Сотир

Сотир Гроздановски

ПАДНАА МАСКИТЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ! КОНЕЧНО ПОТВРДИЈА, ДЕКА ЗА НИВ МАКЕДОНЦИТЕ  СЕ   СТАДО!

*****************

И не само големите сили на   "мировните" конференции не третираа како стадо, туку и самите себе си  се претворивме во вистинско стадо, без газда.

Деновиве, откако сите членки на НАТО во Брисел го потпишаа Протоколот   за Северна Македонија да им се придружи, не се знае кога, македонските политичари, од врвот на Македонија па надолу  сите до еден, се радуваат како деца, дека конечно ја турнаа својата земја таму, од каде може да излезе само преку бомбите на оваа организација  позната по уривање на светскиот правен поредок. Но особено, по уништувањето на малите и средните држави и народи, кои доброволно не и' ги предаваат своите надземни и подземни богатства.

Република Македонија е една од нив. Со сила, уцени и закани обезглавена, осрамотена, понижена, земја и народ без свој национален идентитет, без свој мајчин јазик, без  своја историја, култура, традиции, македонска музика и прекрасни традиционални и ново компонован песни, без достоинство и македонски вредности со векови негувани и чувани, без право на самоопределување, и на своја сопствена држава, со мир во неа! Земја, во која им е дозволено, со така наречените "добрососедски односи", на Грците и Бугарите да ни ја пишуваат историјата така, како што ним им одговара. Да ги контролираат учебниците на македонските деца и од нив да фрлаат се' што е со знакот македонско, македонски, Македонци и така на така во недоглед. 

Но не само тоа! Македонија остана без лидер кој би го повел народот во одбрана на земјата во која живее, но и народот на секаде по светот кој мечтае Македонија да биде земја на сите, силна, богата и во соживот со соседите врз рамноправен и чесен  реципроцитет. Не да нема, туку има лидер кој бесрамно постана слуга на надворешни неранимајковци, мешетари и војнохушкачи. Лидер криминалец, кој се' чини само да си ја сочува својата шугава кожа!

Некои наши познати партиски челници, колумнисти и телевизиски мудри глави кои никогаш не излегле надвор на улици да протестираат против политиките на СДСМ и премиерот Зоран Заев, деновиве се јавуваат со долги и широки колумни за да му соопштат на народот, македонски, дека зло го снашло и дека некој друг за сето тоа е виновен. Колумни, кои имаат за цел да го заплашат, смират и обезхрабрат  порачувајќи му, при тоа, дека со ништо и никој не  може да го смени токот на настаните во земјата. 

Ево, како челникот на партијата МААК, Сашо Ангеловски, во својата колумна реагира после потпишувањето на Протоколот за прием на земјата во НАТО:

- Слушам деновиве, како во најразлични телевизиски контактни емисии се јавуваат граѓани возбудени од речиси сигурната благосостојба која ја чека и државата(?) и нејзините жители, сега, после ратификацијата на Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за двојазничност, како дел од Тиранската платформа!

- Пресреќни, зашто, откако ги ПРИФАТИВМЕ сите непристојни уцени од соседите, конечно во нив сме добиле вистински пријатели кои ни ја гарантираат светлата европска иднина. За нивна, но и за наша жал, реалноста наскоро ќе ги демантира. Суровата реалност е многу поинаква од розевата иднина која ни се сервира...! Ашколсум, господине Ангеловски! Ја откривте топлата вода, во која еден ден сите вие ќе се удавите.

Па што вие, господине Ангеловски направивте за до тоа да не доје? Имате должност, како челник на македонска политичка партија да се борите, со сите средства, за доброто на вашите членови и симпатизери и за националните интереси на земјата во која живеете. Да се борите и да учествувате во протестите на обичните граѓани на Република Македонија, по угледот на македонското иселеништво на секде по светот. Со констатации без акција не се чува Македонија!

Во таков стил и "загриженост" ни се јавува  од Будимпешта и избеганиот поранешен долгогодишен претседател на македонската влада, Никола Груевски. Од Будимпешта, бегајќи од сопствената одговорност за денешната состојба во Република Македонија.

