БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

ДА СЕ "СОТРЕ" ЗАЕВИЗМОТ, КАКО МЕНТАЛНА МАТРИЦА

************************

Деновиве што се зад нас, Македонија се изнагледа и изнаслуша многу нешта, во што не веруваше дека така брзо и ќе се случат. И од обични и необични луѓе. Но и од највисоки во нашето општество. 

 

На 16 февруари 2019 година наидов на убаво речено и уште поубаво напишано размислување, дека се' е можно, ако се сака. Што паѓа како мелем на душата. Се разбира, речено народски!

 

Почитуваната универзитетска професорка Гордана Силјановска зборуваше за положбата во која сите заедно се наоѓаме и го посочи "Заевизмот", како најголема причина за тоа. И за сигурно е во право! Меѓутоа,  "Заевизмот" не е дело и заслуга само  на премиерот Зоран Заев. Има и многу други подскриени "заевзмивчиња", "мицкозмивчиња", "макозмивчиња", "фрчкозмивчиња", "шеќерзмивченца", "спирозмивчиња" "димитрозмивчиња" и редица други кои придонесоа Република Македонија да исчезне дури и од лицето на импозантниот и атрактивен монумент: зградата на Македонската Влада. Но и од сите други места  по кои секој добронамерен и недобронамерен препознаваше дека влегува во државата Република Македонија. Сето тоа исчезна со молневита брзина, а да при тоа, никој ниту со прст да мрдне. Ох, да! Само љубопитните новинари, кога со притисок на нивните камери го означуваа овој "историски" настан и  најголем срам во историјата на гостољубивите и мирољубиви Македонци,  кои пред лицето на цел свет  капитулираат и самите се разнебитуваат:  Со "насмевка" на лицата! Се разбира!

 

И цела таа трагикомедија како знак на "чесност" и "доследност" за дадениот збор на Грците, Бугарите и Албанците, но и за пример на својот сопствен народ, како едноставно и немилосрдно може да се гази по коските на борците кои загинаа за државата, која падна без ниту еден испукан фишек и без консенквенции по злосторниците.  И сето тоа во духот на "новите" времиња. Времиња, за туркање и на  Македонија  таму, од каде лесно не се излегува:  Во НАТО, кое и така веќе подолго време е вгнездено во  секоја пора на македонската држава  под водство  на  "благородните" раце и "мудроста" на  новиот "супериорен газда", Столтенберг, генерален секретар на Алијансата, која како "столб" на нашата безбедност, вложи големи усилби промената на името и идентитетот на Република Македонија да помине "мирно, доброволно и достоинствено".

 

Но,  тоа што сакам да ви го кажам, е следното: Почитуваната професорка Силјановска,  како "непартиски"  кандидат за Претседателка на Република Северна Македонија, на листата на ВМРО-ДПМНЕ, има желба сегашната положба во која е втурната  Република Македонија и народот македонски, да ја промени на добро и да го "сотре" "Заевизмот" како зло недостојно, да се толерира. Убаво замислено и уште  поубаво речено. Па ево само еден параграф од нејзиниот  говор пред делегатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, во кој наведува што е тоа што ја мотивирало да побара подршка за нејзината кандитатура, и тоа баш од ВМРО-ДПМНЕ.

 

- Тоа што сум денеска тука го покажува реформскиот и демократски капацитет на ВМРО-ДПМНЕ да отвори порта на еден непартиски кандидат. Не е доволно само да се нарекувате реформска партија, туку треба да посегате по истите. Во 2001 година ни се вкрстија патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, потоа во Струга во 2004, потоа со Преспанскиот договор и на крај со Законот за јазици - посочи кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Силјановска, која денес ја побара подршката од делегатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.

 

Почитувана професорке! Вие поарно од мене знаете, дека во некој кој ве излагал повеќе пати без да трепне со очните капаци и без грижа на совеста за болката која ви ја нанесол, нема доверба. Волкот кожата ќе ја промени, ама табиетот никогаш! Сака само да му бидете соучесник во постигнувањето на неговата цел, верувајќи во вашата чесност и достигнатиот авторитет  кај народот, кој би требало да ви го даде својот глас на претстоините претседателски избори. Да седнете во фотелјата на Водно и работата да си продолжи по патот кој не доведе довде и непречено да си оди понатака докрајот, кој е однапред трасиран.

