Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

АКО НЕ' СЕГА, ТОГАШ КОГА?

************

Македонците секогаш знаеле кога е доста! Кога е времето за акција, но овој пат,  задоцнаа и му дадоа време на Зоран Заев да ги изврши ветувањата дека, кога ќе дојде на власт, "живи луѓе ќе јаде". Но, тој отиде  и понатака со својата порака.  Ќе не  изедел сите заедно колку не има дома и надвор од Македонија! И не' не излага! Не јади еден по еден!

Народе мој македонски! Сега е дојдено времето,  оти утре ќе биде доцкан! Чумата црна  веќе ни влегува и во домовите и душите. Ниту една хунта не се откажува од своите намери без масовен отпор, па ни македонската, на Зоран Заев. Со молничава брзина ги завршува подготовките за последниот удар, кој следи: да ни ја запечати судбината на секаде каде го советуваат надворешните мршојадци и монструми,  ликувајќи при тоа, дека првиот тој ќе поседува лични и патни документи со новото име на земјата, Северна Македонија! 

Ако предавниците свесно ги извршуваат дадените задачи од надворешните нарачатели, зарем ние молчеливо треба да ги прифатиме нивните тупаници? Не! Тоа ниту еден освестен народ не го направил без отпор, зошто да се умре за Татковината и својот сопствен народ е чест, ама да се живее без достоинство и безимен, е ужасно и срамно за секого!

Првиот одбрамбен ешалон секогаш се силите на безбедносниот систем: полицијата и војската. Но, како тие одамна затаија и му се придружија на Заев, Жеќеринска, Спасовски и албанската коалиција, тежината и одговорноста за одбрана на нашата Татковина падна врз грбот на македонскиот народ дома и во странските земји ширум светот. Секогаш било така и сега ќе биде! Зошто ЖИВОТОТ Е ЕДЕН, АМА БЕЗ ТАТКОВИНА НЕ Е ВРЕДЕН!

Притисокот на народот пополека се зголемува, ама се' уште не е доволно брз и ефикасен за да го стегне Заев и неговата криминална дружина, в ќош. Тие го користат сето време кое ние самите им го даваме за да си ја завршат работата и побегнат како кучиња со подвиени опашки, и  шугава совест, во  продадените им души.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, како да се подразбуди и почна без срам да бара подршка за претстоините претседателски и парламентарни избори и од своите преостанати членови и од свесните Македонци кои, по се изгледа, повеќе не наседнуваат на неговите празни ветувања. Не наседнуваат, бидејќи кога  масовно протестираа по улиците на Македонија и бараа подршка од своите природни лидери, ВМРО-ДПМНЕ  молчеше. Чекаше да види колку луѓе, можни народни Трибуни ќе бидат затворени, понижувани и уценувани по зандааните на Заев и Спасовски.  Си планираа со "лутите" СДСМ-овци кој како и колку ќе му фрли пепел на народот в'очи, до конечното завршување на работата со обезличување на Република Македонија  и крадење на идентитетот на Македонците. 

Од полицијата и војската аир нема. Тие одамна си ги продадоа душите, го изневерија народот и ја погазија свечената заклетва дека ќе ги бранат интересите на Република Македонија и македонскиот народ во неа. Со тоа, станаа предавници, изроди и активни сооучесници во разнебитувањето на земјата.

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, како заложник на Зоран Заев и неговата Хунта, со не преземање правовремени нужно потребни и ефикасни претседателски заштитни мерки, ја погази својата заклетва пред македонскиот народ, врз чии плеќи живееше угоден и господски живот, и му се придружи на Зоран Заев, кој пак, како потврден дебелокожец, му се фуќка што вели и мисли народот, се' дури има чадор над главата  made in West or  European Union!

Па, затоа народе мој,

 ВЕРУВАЈ МУ НА СВОЕТО МАГАРЕ, ЗОШТО ОД ТУЃИОТ КОЊ,  НИКОЈ АИР НЕ ВИДЕЛ! САМО СО НОВИ И ЧИСТИ ЛУЃЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА СИ ЈА ПОВРАТИМЕ ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ СВОЈ! САМО ОБЕДИНЕТИ ВО ЕДЕН МАКЕДОНСКИ БЛОК МОЖЕМЕ ДА ГО ПОБЕДИМЕ ЗЛОТО КОЕ НИ ЛЕГНА НА ГРБОТ, КАКО ПЛАНИНА!