Ево што вели тој од таму каде му е добро исто како и овде за време на неговата владавина:

"МАКЕДОНИЈА ШТО ПОСКОРО ВО НАТО И ЕУ, НО БОРБАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ' НЕ Е ЗАВРШЕНА! - А кој треба да ја заврши господине Груевски? Лидери како вашиот наследник Христијан Мицкоски кој со двете раце ја прегрна "Северна Македонија" и посакува да и' биде втор, после Заев, нејзин претседател или онај погорниот кој бега од неговата одговорност како челник на така наречена "македонска политичка партија" МААК?

- Досегашната парадигма за постигнување разумен компромис со Грција пропадна. Вели Никола Груевски и продолжува со "солзи" во очите: - назначувањето на марионетската влада во Република Македонија го сруши концептот кој бараше правичност, фер договор и разумен компромис. Македонија во спорот за името отстапи речиси се', Грција доби речиси се'. По оваа новонастапена ситуација, потребна е нова парадигма за името и идентитетот. Таа парадигма ќе биде основата на која по заминувањето на марионетската влада, новата влада и МНР ќе треба да направи нова доктрина.

Текстот е само скромен обид да поттикне размислувања, дебата и можеби да се даде скромен придонес кон новата парадигма за името и идентитетот по операцијата спроведена од марионетската влада. Текстот не е наменет за оние кои читаат само кратки текстови. Има за цел да поттикне размислувања и дебата. Ставовите се мои лични и на никаков начин не треба да се доведуваат во корелација со ставовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ! 

Бинго, народе мој! Ајде на размислување и дебати,  откако работата е завршена. Завршена без   лидерски акции за рушење на "марионетската влада" на неговиот партнер  од Муртино! 

Мудро го натеравте народот да си ги изгуби своите народни Трибуни, гледајќи го низ прозорците на вашата "Бела куќа" како вика и плаче по улици, обезглавен и беспомошен! Чекајќи  Зоран Заев да си ја заврши преземената задача од надворешните наредбодавци: да  не турни во НАТО, за да не можеме да покренеме посилен отпор, зашто во тој случај и војската и полицијата ќе бидат под команда на Столтенберг и неговите огнени птици кои ќе ја докусурат и физички македонската земја заедно со Македонците во неа. На начин, како и неговите предходници за време на Граѓанската војна во егејскиот дел на Македонија, кога со илјадници напалм и други бомби немилосрдно ни ги гореа луѓето и им ги уриваа куќите за никогаш повеќе да немаат каде да се вратат. А дечињата? Барајте ги на секаде по светот без можност на повраток на нивните дедовски и прадедовски огништа.

Но, ако навистина треба да ја истуриме вината  на некого за ова што ни се случува и со што е горд што ќе бидеме членка на НАТО и некогаш во ЕУ како безимена маса со измислено име Северна Македонија, е  господинот Ѓорге Иванов. Никоа река не го турка неговото пасивно однесување и вистинско велепредавство на својата држава и на сопствениот народ, дури и поголемо од на неговиот мандатор за состав на квинслишката влада, Зоран Заев.

Ѓорге Иванов,  не ги искористи своите претседателски можности и обврски да им се обрати на светот таму, каде требаше: во ООН, но не со информативен и популистички говор, туку со вистинско и државничко барање за продолжување на членството под уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и прекинување на преговорите со Грција, Бугарија, па и Албанија. И затоа после истекот на неговиот мандат, Ѓорге Иванов нема долги години да спие спокојно, зошто совеста ќе го потсетува на она што него стори за својата држава и народ, а можеше.  Барем да пробаше, па макар и да не успееше!

Македонците ќе преживеат да ја видат и ЕУ растурена и НАТО. Ќе преживеат и одново ќе  се вивнат  како огнената птица. Ќе се вивнат во висините како ФЕНИКСОТ од својата пепел  и уште посилни од времињата, на масовните предавствата!          

 

 

ДО ТОА, ПО ТОА! 

 

 Секогаш, Ваш Сотир!

Ѓорге Иванов

Ѓорге Иванов

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖЕНО ДОБИ МЕСТО ВО НАТО

************

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО. Тој секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија, соопшти денеска неговиот кабинет.

