МАКЕДОНСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ ВЕ ПОВИКУВА

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА ВО ОДБРАНА НА ТАТКОВИНАТА

****************

Можеби насловот некого го збунува, но тоа е денешната реалност во Македонија. Предавството на македонската држава и националните интереси на народот, нечесно дело на СДСМ и нејзините политички сојузници во земјата, ги мобилизира освестените сили во Република Македонија: мајките, бранителите, пензионерите и дел од младината, да се самоорганизираат и одлучно тргнат во одбрана на се' што може да се одбрани. Да се одбрани светото име македонско од домашните изроди и предавници и надворешните  хохштаплери. Тоа е причината за раѓањето на  Семакедонскиот Народноослободителен Фронт (МНФ).

Насилното преземање на власта во државата, од  Зоран Заев и неговата дружина, ја разбуди  и откопа македонската Пуза и го потпали оганот кој ни се заканува  со непредвидливи последици, последици, невидени на овие простори од воините што останаа зад нас. Останаа зад нас, Македонците, ама никогаш не завршиле! Одново дувна македонската олуја, која пополека, но сигурно се шири на секаде по македонската земја, подготвена да прерасне во оркан, кој ќе ги однесе властодршците таму, каде им е местото.  Таа ја поттикна совеста кај поголемиот дел од македонскиот народ да тргне во самоодбрана. Во самоодбрана од властодршците и диктаторот Зоран Заев, кои под покровителство на странски фактори направија страотен пустош во Република Македонија. Причината за тоа? - по секоја цена влез во НАТО и Европската Унија и предавање на македонската земја под комплетна контрола на надворешните злосторници и џелати! На оние,  чии раце се се' уште крвави од sверствата над Македонците во поробените и окупирани делови на македонската земја.

Ако неможат едните, се вели, можат другите! Ако мажите постанаа предавници, изроди и неодлучни, жените постанаа борци и тргнаа да го организираат здравото ткиво во Република Македонија. Да го организираат и да го поведат во последната битка за Македонија. И нема да останат сами и беспомошни! -  ќе ги следат и жените на иселениците и нивните деца!

Македонските жени уште од почетокот на немилите предавнички настани во нашата татковина беа во првите редови на одбраната на името на македонската држава, на идентитетот, историјата, традициите, јазикот и се' друго што e македонско. И по сонце и по снег, дожд и закани од македонската ненародна полиција, заедно со дел од машката популација, упорно и смело го подигнаа семакедонското знаме со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш со повик на    семакедонско братство и единство, во одбрана на татковината.

И дури таканаречените лидери на безброј политички партии, со по неколку свои лојални следбеници се занимаваат самите со себеси во дебати и закани по ТВ и Радио програмите низ Македонија, еден абдал, Зоран Заев, несметано си ја врши работата. Се' што му беше наредено од надвор по ред си заврши и сега кога не остана ништо од  Република Македонија, се појавија "лидерите" на "опозицијата" со својот претседателски кандидат за кој веруваат дека, ко бајаги, ќе ги решел проблемите во кои и самите наголемо учествуваа.

За среќа, непријателите во текот на својата злосторничка работа направија многу погрешни чекори, кои ни одат во полза и ни даваат надеж дека со помош на меѓународните институции за одбрана и заштита на човековите права и самоопределувањето на народите во светот, ќе го повратиме изгубеното. Ќе го вратиме, само ако самите ги покренеме барањата за поништување на сите неуставни и незаконски одлуки и договори со кои ја продадоа државата како зеленчук на пазар. Ќе го повратиме изгубеното, но со нови и чисти сили, зошто од овие кои досега се товеа  на македонските јасли, фајде нема!  Ниту некогаш некои аир ќе види од нив. А што е најважно, да си го повратиме пониженото национално достоинство и честа на нашите предци!

