ЌЕ ПРЕЖИВЕЕМЕ!

Сотир

Сотир Гроздановски-Македонски

РОДОЉУБЈЕ! ШТО Е ТОА?

*******************

Нема кој да не знае, дека човекот е друштвено суштество. Од своето раѓање, било на световен или духовен начин, па до неговото упокојување. Секогаш тежел да има некој  покрај себе, со слични или исти погледи на светот, што ги опкружува! Некои, со кого се разбира и може да очекува помош, кога му е потребна и дели заеднички простор, традиции, јазик, култура, минато, сегашност. Ја ужива сегашноста и  се подготвува за својата по светла, по безбедна, иднина. Негува силни и искрени чувства и длабока љубов кон народот на кој му припаѓа и местото кое си го одредил за постојано живеалиште.  Создава семејство, имот, развива меѓусебни и блиски односи, има свои симболи за разликување, средства за лична и заедничка употреба...  Ги погребува своите блиски и самиот себе си, кога ќе му истече времето одредено да ја гази својата родна земја... Има своја Татковина! Своја Држава! Свој чадор, кој го чува од сите непогоди кои му се закануваат со повреди, од секоја врста! 

Татковина, према која ги насочува сите свои скриени чувства. Ја љуби, почитува, помага да се развива и просперира за доброто на својата друштвена заедница. Ужива права, но си зема и обврски! - да се грижи за нејзината безбедност, мирот и правдата меѓу сонародниците! Создава систем како сервис за сите заеднички потреби. Ги почитува законите и Уставот, како највисок правен акт во својата Држава!

Сето горе реченото, со еден збор се нарекува, ПАТРИОТИЗАМ ИЛИ РОДОЉУБЈЕ!

Под Патриотизам-Родољубје се подразбира, уште и  развиена национална свест и оформен национален идентитет, како на индивидуално, така и на колективно ниво. Патриотот има обврска да се бори за слобода на својот народ, за суверенитетот и целовитоста на својата Татковина, те,  во рамките на својата професионална, друштвена и политичка дејност, се разбира во границите на своите можности, активно да придонесува во создавањето и чувањето  на националните вредности и интереси! Да ја чува, збогатува и афирмира националната култура, заедно со подобрување на животот на своите сонародници, со кој ја дели заедничката судбина.

Патриотизмот-Родољубјето се одликува со почитување на другите народи и нивните национални култури, но не на штета на својата национална припадност  својата национална култура, јазикот, традициите, историјата, државотворноста, националните симболи ,     како идентитетски белези на државата и на народот.

Дали секој, поединечно, од нас е слика и прилика на човекот за кој беше збор? Не секогаш и не сите! Па затоа  постоат  алатки и мерки, со кои се излегува на крај со кршителите на заеднички донесените правила на однесување! Постоат  органи на власта, кои во име  на народот - суверенот на државата, се грижат за редот и мирот: полицијата за внатрешни работи и војската за одбрана од надворешните непријатели и загрозувачи на територијата и мирниот живот на граѓаните. 

Е, сега доаѓаме до следното прашање: Што се случува, кога таа "народна" власт постанува и самата виновна за повредата  на редот, мирот и безбедноста на Република Македонија и правата на  македонскиот народ?  Кога насилно ги гази правилата на играта, го развластува суверенот (народот) и во спрега со внатрешни и надворешни непријатели работи против заедничките национални интереси и вредности на  мнозинскиот државнотворен субјект, Македонците? 

Во вакви ситуации, се случува НАРОД! Тоа е ГРАЃАНСКА НЕ ПОСЛУШНОСТ, со цел сменување на постоејќата Влада, прво,  со не насилни средства, а  во екстремни случаеви и со крвопролевање на двете страни: обесправениот народ и властордшците!