**********************

- Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, што им нанесе трајна штета на македонските национални интереси, стои во соопштението.

Трисеттото место во Алијансата за Република Македонија беше заслужено, се додава, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија.

 

06 февруари 2019 година

https://denesen.mk

 

Зоран Заев

Зоран Заев

ОВА Е ГОЛЕМ ИСТОРИСКИ ДЕН; ОБЕЗБЕДИВМЕ ТРАЈНА СТАБИЛНОСТ ЗА ЗЕМЈАТА!

*********

Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници на иста маса, во иста Алијанса.

*********************

Ова на својот Фејсбук профил го напиша премиерот Зоран Заев по потпишувањето во Брисел на Протоколот за прием на Македонија во НАТО.

- Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи. Нашите генерции и децата на нашите генерации ќе живеат подобро, во земја и во регион кои зрачат со надеж. Нека ни е честито, да бидеме горди, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

 

06 февруари 2019 година

https://denesen.mk

 

Славе Катин

ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОД ЖИВОТОТ И СМРТТА

*******************

 

Пишува: Славе Николовски Катин

 

Околу Мај, неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и известија дека Амон изјавил оти Хефестион треба да биде почитуван како херој. Иако идејата за култ на почитување беше отфрлена, Александар Македонски беше многу одушевен дека пророкот одобри среден курс и веднаш нареди Хефестион да добие херојски почести.

Всушност, тој испрати наредби до Клеомен од Наукрат да се изградат два гроба од големи размери и со извонреден сјај на Хефестион, едниот во Александрија, а другиот на островот Фарос. Ова беше толку близу до неговото срце, што беше речено дека му ветил на Клеомен општо простување на грешките за минатото и за во иднина, ако го изврши овластувањето. Но, смртта на кралот веднаш потоа го стопира извршувањето.

Птоломеј, новиот намесник, на кого Клеомен се потпираше, немаше разбирање за изградбата на гробовите. Александар Македонски имаше намера овие споменици да се изградат во египетска Александрија, со индикација дека, според неговите планови, овој град требаше да игра посебна улога во неговата светска империја.

По пристигнувањето на пораката од Амон, вистинскиот закоп на Хефестион се изврши во Вавилон. Александар нареди општа жалост во целата земја. Хефестион не беше веќе мртов, туку херој, а Александар Македонски беше првиот кој приложи жртва што му соодветствуваше на херојот.

Се појави многу тежок проблем околу големиот споменик по смртта на Хефестион што Александар Македонски нареди да се изгради во негова чест во Вавилон. Опишувачот Диодор дава фантастични податоци, кои се темелат врз вистини. Работата му беше доверена на архитектот Деинократ, кој ги скицира плановите за египетска Александрија. На површината од еден четвртест стадион, споменикот требаше да се издига високо над 130 лакти, на пет ката, стеснувајќи се нагоре.

Надворешните sидови на катовите требаше величенствено да бидат декорирани. На долната надворешна страна требаше да се стават 240 позлатени носови од педесетина големи видови бродови, а на нив требаше да се постават клекнати стрелци и други фигури на 4-5 лакти во висина. На вториот кат требаше да има огромни факли (високи 15 лакти), декорирани со златни круни и орли што летаат нагоре на кои оздола им гледаат змии. Околу третиот кат требаше да има ловечка сцена; а околу четвртиот, позлатени кентаури. Околу петтиот кат, пак, лавови и бикови, едноподруго.

Над се', градбата требаша да завршува со антички македонски и "варварски" оружја, бездруго, не како што мислеше Диодор,  да означуваат победа и пораз, туку да го симболизираат спојувањето на античките Македонци и Персијците во една војска, која потоа кралот требаше да ја командува. Несомнено, варварските оружја беа персиски. На врвот требаше да стојат огромни морски девици, издупчени одвнатре за да стават пејачи кои не ќе можат да се видат, а кои требаше да пеат песни однатре.Трошоците на оваа баснословна и убава градба се движеа од 10.000 до 12.000 таланти. Интересно е да се види како во овој последен уметнички дизајн на епохата на Александар Македонски беа измешани идеите на античката грчка и ориенталската уметност. Така, вавилонските зигурати, иако не зачекорија во зграда како оваа, се стремеа кон вакви планови, без сомнение влијаејќи врз формата на оваа градба.