 

Секогаш Ваш, Сотир

 

"МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЕДНА И САМО ГРЧКА"

Никос Филис

Превел од англиски и прилагодил за "Македонски Збор", Сотир Гроздановски-Македонски

******************

На 25 јануари 2019 година во грчкиот Парламент, за време расправата околу договорот од Преспа, парламентарецот Никос Филис од политичката партија "СИРИЗА" во своето излагање отворено се искажа што му лежи на срце, а досега, најверојатно, немаше таква прилика да се изјасни. Еве, за разлика од тешките грчки националисти и шовинисти,  што Никос Филис има да рече за  вистината околу "проблемот" со името на Македонија. Да му соопшти не само на грчката, туку и на светската јавност, дека има и друга вистина за истиот проблем. 

"Македонија не е една и само грчка. Има повеќе Македонии, вели Никос Филис! И другата Македонија е дефинирана со Букурешкиот договор, потпишан и од грчката страна.  Можеби не звучи премногу  угодно, меѓутоа, тоа е вистината!

Грчка Македонија е грчка, затоа што ние ја направивме да биде грчка! Од 1912 до 1922 година, до доаѓањето на бегалците, во Македонија мнозинското население не беше грчко. Само во некои нејзини региони, и тоа на југот од земјата. Па така, Македонија беше направена да биде грчка со размена на населението и со многу други не пријатни настани, како на пример големото насилно етничко чистење на не грчкото население.

Затоа, кога тврдиме дека "Македонија е една и тоа само грчка" ние самите себеси се лажеме и правиме недоветни! 

*********************

Nikos Filis, (SYRYZA PARTY)

25 january 2019.

Гоце Делчев

ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

***************

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ПИЕЛ "ТЕШКО КАФЕ" И ГИ МРАЗЕЛ ПРЕДАВНИЦИТЕ

 

Ако некој се нафати да пишува биографија за Гоце , ќе треба добро и опстојно да ја проучи неговата мајка, за да го опише срцето на синот. Гоце беше најмекиот, најразбраниот, најуважениот соговорник за сите и за секого. Ќе го сретнеш на улица, а тој мило те кани да му се придружиш. Влегувате заедно, на пример, во кафеаната "Македонија", седнува и те поканува да седнеш и ти. Порачува кафе, тешко-слатко, синџирлија, две кафиња во еден филџан, а те понудува да порачаш и ти нешто. Ги собира во џебот манастирските бројаници на кои виси железно распетие на Исус и вади цигари, става една во цигарлакот, систем д-р Кох, со стакленце внатре а однадвор напишано "Кукуш", и те нуди и тебе со цигара", запишал во своите спомени Охриѓанецот Климент Шапкарев, син на Кузман Шапкарев, близок другар и соборец, на Гоце Делчев. 

Според Димитар Влахов, пак, Гоце говорел убедливо и ги пленел слушателите со својата добрина, искреност и преданост: "Тој не итруваше, тој не умееше да дипломатствува. Делото на кое тој служеше беше чисто, возвишено, големо и затоа самиот сметаше дека би било грев ако не му служи верно и со преданост до крајот на својот живот. Ниту една минута тој не се поколеба".

*********************

"Гоце секогаш почнува прв со разговорот, а ти го гледаш и се вљубуваш во гласот. И гласот те допира право во душата, во најнежните струни. Те прашува како си со една блискост, со едно сочувство што тера да веруваш дека тој веќе се' ти видел во душата и се возбудува заедно и еднакво се тебе...", запишал Климент Шапкарев, син на Кузман Шапкарев, близок пријател и соборец на Гоце Делчев. Според сведоштвото на Димо Хаџи Димов, пак, Гоце најмногу се вознемирувал од предавство, велејќи дека "развратници се тие кои се служат со презрени и осудени од нас предавници и блудници, кои згора на тоа ги прогласуваат за претставници на кнезот и рускиот цар". 

Војводата Михаил Герџиков, верен другар и долгогодишен соборец на Гоце, запишал дека никогаш не го видел својот другар толку тажен и загрижен како дента кога заминал за Македонија во обид да го спречи Илинденското востание. Пред да замине го прегрнал и со солза во окото му рекол: "Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам - татковината и Јанка. Чувај ги и двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чувства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени".

