.mk

 

 

 

Панде Манојлов

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

****************

 

 

КРЧМА БЕЗ КРЧМАР

  • Знаев дека во кафеаните,
    знаев дека во меаните,
    се порачува јадење,
    се порачува и пијалак,
    се порачува и на некоја сметка
    без крчмар,
    но не знаев дека
    во кафеаните
    во меаните,
    во луксузните хотели
    се порачува
    држава на послужавник,
    се порачува народ
    надробен во македонска салата
    за со тап нож да се сече,
    да се парчи
    и од тоа парче што останало,
    што останало од Македонија
    да се дораспарчи
    како старо парче сирење
    за да се изренда
    на некоја нова
    европска салата...
    Пак крчма

  • без крчмар,
    пак воскрес на мртви идеали
    во Букурешт некогаш,
    или денес во Солун
    во луксузните одаи
    на некоја нова,
    тукушто неумрена Европа,
    а ние Македонците
    пак живи мртовци
    на жртвена софра
    со крвав чаршав поставени!
    Само едно
    едно да не заборават
    лиотите балкански,
    да не го заборават Орцето,
    Кирков, Мечев, Маџунков,
    Арсов, Шатев да не го заборават,
    да не ги заборават Гемиџиите
    зашто динамитот
    сеуште во смртта нивна
    тлее незапален!
    *************
    Автор: Панде Манојлов

Kind regards: 08 март 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 200

ВИДЕОТЕКА

**************