ПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

Сотир
********

 

Сотир Гроздановски-Македонски

КОЈ Е ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА И ЗОШТО

**********************

Сите си имаат душмани, ама ние Македонците си имаме  повеќе од нив! Ги имаме нашите соседи, дел од "меѓународната заедница", вклучувајќи ја Европската Унија и НАТО, но сепак, најголеми душмани сме си ние самите! 

Мораме да го споменеме и фактот, дека нашите маки со самите себеси имаат долга историја. Толку долга, да е невозможно  сегашните  да ја разберат, зошто се "новороденчиња", а и затоа, што никој не се нашол да им ја објасни на начин, за да го добијат епитетот: ОБРАЗОВАНИ И ЦИВИЛИЗИРАНИ ЧЛЕНОВИ НА ЧОВЕШТВОТО!

Историјата на Македонската држава има милениумски и длабоки корени, но за  Македонците, најважен период е периодот од времето на Филип Втори и Александар Трети Македонски. Периодот, кога Македонците го достигнаа својот врв на моќта и важноста на  нивните научни, културни и воени придонеси во светската цивилизација.  Маките, пак, со кои се соочуваат и сегашните македонски генерации започнуваат со смртта на двајцата, посебно со смртта на Александар Македонски во 323 п.н.е., на возраст од само 32 години.

Неслогата на наследниците на Александар и крвавите  борби меѓу нив за превласт, му овозможија на Рим, подоцна светска велесила, да си ја искористи  шансата и ја истурка Македонија од политичкото и воено поле и да завладее со неа. Ним, на Римјаните, им беа потребни скоро 200 години да си ја постигнат целта и ја претворат моќната велесила во тогашниот свет дел од Римската Империја, се' до наездата на Турците.

И така истоштена и оплачкана од римските господари, по катастрофалната Маричка битка во 1371-та година и убиствата на последните српски феудални владари Волкашин и Углеша, Македонија доби нов господар и ропска владавина во траење од над 500 години.

Со Втората светска војна, Македонија и Македонците ја добија  шансата за обнова на својата античка монархија, во лицето на Република Македонија.Тоа се случи на 02 август 1944 година во светиот македонски храм, манастирот "Св.Прохор Пчински", во присуство и на сегашните "стратешки" партнери. 

Одлуките на АСНОМ после долгата и крвава ослободителна војна против фашистичка Германија, Бугарија, Италија и албанските балистички банди, беа темелите на најновата македонска држава. Датумот пак, ги симболизира спомените на битката кај Херонеја во 338 година п.н.е. кога Филип и Александар Македонски ги уништија заедничките сили на грчките државички и ги ставија под своја контрола. Свето македонско место, кое заедно со темелите на новата македонска држава, Лазар Колишевски и Комунистичката партија на Македонија, му го подарија на Србија, со што, впрочем, и започна  поцесот, кој Зоран Заев и СДСМ деновиве го завршија.  

Периодот од 1944 па до 1991 година, како сојузна држава во Југословенската федерација (СФРЈ), Република Македонија го користеше за своето етаблирање како државна заедница на македонскиот народ со сите институции на правна држава, но со ограничен суверенитет, како, впрочем, и другите придружни народи: Србите, Хрватите, Црно Горците, Словенците, Босанците и Албанците во српската покраина Косово и Метохија. Меѓутоа, некое време после смртта на претседателот Јосип Броз Тито,  амалгамот кој ги држеше сите споменати народи и национални малцинства во заедничката држава во мир и "благосостојба" преку слоганот: Братство и едниство, 1990-те од минатиот век се распадна и сите нејзини делови си формираа "самостојни национални држави" и тргнаа по патот, кој "самите" си го избраа. Патот, назад во капитализам и развластување на народот во полза на поранешните комунистички директори и други нивни блиски пријатели. Тоа беше патот, кон осиромашување на македонскиот народ и подготвување  за негово разнебитување: деструкција на македонската држава и обезличување на самите себеси со помош на  внатрешни предавници, вазали и гнасни изроди. Гнасни изроди, повеќе од било кои пред нив, кои ја газеле македонската земја.

Раздвојувањето за сите народи не беше мирно и безболно. За Србите, Хрватите и Босанците беше крваво со многу илјадници невини жртви и обновување на омразата затаена како Пуза над половина век во мир, заедништво и релативно добар животен стандар  со сите бенефиции, за безбеден и здрав живот.