 

БРОЈАНИЦА СО МЕТАЛНО РАСПНЕНИЕ НА ИСУС

По средбата со Герџиков, значи само неколку месеци подоцна, во мај 1902 година, Гоце бил убиен во Баница, а имал само 31 година. Каков човек бил големиот македонски револуционер и национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век? Во своите спомени за него, Охриѓанецот Климент Шапкарев, син на Кузман Шапкарев, меѓу другото пишува: "Ќе го сретнеш Гоце на улица, а тој мило те кани да му се придружиш. Влегувате заедно, на пример, во кафеаната "Македонија", седнува тој, а те поканува да седнеш и ти. Порачува кафе, тешко-слатко, синџирлија, две кафиња во еден филџан, а те понудува да порачаш и ти нешто. Ги собира во џебот манастирските бројаници на кои виси железно распетие на Исус и вади цигари; става една во цигарлакот, систем д-р Кох со стакленце внатре, а однадвор пишува "Кукуш". Те нуди и тебе со цигара. Почнува прв со разговорот, а ти го гледаш и се занесуваш во гласот. И, те допира тој глас право во душата, на најнежните струни. Те прашува како си, со една блискост. со едно сочувство што тера да веруваш дека тој се' ти видел во душата и се вознемирува и возбудува заедно и еднакво со тебе. И ти ќе отвориш срце, неможе да не му се довериш, да не му се исповедаш и за нешта кои си ги криел од самиот себеси. И ќе те распраша за блиските и за останатите, како тој со тебе да преживува се' што кажуваш. Всушност, неусетно, самиот си ја отвораш душата и се чудиш како се случило тоа, а гледаш дека и тој чувствува, се возбудува, се разтреперува од твоите преживувања почисто и појасно отколку ти. Те зема во душата и по неколку минути тој управува со твоите чувства, со твоите немири, со твоите лични премрежија."

Во својот детален опис на средбата со Гоце, Климент Шапкарев ги опишува човечките квалитети на Делчев, неговиот однос со луѓето, довербата што ја уживал во народот: "Посакуваш да не се разделиш од него, со него да останеш со часови, но на масата доаѓа друг, па Гоце го поканува и него, и го прашува: 'Се среди ли работата, се смири ли?' Ќе дојде трет. Ќе го покани и него и ќе го праша: 'Го виде ли Чучков? Доаѓа ли во Батенберг?' Доаѓа четврт но Гоце веќе станува, треба да замине, па му вели: 'Дојди вечер во градината на Браќа Миладинови!'

Стануваме сите, а некако не ни се разделува! Чувствуваме дека се разделуваме со многу близок човек, поточно, со најблизок човек. Се свртуваме да го видиме уште еднаш. По вечерата седиме одново околу маса во градината на гостилницата Браќа Миладинови. Се свири и пее италијанска музика. Често во друштво се Туше Деливанов, Бојан Биолчев, семејството на Петар Станков, доскорешен член на Касациониот суд. Пиеме пиво, слушаме музика, се шегуваме, раскажуваме доживувања! И Гоце раскажува некои случки од детството во Кукуш, од ученичките денови во Солунската гимназија. Подоцна доаѓаат Диме, Трајче, Чучков и други што не ги познаваме. Расправаат за градините кај Солунското пристаниште, за музиката таму и за градините кај Пиргите и кај Беш Чинар, а Гоце дофрлува: 'Само не го заборавајте и затворот Беас Куле!' И пак се смееме, се шегуваме, а некои момчиња постојано доаѓаат кај Гоце за да му кажат дека нешто е готово, дека нешто завршиле, а тој ќе кимне со главата, ќе им каже 'добро', и тие ќе заминат. Друг доаѓа и кажува дека дошле Калифарски и Икономов, а Гоце му кажува да пренесе 'да чекаат утре во Кнежево'.

Стануваме да си одиме. Тргнуваме кон станот, а по пат не' стигнува друго момче и вели: 'Гоце, јас сакам да дојдам со тебе во Македонија!' А Гоце му вели: "Добро, оди кај Чучков во хотел Батемберг, кажи му дека јас сум те пратил." И момчето со трчање се губи во темнината. 

Утредента, го сретнуваме истиот човек на улица, брза, лета. Го прашувам што брза толку, а тој ми вели : 'Брзам во Дупница, кај дедо Кољо Малешевски', и трча, ветрот не го стигнува. 

Со Гоце, многупати сме спиеле во иста соба. Ќе си легнеме, а јас сакам да му свртам внимание на безбедноста, но Гоце разбра пред да му кажам: 'Нека видат, нека знаат дека сум како сите луѓе. Јадам, пијам, пушам, зборувам, се смеам, се шегувам, грешам, се вознемирувам, сакам да слушам музика и се' друго, како секој човек. Да не мислат дека јас и другарите сме некакви надлуѓе. Да видат дека секој може да биде како мене, како нас, треба само да сака.'

