СОТИР

Сотир Гроздановски-Македонски

УРИВАЊЕТО НА СПОМЕНИКОТ "ЌОСЕТО", ПРЕДИГРА ЗА УРИВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

****************

Метеоролозите велат, чим видиш и еден црн облак на  небото, понеси си чадор! За секој случај! Зашто, по едниот доаѓаат повеќе, за да се случи "поплава" и потоа "потоп"!

И ни се случи! Уште полошо и од тоа: - ни се случи орканска бура, која ни ја однесе државата, заедно со нас! Ни се случи СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, родена на 11, а на 12 февруари 2019 година, после полноќ и официјално прогласена во Скопје,  поранешниот главен град на поранешната Република Македонија! И, што  светот, а посебно Грција добива со тоа? Само бегање од одговорноста за нанесените злосторства врз Македонците во егејскиот дел на Македонија и протерување на повеќе илјади дечиња од топлите домови на нивните родители, без право на повраток назад, било кога, ако не се по "род" Грци! Или, можеби, ги тера желбата да се китат  со туѓи перја, зошто немаат свои! А, пак, што добиваат нашите изроди и предавници, нешто туѓи пари и презир за до века тие и нивните семејства. И тука завршува приказната!

Како  што вели и насловот на  мојов денешен текст,  со уривањето на споменикот на "Ќосето", еден од борбените симболи  на Македонците против  тиранијата   и омразата кон изродите и предавниците, започна умирањето на Република Македонија, македонска држава, родена и крстена од народот на 02 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински, како  наследничка на древната монархија на Филип и Александар Македонски. За разлика од неа, новородената држава е дело на само еден туѓински вазал, Зоран Заев, од Муртино!

Со тој гнасен чин, денешниве тирани  на чело со Зоран Заев  ја докажаа својата  злоба,  злите накани и пред се', го докажаа стравот од  сенката  му и  неговото воскреснување! Потоа, како бесни кучиња се нафрлија  на  државата, да ја урнисаат, заедно со  спомените  на него и на неговата љубов, кон татковината!

Прво, со  насилна албанизација на сите државни институции, полицијата, армијата на Македонија, двојазичноста, бришење на АСНОМ од преамбулата на Уставот на Република Македонија и внесување на Охридскиот "договор" и Тиранската платформа, како темели на државотворноста на Македонија!  Албанците постанаа еднакви со Македонците  и одлучувачки фактор за нејзиниот опстој како унитарна држава на македонскиот народ и малцинствата во неа.

Потоа, Бугарите со преземање на поновата македонска историја, за да завршат со потполна и срамна капитулација вградена во преспанскиот договор со  Грција. Па така, со помош на домашните  изроди и предавници, кругот се затвори и, по се' изгледа, дека Западот и Европа го "решија" болното македонско прашање. Прашање, кое со векови им беше коска во грлата. Но, со "добрососедските" договори, се обновија апетитите  и соседската омраза на Балканот.  

И ако партнери во НАТО и ЕУ, Албанците не мируваат. Исто како и во Македонија. Им се закануваат и на Грција со растурање на државата  парче по парче, до колку барањата на нивните сонародници, во Чамериа, не им се исполнат. Новата  самопрогласена албанска држава, Чамериа, е тој почеток на распаѓањето и на Грција. Албанците и ако  стратешки партнери во НАТО, се шират и јадат се' пред себе и зад себе како скакулци. Со благослов на ЕУ и НАТО, кон кои  Зоран Заев се стреми да не вовлече ,  "уверен", дека со лажните ветувања за некоја си зголемена солидарна безбедност, и' чини добро на Македонија.

Грчката телевизија Стар  со сериозност ги прикажува сите иницијативи на Фестим Лато, почнувајќи од создавањето на државата, Чамериа, со сите демократски  институции од министерства до Претседател, Влада, војска...

За војската, Тв Стар вели дека претставува  сериозна закана за хеленската држава. Впрочем, Грција многу лесно би можела да се справи со војската  на  Фестим Лато, меѓутоа во случај на посериозен конфликт, тој би имал подршка од надвор. Па така, во рок од неколку месеци, вкупниот број на Албански војници  би можел да нарасте и над 1,000.000 души. Па затоа, продолжува СТАР, до колку дојде до воен конфликт помеѓу Грција и Ослободителната војска на Чамериа,  може се' да се заврши лошо по Грција, бидејќи во војната ќе се фклучат и други фактори. Па и делови од "меѓународната" заедница , кои благонаклоно гледаат на албанската борба за самоопределување и создавање на нивната Голема Албанија, како иден џандар на Балканот и силен дестабилизатор на регионот!