Рековме дека како рамнотежа на сегашните властодршци предводени од абдалот Зоран Заев од Муртино, самонаречен "светски граѓанин", а не Македонец, неминовно и природно се роди сенародното движење под име : МАКЕДОНСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ! Семакедонско движење со цел вклучување, во своите редови,  сите оние кои мислаат и чувствуваат дека МАКЕДОНИЈА ИМ ПРИПАЃА НА МАКЕДОНЦИТЕ и на лојалните национални малцинства. Македонија им припаѓа на Македонците и дека  не е приватен имот на Зоран Заев и Никола Димитров за продавање на пазар како зеленчук  или стадо овци за стрижење! 

Затоа, Македонскиот Народноослободителен Фронт ги повикува сите субјекти и поединци здружени со својот македонски народ,  во еден заеднички: ШИРОК МАКЕДОНСКИ ФРОНТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА! Пристапувањето кон МНФ е овозможено по електронски пат, а пак за оние кои немаат пристап до електронските средства за комуникација,  со давање лични писмени изјави и потпишување во тетратки на МНФ. 

За положбата во која македонскиот народ, со лаги и невистии, се најде и дозволи  да  се изнедрат многу предавници и профитери, делумно е крива негрижата и инертноста на нашите врвни интелектуалци, но и пропагандите на соседите и надворешните фактори со своите перфидни  геополитички и приватни интереси! 

За разлика од Заев и неговите следбеници, кои секој ден се наоѓаат во некоја друга земја и ја продаваат својата приказна заедно со  "заслугите" за решавањето на долгогодишниот наметнат проблем со името на државата и "смирување" на односите со Грција, Бугарија и Албанците во Македонија, опозицијата  седи дома,  се врти самата околу себе и го замајува македонскиот народ со лажни приказни за благосостојба, кога ќе дојдат на власт! 

Вистината за настаните во Република Македонија  не допира до поширокиот балкански регион.  Малку кој знае во што е проблемот со Грција, Бугарија и Албанците. Малкумина знаат што Република Македонија и македонскиот народ губи, а што добива со влезот во НАТО и ЕУ. Проблемот со името е релативизиран до таму, да не се споменува цената  која Македонците ја плаќаат за таква една насилна интеграција во овие меѓународни организации, НАТО и ЕУ.

И многу повеќе од тоа! Кога се зборува за античка Македонија и нејзините лидери, како на пример Филип Втори и Александар Трети Македонски, многу мислат дека сето тоа им припаѓа на Грците. Зошто? Па затоа, што многу македонски историчари, а уште помалку политичари не се осмелуваат да се впуштат во дијалог со Грците, Бугарите, па и Албанците  да ја презентираат својата страна на вистината. Од политички причини или од  непознавање на својата сопствена историја.

Некој вели дека немаме пријатели во соседството зошто со нив само се караме и не им даваме што е "нивно". Па тогаш како ќе сме влезеле во НАТО и ЕУ без нивна подршка. Ако се влезе во разговор со било кој обичен и доволно образован на пример Србин, Хрват, Босанец за македонската историја и односите помеѓу соседите, ќе наидете на sид поставен од времињата на заедничкиот живот во СФРЈ кога разговорот за "македонското прашање" беше табу тема! Па затоа проблемот со името е и денес чисто техничко прашање, кое не' прави разлика како ни се вика  државата или народот и што е се' вградено во тој  проблем.

Па затоа, за да си ја средиме државата и го вратиме нашиот национален идентитет, заедно со изгубениот углед и достоинство, ни треба генерална реформа и нова Влада. Влада и институции кои ќе им служат на народот во согласност со Уставот и законите на Република Македонија.

И за крај, за да не заборавиме, Република Македонија е унитарна и мултиетничка државна   заедница со повеќе национални малцинства за кои е должна да се грижи и почитува нивните малцински права, во духот на меѓународниот правен систем, што не е случај со Грција, Бугарија, Косово и Албанија.  

**************

 За секогаш Ваш, Сотир

 02 март 2019 година. 

