ОВА НЕ СЕ ЗАБОРАВА

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ОД ЉУБОВ НЕ СЕ БЕГА

******************

 Најсилното чувство што не држи  простум и горди, е Љубовта!  Таа е најсилна и најискрена, прво спрема Семејството и  Татковината, а потоа со ред нагоре и надолу. Затоа, од неа не се бега, како што ни вели  и убавата песна   во изведба на Зафир Хаџиманов, врвен македонски музички уметник.

Политиката е исто така една врста  љубов, ако му служи на оние, врз чии грбови опстојува. Таквата љубов и од Бога е благословена! Но има и друга, која е презрена и проклета! Таква политика со која се служат политичарите на кои  им служи само како средство за изживување, е политиката на денешните македонски властодршци.  Проклета од народот, но за нив не значи многу; кучињата лајат, караванот си оди! Што вели старата народна поговорка!

Има и  многу  квази политичари кои со своите колумни и своите противречности внесуваат хаос во медиумскиот простор. Само  вистината е правата патека која води до животната цел.   Во спротивно, постануваат дел од пропагандното новинарство, како алатка за дезинформација на едната или другата страна, од политичкиот спектар.

Минатиот пат зборувавме за противречностите во изјавите на професорката Гордана Силјановска, претседателска кандидаткиња на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината љубов кон Македонија.  Меѓутоа, таа љубов е во сенка на љубовта кон НАТО и Европската Унија, од кои нема бегање! Зошто не сме имале алтернатива!  А кога ќе се анализираат политиките на двете меѓународни организации спрема интересите на македонскиот народ, ќе ја видиме и нејзината улога како нов Тројански коњ во срцето на македонската држава, во служба на странските интереси. Ништо поразлична од улогата на сегашниот претседател   Д-р Ѓорге Иванов, кој со избегнување на должностите формулирани во Уставот,  ја докажува својата лажна грижа за безбедноста и сувереноста на македонската држава и интересите на Македонците, како државотворен и мнозински народ во Република Македонија!

Денешново мое јавување ќе биде насочено кон свеченоста по повод официјалното поставување  на НАТО-вото знаме пред безимената владина зграда во Скопје,  опишана од господинот Мартин Треневски.

Инаку, господинот Треневски е поранешен амбасадор на Република Македонија во НАТО (од октомври 2010 до ноември 2014 година) кој  ја одбил поканата од организаторите на свеченоста со образложение, дека тој во Алијансата ја претставувал Република Македонија и се борел за нејзините интереси и затоа му било неприфатливо да присуствува на свеченост на некоја друга, нова земја!? Сосема исправно и гест за секоја чест и пофалба. Но проблемот е во двојната љубов која ја носи во својата душа, заедно со раководството на партијата, на која и' припаѓа: ВМРО-ДПМНЕ!

Во што е работата? Па во тоа, што и после сите вистини за непријателскиот однос на НАТО и Европската Унија спрема Македонија и Македонците се обидува поносно да им докаже на властодршците од СДСМ и нивниот незаконски премиер Зоран Заев,   дека неговата партија, како "најголема" политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, е таа, која го "скршила" мразот и ги поставила темелите на односите со  Западот. Посебно со САД и поголемите играчи, кои ја водат Алијансата по патот на "слободата, демократијата и безбедноста". Па така, обвиненијата  дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател  Д-р Ѓорге Иванов биле анти западни, анти европски  и анти НАТО-вски настроени, не држеле вода! Демек, спрема горе реченото, Заев испаднал поербап од сите и прв успеал да ја суреди Република Македонија и неправедно им ја зел,  славата!?