Распадот на заедничката и силна балканска држава,    денешните "стратешки" партнери го испланираа уште во времињата на нејзиното формирање како Социјалистичка заедница на балканските народи. Но заради жонглирањето на претседателот Јосип Броз Тито помеѓу Истокот и Западот, се чекаше времето на неговото природно напуштање на светот, во Мај 04 1980 година, кога неговото срце престана да чука во Љубљана, Словенија. 

Времето од создавањето и разградувањето на СФРЈ до создавањето на "самостоините" државички на Балканот, западните планери внимателно го користеа за  докусурување на секоја од нив пооделно и во исто време, сите заедно.

За сето тоа време се измислуваа подмолни и ефикасни стапици, со кои би ја добиле битката за доминација и уништување од внатре и однадвор без фишек да испукаат. Европската Унија и НАТО беа тие стапици, кои на гладниот македонски народ му внесоа надеж, дека со пристапување кон нив, преку ноќ и без работа ќе добијат се' што сега и овде во нивната земја им беше одземено. Лесно наседнаа и брзо беа елиминирани од борбата за себе и за својата држава. При тоа, западните и европските планери трпеливо ги усовршуваа своите деструктивни стапици, чекајќи права прилика и  со прави алатки да не доведат до она, што на 17 септември 1917 година и ни се случи: деструктивен договор со Грција, како дел од пакетот во кој беше договорот за добрососедство со Бугарија и Тиранската платформа за двојазичност и федерализација на Република Македонија. И сета таа игра на "мачка и глушец"  на "демократски" начин се играше пред нашите сопствени очи.  "Мораше" да ја прифатиме, зошто мамецот ставен на стапицата ни измамуваше и се' уште ни измамува слини во устите. Мамците беа, и се' уште ни се прикажуваат како едина алтернатива за преживување и извлечкување од вештачки создадената сиромаштија во Македонија. Но, цената беше и превисока за така малку слатки и лажни залаsи.

Нивните планови за уривање на нешто што им смета на патот кон доминацијата врз човештвото  имаат контунуитет, кои не се својствени за нас, народите што опстојуваме  со векови  на  овој "наш од Бога даден", животен простор. И тоа беше погубно за сите алчни и безнадежни луѓе, не навикнати на такви "совршенства" со кои не истуркаа од рамнотежата ни и не фрлија во амбис, од кои не ќе има брз и ефтин излез. 

Многу народи во светот и на Балканот не ја разбраа политиката на Рузвелт: кога на гладниот човек му даваш морков, за секој случај зад плеќите држи го и стапот! Нам не ни требаше ни морков, ниту стап. Ни требаше само ум и разум! 

Долгогодишниот наметнат проблем на Грција со името на Македонија се претвори во средство за тотална капитулација и на македонската држава и народот во неа.  Наметнатиот, така наречен премиер на македонската влада Зоран Заев и двојниот дезертер од две војски ЈНА и АРМ, Талат Џафери , и убиец на многу македонски бранители за време на однадвор иницираниот и извршен конфликт во 2001 година, беа   домашните монструми, кои лесно им ја завршија работата, за која  самите не беа кадри. 

А народот? Па не очекувајќи го велепредавството на својата власт и замаен со слаткопроварливите лаги  на криминалецот од Муртино, ги крена рацете во знак на предавство, мислејќи дека сета работа на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, политичките "лидери" на албанските партии во земјата и скоро сите помали коалициски партнери на власта е само   шега, на која не е потребно да и' се придаде некое важно внимание. Но, не испадна тоа така!

Заев во спрега со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со задоволство и во име на сите нас внатре и надвор од Македонија и' го промена името на македонската држава, го разнебите ткивото на Македонците, им го продаде мајчиниот јазик, се одрекна од македонската историја од антиката до Втората светска војна, ја направи Македонија двојазнична, го растури Уставот на Република Македонија, ги откорна корените на државата и со бришење на АСНОМ и внесување на Албанците како уставна категорија и државнотворен народ во Македонија, ја клекна на колена својата сопствена држава и својот сопствен народ. И на крајот, со длабоко задоволство и потсмев на Македонците им ја честита новата држава, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. И сето тоа, со мал или никаков сериозен отпор.

Македонските аналитичари, политичари,   бројни интелектуалци, учители и универзитетски професори, мнозинството на мешаната полиција и Армијата, потоа Македонската академија на науките и уметностите, Македонската православна цркв, освен мал  освестен број високодостоинственици, молчат и потајно чекаат проблемите со оваа Хунта на Зоран Заев да ни ги реши Европската Унија и НАТО, без штета по нивните комфорни животи.

Грците, Бугарите и Албанците ликуваат и в'лице ни се смеат и не прават недоветни и народ кој не заслужува да има држава, а ние се' уште мирно си гледаме сапуници во нашите угодни домови.