 

Со тоа, драга професорке, што господинот Мицкоски сака да Ве има за претседателка на Република Северна Македонија нема ништо да се промени.Тој имаше повеќе прилики да го направи тоа што го очекува од Вас, но како и самата знаете, тоа не му беше ни на крај на паметот.  Вие ќе бидете  во иста позиција како и сегашниот, кој немаше смелост да стави ниту  потпис на готовите петиции и декларации со кои можеше одамна да го промени токот на настаните, а  Вие верувате дека сега, откако е "свадбата",  завршена и невестата избегана, со тапани  и зурли, ќе го победите Заевизмот, како "Ментална матрица".  Вашата свечена заклетва на новата држава, Република Северна Македонија, тоа нема да Ви го допушти. Тоа е само илузија на чесна личност, но и наивна, наменета  за да го понесе товарот на предавствата и велепредавствата на оние, на кои вие посакувате да им бидете наследница. Тоа е само легализација и бетонирање на Република Северна Македонија, како завршена работа на уште еден "Заевизам", а тоа ќе бидете вие. Такви големи грешни политики не се решаваат  во друштво на  нивните креатори!

 

И на крајот, уште неколку зборови драги мои. "Нашата почитувана професорка не ја разбира логиката да го немаме правото за самоопределување, како секоја нација. Смета, дека ние своето право сме го оствариле на АСНОМ и дека Македонија е старица од 75 години." Вели безимениот колумнист, на Јавно.мк.

 

- Замислите сега на 75 години некој да ви каже да си го промените името зошто целта на ЕУ и НАТО е висока и да ве убедува, притоа, дека тоа не се однесува на вашиот идентитет - рече професорката.

 

И не само тоа, драги мои! Почитуваната професорка Силјановска е во заблуда или мисли дека се' е во ред кога самата си противречи,  велејќи го следното: "Па, нашата ориентација и стратешка цел е НАТО и Европската Унија и од тоа нема бегање"! (По секоја цена?)

 

Зарем не е тоа "Заевизам-Гордизам" со кој  Силјановска планира, како прва претседателка на Република Северна Македонија, да го сотре простиот "заевизам"?  Или  дека сме сите недоветни, ако мисли дека новиот Тројански коњ  во кој планираат да ја сместат, е не видлив и безопасен по безбедноста на Република Македонија?

 

Заклучете сами!

 

Секогаш, Ваш Сотир! 

Коле Манев

Коле Манев

ЗАКОН СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ КОЈ МОЖЕ ДА НЕ СПАСИ ОД КАНИБАЛИ КАКО ЗАЕВ

**************************

 

Пред десетина дена, по идеја на власта, беше отстранета железната ограда пред Владата по што, како духови, останаа само белите столбови. Иницијаторите на овој срамен и глупав потег ни велат дека рушењето на столбовите ќе чинело многу пари, додека за сечењето на железната ограда немало да трошат средства од граѓаните, туку  нашле од друго место. Можеби Заев ќе извади од сопствениот џеб неколку талира, иако тоа просто да не веруваш! Потоа следуваше вадење на буквите од името на институцијата Влада на Република Македонија. Па нели сме го промениле името на државата, во Северна?

 

Своевремено, токму Заев посакуваше да остане овој белег - Влада на Република Македонија - за да не се резилиме. Но резилот дојде и во таква демолирана иконографија, на премиерот Зоран Заев му светна идеја да го подигне знамето на НАТО. Никој нема ништо против тоа знаме, но во институција без име, а знаејќи го Заев дека е надарен со суптилни идеи, се' си мислам дека, можеби, сакал да не потсети дека се подига знамето на НАТО пред институција без име и исто така безимена држава!?

 

Пред неколку години Заев од Валандово ни испрати порака дека кога ќе дојдат на власт ќе почнат да јадат живи луѓе, ќе ги избркале сите други од работните места и ќе поставеле нивни. Тоа и ни се случува, државата е половина изедена, а во тек се вработувања на нивните.