Па ево на кусо да ви ја предочам "претставата" за која господинот Треневски зборува:

- Во вторникот на 12 февруари на платото пред Владата на Република Македонија (за некого веќе е Северна, но за мене НЕ), се случи свеченост : кревањето на знамето на НАТО кое во иднина ќе стои заедно со државното знаме и во некоја подалечна иднина и со знамето на Европската Унија. Но ние Македонците не би биле тоа што сме, доколку и овој чин не беше проследен со безброј недоследности и контраверзи!... И така продолжува дека таму не бил присатен претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, како и многу други кои по државниот протокол требало да бидат поканети  заедно со многу други од дипломатскиот и воениот кор акредитирани во Македонија да го одбележат овој свечен чин! Но сепак, најважно од се' било тоа, што Претседателот бил поканет, меѓутоа поканата му стигнала после завршетокот на церемонијалот. Што значело во стилот на онаа народната: ТЕ ПОКАНУВАМ ЗА ДА НЕ МИ ДОЈДЕШ! Појаснува Треневски!

И така натака...набројувајќи ги сите услуги и придонеси на Македонија за време на интервенцијата во регионот во 1999 година кога Македонија била преполна со странски војници и тони оружја. И покрај сето тоа што Македонија направила за нив и нивните интереси, притисокот  за разнебитување на нашата држава, губење на македонскиот идентитет со промена на името на  земјата не слабеел, туку се засилувал, се' до Преспанскиот договор со Грција, добрососедскиот со Бугарија и Тиранската платформа за  федерализацијата на Република Северна Македонија, како новостворена држава на стариот Балкан.  Па затоа свеченоста имала горчлив вкус.

...НАТО го кршеше и меѓународното право во однос на Македонија. Според изјавите што ми ги дадоа, мене лично, двајца директори на правната служба на НАТО, обајцата експерти по меѓународно право од Стејт Департментот, со непризнавањето од страна на НАТО на пресудата од Хаг што се однесуваше на непочитување на Времената спогодба од 1995 од страна на Грција беше прекршено меѓународното право. Вели Треневски и продолжува:

- И самиот факт што Република Македонија беше изложена на таков бескрупулозен дрил, цела една деценија, за самата да се преименува, да го смени сопствениот Устав, при тоа брутално денационализирана со промена на етничкиот состав, е пример без преседан не само во НАТО. Вели господинот Мартин Треневски и заклучува: Ете заради овие работи што ни ги приреди НАТО во минатото, церемонијата пред Владата имаше горчлив вкус!

- Државотворната, сега во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ беше прва политичка партија по осамостојувањето која се заложи за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но како достоинствена членка, а не вака понижена и обесчестена како што го сторија тоа на сила интронизираните на власт актуелните властодршци од Илинденска б.б.!

Е, сега мој драг и почитуван амбасадоре на поранешната Република Македонија, се' убаво рековте  за злоделата на НАТО и Европската Унија. Верувајте ми, и јас, заедно со многу други загрижени и навредени, понижени и осакатени во душите македонски сестри и браќа сочувствувам со Вас! Меѓутоа, што вие како најголема политичка партија презедовте да до тоа и не дојде? Да не дојде до промена на името, идентитетот на Македонците, неговата државотворност, неговиот мајчин јазик, неговата вековна култура и традиции и на крајот милениумската историја без која сме никој и ништо? Што презедовте  вашите собраниски пратеници да не бидат криминалци, обвинети и потоа уценети со затвор или ослободени до колу ќе му се предадат на Зоран Заев да  го смени името и идентитетот на државата и на сите нас Македонците дома и насекаде по светот? Ништо! Е, кога сето тоа го знаевте тогаш и после тоа, зошто не им рековте "НЕ" повеќе, господо, не ни сте потребни се' дури не заземете пријателски и праведен став спрема Република Македонија и нашиот народ!