Секој ден Заев ги затвара и така малкубројните водачи на протестите пред Собранието, а политичките лидери си се занимаваат со претседателските и предвремените парламентарни избори во новата балканска држава, Северна Македонија! Не се знае што носи денот а што ноќта, па брзаат да се сместат негде поблиску до идниот македонски Нобеловец и "борец" за мир и благосостојба, првиот премиер на СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, Зоран Заев. 

ТВ разговорите на главните политичари во Македонија се за секоја осуда. За се' зборуваат, ама за тоа што се случува во Македонија, не знаат ништо паметно да кажат. Куќите им ги продаваат заедно со нивните деца, жени, мајки, татковци... тие се надмудруваат и на крајот се сложуваат дека сепак, Заев направил добра работа. Наскоро ќе сме влезеле во НАТО, зошто му требаат војници на Столтенберг, а за Европската Унија, Господ е кадер кога. Важно работата е завршена, соседите се задоволни, Албанците ни ја презедоа Северна Македонија и македонскиот јазик го заменија со албанскиот, така сега можеме да си ја пееме песната "Зајко кукурајко" кој успеа да ги надмудри сите македонски политичари од кариера и ги направи недоветни, со што  тие се гордеат!

Сите знаат што и зошто ова и' се случува на Македонија и на македонскиот народ, односно на Македонците, само ние "не знаеме". Па сега, кога цел свет не плука, ние мислиме дека врне дожд и си продолжуваме по патот кој ни го трасира квислингот Заев, со подршка на неговите газди од надвор.

И на крајот од ова мое денешно јавување, ќе морам да ги поновам моите сознанија за причините на македонската трагедија и придобивките на нашите "стратешки" партнери. 

Во секој случај, македонското прашање се решава со помош на домашните квислинзи и предавници во чија работа се инвестирани големи пари.  Грците, Бугарите и Албанците добиваат се' што побараа и со тоа се ослободуваат од сите злосторства нанесени врз Македонците и нивните национални интереси. Сите бомбардирања и масовни горења на Македонците во егејскиот дел на Македонија сега се само немили настани меѓу Грците. Правото на името Македонија е пренесено на Грција, зошто ние сме биле "новодојденци" на овие простори и треба да се задоволиме со тоа што ќе ни се даде, ако сакаме да останеме тука каде што сме, ни печени ни варени, а ма затоа излагани при здрави уши и опулени очи!

Во силата неме правдина, ако не си ја бараш и ако не се бориш за неа! Нас никој не не мрази, туку ние сме си самите себеси душмани! Едино останува надежта дека некогаш ќе се роди прав човек и јунак кој ќе успее од луѓе како нас да направи луѓе, какви  и' требаат на Македонија, за одново да биде таква, каква што народниот песник ја испеал во своите прекрасни творби, кои не тешат, и смируваат. 

ДО ТОГАШ, НЕКА ГОСПОД НИ БИДЕ НАПОМОШ! 

Секогаш, ваш Сотир!

 

ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ НИКОГАШ НЕ СЕ МИРЕА СО НАМЕТНАТАТА ПОЛОЖБА ПО МИРОВНИТЕ ДОГОВОРИ ВО ЛОНДОН И БУКУРЕШТ - 1913 ГОДИНА

ТЕЛЕГРАМА ДО МИРОВНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПАРИЗ

Големата четворка од лево: Дејвид Лојд Џорџ, Виторио Орландо, Џорџ Клемансо и Вудроу Вилсон.

 

На седницата од 25 март 1919 година Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија се обрнал со телеграма до Мировната конференција во Париз, во која ги изложува барањата на Македонците и енергично протестира против евентуалното проектирано раздробување, кое би било само едно ново издание на фаталната грешка што ја изврши Букурешкиот мировен договор од 1913 година, на кој македонското население беше третирано како стадо.

Македонците никогаш не се миреа со наметнатата положба по мировните договори во Лондон и Букурешт (1913), како и оние склучени по Првата Светска Војна (1919 и 1920). Оттука, по поделбата на Македонија на три дела и по повторното поробување на македонскиот народ, борбата за слобода не стивнува, туку продолжува да се води. По завршувањето на Првата Светска Војна, следствено на историските услови, Македонците ги користеле сите возможни начини, форми и средства на борбата како во Македонија, така и надвор од неа.

И покрај сите опструкции, светот сепак беше запознат со основниот стремеж на македонскиот народ, а тоа е воспоставување на територијална целост на Македонија. Македонската емиграција која не беше изложена на политички и физички репресалии од окупаторите на Македонија можеа по слободно  да го изразат овој стремеж и да бараат негово реализирање.