Фестим Лато, е и доверлив дужносник на Европската Комисија. Тој е директор за Западен Балкан. Па така, тој има потпора и од ЕУ, но и од големиот брат САД. Фестим Лато, спрема извори од грчката тајна служба НИС, се сметал и како за  некоја израелска рака на Балканот. 

Па кога ќе се соберат сите факти на куп, Грција ќе ја загуби територијата Епир но ризикува и други територии, како на пример островите од интерес на Турција, како и дел од Македонија, за која Бугарија има свои сопствени интереси.

Заклучува Димитрис Коутсоумпас од ТВ. СТАР.

По се изгледа, битката за Балканот се разгорува, а Голема Албанија чука на нашите, но бога ми и портите,  на Грција! И сето тоа,  благодарејќи  им на нашите заеднички "стратешки партнери". Па затоа, не трчај пребрзо со своите барања, јужен соседу, зошто не знаеш - 

За кого sвонат sвоната. - Можеби за Тебе, драги соседу!

 

За секогаш, Ваш Сотир!

Андон "Ќосето"

______________+++++++++______________

НЕКАДЕ СО ДОБРО, НЕКАДЕ СО НОЖ!

Андон Лазов Јанев "Ќосето"

____________++++++++____________

ПО РАТИФИКАЦИЈА НА ПРОТОКОЛОТ ВО ГРЦИЈА, КОИ СЕ СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ ?

************************

12 февруари 2019 година

Откако грчките пратеници синоќа го ратификуваа Протоколот за НАТО, Грција сега треба да испрати вербална нота до Македонија со која ќе ја информира за ратификацијата на Договорот од Преспа и на Протоколот за НАТО, пишува порталот faktor.mk.

Потоа Македонија ќе испрати вербална нота до Грција и ОН дека Договорот стапува на сила. Потоа, Македонија со писмо ќе ги извести ОН и меѓународните организации дека земјата сега се вика Република Северна Македонија.

Откако официјално ќе се промени името ќе следува отворање амбасади во двете земји. Досегашните канцеларии за врски во Скопје и Атина прераснуваат во амбасади.

Грчкиот парламент синоќа го ратификуваше Протоколот за Македонија да му се приклучи на НАТО. Имаше 153 гласа "ЗА" и 140 гласа "против". Пристапниот Протокол сега треба да биде ратификуван и од останатите 28 земји членки на алијансата, по што Македонија, со новото име Северна Република Македонија, ќе стане 30-та членка.

********************

https://kurir.mk

 

Влада на Македонија

СПОГОДБАТА СО ГРЦИЈА СТАПИ НА СИЛА - МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА СТАНА СЕВЕРНА!

*****************

11 февруари 2019 година

 

Од 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуцијата 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави во Службен весник, соопшти Владата.

- Известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите 33 до 36 на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник, стои во соопштението.

Со тоа, започнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од Конечната Спогодба и Уставните амандмани.

**************************

https://kurir.mk

 

 

Филип Втори Македонски

ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

*****************

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

Археолошките наоди покажуваат дека на просторот на Македонија постоелаа цивилизација уште од периодот меѓу 9000-та година п.н.е. и 3500-тата. Прв пат македонското кралство се појавува во периодот на 9-от век п.н.е., а постои дилема за тоа кој бил првиот македонски крал КАРАН (кој се смета за митски предок на Аргеадите) или Пердика Први (прв историски крал на Кралството Македонија).

Приближно од 5-иот век п.н.е. Кралството Македонија станува значаен политичко-економски чинител во поширокиот регион, а негова главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со грчките градови-држави, при што често било сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземало страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби.

Филип Втори Македонски (359 п.н.е. - 336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, успеал да ги покори сите грчки државички. Неговиот син Александар Трети Македонски (336 п.н.е. - 323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин го скршил внатрешниот отпор во проширеното Македонско Кралство, а подоцна во походот против Персија, ја уништил огромната Персиска Империја и ја проширил македонската држава на три континенти - Европа, Азија и Африка, протегајќи се на Балканскиот Полуостров и Мала Азија, Блискиот Исток, Египет и Индија и со тоа била создадена Македонската Империја. По неговата смрт, оваа огромна империја, како резултат на несогласувањата на неговите генерали (дијадоси) околу тоа кој ќе биде негов наследник, се распаднала  на 3 дела и тоа: Кралството на Селевкидите, Кралството на Птолемаидите и Кралството на Антигонидите. Освојувањата на Александар Трети Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.