Им се придруживте ли,  благовремено и енергично, на народот кој секојдневно, се бореше и се' уште се бори за нашата заедничка Татковина, Република Македонија, и нашите национални интереси? Пробавте ли да ги заштитите народните Трибуни од  криминалците на СДСМ, "шарените" на Сорос, застранетите "интелектуалци" од највисоките образовни институции во државата? Пробавте ли да ги ослободите од лажната вина за тероризам, или ги пуштивте низ вода сами да се спасуваат или да се удават? Не! Ништо од тоа мој почитуван амбасадоре! Ги гледавте од вашите топли канцеларии не како ваши сонародници кои своите животи и здравјето свое го жртвуваа и се' уште го жртвуваат за Татковината, туку како ваши конкуренти и опасност по вашите фотелји!

Дали претседателот Ѓорге Иванов смогна сила да го заштити народот и државата   од внатрешните и надворешните закани опасни по интегритетот и безбедноста на Република Македонија? Не! Дали се обиде да им се обрати на светот  во Обенитетите Нации и побара прекин на преговорите за обезличување на Македонија и обезправување на народот макдеонски? Не! Не! И сега, од кога приказната е готова, Македонија е преименувана во Северна Македонија а идентитетот на македонскиот народ украден, и' се придружи на  претседателската кандидаткињана ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, личност со исти погледи како и самиот, со желба, како негова наследничка да докусури  се' што остана недовршено од квислингот и предавникот Зоран Заев. Да му ги легализира предавничките не уставни и не легални договори склучени со непријателите на Македонија и Македонците и да продолжи да ја турка Македонија уште подлабоко, до самото дно. 

ВМРО-ДПМНЕ не е ВМРО од 1893 година. ВМРО-ДПМНЕ нема ништо заедничко со идеалите на Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, Даме Груев...Таа е организација во служба на надворешни сили, кои од секогаш имаа за цел уништување на нашата Татковина, од причини, само ним познати. Се вели, на народ кој во Тебе гледа пријател и во добро и во зло,  му чиниш  злосторства и дозволуваш етнички геноцид, ниту една казна не е превисока! За некој кој дозволува одрекнување од деловите на својот народ во окупираните македонски територии, во Грција, Бугарија и во Албанија, ниту една казна не е, исто така, превисока!

 

За секогаш Ваш, Сотир! 

Катерина Захариева

 

 

МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ПРИЗНАА СРЕДНОВЕКОВНА БУГАРСКА ДРЖАВА, ВЕЛИ ЗАХАРИЕВА

*******************************

 

За прв пат по 80 години историчарите на Северна Македонија признаваат дека имало Средновековна бугарска држава, рече министерката за надворешни работи на Бугарија во гостување на Радио Дарик.

Коментирајќи ја дводневната, 4-та средба на тимовите на Заедничката македонско-бугарска историска комисија, шефицата на бугарската дипломатија рече: "Мислам дека имаше суштествен напредок. За прв пат по 80 години историчарите од Северна Македонија признаа дека има Средновековна бугарска држава. Парадоксот е дека, се чини, политичарите овој пат беа побрзи од историчарите, бидејќи веќе два пати го чествуваме заедно Илинденското-преображенско востание, а Комисијата се' уште не стигнала до решение. Вистината е, дека најважно е што ќе пишува во учебниците и на што ќе ги учиме нашите деца, тоа е основната цел на комисијата", рече таа.

EXPRES.MK - 23 февруари 2019.

********************

Забелешка на: М.З.

Ашколсум историчари на СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! А зошто? Ќе праша некој! Па затоа, што само ним им успеа да им продадат на Бугарите туѓа историја. Па откаде историја на новородена држава? И тоа пак историја на СРЕДНОВЕКОВНА БУГАРСКА ДРЖАВА! Алал ви верата, Северњаци. Што си бараа,  тоа си  добија!

Оваа лакрдија не би ја измислил ниту Итар Пејо!

 Секогаш Ваш, Сотир!

25 февруари 2019 год. 