Ете, ние сме во фаза, кога и мирните укажувања по пат на протести и бојкоти на референдуми, не ги спречуваат предавствата на врвните органи на власта: Претседателот на Републиката,  премиерот на  Владата,   челниците на најголемите, така наречени македонски политички партии во земјата и нивните коалициони партнери.  Но, не смееме да ги прескочиме и "специјалните" изроди и предавници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Стефче Јакимовски и некои други независни пратеници во Собранието на Република Македонија, или од народот наречено: КУЌАТА НА СРАМОТ! Тие, со притисокот на гласачките електронски копчиња на 11 јануари 2019 година, ја изменија судбината на македонската држава и иднината на Македонците! Ги прифатија сите "документи" и договори за промена на Уставот на Република Македонија, промена на името на Македонија, заедно со името и идентитетот на Македонците.  Ја продадоа поновата македонска национална  историјата на Бугарите, а со договорот од Преспа,  целокупната повеќе илјадна историја и културното наследство од нашите предци,  Античките Македонци, на Грците! Најголемите и вековни наши непријатели! И сето тоа, како зеленчук на пазар по снижени цени или бадијала, како подарок од Зоран Заев, најголемиот шверцер, криминалец, изрод, предавник на Македонците и за жал, да не заборавиме, големиот лажго и тешко болен слатко речив примитивец. И сето ова, пред очите на 1,200.000 Македонци, кои го бојкотираа последниот референдум, од 30 септември 2018 година!

Солзи ми течат од очиве и срцето само што не ми пукне од гнев кога ги пишувам  моиве редови, попладнево на 24 јануари 2019 година.

Македонците се мирољубив народ! И тоа е општопознат факт! Народ со достоинство, но и не доволно претпазливост. Наивно се однесува спрема опасностите кои му се закануваат со разнебитување и оттуѓување на неговите нацоинални вредности. Народ, кој чини се' во полза на меѓусоседските односи,  кои секогаш не одат рака под рака со личните и националните интереси на Република Македонија.

Сведоци сме на сите негативни појави во нашата Татковина, Република Македонија! Сведоци сме на нечувено распродавање на македонските материјални и духовин вредности. Оттуѓување на македонските безбедносни органи: полицијата и војската.

Инфицирањето со страни и непријателски елементи на Македонија  е на загрижувачко ниво. Се преземаат највисоките положаи во државната администрација од недоволно стручни личности со криминални досиеја. Личности кои се' поотворено ги демонстрираат своите сепаратистички амбиции и големи апетити за превласт над мнозинскиот македонскиот народ. Со уцени и закани дека ќе ја урнеле македонската држава, ако не на мирен тогаш на насилен начин, ако не им се дозволи  да си ги остварат своите агресивно националистички барања. Барања, како двојазичност во државата, во која се малцинство од помалку од 15 проценти од вкупниот број на населението.

И не само тоа!- подготвуваат, скоро отворено,  деструкција на унитарноста на Република Македонија. А за во скора иднина, го фрлија окото и на претседателскиот положај на Републиката, да биде  Албанец.  Во секој случај терорист, од типот на  Талат Џафери,  "претседателот" на Македонскиот законодавен дом, Собранието. Потоа, сакаат и на чело на генерал штабот на армијата на Македонија да постават Албанец,  па полицијата,  образованието, здравството, економијата и тнт, се  до  Мала Речица на Али Ахмети од ДУИ и самиот терорист и убиец на Македонците во војната од 2001 година, да биде  престолнина на "Северна Македонија". Нека им биде! Но не на Македонија!

Има тука и малку шега, но Албанците ќе  си одат со своите барања дури и до таму, да ги иселуваат Македонците и во нивните куќи да населуваат свои "патриоти". Па зошто и не, кога нашите жешки патриоти добро се чувствуваат во нивните кафулиња, слаткарници, бурекџилници и центри за труење со разни опојни средства.

Што велат нашите северни соседи: "ко умије, њему двије"!

И така, се' дури Зоран Заев не биде извлечкан од премиерската фотелја и сместен таму, каде припаѓа. Но, затоа ќе требаат нови луѓе, не извалкани, стручни, способни и луѓе кои вистински си ја сакаат својата земја и нашата заедничка Татковина, Република Македонија! Луѓе, кои ќе имаат смелост и во напредокот на македонската држава да си го најдат својот интерес, а не својот интерес над се'. 

ИМАМЕ ЛИ ТАКВИ ЛУЃЕ КОИ СЕ СПОСОБНИ И ДОВОЛНО КАРИЗМАТИЧНИ И СМЕЛИ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ ВЛАСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ГО ПОВЕДАТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ПОБЕДИ, КОИ ГИ ЗАСЛУЖУВА?

ВРЕМЕТО ЌЕ ПОКАЖЕ!

 

Секогаш, Ваш Сотир!