 

 

Иван Бродиќ

Иван Бродиќ

 ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО

***************

 

Хрватскиот новинар Иван Бродиќ деновиве во порталот ДИРЕКТНО објави извонреден коментар за промената на името на нашата земја со длабока анализа и критички осврт со кој што укажува на скандалозната операција без преседан што ја спроведе - како што вели тој: "анационалната левица" во Република македонија. Тие, (анационалната левица) не само што наметнаа ново име на една држава и покрај негативната референдумска воља на политичката нација, туку успеаја да укинат еден цел народ.

Националната држава (Република Македонија) постана територија како аморфна маса на која живеат граѓани во генитив!

 Имено, до неодамна постоеше земја која Република Хрватсака, заедно со 138 држави во светот ја признаа по нејзиното сега веќе поранешно уставно име Република Македонија. Заради тоа можеме да кажеме дека почина Република Македонија која беше според уставните промени на втемелени во договорот на "севернмакедонскиот" премиер Зоран Заев (кој минатата година во Солун изјави дека не се смета за Македонец, туку за граѓанин на светот) и Ципрас во Солун (градот кого граѓаните на Северна Македонија не ќе смејат повеќе да го ословуваат со словенското име во службената комуникација), за кој што гласаа сите пратеници во Собранието од СДСМ, сите пратеници од албанските партии во Собранието и осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои со тие гласови истргуваа слобода од затвор на што беа осудени поради мирните протести против промена на Уставот.

И самиот премиер, кој дојде на власт со неуставна конституција на парламентот (немаше мнозинство од 61 пратеник, туку од 59), предизборната кампања ја водеше по пат на протести што добија име "Шарена револуција" заради потребата за уништување на скопските фасади со разни бои, а тоа го финансираше американскиот филантроп Џорџ Сорос и неговата фондација Отворено општество.

Иако би можело да се каже дека уставните промени и промената на името беа неопходен компромис за да се прекине тридецениската блокада за влез во евроатланските институции, токму во тоа се крие и првото подметнување. Македонија, имено, не е крива за невлегувањето во споменатите институции, бидејќи земјата (Македонија) на Балканот беше прва подготвена за влез во НАТО, а во неа подршката за влез во ЕУ беше поголема од 80 посто. Дерогирањето на подршката, институционалните проблеми и наводното вртење на еден политичар (денес азилант во Будимпешта) кон Русија впрочем се последица на нерационалната грчка блокада, а не нејзин повод.

До блокада дојде и порај одредбите на тогаш сеуште Република Македонија за непостоење на аспирации према Егејска Македонија. Многу веројатно и поради страв од геноцидот над Македонците во Егејска Македонија 1948 и 1949 година.

Второто подметнување од луѓето што го оправдуваа сегашното преименување е договорот што е спротивен на Охридскиот мировен договор од 2001 година, кој Зоран Заев го постигна со потписниците на Тиранската платформа. Имено, Охридскиот договор, заради страв од нови етнички судири, од 2001 година предвидува власта секогаш да ја конституираат победничките партии од двата конститутивни народи (Македонците и Албанците, забелешка МТр).

Тиранската платформа тоа го прекрши и под спонзорство на Еди Рама и Хашим Тачи  го прекршија и сите албански партии во Македонја, со влегување  во таа коалиција. Покрај федерализација на земјата и двојазичност на територијата на целата земја, значи и  во места каде што нема Албанци, побараа и укинување на македонското државјанство. Прифаќајќи го тоа денес, Северна Македонија според уставот не е повеќе национална држава на Северните Македонци (бидејќи, ете, постојат белким и јужни, од грчко потекло, од грчката покраина Македонија која се' до 1990 година НЕ го носела тоа име, а се викала Северна Грција), туку граѓани на Северна Македонија.

За оние кои не им е јасно за што се работи, да се потсетиме зошто во 1989, 1999 и 1991 година инсистиравме на номинатив во називот за Република Хрватска.