 

 

 

 

Виолета Ачковска

СЛОВЕНИТЕ ВО ВОЈНА НЕ МОЖЕШ ДА ГИ ПОБЕДИШ. НИЕ ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ЛАЖНИ ИДЕАЛИ И ТИЕ САМИТЕ СЕБЕ ЌЕ СЕ УНИШТАТ

***********************

 

 

 

 

  • Ален Далас

  • Виолета Ачковска

...И мал број луѓе, многу мал број луѓе ќе сватат за што се работи. Но, ние таквите луѓе ќе ги ставиме во беспомошна положба, ќе се исмеваме со нив, ќе ги клеветиме и ќе ги прогласиме за отпадници во општеството.

Ние ќе ги рушиме духовните вредности, ќе ги вулгаризираме и ќе ги уништуваме основите на човечкиот морал.

На тој начин ќе ги разнишаме генерација по генерација, ќе ги ловиме луѓето во детството и во адолесценцијата, акцентот секогаш ќе го ставаме на младите, ќе ги деморализираме, ќе ги препуштиме на разврат и ќе ги обесчествуваме. Ќе направиме од нив цинични, вулгарни луѓе, космополити. Ете така ние ќе го направиме...

АЛЕН ДАЛАС (1893-1969), од 1942-1945 година ја водел политичко разузнувачата служба во Европа и е директор на ЦИА од 1953-1961 година. Тој е еден од организаторите на разузнувачката шпионажа и саботажа против Советскиот Сојуз, а после рушењето на СССР, против Русија, Србија и другите источни земји (Македонија) и е идеолог на "студената војна". "И само малкумина ќе разберат и сфатат...".

"Војната е завршена, полека ќе ги изградиме и ние ќе дадеме се' што имаме, сето злато, сета материјална моќ со цел заглупување и залудување на луѓето.

Човековиот мозок, човековата свест се склони кон промени. Доколку таму им посадиме хаос, ние незабележително ќе им подметнеме лажни вредности и ќе ги принудиме и да ги прифатат тие вредности. Како? Ќе најдеме истомисленици, свои сојузници и помошници во нивните татковини. Малку по малку, ние ќе одиграме грандиозна, по својот обем, трагедија, со смрт на сите православни Словени и конечно, неповратно ќе ја изгасниме нивната национална свест.

Книжевноста, кината и театрите ќе ги прославуваат најниските човекови чувства. Ние на секаков начин ќе ги подржуваме оние кои во човековиот разум ќе всадуваат култ кон сексот, насилствата, садизмот и предавствата - со еден збор, секаква неморалност.

Во управувањето со државата, ние ќе предизвикуваме хаос и неред. Незабележително, но активно и постојано ќе го помагаме деспотизмот на службениците, корупцијата и непринципиелноста. Чесноста и праведноста ќе бидат исмејувани. На никој нема да му бидат неопходни и ќе бидат сметани како остаток од минатото. Грубост и наглост, лага и измама, пијанство, наркоманија, предавство, шовинизам и непријателство спрема народите - сето тоа ќе го култивираме во свеста на луѓето.

И мал број луѓе, многу мал број луѓе ќе сватат за што се работи. Но, ние таквите луѓе ќе ги ставиме во беспомошна  положба, ќе се исмеваме со нив, ќе ги клеветиме и ќе ги прогласиме за отпадници во општеството.

Ние ќе ги рушиме духовните вредности, ќе ги вулгаризираме и ќе ги уништуваме основите на човековиот морал. На тој начин ќе ги разнишаме генерација по генерација, ќе ги ловиме луѓето од детството до адолостенцијата, акцентот секогаш ќе го ставаме на младите, ќе ги деморализираме, ќе ги препуштаме на разврат и ќе ги обесчествуваме. Ќе направиме од нив цинични, вулгарни луѓе, космополити. Ете така ние тоа ќе го направиме".

Ален Далас: "Размислување за спроведувањето на американската повоенa доктрина против СССР" и против Истокот од 1945 година.