Македонско Литературно Друштво "Григор Прличев" Австралија

Григор Прличев

 

 

 

Македонско литературно друштво "Григор Прличев"- Австралија

До: Претседателот Ѓорге Иванов

ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

********************

Почитувани претседателе Иванов,

Со воодушевување го следевме вашиот говор-обраќање во Собранието на Република Македонија на 28 декември 2018 година. Ние од Дијаспората и сите чесни Македонци сме горди од вашиот став дека останавте доследни на вашата дадена заклетва дека како "Претседател на Република Македонија и како Врховен командант на вооружените сили ќе ги браните суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија од внатрешни и надворешни предизвици, закани и ризици! И дека ќе ги браните "Уставот и уставниот поредок на Република Македонија".

Во право бевте она што го изнесовте во вашето обраќање во Собранието дека "Република Македонија се соочува и со внатрешни и со надворешни закани и ризици по нејзиниот суверенитет, територијален интегритет, независност". Само да се потсетиме, со доаѓањето на власт на Зоран Заев, кој повеќе пати потврди дека е патолошки лажго и нема никаков кредибилитет да биде премиер на владата, а покрај него и самото Собрание покажа дека е едно антимакедонско криминално дувло потплатено од Албанија, ЕУ и од САД.

Македонскиот народ не треба да живее во заробеништво и да подлегнува на притисоците на уличарското хулиганство на Заев кој со помош на ЕУ и САД го манипулира народот, правниот систем и ја деградира државата.

Со Албанската платформа, договорот со Бугарија и договорот од Преспа покажува дека владата сака да го избрише македонскиот јазик и идентитетот, македонската историја, наследство и култура, сака да ја уништи македонската држава и нација.

Ние Македонците од Дијспората и од поробените делови на Македонија си ја сакаме и почитуваме Република Македонија и не сакаме да се уништи, а со тоа ве повикуваме во доменот на вашата сила да превземете нешто и го запрете недемократското и антимакедонско делување на Собранието на Република Македонија.

Вие му дадовте мандат (што може да се отповика) на Зоран Заев врз основа на неговата дадена писмена гаранција која тој не ја почитува и повеќе пати ја прекршил, а со тоа го прекршил Уставот на Република Македонија.

Почитуван Иванов, мислиме дека е време да преземете нешто како легитимен претседател, заштитник на нашата држава и нација, да им ставите  крај на тортурата, корупцијата и беззаконието во Македонија, уништувањето на македонскиот јазик, нација и држава. Уставните измени не треба да се прифаќаат и процесот на себе-уништување (битисувањето) треба да запре.

Со почит, од членовите на Литературното друштво "Григор Прличев" од Австралија.

Претседател, Душан Ристевски

09 јануари 2019 година

Васил Чулев

 

 

ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

 

 

 

 

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Пишува: Васил Чулев

Нашите културно просветлени прадедовци Македонци со илјадници години наназад имале развиено прастара цивилизација околу Јонското и Белото (Егејско) Море. Белиот Крст на Македонија ги красел рамениците на оклопот на Александар Трети Македонски и на неговите верни Мијаци и Брсјаци.

Според едно од многубројните преданија нашиот пра-пра-прапредок цар Дионизиј (Дедо-ни-Зе/ Зе, или "Зевс") го поделил своето големо царство на своите синови Македон и Персеј. "Младиот принц Македон станал крал на целата Беломорска област, а неговиот брат Персеј ги обединил сите Мало-Азиски племиња и станал крал на територијата по него наречена Персија. Народите под водство на Персеј од тогаш се нарекувале Персијци, а народите кои ги обединил Македон се нарекле Македонци, а територијата Македонија."

Еден од главните македонски центри бил и градот Илион ("Троја" според модерната историографија од 19-от век). За сето ова постои документирана историографија уште од почетокот на 12-от век п.н.е. која што никој не може да ја негира.

По смртта на кралот Македон, Македонија се расцепкала на помали области чии владетели понекогаш успевале да се здружат, но не и целосно да ја обединат Македонија.

Прв македонски челник кој што успеал повторно да ги обедини сите Македонци во едно големо царство бил Пердика Први, по кого следеле Александар Први и Архелај, за на крај Филип Втори Македонски да ја воздигне Македонија во најголемата и прва Европска империја позната и призната од модерната Европска историја.

На 2-ри август 338-та година п.н.е., кај местото Херонеја, Македонија со својот најголем челник Филип Втори ги победи здружените сили на градовите-држави Теба и Атина и повторно завладеа со целата Медитеранска област.