Третото подметнување кое е еднакво со Гебелсовата пропаганда, се крие во уште еден договор кој што го потпиша премиерот на Северна Македонија, апатрид по сопственото признание, Зоран Заев. Станува збор за Софискиот договор. Граѓанинот на светот Заев тогај му потпиша на Бојко Борисов документ според кој во името на  (тогај сеуште) Република Македонија се откажува од македонското минато и дозволува инспекција на бугарското министерство за просвета во македонските учебници да врши преглед. Потпиша (Заев, наша забелешка) дека целата историја на (дотогаш сеуште) Република Македонија започнала во 1945 година, а се' пред тоа била бугарска историја. Заради тоа, Заев мораше да му се извинува на Бојко Борисов бидејќи Илинденското востание и Крушевскиот манифест ги нарече дел од македонската историја.

Четвртото подметнување е во тоа што сите противници на новонастанатата ситуација се прогласуваат за русофили. Станува збор за граѓани на западна Европа или за оние кои поминале години на западот дека се русофили!? Противприроден блуд е блуд исто како и да се занемари поврзаноста на Заевата партија со, поверениците на Турскиот тек со руски бизнисмени со "поранешната отоманска територија - Грција".

Со смртта на Република Македонија, според тоа, можеби е направен чекор кон ЕУ и НАТО (каде на Република Македонија одамна и' беше местото), убиен е цел еден политички народ и продадена е неговата историја. Сумирано во една реченица: Северна Македонија и нејзиниот нов устав Македонците како нација ги става во законска положба во каква што беа пред Илинденското востание.

********************

Вторник, 26 февруари 2019 година

http://mn.mk/aktuelno/

Д-р Олси Јазеџи

ИНТЕРВЈУ СО АЛБАНСКИОТ ИСТОРИЧАР, ПУБЛИЦИСТ И ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР Д-Р  ОЛСИ ЈАЗЕЏИ

***************

Ексклузивно интервју за македонскиот весник "Илинден"

 

"Илинден": Како гледате на перспективите за односите по меѓу Република Албанија и Република Македонија?

Д-р Олси Јазеџи: Мислам дека односите меѓу Албанија и Македонија се развиваат многу добро. Албанија и Македонија имаат многу заеднички работи. Тие се Балкански земји кои делат Отоманско и Византиско минато. Многу ренесансни националисти од Албанија потекнуваат од Македонија. Многу државници кои придонесоа за создавањето на Албанија во 20-тиот век беа Македонци. Во сегашната Влада на Еди Рама имаме министри со македонско потекло, ама не го признаваат јавно. Македонците во Албанија, од поранешниот Муфтија на Албанија, Селим Муча, до Министерот за дијаспората, Пандели Мајко, од секогаш биле многу влијателни во Албанија. Имаме многу универзитетски ректори, уметници, новинари, државни службеници, итнт., кои потекнуваат од етнички македонски семејства. Јас лично имам многу пријатели од Голо Брдо - Македонци муслимани, кои се свесни за нивното потекло. Албанија и Македонија имаат многу заеднички нешта. Имаме заеднички етнички групи и сме две земји со големи заедници на Православни Христијани и Муслимани. Имаме заеднички езера и нашите клими, култури и истории се многу слични. Ние сме како еден народ кој произлегол од заедничко-отоманско-комунистичко минато. Постоењето на Албанци во Македонија значи дека Албанците како народ се многу поврзани со Македонија. Многу Албанци одат на одмор во Охрид и Струга и ги посетуваат Скопје и Тетово и обратно: многу Македонци во лето одмораат на албанските плажи. Патот на Албанија и Македонија кон Европската Унија ги трансформира Албанија и Македонија во две прекрасни провинции на Европа. Ако процесот на европска интеграција продолжи според планот, еден ден Македонија и Албанија ќе станат два европски "вилаети" на Големата Европска Империја, како што беа отоманските вилаети пред 120 години. Ќе немаме граници и ќе станеме како една земја.

"Илинден": Какво е вашето мислење за претстојниот Рефрендум во Република Македонија?