 

За културата и да не зборуваме. Последните случувања во Министерстовото за култура околу распределба на средства за проекти од творештвото потврдуваат, дека почнува процес на тотално разнебитување на тоа што е вредно во културата. Резилот и тука дојде, бидејќи се случуваат потфати кои се движат со светлосна брзина, и почнаа да се носат анти-уставни и анти-државни закони. Можеби ќе треба да се донесе закон и тоа со европско знаменце (во некои земји од ЕУ постојат такви закони) кој би требало да гласи вака:

 

Секоја личност која претендира да се занимава со политика, и има намера да застане на високи државни функци како премиер, претседател на Собранието или државата, дури и да е консензуален, и посакува да биде лидер на партија, треба да помине низ лекарски преглед. Не' пред еден лекар, туку пред конзилиум од лекари составен од пет, седум или девет здрави и професионални медицинари и секој кандидат, за овие важни политички и државни места, да добие потврда  дека е нормален од ментален и физички аспект, дека нема деструктивни фрустрации  и, најважно, дека не е обременет со омраза кон сопствениот народ, традиција и култура.

 

Со еден ваков закон или одредба во закон, донесен со европско знаменце, може да се спасиме од јадење на живи луѓе и бркање на се' што не е наклонето кон власта. Само така ќе можеме да излеземе од кошмарот кој во изминативе три години ни ги приредува оваа власт!

 

Media24.mk, 17 февруари 2019

 

 

Џо Бајден и Зоран Заев во Минхен

СРЕДБА НА ЏО БАЈДЕН И ЗОРАН ЗАЕВ ВО МИНХЕН

Нова Македонија, 17 февруари 2019 година

************************

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден на денешната средба со премиерот Зоран Заев, на безбедносната конференција во Минхен упати силни честитки за статусот поканета земја во НАТО и изрази цврста подготвеност да ја подржи ратификацијата на Протоколот во американскиот Конгрес и да ги охрабри парламентарните претставници на другите земји членки на НАТО да го направат тоа колку што е можно побргу.

 

- Бајден нагласи дека успехот на Република Северна Македонија е успех и на политиките на САД и на Европската Унија и дека се радува на денот кога ќе биде заокружена ратификацијата на Протоколот и кога Северна Македонија ќе стане еднаков по важност партнер со другите сојузници во НАТО-соопшти владината прес-служба за средбата на Заев и Бајден, на која премиерот и членовите на владината делегација - министрите Радмила Шеќеринска и Никола Димитров, се заблагодарија за подршката што низ целиот процес на успешното решавање на спорот со Република Грција доаѓаше од САД и нивните највисоки претставници.

 

Заев му се заблагодари на Бајден за неговите заложби за успешно решавање на спорот со Грција и за подршката на Договорот од Преспа кој го откочи процесот за нашето членство во НАТО и им даде сигурност на политиките на земјата за аспирациите за поскорешно членство во ЕУ.

 

-Двајцата соговорници на средбата ги потврдија и афирмираа и идните перспективи за соработка меѓу САД и Република Северна Македонија во повеќе области со посебен нагласок на прашањата од заеднички безбедносни политики, информира владината прес-служба.

 

Претседателот на Владата денеска оствари средба и со адмиралот Џејмс Ставридис и амбасадорот Ричард Брут од конзултантската организација "Мек Ларти Асошиејт", кои со честитките за успешните авроатлантскиполитики на нашата земја, како  што стои во соопштението, ја понудија и својата подршка и искуство во идните меѓународни активности на Владата на Република Северна Македонија.

https://www.novamakedonija.com

*************************************** 

Стојан Киселиновски

ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

МАКЕДОНСКИ ДЕЈЦИ

(20 - ти век)

*****************

Трудот "Македонски дејци - 20-ти век" ги опфаќа и прeтставува дел од македонските историски и културни дејци што делувале и делуваат во Македнија во 20 и 21-от век.

 

Со претставувањето на историските личности, со нивните етно-историски определби, всушност, се претставува македонскиот еволутивен етно-историски процес од крајот на 19 и 20-от век. Во трудот главно се претставени дејци на македонското национално движење (со своите две основни политички артикулации - центар и левица) и дејци на македонското движење (артикулирани во политичка десница и политичка левица).