Особено во ова беа македонските студенти на универзитетите ширум Европа, особено во Русија и Швајцарија. Околу покренуањето на решавањето на македонското прашање, жива активност пред крајот на војната развиле македонските студенти во Швајцарија. За нив било важно Македонија да ја зачува својата територијална целина и да не биде поделена помеѓу балканските држави. Студентите кои биле организирани во неколку друштва барале како крајна можност Македонија да биде под старателство на Дрштвото на народите.

Македонските студентски друштва од универзитетите во Женева, Цирих и Лозана на 15 декември 1918 година на својата пленарна седница во Лозана формираа единствено тело под името Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија. Формирањето на ова тело имало задача да ги обедини акциите за реализирање на истата цел која што ја имале поставено пред себе друштвата при своето формрање околу актуелизирање на прашањето на Македонија пред Париската мировна конференција.

По формирањето, Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија испраќал телеграми, меморандуми, петиции до големите сили или одделни истакнати личности, во кои ја истакнуваше борбата на својот народ и неговите настојувања за слобода. Генералниот совет истовремено апелирал и се заземал за правилно решавање на македонскиот проблем во духот на стремежите на македонскиот народ. Со цел за да се запознае јавноста со борбата и стремежите на македонскиот народ, Генералниот совет покренал и свој весник "Македонска независност" кој излегувал на француски јазик под насловот "Le Independance Macedonienne".

Во тој контекст, од седницата одржана на 25 март 1919 година, Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија испраќа телеграма до Мировната конференција во Париз, потпишана од претседателот СТ. Тилков и секретарот А. Гиков, во која се вели:

"Со телеграмата од 10 декември 1918 година и со меморандумот од 11 јануари 1919 година понизно ја молевме почитуваната Конференција за мир да повели да го примени и врз Македонија принципот на слободното самоопределување, денес даден на толку потиснати народи. Населението на Македонија, чија што земја е натопена со крв и солзи и кое, трпејќи најгрозни маки, се бори повеќе од 40 години за своето ослободување од туѓинскиот јарем, енергично протестира пред почитуваната Мировна конференција против  евентуалното проектирано раздробување, кое би било само едно ново издание на фаталната грешка што ја изврши Букурешкиот мир (1913) на кој македонското население беше треитрано како стадо.

Огромното мнозинство на македонското население силно го сака создавањето на една автономна држава, под протекторатот на големите сојузени држави. Ваквата управа, барана од огромното мнозинство на македонското население, истовремено би донесла траен мир на Балканот и единствено би била во состојба да го осигури економскиот и духовниот развиток на сите Македонци, без разлика на раса и вера. Принципот "Македонија на Македонците", кој беше девиза на Внатрешната револуционерна организација е мошне популарен во Македонија. Инаку, автономијата на Македонија беше формално призната од страна на Грција, Србија и Бугарија во нивниот ултиматум до Турција во 1912 година.

Си дозволуваме да го привлечеме специјалното внимание на почитуваната Конференција за мир  и понизно ја молиме да не уништува еден невин народ кој изобилно го платил данокот на каузата за своето ослободување со робување, маки и болки".

Покрај испраќањето на писани материјали до преговарачите во Париз, Генералниот совет решил да испрати своја три члена комисија која би ги застапувала интересите на македонскиот народ. Меѓутоа, ова барање било одбиено со мотивација дека тие "не го претставувале македонскиот народ, туку дека се само друштво и дека немале  полномошно од македонскиот народ".

Ваквиот став не ги обесхрабрил членовите на друштвата. Тие продолжиле да испраќаат и натаму телеграми и петиции со цел да се чуе гласот на Македонија за нејзиното право на самоопределување, инсистирајќи постојано во своите апели да укажуваат дека без справедливо решавање на македонскиот проблем не може да има мир на Балканот и ќе се даде повод за нови немири и крвави судири помеѓу балканските држави. "Женевските студенти најмногу инсистирале на 14-те Вилсонови точки во кои се предвидувало правото на самоопределување на секој народ".

Сепак активноста на македонскте студентски друштва во Швајцарија, како и на патриотските сили на целокупната македонска емиграција, ќе даде некаков резултат. Македонското прашање беше актуелизирано и не беше одминато на Париската мировна конференција. Тоа било актуелизирано на седници на Комитетот за новите држави на Париската мировна конференција. Во главно италијанската делегација истапувала со разни предлози по однос на идниот статус на Македонија. На таквите предлози најостро се спротивставила делегацијата на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, која била подржувана од француската дипломатија. Поради отпорот на одредени победнички страни, пропаднала идејата за автономна Македонија. Но и покрај тоа што на Париската мировна конференција големите сили и земјите победнички ги отфрлиле барањата и идеите за решавање на македонското прашање, сепак тоа не престанувало да се поставува, актуелизира и по склучувањето на мировните договори по Првата Светска Војна.