КРАЈ  

 

 МАКЕДОНИЈА НЕ ГО СМЕНИ СВОЕТО ИМЕ

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)

*** 

 ММДЧП ги информира членките на Обединетите Нации дека Македонија НЕ го смени своето име - итно бараме подршка за да се стави крај на промената на името која ни е наметната од Западот!

*******

Нелегитимниот "премиер" Зоран Заев да ја измами меѓународната заедница и да ја убеди дека Македонија го сменила своето име, и покрај тоа што Претседателот Ѓорѓе Иванов не го потпиша нелегалниот и со сила наметнат документ за менување на името на Република Македонија. Македонија НЕ го смени своето име. Членот 75 од македонскиот Устав јасно вели дека секој закон мора да биде потпишан од Претседателот.

Иванов порача: "Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да потпишам ваков штетен текст на договор".

Изјавата на Иванов се однесуваше на Преспанскиот договор, која ја преименува Македонија во "Северна Македонија" и го редефинира идентитетот и етничката припадност на македонскиот народ, дури и надвор од границите на Република Македонија; наметнува менување на македонската историја со цел да се задоволат грчките и бугарските анти-македонски барања и содржи понижувачки одредби за тоа како може да се опишат макеонскиот јазик и етничката припадност кои се во спротивност со меународното право и пракса.

Дури и самото постоење на Преспанскиот договор, а не пак неговото незаконско усвојување е спротивно на Уставот бидејќи договорот не беше потпишан од Претседателот Иванов, чекор што повторно е во спротивност со македонскиот Устав.

И покрај тоа што неговите постапки се крајно незаконски, САД и ЕУ го подржуваат Заев и неговиот режим и го нарушуваат македонскиот правен поредок со тоа што го заобиколуваат Претседателот, ги објавија уставните амандмани за промена на името во Службен Весник и сега тврдат дека промената на името стапила на сила. Ова би било исто како Конгресот на САД да усвои закон, но да го заобиколи Претседателот и да го прогласи законот за важечки без неговот потпис.

Едноставно кажано, ако некој се обидува незаконски да изгласа закон, тој закон не е закон. Ако се кршат Уставот, Деловникот на Собранието, кривичниот Законик, меѓународното право, конвенциите за човекови права, демократските принципи и волјата на народот, тогаш тоа не е закон. Ова се основните принципи на демократијата кои секоја држава - членка на Обединетите Нации ги почитува. Не постои ниту една причина зошто било која држава на светот би дозволила да се случи нелегитимното, наметнатото менување на името Македонија.

Дозволете дополнително да го илустрираме кршењето на македонското и меѓународното право од страна на режимот на Заев. Заев и' нареди на специјалната полиција да ги нападне Македонците кои се спротивставуваа на промената на името и идентитетот;  отпушта луѓе од работа воприватни и државни компании; затвора медиуми; блокира пристап до социјалните медиуми на неговите политички противници; фалсификува избори преку полнење на гласачки кутии и маса други неправилности; го игнорира фактот дека македонскиот народ преку референдумот од 30 септември 2017 година масовно ја отфрли промената на името; преку Владата им се заканува и започнува истраги против критичарите на неговите политики; уапси шест опозициски пратеници и со тоа си отвори пат незаконски на наметнува нови закони и со помош на американскиот амбасадор Џес Бејли, држеше жени пратенички затворени во Собранието спротивно на нивната волја и ги уценуваше и им се закануваше на нивните роднини со затвор доколку не ги послушаат неговите наредби и не гласаат за промена на името.

Меѓународната заедница мора да се обедини во заштита на демократијата и владеењето на правото. Оттаму, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права бара од земјите членки на ОН едногласно да повикаат да се стави крај на принудното спроведување на Преспанскиот договор и да соопштат дека тие не го подржуваат менувањето на македонското име во Обединетите Нации.