Сите автори, вклучувајќи го и Аријан, ја нарекоа оваа градба клада, а се претпоставува дека таа била запалена заедно со трупот на Хефестион. Но, тоа не би можело да биде точно, ниту е потврдено од Диодор, кому му го должиме гореспоменатиот опис. Всушност, како што дознавме од гореспоменатите забелешки, зградата била се' уште незавршена, кога Александар Македонски почина.

Како може да се сфати дека таа гигантска  градба, со своето богатство на различни уметнички вредности била изградена за неколку месеци, во времето меѓу смртта на Хефестион и Александар? Таа никогаш не беше завршена: по смртта на Александар Македонски со наредба на собирот на војската засекогаш беше стопирана нејзината изградба.

Според изворите, Јустин и Плутарх веројатно се во право кога овој споменик го нарекуваат клада а не гробница. Александар Македонски имаше идеја да направи траен споменик за својот почитуван пријател, што по големина и вредност ќе беше на исто рамниште како и колосалните згради на Вавилон, а во срцето на Азија засекогаш требаше да ја зрачи славата на Хефестион, како што ќе го правеше тоа споменикот во Александрија Македонска за западниот свет. Со орнаментацијата и со надворешниот изглед требаше да ја прикажува врската на Хефестион со Александар.

Во сцената на ловот очевидно има илузија на кралската капања на гонење. Бродските носови, македонските и персиските оружја можеби укажуваат на тоа што Хефестион му беше на Александар Македонски верен помагач во неговите поморски планови и во неговата политика на спојување. Тоа, всушност, беа идеите што подоцна го преокупираа кралот.

Решението за периодот на жалост и за свечености во чест на новиот херој веднаш беше проследено со последните подготовки за почетокот на арапската експедиција, која требаше да започне за неколку дена. Во меѓувреме, Александар Македонски приложи жртви за успешниот  исход на експедицијата, другите жртви беа упатени кон пророците, а потоа со своите пријатели организира прослава што траеше цела ноќ.

Се појавија антички грчки уметници и се натпреваруваа со рецитирање на сцени од делото Андромеда на Еврипид. Тој приреди веселба и за војската и го донесе месото од жртвите и виното меѓу полковите. Утрото на 17 даисиос, според македонскиот календар (2 јуни 323 година), кога требаше да си легне, неговиот пријател Медиос го покани на една мала забава во која и учествуваше. Откако стана од спиење вечерта, на истиот ден, повторно отиде кај Медиос и забавата продолжи до зори. Оваа ноќ, меѓу седумнаесетти и осумнаесетти, кај него се појавија симптоми на треска. 

Таа беше малариска треска која лесно се добиваше во текот на летото во мочурливите предели на Вавилон. Александар Македонски се поднапи на забавата, како што убедуваат веродостојните извори, спротивно на инвенциите на непријателските преданија. Тој само ги задржуваше пријателите да разговара со нив. Така, многуте прослави, заедно со претерувањата на кои се изложи откако пристигна во Вавилон, можеби ја намалија неговата моќ да и' се противстави на болеста.

Трогателно е да се следи неговата борба со фаталната болест преку весниците од последните денови, кои беа подоцна публикувани, веројатно за да се побие со официјални документи лагата дека беше отруен. Се гледа колку секојдневно, се' додека траеше неговата моќ, тој им принесуваше обични жртви на боговите. Над се', може да се види како неговите целосни мисли беа посветени на претстојната експедиција во Арабија. На 18, иако трески го тресеа цела ноќ, испрати наредба од својот болеснички кревет до генералите дека пешадијата треба да биде подготвена да тргне на 22-ри, а тие да отпловат на 23-ти.

Вечерта на 18-ти беше одведен од кралскиот дворец, во кој живееше на западниот брег, преку реката Еуфрат до кралската градина, каде се надеваше дека свежиот воздух ќе го поврати. Меѓутоа, изгледа се чувствуваше полошо наредниот ден, на 19-ти.