 

За пишувањето на овој труд ние ја прегледавме соодветната македонска и странска историска литература, која е разновидна по своето претставување и своето историско толкување на историската личност. Ние се обидовме, во рамките на нашите можности, да ги објективизираме историските личности, во рамкте на соодветниот историски простор и во рамките на соодветната историска реалност.

Авторот

********************

 

 

Ѓорѓи Абаџиев

АБАЏИЕВ ЃОРЃИ - (1910-1963), писател, историчар и публицист. Роден е во Дојран. Средно образование завршува во Горна Џумаја (денес Благоевград), а факултет во Софија. Член на македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Уредник на весникот "Македонско знаме" 1945-1947). член на Друштвото на писателите на Македонија (1949), директор на Институтот за национална историја. Автор е на расказите "Изгрев" (1959), "Епопејата на ножот" (1951), "Последната средба" (1953) и романите "Пустина" (1961) и "Арамиско гнездо" (1954). Во 1972 година ја публикува монографијата "Балканските војни во Македонија". Почина во Скопје 1963 година.

Стојан Киселиновски

______________________+++++++++_____________________

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

******************

Блаже Конески

 

СРЕДБА СО ЖИНЗИФОВ

_____  ПОЕМА  ____

 

"Безумец, безумец, душа ти ленива,-

Ја чух невиден и таен глас -

Спрегни плуг за заборавената нива,

Че блиска ет доба, близок ет час".

- Готов сум, сја клнам, да изорам нива,

Кажи, кој си ти, невиден глас?

"Чуј! - загрме, глас сја отзива - 

Ја сум Божиј гнев, народен глас".

****************

В стаја затворен, самичак лежиш ,

А дух ти стават див и мрачен.

И днеска трпиш, и утре страдаш

И неусетно как свешт сја топиш

И в тешка болест, в постела падаш,

Дор в чрна землја ти ќе сја стопиш.

****************

Што ви направихте, книги многобројни?

Ви каков донесохте плод?

Усмалихте ли вие маки безбројни

На горкијт тој ми народ?

 

(Од песните на Рајко Жинзифов)

 

  • Москва

    1.
    На стара Москва улица, Мирна.
    Минам - и минат матно
    два сиви реда уморни куќи,
    а в небо - кубе темно-златно.

    Притивна назад градска бука,
    приквечер мрежна се фаќа.
    Чудна е таа тишина тука,
    времето назад го враќа.

    И ми се чини-ова не e сега
    а пред век станува ова,
    и дека тука ќе те стретнам
    за дружба чудесно нова.

    Јас би те познал веднаш, мислам,
    по твојот опул мрачен,
    по одот брз и литото палто,
    по ликот сув и мачен.

    Јас би те познал и би те запрел
    ко земјак стар и добер,
    но ти си мртов одамна веќе,
    стемнет во мракот гробен.

    2.
    И минам овде сега
    каде што ти си минел,
    но нас со црни далги
    не' дели еден век.

    И ете срце ми сака
    на твојот гроб да дојдам,
    над гробот твој да запрам
    во мисли потулен.

    Но кој пат ќе ми каже,
    кој ќе ме доведе таму?
    Никој...
    Сиракот умрел
    в туѓина, в матен ден

    и загинал споменот негов
    и никој не идел веќе
    таму каде што заспал
    тој заден мртвенски сон.

    По вечер вечер гаснел,
    се' нова трева расла,
    и ноќни пролетни водје
    срамниле незнаен гроб.

    3.
    И што? Зар може смртта стара
    тој час на видок да го земе?
    Штом срце сака и мисла бара,
    измами ме, ти црно време!

    Мој предходник, те викам денес
    јас, што по исти пат се трудам.
    Знам можеш да ме судиш мене,
    знам имам право да те судам.

    4.
    И еве како одглас в душа
    збор темничен и слаб се слуша:
    "Ти пошто мене ме знаеш,
    ти што по толку време
    ми носиш од дома глас?
    Зар в песна си ме сетил?
    Не в песна животот мој е
    како што јас го знам.
    Едно е поет да бидеш,
    друго да жолч те јаде
    одошто многу сакаш
    одошто скован си..."