Македонското прашање продолжува да го обременува светот и денес. Иако измина многу време од тогаш, сеуште постојат сили кои македонското население го третираат како стадо. Обидите под притисок да го смени името и идентитетот, не носат трајно решение за македонскиот народ, кој единствено сака да го зачува своето име и идентитет, како и да го осигура економскиот и духовниот развиток на сите Македонци, без разлика на раса и вера.

 

 

Македонска нација 

www.mn.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

Здравко Савески, член на Президиумот на Левицата

 

Здравко Савески

ЗАЕВ НЕ ГО ПОТПИША ДОГОВОРОТ СО ЦИПРАС ЗАШТО НАТО ЌЕ ДОНЕЛО ИНВЕСТИЦИИ, ТУКУ ЗАШТО МУ БЕШЕ НАРЕДЕНО ОД САД

*******************

 

 

Да се разбереме, Заев не го потпиша договорот со Грција поради некоја определба за соживот на балканските народи. Гајле му е нему што после тоа омразата помеѓу Македонците и Грците се зголеми.

Не го направи тоа ниту поради убеденост дека НАТО ќе донесело поголеми инвестиции или ќе се подобрела безбедноста. Дотолку барем ги разбира работите. Го направи сето ова зашто му дадоа задача од САД да ја заврши  работата за тие да ја остварат својата геостратешка цел во борбата за превласт со Русија и да ја убуткаат Македонија во НАТО.

Е сега, не наивно, претерано наивно е да се очекува дека Заев заради ништо ги послуша своите империјални газди. Добриот вазал не се менува и до крај се подржува. Се знае како оди дилот на вазалите со империјалните господари: вазалот го слуша господарот, а за возврат тој му дава одврзани раце да ја употребува и злоупотребува власта за своја лична корист. Толку, бре, случаи за ова има во светот, срамота е да не гледаме што се случува пред нашите очи!

И имајте предвид, ќе се гази демократијата, ќе се газат човековите права, но од "меѓународната заедница" никаков притисок против тоа немојте да очекувате. Инсталирање на вазалска власт во една земја не е играчка! Скапа е цената што народите ја плаќаат во такви држави!

 

Од Фејсбукот на Здравко Савески.

https://bukefal.club

 

Томе Велков, поет

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО 

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*******************

 

 

 

АКО ТЕ ПРЕКРСТАТ КОЈА ЌЕ БИДЕШ

  • Знам дека ќе прежвееме
    ама како да те повикам
    кога ќе ми требаш да се исправам.

    Знам дека ќе преживееме
    ама без лице кои сме.
    Знам дека ќе преживееме
    ама прекрстени
    исто како птици без крилја.

    Знам дека ќе преживееме
    но ако те излеат во железо
    не ќе можеш да кажеш
    не ќе можеш да плачеш.

    Знам дека ќе преживееме
    ама небитно ќе е
    каде се враќам
    зашто не ќе знам
    на кој камен да седнам
    ако те прекрстат
    ќе бидам само цимбал
    кој не sвони
    зашто се' ќе е лага.
    ****************

    БИБЛИСКА

    Како наод
    ќе го напишам
    името Твое
    на камен
    најден пред потопот.

    Внимателно
    ќе напишам


  • дека си ендемски вид
    од непроценлива
    вредност.

    Ќе те ставам
    во моите очи
    за да те видат сите
    кога ќе го обиколувам светот
    за седум молскавици.

    Вистината ќе чека
    како секогаш
    ќе биде закована на крст
    потоа ќе воскресне
    за да не остане
    во пустина жедна.

    Ќе и' ставите темни очила
    да не види
    дека годината е без лето.

    Ќе запали свеќа
    и ќе се помоли во трлото
    за да биде бран
    на светлината.

    Нема да чека
    копитата да ја измесат
    како младо тесто
    затоа што само бесмртните
    го јадат лебот
    а другите законите ги чекаат.

    На жешкото сонце
    многу солзи
    ама малку вистина во изворот.
    *************
    Автор: Томе Велков

ЌЕ ПРЕЖИВЕЕМЕ!

Kind regards : 05 февруари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 194

ВИДЕОТЕКА

**************