 

ЈА ОБОЖУВАШЕ МАЈКА СИ

Според Климент Шапкарев, Гоце бил бистер, кристален горски извор од кој блика љубов за секој човек: "Тој беше постојано срдечен, јасен, отворен. Тој никогаш не глумеше, никогаш не позираше, не се фалеше. Само еднаш се фотографира со чета, но и тогаш во последниот ред и со големи молби и навалување на другарите. А имаше секакви луѓе, некои од збор не се разбираа, иако Гоце и кон нив секогаш се однесуваше со почит, со љубов сакаше да им објасни се' што не им беше јасно.

Еднаш, на некое собрание избил спор со некој си Саракинов, и тој, Саракинов, му удрил шлаканица на Гоце пред сите. Мислам дека ако тоа му се случеше на Ѓорче, сигурно би ја расцепил организацијата! Сарафов би го застрелал веднаш, на самото место, Груев би му простил откако би се помириле со посредници, но цел живот, при секој даден случај, постојано би му кажувал пред сите, во очи" 'Ајде да го решиме случајот со шлаканицата!' А што направи Гоце? Ништо! Тој продолжи да го сака Саракинов, сожалувајќи  го што нема волја да се воздржи  и нема ум за да разбере дека ништо со тоа нема да се реши, а затоа е криво семејството, нема од мајка си всадено чувство што ќе му ја заузда грубоста. А Гоце имаше религиозен култ кон мајка си. Гоце ја обожаваше мајка си. Тој веруваше дека мајката е посредник меѓу божеството и човекот и дека таа зема честички од божеството и ги става во градите на рожбата. Бездруго, токму нејзе тој и' ја должеше нежноста на своето срце.

Ако некој се нафати да пишува биографија за некого ќе треба добро и опстојно да ја проучи неговата мајка за да ни го опише срцето на синот. Гоце беше најмекиот, најразбраниот, најуважениот соговорник за сите, за секого посебно. Седеше на миндер, скрснозе, или на стол во аголот, а околу него млади, бунтовни луѓе: 'И јас можев да останам на должност, да работам и да ги тркалам деновите еден по еден, да го тргам животот, да веднам шија, да теглам и да робувам. Но читав доста и научив дека тоа е безсмислица и дека не е за мене таков живот. Во училиштето копнеев за   човечка љубов, за слобода, пред се', а неа нигде кај нас не ја гледав, не можев да ја најдам. Смислата на животот не ја гледам во тоа да јадеш, да живуркаш и да умреш. Тоа е како да не сисе ни родил. Барав во книгите, барав во минатото, во животот на другите, многу барав и најпосле видов место каде што човекот може да најде слобода за себе, да биде безгранично слободен - а тоа е... во висините, кај орлите! Таму човек се чувствува како нив, го диши целиот воздух, живее независен од никого...Сепак, тоа не е слобода за човек; тоа е слобода за орел. Сфатив дека за да дадам смисла на животот мора да  слезам од орловите висини долу, на земјата, во селото, каде што има несреќни а добри наши браќа кои гинат и гнијат не само во една неволја, туку во тешко ропство. Да одам кај нив, да ги прегрнам во душата, да ги стоплам со љубов нивните смрзнати срца, да им кажам да не се караат, да не се лутат, да не си пакостат самите на себе. Да се сакаат и да не одат пред турски судови туку сами, братски да ги решаваат споровите. Да не им робуваат на беговите. А за тоа треба не само да се заколниме дека ќе умреме, тоа е лесно, туку да се заколниме дека ќе живееме и целиот живот ќе го дадеме за тоа свето дело, за слободата на народот."

Во записите на Шапкарев има сведоштво и за тоа кога Гоце дозволувал да доведат кај него и осудени грешници: "Со својот питом поглед како да ја потресуваше душата на грешникот, како да ја прашуваше што згрешила. Ќе ја најде растреперената струна на слабата човечка природа и ќе рече: "Ти простувам!" Грешникот ќе се расплаче, ќе се обиде да му ја бакне раката, а Гоце му вели дека ќе треба да изврши 'ризичен подвиг за да видат селаните дека имаш во градите нешто добро, човечко, па кога ќе го видат тоа, ќе ти простат и ќе заживеат со тебе, ќе те прифатат како човек'.