Од тој ден, Данајските племиња кои денеска погрешно ги нарекуваат "Антички Грци" исчезнале од историјата, а 2-ри август дури и по повеќе од 2300 години традиционално се слави како најголем национален празник на Македонија и Македонците.

 

"Кои бевте вие кога татко ми ве собра? Парталави, неранимајковци, пасевте грст заскитани овци. Кои сте вие сега? ГОСПОДАРИ НА ЗЕМЈАТА!"

- Александар, на неговите луѓе.

**************

Големата Македонска Империја под водство на Филип Втори Македонски и неговиот наследник Александар Трети Македонски, била повторно поделена на четири помали кралства по смртта на Александар. Тие постепено ја губеле моќта во меѓусебни братоубиствени војни, за на крај Македонија целосно да потпадне под Римската Империја по четирите Македонско-Римски војни кои траеле, речиси, 2 века.

ПоследнотоМакедонско кралство што падна под нападите на Рим беше Македонската династија на Птоломеи која што владееше со Египет, со последниот Македонски челник, која што го носеше името на сестрата на Александар Трети Македонски - Клеопатра.

Со поделбата на Римското царство Македонија стана дел од Источната Римска Империја, од чиј делумно се ослободува само за време на владеењето на Цар Самуил (969-1018), за подоцна да се најде и под окупација на Отоманската Империја.

Во 1543 година, Константинопол паѓа под Турско, станува Истанбул а отоманската Империја ги претвора сите цркви во џамии. Македонската голгота продолжи и под јаремот на новите Турско-монголски освојувачи од Кавказот.

Но како Римјаните и Турците да не беа доволни, Македонија наскоро стана жртва и на новопечените Европски империи. Поучени од неуспехот на нивните претходници во покорувањето на Македонија, покрај воените, Европејците почнаа со масовна употреба и на други средства!

Во 1774, по изгубената војна со Русија, Османлиите биле принудени да потпишат мировен договор и беа обврзани безусловно да ги заштитуваат правата на новоизмисленото "грчко малцинство" (???), а Русија доби право да отвори свој конзулат во Истанбул.

Од друга страна, Европските империи во тоа исто време покрај "грчката" измислуваат и промовираат уште една нова нација-"Славјани", како и соодветно движење на платени фанатици наречено "пан-славјанско движење", со цел да ја претстават Русија  како "прататковина на славјаните" (???)

Така, "пан-панславизмот се појавува за прв пат на светската сцена како инструмент во рацете на Европскиот неоимперијализам. Оттогаш наваму Македонскиот народ почнува намерно да се преименува во "Славјани", а Русија започнува со масовно регрутирање на голем број млади Македонци со намера да ги преобрази во народ без татковина и историја, кој ќе им служи на Руските интереси. Руските училишта и универзитети нудеа големи награди и стипендии на Македонските студенти, во обид да ја елиминираат Македонската национална свест, за на крај со ваквата криминална политика да создадат една голема заблуда во историјата од која ние и денес страдаме.

На крвавиот Македонски пир, без да чекаат посебна покана, се придружија сите Западно-Европски мршојади: Англија, Франција, Австро-Унгарија, Германија и на крај последната од новите империи, Америка.

Европската анти-Македонска политика постепено се прошири на целиот Македонски полуостров, каде што отвори нови седишта во Белград, Софија и Атина. Сите овие вештачки новосоздадени кнежевства се производ на Руската и западната империјалистичка пропаганда, а врбувањето на Македонските дејци и интелигенција и нивното "славјанизирање" продоложи и во овие нови анти-Македонски центри.

Криминалната замисла на Руските и Европските империјалисти се реализира со потпишувањето на Св. Стефанскиот договор во 1878 година, со кој Македонија и Македонскиот народ се избришани од мапите. Оттогаш отворено се пропагира заблудата наметната од Руско-Европскиот пропаганден апарат дека Македонците се дојдени на Балканот во текот на 5-от и 6-от век како "Славјани од зад Карпатите, кои го препливале Дунав со слмамки во устите" (???)

Ваквата политика само се засили и доби уште поагресивен карактер во 20-от век. Името "Славјани" беше и остана црна завеса зад која беа брутално прогонувани и одстранувани сите свесни и напредни Македонци. Новоизмислените Вулгаро-Србски "браќа славјани" го оставија Македонскиот народ сам да се бори за време на Илинденското востание во 1903 година, како и многупати пред и потоа, и да биде масакриран и прогонуван од Турските војски и нивните странски слуги-платеници Андарти и Арнаути. Зарем не бевме еден "славјански" народ?