Д-р Олси Јазеџи: Референдумот што го спроведува Македонија за промена на името е срамен референдум оркестриран од страна на американската администрација, која очајно посакува да ја внесе Македонија во НАТО. Процесот со кој се наштетува на македонскиот национален идентитет започна во Македонија  со американското мешање во нејзините внатрешни работи. Администрацијата на Обама и Клинтон, која се подготвуваше за војна со Русија, го нападна Груевски како можен русофил и го донесе Заев на власт. Владата на Еди Рама, која му служеше на шефот на ЦИА, Џон Бренан, одигра нелегална улога со притисокот кон албанските политички партии во 2016 година да се приклучат кон интересите на американскиот империјализам и влијание и да се замешаат во внатрешните работи на Македонија со цел да ја донесат американската марионета - Заев на власт. Референдумот на 30-ти септември е продолжение на американскиот проект со кј сакаат целосно да ја контролираат Македонија, како што ја контролираат Албанија од 2014 година. Референдумот од 30-ти септември има за цел да ја омаловажи и навреди Македонија во големата војна на Америка си Русија. Референдумот има за цел:

1. Да го смени името на Македонија,

2. Да ја потчини Македонија кон желбите на грчкиот шовинистички национализам,

3. Да ја внесе Македонија во НАТО,

4. Да ги употреби идните ресурси и луѓе од Македонија  во војните што НАТО планира да ги води против Русија и исламскиот свет.

Рефрендумот од 30-септември има за цел целосно да ја потчини големата историја на Македонија и истиот не ги третира Македонците како нација. Во мојата предходна видео-објава ги повикав Албанците и Македонците во Македонија да го отфрлат овој срамен референдум, да го изразат своето демократско право и да ги одбранат името и историјата на својата земја, како и да кажат "НЕ" на војните и плановите на НАТО. Со тоа што ќе го отфрлат референдумот за приклучување на НАТО, Македонците ќе го зачуваат својот европски идентитет и ќе се спротивстават на меѓународната организација која сака само конфликти и војни.

"Илинден": Какви се односите на Албанија со Грција и Турција?

Д-р Олси Јазеџи: Односите на Албанија со Грција и Турција се многу комплексни. Владата на Еди Рама, во која доминираат христијаните, е главно исламофобна кон Турција и Исламот. Владата на Рама има затворено и прогонувано многу албански муслимани во последните неколлу години, некогаш од многу банални причини. Турција не е многу задоволна од нештата во Албанија и затоа има испратено многу поплаки во однос на подршката на Албанија за антитурски групи сместени на нејзината територија. Албанија нема одговорено на турските барања. Но во економски поглед, Албанија има добри односи со Турција. Премиерот Еди Рама и неговите министри имаат одлични врски со турски бизнисмени. Отворањето на Ер Албанија од страна на Туркиш Ерлајнс е еден таков пример. Сепак, во училиштата и на универзитетите во Албанија, училишните програми го напаѓаат отоманското минато на Албанија и велат дека Турците не ја говореле вистината и не биле цивилизирани. Феноменот кој стои во основа на албанскиот национализам може да се види дури и во Македонија и на Косово.

Односите на Албанија со Грција се исто така комплексни. Премиерот Еди Рама, кој се идентифицира себеси како новороден католик, во последниве години го напаѓа грчкото малцинство во Албанија и дури ја сруши црквата "Св. Атанасиј" во Дерми. Подоцна, владата на Еди Рама се обиде да им удоволи на Грците, но грчкото малцинство не е многу задоволно од тоа што владата на Рама и нејзините бизнисмени им го сторија на нашите имоти на југот на земјата.

"Илинден": Дали се реалистични најавите за корекција на границите со Србија и Косово и дали од истите  би имало последици за Балканот?