Понекогаш се прашувам дали ако за време на Француската револуција бил во Париз, дали би бил на барикадите? Да, се разбира! Во првите редови! Гоцевата душа мечтаеше за слобода и за безгранична љубов меѓу луѓето. Гоце во душата носеше големо знаме-знамето на апсолутна слобода, на безгранична љубов, но со пушка на грбот, се разбира. Слободата никој не ја дава за џабе, велеше. Слободата мора да се освои."

 

ГОЦЕ СТРАДАШЕ ОД БОЛКИ ВО СТОМАКОТ

Според Димо Хаџи Димов, Гоце е единствен меѓу водачите на македонското ослободително дело кој се издигна над сите како по своите револуционерни сфаќања, така и по својата практична работа за делото на организацијата со која за секогаш го сврза своето име. Исто така, тој е најпопуларниот македонски револуционер, а тоа се должи не на она што е напишано за него по смртта  од случајни негови соработници, кои сакале да се рекламираат главно себеси, како што вели Хаџи Димов, туку тоа се должи на една континуирана дејност, упорна и распространета низ целата македонска територија.

"Кога острите и продолжителни болки од тешката и неизлечива стомачна болест од која страдаше ќе го примораа малку подолго да престојува во Бугарија, за него немаше помили собеседници во секое време и во секој случак од тогашните македонски и бугарски социјалисти и воопшто луѓето кои минуваа за радикални меѓу таканаречените реални националисти и политичари во Бугарија и Македонија. Всушност, тој не пропушташе да земе лично учество ниту во еден работнички митинг, ниту на една работничка манифестација, трудејќи се да праќа во внатрешноста колку што е можно поголемо количество социјалистички, анархистички и други револуционерни брошури на кои гледаше, речиси, како на пушките и патроните што се внесуваа во Македонија", пишува Хаџи Димов во своите спомени за Гоце Делчев, додавајќи дека во 1902 година, заедно со група другари, се јавиле кај него и на нивното прашање-како треба да реагираат против бесната клеветничка кампања започната од генералите на Фердинанд против Македонската револуционерна организација, -Гоце посочил редица факти од дејноста на уфрлените банди во Македонија што ја потресле Внатрешната организација. Мошне значајно е тоа што по разговорот Гоце им дозволил, заедно со него, значи и со негов потпис, јавно да ја публикуваат следната, кратка, но значајна декларација: 'Комитетот (се мисли на Врховниот н.з.) во Бугарија ви кажува дека ние сме убијци, разбојници, па дури и развратници...Нам на ум не ни паѓа да се оправдуваме пред бугарското општество: ние сме силно убедени дека не е Врховниот комитет тој што ќе ја пишува историјата на револуционерното движење во Македонија...Ние не сме развратници! Развратници се тие што се служат со презрени и осудени од нас предавници и блудници, кои тука ги прогласуваат за претставници на кнезот и рускиот цар. Тоа е нашиот одговор. Ние не мислиме за Бугарија, но ќе ја чуваме Македонија. Немојте и вие да мислите на Македонија, но чувајте ја Бугарија!' Таа декларација беше објавена, пишува Димо Хаџи Димов, а Гоце беше потпишан под неа заедно со нас.

Спомените на Димитар Влахов потврдуваат дека Гоце говорел убедливо и ги пленел слушателите со својата добрина, искреност и преданост: "Тој не итруваше, тој не умееше да дипломатствува. Делото на кое тој служеше беше чисто, возвишено, големо и затоа сметаше дека би било грев ако не му служи чесно, верно и со преданост до крајот на својот живот. Ниту една минута тој не се поколеба. Благодарение на своите високи доблести и квалитети, кои ги поседуваше, неговиот углед меѓу народот беше голем.

Македонската револуција не познава друга личност која имала толку големо влијание врз македонскиот народ, посебно меѓу селаните, како Гоце. Во својата револуционерна дејност, Гоце се раководеше од една мисла: 'Македонскиот народ да биде организиран и вооружен за да може во одлучувачки момент како еден да се крене на востание, да ја собори тиранијата и да се ослободи.'Како непријатели на Македонија Гоце не ги гледаше само турските султани и паши, не само европските дипломатии и империјалисти, не само балканските окупатори и монарси, особено бугарските власти и дворецот, кои секогаш ги искористуваа страдањата на македонскиот народ за свои државнички и династички цели, туку непријатели на македонското ослободително движење тој  гледаше и во Македонците кои им служеа на бугарските влади и на дворот. Затоа, за него, како за ретко кој може слободно да се каже дека падна за слободата на македонскиот народ и за остварувањето на политичката автономија на Македонија. Гоце беше човекот кој со голем хероизам го штитеше македонскиот народ, а неговите идеали се идеалите на сите Македонци..."