Поради малоумноста и одбивањето да се прифати вистината, Македонските изроди во јаничарска служба на Европските експанзионистички центри Белград, Софија и Атина, им се придружија на примитивните доселеници од Кавказот и Азија (Андарти, Арнаути, Маџири, Фанариоти...) во пљачкосувањето и уништувањето на се' што е Македонско, погрдно нарекувајки не "Слави" (Робови) и како такви без никаква врска со Македонците и Македонија!

Во последно време јужните доселеници од Азија и Африка дури и ни го крадат идентитетот, нарекувајќи се единствени потомци на Македонците. Иронијата да биде уште поголема-истите наоѓаат силна подршка и од домашните предавници во Македонија ( К. Глигоров, Б.Црвенковски, Љубчо Георгиевски, "сестра" Љубе и др.) - македонски изроди кои себеси и нас Македонците не нарекуваат "Словени". Тоа го користат нашите јужни соседи-доселеници за уште послободно да ја присвојат и пропагираат Европската анти-Македонска политика која сака да го представи македонскиот народ како "Словенски" и како таков "немакедонски".

Крајно време е Македонците кои влегле во јаремот на "славјанството" под диригентна палка на Европа да се соочат со својата заблуда и да се излечат од таа умоболна состојба. Човечката цивилизација не прифаќа ваква изобличена верзија на модерната историја која ги отфрла сите културни придобивки од минатите милениуми и генерации во име на ситнокапиталистички и неоимперијалистички интереси.

Македонија и покрај сите напори на сите нејзини надворешни и внатрешни непријатели и понатаму опстојува како што опстојувала илјадници години наназад и Македонците гордо чекорат низ својата татковина и низ светот како што чекореле гордо пред илјадници години.

Ние Македонците,  свесни, не има преку 3 милиони на земјината топка, несвесни (т.н. "словени/славјани") преку 300 милиони, ќе продолжиме да чекориме по стапките на нашите најсветли предци, горди на името што го носиме, горди на нашата милениумска традиција, култура и јазик, посветени да ги зачуваме како што ги зачувале и нашите татковци, мајки, баби и прадедовци.

Да не заборавиме дека создавањето на "Грција", која што Англија, Русија, Германија и Франција ја купија од Турците за само 40 милиони пјастри во 1832 година беше идеа на Руската царица Катерина, Германка по потекло.

Никогаш во светот и во историјата, никаде до пред 19-от век не се споменува ниту постоела област, земја или нација со име "Славјани" ил "Славиа". А ако се алудира на постоењето на поранешната вештачка креација "Југославија" - тогаш логично се наметнува следното прашање: Каде ли се "Северославија", "Истокославија" и "Западославија"?

Поделбата на Македонија од 1913, е повторена по 2-та Светска војна со таканареченат "Операција Глувчешка дупка" започната од В. Британија во 1945, а договорена со Русија и САД на Јалта и подоцна преименувана во "Маршалов план".

Кнезовите на Рашка (подоцна преименувана во "Србија") и Зета (подоцна преименувана во "Црна Гора") до тоа време во писмата до Руската прстолнина се потпишувале како "Принцеви Македонски", што е посведочено и од Вук Караџиќ и потврдено и од многубројни документи зачувани по архивите на разни манастири и цркви.

************************

 

Саво Костадиновски, поет

 

ОД МАКЕДОНСКОТО КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО

МАКЕДОНСКА ЛИРИКА

 

 

 

 

МИСИРКОВ

(Среда, 28 ноември 2018)

  • Ти,
    околу срцето
    имаше
    многу расеани зборови
    кои ги собра на куп
    и покрај растргнатите времиња
    успеа
    во тишината на годините
    да го пронајдеш нивниот глас.

    Ти,
    како да одврза
    светлосен јазол на сонцето
    и како да му ја врати

  • денската светлина
    на македонскиот јазик.

    Ти,
    на нашите претци
    кои со силата
    на народната песна
    ја калеле
    иднината на нашиот збор
    им ја потврди заложбата
    и со тоа твое дело
    сосема оправдано
    ја засени
    нечија изопачена историја.
    ************
    Автор: Саво Костадиновски

ВИДЕОТЕКА

 

Kind regards: 25 јануари 2019 година

Sotir Grozdanovski broj 192