Понатаму, бараме да се поднесе барање до Генералното Собрание на Обединетите Нации со кое ќе се бара да се почитуваат принципите на ОН и владеењето на правото (да се отстрани незаконскиот, илегален услов кој и' се наметна на Македонија при приемот во ОН во 1993 година, акој е во спротивност со Повелбата на ОН) и да и' се дозволи итен прием на Република Македонија под нејзиното вистинско име, со што трајно ќе се стави крај на сите обиди за менување на името.

Бараме Русија и Кина, како членки на Советот за безбедност на ОН, да стават вето на сите обиди за менување на македонското име.

Ја повикуваме Турција и другите членки на НАТО кои се заинтересирани за заштита на демократските принципи и меѓународното право да го отфрлат секое менување на македонското име и да стават вето на приемот на Македонија под името "Северна Македонија" или било кое друго неуставно име.

Ова не е "дипломатски спор", како што Западот сака завиено да го претстави. Ова е здружен обид да се избрише еден стар и горд народ на начин на кој што ќе му се ускратат најосновните човекови права; земјите членки на ЕУ и НАТО не би ни помислиле да им го направат на своите граѓани тоа што и' го наметнуваат на Македонија. Демократските и напредни сили од целиот свет не можат да седат настрана и да дозволат ова да се случи.

*******************

http://www.mn.mk

Кочо Рацин

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

********************

 

 

 КОПАЧИТЕ

  • Се к'ти ноќта црна!
    Се рути карпа-мрак!
    И петли в село пеат
    и зората се зори
    над карпа в крв се мие
    и темнината пие
    силно
    светнал ден!

    Пробудете се морни
    копачки и копачи
    на трудот
    црн
    народ!

    Со мотика на рамо
    за корка сува леб,
    по патиштата стрмни,
    по полињата рамни,
    у вивналиов ден
    да тргнеме и ние
    страдалници од век!

    На деда Богомил
    земјата, ровка, мека,
    набабрена за род,
    со страдна душа чека
    ударите ни јаки
    со мотиките остри
    по троскот
    пелин
    трат!

    Да прокопаме меко
    полињата родни
    афион, тутун, житце
    да родат благородни.

    И по кривите вади
    да пропуштиме води
    за оризите млади
    и зелени лободи.

    На работа!
    На труд!

    Да роди род богат!
    Да бликне живот млад!
    На пепел, троскот, пелин
    во огин пламен јад!

    Жилите да пуштат
    корења длабоко
    плодови да бликнат
    високо, високо
    слободно
    на воздух!

    Ораме со рало
    но земјата ни златна
    колку е богата!

    На пепел троскот, пелин!
    Во огин пламен јад!
    Да престане, да снема
    тагата голема
    за голиот живот
    на човек

  • станал
    скот.

    И в таја мугра пресна
    да екне дружна песна
    на дружните удари
    да бијат срца млади
    и растат силно гради
    пребликнати со јад!

    Од сите маки тешки
    не видовме бел ден,
    а од солзи жешки
    не стануе меден
    нашиот живот!

    На работа!
    На труд!

    Та несме саде ние
    та несме саде тука
    ние сме по цел свет
    безбројни
    милиони,
    на трудот
    црн
    народ!

    Да биде честит денот
    и првата ни стапка
    у првиот ни век!
    Ќе мине силен ек
    Ќе б'сне сонце златно
    по секаде на светот
    ќе згине срамно гнетот
    ќе л'сне живот нов!

    И реки ќе потечат
    и бреме ќе одвлечат
    на вековите смрт!

    Реките од живи
    и пробудени сили
    на копачи
    копачки
    и страдни
    голи
    гладни
    по целата земја!

    Се к'ти ноќта црна!
    Се рути карпа-мрак!
    И петли в село пеат
    и зората се зори
    над карпа в крв се мие
    и темнината пие
    силно
    светнал
    ден!

    Пробудете се морни
    копачки и копачи
    на трудот
    црн
    народ!
    ************
    Кочо Рацин

Kind regard : 25 февруари 2019 година

Sotir Grozdanovski број 198

ВИДЕОТЕКА

****************