Д-р Олси Иазеџи: Прашањето за корекција на границите меѓу Косово и Србија е дел од барањата на американската администрација за Србија и Косово, со цел да се поправат границите и да се дојде до траен мир. Американците, откако ги внесоа Албанија и Црна Гора и сега Македонија со Заев, во НАТО, сакаат да ги додадат и Косово и Србија. За да го сторат ова, прво треба да ги примораат Србија и Косово меѓусебно да се признаат, а за да го сторат тоа, тие сакаат да создадат етнички "чисти" земји. Тие сакаат преостанатите Срби на Косово да прејдат во Србија, а преостанатите Албанци од Србија да прејдат на Косово. Постоењето на ривалски етнички групи на Косово и Србија ќе биде извор на тензии помеѓу двете земји во иднина. На Претседателот Вучиќ од Србија и Тачи од Косово им е наредено од страна на одредени западни политичари и веројатно од страна на администрацијата на Трамп, да ги разрешат своите етнички прашања и прашања за границата и да се признаат едни со други за Русија да нема изговори за мешање во иднината на Балканот. Верувам дека порано или подоцна ќе се случи размена на територии помеѓу Србија и Косово и двете земји ќе се приклучат кон НАТО, и ако за Србија овој процес можеби ќе трае подолго. Последиците за Балканот од ова проширување на НАТО се што ние сите ќе бидеме колонии на НАТО, а Американците ќе доминираат со надворешната политика на нашите земји на истиот начин на кој Римската империја ги контролирала и доминирала со античка Македонија, Дакија, Илирија и тнт. Ние ќе се бориме за НАТО, исто како што античките Македонци, Дакијци, Илиријци се бореле и биле поробени од страна на Рим. Историјата се повторува на Балканот, уште од падот на комунизмот.

"Илинден": Како стои Република Албанија со почитувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија?

Д-р Олси Јазеџи: Во Албанија има многу Македонци. Некои се муслимани, а други се православни христијани. Во места како Гора, Преспа, Голо Брдо, Тирана, Корча, Подградец, Либражд и Дибра има големи македонски заедници. Општо гледано, Македонците се добро интегрирани во албанското општество. По падот на комунизмот, Македонците добија многу права. Сепак, малку Македонци јавно го признаваат својот етнички идентитет во медиумите и во јавноста воопшто. Заради шовинистичкото и националистичко минато на Албанија, многумина се плашат да го изразат својот идентитет. Многу Македонци се асимилирани и го изгубиле идентитетот и денес се прикажуваат како поголеми Албанци од Албанците. Во Албанија не достига мултикултуралност и толеранција. На многу телевизии и весници често можат да се видат навреди против другите малцинства. Во албанските училишта, на албанските деца им се сервираат приказни дека сите жители на Албанија се Албанци. Им се кажува дека Скендербег и Мајка Тереза се Албанци, иако имаат роднини Македонци. Понекогаш дури и универзитетски професори - Македонци, кои се плашат да размислуваат поинаку, ги прифаќаат овие албански приказни. Приказните на албанскиот национализам се само дел од причините зошто Македонците и другите малцинства се плашат да го изразат своето етничко потекло во Албанија.

 Главен и одговорен уредник на Македонски весник "Илинден": Никола Ѓурѓај

Д-р Олси Јазеџи, Ви благодариме за интервјуто во име на македонскиот весник "Илинден" од Тирана. Ви благодариме за соработката и Ви посакуваме лични и професионални успеси.

Д-р Олси Јазеџи: Со искрено задоволство!

Македонски весник "Илинден"

_____________********____________

 

Розита

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

МОЈОТ БЕЗГЛАСЕН СВЕТ

  • Истура небото тишина.
    Молњи без грмеж.
    Капките дожд
    се впиваат во лимот
    без звук.
    Без ромон.

    Старо замрачено меанче
    немоќно му пркоси на мракот.
    Во аголот
    празен подиум за танц.

    Белокос виолинст
    го мачи гудалото
    шетајќи по струните.
    Само слика е без тон.
    Безгласна музика
    а тажна болка.

  • Келнерот крај мене
    бележи нешто.
    Мојата нарачка?
    Не си го чув гласот.

    До мојата маса
    поднапиени гости
    со кренати раце
    и зинати усти.

    Пеат ли?
    Слушам само штама.
    Си ги допирам градите
    на она место
    каде треба да чука срце.
    Ништо.
    Молк.
    **************
    Автор: Розита Македонска Христовска

ВИДЕОТЕКА

****************

Kind regards: 02 март 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 199