Зборуваше со својот пријател Медиос и се коцкаше со него. Испрати наредби до генералите  да се појават наредното утро. По треската што ја имаше во ноќта, утрото на 20-ти доби извештај од Неарх за состојбата на подготовките за заминување на флотата и за неговите доживувања на океанот, а Александар му ја повтори нему и на другите генерали наредбата дека морнарицата треба да тргне на пат на 23-ти. 

Иако треската од 21-ви не го напушти, тој повторно ги викна генералите и им нареди дека се' треба да биде подготвено за смотра на флотата и за старт, бидејќи постојано се надеваше дека ќе оздравее од болеста и ќе биде готов да тргне заедно со другите.

Меѓутоа, на 22-ри Александар се чувствуваше многу болен, иако им говореше на некои генерали во врска со наименувањата и повторно им издаде наредба за патувањето на море. Бидејќи на 23-ти беше многу болен, не можеше лично да им ги дава своите наредби на генералите за експедицијата; тоа беше денот кога се надеваше дека ќе може да започне експедицијата. На 24-ти им нареди на генералите да се соберат ноќта во дворот, а другите офицери да бидат пред вратите. Очигледна беше вознемиреноста поради најавената состојба на кралот. Наредниот ден, на 25-ти, бидејќи му се влошуваше ситуацијата, тој самиот отиде преку реката Еуфрат до дворецот. Кога таму пристигнаа, еден по еден ги препознаваше генералите, но не можеше да им каже ни збор. Во ноќта и наредниот ден на 26-ти треската беше многу силна. Бидејќи кралот овој ден не се виде со никого, неговите единици, особено Македонците, многу се вознемирија.

Се проширија гласови дека е мртов и дека се прави обид да не се пренесува веста. Така, со закана ги принудија аѓутантите на 27-ми да им ги отворат вратите и сега неговите стари придружници вооружени поминуваа крај неговата постела во долга врволица, тивко и со длабоки чувства на вознемиреност. Тој сега можеше само со тешкотија да мава со главата на некои и тивко да ги поздрави со очите. Тоа беше многу трогателен момент, во кој се заборави што било лошо меѓу кралот и неговите луѓе.

Пријателите на Александар Македонски беа очајни. Човечката моќ ништо не можеше да направи; само боговите можеа да помогнат. Тие не се обратија кон некој антички грчки Бог, туку кон најважниот Бог на Вавилон, Мардук-Бел, кој беше од старо време почитуван како Бог на лекувањето. Вечерта на 27-ми шестмина негови пријатели отидоа кај Мардук, за да примат одговор на прашањето на антички македонски начин со преспивање во храмот, дали ќе биде подобро за Александар Македонски да биде донесен во неговиот храм и да биде лекуван од Бога како негов молител.

Откако заврши нивното преноќевање, утрото на 28-ми (13 јуни) 323 година п.н.е. го добија одговорот од Бога дека Александар Македонски не треба да биде донесен во храмот, туку дека ќе биде подобро за него да остане таму каде што е. 

Во ноќта на тој ден, Александар Трети Македонски ги склопи очите за секогаш.

 

http://makedonskosonce.com

 

 

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ НА СВОЈАТА БОЛЕСНИЧКА ПОСТЕЛА ВО ВАВИЛОН НА 13 јуни 323 година п.н.е.

Розита, македонска поетеса.

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*************

 

 

МАЈКА РОДИЛКА

Од моите "Оловни мониста"

Среда, 03 октомври 2018  03:52

  • Матни дождови
    од туѓо небо
    со загадени облаци
    низ браздите
    на нашите ниви.

    Ровји од ведро небо.
    Поплави па суши.

    Мотиките занемени
    во очекување
    на чисто небо
    со сончеви лачи
    и румени самраци.

    'Рѓа на остриците.
    Молк на плуговите.

  • Лебното зрно
    низ класјето
    задушено од какол
    со отровно семе
    и јалови 'ртулци.

    Пустоши пламеница.
    Црнее пепелница.

    Офка земјата
    мајка родилка
    од слепите кртови
    зариени во утробата
    со благослов оплодена.

    Корените подгризнати.
    Но, долги и жилави.
    ************
    Автор: Розита Македонска Христова

Kind regards: 10 февруари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 195

ВИДЕОТЕКА

***************