    5.
    Јас нејќам близок да те спомнам
    кога на некој пир си се нашол.
    Си станал, велат, во царски дом и
    си кренал и ти поздравна чаша.

    Си имал тогаш поетска става,
    ти трептел гласот, поглед се влажел,
    и за славјанска дружба и слава
    здравица дури во стих си кажал.

    Слушале царски генерали,
    со многу лустри домот светел.
    А тебе в грло вик те давел,
    нешто, до солзи чисто, си сетил.

    Јас нејќам тука да те спомнам!
    Ти нели в кална ноќ се врати
    со празна душа и снага ломна,
    со срам од лага, човек - што пати.

    Јас тебе в мрачна те гледам стаја
    в приквечер зимна, сива, слепа.
    Надвор е бура. Див ветар лае
    и некој гробно на врата клепа.

    Ти си се свил на тврдо легло,
    по сека жилка мраз ти тече,

  • Рајко Жинзифов

    со сува рака зло те стегло,
    офтика гради со нож ти сече.

    Од таа немош плач те стиска
    дека си распнат, сам и дробен,
    и скршен дозив в гради писка
    пред ноќта слепа на прагот гробен.

    И што да спомниш сега спрема
    оваа проста, јасна мака?
    Видело нема, ближен нема
    на чело да ти сложи рака.

    Далеку твојот роден крај е,
    далеку, матно Вардар тече,
    остана само спомен таен,
    мирис на летна, штуркава вечер.

    Но, зошто спомен, солзно трепкав,
    пред очи како жар што горат
    и споро длабат во мракот лепкав
    за малку надеж дури се борат?

    О, смете ветрот лански лисја
    и никој нема да ги врати.
    Зар твојот живот треба исто
    по пусти патје пуст да фати!

    Та срцето се праша, тажи
    во часот суров на судно време:
    "Што животот те дари, кажи,
    што смртта, кажи, ќе ти земе?"

    - Без радост овој живот мина
    кон слобода во скршен порив -
    мој дален роде, еве гинам
    а толку малку, малку сторив.

    О, зар ќе згасне мојот спомен,
    мојата мака и подвиг буен?
    Кажете. Сам сум...Викам. Молам.
    Зар никој нема да ме чуе?

    И оди викот твој низ мрака,
    цел век се талка тој вик од очај,
    цел век ја гласи твојата мака,
    цел век не' дели. Но јас го дочув.

    6.
    Старата Москва е тука. Сина
    приквечер на улиците слага.
    Јас минам кај што и ти си минел,
    ме стега некаква тивка тага.

    И еве срце ми сака
    на твојот гроб да дојдам,
    над гробот твој да запрам
    во мисли потонат.

    Но нема кој да ми каже
    ти каде мир си нашол,
    ти каде сон си заспал
    туѓинец непознат.

    Ти, мајко наша, попусто расна
    мажи со sвездено чело:
    нивната младост в туѓина згасна
    и глува смрт и беше делот.

    И мрак над споменот нивни се сипал
    и був над гробот им пискал.
    А ноќе дождец есенски липал,
    навевал ветрот лисја.

    7.
    Мртов си тука...Сенка без спомен.
    Но тебе зар тој дел те чекал:
    да бидеш име во прашен том и
    лист пожолтен в библиотека?!

    И првиот сум јас што сакам
    очи во очи да те сретнам.
    И прв ме жижна твојата мака
    за тебе близок, жив да те сетам.

    Ми треба другар...Штом јад ме стиска
    и срцево е студен камен,
    јас кај да најдам душа блиска
    со жизнен да ме стопли пламен?

    Кој помош ќе ми даде тогаш,
    со таен повик да ме викне,
    со очи полни прекор, строгост,
    кој до дно срце ќе ми вникне?

    О другари, зар од нас секој
    во немир ликот не го будел
    на оние низ мрачни векои
    што носеле на подвиг удел.

    А Жинзифов? Во први зори
    тој орач беше на пуста нива.
    Па живеј таков и во нас гори,
    о Жинзифов, ко љубов жива.
    ***********
    Блаже Конески, 1946-1953.

Kind regards: 20 февруари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 197

ВИДЕОТЕКА

****************