Продорот на Римската Република на исток доведува до таканаречените македонско-римски војни (215 п.н.е. - 168 п.н.е.) во кои Македонското Кралство управувано од Династијата на Антигонидите целосно потпаѓа под римска власт, а последниот македонски крал Персеј е одведен како роб во Рим. Таа станува римска провинција како дел од Римското Царство и е поделена на 2 дела - Македонија Прима и Македонија Салутарис. Територијата на денешна Република Македонија била поделена меѓу провинциите Македонија Салутарис и Моезија Прима. По поделбата на Римската Империја во 395 година од н.е. на Источно и Западно Римско Царство, Македонија станува дел од Источното Римско Царство или Византија.

********************

https://mk.wikipedia.org

 

ХЕЛЕНИСТИЧКАТА ЕПОХА

*************

Во светската археологија и историја како хеленистички период се нарекува периодот од смртта на Александар Трети Македонски (323 г.п.н.е.) па до освојувањето на Египет од страна на Римјаните во 30 г.п.н.е. 

По големите освојувачки походи на Александар се формираат нови монархии и доаѓа до мешање на населението од различна етничка припадност на големи пространства, со што хеленската култура ја прифаќа и негрчкото население.

Територијата на Република Македонија, на која веќе два века се чувствувало влијанието на грчката култура и уметност, секако не останала заобиколена од овие процеси. Античките населби, како Лихнидос, Стоби, Вилазора, Еударист, Антигонеја, населбите на локалитеттите Исар кај Марвинци, Вардарски Рид кај Гевгелија и многу други, прераснуваат во вистински урбанизирани градови, со бројни градби од профан и сакрален карактер.

Во Лихнидос, кој се истакнува како најзначаен меѓу градовите од хеленистичката епоха кај нас, се гради и првиот антички театар, градот се стекнува со право да кова свои монети, а овде се наоѓа и единствената досега откриена монументална гробница од Македонски тип. Во некрополите често се среќаваат луксузни предмети, како златен, сребрен и бронзен накит, бронзени и керамички садови, произведени во некои од големите уметнички центри во Егеја и пошироко низ Медитеранот, но треба да се истакне локалната продукција на високо квалитетни керамички производи, теракоти и садови.

Бројните наоди на бронзена пластика, сребрени и бронзени монети сведочат за развиената економија на овие градови со центрите низ Медитеранот.

Римските освојувања на овие простори во средината на 2-от век п.н.е. не значат и крај на оваа т.н. хеленистичка култура и уметност. Таа не само што ќе продолжи да егзистира низ целиот 2-ри па и во текот на 1-от век п.н.е., туку и ќе биде во голема мера прифатена, подоцна копирана, од страна на освојувачите.

***************************

Пишува Лилјана Ефтимоска

 

 

Ана Бунтеска

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*******************

 

 

СЕНКА

  • Има ноќи кога телово го напуштам,
    се гледам себе одозгора,
    си го гледам трупот како се превртува во сон,
    шкрипи со забите, немирно е,
    испушта звуци, небаре некој за вратот го држи.

    Седам така до себе некое време,
    ми доаѓа да се погалам, да се утешам,
    да си ја избришам потта од челото,
    да си ја поднаместам косата која ми го покрива лицето
    и да си шепнам на уво "се' ќе биде во ред".

    И некако ме фаќа тага за себе,
    за телото што лежи, а е уморно,
    за умот кој е несвесен, а страда од дамнешни гревови,
    дури и приспивна би си запеала,
    но знам дека ништо не допира зад кошмарот.

    Потоа излегувам, најчесто преку sидот,
    магливо и воздушесто се провлекувам низ него,

  • ја мирисам месечината и го пијам дождот,
    лутам низ влажните улици,
    роварам низ мислите на осамените минувачи.

    Ги собирам во себе туѓите солзи и викотници,
    сиот јад, несреќни мисли и распаднати љубови,
    дланките ми се крвави, полни со нечии убиени соништа
    и сакам да врескам, до небото да се слушнам,
    да одмине овој бес и горчина насобрана со векови.

    Се враќам...се враќам секогаш во мугрите,
    за нијанса потажна од претходната ноќ,
    се враќам со бол во градите и ноздрви полни смрт,
    токму на време кога почнувам да се будам,
    токму на време за да не се изгубам неповратно.
    ************
    Автор: Ана Бунтеска, поетеса

ВИДЕОТЕКА

************

Kind regards: 15 февруари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 196