 

РАЗДЕЛБАТА СО ВЕРЕНИЦАТА ЈАНКА КАНЕВЧЕ

По Божиќните празници 1902 година, пред да замине повторно во Македонија, Гоце доаѓа на проштална вечера кај својата вереница, учителката Јустинијана, Јанка Каневче, Охриѓанка која со семејството живеела во Софија. Неговата Јанка подготвува вешера, но му го предава и завршеното црвено востаничко знаме со лав и фигура на девојка. По вечерата го изненадува со убав Божиќни подарок, плетен, срмен елек. Истата ноќ Гоце се сретнува и со својот драг пријател и соборец, Михаил Герџиков, кој, упорно, на секој начин, се обидува да го убеди да го одложи своето заминување во Македонија. Герџиков предлага заедно да заминат по неколку недели. Според неговите спомени, Гоце не сакал ни да разговара за одлагање на патувањето; бил многу растревожен и потиштен од одлуката токму таа пролет да се крене општонародно востание во Македонија. На Герџиков му признал дека ќе стори се' да се одложи востанието, затоа што народот не е вооружен и не е подготвен за такво нешто. Во такви услови, тоа нема да биде востание туку кланица. Михаил Герџиков, неговиот верен другар и соборец, подоцна ќе запише дека никогаш не го видел Гоце толку тажен и загрижен. Пред да замине го прегрнал и со солза во окото му рекол: 'Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам - татковината и Јанка. Чувај ги двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чувства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени. Вереницата на Гоце, Јанка Канчев за неговата смрт на 4 мај 1903 година во селото Баница дознава неколку дена подоцна.

Следните неколку години таа ќе ги помине во црнина. Пет години подоцна, 'откако се родиле чувства меѓу нив', Михаил Герџиков и' предлага брак. Следната година им се раѓа ќерката Магда. Војводата Михаил Герџиков останал со својата сопруга Јанка, вереницата на Гоце, до нејзината смрт.

 

Преземено од:

http://media24.mk

 

ИЛИНДЕН 1903

За Гоце Делчев 

 

 

  • Би сакал да живеам ко тебе
    за народот свој
    би сакал да умрам ко тебе
    за слободата в бој.

    Би сакал ко тебе да станам
    ѓавол фркофат,
    потери насекаде да ме бараат
    но да не смеат да ме сретнат
    на пат.

    Би сакал ко тебе
    за Македонија да страдам,

  • би сакал црната чума
    да ја падам.

    Би сакал ко тебе да умрам
    со пушка во рака,
    би сакал народот песни да ми пее
    и ко тебе да ме сака.

    Би сакал ко тебе
    комитска чета да водам,
    би сакал низ Македонија
    војвода да бродам.
    *********
    Објавена во списанието Илинден 1903.

 

________________+++++++++_______________

Гордана Михајлова Бошнакоска

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

*********************

 

 ЕДИНАЕСЕТТИ ДЕКЕМВРИ 2019-та

 "Јас не се возбудувам на се' што гледам околу мене... Ама, за ништо на светов не би сакал да ја сменам татковината, ни да имам друга историја, освен историјата на моите предци".

Пушкин на Чадајев во 1836 г., Петроград

*********************

  • На овој ден камбаната бие
    со воскликот на Вапцаров
    "Оваа земја не е моја".

    На овој ден е роден
    Славко Јаневски,
    од сега овој роденден
    започнуваме сите
    да го паметиме.

    На овој ден духот
    на "Сердарот" го населува
    духот на Слугата Јернеј
    и започнува потрага
    по загубеното право.

    На овој ден започнува еден срам
    едноскинато перде
    со голема дупка
    низ која секој
    влегува и излегува
    без срам.

  • На овој ден доаѓа "Т'га за југ"
    зашто "овде е мрачно
    и мрак ме обвива
    и црна земја м'гла покрива".

    На овој ден Константин
    е сосема тука
    и една кукавица
    со нејзиното јато
    во подземните коски
    му клука.

    На овој ден се пее
    песната на Мирвет Беловска
    "Црна се чума зададе"
    и ечи овој глас
    над сите нас
    и ние,
    во него сме,
    црни - скаменети.
    ************
    Автор: Гордана Михајлова Бошнакоска

ВИДЕОТЕКА

*****************

Kind regards: 30 јануари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 193